DUB2621M - фрижидер AEG-ELECTROLUX - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот DUB2621M AEG-ELECTROLUX во PDF формат.

📄 132 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice AEG-ELECTROLUX DUB2621M - page 114
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : AEG-ELECTROLUX

Модел : DUB2621M

Категорија : фрижидер

Преземете ги упатствата за вашиот фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник DUB2621M - AEG-ELECTROLUX и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. DUB2621M на марката AEG-ELECTROLUX.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК DUB2621M AEG-ELECTROLUX

www.aeg.com ЗА СОВРШЕНИ РЕЗУЛТАТИ Ви благодариме што го избравте овој производ на AEG. Го создадовме за да ви обезбедиме долгогодишен беспрекорен перформанс, со иновативни технологии кои го прават животот поедноставен - функции што можеби нема да ги најдете кај обичните апарати. Ве молиме, одвојте неколку минути за читање за да го добиете најдоброто од овој апарат. Посетете ја нашата веб страница за да: Добиете корисни совети, брошури, водич за решавање на проблеми, информации за сервисирање: www.aeg.com Регистрирате Вашиот производ за подобри услуги: www.aeg.com/productregistration Купувате Додатоци, Половни и Оригинални делови за Вашиот апарат: www.aeg.com/shop ЕКОЛОШКИ ПРАШАЊА Рециклирајте ги материјалите со симболот . Ставете ја амбалажата во соодветни контејнери за да ја рециклирате. Помогнете во заштитата на живтната средина и човековото здравје и рециклирајте го отпадот од електрични и електронски апарати. Не фрлајте ги апаратите озанчени со во отпадот од домаќинството. Вратете го производот во вашиот локален капацитет за рециклирање или контактирајте ја вашата општинска канцеларија. ГРИЖА И УСЛУГА ЗА КОРИСНИЦИ Ви препорачуваме да користите оригинални делови. Кога ќе контактирате со Сервисот, бидете сигурни дека ги имате на располагање следниве податоци. Информациите може да ги најдете на плочката со податоци. Модел, Број на производот, Сериски број. Предупредување / Внимание - Сигурносни информации. Можноста за промени е задржана. ИНФОРМАЦИИ БЕЗБЕДНОСТ Пред билокаква операција за чистење или одржување, исклучете го аспираторот од електричната мрежа со вадење на струјниот приклучник или со исклучување на домашниот мрежен прекинувач. За сите операции за монтажа и одржување да се користат работни ракавици. Овој апарат може да се користи од страна на деца од 8 години па нагоре и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности, или ако немаат искуство или знаење, доколку се под надзор или имаат добиено инструкции за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат опасностите поврзани со него. Треба да се внимава децата да не си играат со апаратот. Чистењето и одржувањето не треба да го прават деца без надзор. Просторијата мора да биде доволно проветрена кога кујнскиот аспиратор се користи заедно со апарати кои согоруваат гас или други горива. Аспираторот мора редовно да се чисти како од внатрешноста така и од надворешноста (НАЈМАЛКУ ЕДНАШ МЕСЕЧНО), во секој случај потребно е да се постапува

во согласност со упатствата за одржување дадени во овој прирачник. Ако не се следат упатствата во однос на аспираторот и чистењето на филтрите ќе доведе до ризик од пожари. Строго се забранува фламбирање на храната под самиот аспиратор. Употребата на отворени пламени е штетна за филтрите и може да предизвика ризик од пожар и поради тоа мора да се избегнува во сите околности. Секое пржење мора грижливо да се направи со цел да се спречи да не дојде до презагревање на маслото и пламнување. Внимание! Кога плочата за готвење е во функција пристапните делови од аспираторот можат да се загреат. За замена на сијалицата користете само од типот на сијалица наведен во делот одржување/замена на сијалицата во овој прирачник. Внимание! Да не го поврзувате апаратот со електричното напојување сè додека монтажата не биде целосно комплетна. При поврзување на аспираторот со електричната мрежа, дозволени се само сертифицирани струјни адаптери и не се дозволени разводници.

