VRT 71025 VW - Прашка BEKO - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот VRT 71025 VW BEKO во PDF формат.
| Марка | BEKO |
| Модел | VRT 71025 VW |
| Тип на уред | Безжичен метеор со функција за миење под |
| Номинална влезна моќност | 350 W |
| Тип на батерија | Li-ion 25,2 V, 2000 mAh |
| Адаптер за напојување | Влез: 100-240 V ~ 50-60 Hz 0,5 A ; Излез: 25-29,5 V |
| Време на полнење | 4 до 6 часа |
| Време на работа при максимална моќност | 9 минути |
| Време на работа при средна моќност | 25 минути |
| Време на работа при минимална моќност | 45 минути |
| Волумен на садот за прашина | 700 ml |
| Главна четка | Турбо електрична четка |
| Вклучени додатоци | Долг млазник, дводелен додаток, резервоар за вода, крпи x2, станица за полнење, држач |
| Функција за миење под | Да (со рачна пумпа за вода и крпа) |
| Класа на електрична заштита | Во согласност со меѓународните стандарди |
| Намена | Домашна употреба |
| Одржување на филтерот | Редовно чистете го садот и филтерот ; не користете растворувачи |
| Главни резервни делови | Адаптер, четки, филтри, резервоар за вода |
| Безбедност | Исклучете го пред чистење ; не вшмукувајте течности ; користете го испорачаниот адаптер |
Frequently Asked Questions - VRT 71025 VW BEKO
Прашања на корисниците за VRT 71025 VW BEKO
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Прашка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник VRT 71025 VW - BEKO и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. VRT 71025 VW на марката BEKO.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК VRT 71025 VW BEKO
Ве молиме најнапред прочитајте го ова упатство!
Ви благодариме што избравте производ од марката Beko. Се надеваме дека добро ќе Ви користи овој уред, кој е произведен со висок квалитет и според најнова технологија. За таа цел Ве молиме внимателно да го прочитате ова упаство за употреба и другите приложени документи пред да го користите производот и чувајте ги во случај на потреба. Ако производот му го дадете на друго лице, дајте му го и упатството за употреба.
- Копче за включување и исключување
- Копче за модалитет
- Индикатор за јачината
- Индикатор за полнењето
- Копче за вадење на канистерот
- Копче за вадење на капакот на канистерот
- Копче за вадење на цевката
- Метална цевка
- Копче за вадење на четката
- Електрична турбо четка
- Адаптер
- Додаток за процепи
- Додаток 2 во 1
- Резервоар за вода
- Точка на полнење
- Основа на точката на полнење
- Крпа за чистење x2
Следете ги препораките со тоа што ке обрнете внимание на сите информации и предупредувања наведени во ова упатство.
Во различни делови од ова упатство се употребени следниве символи:

Важни информации и корисни совети за употреба.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

Предупредувања во врска со опасни ситуации поврзани со безбедноста на човекот и на имотот.

Заштита од електричен удар.
Технички податоци
Влезна струја: 350 W
Влез на адаптер:
100 - 240 V\~ 50-60Hz 0.5A
Излез на адаптер: 25-29.5V
Работа со средна моїност: 25 минути
Работа со минимална моїност: 45 минути
Батерија: 25.2 V, 2000mAH Li-ion батерија
Техничките модификации и дизајнот се со заштитно право.

