V20A95943N - Прашка SAMSUNG - Notice d'utilisation et mode d'emploi gratuit
Retrouvez gratuitement la notice de l'appareil V20A95943N SAMSUNG au format PDF.
Téléchargez la notice de votre Прашка au format PDF gratuitement ! Retrouvez votre notice V20A95943N - SAMSUNG et reprennez votre appareil électronique en main. Sur cette page sont publiés tous les documents nécessaires à l'utilisation de votre appareil V20A95943N de la marque SAMSUNG.
MODE D'EMPLOI V20A95943N SAMSUNG
Внимателно прочитајте го упатството пред да започнете со употребата на апаратот.
Се користи само во затворени простории
2021-12-08 오후 3:36:53
Преглед на деловите 10 01
02 Копче за контрола на моќта на смукањето 03 Микрофилтер што се мие 04 Филтер со метална мрежа 05 Екран 06 Копче за вадење на кантичката за прав 07 Филтер за ситен прав 08 Кантичка за прав 09 Приспособлива цевка 10 Рачка 11 Индикатор за ниво на наполнетост на батеријата
12 Копче за вадење на батеријата 13 Копче за вадење на цевката 14 Копче за приспособување на должината на цевката 15 Копче за вадење на четката 16 Злоб на кантичката за прав 17 Копче СТАРТ/СТОП на станицата за чистење 18 Кеса за прав 19 Преден капак на станицата за чистење 20 Филтер пред моторот на станицата за чистење 21 Филтер за ситен прав на станицата за чистење 22 Кабел за напојување
❇❇ Брановидната шара на надворешноста на производот е природен изглед како резултат на употребата на бисерни пластични материјали и неговата распределба на бисерот. Освен тоа, сјајниот бисер користен во материјалот дава одличен сјаен премаз, не е потребно премачкување.
VS9500_13ge_00859F-00_GE-Q guide.indb 2
Додатоци Додатоците со ' * ' може да се разликуваат, зависно од моделот.
Алатка за миленичиња
Продолжителна алатка за процепи
Кеса за прав: 3 парчиња (во уредот: 1, резерва: 2)
*Тенка работна четка
*Држач на држачот за додатоци
*Мокра четка/ мокра влошка за повеќе употреби
*Мокра влошка за една употреба/ Влошка што се закачува
*Батерија (VS20A959***: 2 парчиња )
Прирачник за користење
* Опционално ❇❇ Модел VS20A958***: Дополнителна батерија и полнач може да се купат посебно. ❇❇ Мократа четка вклучува влошка за повеќе употреби и влошка за една употреба. ❇❇ Мократа четка и млазната двојна четка се компатибилни само со моделот VS20A95****. Македонски 3
VS9500_13ge_00859F-00_GE-Q guide.indb 3
2021-12-08 오후 3:37:00
Спецификации на производот Времињата на полнење и чистење можат да се разликуваат во зависност од четките и условите за користење. Модел
Потрошувачка на енергија (Правосмукалка)
Врз основа на рачната правосмукалка: 580 W
Спецификации на батеријата
Литиум-јонска 25,2 V, 2200 mAh, 7 ќелии
Тежина (Правосмукалка) ОПИС
Комбинирана алатка / Продолжителна алатка за процепи
Време на чистење (Стандардно: [СРЕД])
❇❇ Времето на чистење се дуплира кога користите две батерии едно по друго.
Ракување #2 Користење на станицата за чистење ❇❇ Употребете го QR-кодот за да добиете детални информации.
Станица за чистење #1 Монтирање на станицата за чистење 1 Вденете го кабелот за напојување на станицата за чистење долж тркалезниот жлеб на дното. –– Внимавајте кабелот за напојување да е правилно сместен за да не се навалува станицата за чистење.
🅐: Индикатор на статусот / копче (СТАРТ/СТОП) • Откако ќе ја вметнете правосмукалката во станицата за чистење, притиснете го копчето СТАРТ/СТОП за да се испразни кантичката за прав. –– Притиснете го копчето СТАРТ/СТОП повторно за да престане работата. • Затворете го долниот капак на кантичката за прав пред да ја користите смукалката бидејќи долниот капак е отворен откако ќе се испразни кантичката за прав кај станицата за чистење.
2 Пред да ја приклучите станицата за чистење, наместете го уредно кабелот за напојување. 3 Кога ја приклучувате станицата за чистење, индикаторот за статус станува син 5 секунди, па се гаси.
Користење на правосмукалката
Полнење на батеријата
ВНИМАНИЕ • Пред да се исфрли батеријата, смукалката треба да е исклучена. –– Присилното исфрлање на батеријата додека работи правосмукалката може да предизвика дефект. • Внимавајте да не ви падне батеријата. Инаку може да се повредите или да се оштети батеријата.
#3 Вметнување на батеријата Притиснете ја батеријата докрај додека не слушнете кликнување.
#4 Исфрлање на батеријата Притиснете го копчето за вадење на батеријата од задниот дел на рачката за да ја исфрлите батеријата.