Што се однесува до техничките и безбедносните мерки за примена за исфрлање на пареа важно е внимателно да се следат правилата дадени од локалните надлежни власти. Издувниот воздух не смее да се предава во активен оџак за чад створен од апарати кои согоруваат гас или други горива. Да не го користите или оставате аспираторот без правилно монтирани сијалици поради можниот ризик од електричен удар. Никогаш не користете го аспираторот ако ја немате правилно монтирано решетката! Аспираторот НИКОГАШ не смее да се користи како површина за поддршка доколку не е прецизно наведено. Користете ги само завртките за прицврстување обезбедени со производот за монтирање или ако не се обезбедени набавете го точниот тип на завртки. Користете ја точната должина за завртките што се наведени во Упатството за монтирање. Во случај на сомневање, консултирајте се со овластениот центар за техничка поддршка или персонал со слични квалификации. Внимание! Немонтирањето на завртки и уреди за прицврстување во согласност со овие упатства може да доведе до опасности од електрична

2.УПОТРЕБА Аспираторот служи за вшмукување на испарувањата и пареите од готвењето. Во приложеното упатство за монтирање е прикажано која верзија може да се користи за моделот кој го имате помеѓу варијанта со надворешно исфрлање на издувниот воздух или варијанта со филтер со кружно струење на воздухот

3.МОНТАЖА Главното струјно напојување мора да одговара со оптегот покажан на етикетата за карактеристиките ставена внатре во аспираторот. Ако аспираторот оди со приклучник поврзете го во штекерот во согласност со струјните прописи и позициониран на пристапно место дури и по монтажата. Ако не е снабден со приклучник (директна врска со електричното напојување) или ако приклучникот не е лоциран на пристапно место, дури и по монтажата, применете би-поларен прекинувач во согласност со стандардите кој обезбедува комплетно исклучување на електричното напојување под услови поврзани со преоптоварување на мрежата категорија III, во согласност со упатството за монтажа. Предупредување!Пред (повторно) поврзување на колото од аспираторот со електричното напојување и проверувањето на функционалноста, секогаш проверете дали струјниот кабел е правилно монтиран.

www.aeg.com Предупредување! Замената на струјниот кабел мора да ја изврши овластен сервис помошен центар или слично квалификувано лице. Најмалото растојание помеѓу плочата од шпоретот за садовите за готвење и долниот раб на аспираторот да не биде помало од 50cm за електричните апарати за готвење и 65cm за гасните или комбинираните апарати за готвење. Ако упатството за монтажа за плинските плочи од шпоретот прецизираат поголемо растојание, морате да се придржувате до тоа.

Предупредување! Пред билокаква операција за чистење или одржување, исклучете го аспираторот од електричната мрежа со вадење на струјниот приклучник или со исклучување на домашниот мрежен прекинувач. Аспираторот мора редовно да се чисти (најмалку со истата фреквенција со која се врши одржувањето на филтерите за масти) како од внатрешноста така и од надворешноста. За чистењето користете крпа навлажнета со течни неутрални детергенти. Да не користите производи кои содржат абразиви. НЕ КОРИСТЕТЕ АЛКОХОЛ! Предупредување! Ако не се следат упатствата во однос на чистењето на аспираторот и замената на филтрите ќе доведе до ризик од пожари. Се препорачува до придржување на предложените упатства. Ние одбиваме билокаква одговорност за евентуални оштетувања на моторот или пожар предизвикан како резултат на неправилно одржување или неследење на наведените упатствата. Металниот филтер за масти треба да се чисти еднаш месечно со неагресивни детергенти, рачно или во машина за миење на садови на ниски температури и во краток интервал. Со перењето во машина за миење на садови металниот филтер за масти може да ја изгуби малку бојата но неговите карактеристики за филтрирање воопшто не се менуваат.

4.2 - Филтер со активен јаглен што

може да се пере Заситувањето на филтерот од јаглен настапува по повеќе или помалку продолжена употреба во зависност од типот на готвење и редовноста на чистењето на филтерот за масти. Во секој случај потребно е да се замени чаурата најмалку на секои 4 месеци. НЕ може да се пере или обновува.

