MAKITA ELM4621 - кошачка за трева

ELM4621 - кошачка за трева MAKITA - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот ELM4621 MAKITA во PDF формат.

📄 376 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање ⚙️ Спецификации
Notice MAKITA ELM4621 - page 309
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
SKIP

Frequently Asked Questions - ELM4621 MAKITA

Прашања на корисниците за ELM4621 MAKITA

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот кошачка за трева во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник ELM4621 - MAKITA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. ELM4621 на марката MAKITA.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК ELM4621 MAKITA

- Щателно проверете косачката за повреди.

▶ Фиг.7: 1. Заден капак

▶ Фиг.8: 1. Кошница за трева

▶ Фиг.9

▶ Фиг.12: 1. Заден капак 2. Кошница за трева

▶ Фиг.14: 1. Заден капак 2. Кошница за трева

▶ Фиг.25: 1. Индикатор за нивото

- Поради нашата континуирана програма за истражување и развој, спецификациите тука подлежат на промена без најава.

- Спецификациите може да се разликуваат од држава до држава.

- Тежината може да се разликува во зависност од додатоците. Најлесната и најтешката комбинација, согласно процедурата на ЕПТА 01/2014 (Европската асоцијација за електрични алати), се прикажани во табелата.

Символи

Долунаведените ги прикажуваат символите што може да се користат кај опремата. Пред употребата, проверете дали го разбирате нивното значење.

Посветете особена грижа и внимание.
Прочитајте го упатството за користење.
ДВОЈНА ИЗОЛАЦИЈА
Опасност: внимавајте на разлетани предмети.
Растојанието помеђу алатот и лицата што се наоћаат во близина треба да биде најмалку 15 m.
Почекајте сите составни делови на машината да запрат во целост пред да ги допрете.
Чувајте го флексибилниот кабел за напојување подалеку од сечилата.
Никогаш не ставајте ги раçете и стапалата во близина на сечилото на косилката под косилката. Сечилата на косилката продолжуваат да се вртат откако моторот їе се исклучи.Отстранете го приклучокот од машината пред одржување или ако кабелот е оштетен.
Бучавата на машината не е поголема од 96 dB.
Држете ги раçете и нозете подалеку. Не ракувајте со косилката ако штитниците и додатоците не се на соодветните места.
Само за земјите на ЕУПоради присуство на опасни компоненти во опремата, користената електрична и електронска опрема може да влијае негативно врз животната средина и човековото здравје.Не фрлајте ги електричните и електронските апарати во домашниот отпад!Во согласност со Европската директива за фрлање електрична и електронска опрема и нивната адаптација во државниот закон, користената електрична и електронска опрема треба да се собира одделно и да се достави на посебно место за собирање општински отпад, во согласност со прописите за заштита на животната средина.Ова е означено со симболот на пречкртана корпа за отпадоци ставен на опремата.
Никогаш не ставајте ги раçете и стапалата во близина на сечилото на косилката под косилката. Сечилата на косилката продолжуваат да се вртат откако моторот їе се исклучи.Отстранете го приклучокот од машината пред одржување или ако кабелот е оштетен.
Бучавата на машината не е поголема од 96 dB.
Држете ги раçете и нозете подалеку. Не ракувајте со косилката ако штитниците и додатоците не се на соодветните места.
Само за земјите на ЕУПоради присуство на опасни компоненти во опремата, користената електрична и електронска опрема може да влијае негативно врз животната средина и човековото здравје.Не фрлајте ги електричните и електронските апарати во домашниот отпад!Во согласност со Европската директива за фрлање електрична и електронска опрема и нивната адаптација во државниот закон, користената електрична и електронска опрема треба да се собира одделно и да се достави на посебно место за собирање општински отпад, во согласност со прописите за заштита на животната средина.Ова е означено со симболот на пречкртана корпа за отпадоци ставен на опремата.

Наменета употреба

Машината е наменета за косење трева. Не користете ја машината за други цели. Ако ја користите машината за работи за кои таа не е наменета, може да се доведете во опасна ситуација.

Напојување

Алатот треба да се поврзува само со напојување со ист напон како што е назначено на плочката и може да работи само на еднофазна наизменична струја. Алатот е двојно изолиран и може да се користи и со приклучоци што не се заземјени. Доколку кабелот за напојување е оштетен, треба

да се замени кај производителот или неговиот сервисер за да се избегне опасност.

За јавни нисконапонски системи за напојување меѓу 220 V и 250 V

Менувањето на работата на електричниот апарат предизвикува варијации на напонот. Работењето на овој уред под неповолни напонски услови може негативно да влијае врз работата на другата опрема. При струјна импеданца еднаква или помала од 0,422 оми (за ELM4121), може да се претпостави дека нема да се појават негативни ефекти. Струјниот приключок што се користи за овој уред треба да е заштитен со осигурувач или сигурносен прекинувач со заштита при исклучување.

Бучава

Применлив стандарт : EN IEC 62841-4-3

Модел Ниво на звучниот притисок Ниво на јачина на звукот
L_PA(dB(A)) Фактор на несигурност K (dB(A)) L_WA(dB(A)) Фактор на несигурност K (dB(A))
ELM4121 84 3 94,2 1,4
ELM4620 83 3 92,7 0,8
ELM4621 83 3 92,7 0,8

НАПОМЕНА: Номиналната вредност(и) за емисија на бучава е измерена во согласност со стандартни методи за испитување и може да се користи за споредување алати.

НАПОМЕНА: Номиналната вредност(и) за емисија на бучава може да се користи и како прелиминарна процена за изложеност.

⚠️ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Носете заштита за ушите.

⚠️ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Емисијата на бучава при фактичкото користење на алатот може да се разликува од номиналната вредност(и), зависно од начинот на којшто се користи алатот, особено од тоа како вид работен материјал се обработува.

АПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Погрижете се да ги утврдите безбедносните мерки за заштита на лицето кое ракува со алатот врз основа на процена на изложеноста при фактичките услови на употреба (земајки ги предвид сите делови на работниот циклус, како периодите кога електричниот алат е ислучен и кога работи во празен од, не само кога е активен).

Вибрации

Вкупна вредност на вибрациите (векторска сума на три оски) одредена во согласност со EN IEC 62841-4-3:

Модел ELM4121

Ширење вибрации ( a_h ): 2,5 м/с² или помалку Отстапување (K): 1,5 м/с²

Модел ELM4620

Ширење вибрации (a _h ) : 2,5 м/с ^2 или помалку Отстапување (K): 1,5 м/с ^2

Модел ELM4621

Ширење вибрации (a _h ) : 2,5 м/с ^2 или помалку Отстапување (K): 1,5 м/с ^2

НАПОМЕНА: Вкупната вредност(и) на номиналната јачина на вибрациите е измерена во согласност со стандартни методи за испитување и може да се користи за споредување алати.

