D16M - Дехидратор GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот D16M GORENJE во PDF формат.
| Бренд | Gorenje |
| Модел | D16M |
| Тип на производ | Пренослив одвлажнувач |
| Капацитет на одвлажнување | 16 L/ден (на 30°C, 80% RH) |
| Напојување | 220-240 V ~ 50 Hz |
| Потрошувачка на енергија | Прибл. 200 W (во зависност од режимот) |
| Тип на ладилно средство | R290 (запаливо) |
| Опсег на работна температура | 5°C до 35°C (41°F до 95°F) |
| Опсег на поставување на влажност | 35% до 85% RH (во чекори од 5%) |
| Брзини на вентилаторот | Нормално и Високо (Турбо) |
| Режими | Одвлажнување, Сушење, Континуирано, Паметен |
| Тајмер | Автоматско старт/стоп, 0.5 до 24 часа |
| Јонизатор | Да (опционално, може да се вклучи/исклучи) |
| Автоматско одмрзнување | Да |
| Автоматско рестартирање | Да (по прекин на струја) |
| Капацитет на кофа | Прибл. 4 L |
| Континуиран одвод | Да (преку црево, не е вклучено) |
| Филтер за воздух | Се пере, чисти на секои 30 дена |
| Ниво на бучава | Прибл. 45 dB (нормална брзина на вентилаторот) |
| Димензии (Ш x Д x В) | Прибл. 35 x 25 x 55 cm |
| Тежина | Прибл. 12 kg |
| Безбедносни карактеристики | Автоматско исклучување кога кофата е полна, заштита од преоптоварување, приклучок за заземјување |
| Гаранција | Погледнете ја етикетата на производителот |
Frequently Asked Questions - D16M GORENJE
Прашања на корисниците за D16M GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Дехидратор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник D16M - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. D16M на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК D16M GORENJE
(Изисква се само за уреди с R32/R290)

Ве молиме детално да ги прочитате овие упатства пред првата употреба на овој уред, како и да ги зачувате за евентуална понатамошна консултација.
- Ве молиме да го прочитате внимателно ова упатство за употреба пред да го употребите овој производ.
- Доколку забележите оштетување на кабелот за напојување, повикајте овластен сервисер за негова замена.
- Инсталацијата се врши во согласност со националните стандарди за напојување со електрична енергија од овластени лица.
- Контактирајте го овластениот сервисер доколку имате потреба од поправка, одржување или инсталирање на овој уред.
При користење на одвлажнувачот во европейските земји, потребно е да се придржувате до следните прописи:
ОДЛАГАЊЕ НА ОТПАД: Овој производ не треба да го третирате како некласифициран комунален отпад. Неговото фрлање како отпад се врши одвоено бидејки за него е потребна посебна обработка.
Овој апарат не смее да се фрла заедно со другиот отпад од дома Kinството. За негово одлагање постојат повеće можности:
e) Локалните самоуправни единици имаат организиран систем за собирање на отпад и места каде може да се собира електронски отпад, без корисникот да треба да даде надомест за тоа.
f) При купување на нов производ, продавачот го прифаќа стариот уред без надокнада.
g) Производителот го прифака стариот уред за одлагање без надокнада.
h) Старите производи содржат корисни материјали кои можат да се продадат на трговците со старо железо и отпадни материјали.
Фрлање на отпад и отпадни материи во шума односно природа го загрозува вашето здравје бидејки опасните супстанци истекуваат во подземните води и оттука наогаат пат во синцирот на исхрана.

