GCM 10 MX Professional - Пила за аголни сечења BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GCM 10 MX Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GCM 10 MX Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пила за аголни сечења во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GCM 10 MX Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GCM 10 MX Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GCM 10 MX Professional BOSCH
Македонски...... Страница 240
Srpski ...... Strana 251
Slovenščina ....Stran 260
Hrvatski ....Stranica 270
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност на електрични алати
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ње се зголеми ризикот од струен удар.
▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат.
Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ће доведат до намалување на лични повреди.
▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
▶ Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното
користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
He го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
▶ Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
Безбедносни предупредувања за аголни пили
▶ Аголните пили се наменети за сечење дрво или слични производи, не може да се употребуваат со
абразивни дискови за сечење на обоени метали, како на пр. шипки, прачки, шајки и др. Абразивната прашина предизвикува блокирање на ротирачките делови, како што е долниот штитник. Искрите од абразивно сечење го горат долниот штитник, засекот и пластичните делови.
▶ Користете стегачи за држење на делот што се обработува кога постои можност. Ако го потпирате делот што се обработува со рака, раката постојано мора да биде на оддалеченост од најмалку 100 mm од двете страни на сечилото од пилата. Не ја користете оваа пила за сечење на многу мали парчиња што не може безбедно да се зацврстат или да се држат со рака. Ако раката ја ставите премногу блиску до сечилото на пилата, постои голема опасност од повреда ако го допрете сечилото.
▶ Делот што се обработува мора да биде статичен и прицврстен, или да се држи и за граничникот и за масата. Не го ставајте делот што се обработува во сечилото или жлебот со слободна рака. Слободен или неприцврстен дел што се обработува може да се отфрли со голема брзина и да предизвика повреда.
▶ Притиснете ја пилата низ делот што се обработува. Не ја влечете пилата низ делот што се обработува. За да пресечете, подигнете ја главата на пилата и повлечете ја преку делот што се обработува без сечење, включете го моторот, притиснете ја главата на пилата надолу и турнете ја пилата низ делот. Со повлекување на пилата додека сечете сечилото може да се искачи на врвот на делот што се обработува и силно да го отфрли склопот на сечилото кон операторот.
▶ Не ги прекrstувајте рацете врз одредената линија за сечење пред и зад сечилото на пилата. Држење на делот што се обработува со вкрстени раце т.е. држење на делот на десната страна од сечилото на пилата со лева рака или обратно е многу опасно.
He посегнувајте зад граничникот на растојание помало од 100 mm од двете страни на сечилото за да ги отстраните дрвените остатоци или заради друга причина додека сечилото ротира. Може да не забележите колку блиску е сечилото до вашата рака и може сериозно да се повредите.
▶ Разгледајте го делот што се обработува пред да започнете со сечење. Ако делот што се обработува е накривен или навален, прицврстете ја надворешната навалена страна на граничникот. Секогаш проверувајте дали има празнина меѓу делот што се обработува, граничникот и масата покрај линијата на сечење. Накривен или навален дел што се обработува може да се извитка или помести и да предизвика виткање на сечилото кое ротира при сечење. Не смее да има шајки или други надворешни предмети во делот што се обработува.
He ја употребувајте пилата ако на масата, освен делот што се обработува, има алати, дрвени остатоци и др. Мали остатоци или расфрлани
парчиња дрво или други предмети ако се допрат до ротирачкото сечило може да се расфрлат со голема брзина.
▶ Сечете само еден дел истовремено. Повеќе парчиња не може соодветно да се зацврстат или поврзат и може да се фатат за сечилото или да се изместат во текот на сечењето.
▶ Проверете дали пилата за сечење под агол е монтирана или наместена на рамна, цврста работна површина пред да ја користите. Рамна и цврста работна површина го намалува ризикот пилата за сечење под агол да стане нестабилна.
Испланирајте ја работата. Кога ће ја промените косината или подесениот агол на закосување, проверете дали граничникот кој се подесува е правилно поставен за држење на делот што се обработува и дека нема да го попречува сечилото или заштитниот систем. Без вклучување на алатот на „ON“ и без делот што се обработува на масата, движете го сечилото на пилата низ целосно симулиран пресек за да проверите дали има некакви пречки или опасност да се пресече граничникот.