1 Важни упатства за безбедноста и животната средина
Овој дел содржи упатства за безбедноста што ќе Ви помогнат да спречите повреди или да предизвикате материјална штета. Ако не ги следите овие упатства, гаранцијата нема да важи.
1.1. Општа безбедност
- Овој апарат е усогласен со меѓународните стандарди за безбедност.
-
Овој апарат можат да го користат деца над 8 години и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или, пак, лица без искусство и познавања само доколку имаат соодветен надзор или обука за безбедно користење на апаратот и сфакаат кои ризици се включени. Деца не смеат да си играат со апаратот. Деца не смеат да го чистат или да го одржуваат апаратот без соодветен надзор.
-
Ако кабелот е оштетен, не го користете апаратот. Јавете се во овластен сервис.
-
Напонот на струјата треба да биде во согласност со информациите што се наведени на плочката на уредот.
-
Апаратот не смее да се користи со продолжен кабел.
- Внимавајте кабелот да не се притиска, свиткува или трие од остри рабови за да не се оштети.
- Не допирајте го приклучокот со мокри или влажни раце додека апаратот е включен во штекер.
- Не го влечете кабелот кога го вадите од штекер.
- Не вшмукувајте запаливи материјали, а кога смукате пепел од цигари, водете сметка да биде ладен.
- Не вшмукувајте вода и други течности.
- Заштитете го апаратот од дожд, влага и извори на топлина.
- Не го користете апаратот на места или во близина на места каде што има запаливи материјали или околината е лесно запалива.
- Пред да го чистите или одржувате апаратот, исключете го од штекер.
- Не го потопувајте апаратот или кабелот во вода за да го исчистите.
- Не обидувајте се да го расклопите апаратот.
1 Важни упатства за безбедноста и животната средина
- Користете само оригинални делови или делови што ги препорачува производителот.
- Не го употребувајте апаратот за чистење честички како што се цемент, малтер и компримирана хартија за да не дојде до зачепување на филтерот и оштетување на моторот.
- Користете го апаратот само со адаптерот што е приложен со него.
- Не го користете апаратот без филтри, инаку може да се оштети.
- Ако ја чувате оригиналната амбалажа, нека биде вон дофат на деца.
- Овој апарат не е наменет за употреба на лица (вклучувајки и деца) со намалени физички, сензорни или ментални способности или, пак, лица без искусство и познавања, освен ако имаат соодветен надзор или обука за користење на апаратот од страна на лице одговорно за нивната безбедност.
- Надгледувајте ги децата да не си играат со апаратот.
- Адаптерот мора да се извади од штекерот и батеријата мора
да се извади од апаратот пред неговото чистење и одржување.
- Не го полнете резервоарот за вода над дозволеното ниво.
- Не додавајте други течности во резервоарот освен вода.
- Чистете го резервоарот за вода според упатствата за чистење. Не го ставајте во машина за миење садови.
- Не го користете додатокот за бришење кога чистите тепих.
- Користете го додатокот за бришење на површини што не се оштетуваат од вода.
- Површините на кои се користи додадотот за бришење може да останат мокри и лизгави подолго време.
- За да се избегне секаков ризик, оштетениот адаптер треба да биде заменет од страна на производителот, овластениот претставник на производителот или некој квалификуван техничар.
- Внимавајте на прстите, косата и лежерната облека во близина на подвижните делови и отворите додека ја користите правосмукалката.
1 Важни упатства за безбедноста и животната средина
- Батеријата мора да се отстрани од апаратот пред да се истроши.
- Исклучете го апаратот од струја додека ја вадите батеријата.
- Истрошените батерии фрлете ги на соодветно место во склад со локалните закони и прописи.
- Овој апарат не е наменет за комерцијална употреба. Овој апарат не е наменет за комерцијална употреба туку за дома Kinствата или за следниве намени:
- во чајните кујни на продавници, канцеларии и други работни простории:
- во викендички;
- во просториите на хотели, мотели или други објекти за сместување што ги користат гостите,
- во хостели, или слични места.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За полнење на батеријата користете ја само единицата за напојување MC2805A-V што е приложена со овој апарат.
- Истрошените батерии треба да се извадат од апаратот и безбедно да се фрлат на соодветно место.
- Терминалите за напојување не треба да претрпат краток спој.
1.2 Усогласеност со директивата за WEEE за фрлање на производот:
Овој производ е усогласен со директивата на ЕУ за WEEE (2012/19/EU). Овој производ го носи симболот за класификација за начинот на фрлање на електрична и електронска опрема (WEEE).

Овој символ покажува дека овој производ не треба да се фрла со другиот отпад од дома Kinството откако єе престане да се користи. Искористениот уред треба да се врати во официјален пункт за собирање на електрични и електронски уреди за рециклирање. За да ги најдете овие системи за собирање отпад, контакрајте ги Вашите локални власти или малопродажното место од каде е купен производот. Секое домаćинство има важна улога во враćањето и рециклирањето на стари уреди. Правилното отстранување на искористените уреди помага во заштитата од можни негативни последици за животната средина и здравјето на лиѓето.
1.3 Усогласеност со директивата за ризик од опасни материи
Производот што го купивте е усогласен со директивата на ЕУ за ризик од опасни материи (2011/65/EU). Не користи штетни и забранети материјали коишто се посочени во директивата.
1 Важни упатства за безбедноста и животната средина
1.4 Информации за пакувањето

Материјалите за пакувањето на производот се изработени од рециклирачки материјали во согласност со нашите национални регулативи за животна средина. Не фрлајте го материјалот од пакувањето заедно со домашниот или друг отпад. Однесете го во центар за собирање материјал од пакување што го посочува локалното надлежно тело.
1.5 Информации за отпадните батерии

Овој символ на амбалажата на апарати што користат батерии означува дека батериите не треба да се фрлаат заедно со домашниот отпад. Покрај овој символ, на некои батерии може да стои и хемиски символ. Симболите за жива (Hg) и олово (Pb) се наведени ако батериите содржат повеке од 0.0005% жива и повеке од 0.004% олово.
Батериите не смеат да се фрлаат со домашниот отпад дури и ако не содржат тешки метали. Секогаш фрлајте ги истрошените батерии според локалните закони за заштита на животната средина. Проверете кои прописи за фрлање на отпадни материи се на сила во Вашата земја.
2.1 Намена
Овој апарат е наменет за домашна употреба и не е погоден за индустриска употреба.
2.2 Полнење на апаратот

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Да се полни 12 часа пред првата употреба.