За да се избегне повреда на корисникот или други лица како и штета на имотот потребно е да се придржувате до следниве упатства.
Неправилното користење поради непридржување кон упатствата може да предизвика штета или телесна повреда.
Сериозноста се класифицира со следниве символи.
| ВНИМАНИЕ | Овој символ укажува на можноста од смртна опасност или сериозна повреда. |
| ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ | Овој символ укажува на можноста од повреда или штета на имотот. |
Значење на символите кои се користат во ова упатство како што се прикажани подолу.
| Никогаш не правете го ова! | |
| Секогаш правете го ова! |
⚠️ВНИМАНИЕ
| Придржувајте се до соодветно обележаниот напон на приклучницата и инсталацијата. | Не го вклучувајте или исклучувајте уредот со прекин на електричната енергија. | Внимавајте да не го оштетите или да не користите непроверен приклучен кабел. | |
| Во спротивно, ова може да предизвика електричен удар или пожар како резултат на создавање на прекумерна топлина. | Ова може да предизвика електричен удар или пожар како резултат на создавање на топлина. | Ова може да предизвика електричен удар или пожар. | |
| Никогаш не менувајте ја должината на приклучниот кабел и не користете ја приклучницата за други уреди. | Не користете го уредот во средина во која има влага и не допирајте го со мокри раце. | Не го усмерувајте струењето на воздухот директно кон присутните лица во просторијата. | |
| Ова може да предизвика електричен удар или пожар како резултат на создавање на топлина. | Ова може да предизвика електричен удар. | Ова може да влијае штетно на вашето здравје. | |
| Пред да го чистите уредот, исключете го од напојување. | Внимавајте водата да не навлезе во електричните делови од уредот. | Секогаш користете инсталација со инсталирани прекинувачи на напојувањето. | |
| Може да предизвика електричен удар или повреда. | Ова може да предизвика дефект на уредот или електричен удар. | Непостоењето на инсталација може да предизвика пожар и електричен удар. | |
| Исклучете го уредот ако од него доағаат чудни звуци, мирис или чад. | Немојте да ја пиете водата која капе од уредот. | Не го отворајте уредот за време на работата. | |
| Може да предизвика пожар и електричен уред. | Водата е загадена и може да е штетна по вашето здравје. | Може да предизвика електричен удар. | |
| Не отстранувајте го садот за вода за време на работата на уредот. | Не поставувајте го уредот во близина на извори на топлина. | Не користете го уредот во близина на запалив гас или горива како бензин, бензол, разредувач и лично. | |
| Постои ризик од електричен удар. | Пластичните делови може да се стопат и да настане пожар и електричен удар. | Може да предизвика експлозија или пожар. | |
| Проветрете ја просторијата пред да го включите одвлажнувачот ако пред тоа се случило протекување на гас од друг уред. | Не расклопувајте или менувајте го уредот. | ||
| Ова може да предизвика експлозија, пожар и опекотини. | Ова може да предизвика дефекти и електричен удар. | ||
⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
| Не користете го уредот во мали простории. | Не ставајте го уредот во простории каде уредот може да биде во допир со вода. | Поставете го уредот на рамна и стабилна подна подлога. |
| Недостаток на вентилација може да доведе до прегревање и пожар. | Ова може да предизвика електричен удар или пожар. | Ако уредот се преврти може да предизвика излевање на водата и оштетување на имотот или да предизвика електричен удар или пожар. |
| Не покривајте ги отворите за влез или излез на воздухот со облека или крпи. | Особено внимание треба да се посвети кога уредот се користи во простории каде се присутни следниве лица: | Не користете го уредот во простории каде се користат хемикалии. |
| Недостаток на проток на воздух може да доведе до прегревање и пожар. | Бебиња, деца, повозрасни лица и лица чувствителни на влага. | Ова ње предизвика оштетување на уредот како резултат на хемикалии и честички разредени во воздухот. |
| Никогаш не ставајте прст или други делови од телото или други предмети во решетките или отворите од уредот. Предупредете ги децата за ваквите опасности. | Не ставајте тешки предмети врз приклучниот кабел и внимавајте кабелот да не е притиснат. | Не се качувајте на или не седете врз уредот. |
| Ова може да предизвика електричен удар или дефект на уредот. | Постои ризик од пожар или електричен удар. | Може да се повредите ако паднете или ако уредот се преврти врз вас. |
| Секогаш вметнете ги филтрите правилно. Чистете ги филтрите еднаш на две недели. | Ако навлезе вода во уредот, исключете го уредот од напојување и контактирајте гоовластениот сервисер. | Не поставувајте вазни со цвеќе или други садови со вода врз уредот. |
| Работа без филтри може да предизвика дефект на уредот. | Ова може да предизвика дефект на уредот или незгода. | Водата може да протече во уредот и да предизвика оштетување на изолацијата како и електричен удар или пожар. |
- Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8 години и повеće, како и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или недостаток на искусство и знаење, доколку се под надзор или им се дадат инструкции за употреба на апаратот и включените опасности. Децата не смеат да си играат со апаратот. Чистењето и одржувањето не треба да го вршат деца без надзор (важи за европейските земји).
- Овој апарат не є наменет за употреба од страна на лица (вклучувајки и деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности или недостаток на искусство и знаење, освен доколку се под надзор или доколку им се дадат инструкции за начинот на користење на апаратот од страна на лице одговорно за нивната безбедност. Децата треба да се надгледуваат, за да се биде сигурен дека не си играат со апаратот (важи за други земји, освен европските земји).