НАПОМЕНА: Вкупната вредност(и) на номиналната јачина на вибрациите може да се користи и како прелиминарна процена за изложеност.

⚠ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Јачината на вибрациите при фактичкото користење на алатот може да се разликува од номиналната вредност(и), зависно од начинот на којшто се користи алатот, особено од тоа како вид работен материјал се обработува.
⚠PREDУПРЕДУВАЊЕ: Погрижете се да ги утврдите безбедносните мерки за заштита на лицето кое ракува со алатот врз основа на процена на изложеноста при фактичките услови на употреба (земајки ги предвид сите делови на работниот циклус, како периодите кога електричниот алат е исклучен и кога работи во празен од, не само кога е активен).

Само за земјите во Европа

Декларациите за сообразност се включени во Додаток А од ова упатство за употреба.

БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА

Општи упатства за безбедност за електричните алати

⚠ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, упатства, илустрации и спецификации дадени со електричниот алат. Ако не се почитуваат сите упатства наведени подолу, може да дојде до струен удар, пожар и/или сериозни повреди.

Чувајте ги сите предупредувања и упатства за да може повторно да ги прочитате.

Под терминот „електричен алат“ во предупредувањата се мисли на вашиот електричен алат кој работи на струја (со кабел) или на батерии (безжично).

Безбедност на работната област

  1. Користете чист и добро осветлен работен простор. Ако просторот е натрупан и темен, полесно може да се случаи незгода.
  2. Не работете со електричните алати во експлозивни атмосфери, на пример, ако има запаливи течности, гасови или прав. Електричните алати искрат и можат да ги запалат правот или испарувањата.
  3. Децата и набљудувачите нека стојат понастрана кога работите со електричен апарат. Ако нешто го одвлекува вашето внимание, може да изгубите контрола.

Електрична безбедност

  1. Електричните приклучоци на електричните алати треба да одговараат на штекерот.

Никогаш и никако не менувајте го електричниот приклучок. Не користете електрични приклучоци-адаптери со заземјени електрични алати.

Немодифицираните електрични приклучоци и соодветните штекери го намалуваат ризикот од електричен удар.

  1. Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, шпорети и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар ако вашето тело е заземјено.
  2. Не изложувајте ги електричните алати на дожд или на врнежливи услови. Ако вода влегува во електричниот алат, тоа го зголемува ризикот од електричен удар.
  3. Не злоупотребувајте го кабелот. Никогаш не користете го кабелот за носење, влечење или за исклучување на електричниот алат. Кабелот држете го настрана од топлина, масло, остри агли или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од електричен удар.
  4. Кога го користите електричниот алат на отворено, користете кабел наменет за отворен простор. Ако користете кабел соодветен за отворен простор, се намалува ризикот од електричен удар.
  5. Ако мора со електричниот алат да работите во влажен простор, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD), заштитена серија. Ако користите заштитен уред за диференцијална струја, се намалува ризикот од електричен удар.
  6. Секогаш се препорачува да се користи струја преку заштитен уред за диференцијална струја со оптоварување од 30 mA или помалку.
  7. Електричните алати може да создаваат електромагнетни полиња (ЕМП) што не се штетни за корисникот. Сепак, пред да работат со овој електричен алат, корисниците на пејсмејкери и други слични медицински уреди треба да контактираат со производителот на нивниот уред и/или лекарот за совет.
  8. Не допирајте го приклучокот за напојување со влажни раце.
  9. Доколку кабелот е оштетен, треба да се замени кај производителот или неговиот застапник за да се избегне опасност по безбедноста.

Лична безбедност

  1. Бидете внимателни, гледајте што правите и размислувајте разумно кога работите со електричниот алат. Не користете го електричниот алат кога сте уморни или кога сте под дејство на дрога, алкохол или на лекови. Момент на невнимание додека работите со електричниот алат, може да предизвика сериозна физичка повреда.
  2. Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очите. Заштитната опрема, како на пример маска за прав, заштитни чевли што не се лизгаат, тврда капа или заштита за слухот, што се користи за соодветни услови, їе

ги намали физичките повреди.

  1. Спречете ненамерно стартување. Уверете се дека прекинувачот е во исключена положба пред поврзување во извор на електрична енергија и/или на батерија, пред подигање или носење на алатот. Ако електричните алати ги носите, а прстот ви е на прекинувачот или тој е включен, може да дојде до несреќа.
  2. Отстранете ги клиновите или клучевите за нагодување пред да го включите електричниот алат. Ако оставите клин или клуч во ротирачкиот дел од електричниот алат, може да дојде до физичка повреда.
  3. Не посегнувајте предалеку. Одржувајте добра стабилност и рамнотежа со нозете цело време. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во неочекувани ситуации.
  4. Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Косата и облеката држете ги понастрана од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се заплеткаат во подвижните делови.
  5. Ако има уреди за поврзување на делови за извлекување и собирање прав, проверете дали тие се правилно поврзани и дали се користат соодветно. Ако користите уред за собирање прав, може да ги намалите опасностите што може да ги предизвика правот.
  6. Не дозволувајте поради тоа што често го користите алатот да станете вообразени и да ги занемарите безбедносните принципи на алатот. Невнимателното дејство може да предизвика сериозна повреда во дел од секундата.
  7. Секогаш носете заштитни очила за да ги заштитите очите од повреда кога користите електрични алати. Очилата мора да се усогласени со ANSI Z87.1 во САД, EN 166 во Европа или AS/NZS 1336 во Австралија/Нов Зеланд. Во Австралија/Нов Зеланд исто така постои законска обврска за носење штитник за лице за да си го заштитите лицето.

MAKITA ELM4621 - Лична безбедност - 1

Работодавачот е одговорен дали операторите со алатот и другите лица во непосредната работна околина носат соодветна безбедносна заштитна опрема.

Користење и грижа за електричниот алат

  1. Не форсирајте го електричниот алат. Користете правилен електричен алат

за конкретната примена. Со правилниот електричен алат, подобро и побезбедно їе ја завршите работата, како и со предвидената брзина.

