MC6MBK - мултикукер GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот MC6MBK GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Мултикувач |
| Бренд | Gorenje |
| Модел | MC6MBK |
| Капацитет | 5 литри |
| Моќност | 900 W |
| Напон | 220-240 V / 50-60 Hz |
| Димензии (Ш x Д x В) | 300 x 300 x 300 mm |
| Тежина | 5.0 kg |
| Внатрешен сад | Алуминиум со нелеплив слој |
| Капак | Калено стакло со отвор за пареа |
| Дисплеј | LED со допирни контроли |
| Функции за готвење | Ориз, варење, супа, пареа, бавно готвење, пржење, јогурт, торта, каша и повеќе |
| Одложен старт | До 24 часа |
| Одржување топло | Да, до 12 часа |
| Тајмер | Прилагодлив до 9 часа |
| Безбедносни карактеристики | Заштита од прегревање, автоматско исклучување |
| Додатоци | Корпа за пареа, лажица за ориз, мерна чаша, лажица за супа, книга со рецепти |
| Чистење | Внатрешниот сад може да се мие во машина за садови; избришете го капакот со влажна крпа |
| Достапност на резервни делови | Преку сервисни центри на Gorenje или овластени продавачи |
| Гаранција | 2 години |
Често поставувани прашања - MC6MBK GORENJE
Прашања на корисниците за MC6MBK GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот мултикукер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник MC6MBK - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. MC6MBK на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК MC6MBK GORENJE
ВАЖНО ДА СЕ НАПОМЕНЕ: Пред да го користите апаратот, ве молиме внимателно прочитајте го упатството. Зачувајте го упатството за во иднина.
(Сликите се само за ориентација, вашиот производ може да се разликува од прикажаната слика.)
Внимание
- Прочитајте ги сите напатствија.
- Овој апарат е наменет само за употреба во домаќинството. Не користете го на отворено.
- Овој апарат не е наменет за употреба од страна на лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или лица со недостаток на искуство и знаење, освен ако не се под надзор или им е дадено упатство за употреба на апаратот од страна на лице одговорно за нивната безбедност.
- Деца не смеат да го користат овој апарат. Апаратот и неговиот кабел за напојување чувајте ги подалеку од дофат на деца.
- Децата треба да се надгледуваат за да не се дозволи да си играат со апаратот.
- Овој апарат е наменет за употреба во домаќинства и слични примени како што се:
- кујнски простории за персонал во продавници, канцеларии и други работни средини;
- земјоделски куќи; – од страна на клиенти во хотели, мотели и други сместувачки капацитети;
- сместувачки објекти кои нудат ноќевање со појадок;
- Доколку кабелот за напојување е оштетен, мора да биде заменет од производителот, неговиот сервисен агент или слично квалификувано лице, за да се избегнат опасности.
- Ве молиме, исклучете го апаратот и извлечете го кабелот од штекерот пред чистење, одржување или преместување и секогаш кога апаратот не се користи.
- Не потопувајте ниту еден дел од апаратот во вода или друга течност.
- Регулаторот на притисок што дозволува испуштање на пареа треба редовно да се проверува за да се осигурите дека не е запушен.
- Садот не смее да се отвора пред притисокот доволно да се намали.
- Може да има преостаната топлина на површината на грејниот елемент по употребата. Не допирајте.
- Предупредување: избегнувајте протекувања на приклучокот.
- Предупредување: неправилното користење може да доведе до повреда.
- Апаратот не е наменет за ракување со помош на надворешен тајмер или посебен систем за далечинско управување.
- Не ставајте го експрес-лонецот во загреана рерна.
- Кога апаратот е под притисок, ракувајте со него со најголемо можно внимание. Не допирајте ги жешките површини. Користете ги рачките и копчињата. Доколку е потребно, користете заштита.
- Не дозволувајте деца да бидат во близина на експрес-лонецот кога е во функција.
- Не користете го експрес-лонецот за друга цел освен онаа за која е наменет.
- Овој апарат готви под притисок. Може да дојде до изгореници како резултат на несоодветна употреба на експрес-лонецот. Пред да го вклучите, проверете дали апаратот е затворен соодветно; погледнете ги „упатствата за употреба“.
- Никогаш не отворајте го апаратот кога е под притисок. Не отворајте го пред да бидете сигурни дека неговиот внатрешен притисок е намален до крај. Погледнете ги „упатствата за употреба“.