#5 Полнење на дополнителната батерија • Полнете ја дополнителната батерија кај процепот за полнење на дополнителната батерија на дното на држачот за додатоци. –– Цврсто притиснете ја батеријата. ❇❇ Модел VS20A958***: За да ја полните батеријата кај држачот за додатоци треба да се купи посебен полнач. (VCA-SAPA95)
❇❇ Пред да го користите производот треба да изберете јазик за првпат. Користете ги копчињата (+) и (-) за бирање јазик и држете го копчето (+) притиснато 3 секунди за да се комплетира поставката. –– Држете го притиснато копчето (+) 3 секунди додека ја користите смукалката за да влезете во режимот за поставување на јазикот подоцна. ❇❇ За поставување на режимот за штедење енергија, држете го притиснато копчето (+) 5 секунди додека смукалката е на станицата за чистење. –– За откажување на режимот за штедење енергија држете го притиснато копчето (+) 5 секунди. –– Ако смукалката се користи, автоматски се излегува од режимот за штедење енергија.
❇❇ Кога индикаторот за нивото на батеријата ќе поцрвени или на екранот ќе се појави пораката [Слаба батерија], наполнете ја батеријата. ❇❇ Правосмукалката не може да се користи додека се полни. ❇❇ Проверете дали задната страна на батеријата е правилно поставена на делот за полнење на правосмукалката. ❇❇ Проверете дали при полнењето се прикажува индикаторот за ниво на батеријата. ❇❇ Кога ќе почне полнењето, индикаторот за ниво на батеријата се пали (црвено, портокалово или жолто, зависно од напредокот на полнењето), постепено се зголемува и се менува во зелена боја кога полнењето е готово.
01 Вклучено/исклучено ( ) напојување: Притиснете го копчето ( ) за да почне чистење во режим [MID]. –– Кога ќе се состави мократа четка, смукалката почнува да чисти во режимот за мокра четка. 02 Контролен дел за режимот за сила на смукањето. Режимот за сила на смукањето може да се менува. –– Можете да ги менувате четирите чекори [МИН, СРЕД, МАКС, JET] на силата за смукање со копчињата (+) и (-). ЗАБЕЛЕШКА • Кога смукалката е во режимот з мокра четка работи само копчето (+). • Кога се користи мократа четка, не е поддржано поставувањето на јазикот. • Ако четката се лепи за подот или не се врти правилно, приспособете го режимот на силата за смукање во [МИН] или [СРЕД], зависно од материјалот на подот (тепих, чергиче, теписон итн.),
Користење на држачот за додатоци
• Режим на силата на смукање –– Се прикажува режимот на силата на смукање што сте го избрале како [МИН], [СРЕД], [МАКС] или [JET]. • [Мокар]: Режим за мокра четка –– Кога ќе се состави мократа четка се прикажува режимот за мокра четка. –– Притиснете го копчето (+) за да прска вода. Додека се држи копчето (+), се прска вода најмногу 2 секунди. • Пораки за проверка –– Слаба батерија: Се прикажува кога батеријата е слаба. –– Заглавен предмет во четка/алатка: Грешката се прикажува кога нешто е заглавено во четката или алатката. –– Филтерот не е вметнат: Грешката се прикажува кога нема микрофилтер. –– Затнато: Грешката се прикажува кога правосмукалката е затната. –– Проверете ја четката, алатката или филтерот: Го известува корисникот да ја провери четката, алатката или филтерот за да се реши затнувањето. –– Исчистете го микрофилтерот: Го известува и му препорачува на корисникот редовно да го проверува и мие микрофилтерот. (Видете во делот „Чистење на правосмукалката“.) –– Вклучено штедење енергија: Се прикажува кога режимот за штедење енергија е вклучен. –– Исклучено штедење енергија: –– Се прикажува кога режимот за штедење енергија е исклучен.
Пред да ја полните дополнителната батерија, приклучете го полначот.
#8 Користење на држачот за додатоци 🅐: Држач за додатоци 🅑: Д ржач за додатоци + Држач на држачот за додатоци • Кога додатоците се откачуваат за да се складираат, може да падне прав од делот за смукање на правосмукалката. –– По чистење, скратете ја цевката и пуштете ја смукалката во режим [MAX] 10 секунди. –– Ако влошката е мокра и се чува со мократа четка, ѕидот до мократа влошка може да се загади или да замириса. Откако ќе ја исчистите влошката, исушете ја целосно. –– Кога ја откачувате четката, притиснете го копчето за вадење на четката.
Користење на додатоците #9 Откачување на додатоците • Кога ја откачувате приспособливата цевка или четката, притиснете го копчето за вадење одзади. • Пред да ги откачите додатоците, работете во режимot [MAX] повеќе од 10 секунди за да ги отстраните туѓите материи што останале во додатоците.
#10 Комбинирана алатка Користете ја за отстранување прав од завеси, мебел, софи итн.
#11 Продолжителна алатка за процепи Користете ја за отстранување прав од жлебови на прозорци, процепи, агли и сл.
