AQT 3512+ - високопритисен чистач BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот AQT 3512+ BOSCH во PDF формат.
| Вид на производ | Високопритисен чистач |
| Марка | Bosch |
| Модел | AQT 3512+ |
| Номинална влезна моќност | 1,5 kW |
| Дозволен притисок | 12 MPa (120 bar) |
| Номинален притисок | 8 MPa (80 bar) |
| Проток на вода | 5 l/min |
| Минимален проток на вода при напојување | 5,8 l/min |
| Макс. температура на вода за напојување | 40 °C |
| Тежина (според EPTA 01/2003) | 7,0 kg |
| Функција Autostop (автоматско запирање) | Да |
| Ниво на звучен притисок | 83 dB(A) |
| Ниво на звучна моќност | 96 dB(A) |
| Електрично напојување | 230 V ~ 50 Hz |
| Класа на заштита | II |
| Приложени додатоци | Распрскувачка млазница, врв 3-во-1, шише за детергент, високопритисно црево |
| Препорачана површина за чистење | Надворешност, возила, алати, чамци |
Често поставувани прашања - AQT 3512+ BOSCH
Прашања на корисниците за AQT 3512+ BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот високопритисен чистач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник AQT 3512+ - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. AQT 3512+ на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК AQT 3512+ BOSCH
Безбедносни напомени
Толкување на симболите

Општи безбедносни правила.

Никогаш не насочувајте ја пералката директно кон луѓе, животни, електрични уреди или компоненти.
Внимание: Високопритисните пералки можат да бидат опасни ако се користат несоодветно.

Во склад со важечките прописи, уредот не смее да се користи прикачен директно на водоводната мрежа без системски сепаратор. Користете системски сепаратор како што е ИЕЦ 61770 Вид БА.
Водата што минува низ системски сепаратор веќе не е погодна за пиење.
Безбедносни правила за високопритисната пералка

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат на непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимателно прочитајте ги упатствата и предупредувањата, бидејќи содржат важни информации за безбедна работа.
Освен информациите дадени во упатството за ракување, почитувајте ги и општите безбедносни правила и прописите за превенција на незгоди.
Приклучување на струја
▶ Волтажата прикажана на натписната плочка мора да биде иста со волтажата на електричната мрежа. ▶ Советуваме овој уред да биде приклучен на струја преку утикач со заштитен уред за заостаната струја што се активира при промена на јачината на струјата од 30 mA. ▶ Исклучувајте ја машината од напојување секогаш кога не ја користите, па макар и само на кратко. ▶ Електричната инсталација мора да биде во склад со стандардот IEC 60364-1. ▶ Ако кабелот е оштетен, мора да биде заменет од страна на производителот, неговиот овластен сервисер или подеднакво квалификуван сервис, со цел да се избегне незгода. ▶ Никогаш не допирајте го утикачот со мокри раце. ▶ Не извлекувајте го кабелот од утикачот додека машината работи.
Бракување
▶ Не газете ги, не превиткувајте ги и не тегнете ги напојниот или продолжниот кабел, бидејќи на тој начин можат да се оштетат. Заштитете го кабелот од топлина, масло и оштри рабови. ▶ Не користете ја машината ако се оштетени некои важни делови, како на пример високопритисното црево, пиштолот или некој од сигурносните прекинувачи. ▶ Внимание: Несоодветните продолжни кабли можат да бидат опасни. ▶ Ако користите продолжен кабел, врската меѓу продолжниот и напојниот кабел мора да биде водоотпорна. Продолжниот кабел мора да има попречен пресек според спецификациите во упатството за работа и да биде заштитен од вода. Врската не смее да се наоѓа во вода. ▶ Кога се менува напојниот кабел или некој негов дел, заштитата од вода или механичката стабилност на машината мора во потполност да се чуваат.
Приклучок на вода
▶ Почитувајте ги важечките прописи на Вашиот снабдувач. ▶ Сите приклучни црева мораат да имаат соодветни непропусни спојки. ▶ Доводното црево мора да биде со минимална големина од 12,7 mm (1/2"). ▶ Уредот никогаш не треба да се користи споен директно на водоводната мрежа без повратен вентил. Водата што поминала низ повратниот вентил повеќе не е исправна за пиење. Високопритисното црево не смее да се користи ако е оштетено (опасност од пукање). Оштетеното високопритисно црево мора веднаш да се замени. Користете само црева и спојки коишто ги препорачува производителот на уредот. ▶ Високопритисните црева, фитинзи и спојки се важни за безбедно ракување со уредот. Употребувајте само црева, фитинзи и спојки коишто ги препорачува производителот на уредот. ▶ За напој користете само чиста или филтрирана вода.