- Доколку кабелот за напојување е оштетен, истиот мора да го замени производителот, неговиот сервисен агент или други слично квалификувано лице, за да се избегне било каква опасност.
- Апаратот треба да биде инсталиран во согласност со националните правила за поврзување во електричната мрежа.
- Апаратот со електричен грејач мора да биде на растојание од најмалку 1м од запаливите материјали во близина.
- За поправка или одржување на апаратот, контактирајте го овластениот сервисер.
- Не користете го приклучокот ако е лабав или оштетен.
- Не користете клима уред во влажна просторија како што е бања или перална. Не користете го овој производ за други функции освен оние опишани во ова упатство за употреба.
- За инсталација на апаратот, контактирајте го овластениот инсталатор.
• Доколку клима-уредот биде турнат наземи за време на употребата, исключете го уредот и веднаш ислучете го од главното напојување. Проверете го визуелно, за да бидете сигурни дека нема оштетување. Ако се сомневате дека уредот е оштетен, контактирајте техничар или службата за грижа на корисници.
- При грмотевици, потребно е да се прекине дотурот на струја, за да се избегне оштетување на апаратот од молња.
- За да го намалите ризикот од пожар или електричен удар, не користете го апаратот со никаков уред за контрола на брзината.
- Не ставајте го кабелот под тепих. Не покривајте го кабелот со килими, черги или слични покривки. Не спроведувајте го кабелот под мебел или апарати. Наместете го кабелот подалеку од места на кои често се движите и каде што нема да се сопнувате од него.
- Не отворајте го уредот за време на работењето.
- Кога ке треба да го извадите филтерот за воздух, не допирајте ги металните делови на уредот.
- Кога го вадите приключокот за струја, држете го за делот што влегува во штекерот.
Информации за приклучување на струја
- Плочката со спецификации на производителот се наоға на задната страна на уредот и содржи електрични и други технички податоци специфични за овој уред.
- Проверете дали уредот е правилно заземјен. Правилното заземјување е важно, за да се сведат опасностите од шок и пожар на минимум. Кабелот за напојување е со три запци, од кои еден е за заземјување, заради заштита од електричен удар.
- Вашиот уред мора да биде приключен во правилно заземјен сиден приключок. Ако приключокот од сидот кој сакате да го користите не е соодветно заземјен или заштитен со осигурувач или прекинувач (потребниот осигурувач или потребниот прекинувач се одредува врз основа на максимальната струја на уредот. Максималната струја е означена на плочката со спецификации за уредот), повикајте квалификуван електричар да го инсталира соодветниот приключок.
- По инсталацијата на уредот, уверете се дека штекерот е лесно пристапен.
- Не користете продолжни кабли или адаптер - приклучоци со овој уред. Меѓутоа, доколку е неопходно да се користи продолжен кабел, користете само кабел за продолжување кој є одобрен за одвлажнувачот (достапен во повекето локални продавници за хардвер).
- За да ја избегнете можноста од повреда, секогаш ислучувајте го напојувањето на уредот пред да го инсталирате и/или сервисирате.
- Сите кабли мора да се изведуват строго во согласност со дијаграмот за поврзување сместен на средишната преграда на уредот (зад кофата за вода).
Забележете ги спецификациите на осигурувачите
Струјното коло на уредот (логичката плочка) е опремено(а) со осигурувач, за да обезбеди заштита од прекумерен напон. Спецификациите на осигурувачот се отпечатени на колото, како: Т 3.15А / 250V (или 350V), итн.
БЕЛЕШКА: Сите слики во упатството се само за објаснување. Фактичкиот облик на уредот што сте го купиле може да биде малку поинаков, но операциите и функциите се исти.
Белешка за флуорираните гасови
- Флуорираните гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина се во херметички затворена опрема. За поконкретни информации во однос на видот, количината и еквивалентот на CO₂ во тони флуорирани гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина (за конкретни модели), ве молиме погледнете ја соодветната етикета на самоот уред.
- Инсталацијата, сервисирањето, одржувањето и поправките на овој уред мора да ги врши овластен техничар.
- Демонтажата на производот и рециклирањето мора да ги врши овластен техничар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊА (само при користење на средството за ладење R290 / R32)
- Не користете средства за забрузвање на процесот на одмрзнување или за чистење освен оние кои се препорачани од производителот.
- Апаратот треба да се чува во просторија во којашто нема континуирана работа на извори на пожар (на пример: отворен пламен, апарати кои работат на гас или просторија во која има включен електричен грејач).
- Не прободувајте го и не горете го уредот.
- Внимавајте, средствата за ладење може да немаат мирис.
- Апаратот треба да се инсталира, да работи и да биде сместен во просторија со подна површина поголема од 4 м2.
- Треба да се почитуваат националните регулативи за гас.
- Не дозволувајте отворите за вентилација да се затнат.
- Апаратот треба да се инсталира на начин на кој се спречуваат механички оштетувања.
- Апаратот треба да се чува во добро проветрен простор, при што големината на просторијата треба да соодветствува со просторот потребен за негово работење наведен во упатството.
- Секое лице кое го отвора или работи на струјното коло на ладењето, треба да поседува тековен и валиден сертификат од овластен орган за оцена признаен од индустријата, со што се потврдува неговата компетентност безбедно да ракува со средствата за ладење во согласност со постапката на оценување одобрена од индустријата.
- Поправките треба да се вршат ислучиво според препораките на производителот на опремата. Одржувањето и поправките за кои е потребна помош од друг стручен персонал се врши под надзор на лице кое е компетентно во однос на употребата на запаливи средства за ладење.

