WHI629EB - фрижидер GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот WHI629EB GORENJE во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник WHI629EB - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. WHI629EB на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК WHI629EB GORENJE
МК АСПИРАТОР Придржувајте се строго до инструкциите во ова упатство. Отфрламе било каква одговорност за сите евентуални непријатности, штети или пожари предизвикани со непридржување до инструкциите во ова упатство. Аспираторот е наменет за вшмукување испарувања и пареи при готвење и треба да се користи исклучиво во домаќинството. Аспираторот може да изгледа поинаку одошто на илустрациите во оваа брошура. Сепак, упатствата за употреба, одржување и инсталација остануваат истите. ! Важно е да ја сочувате оваа брошура заради консултации во било кој момент. Во случај на продажба, отстапување или преместување, не заборавајте да ја ставите заедно со производот. ! Внимателно прочитајте го упатството: содржи важни информации за инсталацијата, употребата и безбедноста. ! Не вршете електрични или механички измени на производот или на издувните црева. ! Пред да започнете со инсталација на апаратот, проверете да не има некоја оштетена компонента. Доколку има, контактирајте го вашиот дилер и не продолжувајте со инсталацијата. Напомена: елементите означени со симболот „(*)“ се опциони придружни елементи, кои доаѓаат само со одредени модели или елементи што може дополнително да се купат, но не одат со апаратот. ВНИМАНИЕ ! ! ! ! ! ! ! ! ! ! ! ! ! ! ! ! ! ! ! !
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не приклучувајте го апаратот на електричната мрежа се додека инсталацијата не биде целосно завршена. Пред чистење или одржување на апаратот, исклучете го од електричната мрежа така што ќе го извлечете кабелот од штекерот или ќе го прекинете доводот на струја. Секогаш носете ракавици за време на инсталација и одржување. Апаратот не е наменет за употреба од страна на деца или лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или доколку немаат искуство или знаење, освен доколку не се под надзор или не биле обучени за користење на апаратот од страна на лице кое е одговорно за нивната безбедност. Апаратот е наменет за ракување од страна на возрасни. Децата треба да бидат под надзор, за да не си играат со апаратот. Апаратот е наменет за ракување од страна на возрасни. На децата не треба да им се дозволи да ги чепкаат командите или да се играат со апаратот. Никогаш не користете го аспираторот без ефективно заземјување! Аспираторот НИКОГАШ не смее да се користи како подлога, освен доколку тоа не е конкретно наведено. Просторијата во која е инсталиран апаратот мора да биде доволно проветрена кога аспираторот се користи истовремено со други плински уреди или уреди на поинаква енергија. Издувниот систем на апаратот мора да се поврзе со постојниот систем на вентилација кој се користи за која и да е друга намена, како што е одведување издувни испарувања од уреди на плин или на друг извор на енергија. Готвење храна на пламен под аспираторот е строго забрането. Употребата на отворен пламен е штетна за филтрите и може да доведе до ризик од пожар, па поради тоа мора да се избегнува во сите околности. Мора да се пржи внимателно, за маслото да не се прегрее и да се запали. Пристапните делови од аспираторот може да се вжештат кога се користи со апарат за готвење. Во однос на техничките и безбедносните мерки што треба да се преземат во однос на одведувањето испарувања, важно е строго да се придржувате до регулативата донесена од страна на локалните власти. Аспираторот мора редовно да се чисти и од внатрешната и од надворешната страна (НАЈМАЛКУ ЕДНАШ МЕСЕЧНО). Тоа мора да се прави во согласност со упатствата за одржување содржани во ова упатство. Не следењето на инструкциите дадени во ова упатство во врска со чистењето на аспираторот и филтрите ќе доведе до ризик од пожар. Не користете го и не оставајте го аспираторот без сијалицата да биде правилно монтирана, заради можен ризик од струен удар. Не прифаќаме никаква одговорност за евентуални грешки, штети или пожари предизвикани како резултат на не следење на инструкциите дадени во ова упатство. Апаратот е означен во согласност со Европската директива 2002/96/EЗ за отпадна електрична или електронска опрема (WEEE). Со правилно исфрлање на овој производ, помагате во спречувањето евентуални негативни последици по животната средина и човечкото здравје, што во спротивно би можело да бидат предизвикани со несоодветно исфрлање на овој производ.