- Никогаш не користете го експрес-лонецот без претходно да додадете вода или храна, бидејќи тоа сериозно ќе го оштети.
- Не полнете го садот до повеќе од 2/3 од неговиот капацитет. Кога готвите прехранбени производи што се набабруваат за време на готвењето, како ориз или дехидриран зеленчук, не полнете го садот повеќе од половина од неговиот капацитет.
- Користете ги соодветните извори на топлина во согласност со упатствата за употреба.
- По готвење месо со кожа (на пример, говедски јазик) коешто може да набабри под дејство на притисок, не боцкајте ја набабрената кожа, бидејќи може да се попарите.
- Кога готвите храна од тесто, малку протресете го апаратот пред да го отворите капакот, за да не дојде до исфрлање на храната од апаратот.
- Пред секоја употреба, проверете да не се блокирани вентилите. Погледнете ги упатствата за употреба.
- Никогаш не користете го експрес-лонецот за пржење или запржување на храна додека апаратот е во режим под притисок.
- Не чепкајте ги безбедносните системи освен како што е наведено во упатствата за одржување кои се дел од упатството за употреба.
- Користете ги исклучиво резервните делови на производителот наменети за вашиот модел. Особено, користете сад и капак од истиот производител, за кои е наведено дека се компатибилни.
- ЗАЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА.
Апаратот не смее да се исфрла како обичен отпад од домаќинството. На крајот на работниот век, апаратот мора правилно да се достави до собирен пункт за рециклирање на електрична и електронска опрема. Со собирање и рециклирање стари апарати, давате важен придонес во зачувувањето на нашите природни ресурси и го одлагате отпадот на еколошки правилен и здрав начин.
Оваа опрема е означена во согласност со Европската директива 2012/19/ЕК за отпад од електрична и електронска опрема - ОЕЕО. Директивата ги пропишува барањата за собирање и справување со отпад од електрична и електронска опрема кои се на сила во целата Европска Унија.
- Поместувајте го производот држејќи го за рачката на самиот апарат.
- Избришете ја водата од капакот на садот со крпа.
Белешка:
① Издувен вентил: Извлечете го издувниот вентил од капакот. Чистете ја внатрешната страна на издувниот вентил и самиот издувен вентил и сигурносниот вентил на капакот со четка и крпа најмалку еднаш месечно. ② Дихтунг: Отстранете ги маслото и нечистотијата од дихтунгот со детергент и четка. ③ Кутија за вода: По готвењето, може да остане малку кондензат на пареа во кутијата за вода на надворешниот сад. Оваа вода (кондензат) треба да се отстрани од кутијата со цел да се избегне лош мирис. Водата пребришете ја со чиста крпа.
Расклопете го и инсталирајте го херметичкиот капак и дихтунгот
Расклопете и инсталирајте го херметичкиот капак
Расклопување
Склопување
Повлечете го нагоре
Расклопете и инсталирајте го прстенот на заптивка
Расклопи Инсталирај
Извлечете нагоре притиснете надолу за инсталирање
Прстен заптивка


- Пред секоја употреба, проверете дали дихтунгот и херметичкиот капак се правилно инсталирани.
- По употребата, исчистете го дихтунгот и пределот околу херметичкиот капак, за да не дојде до заглавување на капакот, како и за да го одржувате чист и да не се јавува лош мирис.
- Ве молиме, не влечете го дихтунгот, бидејќи искривен дихтунг може да влијае врз ефикасноста на дихтунгот и притисокот.
- Не користете оштетен дихтунг. Заменете го во овластен сервис.
Користење и одржување на внатрешното тенцере
- Не оставајте го празно
Доколку внатрешното тенцере е празно подолго време, може да стане
жолтеникаво и со дамки или дното може да се искриви.
- Не користете го за чување киселина, алкални супстанци и за складирање храна на подолго време.
Иако внатрешниот сад има одлични заштита против корозија, сепак може да се предизвика корозија до одреден степен.
- Одржувајте го апаратот чист, за да му го продолжите работниот век.
Не оставајте го потопен во вода подолго време.
Чистете го внатрешниот сад со сапун, благ детергент или топла вода за да ги отстраните прашината, маслата и нечистотиите.