Внимание: Ризик од пожар/
Запаливи материи
(Потребни само за уредите R32/R290)

ВАЖНА БЕЛЕШКА: внимателно прочитајте го ова упатство пред да го инсталирате вашиот нов уред за климатизација или да ракувате со него. Зачувајте го ова упатство за понатамошна употреба.
Објаснување на символите прикажани на уредот (Уредот работи само со средство за ладење R32 / R290):

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Овој символ покажува дека апаратот користи запаливо средство за ладење. Ако средството за ладење протекува или се изложи на надворешен извор на пожар, постои ризик од пожар.

ВНИМАНИЕ Овој символ покажува дека упатството за работа со апаратот треба внимателно да се прочита.

ВНИМАНИЕ Овој символ покажува дека со оваа опрема треба да ракуваат сервисери, во согласност со упатството за инсталација.

ВНИМАНИЕ Овој символ покажува дека се достапни информации, како упатство за употреба или упатство за инсталација.
- Превоз на опрема која содржи запаливи средства за ладење.
Погледнете го прописите за транспорт.
- Обележување на опремата со знаци.
Погледнете ги локалните регулативи.
Погледнете ги националните прописи.
Опремата треба да се складира во согласност со инструкциите наведени од производителот.
- Складирање на спакувана (непродадена) опрема.
Заштитната амбалажа заради складирање треба да биде таква што евентуалното механичко оштетување на опремата сместена во амбалажата нема да предизвика истекување на средството за ладење. Максималниот број уреди што е дозволено да се складираат заедно е утврден во локалните прописи.
6.Информации за сервисирање.
1) Проверки на просторот.
Пред да започнете со работа на системи кои содржат запаливи средства за ладење, потребни се безбедносни проверки за да се осигури дека ризикот од пожар е сведен на минимум. При поправки на системот за ладење, треба да се почитуваат следните мерки на претпазливост пред да се вршат работи на системот.
2) Работна процедура.
Работата треба да се врши во согласност со контролирана процедура, за да се сведе на минимум ризикот од присуство на запалив гас или пареа додека се врши работата.
3) Општо за работниот простор.
Целиот персонал за одржување и другите лица кои работат во просторот треба да се запознаат со природата на работата која се спроведува. Работата во затворени простори треба да се избегнува. Пределот околу работниот простор треба да се изолира. Проверете дали условите во просторот се безбедни со контрола на присуство на запаливи материи.
4) Проверка на присуство на средство за ладење.
Просторот треба да се провери со соодветен детектор за средства за ладење пред и за време на работата, за техничарот да знае доколку има потенцијално запалива атмосфера. Проверете дали опремата за откривање на истекување е соодветна за употреба во однос на запаливи средства за ладење, односно опрема која не создава искри, како и дали е соодветно запечатена и безбедна самата по себе.
5) Присуство на апарат за гаснење пожар.
Ако треба да се изврши некаква топла работа на опремата за ладење или на било кои поврзани делови, мора да биде достапна и при рака соодветна опрема за гаснење пожар. Чувајте апарат за гаснење на база на сув прав или СО 2 во близина на просторот за полнење.
6) Забрането користење на извори на пожар.
Никој кој врши работи во врска со систем за ладење кој вклучува изложување на цевки кои содржат или содржеле запаливо средство за ладење не треба да користи никакви извори на пожар на начин што може да доведе до ризик од пожар или експлозија. Сите можни извори на пожар, вклучувајки го и пушењето цигари, треба да бидат довольно далеку од местото на инсталација, поправка, отстранување и исфрлање на уредот, во текот на кои запаливото средство за ладење може да се испушти во околниот простор. Пред да се изврши работата, треба да се испита просторот околу опремата, за да се провери дали постојат опасности и ризици од запаливи гасови и пожар. Треба да се постават знаци за забрането пушење.
7) Проветрен простор.
Проверете дали просторијата е отворена и дали е соодветно проветрена пред да го отворите системот или пред да вршите некаква топла работа. Во текот на целиот период, сè додека работата целосно не се изврши, треба да се одржува одредено ниво на проветреност. Вентилацијата треба да го распрска евентуално истеченото средство за ладење на безбеден начин и, по можност, да го исфрли надвор во атмосферата.
8) Проверка на опремата за ладење.
При замена на електрични компоненти, новите треба да одговараат на намената и точната спецификација. Упатствата за одржување и сервис наведени од производителот треба постојано да се следат. Доколку имате некаков сомнеж, консултирајте го техничкиот оддел на производителот за помош.
Во случај на инсталации кои користат запаливи средства за ладење, се вршат следните проверки:
Количината на средството за ладење да биде во согласност со големината на просторијата во која се вградени деловите кои содржат средство за ладење; Системот на вентилација и издувните места треба да работат правилно и да не се попречени;
Ако се користи индиректно коло за ладење, треба да се провери дали во секундарното коло има средство за ладење;
Во текот на целата работа, опремата треба да биде видливо и читливо обележана. Ознаките и знаците кои се неразбирливи треба да се коригираат; Цевката или компонентите за ладење треба да се инсталирани на место на кое со сигурност нема да бидат изложени на било каква супстанција што може да доведе до корозија на компонентите што содржат средства за ладење, освен ако компонентите не се направени од материјали кои самите по себе се отпорни на корозија или се соодветно заштитени за да не кородираат.
9) Проверки на електрични уреди.
Поправката и одржувањето на електричните компоненти вклучува првични безбедносни проверки и постапки за проверка на компонентите. Доколку постои дефект кој може да ја наруши безбедноста, електричното напојување не се поврзува со колото, се додека не се изнајде задоволително решение. Доколку е невозможно да се коригира грешката на лице место, а е неопходно да се продолжи со работа, може да се употреби соодветно привремено решение. Тоа треба да се пријави кај сопственикот на опремата, за сите да бидат информирани.
Почетните безбедносни проверки включуваат:
Дали кондензаторите се ислучени: се проверуваат на безбеден начин со цел да се избегне можност од искрење;
Дали постојат оштетени електрични компоненти и жици во текот на полнењето, поправањето или прочистувањето на системот;
Дали заземјувањето е спроведено така што е континуирано.
7. Поправка на запечатените компоненти.
1) При поправка на запечатените компоненти, се исклучува целото електрично напојување на опремата на којашто се работи пред да се извадат запечатените капаци, итн. Во случај кога е неопходно снабдување на електрична енергија на одредена опрема за време на сервисирањето, на најкритичната точка треба да се постави некаков уред за откривање на евентуално истекување кој работи без прекин, за да предупреди на потенцијално опасна ситуација.
2) Посебно внимание треба да се посвети на тоа да бидете сигурни дека, при работа на електрични компоненти, кукиштето нема да се измени така што со тоа ќе се влијае врз степенот на заштита. Тоа вклучува и оштетување на каблите, преголем број на приклучоци, приклучоци што не се направени според оригиналната спецификација, оштетување на запечатените делови, неправилно врзување во јазли, итн.
Проверете дали апаратот е безбедно монтиран.
Проверете дали пломбите или материјалите за пломбирање се оштетени до тој степен што повеće не ја вршат својата намена - спречување на навлегувањето во запаливи атмосфери. Резервните делови треба да бидат во согласност со спецификациите на производителот.
БЕЛЕШКА: Употребата на силиконска смеса за запечатување може да ја спречи ефикасноста на одредени видови опрема за детекција на истекување.
Компонентите што се безбедни самите по себе не мора да се изолираат пред да се работи на нив.
8. Поправка на компоненти кои се безбедни самите по себе.
Не изложувајте го колото на постојано индуктивно оптоварување или оптоварување во поглед на неговиот капацитет, без да проверите дали со тоа се надминува дозволениот напон и струја за опремата што се користи.
Компонентите кои се апсолутно безбедни се единствените на кои може да се работи во присуство на запалива атмосфера. Апаратурата за испитување треба да биде со правилни спецификации. Заменувајте ги компонентите само со делови наведени од производителот. Други делови може да предизвикаат палење на средството за ладење во атмосферата поради истекување.
9. Поставување на кабли.
Проверете дали каблите би биле изложени на абење, корозија, прекумерен притисок, вибрации, остри рабови или други неповолни влијанија на средината. При проверката, исто така, потребно е да се земат предвид ефектите од староста на каблите или постојаните вибрации од извори како компресори или вентилатори.