Симболот на производот или на придружните документи навестува дека апаратот не смее да се третира како отпад од домаќинството. Наместо тоа, треба да се однесе до соодветната собирно место за рециклирање електрична и електронска опрема. Исфрлањето мора да се изврши согласно со локалните еколошки прописи за одлагање отпад. За понатамошни детални информации во врска со процесирањето, собирањето и рециклирањето на овој производ, ве молиме контактирајте ги соодветните служби на вашите локални власти или локалната служба за отпад од домаќинствата или продавницата од која сте го купиле производот. Апаратот е дизајниран, тестиран и произведен во согласност со: • Безбедност: EN/IEC 60335-1; EN/IEC 60335-2-31, EN/IEC 62233. • Работа: EN/IEC 61591; ISO 5167-1; ISO 5167-3; ISO 5168; EN/IEC 60704-1; EN/IEC 60704-2-13; ISO 3741; EN 50564; IEC 62301. • EMC: EN 55014-1; CISPR 14-1; EN 55014-2; CISPR 14-2; EN/IEC 61000-3-2; EN/IEC 61000-3-3.
Предлози за правилна употреба за да се намали влијанието врз животната средина. Вклучете го аспираторот на минимална брзина кога почнувате со готвењето и оставете го да работи неколку минути откако ќе завршите со готвењето. Зголемете ја брзината единствено во случај на големи количини чад и испарувања, а најголемата(ите) брзина(и) користете ја(ги) само во исклучителни ситуации. Заменете го(ги) јаглениот(те) филтер(ри) по потреба, за да одржувате добра ефикасност во намалувањето на миризбите. Чистете го(ги) филтерот(рите) за маснотии по потреба, за да ја одржите добрата ефикасност на филтерот. Користете го максималниот дијаметар на издувниот систем наведен во ова упатство, за да ја оптимизирате ефикасност и да ја сведете бучавата на минимум. Дополнителни спецификации за инсталацијата: Користете ги единствено шрафовите за прицврстување доставени со производот заради инсталација или, доколку не се доставени со производот, купете го правилниот вид шрафови. Користете шрафови со правилната должина наведена во Упатството за инсталација. Во случај на недоумица, консултирајте се со овластениот центар за помош или со слично, квалификувано лице. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не инсталирањето на шрафовите или уредот за прицврстување во согласност со овие упатства може да доведе до електрични опасности. ПРИМЕНА Аспираторот е наменет за користење или како издувен систем или како верзија со филтер.
Верзија со издувни цевки Во овој случај, испарувањата се одведуваат вон зградата, со помош на специјална цевка, поврзана со приклучниот прстен сместен на врвот на аспираторот. Внимание! Издувната цевка не се доставува со производот и мора да се купи засебно. Дијаметарот на издувната цевка мора да биде еднаков на дијаметарот на приклучниот прстен. При хоризонтално поставување, издувната цевка може да биде малку закривена (околу 100) и насочена угоре, за лесно да го одведува воздухот од просторијата кон надворешноста. Внимание! Доколку аспираторот има филтер со активен јаглен, тогаш тој мора да се отстрани. Поврзете го аспираторот и издувните дупки на ѕидовите со дијаметар еднаков на отворот за испуст на воздухот (приклучна фланша). Користење цевки и издувни дупки на ѕидовите со помали димензии ќе резултира со намалување на вшмукувањето и драстично зголемување на бучавата. Според тоа, целата одговорност во оваа работа се отфрла. ! Користете цевка со минималната неопходна должина. ! Користете цевка со што е можно помалку „колена“ (максимален агол на „коленото“: 90°). ! Одбегнувајте драстични промени во пресекот на цевката. ! Користете цевка со колку што е можно помазна внатрешност. ! Цевката мора да биде изработена од сертифициран материјал. Верзија со филтер За ова е потребен