Примена
▶ Пред употреба проверете дали уредот и дополнителната опрема се во функционална состојба и дали се безбедни за употреба. Не користете го уредот доколку не е во одлична состојба. ▶ Не насочувајте го млазот кон себе или кон други со цел за чистење на облеката или обувките. Не користете го уредот со течни растворувачи, неразредени киселини, ацетон или други средства како бензин, разредувачи или горивна нафта, бидејќи нивните испарувања се лесно запалливи, експлозивни и отровни. Доколку уредот се користи на места со намалена безбедност (на пример на нафтно преточувалиште) следете ги соодветните безбедносни мерки. Употребата е забранета на места на коишто постои опасност од експлозија.
▶ Уредот мора да се стави на цврста подлога. ▶ Употребувајте само детергенти коишто ги препорачува произведувачот на уредот и следете ги упатствата за употреба, одлив и безбедност дадени од произведувачот на детергентот. ▶ Сите компоненти во работниот простор коишто пренесуваат струја мора да бидат заштитени од прскање на вода. ▶ При користењето на уредот, прекинувачот пиштолот не смее да биде заглавен на позицијата „ON“. ▶ Носете соодветно заштитно одело од прскање на вода. Не работете со уредот во близина на луѓе коишто не носат заштитно одело. ▶ Ако е неопходно, носете хемиско-техничка заштитна (ХТЗ) опрема, на пример наочари или маска што штити од прскање на вода, честички или аеросоли. ▶ Некои предмети можат да отскокнат поради високиот притисок на млазот. Ако е потребно, носете лична заштита, на пример заштитни наочари. ▶ Автомобилските гуми и нивните вентили се чистат на оддалеченост од најмалку 30 цм. Во спротивно високиот притисок на млазот може да ги оштети. Прв знак на оштетување на гума или вентил е промена на нивната боја. Оштетените автомобилски гуми и нивните вентили се опасни по живот. ▶ Не прскајте азбестни и други материјали коишто се штетни по здравјето. ▶ Не користете нерастворени детергенти. Безбедни средства за работа се оние што не содржат киселини, алкали или состојки штетни по околината. Препорачуваме детергентите да се чуваат вон дофат на деца. Ако детергентот дојде во контакт со очите, веднаш исплакнете ги со многу вода; ако се проголта детергент, веднаш обратете се кај лекар. Никогаш не користете го уредот без филтер или со оштетен или валкан филтер. Користењето на уредот без филтер, или со оштетен или валкан филтер, може да ја поништи гаранцијата. ▶ После долга употреба, металните делови можат да се вжештат. По потреба носете заштитни ракавици. ▶ Избегнувајте перење со вода под висок притисок при лоши временски услови, на пример кога постои ризик од грмотевици. Ракувачот мора да ракува со уредот во склад со прописите. При ракувањето со уредот мора да ги земе предвид конкретните услови. При работата мора да внимава на другите личности, а посебно на децата. ▶ Уредот треба да го користат само личности обучени за таква работа, или личности коишто се тестирани и покажале способност за ракување со уредот. Уредот не смеат да го користат деца или млади. Надгледувајте ги децата за да се осигурате дека не си играат со уредот. ▶ Личности со смалени физички, сензорни или ментални способности, како и личностите без искуство смеат да го користат уредот доколку им е обезбеден адекватен
Ракување
надзор или упатства за безбедно користење на уредот и коишто го разбираат ризикот од таквото ракување.
▶ Вклучениот уред никогаш не треба да биде оставен без надзор. ▶ Високопритисниот млаз вода којшто излегува од пиштолот предизвикува отфрлање на раката. Затоа пиштолот и копјето за прскање треба да се држат цврсто со двете раце.
Транспорт
▶ Пред транспорт исклучете го и обезбедете го уредот.
Одржување
▶ Пред секое чистење, одржување или замена на делови, исклучете го уредот. Ако уредот работи приклучен на електрична мрежа, извадете го напојниот кабел од утикачот. ▶ Поправките на уредот се вршат само во овластен Бош сервис.
▶ Може да се користат само додатна опрема и резервни делови одобрени од производителот на уредот. Оригиналната додатна опрема и оригиналните резервни делови гарантираат дека уредот може да се користи безбедно и без расипување.
Ознаки
Следните ознаки се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното
Технички податоци
значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот апарат.