  1. Не користете го електричниот алат ако не можете да го включите и исключите со прекинувачот. Ако електричниот алат не може да се контролира со прекинувачот, тогаш тој е опасен и мора да се поправи.
  2. Исключете го приклучокот од напојувањето и/или извадете ги батериите, ако може да се откачат, од електричниот алат пред да правите измени, да менувате додатоци или да ги складирате електричните алати. Овие превентивни безбедносни мерки їе го намалат ризикот електричниот алат да почне да работи случајно.
  3. Електричните алати во режим на мирување држете ги подалеку од дофатот на децата и не дозволувајте лица што не се запознаени со електричниот алат или овие упатства да ракуваат со електричниот алат. Електричните алати се опасни во рацете на необучените корисници.
  4. Одржувајте ги електричните алати и додатоци. Проверете дали подвижните делови се изместени или заглавени, скршени или во некоја друга состојба што може да влијае врз работењето на електричниот алат. Ако е оштетен, поправете го електричниот алат пред да го користите. Многу незгоди се случауваат поради слабо одржувани електрични алати.
  5. Одржувајте ги алатите остри и чисти. Правилно одржувани алати за сечење, со остри сечила, помалку е веројатно дека ќе се заглават и полесно се контролираат.
  6. Користете ги електричниот алат, додатоците и длетата на алатот, итн. во согласност со овие упатства, земајки ги предвид работните услови и работата што треба да се изврши. Ако го користите електричниот алат за работи различни од оние за кои тој е наменет, може да ве доведе во опасност.
  7. Рачките и површините за фаќање нека бидат суви, чисти и без масло и маснотии. Лизгавите рачки и површини за фаќање не дозволуваат безбедно ракување и контрола на алатот во неочекувани ситуации.
  8. Кога го користите алатот, не носете платнени работни ракавици што може да се заплеткаат. Заплеткувањето на платнените работни ракавици во подвижните делови може да резултира со телесна повреда.

Сервисирање

  1. Вашиот електричен алат сервисирајте го кај квалификувано лице за поправки, кое користи само идентични резервни делови. Така ќе бидете сигурни дека електричниот алат и понатаму е безбеден.
  2. Следете ги упатствата за подмачкување и за менување на додатните делови.

Безбедносни предупредувања за косилката

  1. Не користете ја косилката при лоши временски услови, особено кога има ризик од грмотевици. Со тоа се намалува ризикот од удар на гром.
  2. Внимателно проверете дали во областа каде што треба да се користи косилката има животински свет. Косилката може да го повреди животинскиот свет за време на работата.
  3. Внимателно проверете ја областа каде што треба да се користи косилката и отстранете ги сите камења, стапчиња, жици, коски и други туғи предмети. Фрлените предмети може да предизвикаат телесна повреда.
  4. Пред користење на косилката, секогаш проверувајте визуелно за да видите дали сечилото и склопот на сечилото се изабени или оштетени. Изабени или оштетени делови го зголемуваат ризикот од повреда.
  5. Пред употребата, проверете го кабелот за напојување и продолжниот кабел за знаци на оштетување или истрошеност. Не користете ја косилката ако кабелот е оштетен или истрошен. Ако кабелот се оштети или истроши во текот на користењето, исключете ја косилката и не допирајте го кабелот пред да го исключите од изворот на напојување. Оштетен кабел за напојување или продолжен кабел може да предизвика струен удар, пожар и/или сериозни повреди.
  6. Често проверувајте дали мрежата за трева е изабена или дотраена. Изабена или оштетена мрежа за трева го зголемува ризикот од повреда.
  7. Чувајте ги штитниците на своето место. Штитниците мора да се во работна состојба и правилно монтирани. Штитник кој е лабав, оштетен или не функционира правилно може да резултира со телесна повреда.
  8. Држете ги сите отвори за воздух без нечистотии. Блокирани отвори за воздух и отпадоци може да резултираат со прегревање или ризик од пожар.
  9. Додека работите со косилката, секогаш носете заштитни обувки што не се лизгаат. Не ракувајте со косилката боси или кога носите отворени сандали. Ова ја намалува шансата за повреда на стапалата од допир со подвижниот нож.
  10. При ракувањето со косилката, секогаш носете долги панталони. Изложената кожа ја зголемува веројатноста од повреда од исфрлени предмети.
  11. Не ракувајте со косилката на влажна трева. Одете, никогаш не трчајте. Ова го намалува ризикот од лизгање и паѓање што може да резултира со телесна повреда.
  12. Не работете со косилката на многу стрмни падини. Ова го намалува ризикот од губење на контролата, лизгање и паѓање, што може да резултира со телесна повреда.

  13. Кога работите на падини, секогаш внимавајте како газите, секогаш работете напречно, никогаш нагоре или надолу и бидете исключително внимателни кога ја менувате насоката. Ова го намалува ризикот од губење на контролата, лизгање и паѓање, што може да резултира со телесна повреда.

  14. Бидете многу внимателни кога ја враќате во рикверц или кога ја влечете косилката кон вас. Секогаш бидете свесни за вашата околина. Ова го намалува ризикот од сопнување за време на работата.
  15. Чувајте го кабелот за напојување подалеку од сечилата. Оштетен кабел за напојување може да предизвика струен удар, пожар и/или сериозни повреди.
  16. Исключете го и извадете го приклучокот од штекерот ако кабелот е заплеткан или оштетен. Заплеткани или оштетени кабли може да го зголемат ризикот од електричен удар.
  17. Не допирајте ги сечилата и другите опасни подвижни делови додека сё уште се движат. Ова го намалува ризикот од повреда од подвижни делови.
  18. При чистење на заглавен материјал или чистење на косилката, проверете дали сите прекинувачи за напојување се исклучени и кабелот за напојување е исклучен. Неочекуваната работа на косилката може да резултира со сериозна телесна повреда.

Дополнителни безбедносни предупредувања

Обука

  1. Прочитајте ги упатствата внимателно. Запознајте се со контролите и правилната употреба на косилката.
  2. Никогаш не дозволувајте деца или луге што не се запознаени со упатствата да ја користат косилката. Локалните прописи може да ја ограничуваат возраста на операторот.
  3. Никогаш не работете со косилката кога има луфе, особено деца или домашни животни во близина.
  4. Имајте на ум дека операторот или корисникот е одговорен за несреќите или опасностите што им се случауваат на другите луге или нивниот имот.

Подготовка

  1. Осигурете се да нема други луге во работната област пред да започнете со косење. Запрете ја косилката ако некој влезе во областа.
  2. Не вметнувајте го клучот за блокирање во косилката додека не се подготви за употреба.
  3. Внимавајте на дупки, бразди, грутки, камења или други сокриени предмети. Нерамниот терен може да предизвика незгода од лизгање и паѓање. Високата трева може да крие пречки.
  4. Не вметнувајте го и не вадете го клучот за

блокирање на дожд.

Работење

  1. Сопрете ја косилката и извадете го клучот за блокирање, потоа осигурете се дека сите подвижни делови целосно запреле

  2. секогаш кога ја оставате косилката;

  3. пред чистење затнати места или одзатнување на каналот;
  4. пред извршување проверка, чистење или изведување работи врз косилката.

