MCB6BA EU - Мултикукер GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот MCB6BA EU GORENJE во PDF формат.
| Вид на производ | Електричен мулти-шпорет / шпорет под притисок |
| Модел | Gorenje MCB6BA EU |
| Капацитет | Приближно 5-6 литри (врз основа на типичен дизајн) |
| Потрошувачка на енергија | Приближно 900-1200 W (проценето) |
| Напон | 220-240 V ~ 50/60 Hz (EU стандард) |
| Опсег на притисок | 50-60 kPa (за повеќето програми); до 0 kPa за бавно готвење |
| Програми | Пржење, Динстање/Заруменување, Бавно готвење, Торта, Парење, Чорба, Ориз, Супа, Печење, Загревање |
| Прилагодување на времето за готвење | Прилагодливо за сите програми (опсегот варира по програма) |
| Одложен старт | Да, до 24 часа (посебни поставки за часови и минути) |
| Рачно готвење | Да, прилагодливо време на задржување на притисок до 99 минути |
| Тип на капак | Отстранлив капак со заптивен прстен, безбедносна брава |
| Безбедносни карактеристики | Пловечки вентил, сигурносен вентил, заштита од блокирање, заштита од превисока температура (грешка E3) |
| Дисплеј | Дигитален дисплеј со индикатори за програма, време, притисок |
| Монитор за потрошувачка на енергија | Да, приближна потрошувачка во kWh прикажана на дисплејот |
| Вклучени додатоци | Корпа за пржење, мерна чаша, лажица за оброк, кабел за напојување, решетка за парење |
| Чистење | Не е безбедно за миење садови; рачно миење на отстранливите делови; чистете ја грејната плоча со влажна крпа |
| Одржување на заптивниот прстен | Чистете со топла вода и детергент; заменете ако е оштетен (контактирајте го сервисот на Gorenje) |
| Кодови за грешки | E1 (прекин на сензор), E2 (краток спој на сензор), E3 (превисока температура), E4 (дефект на прекинувач за сигнал) |
| Гаранција | Стандардна гаранција на Gorenje; контактирајте го локалниот сервисен центар |
| Димензии (прибл.) | Висина: ~30 см, Ширина: ~28 см, Длабочина: ~28 см (проценето) |
| Тежина (прибл.) | ~5-6 kg (проценето) |
Често поставувани прашања - MCB6BA EU GORENJE
Прашања на корисниците за MCB6BA EU GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Мултикукер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник MCB6BA EU - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. MCB6BA EU на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК MCB6BA EU GORENJE
Општ опис

- Работен вентил
- Рачка
- Сигурносен вентил
- Шарка на капакот
- Капак
- Дихтунг
- Носач на дихтунгот
- Тенџере за готвење
- Внатрешен обрач
- Рачка
- Рачка
- Екран
- Куќиште
- Контролна плоча
- Грејна плоча
- Долна плоча
Важно
Пред употреба на апаратот внимателно прочитајте го прирачникот за употреба и чувајте го за подоцнежна употреба.
Опасност
Моторната единица не ја потопувајте во вода и не ја плакнете под вода што тече.
Предупредување
Пред приклучување на апаратот на електрична мрежа проверете дали напонот наведен на дното на апаратот одговара на напонот на локалната електрична мрежа. Оштетениот приклучен кабел смее да го замени само фабриката Gorenje, овластен сервис на Gorenje или соодветно оспособени лица. Апаратот не употребувајте го ако е оштетен втакнувачот, кабелот или некоја друга компонента.
Апаратот не е наменет да го употребуваат деца и лица со намалени физички или ментални способности, како и лица со недостаток на искуство и знаење, освен ако при употребата ги надзира или им советува лице кое е одговорно за нивната безбедност. Децата не смеат да се играат со апаратот.
За време на употреба не допирајте го куќиштето на апаратот, бидејќи тоа е жешко на допир. Ако сакате да го преместите апаратот, употребете ги рачките.
За време на ослободување на притисокот и отворање на електричното тенџере под притисок бидете претпазливи да не се попарите. Капакот никогаш не отворајте го со сила.
Апаратот не приклучувајте го на надворешен временски прекинувач или систем на далечинско управување, за да не предизвикате опасност.
Оваа опрема е означена согласно европската директива 2012/19/EU за отпадна електрична и електронска опрема (WEEE). Директивата определува барања за собирање и постапување со отпадна електрична и електронска опрема, кои важат во целата Европска Унија.
Внимание
Апаратот наместете го на рамна и стабилна површина.
Апаратот е наменет исклучиво за употреба во домаќинство.
Не употребувајте приклучоци или делови од други производители, кои Gorenje посебно не ги препорачува. Во случај на употреба на такви приклучоци гаранцијата се поништува.
Подготовка за употреба
- Отстранете ја амбалажата
- Апаратот исчистете го како што е наведено во поглавјето "Чистење".
- При ставање на внатрешниот сад, уверете се дека дното на садот е чисто. Кога внатрешниот сад го ставате во тенџерето, завртете го малку во двете насоки за да проверите дали е правилно наместен.