08 Резервоар за вода
Користете ја за чистење на тешко дофатливите места како горни или задни делови од мебел или плафони.
Откачување или закачување на резервоарот за вода
ЗАБЕЛЕШКА • Флексибилната алатка може да се поврзе со комбинираната алатка и продолжителната алатка за процепи.
#13 Приспособување на должината на цевката Притиснете го копчето од задниот дел на приспособливата цевка за да ја приспособите должината на цевката во 3 чекори.
• Притиснете го долниот дел од резервоарот за вода за откачување. • Кога го закачувате резервоарот за вода, вметнете го прво предниот дел. ЗАБЕЛЕШКА • Не користете подземна или загадена вода. • При првата употреба воздухот во пумпата и цевката може да предизвикаат мократа четка да го одложи прскањето вода. Притискајте го копчето за прскање вода (+) повеќе пати. РАКУВАЊЕ
#14 Мокра четка Користете ја за чистење на подови со мокра влошка (дрво и линолеум). ❇❇ Мократа четка нема функција за смукање прав. 01 Мокра влошка за повеќе употреби 02 Велкро 03 Вртлив диск Користење на мократа влошка за повеќе употреби • Кога ја прикачувате мократа влошка, проверете дали влошката се наоѓа во средината на вртливиот диск. 04 Влошка што се прикачува 05 <Задна> со велкро 06 <Предна> 07 Мокра влошка за една употреба Користење на мократа влошка за една употреба • Прикачете ја мократа влошка за една употреба од предната страна (со велкро) на влошката што се прикачува на вртливиот диск. –– Ако ја користите мократа влошка за една употреба без влошката што се прикачува, перформансите за чистење може да се намалат. • Откако ќе завршите со користењето на мократа влошка за една употреба, фрлете ја.
Одржување Чистење на станицата за чистење #15 Менување на кесата за прав Кога индикаторот за статусот ќе стане црвен, треба да ја замените кесата за прав.
#16 Чистење на филтерот пред моторот Користете ја рачката за да го кренете филтерот надвор и истресете му ја прашината над канта за ѓубре.
#17 Чистење на филтерот за ситен прав Истресете го филтерот за ситен прав над канта за ѓубре за да ја отстраните прашината.
❇❇ Употребете го QR-кодот за да добиете детални информации.
Чистење на правосмукалката Одржување
#18 Кантичка за прав/Микрофилтер што се мие ВНИМАНИЕ • Откако ќе ја исчистите Кантичката за прав/ Микрофилтерот што се мие со вода, исушете ги целосно во сенка подолго од 24 часа пред повторната употреба. –– Кога ќе се вжешти, може да дојде до деформирање на делот. –– Ако филтерот не се исуши целосно пред да се користи, може да испушта лош мирис. • Ако кантичката за прав или филтерот се затнати, смукалката може да престане да работи поради уредот за спречување прегревање на моторот. –– Исчистете ја кантичката за прав или филтерите и можете пак да работите со смукалката.
#19 Филтер за ситен прав Внимавајте да го исклучите производот пред чистење на филтерот. • Свиткајте го и извлечете го филтерот за ситен прав и потчукнете го нежно за да го истресете правот. • Мијте го филтерот со текушта вода еднаш месечно за да се одржат најдобри перформанси на филтерот.
• По чистење, исушете го целосно подолго од 24 часа во сенка пред да го користите. • За составување, вртете го надесно додека линијата под сликата на катанец не стане видлива. ЗАБЕЛЕШКА • Не користете детергент или алат за миење на филтерот. • Не сушете со топлина.
#20 Тенка работна четка ВНИМАНИЕ • Четката не треба да се чисти со вода. • Ако останат туѓи материи на четката, отстранете ги со влажно марамче или сува крпа.
#21 Млазна двојна четка Ако не се отстрани туѓата материја, извадете ја со ножици. ВНИМАНИЕ • Ако се всмукаат и заплеткаат крпа или друга туѓа материја на вртливата четка, таа ќе престане да работи за да го заштити моторот на четката. Откако ќе ја исчистите четката, исклучете го напојувањето и потоа повторно вклучете го. • Ако четката не функционира по чистење, исклучете го напојувањето и повторно вклучете го. • Кога ја чистите четката, внимавајте да не си ги фатите прстите во преклопот на четката.
#22 Мокра четка ЗАБЕЛЕШКА • Ако вртливата четка не работи дури и по чистење на меката работна четка и мократа четка, може да работи уредот за спречување прегревање на моторот. Почекајте 30 минути или повеќе за да се излади моторот и да проработи.
#23 Алатка за миленичиња Извадете ги влакната со ножици и всмукајте ги парчињата.
#24 Продолжителна алатка за процепи / цевка Вметнете долг тенок стап и свртете го неколку пати за да ја исчистите продолжителната алатка за процепи или цевката.
Безбедносни информации • Пред да започнете со употребата на апаратот, внимателно прочитајте го упатството и зачувајте го за користење во иднина. • Заради тоа што следните инструкции за ракување опфаќаат повеќе модели, карактеристиките на вашата правосмукалка може да се разликуваат од опишаните.
