GBK120RN - клима уред GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GBK120RN GORENJE во PDF формат.

GORENJE GBK120RN - клима уред
📄 68 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice GORENJE GBK120RN - page 35
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Вид на производ Комбиниран бојлер (електричен + разменувач на топлина)
Модел GBK120 LN/RN
Волумен 120 L
Номинален притисок 0.6 MPa
Тежина без вода 62 kg
Тежина со вода 182 kg
Димензии (дијаметар) 500 mm
Димензии (висина) 1103 mm
Моќност на електричен грејач 2000 W
Напон на приклучување 230 V~
Класа на заштита I
Степен на заштита IP25
Време за загревање до 75°C 4 часа 35 минути
Мешана вода на 40°C 226 L
Потрошувачка на енергија (24h на 65°C) 1.77 kWh/24h
Антикорозивна заштита Емајлиран резервоар и магнезиумска анода
Опсег на термостат 25°C - 75°C (препорачано економично поставување на 55°C)
Сигурносен вентил Интегриран неповратен сигурносен вентил
Површина на разменувач на топлина 0.88 m²
Моќност на разменувач на топлина 17,600 W
Тип на приклучување Затворен систем под притисок или отворен систем без притисок
Монтирање Монтирање на ѕид (само вертикално поставување за GBK модели)
Одржување Секои 2 години од овластен сервис; проверете ја анодата и отстранувајте каменец
Чистење Благ раствор на детергент; без растворувачи или абразиви

Често поставувани прашања - GBK120RN GORENJE

Која е разликата помеѓу GB и GBK бојлерите?
Серијата GBK е комбиниран бојлер со дополнителен разменувач на топлина за алтернативни извори на енергија (пр. сончева, централно греење), додека серијата GB е чисто електрична.
Може ли да го користам GBK120 со соларен систем за греење?
Да, GBK120 има вграден разменувач на топлина дизајниран за поврзување со соларни колектори или други медиуми за греење. Влезот е означен со сино, а излезот со црвено.
Која е препорачаната поставка на термостат за заштеда на енергија?
Поставете го термостатот на позиција E (приближно 55°C) за оптимална економичност, намалувајќи го талогот од каменец и загубата на топлина.
Како да го испразнам бојлерот?
Исклучете го напојувањето, отворете ги славините за топла вода, потоа испразнете преку приклучокот за влез. Ако нема вентил за одвод, користете го лостот на сигурносниот вентил на позиција Тест. Останатата вода може да се отстрани со отстранување на прирабницата за греење.
Колку често треба да го проверувам сигурносниот вентил?
Секои 14 дена. Отворете го вентилот рачно за да се уверите дека водата тече; ако не, може да е блокиран и потребно е сервисирање.
Што треба да направам ако капе вода од сигурносниот вентил?
Ова е нормално поради зголемување на притисокот. Одведете ја капната вода до одвод, или инсталирајте резервоар за проширување од 3 литри на влезната цевка за да го намалите капењето.
Може ли GBK120 да се инсталира хоризонтално?
Не. Само моделите GBL 50 и GRL 80 можат да се монтираат хоризонтално. Сите GBK модели мора да се инсталираат вертикално и монтирани на ѕид.
Каква е антикорозивната заштита на резервоарот?
Резервоарот е емајлиран и опремен со магнезиумска анода која треба да се проверува на секои две години од овластен сервис.
Како да го поврзам повратниот цевковод за топла вода?
Отстранете го пластичниот капак и одвртете го затворачот на врвот на бојлерот за да го поврзете повратниот цевковод. Ова овозможува моментална топла вода на сите излези.
Што треба да направам ако бојлерот не грее?
Проверете го напојувањето и поставката на термостат. Ако контролното светло е вклучено, но нема топлина, грејниот елемент може да е дефектен. Контактирајте овластена сервисна работилница за поправка.

Прашања на корисниците за GBK120RN GORENJE

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Вашата е-пошта останува приватна: се користи само за да ве известиме ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот клима уред во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GBK120RN - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GBK120RN на марката GORENJE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GBK120RN GORENJE

Упатства за употреба 35

Упатства за употреба 39

Почитуван купувач, ви благодариме за довербата што ни ја искажувате со купувањето на нашиот производ!

Грејачот е изработен согласно со важечките стандарди и официјално испитан, исто така за него се издадени сертификат за безбедност и сертификат за електромагнетна компатибилност. Нејзините основни технички карактеристики се наведени на натписната таблица која е залепена помеѓу приклучните цевки. На водоводна и електрична мрежа греалката смее да ја приклучува само за тоа оспособено стручно лице. Посегање во нејзината внатрешност заради поправка, одстранување на варовник и проверка или замена на анодата за заштита од корозија може да врши само за тоа овластена сервисна служба.