- Не користете метална лопатка или друга тврда алатка, бидејќи тоа може да ја оштети внатрешната површина на тенцерето.
- Правилно отворање на капакот.
Фатете ја рачката на горниот капак, завртете ја спротивно од стрелките на часовникот за околу 30°, додека капакот не се најде во позиција на ослободување, а потоа подигнете го горниот капак.
- Проверете дали деловите и додатоците на капакот се правилно поставени.
Проверете дали сигурносниот и издувниот вентил се заглавени и проверете дали дихтунгот и херметичкиот капак се правилно инсталирани.
- Извадете го внатрешното тенџере, додајте ја храната и водата во внатрешниот сад.
Вкупната количина на храна и вода не смее да ја надмине ознаката „Макс“ (Max) на внатрешниот сад.
- Ставете го внатрешното тенџере во апаратот. Исчистете ја надворешната површина на внатрешниот сад. Внимателно проверете дали има предмети или вода на внатрешната површина на електричниот експрес-лонец.
Завртете го внатрешното тенџере налево и надесно, за да постигнете добар контакт со грејната плоча.
- Безбедно затворете го капакот.
Пред да го затворите капакот, проверете дали дихтунгот е правилно инсталиран.
Држете ја рачката на горниот капак. Поставете го капакот на „позиција на ослободување“. Поставете го горниот капак хоризонтално врз основата на лонецот и завртете го во насока на стрелките на часовникот за околу 30° до позицијата на заклучување („позиција на заклучување“).
- Правилно поставете го издувниот вентил.
За време на работа на апаратот, свртете го издувниот вентил во положба на херметичко затворање. Во оваа позиција, апаратот на електричен притисок ќе работи во херметички режим.
За рачно испуштање на пареата, завртете ја рачката на вентилот за пареа во положба на испуштање на пареата. Експрес-лонецот ќе работи на режим на испуштање на пареата.

Додека се испушта пареата, не држете ги рацете или лицето над отворот за пареа.
- Проверете дали сигурносниот вентил се спушта пред да го користите лонецот (пред загревање, сигурносниот вентил е спуштен).

Општа функција
- Вклучете го експрес-лонецот. Доколку копчињата се неактивни, проверете дали капакот е правилно затворен. Доколку капакот не е правилно затворен, копчињата се неактивни.
- По готвењето, лонецот може автоматски да прејде на режим на зачувување на топлината. Во овој случај, индикаторот ќе прикаже „0H (0 часа), 1H (1 час), 2H (2 часа) ...“ или „L0: 00 (0 мин), L0: 01 (1 мин)“.
Совети:
Кога лонецот работи, нормално е да испушта звук на „пиштење“. Ова не треба да Ве загрижува.
Кога готвите мала количина храна, внатрешното тенџере може да се подигне кога ќе го отворите капакот. Во тој случај, протресете го капакот за да го спуштите внатрешното тенџере во основата на лонецот, а потоа извадете го капакот.
- Исклучете го апаратот или извадете го кабелот од приклучокот за струја.
- Метода на испуштање пареа
A. Брзо отворете го капакот (за нетечна храна).
Завртете го издувниот вентил кон положбата за испуштање пареа. Кај некои модели, може исто така да го притиснете копчето за испуштање пареа и да го држите додека сигурносниот вентил не падне.
Б. Стандардна метода за отворање на капакот
Оставете го експрес-лонецот да се излади по природен пат додека сигурносниот вентил не се спушти.
- Отворете го капакот
Завртете го горниот капак спротивно од стрелките на часовникот со левата рака, додека не се дојде во положба за отворање. Потоа, подигнете го горниот капак со десната рака за да го отворите капакот.
Не отворајте го капакот пред притисокот од лонецот да се испушти целосно. Не отворајте го капакот насилно ако е тешко да се отвори.
Не вадете го издувниот вентил кога го вртите.
По готвење течна храна (каша и супа), не вртете го издувниот вентил или не притиснувајте на копчето за испуштање пареа. Наместо тоа, исклучете ја струјата и оставете го експрес-лонецот да се олади природно додека не се спушти сигурносниот вентил, па потоа отворете го капакот.