▶ Обезбедете соодветен потпирач, како на пр., додаток на масата, ногарки за потпора на пилата и др., за дел што се обработува кој е поширок или подолг од горниот дел на масата. Ако деловите што се обработуваат се подолги или пошироки од пилата за сечење под агол може да се навалат доколку не се зацврстени. Ако отсечен дел или дел што се обработува се навали, може да го подигне долниот штитник или да биде отфрлено од ротирачкото сечило.
He користете друго лице како замена за додаток на масата или како дополнителен држач. Нестабилен држач за делот што се обработува може да предизвика зафаќање на сечилото или поместување на делот што се обработува во текот на сечењето и да ве повлече вас и помошникот кон ротирачкото сечило.
Отсечен дел не смее да се заглави или притиска кон ротирачкото сечило. Ако е ограничено, т.е. со помош на граничниците за должна, исечениот дел може да се заглави на сечилото и силно да се отфрли.
Постојано користете стега или прицврстувач правилно дизајниран за држење на тркалезен материјал, како на пр., прачки или цевки. Прачките се склони кон вртење додека се сечат и предизвигуваат сечилото да го засекува и влече делот со вашата рака кон сечилото.
▶ Оставете сечилото да достигне целосна брзина пред да го допре делот што се обработува. Со ова ќе се намали ризикот делот што се обработува да биде отфрлен.
▶ Ако делот што се обработува или сечилото се заглави, исключете ја аголната пила. Почекајте сите подвижни делови да застанат и исключете го приклучокот од струја и/или извадете го пакувањето со батерии. Потоа извадете го заглавениот материјал. Ако продолжите да сечете со
заглавен дел што се обработува може да изгубите контрола или да ја оштетите пилата.
Откако ће завршите со сечењето, ослободете го копчето, држете ја главата на пилата надолу и почекајте сечилото да застане пред да го извадите исечениот дел. Приближување на раката до сечило кое сè уште врти е опасно.
Држете ја рачката цврсто кога правите нецелосен засек или кога го ослободувате копчето пред пилата да биде ставена во целосна надолна позиција. Сопирањето на пилата може да предизвика главата на пилата ненадејно да биде повлечена надолу и да предизвика опасност или повреда.
He отпуштајте ја рачката ако главата на пилата ја има достигнато најдолната позиција. Секогаш враćајте ја рачно главата на пилата до најгорната позиција. Ако главата на пилата се движи неконтролирано, тоа може да доведе до ризик од повреди.
▶ Одржувајте ја чистотата на работното место.
Мешавините на материјали се особено опасни. Правта од лесен метал може да се запали или експлодира.
He користете тапи, пукнати, свиткани или оштетени листови за пила. Листовите на пилата со тапи или неправилни запци, заради претесниот резен процеп, предизвикуваат зголемено триење и заглавување на листот на пилата или повратен удар.
▶ Не користете листови за пила од високо легиран брзорезен челик (HSS-челик). Таквите листови на пила може лесно да се скршат.
▶ Секогаш користете сечила со точна големина и форма (дијамантски наспроти тркалезни) за арбор дупки. Сечила кои не одговараат на металниот дел за монтирање на сечилото ќе излезат од средиштето, што ќе предизвика губење на контрола.
▶ Никогаш не ги отстранувајте остатоците од сечењето, дрвените струготини и сл. од полето за сечење, додека е включен електричниот уред.
Најпрво ставете ја рачката на апаратот во позиција на мирување и потоа исключете го електричниот апарат.
▶ Не го факајте листот од пилата по работата, додека не се олади. Листот за пилата за време на работата се вжештува.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат.
Не посегнувајте со дланките во полето на сечење, додека работи електричниот алат. Доколку дојдете во контакт со сечилото за пила постои опасност од повреда.

Носете маска за заштита од прав.

Носете заштитни очила.

Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот.

Опасна зона! Држете ги дланките, прстите или рацете колку е можно подалеку од оваа зона.
