GHV 18 V Professional - Работна облека BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GHV 18 V Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GHV 18 V Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Работна облека во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GHV 18 V Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GHV 18 V Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GHV 18 V Professional BOSCH
mk Оригинално упатстро за работа
sr Originalno uputstvo za rad
sl Izvima navodila
hr Originalne upute za rad
Македонски...... Страница 105
Srpski ...... Strana 110
Slovenščina ....Stran 114
Hrvatski ....Stranica 118
Безбедносни напомени

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
▶ Оваа облека не е предвидена за употреба од деца и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или со недоволно искусство и знаење. Оваа облека може да ја користат деца над 8 години како и лица со ограничени физички, сензорни и ментални способности или со недоволно искусство и знаење, доколку се под надзор од лица одговорни за нивната безбедност или се подучени за безбедно ракување со облеката и ги разбираат опасностите кои може да произлезат од тоа. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди.
▶ Не ги оставајте децата без надзор. Така ће се осигурате дека децата нема да си играат со облеката.
▶ Не ги оставајте децата без надзор за време на чистењето или одржувањето на облеката.
Доколку забележите некои од подолу наведените симптоми додека ја носите облеката, веднаш соблечете ја и консултирајте се со лекар. Инаку постои опасност од топлотно исцирпување или топлотен удар.
Првични знаци: каква било непријатност; прекумерно потење; болка во вратот; гадење; вртоглавица или зашеметеност
можни симптоми за топлотно исцирпување/топлотен удар: мачнина и повраќање; пулсирачки главоболки; вртоглавица и зашеметеност; недостаток на потење; црвена, топла и сува кожа; слабост во мускулите или напади; забрзано чукање на срцето; забрзано, површно дишење, промена во однесувањето како збунетост, дезориентација или некоординирани движења; несвесност.
He ја носете облеката доколку патите од осетливост при препотување, или ви е вградено медицинско помагало. Информирајте се кај Вашиот лекар/и или кај произведувачот на медицинско помагало, дали smeете да ја употребувате оваа облека за одржување на топлината.
▶ Исключете го греењето на облеката, доколку се движите во топла околина. Постои опасност од топлотен удар.
He ja користете облеката за одржување на топлината кај мали деца, беспомошни, лица што спијат или кај несвесни лица, или пак, кај лица со проблеми со циркулација. Носителот мора самостоятельно да ја почувствува температурата на облеката и сопствената удобност, за да избегне претоплување.
▶ Облеката не е наменета за користење во болнички установи.
He забодувајте игли или други остри предмети во облеката. Оштетениот греен елемент или кабел на приключокот предизвикува погрешна функција на облеката и ја зголемува опасноста од електричен удар или пожар.
He го употребувајте кабелот на приклучокот за друга намена освен предвидената како на пр. за носење или влечење на облеката или за вадење на батеријата. Држете го кабелот подалеку од масло, остри предмети или подвижни компоненти. Не го виткајте кабелот. Оштетениот греен елемент или кабел на приклучокот предизвирува дефектно функционарање на облеката и ја зголемува опасноста од електричен удар или пожар.
▶ Облеката не е отпорна на вода. Доколку навлезе вода, се зголемува опасности од електричен удар. Доколку сепак се намокри облеката, веднаш исключете ја батеријата и извадете ја од батерискиот адаптер.
He ja превиткувајте загреаната облека и не ставајте предмети на неа. Оштетениот греен елемент или кабел на приключокот предизвикува погрешна функција на облеката и ја зголемува опасноста од електричен удар или пожар.
▶ Внимавајте на упатствата за нега и чистење на облеката. При недоволна грижа постои опасност од електричен удар или пожар.
▶ Оставете ја облеката целосно да се излади, пред да ја складирате.
Редовно проверувајте дали облеката има знаци на абење или оштетување. Доколку постојат такви знаци или облеката неправилно се користи, не продолжувајте со нејзино користење и вратете ја кај дистрибутерот.
Поправката на Вашата облека смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин ће се осигура безбедноста на облеката.
He ја модифицирајте работната облека што може да се загрева. Грејните елементи не смеат да се поместуваат.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушки чад, да експлодира или да се прегрее.
Heупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.
▶ Батериите полнете ги со полначи што се препорачани ислучиво од производителот.
Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
▶ Заштитете ја облеката од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија.
▶ ВНИМАНИЕ! Користете ги ислучиво батериите препорачани во „Технички податоци“. При користење на други батерии постои опасност од експлозија.
He ja ставајте батеријата во батерискиот адаптер, доколку копчињата за отклучување се скршени или дефектни. Батеријата би можела да испадне за време на употребата.
▶ Внимавајте на напомените за отстранување на батериите.
Опис на производот и перформансите
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Наменета употреба
Облеката е наменета за одржување на топлината на ниски температури во околината.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на облеката на графичката страница.
(1) Прекинувач за вклучување/исклучување на регулаторот на топлина
(2) Батериски адаптер
(3) Грејни елементи
(4) Приклучок
(5) Внатрешен цеб за батерискиот адаптер
(6) Внатрешен цеб за големи документи
(7) Батерија ^a
(8) Копче за отворање на батеријата
(9) Конектор за приклучокот
(10) Држач за појас
(11) USB-конектор
(12) Копче за активирање на USB-приклучокот