ВГРАДУВАЊЕ

Греалката вградете ја што поблиску до изливното место. На ѕидот прицврстете ја со две завртки за ѕидови, со номинален пречник од најмалку 8 mm. Ѕидовите и таваните со слаба носивост морате, на местото каде што ќе ја прикачите греалката, соодветно да ги зајакнете. Греалките GBK прицврстувајте ги на ѕид само вертикално. Водорамно на таван можете да ги прицврстувате само греалките GBL 50 и GBL 80. Прицврстување на тие греалки на ѕид или на под не е правилно бидејќи можат да се оштетат.

ТипGBL 50 GB L80 GBK 80 L/DGBK 100 L/DGBK 120 L/DGBK 150 L/DGBK 200 L/D
МоделGBL 50 NGBL 80 NGBK 80 LN/RNGBK 100 LN/RNGBK 120 LN/RNGBK 150 LN/RNGBK 200 LN/RN
Зафатнина [I]508080100120150200
Номинален притисок [MPa]0,6
Тежина / наполнет со вода [kg]27/7733/11351/13156/15662/18272/22290/290
Протиекорозиона заштита на котелотЕмајлиран / Mg анода
Јачина на електричниот грејач [W]2000
Приклучен напои [V~]230
Заштитна класаI
Степей заштитеIP 25
Време на загревање до 75 ст 1) [h] 155 305 305 355 435 545 740
Количество на мешана бобе при 40 ст [I]80117151189226276360
Употреба на енергија 2) [kWh/24h]1,201,461,391,581,772,052,50

1) Време на загревање на целокупната зафатнина на греалката со електричниот грејач при влезна температура на студена вода од водовод до 15 °C.

2) Енергиските загуби при одржувањето на постојаната температура во греалката на 65 °C и при температура на околината 20 °C, мерени според ДИН 44532.

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРЕНОСИТЕЛОТ ТОПЛИНА

GBK 80 L/DGBK100 L/DGBK 120 L/DGBK 150 L/DGBK 200 L/D
Номинален притисок [MPa]0,6
Најголема влезна температура на грејната течност [°C]85
Површина на преносителот [m2]0,720,88
Топленток на преносителотнатоплина3) [W]1440017600

3) грејна течност: влезна температура 70 °C, проток 3000 l/h.

Санитарна вода: влезна температура 10 °C, излезна температура 45 °C, проток 437 l/h.

GBL 50 GBL 80 GBK 80 GBK 100 GBBK 120 GBK150 GBK 200
A 583 803 803 948 1103 138 1510
B 187 207 207 2202 207 222430
C 145 345 565 715 865 1065 1050
D340416416416416

Мерки на апаратот за вградување и приклучување во [mm] GBK 80 - 200

GBL 50-80Ø500 B C D A 230 G1/2 100 Десен приключок G3/4 350 100 507 Лев приключок G3/4

G1/2 220 C B φ500 A

350 100 100 507

ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОДНА МРЕЖА

Цевките за довод и одвод на вода се обоени. Доводот на студена вода е обоен со модра, а одводот на топла вода со црвена боја. Греалката можете да ја приклучите на водоводна мрежа на два начина. Затворениот, притисен систем на приклучување овозможува употреба на вода од повеќе изливни места, отворениот систем без притисок пак дозволува само едно изливно место. Зависно од избраниот систем на приклучување морате да обезбедите и соодветни мешалки батерии. Кај отворениот систем без притисок, пред греалката морате да вградите сигурносен вентил кој го спречува истечувањето на водата од котелот ако во водоводната мрежа нема вода. Кај тој систем на приклучување морате да употребите проточна мешалка батерија. Во греалката заради загревање се зголемува волуменот на водата, а тоа предизвикува капење од цевката на мешалната батерија. Капењето не можете да го спречите ниту со затегање на рачката на мешалната батерија. Со тоа можете батеријата само да ја оштетите. Кај затворениот притисен систем на приклучување морате на изливните места да употребите притисни мешалки батерии. На доводната цевка поради безбедност на работењето задолжително треба да се вгради сигурносен вентил или сигурносна група, која спречува повишување на притисокот во котелот за повеќе од 0,1 MPa над номиналниот. Кај загревањето на водата во греалката, притисокот на водата во котелот се зголемува до границата која е регулирана во сигурносниот вентил. Бидејќи враќањето на водата назад во водоводната мрежа е спречено, може да се појави капење на вода од изливниот отвор на сигурносниот вентил. Водата која капе можете да ја насочите во одводот преку ловецот, кој морате да го наместите под сигурносниот вентил. Одводната цевка наместена под испустот на сигурносниот вентил мора да биде наместена во насока право надолу и на место каде што не замрзнува.

Во случај ако поради несоодветно изведената инсталација немате можност водата што капе од повратниот безбедносен вентил да ја спроведете во одводот, капењето можете да го избегнете ако кај доводната цевка на грејачот вградите експанзионен сад со волумен од 3 l. За правилна работа на повратниот безбедносен вентил, самите вршете редовни контроли на секои 14 дена. При проверката треба со поместување на рачката или со одвртување на матицата на вентилот (зависно од видот на вентилот) да го отворите истекувањето од повратниот безбедносен вентил. При тоа, низ млазницата на вентилот за истекување треба да протече вода, што е знак дека вентилот е беспрекорен.