- Уверете се дека дихтунгот е правилно наместен. Ако сакате да проверите дали е дихтунгот правилно наместен, наполнете го садот за готвење до 1/3 со вода и поставете го времето за притисок на 15 минути.
- Кога ќе истече времето, испуштете ја пареата така што сигурносниот вентил за испуштање на пареа го поместите во положба Exhaust и почекајте да падне вентилот што плива.
- Почекајте направата да се олади и исчистете ја.
Употреба на апаратот
Отворете го капакот на апаратот како што е прикажано на сликата.

Според потребата, капакот може целосно да се отстрани како што е прикажано на сликата.

Ставете ги состојките во тенџерето за готвење. Состојките не смеат да надминуваат 4/5 од волуменот на тенџерето. Состојките што набабруваат при готвење (како грав) не смеат да надминуваат 1/5 од тенџерето.
Затворете го капакот како што е прикажано на сликата. Пред затворање, проверете дали дихтунгот е правилно поставен.

Поместете го вентилот за испуштање пареа во положба „sealed“ и проверете дали пливачкиот вентил е спуштен.

Изберете ја саканата програма.
На екранот трепка избраната програма, знакот F: и број. Бројот го претставува времето на готвење.
По 30 секунди, трепкањето на екранот ќе заврши и апаратот ќе почне со готвење.
Времето за готвење ќе почне да се одбројува кога притисокот во тенџерето ќе ја достигне саканата вредност. На екранот ќе се прикаже знакот „pressure“.
Кога готвењето е завршено, апаратот ќе се префрли во програмата за одржување на топла храна „Warming“. Готвењето завршува со притискање на копчето „Cancel“.
Поместете го вентилот за испуштање притисок во положба „Exhaust“ и почекајте пливачкиот вентил да се спушти.