∅ 20mm √ 30mm
Внимавајте на димензиите на листот за пилата. Дијаметарот на отворот мора точно да биде наместен на вретеното на алатот. Доколку е неопходно користење на редуцирни делови, внимавајте димензиите на редуцирниот дел да одговараат на дебелината на листот за сечење и на дијаметарот на отворот на листот за пилата, како и на дијаметарот на вретеното на алатот. Доколку е можно, со листот за пилата користете ги испорачаните редуцирни делови.
Дијаметарот на сечилото за пила мора да одговара на податоците на ознаката.

При сечење на вертикални агли на закосување подесливите гранични водилки мора да се повлечат сосема нанадвор одн. целосно да се отстранат.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат, како стационарен уред, е наменет за изведување должински и напречни резови со прав тек на сечење. Притоа се возможни хоризонтални агли на закосување од -47° до +52° како и вертикални агли на закосување од 0° до 45°.
Капацитетот на електричниот алат е предвиден за сечење на тврдо и меко дрво, како и иверки и фибер плочи, како и алуминиум и пластика.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Заштитен капак
(2) Лост за олабавување на рачката на алатот
(3) Дршка
(4) Прекинувач за вклучување/исклучување
(5) Осцилаторен заштитен капак
(6) Гранична водилка
(7) Маса за сечење
(8) Отвори на столарската стега
(9) Плоча за вметнување
(10) Копче за фиксирање на саканиот агол на закосување (хоризонтално)
(11) Лост за претходно поставување на аголот на закосување (хоризонтално)
(12) Агломер за аголот на закосување (хоризонтално)
(13) Скала за аголот на закосување (хоризонтално)
(14) Отвори за монтажа
(15) Жлебови за држење
(16) Отвори за продолжниот држач
(17) Подеслива гранична водилка
(18) Столарска стега
(19) Кеса за прав
(20) Одбивач на струготини
(21) Пеперутка-завртка за фиксирање на подесливата гранична водилка
(22) Клуч со внатрешна шестаголна глава (6 mm)/ крстест одвртувач
(23) Завртка-граничник за 45°-агол на закосување (вертикално)
(24) Држач за заштита од превртување
(25) Исфрлувач на струготини
(26) Затезна дршка за саканиот агол на закосување (вертикално)
(27) Транспортен осигурувач
(28) Транспортна дршка
244 | Македонски
(29) Блокада за вретеното
(30) Завртка за подесување на граничникот за длабочина
(31) Агломер за аголот на закосување (вертикално)
(32) Скала за аголот на закосување (вертикално)
(33) Завртка-граничник за 0°-агол на закосување (вертикално)
(34) Отвори за држач за заштита од превртување
(35) Сет за прицврстување „Држач за заштита од превртување“
(36) Продолжен држач
(37) Завртка за прицврстување за продолжниот држач
(38) Крестест одвртувач (прицврстување на осцилаторната заштитна хауба)
(39) Завртка со внатрешна шестаголна глава за прицврстување на сечилото за пила
(40) Стезна прирабница
(41) Сечило за пила
(42) Внатрешна стезна прирабница
(43) Пеперутка-завртка за прилагодување на висината на столарската стега
(44) Навојна прачка
(45) Жлебови за стандарден агол на закосување (хоризонтално)
(46) Завртки за плочата за вметнување
(47) Завртки со внатрешна шестаголна глава на граничната водилка
(48) Завртка за агломерот (вертикално)
Технички податоци
| Пила за отсекување исечење под агол | GCM 10 MX | |
| Број на дел | 3 601 M2902.3 601 M29OP. | |
| Номинална јачина W 1700 | ||
| Број на вртежи во празен од min | 1 | 4800 |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | kg 16,8 | |
| Класа на заштита | ☐/II | |
Дозволени димензии на делот што се обработува (максимум/минимум):(види „Дозволени димензии на делот што се обработува“, Страница 248)
Податоциите важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Само за електрични алати без ограничување на стартната струја: Посталките на вклучување создаваат краткотрајно пафање на напонот. Неповолните мрежни услови може да предизвикаат пречки кај другите уреди. При електрични импенданси помали од 0,209 омови нема пречки.