Симболи кои се користат за внимание/ предупредување ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Укажува на постоење опасност од смрт или тешки повреди. ВНИМАНИЕ Укажува дека постои ризик за повреда или материјална штета.
Други симболи кои се користат ЗАБЕЛЕШКА Укажува дека текстот во продолжение содржи важни дополнителни информации.
Доколку не се придржувате до овие правила, можно е да предизвикате оштетување на внатрешните делови и да ја поништите гаранцијата.
Општо • Внимателно прочитајте ги сите инструкции. Пред да ја вклучите правосмукалката, проверете дали напонот на вашата електрична мрежа е ист како напонот назначен на плочката од задната страна на рачната правосмукалка (од страната на контактот на батеријата).
• За повеќе информации за еколошките обврски на Samsung и регулаторните обврски за специфични производи на пр., REACH (WEEE, батерии) посетете ја веб-страницата: samsung.com/uk/aboutsamsung/ samsungelectronics/corporatecitizenship/data_corner. html
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте да ја користите правосмукалката на мокар тепих или под. • Бидете многу внимателни при користење на какви било апарати покрај или во близина на деца. Не дозволувајте правосмукалката да се користи како играчка. Не дозволувајте правосмукалката да остане вклучена без надзор. Користете ја правосмукалката само за нејзината намена, како што е опишано во упатството. • Немојте да ја користите правосмукалката без кантичката за прав. • За најголема ефикасност, испразнете ја кантичката за прав пред да се наполни. • Немојте да ја користите правосмукалката за собирање чкорчиња, топол пепел или догорчиња. Чувајте ја правосмукалката подалеку од шпорети и други извори на топлина. Топлината може да ги изобличи и избледи пластичните делови на апаратот. • Избегнувајте собирање тврди и остри предмети со правосмукалката, бидејќи тие можат да ги оштетат деловите на апаратот. • Немојте да го блокирате влезниот или излезниот отвор. • За да избегнете оштетувања, извадете го приклучокот држејќи го него, а не со влечење на кабелот. • Овој уред можат да го користат деца на возраст од 8 или повеќе години и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или, пак, недоволно искусни или обучени лица, доколку бидат надгледувани или им се даваат инструкции во врска со користење на уредот на безбеден начин и доколку ги разберат опасностите кои можат да произлезат. Децата не смеат да си играат со уредот. Децата не смеат да ја чистат или одржуваат правосмукалката без надзор на возрасно лице. • Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот. • Батеријата мора да се отстрани од главната единица пред да се започне со чистење или одржување на правосмукалката. • Не се препорачува користење на продолжителен кабел. • Доколку правосмукалката не работи правилно, исклучете го напојувањето и посоветувајте се со овластен сервисер од Samsung.
VS9500_13ge_00859F-00_GE-Q guide.indb 9
• Доколку кабелот за струја е оштетен, тој мора да биде заменет од страна на производителот, сервисерот или друго квалификувано лице со цел да се избегнат електрични опасности. • Не ја употребувајте за вшмукување вода. • Не ја потопувајте во вода при чистењето. • Доколку е потребна замена, ве молиме обратете се на Samsung или сервисен центар на Samsung.
• Не модифицирајте го поларизираниот приклучок за да може да влезе во неполаризиран штекер или продолжителен кабел. • Не ја употребувајте надвор или на влажни површини. • Извадете ја станицата за чистење од штекер кога не се користи и пред да се сервисира. • За повторно полнење употребувајте ја само станицата за чистење што е испорачана од производителот. • Не го употребувајте кога кабелот или приклучокот се оштетени. • Немојте да влечете или подигате за кабелот, да го користите кабелот како рачка, да затворате врата преку кабелот и да го влечете кабелот околу остри рабови или агли. Чувајте го кабелот подалеку од загреани површини. • Не употребувајте продолжителни кабли или штекери со несоодветна преносливост на струја. • Не полнете батерија што не може да се полни. • Не откачувајте го кабелот од приклучокот за напојување со влечење. За да го откачите, држете го приклучникот, а не кабелот. • Немојте да ги оштетувате или палите батериите бидејќи тие ќе експлодираат при високи температури. • Не обидувајте се да ја отворите станицата за чистење. Поправките може да ги извршува само квалификуван сервисен центар на Samsung. • Немојте да ја изложувате станицата за чистење на високи температури или да дозволите каква било влага да дојде во контакт со полначот станицата за чистење.
Монтирање • Ако имате проблем со монтирањето на станицата за чистење, обратете се во сервисен центар на Samsung. ❇❇ Повреда или дефект на производот предизвикани од немонтирање на станицата за чистење нема да се компензираат.