10. Откривање на запаливи средства за ладење.
При барање или откривање на истекување на средство за ладење, под никакви околности не смеат да се користат потенцијални извори на пожар. Не смее да се користи халогенски уред (или било каков друг детектор со отворен пламен).
11. Методи за откривање на истекувања.
Следниве методи за откривање на истекување се општо прифатени за системи кои содржат запаливи средства за ладење. За откривање на истекувања на запаливи средства за ладење, треба да се користат електронски детектори за истекување, но нивната чувствителност може да не е соодветна или може да е потребна повторна калибрација. (Опремата за детекција треба да се калибрира во простор во кој нема средства за ладење.) Осигурете се дека детекторот не е потенцијален извор на пожар и дека е погоден за средството за ладење што се користи. Опремата за откривање на истекување треба да се подеси на одреден процент од долната граница на запаливост на средството за ладење и да се калибрира според средство за ладење што се користи и соодветниот процент на гас (максимум 25%). Течностите за откривање на истекување се погодни за употреба кај повекето средства за ладење, но употребата на детергенти кои содржат хлор треба да се избегнува, бидејки хлорот може да реагира со средството за ладење и да ги кородира бакарните цевки. Доколку постои сомнеж дека има истекување, сите отворени пламени треба да се отстранат/изгаснат. Доколку се открие истекување на средство за ладење кое бара тврдо лемење, целото средство за ладење треба да се извади од системот или да се изолира (со помош на вентили за затворање) во дел од системот што е оддалечен од истекувањето. Потоа, во системот треба да се испушки азот кој не содржи кислород и пред и за време на процесот на тврдо лемење.
При пристапување на колото за ладење за да се направат поправки или од која било друга причина, треба да се применуваат конвенционални постапки. Сепак, важно е да се следи најдобрата практика, бидејки запаливоста претставува ризик. Треба да се применува следната постапка:
Извадете го средството за ладење;
Исчистете го колото со инертен гас;
Испразнете го системот;
Повторно исчистете со инертен гас;
Отворете го колото со сечење или лемење.
Средството за ладење треба да се извади во соодветни боци. Системот треба да се испере со азот кој не содржи кислород, за уредот да биде безбеден. Овој процес можеби їе треба да се повтори неколку пати. За оваа задача, не се користат компримиран воздух или кислород.
Празнењето се постигнува со пробивање на вакуумот во системот со азот без кислород и се продолжува со полнењето се додека не се постигне работниот притисок, а потоа се испушта во атмосферата и на крајот се врака во состојба на вакуум. Овој процес се повторува се додека во системот повеće нема средство за ладење. Со последниот полнеж на азот кој не содржи кислород, системот треба да се испразни до атмосферскиот притисок, за да може да се работи. Оваа постапка е апсолутно витална доколку треба да се извршат операции на лемење на цевката.
Проверете издувниот отвор на вакуумската пумпа да не е близу до извори на пожар и дали има вентилација.
Покрај конвенционалните процедури на полнење, треба да се следат и следните стандарди. Уверете се дека не доаға до контаминација на различните средства за ладење кога користите опрема за полнење. Цревата или цевките треба да бидат колку што е можно пократки, за количината на средство за ладење содржано во нив да се сведе на минимум.
Боците треба да се чувват исправени.
Уверете се дека системот за ладење е заземјен пред да го наполните системот со средство за ладење. Обележете го системот кога сте завршиле со полнење (ако веке не е обележен). Многу треба да се внимава системот за ладење да не се преполни.
Пред повторно полнење, системот треба да се тестира со азот кој не содржи кислород. Се проверува дали има истекување во системот кога сте завршиле со полнењето и пред да го пуштите во работа. Последователна проверка на евентуално истекување се спроведува пред да се напушки местото.
14. Исклучување од употреба.
Пред да биде спроведена оваа постапка, неопходно е техничарот целосно да се запознае со опремата и со сите детали на истата. Препорачаната практика е сите средства за ладење да се вадат на безбеден начин. Пред да се изведе работата, се зема примерок од маслото и средството за ладењето, во случај да е потребна анализа пред повторна употреба на изваденото средство за ладење. Пред да се започне задачата, важно е да има струја на располагање.
a) Запознајте се со опремата и со нејзиното работење.
б) Изолирајте го системот од струја.
в) Пред да ја започнете постапката, проверете дали:
е достапна опрема за механичко ракување со боците со средство за ладење, доколку таква опрема е потребна, како и дали е достапна и дали правилно се користи целата опрема за лична заштита; дали процесот на полнење е под постојан надзор од надлежно лице; како и дали опремата за вадење на средството за ладење и боците се во согласност со соодветните стандарди.
г) Доколку е можно, испумпајте го системот за ладење.
д) Ако не е можно вадење на средството со вакуум, направете разгранувач за да може средството за ладење да се вади од различни делови на системот. г) Проверете дали боцата е поврзана со мерачот пред да го извадите средството за ладење.
e) Включете ја машината за вадење на средството за ладење и работете според упатствата на производителот.
ж) Не преполнувајте ги боците. (Не повеće од 80% од волуменот на течноста).
з) Не надминувајте го максимальниот работен притисок на боцата, дури ни привремено.
s) Кога боците ке се наполнат правилно и процесот ке заврши, веднаш отстранете ги боците и ПРЕДУПРЕДУВАЊАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТ и опремата од местото и затворете ги сите изолациски вентили на опремата.
и) Изваденото средство за ладење не смее да се полни во друг систем на ладење пред да биде исчистено и проверено.
15.Обележување.
Опремата треба да биде означена така што на неа їе се наведе дека е ставена вон употреба и испразнета од средство за ладење. Ознаката треба да биде со датум и потпис. На опремата треба да стои ознака дека содржи запаливо средство за ладење.
16.Вадење на средството за ладење.
Кога средството за ладење се вади од системот заради сервисирање или кога се става вон употреба, препорачаната добра практика е сите средства за ладење да се вадат на безбеден начин.
Кога пренесувате средство за ладење во боци, проверете дали се употребуваат исклучиво соодветните боци за вадење на средството за ладење. Проверете дали е достапен точниот број боци за вадење на целата количина на средство за ладење од системот. Сите боци што ќе се користат треба да бидат наменети за средството за ладење што се вади и на истите треба да стои ознака на конкретното средство за ладење (т.е., специјални боци за вадење на средството за ладење). Боците треба да имаат и вентил за испуштање на притисокот, а соодветните вентили за затворање да бидат во одлична работна состојба. Празните боци за вадење на средството се тргаат на страна и, доколку е можно, се ладат пред да се наполнат.
Опремата за вадење на средството за ладење треба да биде во добра работна состојба, со упатства што се однесуваат на опремата што е на располагање и треба да биде погодна за вадење на запаливи средства за ладење. Покрај тоа, треба има комплет калибрирани мерачи и истите треба да бидат во добра работна состојба. Цревата треба да бидат опремени со спојки за исклучување кои не дозволуваат истекување и во добра состојба. Пред да ја употребите машината за вадење на средството, проверете дали е во задоволителна работна состојба, дали е правилно одржувана и дали сите поврзани електрични компоненти се запечатени за да се спречи пожар во случај на истекување на средството за ладење. Ако не сте сигурни, консултирајте го производителот. Изваденото средство за ладење се враćа кај снабдувачот на средство за ладење во соодветна боца и се договара соодветен превоз на боците. Немојте да мешате средства за ладење во садовите за вадење средства за ладење, а особено не во боците. Доколку треба да се отстранат компресори или компресорски масла, испразнете ги до прифатливо ниво, за да бидете сигурни дека во средството за подмачкување не останало дел од запаливото средство за ладење. Компресорот треба да се испразни пред да се врати кај снабдувачот. За забрзување на овој процес се користи ислучиво електрично загревање на телото на компресорот. Маслото од системот треба да се исцеди на безбеден начин.
ЗАБЕЛЕШКА: Сликата на контролниот панел на одвлажнувачот може да се разликува од контролниот панел на конкретниот уред кој сте го купиле во зависност од моделот.