Потребни се 4-6 часа за апаратот целосно да се наполни. Апаратот не смее да се користи додека се полни.
2.3 Додатоци

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Притиснете ја пумпата за вода 6-10 пати за да ја намокрите крпата при првата употреба.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Додавајте
само чиста или дестилирана вода во резервоарот за вода (14). Вода помешана со растворувачи или вода што содржи цврсти честички ќе ја затне пумпата за вода и таа ќе се расипе. Погрижете се во резервоарот секогаш да има соодветно количество вода додека чистите со правосмукалката, бидејки ако долго време притискате на празна пумпа, таа може да се расипе.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не
вшмукувајте вода.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Користете
го апаратот на минимална брзина откако їе го користите додатокот за шење.
Ставете ја крпата за чистење на своето место под додатокот за бришење.
Ставете го додатокот за бришење на подот и поврзете ја четката и додатокот од нивните намагнетизирани делови.
Со ногата притискајте ја пумпата за вода. Крпата за чистење ће се намокри од водата што доаға од базата.
По употребата на додатокот за бришење, извадете ја крпата, исцедете ја водата во резервоарот и исушете ја крпата.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако премногу ја притискате пумпата за вода, подот може да остане премногу мокар. Во зависност од тоа колку е влажен подот, поретко или почесто притискајте ја пумпата. Не вшмукувајте локви вода со правосмукалката.
2.4 Додаток за процепи
Погоден е за чистење на тешко достапни површини, како што се површините под каучите и под мебелот.
2.5 Додаток 2 во 1
Туркајте ја наназад четката од додатокот 2 во 1 сё додека не се чуе „клик“. Погодно за чистење тесни процепи, тешко достапни агли на врати и прозорци и други мали отвори. Подготвено за смукање на юшевите од сидовите, скалите, тастатурите итн. Притискајте ја нанапред четката од додатокот сё додека не се чуе „клик“. Погодно за чистење мебел, полици за книги, завеси итн.
Вметнете го додатокот 2 во 1 во металлата цевка за да чистите повисоки места како што се таваните итн.
3.1 Чистење и грижа
Исклучете ја правосмукалката и извадете го кабелот од штекер пред да ја чистите.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не користете бензин, растворувачи, абразивни детергенти, метални предмети или тврди четки кога го чистите апаратот.
3.2 Чување
- Ако немате намера да го користите апаратот подолго време, внимателно складирајте го.
- Извадете го кабелот од штекерот.
- Апаратот чувајте го подалеку од деца.
3.3 Ракување и транспорт
- За време на ракувањето и транспортот, носете го апаратот во оригиналната амбалажа. Амбалажата го штити апаратот од физички оштетувања.
- Не ставајте тешки работи врз апаратот или врз опаковката. Апаратот може да се оштети.
- Ако падне, апаратот може да престане да работи или може трајно да се оштети.
| Вообичаен дефект | Можна причина | Решение |
| Правосмукалката не работи | Нема доток на струја во апаратот или батеријата не е полна | Наполнете го производот предупотреба |
| Отворот за вшмукување е блокиран | Отвор за вшмукување на производот за чистење | |
| Силата на вшмукување е премногу мала | Цевката за прав и филтерот се полни со прав | Исчистете го канистерот и филтерот |
| Влакна и други материјали се заглавени во ротирачката четка. | Исчистете ја кружната четка | |
| Проблемот останува | Јавете се на нашата служба за рекламации и односи со купувачите | |
| Од моторот се слушапоинаков звук додека работи правосмукалката | Алуминиумската цевка е блокирана | Отстранете ја причината за зачепувањето |
| Проблемот останува | Јавете се на нашата служба за рекламации и односи со купувачите | |
| Правосмукалката работи со напор | Премногу препреки во просторијата што се чисти | Со рака отстранете ги препреките |
| Отворот за вшмукување е блокиран | Отвор за вшмукување на производот за чистење | |
| Проблемот останува | Јавете се на нашата служба за рекламации и односи со купувачите | |
| Апаратот не се полни | Полначот не е исправно поврзан | Проверете и поправете го тоа |
| Полначот или штекерот не се исправно поврзани или се лабаво поврзани | Проверете и поправете го тоа | |
| Проблемот останува | Јавете се кај нас. |