K17CLI - фрижидер GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот K17CLI GORENJE во PDF формат.

Page 11
Погледни прирачник : Français FR Български BG Čeština CS Deutsch DE Magyar HU Македонски MK Polski PL Română RO Русский RU Українська UK
Содржина Кликнете на наслов за да одите на страницата
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : GORENJE

Модел : K17CLI

Категорија : фрижидер

Преземете ги упатствата за вашиот фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник K17CLI - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. K17CLI на марката GORENJE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК K17CLI GORENJE

начин и да се свесни за опасностите што произлегуваат. Деца не смеат да си играат со апаратот. Деца на возраст под 8 години не треба да го чистат или да го одржуваат апаратот, доколку не се под надзор. Апаратот и кабелот чувајте ги подалеку од дофат на деца. Не оставајте го кабелот да виси од работ од масата или работната површина. Непотребната должина од кабелот можете да ја намотате на основата на апаратот. Кабелот, бокалот и основата чувајте ги подалеку од топли површини. Не употребувајте го апаратот доколку кабелот, приклучокот, основата или бокалот се оштетени. Доколку струјниот кабел е оштетен, мора да го замени Горење, неговиот овластен сервисен центар или соодветно обучени стручни лица, за да се избегне опасност. Не потопувајте го апаратот или основата во вода или други течности. Бокалот служи исклучиво за зовривање вода. Не користете го за загревање на супи и други течности или храна во тегла, шише или конзерва. Зовриената вода може да предизвика тешки изгореници. Бидете внимателни кога во бокалот има зовриена вода. Никогаш не преполнувајте го бокалот над ознаката за максимално ниво. Доколку бокалот е преполн, врелата вода може да се излие од отворот за налевање и да предизвика изгореници. Не отворајте го капакот додека водата врие. Внимавајте при отворање на капакот непосредно по зовривање на

1. 2. 3. 4. 5. 6. 7.

Капак Копче за вклучување / исклучување Основа Приклучок за струја Индикатор на ниво на вода Отвор за налевање Филтер против бигор

Пред употреба на апаратот, внимателно прочитајте го упатството за употреба и зачувајте го за идна употреба. Пред да го приклучите апаратот, проверете дали напонот наведен на основата на бокалот одговара на напонот на локалната мрежа. Користете го овој бокал исклучиво во комбинација со неговата оригинална основа. Поставете ја основата на сува, стабилна и рамна површина. Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8 години и повеќе и лица со намалени физички, сетилни и ментални способности или лица без искуство или знаење, под услов да се под надзор или да им се дадени релевантни упатства во врска со користењето на апаратот на безбеден 11

водата: пареата што испарува од бокалот е многу жешка. Избегнувајте да го допирате надворешниот дел на бокалот, бидејќи многу се вжештува при работа. Секогаш кревајте го бокалот држејќи го за рачката. Проверете дали капакот е добро затворен за да спречите бокалот да врие на празно. На газерот на бокалот може да се јави кондензација на вода. Ова е сосема нормално и не значи дека бокалот е неисправен. Во зависност од тоа колку е тврда водата во вашата средина, при употребата на вашиот бокал може да се појават мали дамки на грејачот. Со текот на времето, оваа појава се јавува како резултат од наталожениот бигор на грејачот и на внатрешноста на бокалот. Колку е водата потврда, толку побргу се наталожува бигор. Бигорот може да биде во различни бои. Иако бигорот е безопасен, премногу бигор може да влијае врз работата на бокалот. Редовно отстранеувајте го бигорот од бокалот, следејќи ги насоките дадени во делот од упатството со наслов „Отстранување на бигор“

Заштита од вриење на празно Овој бокал има вграден уред за заштита од вриење на празно. Со овој уред, бокалот автоматски се исклучува доколку случајно се вклучи празен или со недоволно вода. Копчето „вклучи/исклучи“ (on/off) останува во положба „вклучено“ (on), но сијаличката во форма на прстен што означува „вклучено“ се гасне. Завртете го копчето „вклучи/исклучи“ (on/off) во положба „исклучено“ (off) и оставете го бокалот да се излади околу 10 минути. Проверете дали капакот е добро затворен за да спречите бокалот да врие на празно. Сега, бокалот е веќе спремен за повторна употреба.

Пред прва употреба 1. Доколку на основата или бокалот има налепници, отстранете ги. 2. Поставете ја основата на сува, стабилна и рамна површина. 3. Плакнете го бокалот со вода. 4. Наполнете го бокалот со вода до максималното ниво и оставете го еднаш да ја изврие (видете „Употреба на апаратот“). 5. Истурете ја зовриената вода и исплакнете го бокалот уште еднаш.

