BS 1600E - мултикукер GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот BS 1600E GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Мулти-кујна |
| Бренд | Gorenje |
| Модел | BS 1600E |
| Капацитет | 5 литри |
| Потрошувачка на енергија | 900 W |
| Напон | 220-240 V, 50/60 Hz |
| Димензии (Ш x Д x В) | 30 x 30 x 30 cm |
| Тежина | 4.5 kg |
| Функции | Готвење под притисок, бавно готвење, готвење ориз, парење, пржење, загревање |
| Тип на контрола | Електронски со LED дисплеј и копчиња |
| Материјал на внатрешниот сад | Антивлепливо обложен алуминиум |
| Безбедносни карактеристики | Заштита од прегревање, вентил за ослободување притисок, безбедносна брава на капакот, автоматско исклучување |
| Чистење и одржување | Извадете го внатрешниот сад и измијте го со благ детергент; избришете го надворешниот дел со влажна крпа; чистете го капакот и вентилот по секоја употреба |
| Достапност на резервни делови | Внатрешен сад, заптивка, корпа за парење, мерна чаша, лопатка за ориз достапни од сервисот на Gorenje |
| Поправливост | Модуларен дизајн; некои делови може да се заменат од корисникот; професионална поправка се препорачува за електрични дефекти |
| Гаранција | 2 години |
| Сертификати | CE, RoHS |
Често поставувани прашања - BS 1600E GORENJE
Прашања на корисниците за BS 1600E GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот мултикукер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник BS 1600E - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. BS 1600E на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК BS 1600E GORENJE
MK Упатства за употреба ....16
EN Instruction manual 21
- Мерно сатче
- Капак
- Стаклен бокал
- Единица за мешање
- On/Off Прекинувач
- Прекинувач за мешање
- Екран
- Прекинувачи за дотерување време за готвење
- Прекинувач за брзо греење 10.Копче за управување со мешалката
- Прекинувач за благо вриење
- Прекинувач за бавно греење
- Контролна ламба
Важно
Пред употреба на апаратот внимателно прочитајте го прирачникот за употреба и чувајте го за подоцнежна употреба.

Никогаш не допирајте површини означени со овој симбол. За време на работењето овие површини многу се загреваат. Чувајте се од изгореници. Не пуштајте деца.
Опасност
Моторната единица не ја потопувајте во вода или не ја плакнете под славина.
Предупредување
Пред приклучување на апаратот на електрична мрежа проверете дали на дното од апаратот наведениот напон му одговара на напонот од локалната електрична мрежа. Оштетен мрежен кабел смее да замени само фабриката Gorenje, овластен сервис на Gorenje или соодветно оспособени лица.
Апаратот не употребувајте го, ако е оштетен втакнувачот, кабелот или некоја друга компонента.
Апаратот не е наменет да го употребуваат деца и лица со смалени физички или ментални способности, исто така не и лица со недостаток на искуство и знаење, освен ако при употребата ги надзира или им советува лице кое е одговорно за нивна безбедност. Децата не смеат да се играат со апаратот.
Во случај моторот за време на работењето да престане да се врти, угаснете ја направата и исклучете ја од мрежата најмалку 30 секунди. По истекот на ова време вклучете ја направата и повторно пробајте да мешате. Апаратот не приклучувајте го на надворешен временски прекинувач или систем за далечинско управување.
Оваа опрема е означена согласно европската директива 2002/96/EG за отпадна електрична и електронска опрема (Waste Electrical and Electronic Equipment - WEEE). Директивата определува барања за собирање и постапување со отпадна електрична и електронска опрема, кои важат во целата Европска Унија.
Внимание
Апаратот ставете го на рамна и стабилна површина.
Апаратот е наменет исклучиво за употреба во домаќинство. Апаратот употребувајте го само во затворени простории.
Не употребувајте приклучоци или делови од други производители, кои Gorenje посебно не ги препорачува. Во случај на употреба на такви приклучоци гаранцијата се поништува.
Подготовка за употреба
Пред првата употреба, измијте го бокалот и неговиот капак во топла вода со малку детергент. Бокалот исплакнете го и темелно исушите. Мешалката работи многу брзо. Моторот ја движи сечкалката/сечилото со висока брзина, за храната да биде темелно насечкана, односно сомелена.