![[High] Low Med Full Dryer Cont. SMD 6 5 4 3 2 1](/content/2026/05/948160/images/a53d0d71c63f80dab8710f65aad3f0a0af327fdd794e7c094f815fc98415118c.jpg)
Контролни копчиња
При притискање на копчето за промена на режимот на работа, уредот испушта звучен сигнал кој сигнализира дека уредот ја прифатил командата.
1. Копче за вклучување/исклучување
Притиснете го ова копче за да го включите или исключите одвлажнувачот на воздух.
ЗАБЕЛЕШКА: Кога уредот ће започне или ће престане да работи, тој може да испушти гласен звук. Тоа е нормална појава.
Притиснете го копчето да го изберете посакуваниот режим на работа: апсорпција на влага, сушење, постојано одвлажнување и паметно одвлажнување.
Забелешка: Режимите на Сушење и Паметно Одвлажнување се изборни.
3., 4. Копчиња за Долу/Горе
Степенот на влажност можете да го подесите во распон од 35% RH (Релативна Влажност) до 85% RH (Релативна Влажност) во интервали од по 5%.
Копчиња за контрола на временско подесување -Тајмер
Користете ги овие копчиња за Горе/Долу за избор на одложено автоматско вклучување/исклучување со подесување во распон од 0.0 до 24h.
5. Копче за режим Турбо
Со ова копче ја контролирате брзината на вентилаторот. Притиснете го копчето за да ја изберете брзината Висока или Нормална брзина на вентилаторот. За максимален ефект на апсорпција на влагата изберете висока брзина на вентилаторот. Кога ње се намали влажноста во просторијата изберете нормална брзина на вентилаторот што ја намалува и бучноста на работата на уредот.
6. Копче за Тајмер
Притиснете го копчето за автоматски одложено автоматско вклучување или исклучување на работата на уредот.
Со притискање на ова копче го активирате јонизаторот. Јонизаторот автоматски генерира анјони или негативно наелектризирани јони. Анјоните ги неутрализираат хемиските пареи и честички. Притиснете го копчето повторно за деактивирање на функцијата.
8. Дисплеј
Го прикажува избраниот степен на влага во % од 35% до 85%, автоматско вклучување/исклучување на работата на уредот (0\~24) при подесување и фактичкиот степен на влага (со ± 5% точност) во просторијата % во опсег од 30% RH (Релативна Влажност) до 90%RH (Релативна Влажност).
Кодови за грешка во работата и заштитни кодови:
AS –Грешка во работата на сензорот за влага: Исключете го уредот и включете го повторно. Ако повторно се појави грешката, повикајте сервис.
ES –Грешка во работата на сензорот на температура: Исклучете го уредот и включете го повторно. Ако повторно се појави грешката, повикајте сервис.
P1 –Уредот се наога во режим на одмрзнување: Оставете го уредот да заврши со циклусот на автоматско одмрзнување. Заштитниот код єе исчезне кога уредот автоматски єе се одмрзне.
P2 –Садот е полн или садот не е правилно наместен. Испразнете го садот и поставете го во правилна позиција.
ЕЗ – Грешка во работата на уредот: Исключете го уредот и включете го повторно. Ако повторно се појави грешката, повикајте сервис.
ЕС – Со оваа нова технологија, на дисплејот će се појави ЕС кога уредот će детектира протекување на фреон од разладниот систем, во тој случај повикајте сервис.
Други характеристики
Полн сад
Свети кога садот е полн и треба да се испразни, или кога садот е отстранет или не е поставен правилно.
Автоматско исклучување
Одвлажнувачот автоматски се ислучува кога садот е полн, или кога садот е отстранет или не е поставен правилно. Кога ќе се постигне претходно избраниот степен на влажност уредот автоматски Ѽе се ислучи. Кај некои модели, моторот на вентилаторот Ѽе продолжи со работа.
Автоматско одмрзнување
Кога на одвлажнувачот ће се собере мраз, компресорот ће се ислучи и вентилаторот ће продолжи да работи се додека мразот не се растопи.
Забелешка: Во режимот на автоматско одмрзнување, уредот може да испушки звуци на протекување на гас од разладниот систем, што е нормална појава.
Одложен почеток на работа од 3 минути
Откако уредот ће престане да работи, повторно може да започне со работа по првите 3 минути. Ова е да се заштити уредот. Работата автоматски ће започне по 3 минути.
Паметна апсорпција на влага (изборно)
Во режимот на паметна апсорпција на влага уредот автоматски їе го регулира степенот на влажност во просторијата во распон од 45%\~55% во зависност од собната температура. Рачно подесување на степен на влажност во овој режим е недостапно.
Автоматско повторно включување
Ако уредот престане да работи поради прекин на електрична енергија, по повторно воспоставување на напојувањето со електрична енергија, уредот автоматски ће започне со работа во последно избраниот режим.
Подесување на тајмер (временско подесување)
- Кога уредот е включен, најпрвин притиснете го копчето за Тајмер при што ње засвети индикаторот за исклучување на Тајмерот. Тоа значи дека е активирана програмата на одложено автоматско исклучување.
Притиснете го копчето повторно и ње засвети индикаторот за включување на Тајмерот. Тоа значи дека е активирана функцијата на одложено автоматско вклучување. - Кога уредот е ислучен, најпрвин притиснете ко копчето на Тајмерот, при што єе засвети индикаторот за активирање на Тајмерот. Ова значи дека е активирана програмата за одложено автоматско вклучување.
Притиснете го копчето повторно и їе се вклучи индикаторот за ислучување на Тајмерот. Ова значи дека е активирана функцијата на одложено автоматско ислучување. - Притиснете или задржете го копчето ГОРЕ/ДОЛУ за да изберете период на одложено автоматско вклучување/исклучување на уредот.
Временскиот интервал е половина час за првите 10 часа на одложено автоматско вклучување/исклучување а потоа 1 час до дозволениот временски период на одложено вклучување/исклучување од 24 часа.
Тајмерот ће започне со одбројување на времето кое преостанува до вклучувањето на уредот. - Избраниот временски период ке се меморира по 5 секунди, а дисплејот автоматски ке се врати на претходно избраните подесување на влажноста.
- Доколку се избрани и двете можности за одложено автоматско вклучување и исклучување во рамки на истата програма, индикаторите за Включен или Исклучен Тајмер соодветно їе се запалат за избраните временски периоди за одложено автоматско вклучување и исклучување.
- Вклучувањето односно Исклучувањето на уредот или повторно прилагодување на тајмерот на 0.0. автоматски їе го поништи претходно избраното подесување на одложено автоматско вклучување или исклучување.
- Кога на ЛЕД дисплејот ће се појави символот Р2, тогаш се исклучува функцијата на автоматско временско одложување на вклучување/исклучување на уредот.
Уредот може да има најдобар ефект на апсорпција на влага кога е включена функцијата Сушење. Брзината на вентилаторот е поставена на висока. Нивото на влажност автоматски се подесува соодветно на моменталниот степен на влажност во просторијата. Уредот їе го прекине режимот на сушење по најмногу 10 часа работа. ВНИМАНИЕ:
- Функцијата на сушење мора да се активира само во затворена просторија со затврена врата и прозори.
- За најдобар ефект на функцијата на сушење, потребно е најпрвин добро да ја исцедите мократа облека.
- Насочете го директниот проток на воздух кон мократа облека (Види Цртеж А)
- За подебела и многу мокра облека потешко се постигнува ефектот на сушење од одвлажнувачот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
- Не покривајте го излезот на воздух со облека. Ова може да предизвика прегревање, пожар или дефект на уредот.
- Не ставајте мокра облека врз уредот и не дозволувајте вода да навлезе во него. Ова може да предизвика електричен удар или дефект на работа на уредот.