Апаратот ги исполнува барањата на IEC 61000-3-11 и е предмет на условно поврзување. Апаратот може да предизвика повремени флуктуации на напонот во неповолни услови за напојување. Импедансата на овој апарат е означена со Z_actual = 0,209 Ω. Корисникот мора да се осигура дека точката за поврзување, со импедансата Z_max , на која треба да се вклучи апаратот, го исполнува условот за импеданса: Z_actual ≥ Z_max . Ако Z_max е непозната, одредете ја Z_max во консултација со мрежниот снабдувач или органот за снабдување.
Димензии за соодветни сечила за пила
| Дијаметар на сечилото за пила | mm 254 |
| Дебелина на сечилото на пила | mm 1,8–2,8 |
| Дијаметар на отворот mm 30 |
Информација за бучава
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN IEC 62841-3-9.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 92 dB(A); ниво на звучна јачина 105 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вредноста на емисија на бучава наведена во овие упатства е измерена со нормирана постапка за мерење и може да се користи за меѓусебна споредба на електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на емисијата на бучава.
Наведената вредност на емисија на бучава се однесува на основната примена на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, вредноста на емисијата на бучава може да отстапува. Ова може значително да ја зголеми емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да ја намали емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Монтажа
▶ Избегнувајте невнимателно вклучување на електричниот алат. За време на монтажата и при сите интервенции на електричниот алат, струјниот приключок не смее да се прилучува на напојување на струја.
Обем на испорака

За тоа внимавајте на приказот на обемот на испорака на почетокот на упатството за употреба.
Пред првата употреба на електричниот алат, дали сите долу наведени делови се испорачани:
– Пила за отсекување и сечење под агол со монтирано
сечило за пила
- Кеса за прав (19)
- Столарска стега (18)
- Клуч со внатрешна шестаголна глава/крстест одвртувач (22)
– Држач за заштита од превртување (24) со сет за прицврстување (35) (2 завртки, 2 подлошки, 2 правоаголни навртки)
Напомена: Проверете дали на електричниот алат има евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат, мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и соодветни на намената. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат поправени или заменети од страна на овластена сервисна работилница.
Монтажа на поединечните делови
– Внимателно извадете ги сите испорачани делови од амбалажата.
– Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и од испорачаната опрема.
Монтирање на држачот за заштита од превртување (види слика А)
Пред првата употреба на електричниот алат мора да го монтирате држачот за заштита од превртување (24). За монтажа користете го сетот за прицврстување „држач за заштита од превртување“ (35).
- Ставете ги четириаголните навртки (35) во предвидените отвори (34) во основната плоча.
– Ставете ги подлошките (35) на завртките за прицврстување (35) и прицврстете го држачот за заштита од превртување (24) со употребените навртки.
▶ Никогаш не го отстранувајте држачот за заштита од превртување. Без заштитата од превртување, електричниот алат нема да биде стабилен и може да се преврти при сечење на максимальни агли на закосување.
Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Кон дополнителниот продолжеток на масата за пила може да монтирате и продолжниот држач од левата и десната страна на електричниот алат.
- Ставете го продолжниот држач (36) на двете страни од електричниот алат до крај во соодветните отвори (16).
– Прицврстете ги завртките за прицврстување (37) заради заштита на продолжниот држач.
Фиксна или флексибилна монтажа
За да се овозможи безбедно ракување, електричниот алат мора да се монтира предупотребата на рамна и стабилна работна површина (на пр. работна клупа).
– Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки на работната површина. За тоа служат отворите (14). или
- Зацврстете ги ногарките на електричниот алат со обични столарски стеги на работната површина.
GTA-работните маси на Bosch му нудат стабилност на електричниот алат на секоја подлога со помош на ногарките што се подесливи во висина. Подлогите за делот што се обработува на работната маса служат како потпора на подолгите делови за обработка.
▶ Прочитајте ги сите напомени за предупредување и упатства што се приложени на работната маса. Грешките настанати при непридржување до напомените за предупредување и упатствата може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
- Монтирајте ја правилно работната маса, пред да го монтирате електричниот алат. Беспрекорната монтажа е важна за избегнување на ризикот од расклопување. - Монтирајте го електричниот алат во транспортна положба на работната маса.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Всисувачот за прав/струготини може да се блокира поради прав, струготини или скршени парчиња од делот што се обработува.