Ознака Значење
| Правец на движење | |
| Тежина | |
| Включено | |
| Исклучено | |
| Lo Низок притисок | |
| Hi Висок притисок | |
| Опрема | |
Употреба со соодветна намена
Уредот е соодветен за чистење места и објекти на отворено, за алати, превозни средства и пловила, доколку се користи соодветна додатна опрема и детергенти одобрени од Бош.
Уредот е наменет да се користи на амбиентална температура од 0 °C до 40 °C. Овој производ не е наменет за професионална употреба.
| Високопритисна пералка AQT 35-12/ | AQT 37-13/AQT 37-13+ | ||
| AQT 35-12+ | |||
| Број на дел/артикл | 3 600 HA7 1.. | 3 600 HA7 2.. | |
| Номинална јачина | kW 1,5 1,7 | ||
| Влезна тепература макс. | °C 40 40 | ||
| Прилив на вода мин. | l/min 5,8 6,2 | ||
| Дозволен притисок | MPa 12 13 | ||
| Номинален притисок | MPa | 8 | 9 |
| Проток | l/min | 5 5,5 | |
| Максимален влезен притисок | MPa | 1 | 1 |
| Аутостоп функција | ● | ● | |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01/2003 | кг | 6,7/7,0 | 7,7/8,4 |
| Класа на заштита | ☐/II /II | ☐ | |
| Сериски број | Видете го серискиот број (натписна плочка) на високопритисната пералка. | ||
| Процесот на включување создава краткотрајно пафање на напонот. Неповолните мрежни услови може да предизвикаат пречки на другите уреди. При електрични импенданси помали од 0,153 омови нема пречки. | |||
Процесот на вклучување создава краткотрајно опаѓање на напонот. Неповолните мрежни услови може да предизвикаат пречки на другите уреди. При електрични импеданси помали од 0,153 омови нема пречки.
Информации за бучава/вибрации
| Измерени звучни вредости определени според 2000/14/EG (1,60 м висина, 1 м оддалеченост). | 3 600 ... HA7 1.. HA7 2.. | ||
| Измерените А-вредности на врева изнесуваат просечно: | dB(A) | 83 | 77 |
| Силина на звук | dB(A) | 96 | 90 |
| Несигурност К | dB | 3 | 3 |
| Носете звучна заштита! | |||
| Вкупна вредност на вибрации an (векторски збир на трите показатели) и несигурност К утврдена според ЕН 60335 | |||
| Вкупна вредност на вибрации ai | m/s2 | 7 | 2 |
| Несигурност К | m/s2 | 2 | 2 |
Изјава за сообразност CE
| 3 600 ... HA7 1.. HA7 2.. | |
| Изјавуваме под сопствена одговорност дека производот опишан под «Технички податоци» одговара со следните норми или нормативни документи: EN 60335 Восклад со директивите 2011/65/EU, 2004/108/EG, 2006/42/EG, 2000/14/EG.2000/14/EG: Гарантирана јачина на звукПроцедура за верификација на конформитетот V. | dB(A) 99 93 |
Категорија на производ: 27
Монтажа и користење. Цел на користењето. Слика.
| Обем на испорака 1 | |
| Склопена рачка 2 | |
| Поврзување на копјето со пиштолот | 3 |
| Поврзување на високопритисното црево/пиштолот 4 | |
| прицврстување на млазницата 5 | |
| Приклучок на вода 6 | |
| Вклучување/исклучување | 7 |
| Регулација на млазот 8 | |
| Прикачување на садот со детергент 9 | |
| Чистење на филтерот | 10 |
| Чистење на копјето | 11 |
| Чување на пиштолот | 12 |
Цел на користењето. Слика.
| Чување на пиштолот/копјето/млазницата за време на употреба | 13 |
| Поставување на цревото во отворот за црево | 14 |
| Складирање | 15 |
| Бирање на опрема | 16 |
Вклучување.
За Ваша безбедност.

Внимание! Пред чистење или редовно одржување, уредот исклучете го од електрично напојување. Истото важи и ако кабелот е оштетен, прекинат или сплеткан.
Работен напон е 230 V AC, 50 Hz (за не-ЕУ земји, 220 V, 240 V, во зависност од верзијата). Користете само одобрени продолжни кабли. Повеќе информации околу тоа можете да добиете кај овластениот застапник на Бош. Кога сакате да ја користите високопритисната пералка со продолжен кабел, димензиите на кабелот треба да изнесуваат:
- За максимална должина на кабелот од 20 m, пресекот треба да изнесува 1,5 мм².
- За максимална должина на кабелот од 50 m, пресекот треба да изнесува 2,5 мм².