  5. Ако косилката удри во надворешен предмет, следете ги овие чекори:

  6. Запрете ја косилката, отпуштете го лостот на прекинувачот и почекајте додека сечилото целосно не застане.

  7. Внимателно проверете дали на косилката има какви било оштетувања.
  8. Заменете го сечилото ако е оштетено на каков било начин. Поправете ги сите оштетувања пред одново да ја стартувате и да продолжите да ракувате со косилката.

  9. Ако косилката започне да вибрира ненормално или ако забележите нешто необично, веднаш следете ги овие чекори:

  10. Запрете ја косилката, отпуштете го лостот на прекинувачот и почекајте додека сечилото целосно не застане.

  11. Проверете дали има оштетувања и заменете ги или поправете ги сите оштетени делови.
  12. Проверете ги и прицврстете ги сите олабавени делови.

  13. Никогаш не работете со косилката со неисправни штитници или прегради, или без да се поставени безбедносни уреди, на пример, одбивачи и/или корпи за трева.

  14. Работете со косилката само дење или на добро вештачко светло.
  15. Внимателно включете ја косилката во согласност со упатствата, држејки ги стапалата подалеку од сечилото(ата).
  16. Внимавајте да не дојде до повреда на стапалата и рацете од сечилата на косилката.
  17. Сопрете го сечилото(ата) ако косилката треба да се навали за превоз кога се поминуваат површини што не се тревни и кога ја пренесувате косилката до и од подрачјето што треба да се коси.
  18. Не навалувајте ја косилката кога го вклучувате моторот, освен ако косилката мора да се навали за да се стартува. Во овој случај, не навалувајте ја повеće отколку што е апсолутно потребно и подигнете го само оној дел што е подалеку од ракувачот. Секогаш уверете се дека двете раце се во работна позиција пред да ја вратите косилката на земјата.
  19. Не ставајте ги рацете или стапалата близу или под вртливите делови. Бидете подалеку од отворот за исфрлање во секое време.
  20. Секогаш цврсто држете ја рачката.

  21. Не факајте ги изложените сечила или рабови за сечење кога ја кревате или држите косилката.

  22. Држете ги рацете и стапалата подалеку од сечилата што вртат. Внимание - Сечилата продолжуваат да вртат откако їе се исклучи косилката.
  23. Ако косилката има функција за нагодување на висината, никогаш не обидувајте се да ја нагодите висината на сечењето додека косилката работи.
  24. Отпуштете го лостот на прекинувачот и почекајте сечилото да запре со вртење пред да преминете преку улица, патека, патишта и какви било области покриени со чакал. Исто така, извадете го клучот за блокирање ако ја оставате косилката, се обидувате да подигнете нешто или да отстраните нешто од вашиот пат или заради каква било друга причина што може да го одвлече вашето внимание од работата што ја извршувате.
  25. Не стартувајте ја косилката додека стоите пред отворот за исфрлање.
  26. Никогаш не насочувајте го исфрлениот материјал кон некого. Избегнувајте исфрлање на материјалот кон сид или препрека. Материјалот може да се одбие наназад кон операторот. Сопрете го сечилото при поминување преку површини со чакал.
  27. Не тегнете ја косилката наназад освен ако не е апсолутно неопходно. Кога треба да ја вратите косилката наназад од ограда или друга слична пречка, погледнете надолу и зад вас пред и за време на враćањето наназад.
  28. Исключете го моторот и почекајте додека сечилото не сопре целосно пред да ја отстраните мрежата за трева. Внимавајте на вртењето на сечилата по исклучувањето.
  29. Кога ја користите машината на каллива земја, влажни падини или лизгави места, внимавајте како газите.
  30. Избегнувајте работење во лоша средина каде што се очекува зголемен замор.
  31. Не користете ја машината на лошо време кога видливоста е намалена. Во спротивно, може да дојде до пад или неправилна работа поради лошата видливост.
  32. Не поминувајте со машината низ вировки.
  33. Koga će се залепат лисја или нечистотија на устието на смукалката (прозорецот за вентилација) поради дожд, отстранете ги.
  34. Не користете ја машината на снег.
  35. Ако отсечената трева е влажна, веројатно е дека їе биде заглавена во машината. Редовно проверувајте ја состојбата на машината и отстранете ја залепената трева ако е потребно.
  36. Кога ракувате со машината, внимавајте на цевки и жици.

Одржување и чување

  1. Проверувајте ја и одржувајте ја косилката редовно.
  2. Одржувајте ги сите навртки и завртки стегнати за да бидете сигурни дека

опремата е во безбедна работна состојба.

  1. Често проверувајте дали корпата за трева е изабена или дотраена. За складирање, секогаш погрижете се корпата за трева да е празна. Заменете ја изабената корпа за трева со нова, фабрички заменета, заради безбедност.
  2. Користете само оригинални сечила од производителот назначени во ова упатство.
  3. Внимавајте при прилагодувањето на косилката да спречите да дојде до заглавување на прстите помеѓу сечилата што се движат и фиксните делови на косилката.
  4. Проверувајте на чести временски интервали, дали завртката за монтирање на сечилото е правилно стегната.
  5. Секогаш оставајте ја косилката да се олади пред да ја складирате.
  6. Кога ги сервисирате сечилата, имајте предвид дека дури и ако алатот не е приключен во извор на електрична енергија, сечилата сё уште може да се во движење.
  7. Никогаш не отстранувајте ги и не менувајте ги безбедносните уреди. Проверувајте го нивното правилно функционирање редовно. Никогаш не правете нешто што би ја попречило наменетата функција на безбедносниот уред или би ја намалило заштитата што тој ја дава.
  8. Не оставајте ја машината без надзор надвор на дожд.
  9. Не мијте ја машината со вода под висок притисок.
  10. При складирање на машината, избегнувајте директна сончева светлина и дожд и складирајте ја на ладно и суво место.
  11. Инспекцијата или одржувањето изведувајте ги на места засолнати од дожд.
  12. По користење на машината, отстранете ја залепената нечистотија и исушете ја машината целосно пред да ја складирате. Зависно од сезоната и областа, постои ризик од дефект поради замрзнување.

Електрична безбедност

  1. Избегнувајте опасно опкружување. Не користете ја машината на влажни места и не изложувајте ја на дожд. Ако навлезе вода во машината, ће се зголеми ризикот од струен удар.

⚠ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ удобноста или познавањето на производот (стекнати со подолга употреба) да ве наведат да не се придржувате строго до безбедносните правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА или непочитувањето на безбедносните правила наведени во ова упатство може да предизвикаат тешка телесна повреда.

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања и сите упатства. Ако не се почитуваат предупредувањата и упатствата, може да дојде до струен удар, пожар или тешки повреди.

