SVC144FW - Електрична метла GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот SVC144FW GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Електрична метла (стапчеста правосмукалка) |
| Модел | SVC144FW |
| Бренд | Gorenje |
| Димензии (приближно) | Висина: 110 см, Ширина: 25 см, Длабочина: 20 см |
| Тежина (приближно) | 3 кг |
| Напојување | Li-ion батерија за полнење, 22.2 V, 2000 mAh |
| Време на полнење | Првите три полнења: 12 часа; потоа: 4-5 часа |
| Време на работа | Приближно 30-45 минути (во зависност од нивото на моќност) |
| Нивоа на моќност | 2 (Max за нормално чистење, Min за продолжено време на работа и потивка работа) |
| Капацитет на правосмукалка | 0.5 L |
| Филтрација | HEPA филтер |
| Ниво на бучава | Lc < 78 dB(A) |
| Вклучени додатоци | Електрична турбо четка, тесен млазник, мала четка |
| Одвојлива рачна единица | Да, за преносно чистење |
| LED индикатор за полнење | Сино трепкање при полнење, исклучено кога е целосно наполнето; 4 LED индикатори го покажуваат нивото на батеријата |
| Безбедносни карактеристики | Автоматско исклучување при низок струја, заштита од запирање на ролери четката |
| Употреба | Внатре, само суви површини (не за течности) |
| Одржување | Исчистете го таванот за прав по секоја употреба; исчистете го HEPA филтерот двапати годишно или кога е блокиран; исчистете ја ролери четката по потреба |
| Гаранција на батерија | 6 месеци |
Frequently Asked Questions - SVC144FW GORENJE
Прашања на корисниците за SVC144FW GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Електрична метла во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник SVC144FW - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. SVC144FW на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК SVC144FW GORENJE
МК Упатства за употреба 21
EN Instruction manual 28
RO Manual de utilizare 34
BG Инструкции за употреба 65
- Прекинувач за вклучување/исклучување (ON/OFF)
- Копче за прилагодување на јачината
- Рачка
- Копче за вадење на рачната правосмукалка
- Прекинувач за вклучување/исклучување на рачната правосмукалка
- Копче за вадење на садот за прашина
- Копче за вадење на електричната четка
- Електрична четка
- Ногарка
- Рачна правосмукалка
- Ку́киште на правосмукалката
- Сигнална светилка/индикатор за полнење на батеријата
- Адаптер со струен кабел
- Дополнителни додатоци

Општи предупредувања
При користење на правосмукалката секогаш почитувајте ги следните совети за безбедност:
• Внимателно прочитајте го упатството и користете го
апаратот само во склад со упатството.
- Не ја оставајте правосмукалката без надзор за време на употреба.
- Апаратот не е наменет да го употребуваат деца и лица со намалени физички или психички способности, ниту лица со без искусство и знаење, освен ако не ги контролира и советува лице, кое е одговорно за нивната безбедност. Деца не смеат да си играат со апаратот.
- Внимание: пред почетокот на употреба на апаратот, прецизно составете ги сите негови делови. - Апаратот употребувајте го само во затворени и суви простори. Апаратот не смее да се користи за собирање на течности.
- Апаратот употребувајте го само со деловите, препорачани од производителот.
- Не го користете апаратот, кој паднал на земја, кој е оштетен, кој бил чуван на отворено или кој паднал во вода.
- Не ставајте никакви предмети во отворите.
- Во отворите не смее да има прашина, влакна или било што друго, што може да го затне протокот на воздух и да ја намали моюта на вшмукување.
- Внимавајте, косата, делови од облеката, прстите или други делови на телото да не дојдат во
допир со отворите или со подвижните делови на апаратот.
- Никогаш не ја користете правосмукалката за чистење на жарчиња или струготини, опушоци од цигари, кибритчиња, течности (на пример: пена за теписи), остри, шилести предмети (скршено стакло итн..).
- Отворите за вшмукување не ги приближувајте до лицето и телото.
- Апаратот чувајте го во сува затворена просторија. По употреба тргнете го.
- Не го користете апаратот за собирање на прашина од тонери или слични материјали.
- Правосмукалката не ја употребувајте за собирање на градежен материјал (како ситен песок, вар, прав од цемент итн.). Вшмуканиот градежен материјал може да го оштети апаратот.
- Апаратот е сообразен со важечките германски и европски стандарди за електрика, како и со прописите за попречување на радио сигналите.
- Овој апарат можат да го користат деца кои веке наполниле 8 години, лица со намалени физички, сетилни или ментални способности како и лица кои немаат довольно искусство и знаење ако се под надзор или биле обучени како да го користат апаратот на безбеден начин и ги разбрале опасностите кои можат
да се појават. Децата мора постојано да се под надзор за да се осигурате дека тие не си играат со апаратот. Чистењето и корисничкото одржувањето не треба да го изведуваат деца кои не наполниле 8 години и кои не се под надзор.
Оваа опрема е обележана согласно европската насока 2012/19/EU за отпадна електрична и електронска опрема (waste electrical and electronic equipment - WEEE). Насоката ги определува барањата за собирање и постапување со отпадната електрична и електронска опрема, кои важат во целата Европска унија.
Опасност
Апаратот или делот за напојување (или адаптерот) не го потопувајте во вода или друга течност и не го плакнете под млаз вода.
Специјални предупредувања
- Пред да го включите апаратот, односно ногарката со делот за напојување во струја, проверете дали наведениот напон, одговара со напонот на локалната електрична мрежа.
- Не користете оштетена правосмукалка или оштетен дел за напојување (или адаптер - во зависност од вашиот модел на правосмукалка).
- Ако делот за напојување (или адаптерот) е оштетен, за да ја избегнете опасноста, заменете го само со оригинален дел.
- Во адаптерот е вграден трансформатор. Отстранување или замена на адаптерот со друг не е дозволено, бидејки може да дојде до опасна ситуација.
- Никогаш не ја употребувајте правосмукалката без филтри.
- Правосмукалката користете ја само за домашна употреба и во внатрешни простории.
Внимание
- Пред чистење на ногарката, односно делот за напојување, исключете го од штекер.
- Правосмукалката полнете ја само со приложените адаптери и делот за напојување. Адаптерот се гree за време на полнењето. Тоа е сосема вообичаено (во зависност од вашиот модел, ако адаптерот воопшто вклучува)
- По употреба исключете ја правосмукалката.
- За време на вшмукувањето отворите за одвод на воздух не смеат да бидат блокирани.
- За време на полнење исклучете го апаратот.
- Правосмукалката не ја употребувајте без поставен филтер.
Пред прва употреба
Од апаратот отстранете ја целата заштитна фолија или пластика.
Составување на правосмукалката
Прво, склопете го сталакот и включете го адаптерот со струјниот кабел како што е покажано на сликата подолу.