– Исключете го електричниот алат и извлечете го струјниот приклучок од приклучницата.
– Почекајте додека сечилото за пила целосно не дојде во Costaјба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Сопствено всисување (види слика D)
За едноставно собирање на струготините користете ја испорачаната єеса за прав (19).
- Ставете ја кесата за прав (19) на исфрлувают на струготини (25).
За време на сечењето, кесата за прав никогаш не треба да дојде во допир со подвижните делови на уредот.
Редовно празнете ја кесата за прав.
▶ Проверете ја и исчистете ја кесата за прав по секоја употреба.
▶ За да избегнете опасност од пожар, при сечење на алуминиум, извадете ја кесата за прав.
Надворешно всисување
За всисување, на исфрлувают на струготини (25) може да приключите и црево за всисување на прав (∅ 35 mm).
– Поврзете го цревото за всисување на прав со исфрлувачот на струготини (25).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ При ставањето на сечилото за пила носете заштитни ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила постои опасност од повреда.
Употребувајте само сечила за пила, чија максимально дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи на вашиот електричен алат.
Користете само сечила за пила, кои одговараат на наведените податоци во ова упатство за употреба или се проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само сечила за пила, што се препорачани од производителот на овој електричен алат и се погодни за материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе спречи прекумерно загревање на запците на пилата за време на сечењето.
Вадење на сечилото за пила
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Притиснете на рачката (2) и навалете го
осцилаторниот заштитен капак (5) наназад до крај.
Држете го осцилаторниот заштитен капак во оваа позиција.
– Олабавете ја завртката (38) со испорачаниот крестест одвртувач (22) колку да можете да го навалите елементот за прицврстување на осцилаторната заштитна хауба до крај наназад.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава (39) со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава (22) и истовремено притиснете ја блокадата за вретеното (29), додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното (29) и одвртете ја завртката (39) во правец на стрелките на часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница (40).
– Извадете го сечилото за пила (41).
Монтирање на сечилото за пила
▶ При монтажата, внимавајте правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пила) да се совпаја со правецот на стрелката на заштитниот капак!
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.
– Ставете го новото сечило за пила на внатрешната стезна прирабница (42).
– Поставете ги стезната прирабница (40) и завртката (39). Притиснете ја блокадата на вретеното (29), додека не се вклопи и затегнете ја завртката во правец спротивен на стрелките на часовникот.
– Притиснете ја осцилаторната заштитна хауба (5)
нанапред надолу додека завртката (38) не посегне во соодветниот отвор.
Притоа евентуално їе морате рачката на алатот да ја држите за дршката, за да се подеси преднапонот на осцилаторната заштитна хауба.
– Повторно прицврстете ја осцилаторната заштитна хауба (5) затегнете ја завртката (38).
– Притиснете на лостот (2) и повторно водете ја осцилаторната заштитна хауба надолу.
▶ При поставување на затезната прирабница внимавајте на тоа, широката страна да покажува кон сечилото за пила. При обратно вградување, сечилото за пила не може да се прицврсти.
Употреба
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
Транспортниот осигурувач (27) Ви овозможува лесно ракување со електричниот алат при транспорт на различни места на примена.
Отклучување на електричниот алат (работна позиција)
– Притиснете ја надолу дршката на рачката на алатот (3), за да го ослободи транспортниот осигурувач (27).
– Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот осигурувач (27).
- Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Напомена: При работењето внимавајте на тоа, транспортниот осигурувач да не е притиснат навнатре, инаку рачката на алатот нема да може да се навали на саканата длабочина.
Прицврстување на електричниот алат (позиција за транспорт)
– Повлечете го граничникот за длабочина навнатре, додека рачката на алатот не може целосно да се навали надолу за дршката (3).
– Притиснете на лостот (2) и истовремено навалувајте ја рачката на алатот со дршката (3) надолу додека транспортниот осигурувач (27) не се притисне сосема навнатре.
Сега кракот на алатот е безбедно блокиран за транспорт.
Подготовка за работа
За гарантирање на прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите. За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален алат. Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.
