WEM1035 - машина за заварување Ferm - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот WEM1035 Ferm во PDF формат.
Прашања на корисниците за WEM1035 Ferm
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот машина за заварување во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник WEM1035 - Ferm и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. WEM1035 на марката Ferm.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК WEM1035 Ferm
АПАРАТ ЗА ЕЛЕКТРОЛАЧНО ЗАВАРУВАЊЕ 55 - 160А
Броевите во текстот се однесуваат на дијаграмите на стр. 2+109

телно прочитајте ги упатствата за работа пред да го користите уредот. Запознајте се со функциите и основните операции. Сервисирајте го уредот според инструкциите, за да се осигурате дека секогаш правилно će функционира . Упатствата за ракување и придружната документација треба да се чувват во близина на уредот.
Вовед
При заварување работниот материјал се топи, под дејство на доведена топлина. Кај електролачното заварување се користи и додатен материјал (електроди). После стврднувањето настанува заварена врска. Потребната топлината се создава со електричен лак кој настанува помеѓу електродата и работното парче. За заварување е потребна силна струја (55-160 А) со релативно низок напон (10-48 V). Трансформаторот во апаратот за заварување го овозможува намалувањето на мержниот напон (400 V).
Уредот не е наменет за комерцијална употреба!
Содржина
- Информација за машината
- Безбедносни упатства
- Монтажен прибор
- Ракување
- Сервис и одржување
1. Информации за машината
Технички податоци
Напон 230 / 400 V \~
Фреквенција 50 Hz
Карактеристики на заварување 55/140 A (230 V)/160A (400 V)
Напон без оптоварување 48 V / 230 V
Фактор на мокност 0.62
Пречник на електроди 2 - 4 mm
Тежина 22,1 kg
Кабел за заварување H01N2-D 1×16mm ^2
1 Уред за заварување
1 Маска за заварување
1 Жичана четка/плоснат чекан
1 Упатство за ракување
1 Упатства за безбедност
1 Гарантна картичка
Проверете ја машината, отстегнатите делови и приборот да не се оштетени при транспорт.
Сл. 1 и Сл. 2
- Индикаторска светилка за температура
- On/off прекинувач
- Вртливо копче за јачина на струјата
- Кабел за заварување со држач на електроди
- Кабел за заземјување со стега
- Гумен капак
- Дршка
8.Жлебови за ладење - Жичана четка/плоснат чекан
- Маска за заварување
- Електроди
2 50-75 Дебелина на материјал 2-3 mm
2,5 70-100 Дебелина на материјал 4-5 mm Градинарска ограда, играчки
3,2 95-150 Дебелина на материјал 6-7 mm Настрешница, гаража
Внимание! Прочитај го упатството за ракување.

Означува ризик од повреда, губење на живот или оштетување на алатот во случај на непочитување на упатствата.
Укажува на опасност од струен удар.
Веднаш извлечете го кабелот од струја во случај да се оштетил или за време на одржување.
Присутните лица да стојам подалеку.


Не изложувајте на дожд.

Носеме заштита за уши и очи.

Носете заштитни очила.

Секогаш користете маска за заварување.