Чувајте ги сите предупредувања и упатства за да може повторно да ги прочитате.

  1. Децата треба да се надгледуваат за да се уверите дека нема да си играат со косилката.
  2. Никогаш не дозволувајте деца или лица кои не ги знаат овие упатства да ја користат косилката. Локалните прописи може да ја ограничуваат возраста на ракувачот.
  3. Никогаш не ракувајте со косилката кога во близина има луге, особено деца, или домашни животни.
  4. Имајте предвид дека ракувачот или корисникот е одговорен за каква било несреќа или опасност што може да им се случа на другите лица или нивниот имот.
  5. При ракувањето со косилката, секогаш носете соодветни обувки и долги панталони. Не ракувајте со косилката боси или кога носите отворени сандали. Избегнувајте да носите широко облека или накит со висечки кабли и врвки. Тие може да се заплеткаат во подвижните делови.
  6. Секогаш носете заштитни очила за да ги заштитите очите од повреда кога користите електрични алати. Очилата мора да се усогласени со ANSI Z87.1 во САД, EN 166 во Европа или AS/NZS 1336 во Австралија/Нов Зеланд. Во Австралија/Нов Зеланд исто така постои законска обврска за носење штитник за лице за да си го заштитите лицето.

MAKITA ELM4621 - Чувајте ги сите предупредувања и упатства за да може повторно да ги прочитате. - 1

Работодавачот е одговорен дали операторите со алатот и другите лица во непосредната работна околина носат соодветна безбедносна заштитна опрема.

  1. Пред употребата, проверете го напојувањето и кабелот за знаци на

оштетување или истрошеност. Ако кабелот се оштети при користењето, веднаш исключете го од напојувањето. Не допирајте го кабелот пред да го исключите напојувањето. Не користете ја косилката ако кабелот є оштетен или истрошен.

  1. Ракувајте со косилката само на дневна светлина или добро вештачка светлина.

  2. Избегнувајте да ракувате со косилката на влажна трева.

  3. Никогаш не ракувајте со косилката на дожд.

  4. Секогаш цврсто држете ја рачката.

  5. Секогаш внимавајте како газите по стрмни падини.

  6. Одете, никогаш не трчајте.

  7. Не факајте ги изложените сечила или рабови за сечење кога ја кревате или држите косилката.

  8. Физичка состојба - не ракувајте со косилката ако сте под влијание на наркотични средства, алкохол или какви било лекарства.

  9. Држете ги рацете и стапалата подалеку од ротирачките сечила. Внимание - сечилата продолжуваат да се вртат откако їе се исклучи косилката.

  10. Користете само оригинални сечила од производителот назначени во ова упатство.

  11. Пред работата, внимателно проверете дали на сечилата има пукнатини или оштетувања. Ако на сечилата има пукнатини или оштетувања, заменете ги веднаш.

  12. Уверете се да нема други луғе во подрачјето пред да започнете со косење. Запрете ја косилката ако некој влезе во подрачјето.

  13. Отстранете ги тугите предмети, како што се камења, жици, шишиња, коски и поголеми стапчиња од работното подрачје пред да започнете со косење за да спречите телесна повреда или оштетување на косилката.

  14. Ако забележите нешто необично, веднаш запрете со работа. Исклучете ја косилката и извадете го кабелот за напојување од напојувањето. Потоа, проверете ја косилката.

  15. Никогаш не обидувајте се да вршите нагодувања на висината на тркалата додека косилката е включена.

  16. Отпуштете го лостот на прекинувачот и почекајте сечилото да запре со вртење пред да преминете преку улица, патека, пат и какви било области покриени со чакал. Исто така, извадете го кабелот за напојување од напојувањето ако ја оставите косилката, се обидете да подигнете или да отстраните нешто од пред вас или заради некоја друга причина што може да ви го одвлече вниманието од работата што ја извршувате.

  17. Предметите заглавени во сечилото на косилката може да предизвикаат тешки повреди кај луғето. Тревникот треба секогаш внимателно да се прегледа и да се расчисти од сите предмети пред секое косење.

  18. Ако косилката удри во туғ предмет, следете ги овие чекори:

- Запрете ја косилката, отпуштете го лостот на прекинувачот и почекајте додека сечилото целосно не застане.

- Извадете го кабелот за напојување од напојувањето.

- Внимателно проверете дали на косилката има какви било оштетувања.

- Заменете го сечилото ако е оштетено на каков било начин. Поправете ги сите оштетувања пред одново да ја стартувате и да продолжите да ракувате со косилката.

  1. Често проверувајте дали корпата за трева е изабена или дотраена. Пред складирање, секогаш уверете се дека корпата за трева е празна. Заменете ја изабената корпа за трева со нова фабричка резерва заради безбедност.

  2. Бидете многу внимателни кога ја враćате во рикверц или кога ја влечете косилката кон вас.

  3. Сопрете го сечилото(ата) ако треба да ја навалите косилката за да ја пренесете преку површини што не се тревни и кога ја пренесувате косилката до и од подрачјето што треба да се коси.

  4. Никогаш не ракувајте со косилката со неисправни штитници или заштитници или кога не се поставени безбедносни уреди, на пример, одбивачи и/или корпи за трева.

  5. Внимателно включете ја косилката во согласност со упатствата, држејки ги стапалата подалеку од сечилото(ата).

  6. Не навалувајте ја косилката кога го вклучувате моторот, освен ако косилката мора да се навали за да се стартува. Во овој случај, не навалувајте ја повеće отколку што е апсолутно потребно и подигнете го само оној дел што е подалеку од ракувачот. Секогаш уверете се дека двете раце се во работна позиција пред да го вратите апаратот на земјата.

  7. Не стартувајте ја косилката додека стоите пред отворот за исфрлање.

  8. Не ставајте ги рацете или стапалата близу или под ротирачките делови. Бидете подалеку од отворот за исфрлање во секое време.

  9. Не пренесувајте ја косилката додека е включена.

  10. Запрете ја косилката и отстранете го приклучокот од штекерот. Уверете се дека сите подвижни делови целосно запреле

- секогаш кога ја оставате косилката,

- пред чистење затнати места или одзатнување на каналот,

- пред извршување проверка, чистење или изведување работи врз косилката,

- откако їе удрите во некој предмет. Проверете дали на косилката има оштетувања и поправете ја пред одново да ја стартувате и да ракувате со неа.

  1. Ако косилката почне да вибрира невообичаено (веднаш проверете)

  2. проверете дали има оштетувања,

  3. заменете ги или поправете ги сите оштетени делови,
  4. проверете ги и прицврстете ги сите олабавени делови.

  5. Бидете внимателни при нагодувањето на косилката и спречете заглавување на прстите помеćу подвижните сечила и фиксните делови на косилката.