При сечење на вертикални агли на закосување мора да ја поместите подесливата гранична водилка (17).
- Олабавете ја пеперутка-завртката (21).
– Целосно извлечете ја граничната водилка (17) нанадвор.
- Повторно затегнете ја пеперутка-завртката (21).
По сечење на вертикалните агли на закосување, повторно вратете ја назад подесливата гранична водилка (17) (олабавете ја пеперутка-завртката (21); поместете ја граничната водилка (17) целосно навнатре; повторно зетегнете ја пеперутка-завртката).
Прицврстување на делот што се обработува (види слика Н)
За овозможување на оптимална работна безбедност, секогаш мора добро да го прицврстите делот што се обработува. Не обработувајте парчиња, кои се премали за добро да се зацврстат.
– Притиснете го делот што се обработува кон граничните водилки (6) и (17).
– Вметнете ја испорачаната столарската стега (18) во отворите предвидени за таа намена (8).
- Олабавете ја пеперутка-завртката (43) и подесете ја столарската стега на делот што се обработува. Повторно затегнете ја пеперутка-завртката.
– Цврсто затегнете ја навојната прачка (44) и со неа фиксирајте го делот што се обработува.
Олабавување на делот што се обработува
– За да ја олабавите столарската стега, свртете ја навојната прачка (44) во правец спротивен на стрелките на часовникот.
Подесување на хоризонталниот агол на закосување
Поставување на хоризонтални стандартни агли на закосување (види слика I)
За брзо и прецизно подесување на често користени хоризонтални агли на закосување на масата за пила има жлебови (45):
лево десно
0°
45^;30^;22,5^;15^15^;22,5^;30^;45^
– Отпуштете го копчето за фиксирање (10), доколку е затегнато.
– Повлечете го лостот (11) и свртете ја масата за пила (7) до саканиот жлеб на левата или десната страна.
– Повторно отпуштете го лостот. Лостот мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (10).
Поставување на саканите хоризонтални агли на закосување (види слика I)
Хоризонталниот агол на закосување може да се поставува во опсег од 47° (на левата страна) до 52° (на десната страна).
– Отпуштете го копчето за фиксирање (10), доколку е затегнато.
– Притиснете на лостот (11), свртете ја масата за пила (7) со копчето за фиксирање кон лево или десно и со помош на агломерот (12) наместете го посакуваниот хоризонтален агол на закосување.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (10).
Подесување на вертикалниот агол на закосување
Вертикалниот агол на закосување може да се поставува во опсег од 0° (на левата страна) до 45° (на десната страна).
За брзо и прецизно подесување на често користени вертикални агли на закосување, предвидени се фиксни позиции за агли од 0° и 45°.
Поставување на вертикални стандартни агли на закосување (види слика J)
За брзо и прецизно подесување на стандартниот агол предвидени се фабрички поставените завртки- граничници ((33) и (23)).
- Олабавете ја затегнувачката рачка (26).
248 | Македонски
– Навалете ја рачката на алатот на дршката (3) до крај на десно (0°) или до крај на лево (45°).
- Повторно цврсто стегнете ја затегнувачката рачка (26).
Поставување на саканиот вертикален агол на закосување (види слика J)
- Олабавете ја затегнувачката рачка (26).
- Рачката на алатот навалете ја на дршката (3), додека агломерот (31) не го прикаже саканиот агол на закосување.
– Држете ја рачката на алатот во оваа позиција и повторно затегнете ја затегнувачката рачка (26).
Ставање во употреба
Секогаш затегнете ги копчето за фиксирање (10) и затегнувачкиот лост (26) пред сечењето. Инаку сечилото за пила може да се заглави во делот што се обработува.
- За ставање во употреба притиснете го прекинувачот за включување/исклучување (4) и држете го притиснат.
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувают за включување/исклучување (4) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата. Само со притискање на лостот (2) рачката на алатот може да се спушки надолу.
- За сечење дополнително кон активирањето на прекинувают за включување/исклучување (4) мора да го притиснете лостот (2).
Исклучување
- За исклучување отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4).