Технички податоци
| Модел | Капацитет | Струја | Номинална мо́кност | Работен притисок | Температура за одржување на топлината | |
| МС6МВК | 5.7 L | 220–240 V~ 50/60 Hz | 1000 W | 80 kPa | околу 70 °C | |
| Додатоци | лажица супена лаж. упат. за упот. чаша за мерење струен кабел | |||||
Структура на производот

| Бр. | Опис |
| 1 | Рачка на издувен вентил |
| 2 | Рачка на горен капак |
| 3 | Дихтунг |
| 4 | Контролна кутија |
| 5 | Издувен отвор |
| 6 | Сигурносен вентил |
| 7 | Дихтунг |
| 8 | Херметички капак |
| 9 | Внатрешно тенцере |
| 10 | Рачка на експрес-лонецот |
| 11 | Ку́киште на експрес-лонецот |

Упатство за употреба
| Функција | Упатство за употреба |
| Функција | Упатство за употреба |
| Откажи | Во било која функција или режим на работа, притиснете го копчето „Откажи“ (Cancel) за да ја прекинете тековната функција и да се вратите на стенд бај режим. |
| Топло | Во стенд бај режим, притиснете го копчето „одржувај топлина“ (keep warm), за да влезете во режим на одржувај топлина.Индикаторот на командата „одржувај топлина“ će светне и на екранот će се појави зададеното време на работа. Притиснете го копчето „+“ или „-“ за да го одредите времето на готвење. |
| Пржење | Кога апаратот е на стенд бај режим, притиснете го копчето „Пржење“ (Sear). Индикаторот на командата će светне и на екранот će се појави "". Ако не притиснете ниту едно копче во следните 10 секунди или ако го притиснете копчето „Почеток“ (Start), апаратот автоматски će започне да одбројува и će се врати на стенд бај режим кога će заврши со готвењето. |
| Бавно готвење/Јогурт | Во стенд бај режим, притиснете го копчето за функција.Индикаторот на командата će светне и првично зададено време на работа će се прикаже на екранот. Притиснете го копчето "+" или "-" за да го прилагодите времето на работа. Притиснете го копчето „Часови и минути“ (Hours and minutes) за да го промените времетраењето на готвењето (часови и минути). Ако не притиснете ниту едно копче во следните 10 секунди или ако го притиснете копчето „Почеток“ (Start), експресниот лонец автоматски започнува со готвење. Одбројувањето će се прикаже на екранот, а апаратот će премине во режим на одржување топлина (бавно готвење) или стенд бај режим (јогурт) кога će заврши со готвењето. |
| Ориз /Мешанижитарки /Супа / Месо /Чорба /Пилешко /Риба /Грав напареа / Лутакаша | Во стенд бај режим, притиснете го копчето за функција.Индикаторот на командата ће светне и на екранот ће се појави """.Ако не притиснете ниту едно копче во следните 10 секунди или акого притиснете копчето „Почеток“ (Start), експресниот лонецавтоматски започнува со готвење. Одбројувањето ће се прикаже наекранот веднаш штом притисокот во садот ће достигне притисокотза готвење. Експресниот лонец ће премине во режим на одржувањетоплина кога ће заврши со готвењето. |
| Рачно | Во стенд бај режим, притиснете го копчето „Рачно“ (Manual).Индикаторот на командата ће светне и ће се прикаже првичнозададеното време за готвење под притисок. Притиснете го копчетo "+" или "-" за да го прилагодите времето за готвење под притисок.Ако не притисне ниту едно копче во следните 10 секунди или ако гопритиснете копчето „Почеток“ (Start), експресниот лонец автоматскизапочнува со готвење. Одбројувањето ће се прикаже на екранотведнаш штом притисокот во садот ће го достигне притисокот заготвење. Експресниот лонец ће премине во режим на одржувањетоплина кога ће заврши со готвењето. |