Уверете се дека мешалката за време на употреба секогаш е ставена на рамна, чиста и сува површина. Пред вклучување на апаратот, проверете дали бокалот цврсто стои на куќиштето од моторот.
Составување и раставување на апаратот
Мерно сатче
Мерното сатче ставете го во отворот на капакот така што рачката на сатчето е порамнета со рачката на стаклениот бокал.
Капак
Капакот ставете го како што е прикажано на сликите.

Ставете го ножот како што покажуваат слика 1 и слика 2.
Најпрвин ставете го квадратниот дел и потоа нежно спуштете го ножот во лежиштето.
Ставете го дихтунгот како што прикажува слика 3.
Пред наместување, проверете го дихтунгот и во случај на оштетувања заменете го.
За обезбедување подобра непропустливост, дихтунгот да биде малку влажен.
Стаклен сад

Стаклениот сад ставете го во единицата за мешање како што прикажува слика 1. Рачката на садот да биде порамнета со знакот на отворена клучалка на единицата за мешање. Кога е садот ставен, завртете го како што прикажува слика 2. Кога е рачката на стаклениот сад порамнета со знакот на затворена клучалка на единицата за мешање, стаклениот сад е наместен.
Моторна единица

Единицата за мешање наместете ја како што прикажува слика 1. Симболот на отворена клучалка на единицата за мешање да биде порамнет со стрелката на моторната единица. Кога единицата за мешање е наместена,
завртете ја како што прикажува слика 2. Кога симболот на затворена клучалка на единицата за мешање е порамнет со стрелката на моторната единица, апаратот е подготвен за работење.
За раставување употребете обратен редослед.
Употреба на апаратот
Употреба на апаратот како мешалка
Апаратот го вклучуваме со притискање на On/Off прекинувачот (5). Кога апаратот е вклучен, контролната ламба (15) свети.
Во стаклениот бокал ставете храна, која сакате да ја сечкате, односно мешате.
Ознаките на волумен на бокалот нека ви бидат во помош. За да не би за време на мешање содржината течела преку работ, никогаш не ја надминувајте ознаката 1750 ml. На бокалот ставете го капакот и мерното сатче.
ВНИМАНИЕ: Апаратот да не работи непрекинато повеќе од 60 секунди. Никогаш не го вклучувајте апаратот кога е празен.
За неколку секунди дотерајте го копчето за управување на мешалката (10) на кој било степен. Исклучете го апаратот и проверете ја храната. Мешањето/сечкањето е брз процес. Внимавајте да не ја згнетите премногу храната. Ознаката "Р" се употребува за подобар надзор при пократко сечкање/мешање. Во положба "Р" морате копчето за управување на мешалката (10) цело време да го држите. Апаратот ќе запре веднаш штом го пуштите копчето за управување на мешалката (10). Положба "Р" употребете ја кога не сакате премногу да ја згнетите храната. Ако сакате да додавате состојки за време на мешање, можете да го отстраните мерното сатче (1) и да ги додадете низ отворот во капакот.
НЕ УПОТРЕБУВАЈТЕ ГО АПАРАТОТ, ако капакот не е соодветно наместен.
Употреба на апаратот како решо
Апаратот го вклучуваме со притискање на On/Off прекинувачот (5). Кога апаратот е вклучен, контролната ламба (15) свети.
Во стаклениот бокал ставете храна која сакате да ја готвите.
Ознаките на волумен на бокалот нека ви бидат во помош. За да не би за време на готвење содржината течела преку работ, никогаш не ја надминувајте ознаката 1400 ml. На бокалот ставете го капакот и мерното сатче.
Со притиснување на двете копчиња "+" или "-" ќе го дотераме саканото време на готвење.
Со притиснување на "SIMMER/SAUTÉ", "LOW" или "HIGH" ќе ја дотераме температурата на готвење и ќе ја задвижиме програмата.
Програмата "SIMMER/SAUTÉ" е наменета за подгревање или бавно готвење храна и ја загрева храната на 80-85°C.
Програмата "LOW" е наменета за бавно готвење. Состојките се загреваат побавно и храната се готви при благо вриење.
Програмата "HIGH" пак е наменета за брзо готвење. Состојките се загреваат побрзо. Вриењето е поинтензивно. По 20 минути интензивно вриење температурата автоматски се снижува и готвењето се одвива на пониска температура.
За време на готвење можеме да ја менуваме температурата со притиснување на "SIMMER/SAUTÉ", "LOW" или "HIGH". Исто така со притиснување на "+" или "-" го продолжуваме или скратуваме времето на готвење.