Кога готвите месо што бара подолго време за варење (како говедско), оставете го вентилот во положба „sealed“ и почекајте апаратот сам да се олади и пливачкиот вентил да се спушти.
Програмирање одложен старт на готвењето
Притиснете „time setting“. На екранот ќе се прикаже 00:00 и знакот „preset“. Со тастерите + и – поставете го бројот на часови за одложување. Повторно притиснете „time setting“ и со тастерите + и – поставете го бројот на минути за одложување. Изберете програма за готвење, директно или преку тастерот „Multifunction“. На екранот трепка избраната програма и F: со број, каде бројот го прикажува времето за готвење. По 30 секунди ќе започне одбројувањето на времето. Екранот го прикажува времето до почетокот на готвењето, избраната програма и знакот „Preset“. Кога ќе истече времето, апаратот ќе почне со готвење. Ако сакате да го прекинете одложувањето, притиснете „cancel“.
Кога апаратот ќе почне со готвење, на екранот трепкаат знаци за греење и екранот ја прикажува буквата F и преостанатиот број минути на готвење.
Времето за готвење ќе почне да тече кога притисокот во тенџерето ќе ја достигне саканата вредност и пливачкиот вентил ќе се подигне во горна положба. На екранот ќе се прикаже знакот „pressure“.
Рачно готвење
Рачно готвење ќе употребиме во случај кога готвиме поголема количина храна или поголеми парчиња месо и програмата за готвење не овозможува менување на времето за готвење.
Притиснете „Pressure holding time“ и со копчињата + и – ќе го дотерате саканото време за готвење. На екранот трепка знакот Р: и број.
Бројот претставува време за готвење.
Истовремено се вклучуваат грејачите. По 30 секунди знакот Р: и бројот ќе престанат со трепкање.
Времето на готвење ќе почне да тече кога притисокот во тенџерето ќе ја достигне саканата вредност и пливачкиот вентил ќе се подигне во горна положба. На екранот ќе се прикаже знакот „pressure“.
Програма Stew
Оваа програма се употребува за готвење чорби!
Основното време за готвење е дотерано на 20 минути.
Со копчето „multifunction“ изберете програма stew.
На екранот трепка F:, број и stew. Бројот прикажува време за готвење, кое во основа е дотерано на 20 минути. Времето за готвење според потреба ќе го промените со копчињата + или -.
По 30 секунди екранот ќе престане со трепкање.
Времето за готвење ќе почне да тече кога притисокот во тенџерето ќе ја достигне саканата вредност и пливачкиот вентил ќе се подигне во горна положба. На екранот ќе се прикаже знакот „pressure“.
Оваа програма се употребува за пржење во многу масло и за пржење.
Основното време за готвење е дотерано на 25 минути.
Кога ја употребувате оваа програма, препорачано е капакот да е отворен или отстранет.
Температурата што ја достигнува маслото во оваа програма е многу висока и изнесува меѓу 160 °C и 170 °C.
Притиснете го копчето „Fry“.
Кога ќе се загрее маслото, почнете со пржење.
Предвремено програмата ќе ја завршите со притискање на копчето „Cancel“. Кога ќе завршите со пржењето, препорачливо е да почекате апаратот да се олади и повторно да го употребувате дури по 30 минути.
Програма Sautee/Brown
Оваа програма се употребува за пржење месо и зеленчук. Температурата е пониска отколку кај програмата Fry (120°C – 130°C).
Основното време за готвење е дотерано на 30 минути.
Кога ја употребувате оваа програма, препорачано е капакот да е отворен.
Притиснете го копчето „Sautee/Brown“. На екранот трепка F:30. По 30 секунди F:30 ќе престане да трепка. Кога ќе се запали знакот „pressure“, маслото има примерна температура за пржење. Предвремено програмата ќе ја завршите со притискање на копчето „Cancel“.
Програма Slow cook
Програмата се употребува за бавно готвење месо и зеленчук.
Готвењето се одвива меѓу 85°C и 100°C.
Притиснете го копчето „Slow cook“. На екранот трепка време за готвење. Времето за готвење според потреба ќе го промените со копчињата + или -. По 30 секунди времето за готвење ќе престане да трепка и програмата ќе се задвижи. Готвењето се одвива без оглед на тоа дали е тенџерето под притисок или не!
Програмата се употребува за приготвување леб и печиво.
Притиснете го копчето „Cake“. На екранот трепка F: и број. Бројот прикажува време за готвење, кое во основа е дотерано на 30 минути. Времето за готвење спрема потреба ќе го промените со копчињата + или -. По 30 секунди екранот ќе престане да трепка и програмата ќе се задвижи.
Времето за готвење ќе почне да тече кога притисокот во тенџерето достигне сакана вредност и вентилот што плива се дигне во горна положба. На екранот ќе се прикаже знак „pressure“.
Програмата е наменета за парно готвење.
Внатрешното тенџере наполнете го со вода до 1/5 или 2/5. Количината вода е зависна од времето за готвење. Ставете решетка за парно готвење и на неа ставете состојки кои сакате да ги готвите.
На екранот трепка F: и број. Бројот прикажува време за готвење, кое во основа е дотерано на 15 минути. Времето за готвење спрема потреба ќе го промените со копчињата + или -. По 30 секунди екранот ќе престане да трепка и програмата ќе се задвижи.
Времето за готвење ќе почне да тече кога притисокот во тенџерето достигне сакана вредност и вентилот што плива се дигне во горна положба. На екранот ќе се прикаже знак „pressure“.
Програмата се употребува за готвење ориз.
На екранот трепка F: и број. Бројот прикажува време за готвење, кое во основа е дотерано на 10 минути. Времето за готвење спрема потреба ќе го промените со копчињата + или -. По 30 секунди екранот ќе престане да трепка и програмата ќе се задвижи.
Времето за готвење ќе почне да тече кога притисокот во тенџерето достигне сакана вредност и вентилот што плива се дигне во горна положба. На екранот ќе се прикаже знак „pressure“.
Кога ќе истече времето за готвење направата ќе прејде во програма одржувана топлина на храната „Warming“.
Програма Soup
Програмата се употребува за готвење супи или каши.
На екранот трепка F: и број. Бројот прикажува време за готвење, кое во основа е дотерано на 30 минути. Времето за готвење спрема потреба ќе го промените со копчињата + или -. По 30 секунди екранот ќе престане да трепка и програмата ќе се задвижи.
Времето за готвење ќе почне да тече кога притисокот во тенџерето достигне сакана вредност и вентилот што плива се дигне во горна положба. На екранот ќе се прикаже знак „pressure“.
Кога ќе истече времето за готвење, направата ќе прејде во програма за одржување на топлина на храната „Warming“.
Програма Braise
Програмата се употребува за динстување.
На екранот трепка F и број. Бројот прикажува време за готвење, кое во основа е дотерано на 30 минути. Времето за готвење според потреба ќе го промените со копчињата + или -. По 30 секунди екранот ќе престане да трепка и програмата ќе се задвижи.
Времето за готвење ќе почне да тече кога притисокот во тенџерето ќе достигне сакана вредност и вентилот што плива ќе се дигне во горна положба. На екранот ќе се прикаже знак „pressure“.
Програмата ја употребуваме за загревање храна или одржување на топлина на храната.
Притиснете го копчето Cancel/Warming.
Апаратот ќе ја загрее храната, односно ја одржува нејзината температура меѓу 60°C и 80°C.
Програмата ќе ја прекинете со притиснување на копчето Cancel/Warming.
Табела на програми
| Програми | Оригинално време за готвење под притисок (min) | Дотерување на времето (min) | Притисок (Kpa) |
| Fry | 00:25 | 18 - 40 | Отворен капак |
| Cake | 00:30 | 0 – 99 | 50 - 60 |
| Soup | 00:25 | 0 – 99 | 50 - 60 |
| Rice | 00:10 | 0 – 99 | 50 - 60 |
| Stew | 00:20 | 0 – 99 | 50 - 60 |
| Slow cook | 02:00 | 1h - 9h | 0 |
| Steam | 00:15 | 0 – 99 | 50 - 60 |
| Sautee Brown | 00:30 | 18 – 40 | Отворен капак |
| Braise | 00:30 | 0 – 99 | 50 - 60 |
| Warming | / | / | 0 |
Совет: Апаратот веднаш по употреба исчистете го (погледнете го заглавието „Чистење“).
Чистење
Апаратот и делови од апаратот не се примерни за миење во машина за миење садови.
Темелно исчистете го апаратот по секоја употреба, а исто така и ако апаратот веќе извесно време не сте го употребувале.
- Апаратот исклучете го од електричната мрежа и почекајте да се олади пред да почнете со чистење.
- Тенџерето за готвење исплакнете го со жешка вода и малку течен детергент, па добро исушете го.
- Куќиштето избришете го со влажна крпа. Не мијте го под млаз вода и не потопувајте го во вода.
- По секоја употреба, отстранете го садот за кондензат и исплакнете го.
- Отстранете го капакот и исчистете го. Отстранете го дихтунгот така што нежно ќе го повлечете нагоре.