Забелешка: Ако користите продолжен кабел, тој мора да биде заземјен преку напојната мрежа, во склад со важечките прописи.
За дополнителни информации контактирајте лиценциран електричар или најблискиот Бош сервис.
Македонски | 143

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Несоодветните продолжни кабли можат да бидат опасни. Продолжниот кабел, утикачот и спојот со продолжниот кабел мораат да бидат водоотпорни.
Споевите на каблите треба да бидат суви и да не лежат во вода.
За подобра безбедност користете резидуален уред (РЦД) кој се активира на отстапување од 30 mA. Резидуалниот уред треба да се проверува пред секоја употреба.
Доколку напојниот кабел е оштетен мора да го поправи Бош електричар.
Предупредување за производите кои не се предвидени за британскиот пазар:
ВНИМАНИЕ: За ваша безбедност, машината треба да се користи со продолжен кабел. Спојот со продолжниот кабел мора да биде заштитен од прскање, направен од гума или обложен со гума. Продолжниот кабел мора да се користи со автоматски намотувач.
Имајте на ум дека овој уред не смее да работи без вода.
Употреба
Вклучување
Монтирајте го доводното црево (не е вклучено со самата машина) на славината и на уредот.
Осигурајте се дека прекинувачот е во положба „О“ и поврзете го уредот на струја.
Отворете ја славината.
Отклучете го безбедносниот отклучувач (на задната страна од дршката на пиштолот) за да го ослободите чкрапалото, поставувајќи го на позиција. Притиснете го чкрапалото и држете го така се додека водата не протече непрекинато и се додека не се истисне целиот воздух од уредот и од високопритисното црево. Пуштете го чкрапалото. Притиснете го безбедносниот закочувач (на предната страна од дршката на пиштолот).
Свртете го главниот прекинувач. Насочете го пиштолот надолу. Притиснете го безбедносниот отклучувач за да го
ослободите чкрапалото. Притиснете го чкрапалото до крај.
Аутостоп функција
Моторот на уредот автоматски се исклучува кога се отпушта чкрапалото.
Совети при работењето
Општи упатства
Осигурајте се дека притисната пералка е на ниво со подот. Не тегнете го високопритисното црево и не влечете ја високопритисната пералка за цревото. Во таков случај пералката не е стабилна и може да се преврти.
Не газете го високопритисното црево и не возете преку него. Заштитете го високопритисното црево од остри агли и рабови.
Не користете ротациони млазници за миење на автомобил.
Предупредување! Мијалките за тераси се погодни само за чистење рамни површини! Не користете ги за скали и вертикални површини. Никогаш не допирајте ја ротирачката млазница додека работи!
Совети за работа со детергенти
▶ Користете само детергенти соодветни за употреба со високопритисни пералки.
Препорачуваме штедлива употреба на детергент, со цел заштита на животната средина. Прочитајте го упатството за растворање на детергентот.
Препорачан начин на чистење
Чекор 1: Олабавување на нечистотијата
Олабавете ја нечистотијата ставајќи ја млазницата на позиција за пена 3 во 1 и детергентот употребувајте го штедливо.
Чекор 2: Отстранување на нечистотијата
Испрскајте ја олабавената нечистотија со јак млаз.
| Проблем Можно причина Решение | ||
| Моторот не се вклучува | Уредот не е включен на струја | Включете го уредот на струја |
| Утикачот е неисправен Користете друг утикач | ||
| Прегорен осигурувач Заменете го осигурувают | ||
| Продолжниот кабел е оштетен | Пробајте без продолжен кабел | |
| Активирана е заштитата на моторот од прегревање | Оставете го моторот да се лади 15 минути. | |
| Замрзнување | Пуштете да се одмрзнат пумпата, доводното црево и останатите делови. | |
| Проблем | Можна причина | Решение |
| Моторот престанува со работа | Прегорен осигурувач | Заменете го осигурувачот |
| Погрешна волтажа | Проверете на натписната плочка дали волтажата на напојната мрежа е соодветна | |
| Активирана е заштитата на моторот од прегревање | Оставете го моторот да се лади 15 минути. | |
| Прегорен осигурувач | Преслаб осигурувач | Поврзете ја високопритисната пералка на електрично коло со соодветна јачина |
| Моторот работи, но нема притисок Млазницата е делумно запушена или заглавена | Чистење на копјето | |
| Се слушадека моторот работи, но нема ниедна функција | Несоодветно снабдување со енергија | Проверете на натписната плочка дали волтажата на напојната мрежа е соодветна. |
| Губење на напонот поради несоодветен проболжен кабел | Проверете дали продолжниот кабел е соодветен | |
