BOSCH UniversalLevel 360 - рачен алат

UniversalLevel 360 - рачен алат BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот UniversalLevel 360 BOSCH во PDF формат.

📄 249 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice BOSCH UniversalLevel 360 - page 182
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ Ласерско ниво со вкрстени линии
Марка Bosch
Модел UniversalLevel 360
Димензии (Д × Ш × В) 114 × 66 × 111 мм
Тежина 0,56 кг
Напојување 4 батерии LR6 (AA) 1,5 V
Траење (режим крст) ≥ 4 ч
Класа на ласер 2
Тип на ласер < 10 mW, 500–540 nm (зелена)
Максимален дострел 24 м
Прецизност на нивелирање ±0,4 mm/m
Опсег на самонивелирање ±4°
Време на нивелирање ≤ 4 с
Работна температура -5 °C до +40 °C
Температура на складирање -20 °C до +70 °C
Максимална надморска висина на употреба 2000 м
Максимална релативна влажност 90 %
Приклучок за статив 1/4"
Режими на работа Крст, Хоризонтално, Вертикално
Главни функции Самонивелирање, Функција на наклон, LED статус
Одржување и чистење Чистете со мека и влажна крпа, без растворувачи
Безбедност Ласер класа 2, не насочувајте кон очи, безбедносни упатства
Резервни делови и поправка Сервис по продажба Bosch, резервни делови на www.bosch-pt.com
Општи информации Се испорачува со батерии и упатство за употреба

Frequently Asked Questions - UniversalLevel 360 BOSCH

Како да го вклучам уредот?
Поставете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) во положба ON. Ласерскиот зрак веднаш светнува.
Како да ги сменам батериите?
Притиснете го бравичката (9) за да го отстраните капакот на одделот за батерии (10). Вметнете 4 батерии LR6 (AA) почитувајќи ја поларитетот. Секогаш заменувајте ги сите батерии истовремено.
Што значи трепкањето на ласерските линии?
Линиите трепкаат кога уредот е надвор од опсегот на самонивелирање од ±4°. Поставете го уредот похоризонтално за да се изврши автоматското нивелирање.
Како да се користи функцијата на наклон?
Притиснете го копчето за функција на наклон (2) за да го деактивирате самонивелирањето. LED статусот (3) светнува зелено. Потоа можете слободно да го навалувате уредот.
Која е прецизноста на уредот?
Прецизноста на нивелирање е ±0,4 mm/m при нормални услови (20-25 °C). Температурни варијации можат да влијаат на оваа вредност.
Може ли да го користам уредот на отворено?
Да, но дострелот може да се намали поради директна сончева светлина. Уредот е дизајниран за употреба во внатрешност, но може да се користи и на отворено ако условите тоа го дозволуваат.
Како да го исчистам уредот?
Чистете со мека и влажна крпа. Не користете детергенти ниту растворувачи. Редовно чистете ја областа околу отворот за излез на ласерскиот зрак.
Што да направам ако уредот не се нивелира?
Проверете дали површината е стабилна и со наклон помал од . Ако линиите сè уште трепкаат, исклучете го па повторно вклучете го уредот. Осигурете се дека автоматското нивелирање е активирано (LED исклучена).
Кои додатоци се достапни?
Опционални додатоци: статив (11), очила за гледање ласер (12), телескопска прачка (13). Некои се вклучени според верзијата. Консултирајте ја понудата на Bosch.
Каде да го најдам серискиот број?
Серискиот број (7) се наоѓа на табличката со податоци на уредот. Потребен е за секое барање за сервис или резервни делови.