Носете заштитна облека
Стандард за апарати за заварување за рачно електролачно заварување со ограничена употреба.
EMC класификација во согласност со IEC 60974-10
Држач на електрода
⇒ Терминал за заземјување
Пад на напон
1—0—1 Еднофазен трансформатор
Max. примарна јачина на струја во
Ампери
Секундарна јачина на струја во
Ампери
Номинално максимально време на поединечно заварување
Номинално максимально време на непрекинато заварување
IP21S IP21S Класа на заштита. Заштита од допирање на објекти до 12 mm и против вертикално паћање на капки вода. Прекин со регулација на вода.
H Класа на изолација
U_0 Номинален напон без оптоварување
U_2 Вредности на конвенционален напон
Ieff Max. ефективна напојна струја
Општи безбедносни упатства за апарати за заварување
- Корисникот мора да е обучен за користење и ракување со апаратот.
- Обезбедете добро осветлена и уредна работна средина.
- Секогаш исключете го кабелот од струја пред било каква работа околу машината.
- Извадете го кабелот од струја кога ја напуштате машината.
- Не го користете апаратот пред да биде целосно склопен и поставен според ова упатство.
Посебни безбедносни упатства за апарати за заварување
- Заварувањето предизвикува искри и жежок метал. Запомнете дека ова е опасност од пожар и отстранете ги сите запаливи предмети од работната средина.
- Обезбедете добра вентилација во работната средина. Гасовите кои се ослободуваат при заварување се опасност по вашето здравје.
• Не заварувајте контејнери или цевки кои
содржат или содржеле запаливи течности или гасови (опасност од пожар или експлозија).
- Не заварувајте материјали кои се чистени со високо запаливи течности или биле бојосувани (веројатност за ослободување на штетни гасови).
• Не работаете во влажна околина и на дожд. - Секогаш да ги штитите очите со испорачаната маска за заварување.
- Користете ракавици и сува заштитна облека, кои не се натопени со масло или нечистотија.
- Згурата која се создава понекогаш е зажарена и топла и може да предизвика сериозни повреди на очите за време на отстранувањето. Носете заштитни очила и ракавици.
- Ултравиолетовото зрачење може да предизвика изгореници на кожата. Затоа секогаш носете соодветна заштитна облека.
- Вашиот апарат за заварување е заштитен од преоптоварување. Поради тоа, апаратот автоматски се ислучува при оптоварување. Апаратот автоматски се вклучува повторно, откако довольно їе се излади.
- За време на заварување и ладење парчето може да се деформира поради напрегања. Секогаш имајте го ова на ум.
- Смее да се користат само испорачаните кабли за заваруввање (∅ 10 mm2 гумиран кабел за заварување).
- Посебни прописи се однесуваат на области со ризик од пожар и експлозии.
- Заварените споеви кои се изложени на високи напрегања и кои мора да исполнуват одредени барања за безбедност, смеат да ги прават само посебно обучени и сертифицирани заварувачи. Некои примери се: Садови под притисок, влечни шини, спојки за цевки, итн.
- Важно: Секогаш да ја поврзувате масата што поблиску до местото кое се заварува, со тоа струјата за заварување оди по најкус можен пат од електродата до терминалот. Никогаш не ја поврзувајте масата со куќиштето од апаратот за заварување!
- Никогаш не ја поврзувајте масата со заземјени компоненти кои се наоғаат далеку од работното парче, нпр., за водоводна цевка во другиот крај од просторијата. Инаку, ће се оштети заштитниот проводнички систем на просторијата во која се заварува.
- Осигурувачите на напојните приклучоци мора да одговараат на прописите (VDE 0100). Заштитниот контакт на приклучниците смеат
да бидат max. 16A (типови и технички податоци: RT14-20, ∅ 10 x 38, AC 400 V 16A. IEC 60269. бавно горечки. Производтел: Chint) (осигурувачи или склопки за заштита на проводници). Осигурувачи за поголеми струи можат да доведат до горење на кабли или пожар на објект.
Електрична безбедност

Исклучете го апаратот веднаш, ако:
- Постои дефект во приклучокот за струја, кабелот е оштетен.
• Е дефектен прекинувачот.
• Видите чад или мирис на изгорена изолација.

Предупредување! Во зависност од состојбата на електричната мрежа на местото на приклучувањето, електричниот извор на заварување може да предизвика пречки при снабдување со струја на други уреди. Ако постои било каков сомнеж во врска со ова прашање, советувајте се со органот за снабдување со електрична енергија.
- Уверете се дека апаратот за заварување и електричните приклучоци се правилно се поставени.
- Било каква можност за струен удар може да го загрози животот.
- Секогаш обезбедете добро поврзување, на двата држачи на електроди и заземјениот кабел.
- Не дозволувајте оштетување на каблите со влечење. Исключете го кабелот пред преместување на апаратот.
- Избегнувајте контакт со електро проводните делови на апаратот, држачот на електрода и заземјениот кабел.
- Секогаш проверувајте дали одговара напонот на мрежата со вредностите на натписната плочка.
- При замена на кабли и приклучоци:
- Фрлете ги старите кабли или приклучници, кога єе ги замените со нови.
- Приклучување на лабава приклучница во мрежа е опасно.
- За апарати кои работат на 230 V користете најмалку 16 А осигурувач
• Кога користите продолжен кабел: Користете само одобрени продолжни кабли наменети
за напојување на апаратот. Жиците мораат да имаат пресек од најмалку 1,5 mm2. Одвиткајте го кабелот целосно ако е намотан.
- Само квалификуван електричар смее да работи на електричното напојување, нпр., на каблите, приклучоците итн.
3. Монтажен прибор