Сечење
Општи напомени за сечење
- Секогаш затегнете ги копчето за фиксирање (10) и затегнувачкиот лост (26) пред сечењето. Инаку сечилото за пила може да се заглави во делот што се обработува. - При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека сечилото за пила во ниеден момент нема да ја допре граничната водилка, столарските стеги или другите делови на уредот. Извадете го евентуално монтираниот помошен граничник или соодветно подесете го.
Заштитете го сечилото за пила од удари. Не го изложувајте сечилото за пила на страничен притисок.
Сечете само материјали, кои се дозволени за наменската употреба.
Не обработувајте искривени делови. Делот што се обработува мора да има секогаш прав раб за поставување на граничната водилка.
Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат. Проверете дали осцилаторната заштитна хауба може правилно да функционира и дали може слободно да се движи. Кога ја водите рачката на алатот надолу, мора да го отворите осцилаторниот заштитен капак. Кога го водите рачката на алатот нагоре, осцилаторниот заштитен капак мора да се затвори преку сечилото за пила и да се фиксира во најгорната позиција на кракот на алатот.
He застанувајте во една линија со сечилото за пила пред електричниот алат, туку секогаш странично од сечилото за пила. На тој начин, Вашето тело е заштитено од можен повратен удар.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од ротирачкото сечило за пила.
– Не ги прекrstувајте дланките пред рачката на алатот.
Сечење (отсекување)
– Прицврстете го делот што се обработува согласно димензиите.
– Поставете го саканиот хоризонтален и/или вертикален агол на закосување.
– Подесете ја висината на завртката за подесување (30) на тој начин, што делот што се обработува може целосно да биде пресечен со пилата.
– Включете го електричниот алат.
– Притиснете го лостот (2) и рачката на алатот водете ја полека надолу со дршката (3).
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
- Исключете го електричниот алат и почекајте додека сечилото за пила не дојде целосно во состојба на мирување.
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Совети при работењето
Дозволени димензии на делот што се обработува Максимални делови за обработка:
| Хоризонтален аголназакосување | Вертикален агол назакосување | Висина х ширина [mm] | |
| при макс.висина | при макс.ширина | ||
0^ 0^ 89 × 8962 × 130
45^0^86× 6765× 91
0°45°44×95 32×130
45° 45° 44 x 67 32 x 91
Минимални делови за обработка (= сите делови за обработка, што може да се затегнат со испорачаните столарски стеги (18) лево или десно од сечилото за пила): 110 x 130 mm (должина х ширина)
Максимална длабочина на резот (0°/0°): 89 mm
Подесување на граничникот за длабочина (сечење на жлеб) (види слика М)
Завртката за подесување (30) на граничникот за длабочина мора да биде завртена во правец на стрелките на часовникот, доколку сакате да исечете жлеб.
– Навалете ја рачката на алатот на дршката (3) во позиција во која ће се постигне саканата длабочина на жлебот.
– Завртете ја завртката за подесување (30) во правец на стрелките на часовникот додека крајот на завртката не го допре граничникот на куќиштето.
- Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Специјални делови за обработка
При сечење на свиткани или тркалезни делови за обработка, мора добро да ги обезбедите од лизгање. На линијата на сечење не смее да постои процеп меѓу делот што се обработува, граничната водилка и масата за пила. Доколку е потребно, мора да направите специјални држачи.
Менување на плочата за вметнување (види слика N)
Плочата за вметнување (9) може да се истроши по подолга употреба на електричниот алат.
Променете ја дефектната плоча за вметнување.
- Подесете го електричниот алат во работна позиција.
- Одвртете ги завртките (46) со помош на испорачаниот крестест одвртувач (22) и извадете ја старата плоча за вметнување.
– Прицврстете ја плочата за вметнување со завртките (46) што е можно по десно, така што по целата должна на можното сечење, сечилото за пилата нема да доаға во контакт со плочата за вметнување.
Обработка на профилни лајсни
Профилните лајсни може да се обработуваат на два различни начини:
| Позиционирањена делот што се обработува | Подна лајсна Плафонскилајсни |
– поставени кон граничната водилка

– плоснато лежејки на масата за пила

Секогаш проверете го поставениот агол на закосување (хоризонтален и/или вертикален) најпрво на отпадно дрво.