Прашања на корисниците за UniversalLevel 360 BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот рачен алат во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник UniversalLevel 360 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. UniversalLevel 360 на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК UniversalLevel 360 BOSCH

Македонски....Страница 182

Srpski Strana 190

Slovenščina .... Stran 197

Hrvatski....Stranica 204

Eesti Lehekülg 212

Безбедносни напомени

BOSCH UniversalLevel 360 - Безбедносни напомени - 1

Сите упатства треба да се прочитают и да се внимава на нив, за да може безбедно и без опасност да работите со мерниот уред. Доколку мерниот уред не се користи согласно приложените инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни механизми во мерниот уред. Не ги оштетувајте налепниците за предупредување. ДОБРО ЧУВАЛТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ ГИ ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ УРЕД.

▶ Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење.
▶ Мерниот уред се испорачува со ознака за предупредување за ласерот (означено на приказот на мерниот уред на графичката страна).
Доколку текстот на ознаката за предупредување за ласерот не е на Вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на Вашиот јазик пред првата употреба.

BOSCH UniversalLevel 360 - Безбедносни напомени - 2

Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреќи или да ги оштетите очите.

Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак.
▶ Не правете промени на ласерскиот уред.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраćajot. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.
▶ Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред.

▶ Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор. Без надзор, тие може да се заслепат себеси или други лица.
▶ Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.

Опис на производот и перформансите

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

Мерниот уред е наменет за одредување и проверка на хоризонтални и вертикални линии.

Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен простор. Овој производ е потрошувач-ласерски уред според EN 50689.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерниот уред на графичката страница.

(1) Копче за режимот на работа на ласерот Mode
(2) Копче за функција за навалување
(3) Приказ за статус
(4) Прекинувач за включување/исклучување
(5) Излезен отвор за ласерскиот зрак
(6) Натпис за предупредување на ласерот
(7) Сериски број
(8) Прифат на стативот 1/4"
(9) Фиксирање на капакот од преградата за батерии
(10) Капак на преградата за батерии
(11) Статив a)
(12) Ласерски заштитни очила a)
(13) Телескопска прачка a)

a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандартниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

184 | Македонски

Технички податоци

Ласер со вкрстени линии UniversalLevel 360
Број на дел3 603 F63 E..
Работно поле (дијаметар) до околуA) 24 m
Агол на отворање на вертикална ласерска линија 120°
Точност на нивелирање B)C)D) ±0,4 mm/m
Поле на самонивелирање ±4°
Време на нивелирање ≤ 4 s
Оперативна температура -5 °C ... +40 °C
Температура при складирање -20 °C ... +70 °C
макс. оперативна висина преку референтната висина 2000 m
макс. релативна влажност на воздухот 90%
Степен на извалканост според IEC 61010-1 2E)
Класа на ласер 2
Тип на ласер < 10 mW, 500–540 nm
Боја на ласерскиот зрак зелена
C6 10
Отстапување 30 × 20 mrad (целосен агол)
Прифат за стативот 1/4"
Батерии 4 × 1,5 V LR6 (AA)
Времетраење на работа (при режим со вкрстени линии) најмалкуC) 4 h
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:20140,56 kg

Ласер со вкрстени линии UniversalLevel 360

A) Работното поле може да се намали поради неповолни услови на околината (на пр. директна изложеност на сончеви зраци).
В) важи за точката на вкрстување и за соодветниот агол 90°/180°/270°
C) кaj 20-25 °C
D) Дадените вредности предвидуваат нормални до поволни услови на околината (на пр. нема вибрации, нема магла, нема чад, нема изложеност на сончеви зраци). По екстремни температури може да дојде до отстапување во точноста.
E) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена спроводливост предизвикана од кондензација.
Серискиот број (7) на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на Вашиот мерен уред.

Монтажа

Ставање/менување на батерии

За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии.

За да го отворите капакот од преградата за батерии (10) притиснете на механизмот за заклучување (9) и извадете го капакот од преградата за батерии. Ставете ги батериите.

Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.

Доколку батериите се празни, тогаш приказот за статус свети (3) црвено и ласерските зраци єе се исключат. Исключете го мерниот уред и заменете ги батерии.

Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.

▶ Ако не го користите мерниот уред подолго време, извадете ги батериите.