Кабелот да е извлечен од струја кога го монтирате приборот
Поставување на машината:
- Поставте го апаратот на суво и чисто место (без железна прашина, прашина и боја).
- Поставете го апаратот врз цврста и рамна површина, најмалку 20 см од сид.
- Заштитете го апаратот од дожд и силни сончеви зраци.
Маска за заварување
Сл. 2
- Составете ја маската за заварување со фиксирање на дршката, со испорачаните завртки.
- Поставете го стаклото (заштитно) пред темното стакло. Поставете ги стаклата во внатрешноста од прозорецот и забравете ги.
- Проверете дали се поставени така, светлото да не може да влегува низ отворот.
- Заменете го заштитното стакло кога погледот на работното парче станува нејасен. Замената на темното стакло е значително поскапо од замената на светлото заштитно стакло.
Местење на нови електроди
Електродите се состоит од обложено метално јадро. На крајот на електродата јадротот не е обложено.
- Притиснете ја рачката на држачот на електродата.
- Поставете електрода со необложениот крај (± 2 cm) во држачот. Проверете дали необложениот дел има добар контакт со металниот дел од држачот (електродата не ја туркајте премногу во држачот).
- Отпуштете ја рачката. Електродата е стегната.

Забелешка! Не дозволувајте електродата да изгори на должна пократка од ± 5 ст поради прегревање и/или деформација на држачот. Изгорената електрода тешко їе се извади.
Отстранување на искористени електроди
Притиснете ја рачката од држачот така, да испадне искористената електрода.

Забелешка! Не ја отстранувајте електродата со рака. Електродата е жешка.

Забелешка! Гледајте каде їе падне електродата за да се спречи опасност од пожар и можни повреди.