Оставете 30-50 см простор од горната и од десната страна на уредот
Преден дел
- Црево за одвод
- Тркалца
- Приклучен кабел со утикач
- Решетка за влез на воздух
- Филтер за воздух (позади решетка)
- Носач на приклучниот кабел (се користи само кога уредот е складиран)
ВНИМАНИЕ: Сите слики во упатството се единствено за цели на опис на уредот. Фактичката форма на уредот може да се разликува значително но работата и функциите се исти.

Позиционирање на уредот
Работата на одвлажнувачот во подрумски простории їе има мал или нема да има воопшто ефект на одвлажнување исто како и во простории за сушење, плакари и слично освен ако нема соодветно циркулирање на воздухот во тие простории.
- Не се користи на отворено.
- Овој одвлажнувач е наменет само за употреба во домашни услови. Не е наменет за комерцијални и индустриски објекти.
- Поставете го одвлажнувачот на рамна подлога која е доволна цврста да може да ја поднесе тежината на уредот кога садот на кондензаторот е полн.

- Од сите страни на уредот оставете најмалку 20 цм простор за соодветно
циркулирање на воздухот.
- Поставете го уредот во просторија каде температурата не пага под 5 °C (41 F) во спротивно калемите може да бидат покриени од мраз при температури под 5 °C (41 F), што може да ја намали ефективната работа.
- Поставете го уредот подалеку од уреди за сушење на облека, греачи или радијатори.
Тркалца (на 4 места на долниот дел од уредот)
- Тркалцата може да се движат слободно.
- Не користете сила за приджување на тркалцата по теписон, ниту кога садот е пол со вода (може да протече).
- Користете го уредот за да спречите оштетување кое може да настане од влага во сите простории каде се наогаат книги или вредни предмети.
- Користете го одвлажнувачот во подрумски простории за да спречите оштетување предизвикано од влага.
- За да постиgne ефективна работа одвлажнувачот мора да работи во затворен простор.
- Затворете ги сите врати, прозорци и други надворешни отвори во просторијата.
Користење на уредот
- При првото вклучување на одвлажнувачот оставете го уредот да работи без прекин 24 часа.
- Уредот е наменет да работи со температурен распон од 5°C/41°F и 35°C/95°F во просторијата во која е поставен.
- Ако уредот е исклучен, потребно е да го включите повторно набрзина и да почекате 3 минути уредот повторно да се вклучи во правилен режим на работа.
- Не поврзувајте го одвлажнувачот во приклучница која има повеće приklучоци, или која се користи за други електрични уреди.
- Изберете соодветно место и проверете дали имате лесен пристап до приклучницата.
- Приключете го уредот во приклучница која има соодветно заземјување.
- Проверете дали садот на кондензаторот е правилно поставен во спротивно уредот нема да функционира правилно.
ВНИМАНИЕ: Кога водата во садот на кондензаторот їе достигне до одредено ниво, потребно е внимателно да ракувате со уредот, водата да не протече.
- Повлечете го садот на кондензаторот
Празнење на собраната вода
Има два начина за празнење на собраната вода.
5. Користење на садот на кондензаторот
- Кога уредот е ислучен, ако садот е полн, уредот звучно će сигнализира 8 пати и će засвети индикаторот за полн сад, а на дисплејот će се појави сигналот P2.
- Кога уредот е включен, ако садот е полн, компресорот će се ислучи, а вентилаторот će се ислучи по 30 секунди од одводот на водата од кондензаторот, потоа уредот звучно će се огласи 8 пати и će засвети индикаторот за полн сад, а на дисплејот će се појави сигналот P2.
- Внимателно извлечете го садот. Фатете го садот за рачките одлево и оддесно и внимателно извлечете го садот право за да не ја истурите водата. Не ставајте го резервоарот

Fig.5
2. Држете ги двете страни на садот за да биде во хоризонтална положба, а потоа извлечете го од уредот.

