GNA 2 0 Professional - ножици BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GNA 2 0 Professional BOSCH во PDF формат.
| Тип на производ | Грипотеза (ножици за лим) |
| Марка | Bosch |
| Модел | GNA 2.0 Professional |
| Номинална влезна моќност | 500 W |
| Излезна моќност | 270 W |
| Брзина на сечење при празен од | 2400 min-1 |
| Брзина на сечење под оптоварување | 1500 min-1 |
| Макс. дебелина на лим (челик 400 N/mm²) | 2,0 mm |
| Ширина на рез | 6 mm |
| Минимален радиус на свиткување | 3 mm |
| Тежина | 2,1 kg |
| Класа на заштита | II (двојна изолација) |
| Напојување | Мрежа (230 V) |
| Ниво на звучен притисок | 89 dB(A) |
| Ниво на звучна моќност | 97 dB(A) |
| Вибрации (вкупна вредност) | 9 m/s2 |
| Тип на сечење | Право, криволиниско, внатрешни исечоци |
| Вклучени додатоци | Универзална матрица, удар за криволиниско/право сечење |
| Одржување | Чистење и подмачкување на ударот и матрицата на секои 3 часа |
| Резервни делови | Матрица, удар (реф. 2 608 639 900, итн.) |
| Гаранција | Консултирајте ја постпродажната служба на Bosch |
Frequently Asked Questions - GNA 2 0 Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GNA 2 0 Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот ножици во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GNA 2 0 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GNA 2 0 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GNA 2 0 Professional BOSCH
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ-
ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
94 | Македонски
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, Ѽе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
▶ Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за
ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за резач
Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за да не дојде во контакт со скриена жица или со неговиот кабел. Ако опремата за сечење дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
▶ Електричниот алат не е погоден за стационарна употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на менгеме или на работна клупа.
▶ Носете заштитни ракавици за време на работата и особено внимавајте на струјниот кабел. На исечените лимови се создаваат остри рабови, на кои може да се повредите или да го оштетите струјниот кабел.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење на лимови без деформација на материјалот и е погоден за прави резови, изрези и тесни криви.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Прекинувач за включување/исклучување
(2) Преклопна навртка за матрицата
(3) Шраф за затворање за матрицата
(4) Матрица
(5) Втиснувач
(6) Шуплива завртка за прицврстување на втиснувачот
(7) Рачка (изолирана површина на рачката)
Технички податоци
| Резач GNA 2,0 | ||
| Број на дел | 0 601 530 1.. | |
| Номинална јачина W 500 | ||
| Излезна моност W 270 | ||
| Број на работни одови во празно n_0 | min^-1 | 2400 |
| Број на одови при оптоварување | min^-1 | 1500 |
| Максимална дебелина на лимот за сечење ^A) | mm 2,0 | |
| Ширина на линијата на сечење | mm | 6 |
| Најмал радиус на кривина mm 3 | ||
| Тежина ^B) | kg 2,1 | |
| Класа на заштита | / | |
В) Тежина без кабел за струја и без приклучок за струја Податоците важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
A) се однесува на челични лимови до 400 N/mm ^2
Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеće информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-8.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 89 dB(A); ниво на звучна јачина 97 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски эбир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-8:
$$ a _ {n} = 9 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}, K = 1, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}. $$
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се
96 | Македонски
користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Работа
Ставање во употреба
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
Вклучување/исклучување
За Вклучување на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1) нанапред, така што на прекинувачот їе се појави I.
За Исклучување на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1) наназад, така што на прекинувачот ќе се појави 0.
Фиксирање/отпуштање на матрицата
За прави резови затегнете ја завртката за затворање (3) со клуч со внатрешна шестаголна глава (ширина на клучот 2,5 mm) за да ја фиксирате матрицата (4).
Олабавете ја завртката за затворање (3) за криви резови. Сега матрицата (4) слободно се движи и се поставува во правец на силата на движење нанапред.
Совети при работењето
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Електричниот алат не е погоден за стационарна употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на менгеме или на работна клупа.
Носете заштитни ракавици за време на работата и особено внимавајте на струјниот кабел. На исечените лимови се создаваат остри рабови, на кои може да се повредите или да го оштетите струјниот кабел.
▶ Внимавајте на струготините настанати од сечењето. Струготините имаат остри врвови, на кои може да се повредите.
Доколку е включен, не го водете електричниот апарат директно кон делот што се обработува. Секогаш држете го електричниот апарат вертикално на површината на лимот и не го навалувајте.
Сечењето се врши за време на кревањето на втиснувачет. Водете го електричниот апарат рамномерно со лесен притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина значително го намалува рокот на употреба на електричниот алат и му штети на електричниот апарат.
Доколку втиснувачот се заглави за време на сечењето, исключете го електричниот апарат, подмачкајте го втиснувачот и отпуштете го лимот. Не употребувајте сила, бидејки втиснувачот и матрицата би можеле да се оштетат.
Максимална дебелина на лимот за сечење
Максималната дебелина на лимот за сечење d_max зависи од цврстината на материјалот кој се сече.
Со електричниот апарат може да се исечат лимови со следната дебелина:
Подмачкување/ладење на втиснувачот
За да го продолжите животниот век на втиснувачот (5) треба да користите средство за подмачкување со добра функција на ладење (на пр. масло за сечење).
Нанесете еден слој од средството за подмачкување на горната страна на лимот по должина на планираната линија на сечење.
При подолго работење или работа со зголемено триење (на пр. сечење алуминиум) треба редовно да го потопувате алатот за вметнување во сад со средство за подмачкување.
Сечење според вцртана линија или со шаблон
Правите резови може полесно да се изведат, доколку го водите електричниот апарат по должна на линијар. Контурите може да се исечат со водење на електричниот апарат по должна на шаблонот.
За внатрешни резови потребен е отвор со дијаметар од 16 mm.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
На секои 3 часа исчистете ги и подмачкајте ги втиснувачот (5) и матрицата (4).
Доколку се истрошени втиснувачот и матрицата, навреме заменете ги, бидејки квалитетно сечење може да се постигне само со остри алати и со нега на електричниот апарат.
Втиснувачот (5) и матрицата (4) не смеат да се острат дополнительно.
Менување на матрицата
Доколку матрицата (4) е фиксирана, олабавете ја завртката за затворање (3).
Завртете ја преклопната навртка (2) со вилушкаст клуч (ширина на клучот 30 mm). Извлечете ја матрицата (4).
Ставете нова, добро подмачкана матрица (4). Повторно затегнете ја преклопната навртка (2).
Менување на втиснувачот
За да го замените втиснувачот (5) отстранете ја матрицата (4) како што е опишано погоре.
Одвртете ја потоа шупливата завртка (6) и извадете го втиснувачот (5).
Поставете нов, добро подмачкан втиснувач (5) и добро затегнете го со шупливата завртка (6). Повторно зацврстете ја матрицата (4) како што е опишано погоре.
За брановидни и профилни лимови со дебелина од 1,2 mm:
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните алати во домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Електричните алати кои повеке не се употребливи мора да се фрлаат посебно. Користете ги предвидените системи за собирање.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луғето поради можното присуство на опасни материи.