еден филтер со активен јаглен и може да се купи во вашето вообичаено малопродажно место. Филтерот ги отстранува маснотиите и миризбите од вшмуканиот воздух пред да го врати во просторијата преку горната испусна мрежа. ИНСТАЛАЦИЈА Минималното растојание помеѓу површината на подлогата на опремата за готвење за плочата и најнискиот дел од аспираторот мора да биде најмалку 55см од електричните шпорети и 65см од шпорети на плин или комбинирани шпорети. Доколку во упатството за инсталација на плинска плоча наведуваат поголемо растојание, тоа мора да се почитува. Приклучување на електрична мрежа Главната електрична мрежа мора да соодветствува со спецификациите наведени на плочката сместена во внатрешноста на аспираторот. Доколку со производот е доставен и струен кабел, приклучете го аспираторот во штекер кој е во согласност со постојните прописи и кој, по инсталацијата, треба да биде на достапно место. Доколку со производот не доаѓа кабел (директно поврзување со електричната мрежа) или доколку штекерот не е на достапно место, по инсталацијата ставете двополен прекинувач, во согласност со стандардите со кои се обезбедува целосно исклучување на електричната мрежа во услови на прекумерна струја од категорија III, согласно со упатството за инсталација. Внимание! Пред повторно приклучување на аспираторот во струја и проверка на ефикасното функционирање на апаратот, секогаш проверете дали струјниот кабел е правилно поврзан.
Монтирање Производот е многу тежок; со аспираторот мора да ракуваат и да го инсталираат најмалку две лица. Пред почеток со инсталацијата: • Проверете дали купениот производ е со соодветна големина за одбраната просторија во која ќе се инсталира. • Извадете го(ги) филтерот(ите) со јаглен (*) доколку е(се) доставен(и) со апаратот (види го и односниот пасус). Филтерот(ите) треба да се инсталира(ат) само доколку сакате да ја користите верзијата на аспираторот со филтер. • Проверете (од транспортни причини) да не има друг материјал во внатрешноста на аспираторот доставени заедно со него (на пр., пакети со шрафови (*), гаранции (*), итн.), извадете го и сочувајте го. • Доколку е можно, исклучете го и оддалечете го шпоретот кој е вграден или не е вграден во кујнски елемент од отворот на елементот, за да се овозможи полесен пристап до задниот ѕид/таванот. Во спротивно, ставете дебела, заштитна прекривка врз кујнскиот елемент, шпоретот или плочата за готвење, за да ги заштитите од оштетување или од отпадоци. Одберете рамна површина за поставување на аспираторот. Прекријте ја таа површина со заштитна прекривка и сместете ги сите делови и хардверот на сводестиот аспиратор во неа. • Освен тоа, проверете дали во близина на местото на инсталација на аспираторот (во просторот кој е достапен и со монтираниот аспиратор) постои штекер и дали е можно да се поврзе систем за одведување на испарувањата кон надворешноста (само кај верзиите со вшмукување). • Направете ги сите неопходни ѕидарски работи (на пр., инсталација на штекер и/или дупка за издувната цевка). Обезбедени се продолжни ѕидни прицврстувачи, за прицврстување на аспираторот на повеќето видови ѕидови/тавани. Сепак, квалификуван техничар мора да ја провери соодветноста на материјалите со видот на ѕидот/таванот. Ѕидот/таванот мора да биде доволно цврст за да ја издржи тежината на аспираторот. Не лепете го апаратот за ѕидот со лепило за плочки, цемент или силикон. Исклучиво површинско монтирање.
РАБОТА Користете ја функцијата на вшмукување со голема брзина во случај на сконцентрирани кујнски испарувања. Се препорачува вшмукувањето да се вклучи 5 минути пред готвењето и да се остави да работи во текот на готвењето и околу 15 минути по крајот на готвењето.