Аспираторот се испорачува со командна табла со регулатор на брзините на издувување и регулатор за осветлението над плочата од шпоретот. Користете ја најголемата брзина во случај на невообичаена концентрација на пареи во кујната. Ви препорачуваме да го вклучите издувувањето 5 минути пред да започнете со готвењето и да го оставите да работи околу 15 минути по завршување на готвењето. Команди од предната страна на

A Копче OFF (копче за исклучување) ON (копче за вклучување)

Притиснете еднаш или повеќе пати за да ја ставите посакуваната ON (копче за вклучување): Аспираторот ја става последната одбрана брзина. OFF (копче за исклучување): сите функции се оневозможени освен осветлувањето. B Копче за одбирање на брзината (јачината на всмукување). Притиснете го ова копче еднаш или повеќе пати за да ја одберете најсоодветната брзина (јачина) на всмукување. C Дисплеј: дава визуелен приказ на одбраната јачина на всмукување (1-2-3), ја означува заситеноста на филтрите (F). D Копче за вклучување на максимална Штом ќе ја вклучите максималната брзина таа ќе остане во функција околу 5 минути, по што аспираторот ќе се врати на претходно одбраната брзина (од 1 до 3) или ќе се исклучи ако претходно не била одбрана никаква брзина. За да ја исклучите максималната брзина пред да поминат 5 минути притиснете го копчето A или копчето B . E Копче за вклучување/исклучување на Доколку аспираторот или командите не функционираат се препорачува да го прекинете напојувањето најмалку 5 секунди и потоа повторно да го вклучите. Почекајте потоа околу 15 секунди и проверете дали аспираторот функционира правилно. Аспираторот треба да биде ставен на “OFF” ( исклучено). Притиснете ги истовремено копчињата B и D 3 секунди, LED F сијаличката се запалува и започнува да свети сијаличката на првата брзина, по една секунда се запалува и сијаличката на втората брзина и системот испушта звучен сигнал (-Бип-) за да го покаже поставувањето. За отстранување на сигнализацијата на филтерот на јаглен притиснете ги истовремено копчињата B и D 3 секунди, LED F сијаличката се запалува и започнува да свети сијаличката на првата брзина (филтерот за масти) и сијаличката на втората брзина, по 1 секунда ќе свети само сијаличката на првата брзина, системот испушта звучен сигнал (-Бип-) за да го прикаже настанатото поставување. Уред за контрола на филтерот за масти и на филтерот на активен јаглен Овој тип на аспиратор е опремен со уред што покажува кога филтерот за масти или филтерот на активен јаглен треба да се исчисти (продаден со филтерот на активен јаглен од фирмата производител специјализирана за аспиратори) Овој тип на аспиратор од страна на производителот се испорачува без филтер на активен јаглен па поради тоа показателот на заситеноста е неактивен. Во случај ако сака да се користи аспираторот со филтер на активен јаглен, тогаш активирајте го показателот за заситеност на филтерот на активен јаглен како што следи:

ОСВЕТЛУВАЊЕ Сијаличка (1) за сигнализација на заситеноста на филтерот за масти Сијаличката од првата брзина го известува корисникот дека филтрите за масти треба да се исперат. Прочитајте ги внимателно упатствата за одржување на филтрите за масти за нивно чистење. Сијаличка (2) за сигнализација на заситеноста на филтерот на активен Сијаличката од втората брзина го известува корисникот дека филтерот на јаглен треба да се испере или замени. Прочитајте ги внимателно упатствата за перење и замена на филтерот на јаглен. Повторно активирање на индикаторот за По извршувањето на одржувањето на филтрите, држете го притиснато копчето A 3 секунди се додека не престанат да светат сијаличките 1 или 2. Аспираторот е опремен со систем за осветлување базиран на технологијата на LED. LED светилките гарантираат оптимално осветлување, имаат околу 10 пати подолг век од традиционалните светилки и овозможуваат заштеда на електрична енергија и до 90%. Внимание! Не гледајте директно во LED светлото. За замена на сијалиците, контактирајте го овластениот центар за резервни