  6. На стрмни падини, косете напречно, никогаш надолу или нагоре. Бидете многу претпазливи кога ја менувате насоката на стрмни падини. Не косете ги стрмните падини премногу.

  7. Не прскајте ја со црево за вода. Избегнувајте вода да навлезе во моторот и електричните поврзувања.

  8. Често проверувајте дали завртката за монтирање на сечилото е довольно затегната.

  9. Сите навртки, завртки и шрафови треба да бидат затегнати со цел опремата да биде во безбедна работна состојба.

  10. Внимавајте бидејки едно ротирачко сечило може да предизвика ротација кај другите сечила.

  11. Секогаш оставајте ја косилката да се излади пред да ја складирате.

  12. Кога ги сервисирате сечилата, имајте предвид дека дури и ако напојувањето е исключено, сечилата сё уште може да се движат.

  13. Заменувајте ги изабените и оштетените делови заради безбедност. Користете само оригинални резервни делови и додатоци.

  14. Електричниот алат треба да го сервисирате кај квалификувано лице за поправки, кое користи само идентични резервни делови. Така ќе бидете сигурни дека електричниот алат и понатаму е безбеден.

  15. Следете ги упатствата за подмачкување и за менување на додатоците.

  16. Рачките нека бидат суви, чисти, без масло и маснотии.

  17. Проверете и уверете се дека напонот и фреквенцијата на напојувањето одговараат на спецификациите дадени на плочката за идентификација. Ние препорачуваме да се користи заштитен прекинувач (со заземјување) со активирање на јачина на струја од 30 мА или помала, или со заштитен уред за заземјување.

  18. Оваа машина може да се користи од страна на деца на возраст од 8 години или постари и лица со намалени физички, сетилни или ментални капацитети или без довольно искусство и познавање ако се под надзор или им се даваат упатства за користење на уредот на безбеден начин и ги разбираат включените ризици. Чистењето и одржувањето од корисникот не смеат да се вршат од страна на деца без надзор.

Преостанати ризици

Дури и ако работите со производов согласно сите барања за безбедност, остануваат потенцијални ризици од повреда и штета. Следниве опасности може да настанат во врска со структурата и дизајнот на производот.

  1. Оштетувања на здравјето што резултираат од емисијата на вибрации ако производот се користи во текот на долги временски периоди или со него не се управува соодветно и не се одржува правилно.

  2. Повреди и оштетувања на имотот поради скршени приклучни алати или ненадеен удар на скриени предмети за време на употребата.

  3. Опасност од повреда и оштетувања на имотот предизвикани од летечки објекти.

⚠️ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Производов создава електромагнетно поле за време на работата. Ова поле во некои околности попречува активни или пасивни медицински уреди. За намалување на ризикот од сериозна или фатална повреда, препорачуваме лицата со медицински уреди да се консултираат со нивниот лекар и производителот на медицинскиот уред пред да работат со производот.

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ удобноста или познавањето на производот (стекнати со подолга употреба) да ве наведат да не се придржувате строго до безбедносните правила за овој производ.

ЗЛОУПОТРЕБАТА или непочитувањето на безбедносните правила наведени во ова упатство може да предизвикаат тешка телесна повреда.

СОСТАВУВАЊЕ

⚠️ ВНИМАНИЕ: Пред да работите нешто на алатот, проверете дали е ислучен и откачен од струја.

Составување на рачката

  1. Извадете ја горната рачка од главната единица на машината.

▶ Сл.1: 1. Горна рачка

  1. Одвртете ги рачните навртки.

▶ Сл.2: 1. Рачна навртка

  1. Проширете ја рачката малку кон надвор, потоа кренете ја, вметнете ги нејзините испакнати делови во отворите и потоа затегнете ги рачните навртки.

▶ Сл.3: 1. Рачка 2. Испакнат дел 3. Отвор 4. Рачна навртка

  1. Прикачете ја горната рачка со вметнување на лостовите од надворешната страна на рачката и затегнете ги навртките со клучот за да ја прицврстите рачката.

▶ Сл.4: 1. Лост 2. Навртка

  1. Прицврстете ги каблите со стегите како што е покажано на сликата.

▶ Сл.5: 1. Стега

Монтирање на корпата за трева

  1. Прикачете ги цевките од корпата за трева на рамката.

▶ Сл.6: 1. Цевка 2. Рамка

  1. Отворете го задниот капак.

▶ Сл.7: 1. Заден капак

  1. Вметнете ја корпата за трева од предната страна низ внатрешности на рачката и потоа закачете ја корпата за трева на задната страна на машината.

▶ Сл.8: 1. Корпа за трева

▶ Сл.9

За да ја отстраните корпата за трева, извршете ја постапката за монтирање по обратен редослед.

Поврзување на продолжниот кабел

⚠PREDУПРЕДУВАЊЕ: Кога го поврзувате продолжниот кабел со приклучокот за напојување на машината, уверете се дека лостот на прекинувачот е отпуштен и дека кабелот е изваден од напојувањето.

⚠ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не поврзувајте го и не исклучувајте го продолжниот кабел со мокри раце.

ЗАБЕЛЕШКА: При поврзувањето на продолжниот кабел со приклучокот за напојување на машината, погрижете се целосно да го вметнете во штекерот.

При поврзувањето на продолжниот кабел, закачете го над куката на рачката како што е покажано на сликата за да спречите ненамерно ислучување поради прекумерна сила врз приклучокот.

3a ELM4121/ELM4620

▶ Сл.10: 1. Кука 2. Продолжен кабел

3a ELM4621

▶ Сл.11: 1. Кука 2. Продолжен кабел

Прикачување на додатокот за компост

  1. Отворете го задниот капак и отстранете ја корпата за трева.

▶ Сл.12: 1. Заден капак 2. Корпа за трева

  1. Прикачете го додатокот за компост држејки го лостот надолу, а потоа ослободете го лостот за да го заклучите додатокот за компост.

▶ Сл.13: 1. Додаток за компост 2. Лост

Прикачување на додатокот за исфрлање

3a ELM4620/ELM4621

  1. Отворете го задниот капак и отстранете ја корпата за трева.

▶ Сл.14: 1. Заден капак 2. Корпа за трева

  1. Прикачете го додатокот за компост држејки го лостот надолу, а потоа ослободете го лостот за да го заклучите додатокот за компост.

▶ Сл.15: 1. Додаток за компост 2. Лост

  1. Отворете го десниот капак и прикачете го додатокот за исфрлање.

▶ Сл.16: 1. Додаток за исфрлање 2. Десен капак

ЗАБЕЛЕШКА: Турнете го додатокот за исфрлање додека резето не се намести на своето место.