| Одложување | Одложено готвење: пред да започне програмата, притиснете гокопчето „Одложи“ (Delay). На екранот се прикажува претходнозададеното време на одложување. Притиснете "+" или "-" за да гоодредите времето на одложување. Потоа, променете го времето наодложување (часови и минути) со помош на копчето„Часови/минути“ (Hours/minutes). По 10 секунди или кога ће гопритиснете копчето „Почеток“ (Start), апаратот започнува соодбројување на времето на одложување. Кога одбројувањето ћезаврши, програмата започнува да работи.Забелешка: тајмерот за одложување не може да се постави кајрежимите за приготвување јогурт, бавно готвење, пржење иодржување топлина. |
| Прилагодување | Пред да ја включите програмата, можете да го притиснете копчето„Прилагоди“ (Adjust) за да го смените вкусот на храната. Одберете„помалку“,(less) „нормално“ (normal) или „повеće“ (more).Забелешка: аромата не може да се прилагоди кај режимите заготвење ориз, јогурт, бавно готвење, пржење, одржување топлина ирачно. |
Програми
| Програма | Првично зададено време на готвење (min) | Време на одложување | Време на одржување топлина | |
| Ориз | 14-18 | 0:10-24:00 | 10h | |
| Мешани житарки | помалку | 20 | 0:10-24:00 | 10h |
| нормално | 35 | |||
| повеće | 50 | |||
| Супа | помалку | 20 | 0:10-24:00 | 10h |
| нормално | 30 | |||
| повеće | 40 | |||
| Месо/Чорба | помалку | 25 | 0:10-24:00 | 10h |
| нормално | 35 | |||
| повеće | 45 | |||
| Живина | помалку | 10 | 0:10-24:00 | 10h |
| нормално | 20 | |||
| повеće | 30 | |||
| Риба | помалку | 3 | 0:10-24:00 | 10h |
| нормално | 5 | |||
| повеće | 8 | |||
| Пареа | помалку | 5 | 0:10-24:00 | 10h |
| нормално | 15 | |||
| повеće | 25 | |||
| Грав / Чили | помалку | 30 | 0:10-24:00 | 10h |
| нормално | 35 | |||
| повеće | 40 | |||
| Каша | помалку | 10 | 0:10-24:00 | 10h |
| нормално | 20 | |||
| повеće | 30 | |||
| Рачно | 30 (0-90) | 0:10-24:00 | 10h | |
| Јогурт | 6:00h (4:00-8:00) | 0:10-24:00 | 10h | |
| Пржење | 30 | / | / | |
| Бавно готвење | 4:00h (2:00-12:00) | / | 10h | |
| Одржување топлина | 2:00h (2:00-12:00) | / | 10h | |
Редовна проверка и одржување
Со цел безбедно да се користи и да има подолг работен век, внимателно проверувајте го и одржувајте го апаратот.
| Доколку се случаи следново: | Решение: |
| Струјниот кабел и приключок се истегнати, деформирани или оштетени или смениле боја.Дел од струјниот кабел и прилучокот се жешки.Струјниот кабел е лабава, а струјното напојување повремено прекинува.Експресниот лонец се загрева повеće од нормално и испушта лош мирис.Кога апаратот е включен во струја, се јавува невообичаена бучава или вибрации. | Престанете да го користите експресниот лонец и однесете го на поправка во овластен центар за поправки. |
| На кабелот или на прилучокот има прашина или нечистотија. | Отстранете ја прашината и нечистотијата. |
Безбедносни мерки
За да избегнете повреди и материјална штета, не заборавајте да ги почитувате следните безбедносни мерки.
• Значење на знаците:
Забрането | Општа забрана | [ZST5]Не расклопувајте го апаратот | Не допирајте со влажни раце |
Забранет контакт (не допирај) | Не прскајте го апаратот со вода | ||
| Задолжително | Задолжително дејствие | Извлечете го струјниот кабел од штекер | |
![]() | ![]() |
- Доколку следните предупредувања се занемарат, опасноста предизвикана од погрешна употреба може да има два степени

Предупредување
Ризик од смрт или сериозна повреда ако не се почитува предупредувањето.

Внимание
Ризик од физичка повреда или материјална штета ако не се почитуваат предупредувањата.