| Уредот не е користен долго време | Обратете се кај овластениот застапник на Бош | |
| Проблеми со автостоп функцијата | Обратете се кај овластениот застапник на Бош | |
| Пулсирачки притисок | Воздух во пумпата или во цревото | Вклучете ја пералката со отворен пиштол, отворена млазница, отворена славина и со низок притисок, се додека не се воспостави стабилен притисок |
| Несоодветен довод на вода П | роверете дали доводот на вода одговара со спецификациите. Големината на пресекот на доводното црево треба да изнесува најмалку 1/2" односно 13 мм | |
| Запушен воден филтер Исчистете го водениот филтер | ||
| Притиснато или свиткано доводно црево | Исправете го доводното црево | |
| Предолго високопритисно црево | Откачете го продолжетокот на високопритисното црево. Должината на цревото треба да изнесува најмногу 7 м | |
| Равномерен, но пренизок притисок Забелешка: Некои додатоци можат да предизвикаат низок притисок | Истрошена млазница | Заменете ја млазницата |
| Истрошен старт/стоп вентил | Пет пати брзо притиснете го чкрапалото | |
| Моторот работи, но има мал или нема никаков притисок | Уредот не е поврзан на вода | Пуштете ја водата |
| Запушен воден филтер | Чистење на филтерот | |
| Запушена млазница | Исчистете ја млазницата | |
| Пералката се вклучува самата од себе | Пумпата или пиштолот пропуштаат вода | Обратете се кај овластениот застапник на Бош |
| Уредот пропушта вода | Пумпата пропушта вода | Мало пропуштање е дозволено; при поголеми пропуштања контактирајте го овластениот застапник. |
| Машината не го впива детергентот | Прилагодлива позиција на млазницата при висок притисок | Употребувајте пена на позицијата 3 во 1 на млазницата |
| Детергентот е премногу густ Растворете го со вода | ||
| Се употребува продолжеток на високопритисното црево. | Поврзете го оригиналното црево. | |
| Остатоци од детергент или намален проток на детергент во резервоарот за детергент | Исчистете го со чиста вода иотстранете ги остатоците. Ако проблемот не се реши, обратете се во Вашиот Бош сервисен центар. | |
Одржување и сервис
Одржување
Исклучете ги сите функции на уредот, исклучете го од електричното напојување и од доводот на вода.
Напомена: Следниве операции извршувајте ги редовно за да обезбедите долготрајна и сигурна употреба на уредот:
Редовно проверувајте го уредот за очигледни недостатоци, како што се лабави фитинзи и истрошени или оштетени делови.
Проверете дали се неоштетени и исправно поставени сите штитници и капаци. Пред употреба извршете ги неопходните поправки и замени.
Доколку и покрај ригорозното производство и проверки се случи уредот да е неисправен, поправките треба да се вршат кај областен сервисер за Бош уреди за градина.
Секогаш при кореспонденција или нарачка на резервни делови наведете го десетцифрениот сериски број што се наоѓа на натписната плочка.
Исклучете го главниот прекинувач и притиснете го чкрапалото за да го испразните високопритисното црево.
Исчистете ја пералката однадвор користејќи мека четка или крпа. Не употребувајте вода, разредувачи или полирпасти. Отстранете ги сите отпадоци, особено оние на филтерот за воздух на моторот.
Складирање на крајот на употребната сезона: Отстранете ја целата вода од пумпата, додека моторот работи неколку секунди и држете го притиснато чкрапалото.
Не држете други предмети на уредот.
Уредот чувајте го на место каде што не може да замрзне.
Осигурајте се при складирањето кабелот не е притиснат. Не притискајте го високопритисното црево.
Сервисна служба и совети при користење www.bosch-do-it.com
Македонија
Д.Д.Електрис
Заштита на околината
Хемикалии опасни по животната средина не смее да се испуштаат во почвата, подземните води, бари, реки и слично.
При користењето детергенти прочитајте го упатството за употреба и почитувајте го размерот препорачан за нивното разредување.
При миењето на моторни возила треба да се почитуваат важечките прописи: Моторно масло и други мазива не смее да се испуштаат во подземните води.
Отстранување
Високопритисната пералка, додатната опрема и амбалажата треба да се сортираат за рециклажа.
Високопритисната пералка не се фрла со комуналниот отпад!
Само за земји во рамки на ЕУ

Според Европската директива 2012/19/EU за отпадна електрична и електронска опрема и нејзината имплементација во државното право, отпадната електрична и електронска опрема мора посебно да се сортира и да се складишли на еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.