Потоа, наместете ја електричната турбо четка во куќиштето на правосмукалката и подигнете ја рачката на правосмукалката како што е покажано на сликата подолу.

Пред да ја ставите правосмукалката на ногарката со кабелот за напојување, на кукиштето мора да ја поставите рачната правосмукалка, која содржи батерија за полнење. Слики подолу за полесно разбирање.

Правосмукалката е склопена со заштитен уред што ја прекинува работата на апаратот во случај на слаба струја. Кога ова ће се случи, батеријата на правосмукалката мора повторно да се наполни. Ставете ја рачката правосмукалка на куќиштето ако ја користите одделно и поставете го куќиштето на сталакот или полначот. Включете го адаптерот во сидниот штекер. Кога светилката/индикаторот за полнење на батеријата ће почне да свети сино,апаратот се полни.

После неколку часа, сигналното светло почнува да трепка и се ислучува. Ова значи
дека батеријата е потполно полна.
Препорачуваме полнење на батеријата 1-2 часа подолго. Потоа, одстранете го струјниот кабел или исключете го полначот од штекерот. Постапката за полнење на батеријата е завршена.
Внимание: При првите три полнења што повеće испразнете ја батеријата, а потоа полнете ја најмалку 12 часа. Потоа батеријата можете да ја полните според горните упатства.
Користење на правосмукалката
Извадете ја правосмукалката од полначот; включете и исключете ја со прекинувачот за вклучување/исклучување. При вклучување на правосмукалката се пали сигналната сијаличка.
Веднаш до вклучи/ислучи копчето има копче за прилагодување на јачината, прикажано на сликата подолу.
Правосмукалката има две нивоа на јачина. Максималното ниво на јачина е соодветно за нормално чистење. Минималното ниво на јачина е препорачливо за помали, поедноставни чистења. На минималното ниво на јачина, правосмукалката їе работи подолго со едно полнење, а истовремено е и потивка. Притиснете го копчето за да ја прилагодите јачината.

Лед светлосните ленти на апаратот го означуваат нивото до коешто е наполнета батеријата. На пример, кога сите четири светла се включени, батеријата е речиси потполно полна. Кога батеријата е потполно празна, апаратот автоматски ће се исклучи и светлата ће трепкаат неколку секунди. Потоа, светлата ће се исклучат исто така.

Внимание: Кога рачната правосмукалка е прилучена на трупот, употребете го прекинувачот за вклучување/исклучување на рачката. Доколку ја включите правосмукалката со притискање прекинувачот за вклучување/исклучување на рачната правосмукалка, исключете ја со истиот прекинувач. Истовремено притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување на рачката во положба за исклучување.
Кога ја употребувате рачната правосмукалка посебно без трупот, включете ја со притискање на вклучи/исклучи и сигналната ламбичка ќе засвети. Кога повторно ќе притиснете на копчето за вклучи исклучи, правосмукалката престанува да работи и сигналната сијаличка се исклучува.