![]() | Користете соодветен приключок за струја (прикажан на сликата)• Несоодветна струја може да предизвика пожар или електричен удар.• Постои опасност од пожар доколку се користи несоодветен приключок. | ![]() |
![]() | Користете директен приключок• Користете директен заземјен приключок наменет за струја над 10 А.• Доколку на приключокот се прилучени и други електрични апарати, приключокот може да создаде абнормална топлина и да предизвика пожар. | ![]() |
![]() | Строго се забранува користење каков и да е друг капак освен оригиналниот, доставен заедно со експресниот лонец.• Строго се забранува користење каков и да е друг капак за загревање или при вклучување на апаратот. Користете го само оригиналниот капак.• Употребата на било кој друг капак може да предизвика електричен удар или опасности по безбедноста. | ![]() |
![]() | Не користете го електричниот кабел доколку е оштетен• Заменете го оштетениот струен кабел со специјален мек кабел или со специјалниот комплет што сте го купиле од производителот или од овластен центар за поправки. | ![]() |
![]() | Не ставајте предмети во апаратот• Забрането е вметнување метални струготини, игли и какви било други предмети во празнините или отворите на апарат.Со тоа може да предизвикате електричен удар или аномалии во движењето. | ![]() |
![]() | Чувајте го апаратот подалеку од дофат на деца• Чувајте го апаратот подалеку од дофат на деца, со цел да се избегне струен удар и попарување. | |
![]() | Забранета се модификации• Забрането е вршење модификации на апаратот или поправка од страна на непрофесионалци.• Непочитувањето на забраната може да предизвика пожар или струен удар.• Овој апарат може да го поправа или да заменува негови делови исклучиво овластен сервисен центар. |
![]() | Не потопувајте го апаратот во вода и не плакнете го подмлаз вода.• Тоа може да предизвика електричен удар и електричникратки споеви. |
| Предупредување во однос на отворање на капакот• Кога експресниот лонец не е включен, нема зголемен притисок во садот исигурносниот вентил е спуштен.[ХТ5Н]• Кога експресниот лонец е включен, притисокот во него се зголемува исигурносниот вентил се подига. Во овој случај, не обидувајте се насилно да гоотворите капакот пред притисокот целосно да се испушки;• Доколку капакот тешко се отвора, немојте да го отворате насилно, бидејки тоаможе да доведе до попарување или физички повреди. | |
![]() | Повремени проверки• Одвреме-навреме проверувајте ги сигурносниот [686К]вентил на капакот и основата на издувниот вентилза да бидете сигурни дека не се запушени;• Не покривајте го издувниот вентил со тежок предмет илине заменувајте го со друг предмет; |
Внимание
![]() | Никогаш не исклучувајте го кабелот со влажна ракаЗа да се избегне електричен удар. | [ХК35] |
![]() | При извлекување на кабелот, држете го за приклучокот, а не за самиот кабелПри извлекување на кабелот, секогаш држете го приклучокот со прстите.Не влечете го струјниот кабел, бидејки со тоа їе го оштети приклучокот и може да се предизвика електричен удар и краток спој. | [Х26С] |
![]() | Исклучете го апаратот од струја кога не се користиВо спротивно, може да дојде до истекување, пожар или дефект. | |
![]() | При употреба, никогаш не ставајте ги рацете премногу близу до издувниот вентил.За време на готвењето, никогаш не ставајте ги рацете премногу близу до издувниот вентил, за да избегнете изгореници.За време на готвењето, не покривајте го отворот со крпа или | |
| со каков било друг предмет. | ||
![]() | Не допирајте го капакот додека експресниот лонец е включен• Кога работи експресниот лонец, капакот е многуврел. Затоа, не допирајте го, бидејки може да сепопарите.![]() | |
![]() | Вкупната количина на храна и вода не смее да ја надмине ознаката „максимум“ (max).• Вкупната количина на храна и вода не смее да ја надмине ознаката „максимум“ (max); во спротивно, храната може да не се зготви или да се јави дефект. | |
![]() | Не користете друго тенцере освен наменското.• Ако има некакви предмети на дното на садот или на површината на грејната плоча, отстранете ги пред употреба.• Во спротивно, експресниот лонец може да се прегрее или да работи неправилно. | |
![]() | Не користете го внатрешниот сад со било кој друг апарат за затоплување• За да се избегне деформација или оштетување, користете го специјалниот внатрешен сад.[IMAGE] | |
![]() | Кога го преместувате апаратот, држете го за рачката на експресниот лонец.За да не ви падне, не држете го експресниот лонец директно за рачката на капакот додека го поместувате. | |
| Не користете го експресниот лонец на следните места• На нестабилни површини.• Во близина на вода и орган.• во близина на сидови и мебел.• На места изложени на директна сончева светлина и прскање на масло.• Во близина на шпорет, за да избегнете пожар. | ||
Место за чување на апаратот
- Повремено чистете го и отстранете ги маснотиите и нечистотијата доколку се наталожени на подлогата на која го чувате лонецот.
- Чувајте го експресниот лонец на растојание од 30 см од другите кујнски апарати.