▶ Сл.17: 1. Резе

ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ

Прилагодување на височината на косење

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Пред да ја нагодите висината на косење, исключете го продолжниот кабел од напојувањето и проверете дали сечилата целосно запреле.

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Никогаш не ставајте ја вашата рака или нога под косилката кога ја прилагодувате височината на косење.

Може да ја нагодите висината на косење во опсегот од 20 мм до 75 мм. Висината на косењето може да се нагоди на 7 нивоа (за ELM4121) или 8 нивоа (за ELM4620/ELM4621).

3a ELM4121

▶ Сл.18: 1. Лост за нагодување

3a ELM4620/ELM4621

▶ Сл.19: 1. Лост за нагодување

Држете ја рачката со едната рака и движете го лостот со другата рака.

▶ Сл.20: 1. Лост за нагодување

НАПОМЕНА: Направете пробно косење на тревата на поневидливо место за да ја добиете саканата височина.

Вклучување

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Пред да го приключите алатот, секогаш проверете дали лостот на прекинувачот функционира правилно и дали се враќа во положбата „Исклучено“ („OFF“) кога єе се отпушки.

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: За ваша безбедност, оваа машина е опремена со копче за деблокирање коешто спречува ненамерно стартување на алатот. Никогаш не користете ја машината ако се вклучи со повлекување на лостот на прекинувачот без да се притисне копчето за деблокирање. Однесете ја на поправка во вашиот локален сервисен центар на Makita.

⚠ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Никогаш не исклучувајте ја функцијата за заклучување и не лепете го со леплива лента копчето за деблокирање.

ЗАБЕЛЕШКА: Не повлекувајте го лостот на прекинувачот на сила без да го притиснете копчето за деблокирање. Прекинувачот може да се скрши.

3a ELM4121/ELM4620

За да ја стартувате машината, притиснете го копчето за деблокирање, а потоа притиснете го лостот на прекинувачот. За да ја запрете машината, отпуштете го лостот на прекинувачот.

▶ Сл.21: 1. Лост на прекинувач 2. Копче за деблокирање

3a ELM4621

За да ја стартувате машината, притиснете го копчето за деблокирање, а потоа притиснете го лостот на прекинувачот. Додека го притискате лостот на прекинувачот, притиснете го погонскиот лост за да се включат задните тркала. За да ја запрете машината, отпуштете го лостот на прекинувачот и погонскиот лост.

▶ Сл.22: 1. Лост на прекинувач 2. Копче за деблокирање

▶ Сл.23: 1. Погонски лост

Индикаторот за ниво на корпата за трева се отвора при косењето ако корпата за трева не е полна. Ако корпата за трева е полна, индикаторот за ниво се затвора при косењето. Ако е полна, испразнете ја корпата за трева пред да почнете со косење.

▶ Сл.24: 1. Индикатор на ниво

▶ Сл.25: 1. Индикатор на ниво

Користење на додатокот за компост

Додатокот за компост ви овозможува да ја вратите исечената трева на земјата без да ја собирате во корпата за трева. Ако ја користите машината со додатокот за компост, претходно отстранете ја корпата за трева.

Користење на додатокот за исфрлање

Додатокот за исфрлање ви овозможува да ја вратите исечената трева на земјата од десната страна на машината без да ја собирате во корпата за трева. Ако ја користите машината со додатокот за исфрлање, претходно монтирајте го додатокот и отстранете ја корпата за трева.

Нагодување на висината на рачката

⚠️ ВНИМАНИЕ: Пред да ги отворите лостовите, цврсто држете ја горната рачка. Во спротивно, рачката може да падне и да предизвика повреда.

Висината на рачката може да се нагоди на три нивоа. Отворете ги лостовите на рачката кон надвор додека ја држите горната рачка, нагодете ја висината на рачката и затворете ги лостовите.

▶ Сл.26: 1. Лост 2. Ознака 3. Стрелка

АПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако машината ненадејно запре додека ја користите, отпуштете го лостот на прекинувачот и исключете го продолжниот кабел. Во спротивно, машината може ненадејно да се рестартира и да предизвика повреда.

⚠️ ВНИМАНИЕ: Пред да го отстраните предметот што го блокира сечилото, ставете ракавици и исключете го продолжниот кабел од штекер за напојување.

Доколку исечена трева или земја предизвikuва блокирање внатре во главното тело, машината автоматски запира за да го заштити моторот (релеј за прекумерна струја). Во овој случај, исключете го продолжниот кабел од штекер за напојување, отстранете го материјалот што го предизвikuва блокирањето и оставете ја машината да се излади неколку минути пред повторно да ја включите.

НАПОМЕНА: Релејот за прекумерна струја може да се активира кога влажна или долга трева ће се заглави внатре во главното тело.

РАБОТЕЊЕ

Косење

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Пред да започнете со косење, расчистете ги стапчињата и камењата од областа што се коси. Следно, однапред расчистете ја сета плевел од областа што се коси.

▶ Сл.27

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Секогаш носете заштитна маска или заштитни очила со странични штитници кога работите со косилката.

⚠️ВНИМАНИЕ: Доколку исечената трева или туғ предмет ја блокира внатрешности на телото на косилката, исключете го напојувањето, а потоа извадете го продолжниот кабел од штекерот за напојување. Пред да ја отстраните тревата или туғиот предмет, ставете ракавици.

⚠️ВНИМАНИЕ: Монтирајте ја корпата за трева или додатокот за компост пред да работите со машината.

ЗАБЕЛЕШКА: Оваа машина користете ја само за косење тревници. Не косете плевел со оваа машина.

Цврсто држете ја рачката со двете раце при косењето.

▶ Сл.28

Упатството за брзината на косење е приближно еден метар за четири секунди.

▶ Сл.29

Започнете со косење во близина на штекерот за напојување за да се уверите дека продолжниот кабел не претставува пречка.

▶ Сл.30: 1. Штекер за напојување 2. Продолжен кабел

Не дозволувајте продолжниот кабел да поминува или да се заплетка под машината.

▶ Сл.31

▶ Сл.32

Централните рабови на предните тркала се водилки за ширината на косењето. Користејки ги централните линии како водилки, косете во ленти. Преклопете ја за една половина до една третина претходната лента за да го искосите тревникот рамномерно.

▶ Сл.33: 1. Ширина на косење 2. Област на преклопување 3. Централна линија

Секој пат менувајте ја насоката на косење за да спречите формирање на шема на тревникот во само една насока.

▶ Сл.34

Повремено проверувајте ја корпата за трева за искосена трева. Испразнете ја корпата пред да се наполни. Пред секоја повремена проверка, запрете ја машината.

НАПОМЕНА: Користењето на косилката со полна корпа за трева спречува мазно вртење на сечилото и додава дополнителен товар на моторот, што може да предизвика дефект.