Предупредување: Прочитајте ги упатствата пред ракување и сервисирање на опремата.
Поставување
Сл. 4
Првичната положба на прекинувачот (2) е поставена на „OFF“.
Машината има 2 приклучоци, може да се употреби со напон од 230V или 400V.
- Со европейкиот приключок, таа може да се употреби само на положба од 230V. За да ракувате со машината за заварување на напон од 230V, поврзете го европейкиот приключок во штекер за 230V, а потоа свртете го прекинувачот (2) од положба „OFF“ до 230V.
- Со индустрискиот приключок со 5 иглички, таа може да се употребува само на 400V. Поврзете го индустрискиот приключок во штекер за 400V, а потоа свртете го прекинувачот (2) од положба „OFF“ до 400V.
Обрнете внимание на следново, за да се избегне ризик од пожар, електричен удар или повреди:
1 Пред работа проверете дали номиналниот•напон на апаратот одговара на напонот на мрежата.
2 Исклучете го апаратот од струја пред поставување на номинален напон.
3 Забрането е дотерување на номинален напон за време на работа.
4. Ракување
Пред користење:
a. Општи информации за електролачно заварување
b. Електрода
с. Заштитна облека
d. Заштита на лицето
e. Работна околина
a. Општи информации за електролачно заварување
Температурата на лакот изнесува околу 7000°C, така што врвот на електродата и работното парче се топат. Колку подолго се одржува лакот, електрода ће се топи и ће се нанесува потребен материјали за заварување на деловите кои треба да се спојат. Растојанието меѓу електродата и работното парче мора да биде што е можно помало (приближно 1.5 - 4 mm) во зависност од пречникот и видот на електродата. Потребната струја за заварување се доставува од апаратот за заварување. Колку ће биде голема моćноста на апаратот, зависи од потребната работа. Проверете дали се целосно суви електродите, зашто влажна електроди предизвикува проблеми. Ако електродата се лепи на работното парче, потребно е да се намали јачината на струјата.
b. Електрода
- Електродите се состоит од обложено метално јадро. Обложувањето ја има најважната улога при заштита на заварувањето од кислородот и азотот од воздухот. Електродата се топи во текот на заварувањето. Дел од облогата испарува, со што се создава гасовит заштитен слој. Дел од облогата плива во заварувачка бања (материјалот е полесен од челикот) и го штити изладениот шев. Откако їе се излади, овој слој станува тврда, лесно отстранлива згура од заварениот спој.
- Ракувајте грижливо со електродите, за да не ја скршите облогата. Бидете сигурни дека електродите се целосно суви, така чувајте ги на суво место.
Од големо значење е да се користи исправна електрода за да се направи добар и силен заварен спој. Универзалните електроди многу често їе бидат погодни за вашата работа. На пакувањето на електродите є наведено во кои положби може да се заварува (над главата, надолу
итн. со оглед на брзината на топењето на електродата). Одредени електроди се комерцијално достапни за заварување на нерғосувачки челици и леано железо. Консултирајте го вашиот продавач за порачување на вистински електроди.
с. Заштитна облека
Носете целосно покривна облека, за да биде минимизирана можоста за изгореници на кожата од ултравиолетово зрачење или прскање на метал.
По можност носете памучни панталони со прерамки, ракавици за заварување и заштитни чевли. Уверете се дека искрите од заварувањето не можат да завршат во ракавиците или чевлите.
Престилката за заварување (кожна) го штити комбинезонот од горење.
d. Заштита на лицето
Сл. 2
Користите добра маска за заварување, со (темно) стакло за заварување и заштитно стакло. Проверете дали двете стакла се правилно наместени (добро прицврстени и не дозволуваат навлегување на сончева светлина).
Маската за заварување штити од зрачење, топлина и искри од заварување за време на заварување. Исто така го намалува вдишувањето на гасовите. Невидливите ултравиолетови зраци предизвикуваат тн. „заварувачки блесок”.
Тој потекнува од неколку секунди гледање во електричниот лак.
Избегнете го ефектот од ова зрачење и од високите температури на лицето и другите изложувања на делови од телото, како што се вратот и рацете. Заштитете се од опасните ефекти од електричниот лак и задржете ги лицата кои не участвуваат во работата на најмалку 15 m од лакот.
Лица или помошници кои работат во близина на електричниот лак мора да се советувани за опасностите и тие мора да бидат опремени со потребната заштитна опрема. Ако е потребно, поставете заштитни сидови.
e. Работна околина
- Обезбедете добро проветрена работна средина. Гасовите кои се ослободуваат при заварување се опасност по вашето здравје.
• Отстранете ги сите запаливи предмети од
работната средина.
- Заварувањето предизвикува искри и жежок метал.
- Осигурајте се дека има вода за ладење во близина на работното место. Не го оставајте што туку завареното парче (жешко) без надзор на работното место.
- Изладете го парчето пред да го напуштите работното место.
Заштита од радијација и изгореници
- На работно место, опасноста за очите мора да биде означена со знак „Внимание! Не гледај во пламенот! ” Работните места мора да бидат што повеće заштитени на таков начин, лицата кои стојат во близина на местото да се безбедни. Неовластените лица задржете ги надвор од работното место.
- Во непосредна близина на стационарни работни места, сидовите не треба да се светло или сјајно бојосани. Прозорците мора да бидат обложени со соодветна боја, барем на ниво на очите, за да се спречи зрачењето на минувачите.
Пуштање во работа
Сл. 3
- Совет: Пред да почнете да заварувате потешки делови, најдобро е прво да се обидете на тест парче.
- Обезбедете чисто парче: отстранете корозија, масти и остатоци од боја.
- Поставете потребна јачина на струја, со користење на вртливото копче, на предниот дел на апаратот. Изворот на јачината на струјата зависи од работното парче и видот на електродата.
- Поставете го делот од електродата без обложување во држачот на електрода и поврзете го заземјениот приклучок со работното парче.
- Включете го апаратот за заварување на главниот прекинувач.
- Држете ја маската за заварување во предниот дел на вашето лице и поместувајте го врвот на електродата преку работното парче, како што треба. Ова е најдобар начин да се започне со електролачно заварување. Не го удирајте парчето со електродата. Со тоа ѐе ја оштетитена електродата и ѐе го попречите создавањето на лакот.
• По создавањето на електричниот лак
обидете се да задржите еднакво растојание помеѓу врвот на електродата и работното парче. Држете го ова растојание еднакво со пречникот на електродата. Држете го ова растојание константно по можост, во текот на заварувањето.
- Поместувајте ја полека електродата преку работното парче.
- Држете го аголот меѓу електродата и парчето помеѓу 60° и 70° во насоката на движењето.
- Кога ће биде направлен заварениот спој, прекинете го лакот со отстранување на електродата од работното парче.
- Исклучете го апаратот за заварување.

