DBB5960HM - AEG-ELECTROLUX - Notice d'utilisation et mode d'emploi gratuit

Retrouvez gratuitement la notice de l'appareil DBB5960HM AEG-ELECTROLUX au format PDF.

Page 167
Assistant notice
Powered by ChatGPT
En attente de votre message
Informations produit

Marque : AEG-ELECTROLUX

Modèle : DBB5960HM

Catégorie : неопределено

Téléchargez la notice de votre неопределено au format PDF gratuitement ! Retrouvez votre notice DBB5960HM - AEG-ELECTROLUX et reprennez votre appareil électronique en main. Sur cette page sont publiés tous les documents nécessaires à l'utilisation de votre appareil DBB5960HM de la marque AEG-ELECTROLUX.

MODE D'EMPLOI DBB5960HM AEG-ELECTROLUX

ЗА СОВРШЕНИ РЕЗУЛТАТИ

Ви благодариме што го избравте овој производ на AEG. Го создадовме за да ви обезбедиме долгогодишен беспрекорен перформанс, со иновативни технологии кои го прават животот поедноставен - функции што можеби нема да ги најдете кај обичните апарати. Ве молиме, одвојте неколку минути за читање за да го добиете најдоброто од овој апарат. Посетете ја нашата веб страница за да: Добиете корисни совети, брошури, водич за решавање на проблеми, информации за сервисирање: www.aeg.com Регистрирате Вашиот производ за подобри услуги: www.aeg.com/productregistration Купувате Додатоци, Половни и Оригинални делови за Вашиот апарат: www.aeg.com/shop

ЕКОЛОШКИ ПРАШАЊА Рециклирајте ги материјалите со симболот . Ставете ја амбалажата во соодветни контејнери за да ја рециклирате. Помогнете во заштитата на живтната средина и човековото здравје и рециклирајте го отпадот од електрични и електронски апарати. Не фрлајте ги апаратите озанчени со симболот во отпадот од домаќинството. Вратете го производот во вашиот локален капацитет за рециклирање или контактирајте ја вашата општинска канцеларија.

ГРИЖА И УСЛУГА ЗА КОРИСНИЦИ

Ви препорачуваме да користите оригинални делови. Кога ќе контактирате со Сервисот, бидете сигурни дека ги имате на располагање следниве податоци. Информациите може да ги најдете на плочката со податоци. Модел, Број на производот, Сериски број. Предупредување / Внимание - Сигурносни информации. Можноста за промени е задржана.

ИНФОРМАЦИИ БЕЗБЕДНОСТ Пред билокаква операција за чистење или одржување, исклучете го аспираторот од електричната мрежа со вадење на струјниот приклучник или со исклучување на домашниот мрежен прекинувач. За сите операции за монтажа и одржување да се користат работни ракавици.Овој апарат може да се користи од страна на деца од 8 години па нагоре и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности, или ако немаат искуство или знаење, доколку се под надзор или имаат добиено инструкции за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат опасностите поврзани со него. Треба да се внимава децата да не си играат со апаратот. Чистењето и одржувањето не треба да го прават деца без надзор. Просторијата мора да биде доволно проветрена кога кујнскиот аспиратор се користи заедно со апарати кои согоруваат гас или други

горива. Аспираторот мора редовно да се чисти како од внатрешноста така и од надворешноста (НАЈМАЛКУ ЕДНАШ МЕСЕЧНО), во секој случај потребно е да се постапува во согласност со упатствата за одржување дадени во овој прирачник. Ако не се следат упатствата во однос на аспираторот и чистењето на филтрите ќе доведе до ризик од пожари. Строго се забранува фламбирање на храната под самиот аспиратор. 1. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Употребата на отворени пламени е штетна за филтрите и може да предизвика ризик од пожар и поради тоа мора да се избегнува во сите околности. Секое пржење мора грижливо да се направи со цел да се спречи да не дојде до презагревање на маслото и пламнување. ВНИМАНИЕ: Кога плочата за готвење е во функција пристапните делови од аспираторот можат да се загреат. За замена на сијалицата користете само од типот на сијалица наведен во делот одржување/замена на сијалицата во овој прирачник. Внимание! Да не го поврзувате апаратот со електричното напојување сè додека монтажата не биде целосно комплетна. Што се однесува до техничките и безбедносните мерки за примена за исфрлање на пареа важно е внимателно да се следат правилата дадени од локалните надлежни власти. Издувниот воздух не смее да се предава во активен оџак за чад створен од апарати кои согоруваат гас или други горива. Да не го користите или оставате аспираторот без правилно монтирани сијалици поради можниот ризик од електричен удар. Никогаш не користете го аспираторот ако ја немате правилно монтирано решетката! Аспираторот НИКОГАШ не смее да се користи како површина за поддршка доколку не е прецизно наведено. Користете ги само завртките за прицврстување обезбедени со производот за монтирање или ако не се обезбедени набавете го точниот тип на завртки. Користете ја точната должина за завртките што се наведени во Упатството за монтирање. Во случај на сомневање, консултирајте