Ако сакаме состојките да ги измешаме за време на самото готвење, ќе го употребиме копчето "STIR".
Апаратот со шест кратки звучни сигнали ќе јави кога времето на готвење истекува и автоматски се преместува во програма за одржување на температурата. Во програмата за одржување на температурата контролната ламба (15) свети со бела светлина. Во програмата за одржување на температурата можеме со копчето "STIR" состојките да ги измешаме или исечкаме.
Максималното време на програмата за одржување на температурата е 40 минути. По истекување на ова време апаратот ќе се исклучи.
ВНИМАНИЕ: Заради безбедност, копчето за управување на мешалката (10) не работи
тогаш, кога апаратот го употребуваме како решо.
Готвењето го завршуваме со притиснување на On/Off прекинувачот (5).
Пример на готвење супа од тиквички: Во апаратот ставете путер. Со притиснување на On/Off прекинувачот (5) ќе го вклучите апаратот. Со притиснување на двете копчиња "+" или "-" ќе го дотерате саканото време на готвење. Дотерајте ја температурата на готвење на "LOW". Кога ќе се стопи путерот, додајте кромид. Со притиснување на копчето "STIR" ќе го исечкате. Кога кромидот ќе стане стаклест, додадете на парчиња нарезана тиквичка и супена основа. Внимавајте количината да не ја надмине ознаката 1400 ml. Температурата на готвење преместете ја на "HIGH" и со "+" или "-" дотерајте го саканото време на готвење. Супата по желба ќе ја зачините. Две минути пред крајот на готвењето додајте шлаг за готвење и со притиснување на "STIR" супата измешајте ја, односно исечкајте ја.
Чистење
Раставите го апаратот како што е опишано во заглавието Составување и раставување на апаратот.
По секоја употреба измијте ги мерното сатче, капакот, стаклениот бокал и единицата за мешање во топла вода со малку детергент. Сите делови темелно исушете ги пред да ги ставите на чување. Овие делови не смеете да ги миете во машина за миење садови. Средства за чистење во прашоци и груби сунѓери можат да ја оштетат површината на поединечни делови. Тешкоотстранливите флеки ќе ги отстраните така што делот ќе го натопите во вода, а потоа ќе го исчистите со мека крпа и благо течно средство за чистење.
ЗАБЕЛЕШКА: Никогаш не ја потопувајте моторната единица во било која течност (односно капавица).
Ако сакате да го исчистите куќиштето на моторот, избришете го со влажна крпа. Пред повторна употреба или чување, почекајте темелно да се исуши.
За да биде векот на траење на апаратот што е можно подолг, земете ги предвид следниве упатства:
Апаратот секогаш употребувајте го на рамна и сува површина.
За време на мешање, капакот секогаш треба да биде наместен.
Пред да стружете храна од ѕидовите на бокалот, секогаш исклучете ја мешалката, а за стружење употребете дрвена лажица за готвење или лопатка со долга рачка.
Пред вклучување на апаратот, уверете се дека тој не е празен. Ако апаратот работи кога во него нема ништо, можат да се оштетат лежиштата на сечкалката, односно сечилата. Со мешалката не можете да сечкате сурово месо.
Уверете се дека содржината во бокалот не е прегуста или претешка за моторот. Ако мислите дека моторот е преоптоварен, низ отворот во капакот додајте малку течност или запрете го апаратот и со мека лопатка иструдете ја храната од ѕидовите на бокалот кон сечилото.
Ве молиме, НЕ УПОТРЕБУВАЈТЕ го бокалот за чување храна или пијалак.
Чување
Апаратот чувајте го на безбедно и суво место.
Животна средина
По истекување на векот на траење, апаратот не фрлајте го заедно со обични отпадоци од домаќинството, туку однесете го на официјално собирно место за рециклирање. На тој начин ќе помогнете да се зачува животната средина.
Гаранција и сервис
За информации или во случај на проблеми, обратете се до центарот на Gorenje за помош на корисници во вашата држава (телефонскиот број ќе го најдете во меѓународниот гарантен лист). Ако во вашата држава нема таков центар, обратете се до локалниот продавач на Gorenje или до одделението на Gorenje за мали апарати за домаќинство.
Само за лична употреба!
Си го задржуваме правото на промени!
Општ опис