Fig.6
3.Испразнете ја водата.
на подот бидејки тлото на садот е нерамно, во спротивно садот може да падне, а водата да се истури.
- Испразнете ја водата и заменете го садот на кондензаторот. Садот мора да се постави на соодветно место за правилно работење на одвлажнувачот.
- Уредот će се вклучи повторно кога садот на кондензаторот će се постави повторно во својата правилна местоположба.
ВНИМАНИЕ:
- Кога ќе го отстраните садот на кондензаторот, не допирајте други делови од уредот, во спротивно може да го оштетите производот.
- Садот на кондензаторот внимателно ставете го назад во уредот. Насилно ставање на садот на кондензаторот или неправилно поставување на садот може да предизвика неправилна работа на уредот.
- Ако има вода во уредот кога ќе го отстраните садот на кондензаторот, мора да ја отстраните водата и да го исушите темелно уредот.
6. Постојан одвод на кондензатот
- Водата може автоматски да се испразни во одводот со прикачување на уредот преку црево за вода (кое не е дел од уредот).
- Исечете го капакот под задниот отвор за одвод на кондензатот. Приключете го цревото (ID=13.5mm) и ставете го во одводот или во друг соодветен дренажен систем.
- Проверете дали цревото е прицврстено за да не протекува.
- Насочете го цревото кон одводот и проверете цревото да не е запушено или прекинато, што би довело до излевање на вода.
- Поставете го крајот на цревото во одводот и погрижете се крајот на цревото да е нивелиран или поставен надолу за водата несметано да тече. Никогаш не поставувајте го нагоре.
- Изберете го посакуваниот степен на влажност и брзина на вентилаторот на уредот за активирање на функцијата на постојан одвод на кондензатот.

Прикачете црево на отворот за одвод.
Отстранете го долниот дел од капакот.
ВНИМАНИЕ: Кога не се користи функцијата на постојан одвод на кондензатот, отстранете го цревото за одвод од отворот и затворете го отворот за одвод на кондензатот.
Чистење и Одржување на Одвлажнувачот
⚠️ Исключете го одвлажнувачот и отстранете го приклучниот кабел пред да започнете со чистење.
-
Исчистете ја решетката и кукиштето
-
Користете вода и неабразивно средство за чистење. Не користете средства за белење ниту агресивни средства за чистење.
- Не прскајте вода директно на уредот. Ова може да предизвика електричен удар, да ја оштети инсталацијата или да предизвика рғосување на уредот.
-
Решетките за влез и излез на воздух стануваат нечисти за кратко време. За нивно чистење користете правосмукалка или четка за чистење.
-
Исчистете го садот на кондензаторот
Еднаш во неколку недели, исчистете го садот на кондензаторот за да спречите појава на мувла и бактерии. Делумно наполнете го садот на кондензаторот со чиста вода и додадете благо средство за чистење, исчистете го садот, испразнете го садот и исплакнете го садот.
ВНИМАНИЕ: Садот на кондензаторот не ставајте го во машина за садови.
Откако їе го исчистите, садот на кондензаторот поставете го на правилното место за правилно функционирање на одвлажнувачот.
- Исчистете го филтерот за воздух
Филтерот за воздух позади предната решетка треба да се проверува и да се чисти најмалку еднаш на секои 30 дена или почесто доколку тоа е потребно.
Фатете го филтерот за рачките и повлечете го нагоре па извлечете го како што е прикажано на цртежот. Исчистете го филтерот со млака вода и сапуница. Исплакнете го филтерот и оставете го да се исуши пред да го замените. Филтерот не смее да се става во машина за садови.
За да го поставите:
Филтерот за воздух поставете го во уредот од одоздола нагоре како што е прикажано на цртежот.

Уредот не смее да се користи без филтер бидејки може да навлезат нечистотии и да го запушат уредот и со тоа да ја намалат делотворноста на работата.
-
Кога не го користите уредот подолг временски период
-
Кога єе го ислучите уредот, почекајте еден ден пред да го испразните садот на кондензаторот.
- Исчистете го главниот уред, садот на кондезаторот и филтерот за воздух.
- Покријте го уредот со пластична кеса.
- Уредот складирајте го во вертикална положба во сува и добро проветрена просторија.
Пред да повикате овластен сервис, погледнете ја табелата подолу за евентуално отстранување на дефекти во работата.
| Проблем | Што да направите |
| Уредот не се вклучува | Проверете дали уредот е приключен на електричната инсталација.Проверете го осигурачот/таблата за осигурувачи.Постигнато е претходно поставеното ниво на ансорпција на влага или садот е полн.Садот со вода не е правилно поставен. |
| Одвлажнувачот не ја ансорбира влагата соодветно | Оставете го уредот да работи подолго време да ја отстрани влагата.Проверете дали завесите, ролетните или мебелот го блокираат протокот на воздух во предниот или задниот дел од одвлажнувачот.Можеби степенот на влажност не е подесен довольно ниско.Проверете дали се затворени сите врати, прозорци и други отвори во просторијата.Собната температура е прениска, под 5°C (41°F).Во просторијата има извор кој предизвикува влага. |
| Уредот е бучен за време на работата | Филтерот за воздух е запушен.Уредот не е поставен на рамно тло.Уредот не е нивелиран на рамно тло. |
| Мраз се појавува на спроводникот на топлина. | Ова е нормално. Одвлажнувачот е опремен со функција на автоматско одмрзнување. |
| Вода се појавува на подот | Цревото за одвод на кондензаторот е оштетено или неправилно наместено.Отворот за одвод на кондензаторот не е затворен, иако садот за вода е наменет за да ја собира водата |
| ES, AS, P1 или P2 се појавуваат на дисплејот | Ова се кодови кои покажуваат дефекти во работата. Погледнете го поглавјето „Контролен панел на Одвлажнувачот“. |
RU
D 16/20 M