Чистење по употреба
- Чистете го после секоја употреба.
- Пред чистење и одржување, исклучете го струјниот кабел од штекер и почекајте апаратот да се излади.
- Извадете го капакот и внатрешниот сад. Прво исчистете ги со детергент, а потоа добро исплакнете ги со вода и пребришете ги со мека крпа.
- Внатрешната страна на капакот исчистете ја со вода. Дихтунгот, сигурносниот вентил на капакот и основата на издувниот вентил и сигурносниот вентил може да се извадат за да се измијат. Откако ќе ги измиете, правилно наместете ги повторно и потоа исушете ја внатрешната страна на капакот со крпа.
- Избришете ја надворешната страна на експресниот лонец со крпа. Не потопувајте го експресниот лонец во вода и не прскајте го со вода.
Решавање на проблеми
Кога се случува следното, можеби не е проблем или грешка на лонецот. Внимателно проверете пред да го однесете апаратот на поправка.
| С/Б | Проблем | Причина | Решение | |
| 1 | Капакот тешко се затвора | Дихтунгот не е правилно поставен | Постави го правилно дихтунгот | |
| Сигурносниот вентил ја стега шипката. | Пополека поттурнете ја шипката | |||
| 2 | Капакот тешко се отвора | Сигурносниот вентил е подигнат | Пополека притиснете го сигурносниот вентил со стапче | |
| Во внатрешноста на лонецот се уште има притисок | Отворете го капакот откако ње се испушти целиот притисок | |||
| 3 | Од капакот излегува пареа | Дихтунгот не е правилно поставен. | Правилно поставете го дихтунгот. | |
| Остатоци од храна на дихтунгот. | Исчистете го дихтунгот. | |||
| Дихтунгот е оштетен. | Заменете го дихтунгот | |||
| Капакот не е правилно затворен. | Затворете го капакот правилно | |||
| 4 | Од сигурносниот вентил излегува пареа | Остатоци од храна на дихтунгот на сигурносниот вентил. | Исчистете го дихтунгот на сигурносниот вентил. | |
| Истрошен дихтунг на сигурносниот вентил. | Заменете го дихтунгот на сигурносниот вентил. | |||
| 5 | Сигурносниот вентил не се крева | Премалку храна и вода во внатрешниот сад. | Додајте вода и храна според рецептот | |
| Од капакот или издувниот вентил излегува пареа. | Однесете го апаратот во сервис. | |||
| 6 | Непрекинато се испушта пареа од издувниот вентил | Издувниот вентил не е во положба на херметички затворен апарат | Завртете го издувниот вентил во положба на херметички затворен апарат | |
| Контролата на притисок не работи. | Однесете го апаратот во сервис на поправка | |||
| 7 | Индикаторот за включено не се пали | Непрописен контакт со штекерот | Проверете го штекерот. | |
| 8 | Сите индикатори трепкаат | На екранот се појавува Е1 | Грешка во долниот сензор | Однесете го апаратот во сервис на поправка |
| На екранот се појавува Е2 | ||||
| На екранот се појавува С1 | Висока температура поради тоа што нема вода во тенцерето. | Додајте ја потребната количина вода | ||
| Висока температура поради тоа што нема вода во тенцерето. | Правилно поставете го внатрешното тенцере | |||
| На екранот се појавува Е8 | Дефект на прекинувачот за притисок | Однесете го апаратот во сервис на поправка | ||
| 9 | Половично зготвен или тврд ориз | Премалку вода | Додајте ја потребната количина вода | |
| Предвреме отворен капак | По крајот на готвењето, оставете го капакот поклопен околу 5 минути | |||
| 10 | Мек ориз | Премногу вода | Соодветно намалете го количеството на вода. | |
За повеќе информации или во случај на проблеми, ве молиме контактирајте го Центарот за сервис на Горење во вашата земја (телефонскиот број е наведен на Меѓународната гаранција). Доколку во вашата земја нема таков центар, контактирајте го локалниот продавач на Горење или одделот за мали апарати за домаќинство на Горење.
Исклучиво за лична употреба!
Само за лична употреба!
Забрането
Општа забрана
Не допирајте со влажни раце
Забранет контакт (не допирај)
Не прскајте го апаратот со вода
