се со овластениот центар за техничка поддршка или персонал со слични квалификации. ВНИМАНИЕ! Немонтирањето на завртки и уреди за прицврстување во согласност со овие упатства може да доведе до опасности од електрична природа.

Аспираторот служи за вшмукување на испарувањата и пареите од готвењето. Во приложеното упатство за монтирање е прикажано која верзија може да се користи за моделот кој го имате помеѓу варијанта со надворешно исфрлање на издувниот воздух или варијанта со филтер со кружно струење на воздухот .

Главното струјно напојување мора да одговара со оптегот покажан на етикетата за карактеристиките ставена внатре во аспираторот. Ако аспираторот оди со приклучник поврзете го во штекерот во согласност со струјните прописи и позициониран на пристапно место дури и по монтажата. Ако не е снабден со приклучник (директна врска со електричното напојување) или ако приклучникот не е лоциран на пристапно место, дури и по монтажата, применете би-поларен прекинувач во согласност со стандардите кој обезбедува комплетно исклучување на електричното напојување под услови поврзани со преоптоварување на мрежата категорија III, во согласност со упатството за монтажа. Предупредување!Пред (повторно) поврзување на колото од аспираторот со електричното напојување и проверувањето на функционалноста, секогаш проверете дали струјниот кабел е правилно монтиран.

Минималното растојание помеѓу површината на плочата од шпоретот за поддршка на садовите за готвење и долниот раб на аспираторот не смее да биде помало од 50cm за електричните шпорети и 65cm за комбинираните или шпоретите на гас. Ако упатствата за монтирање на шпоретот на гас прецизираат поголемо растојание, тоа треба да се земе в предвид.

Предупредување! Пред било каква операција на чистење или одржување, исклучете го аспираторот од електричната мрежа со вадење на струјниот приклучник или со исклучување на генералниот домашнен мрежен прекинувач. Аспираторот треба редовно да се чисти (најмалку со истата зачестеност со која се врши одржувањето на филтерите за масти) како од внатрешната така и од надворешната страна. За чистењето користете крпа навлажнета со течни неутрални детергенти. Не користете производи кои содржат абразиви. НЕ КОРИСТЕТЕ АЛКОХОЛ! Предупредување! Непочитувањето на упатствата за чистење на аспираторот и замена на филтрите може да доведе до ризик од пожари. Се препорачува придржување до предложените упатства. Се одбива било каква одговорност за евентуални оштетувања на моторот или пожар предизвикан како резултат на неправилно одржување или неследење на наведените упатствата.

4.1 Филтер за маснотии - Филтерот за маснотии треба да се мие еднаш месечно со неагресивни детергенти, рачно или во машина за миење на садови на ниски температури и со краток циклус. Со перењето во машина за миење на садови филтерот за маснотии може малку да ја изгуби бојата но неговите карактеристики за филтрирање остануваат непроменети.

4.2 Type 20 LONG LIFE - Филтер со активен јаглен што може да се пере Филтерот со јаглен може да се пере на секои два месеци во топла вода и прикладни детергенти или во машина за миење садови на 65°C (во случај на перење во машина за миење садови да се направи комплетен циклус на перење без садови во внатрешноста ). Истиснете го вишокот вода без да го уништите филтерот, потоа извадете го перничето ставено во внатрешноста на шасијата од пластика и ставете го во печката 10 минути на 100°C за целосно сушење. Заменете го перничето на секои 3 години и секогаш кога платното е оштетено. 4.3 Type 15 - Филтер со активен јаглен што НЕ се пере Заситувањето на филтерот од јаглен настапува по повеќе или помалку продолжена употреба во зависност од типот на готвење и редовноста на чистењето на филтерот за масти. Во секој случај потребно е да се замени чаурата најмалку на секои 4 месеци. НЕ може да се пере или обновува.