Косење тревник со висока трева

Не обидувајте се да косите висока трева наеднаш. Наместо тоа, косете го тревникот во неколку фази. Оставете ден-два помеју две косења, додека

тревникот не се изедначи.

▶ Сл.35

НАПОМЕНА: Косењето долга трева со куса должна наеднаш може да предизвика тревата да умре. Исто така, исечената трева може да ја блокира внатрешноста на уредот на косилката.

Косење на рабовите

При косењето на работ, свртете ја левата страна на машината кон работ и движете ја машината покрај работ.

▶ Сл.36

ОДРЖУВАЊЕ

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Пред да извршите одржувањето, исключете го продолжниот кабел од напојувањето и проверете дали сечилата целосно запреле.

⚠️ ВНИМАНИЕ: Кога вршите одржување, секогаш носете ракавици.

За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА на производот, поправките, одржувањата или дотерувањата треба да се вршат во овластени сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш со резервни делови од Makita.

Одржување после косење

После косење, избришете ја машината со сува крпа или крпа натопена во сапуница. Исто така, користете мека четка за да ја исчеткате исечената трева и земја од сечилата.

ЗАБЕЛЕШКА: За чистење, не користете нафта, бензин, разредувач, алкохол или Guinea. Тие средства ја вадат бојата и може да предизвикаат деформации или пукнатини.

Складирање

  1. Откачете го продолжниот кабел.
    ▶ Сл.37: 1. Продолжен кабел
  2. Отстранете ја корпата за трева.
  3. Поставете ја висината на косење со лостот за нагодување.

3a ELM4121:

Поставете ја висината на косење на „2“.

▶ Сл.38: 1. Лост за нагодување

3a ELM4620/ELM4621:

Поставете ја висината на косење на „4“.

▶ Сл.39: 1. Лост за нагодување

  1. Отворете ги лостовите на рачката кон надвор додека ја држите горната рачка, поставете ја висината на рачката во средината и затворете ги лостовите.

▶ Сл.40: 1. Лост 2. Ознака 3. Стрелка

⚠️ВНИМАНИЕ: Пред да ги отворите лостовите, цврсто држете ја горната рачка. Во спротивно, рачката може да падне и да предизвика повреда.

  1. Одвртете ги рачните навртки додека ја држите рачката.

▶ Сл.41: 1. Рачна навртка

  1. Проширете ја рачката малку кон надвор и потоа свиткајте ја и вметнете ги нејзините испакнати делови во отворите.

▶ Сл.42: 1. Рачка 2. Испакнат дел 3. Отвор

⚠️ ВНИМАНИЕ: При склопувањето на рачката, внимавајте да не ги потфатите раçете или прстите.

  1. Затегнете ги рачните навртки.

▶ Сл.43: 1. Рачна навртка

  1. Поставете ја машината како што е прикажано на сликата.

▶ Сл.44

⚠️ВНИМАНИЕ: Осигурете се дека сте ја складирале машината во затворена просторија и поставете ја на рамна површина. Во спротивно, машината може да падне и да предизвика повреда.

Заменување на сечилото на косилката

⚠️ВНИМАНИЕ: Не користете никаков друг клуч освен стандартниот имбус-клуч кога го заменувате сечилото на косилката. Користењето друг клуч може да доведе или до преголемо затегнување или до разлабавеност, што може да предизвика повреда.

  1. Исключете го продолжниот кабел и исправете ја машината. (Погледнете ги инструкциите за складирање.)

  2. Вметнете го чепчето во отворот, а потоа држете ја рачката со едната рака и олабавете ја завртката вртејки ја налево со помош на клучот.

▶ Сл.45: 1. Сечило 2. Клуч 3. Чепче

Извадете ги завртката, шајбната, сечилото на косилката, држачот и сепараторот по тој редослед.

▶ Сл.46: 1. Сепаратор 2. Држач 3. Сечило на косилка 4. Шајбна 5. Завртка

3a ELM4620/ELM4621

Извадете ги завртката, сечилото на косилката и држачот по тој редослед.

▶ Сл.47: 1. Држач 2. Сечило на косилка 3. Завртка

  1. Прикачете ново сечило на косилката, вметнете го чепчето во отворот, а потоа држете ја рачката со едната рака и цврсто затегнете ја завртката вртејки ја надесно со помош на клучот.

▶ Сл.48: 1. Сечило на косилка 2. Клуч 3. Чепче

Нагодување на кабелот

3a ELM4621

Ако задните тркала не ротираат или не ротираат непречено кога ќе го стиснете погонскиот лост, нагодете ја должината на кабелот.

  1. Олабавете ја навртката со клуч додека ја држите ниплата со друг клуч.

▶ Сл.49: 1. Нипла 2. Навртка

  1. Ротирајте ја ниплата.

▶ Сл.50: 1. Нипла

  1. Ротирајте ја навртката додека не стигне до ниплата.

▶ Сл.51: 1. Нипла 2. Навртка

  1. Стегнете ја навртката со клуч додека ја држите ниплата со друг клуч.

▶ Сл.52: 1. Нипла 2. Навртка

  1. Включете ја машината и проверете дали задните тркала ротираат непречено кога ње го стиснете погонскиот лост.

Ако задните тркала не ротираат непречено, нагодете ја должината на кабелот одново.

Продолжен кабел

Треба да користите само продолжни кабли за надворешна употреба, ПВЦ или гумени кабли за обични работни услови, со површина на напречен пресек не помала од 1,5 мм².

Пред и за време на употребата, проверете дали се оштетени каблите за напојување и продолжните кабли. Не користете го апаратот ако кабелот е оштетен или истрошен. Чувајте го продолжниот кабел подалеку од елементи за сечење. Ако кабелот се оштети при употребата, веднаш исключете го од напојувањето. Не допирајте го кабелот пред да го исключите напојувањето.

ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР

⚠️ ВНИМАНИЕ: Овој прибор или додатоци се препорачуваат за користење со алатот од Makita дефиниран во упатството. Со користење друг прибор или додатоци може да се изложите на ризик од телесни повреди. Користете ги приборот и додатоците само за нивната назначена намена.

Ако ви треба помош за повеće детали за приборот, прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.

• Сечило на косилка

НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се включени со алатот како стандарден прибор. Тие може да се разликуваат од држава до држава.

ТЕХНИЧКИ ПОДАЦИ

Додатна безбедносна упозорења

Обука

▶ Слика2: 1. Навртка

▶ Слика8: 1. Корпа за траву

▶ Слика9

▶ Слика20: 1. Полуга за подешавање

монтирајте додатак за малчовање и уклоните корпу за траву.

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : MAKITA

Модел : ELM4621

Категорија : кошачка за трева