Проверка и подесување на основните поставки
За гарантирање на прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење
на електричниот алат и евентуално да ги подесите. За тоа ви е потребно искусство и соодветен специјален алат. Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.
Израмнување на граничната водилка
– Подесете го електричниот алат во транспортна позиција.
– Свртете ја масата за пила (7) до жлебот (45) за 0°.
Лостот (11) мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Целосно извлечете ја граничната водилка (17) нанадвор.
– Поставете аголно мерило на 90° помеѓу граничната водилка и поставете го рамно со сечилото за пила (41) помеѓу граничната водилка (6) и сечилото за пила на масата за пила (7).
Кракот од аголното мерило мора да биде рамен со граничната водилка по целата должна.
- Олабавете ги сите завртки со внатрешна шестаголна глава (47) со испорачаниот внатрешен шестаголен клуч (22).
– Свртете ја граничната водилка (6) додека аголното мерило не лежи прецизно по целата должна.
– Повторно затегнете ги завртките.
Подесување на вертикален стандарден агол на закосување 0°
– Подесете го електричниот алат во транспортна позиција.
- Свртете ја масата за пила (7) до жлебот (45) за 0°.
Рачката (11) мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Поставете го агломерот 90° и ставете го на масата за пила (7).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата должна со сечилото за пила (41).
- Олабавете ја затезната дршка (26).
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник (33) со обичен прстенест или вилушкаст клуч (13mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или нанадвор, додека кракот од аголното мерило не е ramен по целата должна со сечилото за пила.
– Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка (26).
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на завртката-граничникот (33).
Доколку по подесувањето агломерот (31) не е во линија со 0°-ознаката на скалата (32) олабавете ја завртката (48) со обичен крестест одвртувач и насочете го агломерот по должина на 0°-ознаката. (види слика R)
Подесување на вертикален стандарден агол на закосување 45°
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
250 | Македонски
- Свртете ја масата за пила (7) до жлебот (45) за 0°.
Лостот (11) мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Олабавете ја затезната дршка (26) и навалете ја рачката на алатот со дршката (3) до крај во лево (45°).
- Поставете го аголното мерило 45° и ставете го на масата за пила (7).
Кракот на аголното мерило мора да биде прецизен по целата должна со сечилото за пила (41).
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник (23) со обичен прстенест или вилушкаст клуч (13 mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или нанадвор, додека кракот од аголното мерило не е рамен по целата должна со сечилото за пила.
- Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка (26).
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на завртката-граничникот (23).
Доколку агломерот (31) по подесувањето не е во исталинија со 45°-ознаката на скалата (32) најпрво проверете ја повторно 0°-поставката за вертикалниот агол на закосување и агломерот. Потоа повторете гоподесувањето за вертикалниот 45°-агол на закосување.
Пред транспортот на електричниот алат мора да ги извршите следните чекори:
– Подесете го електричниот алат во транспортна позиција.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може цврсто да се монтираат на електричниот алат. Ставете ги неискористените сечила за пила во затворена кутија, доколку сакате да ги транспортирате.
– Електричниот алат носете го со транспортната рачка (28) или фатете го за жлебовите за држење (15) странично на масата за пила.
▶ За транспортирање на електричниот алат, користете ги секогаш уредите за транспорт, а не заштитните уреди.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приключен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
Осцилаторниот заштитен капак мора секогаш да се движи слободно и самостојно да се затвора. Пределот околу осцилаторниот заштитен капак секогаш треба да биде чист.
Отстранете ја правта и струготините со издувување со компресиран воздух или со четка по секоја работна постапка.
Опрема
| Број на дел/артикл |
Сечила за пила за цврсто дрво, композитни материјали, пластика и неметали
| Сечило за пила 254 x 30 mm, 96запци | 2 608 640 451 |
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевик 47НЬ, број 3
1000 Скопје
E-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Mo6.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЖКА"
Јани Лукровски 66; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
E-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Mo6:+389 70 388-520,-530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните алати во домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски уреди и нивната имплементација во националното право, електричните алати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луғето поради можното присуство на опасни материи.