Употреба на апаратот 1. Отворете го капакот со притискање на копчето за отворање на капакот. 2. Наполнете го бокалот со вода. Наполнете го бокалот преку отворот за налевање или преку горниот отвор со отворен капак. 3. Затворете го капакот. Проверете дали капакот е добро затворен за да спречите бокалот да врие на празно. 4. Ставете го бокалот на основата. 5. Вклучете го кабелот за напојување во ѕиден штекер. 6. Завртете го копчето „вклучи/исклучи“ (on/off) во положба „I“.

Електромагнетни полиња (ЕМП) Овој апарат на Горење е во сообразност со сите стандарди во однос на електромагнетните полиња (ЕМП). Според достапните научни сознанија, апаратот е безбеден за употреба доколку со него се ракува соодветно и според насоките дадени во ова упатство за употреба,

Сијаличката во форма на прстен што означува вклучено се вклучува и бокалот почнува да загрева. Бокалот автоматски се исклучува кога водата ќе достигне точка на вриење.

Оваа опрема е означена во согласност со европската Директива 2012/19 / EУ за отпад од електрична и електронска опрема (ОЕЕО). Директивата претставува рамка за враќање и рециклирање отпад од електрична и електронска опрема, важечка ширум Европа.

Чистење и отстранување на бигор Пред чистење, секогаш исклучувајте го апаратот од штекер. При чистење на бокалот, не користете абразивни средства, жици за чистење и др. Никогаш не потопувајте ги бокалот и основата во вода. 12

Бигорот не е штетен по вашето здравје, но вашиот пијалок може да добие прашен вкус. Филтерот против бигор има мрежа која го задржува бигорот од водата и не дозволува честичките бигор да се слеат во пијалокот. Редовно чистете го филтерот против бигор.

Не исфрлајте го апаратот како обичен отпад од домаќинството на крајот од неговиот животен век, наместо тоа,однесете го во официјален собирен пункт за рециклирање. Со тоа придонесувате кон заштита на животната средина.

Филтерот против бигор се чисти на следниов начин: 1. Извадете го филтерот од бокалот. 2. Исчистете ја мрежата стегајќи ја и превртувајќи ја под млаз вода. 3. Внимателно исчистете го филтерот со четка со најлонски влакна. Kога го отстранувате бигорот од бокалот (видете „Отстранување на бигор од бокалот“), филтерот може и да го оставите во бокалот. Филтерот може и да го извадите од бокалот и да го измиете во машина за миење садови. 4. Откако сте го исчистиле филтерот под млаз вода или во машина за миење садови, вратете го во неговото лежиште во бокалот.

Гаранција и сервис За повеќе информации или во случај на проблеми, Ве молиме контактирајте го Центарот за сервис на Горење во Вашата земја (телефонскиот број е наведен на Меѓународната гаранција). Доколку во Вашата земја нема таков центар, контактирајте го локалниот продавач на Горење или Одделот за сервисирање мали апарати за домаќинство на Горење.

Отстранување бигор од бокалот Редовното отстранување на бигор од бокалот го продолжува неговиот животен век. При нормална употреба (околу 5 пати дневно), се препорачува бокалот да се чисти од бигор на следните интервали: − Еднаш на 3 месеци за средини со мека вода (до 18 dH). − Еднаш на 3 месеци за средини со тврда вода (повеќе од 18 dH). 1. Наполнете го бокалот со вода до три четвртини од максималното ниво и загрејте ја водата до точка на вриење. 2. Кога апаратот ќе се исклучи, наполнете го со бел оцет (8% оцетна киселина) до максималното ниво. 3. Оставете го растворот во бокалот преку ноќ. 4. Испразнете го бокалот и темелно исплакнете ја неговата внатрешност. 5. Наполнете го бокалот со вода и оставете да ја зоврие. 6. Испразнете го бокалот и повторно исплакнете го со чиста вода.

ГОРЕЊЕ ВИ ПОСАКУВА МНОГУ ЗАДОВОЛСТВО ПРИ КОРИСТЕЊЕТО НА ВАШИОТ АПАРАТ Го задржуваме правото на промени!

Доколку сè уште има бигор во бокалот, повторете ја постапката. Може да користите и соодветно средство за отстранување бигор. Во таков случај, следете го упатството на пакувањето од средството за отстранување бигор. 13