При подолго складирање во мерниот уред, батериите може да кородираат и да се испразнат.

Употреба

Ставање во употреба

▶ Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци.

186 | Македонски

▶ Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
▶ Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. Доколку се оштети мерниот уред, може да се наруши прецизноста. По тежок пад или удар, споредете ги ласерската линија за контрола со познатата хоризонтална или вертикална референтна линија.
▶ Исключете го мерниот уред за време на транспортот. При ислучувањето, се блокира осцилирачката единица, која би се оштетила при интензивни движења.

Вклучување/исклучување

За вклучување на мерниот уред притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (4) во позиција „ON“. Веднаш по вклучувањето, мерниот уред пушта ласерски линии од излезните отвори (5).
▶ Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.

За исклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) во позиција OFF. При исклучување, осцилирачката единица се блокира.

▶ Не го оставајте включениот мерен уред без надзор и исключете го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.

Начини на работа

Мерниот уред има повеќе начини на работа, кои може да ги промените во било кое време:

По вклучувањето, мерниот уред се наога во режим со вкрстени линии со автоматика за нивелирање. За да го смените начинот на работа, притиснете на копчето за режим на работа на ласерот Mode (1).

Сите начини на работа се можни со автоматика за нивелирање, како и со функција за навалување.

Автоматика за нивелирање

Работење со автоматика за нивелирање (види слика E)

При работа со автоматика за нивелирање, приказот за статус (3) не смее да светка.

Доколку е потребно, включете ја автоматиката за нивелирање со повторно притискање на копчето за функција за навалување (2), со што приказот за статус ке се изгаси.

Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога, прицврстете го на стативот (11) или на телескопската прачка (13).

Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува нерамнините во полето на самонивелирање од ±4°. Нивелирањето е завршено штом ласерските линии не се движат повеке.

Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр. бидејки површината на која е поставен мерниот уред отстапува повеće од 4° од хоризонталата, ласерските зраци почнуват да трепкаат.

Во ваков случај, поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го самонивелирањето. Штом їе се најде мерниот уред во полето на самонивелирање од ±4° ласерските зраци светат непрекинато.

Надвор од полето на самонивелирање од ±4° работењето со автоматиката за нивелирање не е возможно, бидејки не може да се гарантира ниту точноста на нивелирање на ласерските зраци, ниту точниот агол помеѓу ласерските зраци.

При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја позицијата на хоризонталната одн. вертикалната ласерска линија во однос на референтните точки за да се избегнат грешки со поместување на мерниот уред.

Работење со функција за навалување (види слика F)

За работење со функција за навалување притиснете го копчето за функција за навалување (2). Во функција за навалување, приказот за статус свети (3) зелено.

При работа со функција за навалување автоматиката за нивелирање е ислучена.

Мерниот уред може да го држите слободно во рака или да го поставите на навалена подлога. Ласерските зраци повеće не се нивелираат и не мора да се вертикално една кон друга.

Совети при работењето

▶ За обележување, секогаш користете ја само средината на ласерската линија. Ширината на ласерската линија се менува со оддалечувањето.

188 | Македонски

Работење со статив (опрема)

Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со 1/4"-прифатот на стативот (8) на навојот на стативот (11) или обичен фото статив. Зацврстете го мерниот уред со завртка за фиксирање на стативот.

Грубо центрирајте го стативот, пред да го включите мерниот уред.

Ласерски заштитни очила (опрема)

Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа посветло за окото.

▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраćajot. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.

Примери за работа (види слики E-F)

Примери за можностите на примена на мерниот уред ке најдете на графичките страници.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.

Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.

Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.

Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на ласерот и притоа внимавајте на влакненцата.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба će одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така će најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:

Мерните уреди, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH UniversalLevel 360 - Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под: - 1

Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во домашната канта за губре!

Само за земјите од ЕУ:

Според европската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, мерните уреди што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба. Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на лугето поради можното присуство на опасни материи.

Srpski

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : UniversalLevel 360

Категорија : рачен алат