(**) Type 15 - Type 20

4.4 Филтер од активен регенеративен јаглен

Јаглениот филтер мора да се чисти секои два месеци (или кога е вклучен индикаторот кој ја покажува заситеноста на филтерот – доколку е вграден), во согласност со процедурата која е прикажана подоле: 1. Исклучете го електричниот уред од електричното напојување. 2. Исчистете ја површината на филтерот со помош на крпа за да ги отстраните масните наслаги. 3. Ставете го филтерот во рерна загреана на 200 степени и оставете го околу 45 минути. 4. Исклучете ја рерната и почекајте околу еден час пред да го извадите филтерот. Внимание! Обезбедете се дека филтерот е доволно ладен пред да го извадите.

5. КОНТРОЛИ Аспираторот се испорачува со командна табла со регулатор на брзините на аспирација и регулатор за осветлувањето на плочата за готвење. Користете ја најголемата брзина во случај на вонредна концентрација на пареи во кујната.

1 Копче ON/OFF брзина Копче за вклучување/исклучување на командната табла 2 Копче брзина (моќ) на вшмукување 1 3 Копче брзина (моќ) на вшмукување 2 4 Копче брзина (моќ) на вшмукување 3 5 Копче брзина (моќ) на вшмукување 4 Забелешка : брзината (моќ) на вшмукување 4 останува вклучена 5 минути, а потоа се враќа во претходната состојба. 6 Копче за функцијата „Breeze” (Вентилација на околината) Аспираторот се вклучува на ниска брзина (моќ) на вшмукување 60 минути, а потоа се исклучува. 7 Копче за контрола и активирањедеактивирање на филтрите 8 Сигнализирање на функцијата Hob2Hood 9 Копче ON (вклучи)/OFF (исклучи) осветлување

Ви препорачуваме да го вклучите вшмукувањето 5 минути пред да започнете со готвењето и да го оставите да работи уште околу 15 минути по завршување на готвењето. Командите се наоѓаат на предната табла од апаратот:

Функција за активирање деактивирање на контролната табла Кога аспираторот е во мирување притиснете 1 , сите ламбички LED се гасат: контролната табла е исклучена. Притиснете го повторно копчето 1 , сите ламбички LED се палат: контролната табла е активна. Функцијата за активирање деактивирање на контрола за заситеност на јаглениот филтер Кога аспираторот е во мирување притиснете го копчето 5 за повеќе од 3 секунди Копчето 7 почнува испрекинато да свети за да се покаже дека контролата за заситеност на јаглениот филтер е активирана. Копчето 7 продолжува да свети со постојана светлина за да се покаже дека контролата за заситеност на јаглерниот филтер е деактивирана. Функција на контрола и ресетирање за заситеност на филтрите Во редовни интервали, во зависност од времето на користење на аспираторот копчето 7 се вклучува за да се покаже дека треба да се изврши одржување на филтрите во согласност со упатствата дадени во соодветните пасуси. Ако копчето 7 непрекинато свети, потребно е да се изврши одржување на филтерот за маснотии Доколку копчето 7 испрекинато свети: неопходно е да се изврши одржување на јаглениот филтер.

Ресетирање на индикаторот сатурација филтер Кога аспираторот е во мирување притиснете го копчето 7 за повеќе од 3 секунди. Повторете ја операцијата по потреба. 5.1 Hob2Hood Аспираторот се испорачува со безжична функција на поврзување со плочата за готвење за автоматско прилагодување на најсоодветна брзина. Консултирајте се со упатствата за плочата за готвење и проверете го присуството и компатибилноста на оваа функција. При првото поврзување со електрична енергија или при ненадеен прекин на електричното напојување (куршлус) почекајте 1 минута за да му овозможите на аспираторот повторно да се поврзе со плочата за готвење. Во моментот во кој аспираторот работи во функција Hob2Hood вклучено е копчето 8 .

6. ЕДИНИЦА ЗА ОСВЕТЛУВАЊЕ Аспираторот е опремен со систем за осветлување базиран на технологијата на LED. LED светилките гарантираат оптимално осветлување, имаат околу 10 пати подолг век од традиционалните светилки и овозможуваат заштеда на електрична енергија и до 90%. Внимание! Не гледајте директно во LED светлото. За замена на сијалиците, контактирајте го овластениот центар за резервни делови.

SQ UDHËZUES PËR PËRDORIMIN SHQIP