Дихтунгот исчистете го под топла млаз вода со малку детергент, па добро исушете го. Вратете го дихтунгот на капакот и проверете дали е правилно поставен под челичниот прстен. Внимавајте да нема брчки на дихтунгот. Ако дихтунгот не е правилно поставен, уредот нема да работи и може да се оштети. Ако при чистење забележите дека дихтунгот е оштетен или напукнат, не користете го уредот и повикајте го сервисот на Gorenje за да го заменат.
- Отстранете го металниот филтер, исчистете го и вратете го на капакот.

- Исчистете го сигурносниот вентил.
Јадро на пливачкиот вентил
- За правилно функционирање на уредот, проверете дали грејната плоча е чиста. Исчистете ја грејната плоча со влажна крпа и добро исушете ја.
- За чистење не користете агресивни средства и метални алатки кои можат да го оштетат уредот!
Чување
Чувајте го апаратот на безбедно и суво место.
Животна средина
По истекот на векот на траење, не фрлајте го апаратот со обичниот домашен отпад, туку однесете го на официјално собирно место за рециклирање. На тој начин ќе придонесете за зачувување на животната средина.
Гаранција и сервис
Во случај на неработење на апаратот, ве молиме погледнете на дисплејот, запишете си ја и јавете ја кодот на грешката на Центарот на Gorenje за помош на корисници.
| Прикажана кода | Грешка |
| E1 | Сензорот без сигнал |
| E2 | Краток спој на сензорот |
| E3 | Прегревање |
| E4 | Грешка на сигналниот сигнал |
За информации или во случај на тешкотии, обратете се до Центарот на Gorenje за помош на корисници во вашата држава (телефонскиот број ќе го најдете во меѓународниот гарантен лист). Ако во вашата држава нема таков центар, обратете се до локалниот продавач на Gorenje или до Одделението за мали апарати за домаќинство на Gorenje.
Само за лична употреба!
Си го придржуваме правото до измени!
Општ опис