Притиснете го копчето за Сијалица (Light) за да ја ВКЛУЧИТЕ сијалицата. Притиснете го копчето повторно за да ја ИСКЛУЧИТЕ сијалицата. Притиснете го копчето Брзина 1 (Speed 1) за да го вклучите моторот со брзина 1. Притиснете го копчето Брзина 2 (Speed 2) за да го вклучите моторот со брзина 2. Притиснете го копчето Брзина 3 (Speed 3) за да го вклучите моторот со брзина 3. Притиснете го копчето за Исклучување (Switch Off) за да го исклучите моторот.
Кога аспираторот е приклучен на струја, тој е во режим „стенд-бај“ и светат единствено копчето Вклучи/Исклучи (On/Off) и копчето за Сијалица (Light). Копчињата за Брзина од 1 до 3 не светат и не може да се притиснат. Притиснете го копчето Вклучи/Исклучи (On/Off) за да ја изберете брзината на работа на моторот. Кога е притиснато копчето Вклучи/Исклучи (On/Off), брзините од 1 до 3 се полуосветлени. Притиснете го копчето Брзина 1 (Speed 1) за да го вклучите моторот со брзина 1. Притиснете го копчето Брзина 2 (Speed 2) за да го вклучите моторот со брзина 2. Притиснете го копчето Брзина 3 (Speed 3) за да го вклучите моторот со брзина 3. Притиснете го копчето за Сијалица (Light) за да ја ВКЛУЧИТЕ сијалицата. Притиснете го копчето повторно за да ја ИСКЛУЧИТЕ сијалицата.
ОДРЖУВАЊЕ ВНИМАНИЕ! Пред какво и да е одржување, прекинете го доводот на струја до аспираторот со исклучување на конекторот и вадење на осигурувачот на конекторот. Или, пак, доколку апаратот е приклучен преку кабел во штекер, кабелот мора да се извади од штекерот. Чистење Аспираторот за шпорет треба редовно да се чисти (најмалку со истата честота со која ги одржувате филтрите за масти), и тоа и внатрешно и надворешно. Чистете го со помош на крпа натопена во неутрален, течен детергент. Не користете абразивни средства. НЕ КОРИСТЕТЕ АЛКОХОЛ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Непридржувањето кон овие препораки за чистење на аспираторот и за замена на филтрите доведува до ризик од пожар. Поради тоа, наша препорака е да се придржувате до овие инструкции. Производителот отфрла секаква одговорност за какво и да е оштетување на моторот или штета причинета од пожар кои се поврзани со несоодветно одржување или непридржување кон горните безбедносни препораки. Филтер за маснотии Ги заробува честичките од маснотии што се создаваат при готвењето. Филтерот за маснотии мора да се чисти еднаш месечно со помош на неагресивни детергенти, или рачно или во машината за садови, која мора да работи на ниска температура и во кратка програма. Кога се мие во машина за садови, филтерот за маснотии може донекаде да ја изгуби бојата, но тоа не влијае врз неговиот капацитет за филтрирање. За да го отстраните филтерот за маснотии, повлечете ја рачката за ослободување. Филтер со јаглен (само кај моделите со филтри) Ги апсорбира непријатните миризби што се создаваат при готвењето. Филтерот со јаглен се троши по подолга или пократка употреба, во зависност од видот на готвење и редовноста во чистењето на филтерот за маснотии. Во секој случај, потребно е патронот да се менува најмалку на секои четири месеци. Филтерот со јаглен НЕ може да се мие или да се регенерира. Циркуларен филтер со јаглен Ставете по еден на секоја страна, така што ќе се прекријат двете заштитни решетки на пропелерот на моторот и потоа завртете ги во насока на движење на стрелките на часовникот. За демонтирање, завртете ги во насока спротивна на стрелките на часовникот. Менување сијалици Аспираторот е опремен со систем на осветлување со ЛЕД технологија. Лед сијалиците гарантираат оптимално осветлување, кое трае и до 10 пати подолго од традиционалните сијалици и овозможуваат заштеда на електричната енергија од 90%. За замена, контактирајте ја техничката служба.
Notice-Facile