GLI 12V330 Professional - Флеш BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GLI 12V330 Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GLI 12V330 Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Флеш во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GLI 12V330 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GLI 12V330 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GLI 12V330 Professional BOSCH
Македонски....Страница 179
Srpski Strana 187
Slovenščina .... Stran 194
Hrvatski....Stranica 201
Eesti Lehekülg 209
Според употребата светлинната глава (1) може да се накланя до 200°.
Безбедносни напомени за батериската светилка

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства.
Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за
користење и за во иднина.
▶ Ве молиме прочитајте ги и внимавајте на безбедносните напомени и упатства, што се приложени на батеријата или електричниот алат.
Ракувајте внимателно со батериската светилка. Батериската светилка создава јака топлина, која може да доведе до зголемена опасност од пожар или експлозија.
▶ Со батериската светилка не работете во околина каде има опасност од експлозија.
По автоматското ислучување на батериската светилка не притискајте на прекинувачот за включување/исклучување. Батеријата може да се оштети. Проверете дали батеријата е наполнета и дали батериската светилка е изладена пред повторно да ја включите.
▶ Користете само оригинална Bosch-опрема.
▶ Изворот на светлина не може да се замени. Ако изворот на светлина е дефектен, мора да се замени целата батериска светилка.
▶ Пред каква било интервенција на батериската светилка (на пр. монтажа, одржување итн.) како и при транспорт и складирање, извадете ја батеријата од батериската светилка. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
▶ Не ги користете батериските светилки во сообраćajot. Батериските светилки не се дозволени за осветлување во сообраćajot.
▶ Не ја покривајте главата на светилката, доколку батериската светилка работи. Главата на светилката се затоплува со текот на работата и може да предизвика изгореници, доколку се акумулира топлина.
180 | Македонски
Сталаците за батериската светилка кои не ги користите чувајте ги подалеку од дофат на деца. Батериската светилка не смее да ја користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Батериските светилки се опасни, доколку ги користат неискусни лица.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушки чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.


Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
▶ Батериите полнете ги со полначи што се препорачани ислучиво од производителот. Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар.
▶ Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ње се заштити од опасно преоптоварување.


Не ја принесувајте батериската светилка во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа. Магнетот на батериската светилка создава поле, кое може да ја наруши функцијата на имплантите и медицинските уреди.
▶ Батериската светилка држете ја подалеку од магнетски носачи на податоци и уреди осетливи на магнет. Поради влијанието на магнетот, може да дојде до неповратно губење на податоците.
▶ Не ја поставувајте батериската светилка на плафон со помош на магнетите за прицврстување. Доколку падне, постои опасност од повреда.
▶ Проверете дали магнетот за прицврстување може стабилно да ја држи батериската светилка. Доколку падне, постои опасност од повреда.
Опис на производот и перформансите
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Наменета употреба
Батериската светилка е наменета за преносливо, просторно и временски ограничено осветлување во сув внатрешен и надворешен простор и не е погодна за вообичаено осветлување на простории.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на батериската светилка на графичката страница.
(1) Глава на светилката
(2) Батерија ^a)
(3) Копче за отклучување на батерија ^a)
(4) Куки за прицврстување
(5) Ногарка за стоење
(6) Магнет
(7) Куки за закачување
(8) Прифат на стативот 1/4"
(9) Прекинувач за включување/исклучување
(10) Разладно тело
182 | Македонски
(11) Статив ^a)
a) Овие додатоци не се включени во стандардниот опсег на испорака.
Технички податоци
| Батериски светилки GLI 12V-330 | |
| Број на дел | 3 601 DA0 0.. |
| Номинален напон V= 12 | |
| Макс. номинална јачина W 3,6 | |
| Времетраење на светлината, околу min/Ah 180 | |
| Светлосен флукс Im 330 | |
| препорачана околна температура при полнење °C 0 ... +35 | |
| дозволена околна температура при работа ^A) и при складирање | °C -20 ... +40 |
| препорачани акумулаторски батерии GBA 12V... | |
| препорачани полначи GAL 12... | GAX 18... |
| Класа на заштита / III | |
A) ограничена јачина при температури < 0 °C
Одблесокот на осветлените објекти може да биде со лажна боја.
Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеće информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.
Батерија
Bosch продава батериски светилки и без батерија. Од пакувањето можете да видите дали акумулаторската батерија е включена во опсегот на испорака на вашата батериска светилка.
Полнење на батеријата
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци.
Само овие полначи се совпагаат со литиум-јонската батерија што се користи за вашата батериска светилка.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Ставање на батеријата
Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.
Вадење на батеријата
За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчињата за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од – 20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Употреба
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на батериската светилка, притиснете го прекинувают за вклучување/исклучување (9).
За да ја исклучите батериската светилка, одново притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (9).
Подесување на осветленоста
Кратко притиснете на прекинувачот за включување/исклучување (9), за да ја включите батериската светилка со максимальна осветленост. За подесување на осветленоста во 2 степени, држете го притиснат прекинувачот за включување/исклучување (9), додека не се постигне саканата осветленост.
Заштита од преоптоварување во зависност од температурата
При пречекорување на дозволената оперативна температура, батериската светилка се исклучува. Оставете ја батериската светилка да се олади и повторно включете ја.
184 | Македонски
Совети при работењето
Кратко пред да се ислучи батериската светилка поради празна батерија, таа трепнува три пати и светне со намалена осветленост.
Навалување на главата на светилката (види слика А)
Соодветно на употребата, главата на светилката (1) може да се навали до 200°.
Можни употреби се на пример:
– осветлување на просторијата
– осветлување на работниот простор без отсјај
– осветлување на подот
Напомена: ако наклонот е повеće од 90°, батериската светилка мора да се фиксира.
Со куките за закачување (7) можете да ја прицврстите батериската светилка на предмет.
Со куките за прицврстување (4) можете да ја прикачите батериската светилка на пример на јаже или појас.
Со магнетите (6) можете да ја прикачите батериската светилка на материјали што се магнетизираат.
▶ Држете ги прстите подалеку од задниот дел на држачот кога ја прикачувате батериската светилка на површини. Силното влечење на магнетите може да ви ги свитка прстите.
При фиксирање, внимавајте да избегнете гребнатини на чувствителните површини.
Со прифатот за статив (8) може да ја завртите батериската светилка на 1/4"-статив.
Завртете ја батериската светилка со завртка за фиксирање на стативот. Внимавајте стативот да биде безбедно поставен.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред каква било интервенција на батериската светилка (на пр. монтажа, одржување итн.) како и при транспорт и складирање, извадете ја батеријата
од батериската светилка. При невнимателно притискање на прекинувачот за включување/исклучување постои опасност од повреди.
Батериската светилка не мора да се одржува и не содржи делови, што треба да се менуваат или одржуваат.
Исчистете го пластичното стакло на батериската светилка со сува, мека крпа, за да избегнете оштетувања. Не користете средства за чистење или раствори.
Изворот на светлина не може да се замени. Ако изворот на светлина е дефектен, мора да се замени целата батериска светилка.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба će одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така će најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Батериските светилки, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте батериските светилки и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, батериските светилки што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба. Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на лугето поради можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 186).
Srpski
Sigurnosne napomene za baterijske lampe