Употреба на електричната четка
За чистење на теписи со кратки влакна, тврд под (паркет) или керамички плочи, употребете ја електричната четка.
Внимание: Употреба на обичните tepиси не е препорачлива. При долга употреба на обични tepиси може да се вклучи заштита која го запира вртењето на четката. Ова е вообичаена појава. По три до пет минути четката повторно їе работи.
Што е заштита на вртење на четката? Доколку на пример децата се играат со правосмукалката и со прстите ги допрат вртечките четки, се вклучува заштита која го запира вртењето на четките, за да спречи оштетување.

Дополнителни додатоци
Користете ги додатоците со вашата правосмукалка како што е прикажано на сликата подолу.

Стеснете го додатокот на цевката како на сликата а) погодно за жлебови и юшиња. Малата четка на слика б) погодна за почувствителни, деликатни површини, мебел итн.
Чување
По употреба ставете ја правосмукалката на кукиштето за полнење. Не потпирајте ја во кош, до маса или стол бидејки може да падне и да се оштети.
Доколку правосмукалката ја поставите на кујиштето кога прекинувачот за вклучување/исклучување е во положба за исклучување, правосмукалката автоматски їе престане да работи.

Чистење и менување на делови
По секоја употреба исчистете го садот за прав. Доколку има премногу прашина и филтерот НЕРА е закукан, исчистете го или сменето го. По долга употреба на четката може да се насоберат влакна од коса. Потребно е да истиот да се исчисти за да може правосмукалката и понатаму да работи ефикасно.
Чистење на садот за прав и системот за филтрирање
Притиснете го копчето за да го извадите садот за прав. Потоа свртете го садот за прав и одделете го од трупот.

Отстранете го садот за прав, за да можете да го испразните, како што е прикажано на сликата.

Свртете го капакот на циклонскиот уред, како што е покажано на долната слика и исчистете го циклонскиот конус.

Отстранете го и НЕРА филтерот како што е покажано на сликата и исчистете го или заменете го.
Чистење и менување на филтерот НЕРА
- Филтерот треба да се чисти барем двапати годишно или кога єе стане видливо затнат.
- Препорачуваме да го чистите филтерот НЕРА по секоја подолга употреба.
- Со редовно чистење и одржување на филтерот НЕРА резултатите од чистењето їе станат подобри, а животниот век на апаратот подолг.
- Затоа ви препорачуваме да ги почитувате следните методи на чистење:
- Чистење со четка;
- Тресење на прашината од филтерот;
- Чистење на прав од филтерот НЕРА со млаз воздух (компримиран воздух).
- Чист филтер НЕРА овозможува непречен проток на воздух и оптимална мої на чистење.
Чистење на електричната четка
Отстранете го капакот, отстранете го цилиндарот и исчистете го. (Не чистете со вода.)

По чистење или менување повторно наместете го цилиндарот и капакот.
Проблеми и решенија
| Проблем | Можна причина | Решение |
| Правосмукалката не работи | Батеријата е празна. Рачната правосмукал ка не е правилно приключена. | Наполнете ја батеријата. Правилно включете ја рачната правосмукалк ата во струја. |
| Намалена мој на вшмукување. | Садот за прав е полн. Филтерот НЕРА е закукан. Закукана цевка за довод на воздух или закукан цилиндар на електричната четка. | Отстранете ја прашината. Исчистете го или заменете го филтерот НЕРА. Исчистете ја електричната четка. |
| Правосмукалката не може да се наполни | Полначот не е приключен на штекер. Утикачот на полночат не е приключен во штекерот на држачот на трупот. Рачната правосмукал ка не е включена на трупот. | Приклучете го полночат во штекер. Приклучете го полночат во држачот на трупот. Вклучете ја правосмукалк ата во струја. |
| По полнење апаратот работи многу кратко време. | Апаратот не е наполнет довольно. Батеријата е стара. | Полнете ја батеријата во согласност со упатствата. Сменете ја |
ОКОЛИНА
По завршување на животниот век не фрлајте го апаратот со обичните домакински отпадоци, туку оставете го во официјалното збирно место за рециклирање. Така їе придонесете кон зачувување на околината.
ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС
За информации или во случај на проблеми обратете се во центарот на Горење за помош на корисници во Вашата држава (телефонскиот број їе го најдете на меѓународниот гаранциски лист). Доколку во Вашата држава нема таков центар, обратете се на локалниот продавач на Горење или одделот на Горење за мали апарати за домаќинство.
Напомена: Гаранцијата на батеријата на правосмукалката важи 6 месеци.
Само за лична употреба!