a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Јакна што се загрева GHJ 12+18V XA
Елек што се загрева GHV 12+18V XA
Елек што се загрева GHV 12+18V XA
| Дуксер со качулка што се загрева | GHH 12+18V ХА |
Батериски адаптер GAA 12V-21
| Број на дел 1 600 A01 433 | |
| 1 600 A02 80S | |
| USB-порта Тип А | |
| – Излезен напон V 5,0 | |
| – Излезна струја ^A) | A 2,1 |
| макс. дозволена должина на USB-кабел | m 1,5 |
| A) Реалната излезна струја зависи од приключениот USB-уред. |
Батерија
Полнење на батеријата
▶ Батерискиот адаптер не служи како полнач. За полнење на батеријата не користете автомобилски кабел за полнење со USB- приклучок. Примената на автомобилски кабел за полнење може да ја оштети батеријата или батерискиот адаптер.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
По автоматското исклучување на грејните елементи, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети.
Ставање и вадење на батеријата (види слики A1-A2)
▶ Не употребувајте сила при ставање на батеријата. Батеријата е конструирана на тој начин што може да се
вметне само во правилна позиција во батерискиот адаптер.
За ставање на батеријата (7) вметнете ја до крај во батерискиот адаптер (2).
За вадење на батеријата (7) притиснете ги копчињата за отклучување (8) на батеријата и извлечете ја од батерискиот адаптер (2).
Приклучување на грејни елементи (види слики B1-B2)
Ставете го приклучокот (4) во конекторот (9) на батерискиот адаптер. Доколку батеријата е наполнета, прекинувачот за вклучување/исклучување (1) кратко светнува.
Ставете го батерискиот адаптер (2) во цебот предвиден за тоа (5) во облеката или закачете го батерискиот адаптер со држачот (10) на Вашиот ремен.
Користење на облеката
Вклучување/Исклучување (види слика С)
Проверете дали батеријата (7) е наполнета и правилно вметната во батерискиот адаптер (2) и дали се приключени грејните елементи (3).
За загревање притиснете го прекинувачот за включување/исклучување (1), додека LED-светилката на прекинувачот за включување/исклучување не светне црвено.
Напомена: По вклучувањето секогаш се пушта највисокиот степен на загревање.
За исклучување притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување (1), додека не се изгаси LED- светилката.
Поставување на степените за загревање
Степенот на загревање се прикажува преку бојата на LED-светилката на прекинувачот за вклучување/исклучување (1).
| црвено високо | |
| зелено средно | |
| сино ниско |
Притискајте на прекинувачот за вклучување/ исклучување (1), додека не се прикаже LED-светилката на саканиот степен на загревање.
Со помош на USB-приклучокот на батерискиот адаптер може да го продолжите времетраењето на батеријата на различните USB-уреди што користат батерии на пр. мобилни телефони или MP3-плеер. Ова исто така функционира и за време на загревањето на облеката.
▶ Проверете дали може да се полни Вашиот надворешен USB-уред со USB-приклучок на батерискиот адаптер. Притоа внимавајте на информациите дадени во „Технички податоци“.
Поврзете го кабелот за полнење на Вашиот уред со USB-конекторот (11) на батерискиот адаптер (2).
Притискајте околу 3 секунди на копчето за активирање (12). Приклучениот USB-уред ке се наполни.
За да се заштеди енергија, по 2 часа USB-приклучокот автоматски се деактивира. Доколку не е приключен кабел за полнење, по 30 секунди USB-приклучокот автоматски се деактивира.
Отстранување на пречки
Проблем Помош
| Облеката не се загрева. Полнење на батеријата | |
| Правилно приключете гоприклучокот (4). | |
| Притиснете гопрекинувачот завклучување/исклучување (1), додекаLED-светилката не светнецрвено. | |
| Еден или повеće грејниелементи не се загреваат. | Контактирајте годистрибутерот на облеката. |
| Облеката автоматски сеисклучува. | Активирана е заштитата одпрегревање: заисклучување на грејнитеелементи, притиснете напрекинувачот завклучување/исклучување (1) и оставетеја облеката да се изладиоколу 30 минути. |
| Контактирајте годистрибутерот на облеката. | |
| На USB-приклучокот неможе да се полнинадворешен USB-ured. | Полнење на батеријата. |
| Поврзете го кабелот заполнење со USB-конекторот (11) набатерискиот адаптер (2). | |
| Притискајте го копчето заактивирање (12) околу3 секунди. | |
| Надворешниот USB-ured неможе да се наполни со USB-приклучокот набатерискиот адаптер(внимавајте наинформациите во„Технички податоци“A)). | |
| Облеката не се загрева инадворешниот USB-ured несе полни. | Извадете ја батеријата одадаптерот. |
Проблем Помош
Почекајте 10 секунди
Повторно вметнете ја батеријата во адаптерот.
A) Некои надворешни USB-уреди, и покрај сообразноста на техничките податоци, не може да се наполнат со овој батериски адаптер.
Одржување и сервис
▶ Пред било каква интервенција на облеката (на пр. чистење итн.) како и при нејзин транспорт и складирање, извадете ја батеријата од батерискиот адаптер.
Чистење
▶ Пред чистењето, извадете го батерискиот адаптер од облеката. Влажен батериски адаптер може да предизвика погрешно функционирање на облеката.
При чистењето, извадете се од щебовите на облеката, особено батерискиот адаптер (2), батеријата (7) и евентуално приклучениот USB-кабел. Приклучокот (4) може да се пере.
Придржувајте се на упатствата дадени на ознаката за перење на облеката:

Перење во машина на 40 °C

да не се користи избелувач

Машинско сушење при ниска температура

да не се пегла

да не се центрифугира

не прободувајте со игли
По перењето бидете сигурни дека приключокот е целосно исушен, пред повторно да го ставите во батерискиот адаптер.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се двжиж во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!
110 | Srpski
Само за земјите од ЕУ:
Според европейката директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, електричните алати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на лујето поради можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 109).