Забелека: Ако го оставите апаратот включен, голема е веројатноста електродата да направи контакт (преку работната маса) со заземјениот кабел и спонтано да почне да заварува.
- Отстранете ја згурата од заварениот спој, со рамен чекан.

Водете сметка за разлетаните метални честички. Секогаш носете заштитни очила.
- Никогаш не заварувајте врз остатоците од згурата: згурата претставува изолатор и контаминиран слој, а како резултат на тоа го слабее заварувањето (тн. включена згура). - Исчеткајте го заварувањето со помош на жичана четка.

Забелешка: Работното парче и натаму е со висока температура. Не го оставајте жешко без надзор.
Индикаторска светилка за температура Сл.1
Кога температурата на апаратот за заварување станува висока, термостат će се ислучи (индикаторската светилка за температура će се вклучи). Вградениот вентилатор го лади апаратот. После ладењето светилката се исклучува.
Овозможете й на машината довольно време за да се излади; со интензивно заварување голема е веројатноста по неколку минути повторно да се активира термичкиот прекинувач
5. Сервис и одржување

Проверете дали е апаратот ислучен од струја пред одржување.
Оваа машина е конструирана да работи долг период со минимално одржување. Непрекинатото успешно работење зависи од грижата на машината и редовното чистење.
Дефект
Ако машината не функционира правилно, можните причини и соодветните решенија се дадени подолу:
Апаратот не работи.
• Заземјениот терминал нема добар контакт со работното парче.
- Електродата не е правилно поставена во држачот.
- Термичката контрола е исключена или е скршена термичката заштита.
• Дефектен осигурувач (во мерна кутија).
• Дефектен кабел.
- Прекинувачот е дефектен/контактирајте го продавачот.
Електродата продолжува да се „лепи” на работното парче.
- Користете вистински тип на електрода (универзална)
- Јачината на струјата е прениска/свртете го копчето 3 надесно
Електродата е портокалово-цирвена боја.
- Јачината на струјата е премногу висока за овој тип на електрода/свртете го копчето 3 налево
Електродата претерано прска и прави многу бучава за време на заварувањето.
- Јачината на струјата е превисока/свртете го копчето 3 налево
Машината е многу топла; свети индикаторската светилка.
- Затнати се отворите за ладење /исчистете ги со сува крпа; Почекајте неколку минути додека светлото не се изгасне.

Поправките и сервисирањето треба да ги изведува само квалификувано
лице или сервис.
Чистенье
- Отворите за вентилација да бидат ослободени од прашина и нечистотија. Користете мекана крпа, навлажнета со вода со сапуница, за отстранување на тврдокорните нечистотии. Не користете растворувачи како бензин, алкохол или амонијак итн.
- Осигурајте се дека држачот на електродите и заземјениот приклучок се без коризија, за да можат да прават добар електричен контакт.
- Редовно проверувајте ги каблите дали се цврсто поврзани
Подмачкување
Машината не треба дополнительно да се подмачкува.
Откази
Ако се случи отказ, нпр. поради трошење на дел, обратете се на адресата на сервисот од гарантната картичка. На позадината на упатствово їе најдете експозиционен преглед со прикажани делови кои можат да се нарачаат.
Животна средина
За да се спречи оштетување за време на транспортот, уредот се испорачува во тврдо пакување кое се состоит од материјал за еднократна употреба. Затоа ве молиме да ги користите опциите за рециклирање на амбалажата.

Дефектни и/или отфрлени електрични или електронски апарати треба да се собираат на
соодветни локации за рециклирање.
Само за земји од ЕУ
Не ги депонирајте алатите во домашен отпад. Според Европското Упатство 2012/19/ EU за отпадна електрична и електронска опрема и неговата имплементација во националното право, електричните алати кои веке не се употребливи мораат да се собираат одделно и да се отстрануваат на еколошки начин.
Гаранција
Гарантните условите се дадени во посебна гарантна картичка.