Правосмукалка • Не собирајте тврди или остри предмети како што се стакло, клинци, завртки, монети итн. • Не употребувајте ја без ставен филтер. При сервисирање на уредот, никогаш не ставајте прсти или други предмети во кабината на вентилаторот во случај уредот ненамерно да се вклучи. • Не ставајте никакви предмети во отворите. Не употребувајте ја кога отворите се блокирани. Погрижете се на отворите да нема прав, конци, влакна и сè што би можело да го намали протокот на воздух. • Не собирајте токсични материјали (средство за белење со хлор, амонијак, средство за одзатнување одводи итн.). • Не собирајте ништо што чади или гори, како што се цигари, чкорчиња или врела пепел. • Немојте да ја користите правосмукалката во затворен простор во кој има испарување од маслени бои, разредувач, средства против молци, запалив прав или друга експлозивна или токсична пареа.
Во врска со напојувањето ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ • Кабелот за напојување не треба прекумерно да се витка или да се ставаат тешки предмети врз него. –– Може да дојде до струен удар или пожар. • Кога правосмукалката се користи на трем или на подрачје каде што се користи вода, внимавајте да не дојде вода до кабелот за напојување или приклучокот за струја. • Ако има прав, вода, и сл. на игла или точка за контакт на приклучокот за напојување, внимателно избришете ги. –– Може да дојде до неправилно функционирање или струен удар.
VS9500_13ge_00859F-00_GE-Q guide.indb 10
2021-12-08 오후 3:37:03
• Не влечете го кабелот за напојување и не допирајте го приклучокот со влажни раце. –– Може да дојде до струен удар или пожар. • Не приклучувајте ја станицата за чистење во извор на напојување со неправилен напон. Не приклучувајте ја станицата за чистење во штекер со повеќе приклучоци или во продолжителен кабел. –– Може да дојде до струен удар или пожар. • Не употребувајте оштетен приклучок за напојување, кабел за напојување или разлабавен штекер. –– Може да дојде до струен удар или пожар. • Ако кабелот за напојување е оштетен, заменете го со нов од овластен сервисен центар на Samsung. –– Може да дојде до струен удар или пожар. • ПРОПИС НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА (ЕУ) 2019/1782 Барања за еко-дизајн на надворешни напојувања: www.samsung.com/global/ecodesign_component
Ракување ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
• Станицата за чистење треба да се постави и користи на стабилен под. –– Ако производот падне, може да дојде до повреда или оштетување на производот или подот. • Не ставајте го и не користете го производот на нерамен под, тепих, масичка за кафе, биро или сл. –– Ако производот падне, може да дојде до повреда или оштетување на производот или подот. • Не ставајте го производот на ѕид зад кој има поставено цевки (гасоводни или водоводни) или електрични кабли. • Не предизвикувајте краток спој допирајќи гу контактите за полнење со стапчиња, метални завртки и сл. –– Може да дојде до дефект или струен удар. • Внимавајте контактите за полнење на правосмукалката и станицата за чистење да не дојдат во допир со проводник како белезица, часовник, метална прачка, шајка, итн. • Внимавајте да не навлезе течност, како на пример вода или сок, во правосмукалката или во станицата за чистење. –– Може да дојде до струен удар или пожар.
• Бидејќи станицата за чистење е осмислена за употреба само со безжичната правосмукалка Samsung Jet, не користете ја станицата за чистење за други електронски уреди и други цели. –– Може да дојде до тешко оштетување на станицата за чистење или пожар. • Не смукајте течности, сечила, игли, жар, брашно и сл. за време на чистењето. –– Може да дојде до неправилно функционирање или оштетување на производот. • Не користете ја правосмукалката за да собирате истурени течности или измет од миленици. • Четката и одводот за воздух не треба да се блокирани при чистење. –– Можe да дојде до дефект или пожар поради прегревање на производот. • Овој производ е наменет само за употреба во домаќинства. (Не користете го производот за експериментално, комерцијално или индустриско чистење.) –– Може да дојде до неправилно функционирање или оштетување на производот. –– Чистење надвор од домот: камен и цемент –– Билјард: прав од креда –– Асептичка болничка соба • Немојте да седите на производот или да го удирате силно. –– Може да дојде до повреда или оштетување на производот. • Пред да го носите држачот за додатоци, откачете го прво полначот. –– Контактот за полнење или кабелот за напојување е оштетен и може да дојде до струен удар. • Немојте да го користите овој производ во близина на апарати за греење како што се греалки или на места во кои има запаливи спрејови или материјали. –– Може да дојде до пожар или деформирање на производот. • Кога ја користите правосмукалката, внимавајте да не се повредите од подвижните или ротирачките делови. –– Внимавајте да не смукате делови од телото (коса, раце итн.) во вртливата четка (барабанот).
VS9500_13ge_00859F-00_GE-Q guide.indb 11
2021-12-08 오후 3:37:03
• Кога чистите ѕид или таван треба да ги користите двете раце. –– Ако чистите со една рака може да го повредите зглобот или да ви падне правосмукалката и може да се повредите или да ја оштетите правосмукалката. • Внимавајте филтерите да се правилно вметнати. –– Силата на смукањето може да се намали. –– Ако влезе прав во моторот на правосмукалката може да дојде до оштетување на производот. –– Производот може да не работи. • Кога собирате остри предмети како песок со правосмукалката, можат да ја изгребат внатрешноста на кантичката за прав. • Ако има протекување на гас или се користи запалив спреј како отстранувач на прав, не допирајте го штекерот и отворете прозорец за проветрување. –– Може да дојде до експлозија или пожар. • Ако производот испушта невообичаени звуци, мириси или чад, веднаш исклучете го и обратете се во сервисен центар на Samsung. –– Може да дојде до струен удар или пожар.
Одржување ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
• Исклучете го производот пред да вадите туѓи материи од него. –– Ако производот е вклучен додека ги вадите туѓи материи, може да се повредите или да го оштетите производот. • Кога ја чистите надворешноста на производот, прво исклучете го производот, а потоа избришете го со сува крпа. Не прскајте вода директно врз производот и не бришете го со испарливи материјали како што се бензен, разредувач или алкохол. –– Ако во производот навлезе вода и настане грешка, исклучете го производот и обратете се на сервисен центар на Samsung. • Пред да ја чистите станицата за чистење, откачете го производот.
• Кога ги чистите деловите што се мијат, не користете алкални детергенти, киселина, индустриски детергент, освежувач за воздух, оцетна киселина итн. –– Може да дојде до оштетување на производот како кршење на пластиката, деформирање, избледување на боите, на отпечатените површини итн. Делови што се мијат
Кантичка за прав, микрофилтер што се мие, филтер за многу ситен прав, филтер со метална мрежа, сува крпа
Дозволени Неутрални детергенти
Детергенти за миење садови
Lox, средства за чистење мувла, итн. Парафинско масло, емулгатори и сл.
Средства за NV-I, PB-I, Opti, алкохол, ацетон, индустриско бензен, разредувач, итн. чистење Забранети Распрскувачки освежувачи детергенти Освежувач за воздух (со арома на кафе, за воздух билки итн.). Масла од животинско потекло, Масла масла од растително потекло Оцетна киселина, оцет, оцетна Друго киселина што не содржи вода итн.
Забелешки и мерки на претпазливост Монтирање ВНИМАНИЕ • Не монтирајте го производот во близина на вода, на места со прекумерна влага или во близина на прозорец и сл. • Не поставувајте ја станицата за чистење на место каде што често поминуваат луѓе, на влез или тесен премин. –– Луѓето може да се сопнат или да се повредат, или, пак може да дојде до оштетување на производот. • Ако станицата за чистење не е монтирана правилно, може да падне, што може да предизвика повреда и тешко оштетување на производот. • Монтирајте ја станицата за чистење на место каде што нема предмети што можат да се скршат и предизвикаат штета.
Користење на батеријата ЗАБЕЛЕШКА • Ако производот не работи откако ќе ја наполните батеријата, заменете ја батеријата. Ако не работи ни со новата батерија, обратете се на сервисен центар на Samsung. • За батеријата и адаптерот, треба да ги купите одделно. • Кога купувате батерија во сервисен центар на Samsung, проверете дали на батеријата го има оригиналното лого на Samsung ( )и проверете го името на батеријата (VCA-SBTA95). ВНИМАНИЕ
Ракување ЗАБЕЛЕШКА • Ако на четката се примени прекумерна сила или туѓи материи се заплеткаат во вртливата четка (барабан), четката може да престане да работи за да го заштити моторот или производот. Исклучете ја правосмукалката, отстранете ги туѓите материи и потоа вклучете ја правосмукалката. • Статички електрицитет може да се појави во зависност од влагата, температурата или материјалот на подот и сл. во вашиот дом. • Наполнете ја батеријата пред да користите нова батерија за првпат по купувањето или ако не сте ја користеле подолг временски период. • Ако не планирате да го користите производот подолг временски период или нема да бидете дома подолго време, отклучете ја станицата за чистење од напојувањето и извадете ја батеријата од станицата за чистење. Кога батеријата не се полни, се празни полека. • Кога нивото на батеријата е ниско, наполнете ја батеријата. Ако нивото на батеријата остане ниско подолг временски период, перформансите на батеријата може да се намалат.
• Не расклопувајте ja батеријата на станицата за чистење. • Не изложувајте ја батеријата на топлина и не фрлајте ја во оган. • Бидејќи батеријата е произведена исклучиво за овој производ, не користете ја батеријата за други електронски апарати или за други намени. • Отстранување на батеријата за време на користењето може да предизвика дефект на производот.
• Времето на полнење и користење на батеријата може да се намалат поради поголема употреба на батеријата. Кога батеријата веќе не се полни или брзо се празни, заменете ја истрошената батерија со нова. • Користете само станица за чистење и батерии обезбедени од производителот. • Пред да ја вметнете батеријата, проверете дали ја вметнувате во правилна насока. • Кога фрлате нефункционална батерија, ставете ја во кутија за батерии за рециклирање. • Внимавајте да не ви падне батеријата и не удирајте ја и не изложувајте ја на ненадејни потреси. • За да ги заштити моторот и батеријата, производот може да не работи кога температурата е пониска од 5 °C или повисока од 45 °C.
VS9500_13ge_00859F-00_GE-Q guide.indb 13
• Чистете ја мократа влошка за повеќе употреби на мократа четка во обична машина за перење со неутрален детергент. –– Меѓутоа, ако мократа влошка се изложи на топлина, на омекнувач и сл., може да се модифицира или обезбои и може да се намалат перформансите на производот. Не вријте ја мократа влошка. • Користете оригинална мокра влошка од Samsung Electronics за мократа четка. • Ако мократа четка се користи без мокра влошка, евентуалните дефекти на производот не се покриени со гаранцијата и сервисирањето ќе биде наплатено. • Кога купувате дополнителна мокра влошка за повеќе употреби за мократа четка, обратете се во сервисен центар на Samsung. • Кога купувате дополнителна мокра влошка за една употреба, проверете го името на моделот VCA-SPA95. • Ако сакате да купите дополнителна кеса за прав, прво проверете ги името на моделот (VCA-ADB952) и логото на Samsung ( ), а потоа обратете се во најблиската продавница за Samsung Electronics или во сервисен центар за Samsung. • Кога кесата за прав во станицата за чистење ќе се наполни со прав, станицата за чистење може да престане да работи поради уредот за спречување прегревање на моторот. Заменете ја кесата за прав и продолжете со работа. • Ако има ларва во всмуканиот прав, може да се размножи во кесата за прав. Исчистете ја станицата за чистење со влажно марамче и заменете ја кесата за прав. • Не туркајте ја станицата за чистење да падне. –– Mоже да дојде до телесна повреда или оштетување на производот и подот.
• Не користете го производот во близина на запаливи материјали. Не користете го и: –– На место каде што на подот е поставена свеќа или работна ламба. –– На место каде што има неизгасен жар или непазено огниште. –– На место каде што има запаливи материјали како бензин, алкохол, разредувач, пепелници со неизгасени цигари итн. • Не оставајте ја правосмукалката потпрена на ѕид или на маса. –– Производот може да падне и може да дојде до повреда или тешко оштетување на производот. • Додека ја користите или по користење на правосмукалката треба да ја одложите правосмукалката на под или да ја ставите на станицата за чистење. –– Производот може да падне и да дојде до повреда или тешко оштетување на производот. Освен тоа, може да не добиете обесштетување за штетата. • Не користете ја правосмукалката за ништо друго освен за нејзината намена. (Не дозволувајте им на деца да се качуваат врз производот или да си играат со него). –– Може да дојде до повреда или оштетување на производот. • Не дозволувајте деца да го допираат производот додека чисти. –– Кога смукалката ќе се прегрее, деца може да се изгорат. • Не дозволувајте деца да се држат за станицата за чистење или да ја туркаат. –– Mоже да дојде до телесна повреда или оштетување на производот и подот. • Користете ги двете раце кога ја носите станицата за чистење.
VS9500_13ge_00859F-00_GE-Q guide.indb 14
2021-12-08 오후 3:37:04
• Кога го влечете кабелот за напојување од жлебот на дното на станицата за чистење, не влечете го силно. Свртете го кабелот нежно настрана за да излезе мазно. –– Кабелот за напојување може да се оштети и да предизвика струен удар или пожар. • Пред да го приклучите или вадите кабелот на станицата за чистење, исклучете ја смукалката и внимавајте игличките на приклучокот за напојување да не дојдат во допир со рацете. –– Може да дојде до пожар или струен удар. • Не газете со целата тежина врз горниот дел од мократа четка додека ја користите. –– Може да дојде до оштетување на производот или на подот. • Кога ја составувате правосмукалката, внимавајте да не си ги фатите прстите во зглобовите. • Не користете ја правосмукалката на предмети што се гребат лесно (телевизори, монитори итн.). • Кога чистите внимавајте страните на четката да не удира во декорации, ѕид, мебел итн и да направи дамки. –– Мала дамка се вади со влажно шамивче или средство за чистење. • Не користете вода за чистење на производот додека работи. • Треба да го користите производот на суви места и да не го користите производот на мокри места или на вода. • Не користете го производот на директно сонце или голема топлина и не чувајте го производот во кола. • Не ставајте жешка вода, детергент итн. во резервоарот за вода на мократа четка. –– Може да дојде до дефект или послаби перформанси. • Кога не ја користите мократа четка, испразнете ја водата од резервоарот за вода.
Одржување ЗАБЕЛЕШКА • Понекогаш тркалото на четката може да го изгребе подот. Пред да ја користите правосмукалката, проверете ја состојбата на тркалата на четката. –– Ако на тркалото на четката има туѓи материи што не можат лесно да се отстранат, обратете се во сервисен центар на Samsung. • Ако внатрешниот дел на мократа четка е затнат со големи туѓи материи, брзината на вртење ќе се намали или вртливиот диск запира. ВНИМАНИЕ • Не туркајте ја правосмукалката кога е оставена на станицата за чистење. –– Mоже да дојде до телесна повреда или оштетување на производот и подот. • Чување на производот на сонце подолг временски период може да предизвика деформирање или обезбојување на делови на производот. Затоа чувајте го производот во сенка. • Не чистете ја четката на правосмукалката со вода. Чистењето со вода може да предизвика деформирање на деловите или дефект. • Ако забележите континуирано намалување на смукањето или правосмукалката се прегрева ненормално, исчистете ги производите и заменете ги филтерите. • Кога станицата за чистење ќе замириса, заменете ја кесата за прав или исчистете ги филтрите.
ДОДАТОК Македонски 15
VS9500_13ge_00859F-00_GE-Q guide.indb 15
2021-12-08 오후 3:37:05
Отстранување проблеми Пред да се обратите во сервисен центар, разгледајте ги долунаведените проблеми и решенија. Имајте предвид дека ќе ви бидат наплатени сите повици во сервисниот центар без разлика дали ќе бидат откриени дефекти. Проблеми
Правосмукалката не работи.
Вртливата четка (барабан) во внатрешноста на четката не работи.
Мириса непријатно од отворот за воздух на филтерот на производот.
Статички електрицитет се појавува при чистење на дебела и мека подлога.
Решенија • Проверете го нивото на батеријата и наполнете ја батеријата. • Проверете дали производот е исклучен и притиснете го копчето за напојување за да го вклучите. • Проверете дали приспособливата цевка, кантичката за прав или четката се блокирани. • Проверете дали микрофилтерот што се мие е правилно вметнат. • Ако правосмукалката не се користела подолг временски период, наполнете ја батеријата. • Ако батеријата престане да функционира, заменете ја. • Кога ќе се појави пораката [Проверете ја четката, алатката или филтерот] на екранот, исклучете ја смукалката и проверете дали четката е затната со туѓи материи. Ако е затната, отстранете ги туѓите материи и рестартирајте ја смукалката. • Кога правосмукалката е вклучена, исклучете ја и повторно вклучете ја. –– За меката четка и мократа четка, ако работи уредот за спречување прегревање на моторот на четката, може да требаат 30 минути за да се излади моторот. • Испразнете ја кантичката за прав и чистете ги филтрите често. –– Бидејќи вашата правосмукалка е нов производ, може да испушта одреден мирис во првите 3 месеци по купувањето. –– Ако често ја користите правосмукалката, наталожената нечистотија во кантичката за прав или правот на филтерот може да мирисаат непријатно. • Филтри за замена можете да најдете кај вашиот локален сервисер од Samsung. • Материјалите на подлогата (подлога во детска градинка, подлога за спречување бучава за помеѓу подови итн.) може да предизвикаат статички електрицитет. –– Движете ја четката на нормален под одредено време и повторно чистете, тогаш статичкиот електрицитет треба да исчезне. • При првата употреба воздухот во внатрешната пумпа на мократа цевка и цевката може да предизвикаат мократа четка да го одложи прскањето вода.
Мократа четка не прска вода. ДОДАТОК
–– Откачете во резервоарот за вода, притиснете го копчето за прскање вода (+) и проверете дали пумпата работи бесшумно. –– Наполнете го резервоарот за вода, закачете го за мократа четка и притискајте го копчето за прскање вода (+) повеќе пати.
• Проверете дали напонот со што доаѓа до станицата за чистење е соодветен на спецификациите за неа. Правосмукалката не може да се • Проверете дали правосмукалката е вклучена и потоа проверете дали е наполни. вклучена LED светилката на индикаторот за ниво на батеријата. • Проверете дали има туѓи материи (прав) на контактите за полнење. Отстранете ги туѓите материи со памучна чепкалка или мека ткаенина. • Бидејќи производот има уред за спречување прегревање на моторот, производот привремено престанува да работи во следниве услови. Откако ќе ја остраните причината за проблемот, вклучете го производот повторно. (Овој Правосмукалката престанува случај може да се разликува во зависност од амбиенталната температура.) да работи за време на –– Кога правосмукалката работи со полна кантичка за прав. чистењето. –– Кога правосмукалката работи со затната четка.
Силата на вшмукување одеднаш се намалува, а правосмукалката испушта звук на вибрирање. Чистењето е завршено, но од четката излегуваат мали честички прав.
–– Кога продолжителната алатка за процепи се користи со часови. • Проверете дали четката, кантичката за прав или приспособливата цевка е затната со туѓи материи и отстранете ги. • Проверете дали кантичката за прав е наполнета со прав. Ако е полна, испразнете ја кантичката. • Проверете дали филтерот е валкан. Ако е валкан, исчистете го филтерот. • Откако ќе завршите со чистењето, вклучете ја правосмукалката во траење од 10 секунди или подолго за да ги вшмукате малите честички прав.
• Оваа правосмукалка е одобрена во согласност со следново. –– Директивата за низок напон 2014/35/ЕУ –– Директивата за електромагнетна компатибилност 2014/30/ЕУ
ДОДАТОК Македонски 17
VS9500_13ge_00859F-00_GE-Q guide.indb 17
Notice Facile