Помеѓу греалката и сигурносниот вентил не смеете да вградите затворен вентил, бидејќи со тоа ќе го оневозможите делувањето на повратниот сигурносен вентил. Греалката можете да ја приклучите на водоводна мрежа без редуцирен вентил ако притисокот во мрежата е понизок од 0,5 МПа. Ако притисокот во мрежата е над 1,0 МПа, морате да вградите два редуцирни вентила еден под друг. Пред приклучувањето на електрична мрежа, греалката морате најпрвин да ја наполните со вода. Кај првото полнење, отворете ја рачката за топла вода на батеријата за мешање. Греалката е наполнета кога водата протечува низ изливната цевка на мешалната батерија.

graph TD A["Water System"] --> B["1"] B --> C["2"] C --> D["3"] D --> E["4"] E --> F["5"] G["Ottreated System"] --> H["1"] H --> I["2"] I --> J["3"] J --> K["4"] K --> L["5"] M["Saturation System (co-pritic)"] --> N["1"] N --> O["7"] O --> P["2"] P --> Q["3"] Q --> R["6"] R --> S["4"] S --> T["5"] U…

Легенда:

1 - Сигурносен вентил 2 - Пробен вентил 3 - Неповратен вентил 4 - Редуционен вентил за притисок 5 - Затворен вентил 6 - Пробна наставка 7 - Одливник со приклучок на одвод Н - Ладна вода T - Топла вода

graph TD A["Повратен вод"] --> B["Engine"] B --> C["Energy Storage Unit"] C --> D["Valve"] D --> E["Valve"] E --> F["Valve"] F --> G["Valve"] G --> H["Valve"] H --> I["Valve"] I --> J["Valve"] J --> K["Valve"] K --> L["Valve"] L --> M["Valve"] M --> N["Valve"] N --> O["Valve"] O --> P["Valve"] P -->…

Комбинираната греалка за вода GBK функционира како и електричната греалка GB, со таа разлика што има дополнително вграден топлотен менувач за загревање на санитарна вода со други енергетски извори (нпр. централно греење, сончеви колектори или топлотна пумпа). Системите на греење со електрична греалка и со топлотен менувач можат да работат истовремено или поединечно. Комбинираната греалка за вода приклучете ја на водоводна мрежа на ист начин како греалката GB, а освен тоа можете да ја приклучите и на дополнителен енергетски извор. Влезот на грејниот медиум во топлотниот менувач е одбележан со црвена боја, а излезот со модра. Греалката GBK можете да ја поврзете и со повратниот вод за топла вода. Повратниот вод за топла вода овозможува топла вода на сите одливни места истовремено. Повратниот вод наместете го на приклучокот на горната страна на греалката. Елементите на повратниот вод можете дополнително да ги набавите кај овластените продавачи на нашите производи.

ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА МРЕЖА

Пред приклучувањето на електрична мрежа, потребно е во греалката да вградите приклучен кабел и затоа морате да го извадите пластичниот заштитен капак. Тоа сторете го отстранувајќи ја плочката која е вградена во предната страна на капакот. Плочката можете да ја ослободите со помош на одвртувач кој внимателно го потискате најпрвин во отворот помеѓу вградената плочка и заштитната капа, а потоа покрај копчето на термосматот и на страната наспроти копчето. Кога ќе ја ослободите на двете страни, плочката можете да ја отстраните со рака. За да го симнете пластичниот заштитен капак, морате да го отстраните и копчето на термосматот и да ги одвртите двете прицврстувачки завртки. Постапката за наместување на заштитниот пластичен капак се одвива по обратен редослед.

Приклучувањето на греалката на електрична мрежа мора да се изведува согласно со стандардите за електрични инсталации. Бидејќи греалката нема елемент кој трајно би ја одвоил од електричната мрежа, потребно е на кабелската врска помеѓу греалката и трајната инсталација да се вгради таков прекинувач кој ги прекинува обата пола за напојување и со отворени контакти кои се меѓусебно оддалечени најмалку 3 мм.

Легенда:

1 - Термостат 2 - Биметален осигурувач 3 - Грејач (2 x 1000 W) 4 - Контролна ламбичка 5 - Приклучна спојка

L - Фазен спроводник N - Неутрален спроводник 1/2 - Заштитен спроводник

± N L 5 230 V~ 1 v> v 3 4

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пред секое посегање во нејзината внатрешност морате греалката обврзно да ја исклучите од електричната мрежа.

УПОТРЕБА И ОДРЖУВАЊЕ

По вклучувањето на водоводна и електрична мрежа, греалката е подготвена за употреба. Вртејќи го копчето на термостатот кое се наоѓа на предната страна на заштитниот капак, изберете ја бараната температура на водата помеѓу 25 и 75 степени. Ви препорачуваме регулација на копчето во положба "Е". Таквата регулација е најштедлива; на тој начин температурата на водата ќе биде приближно 55 степени, создавањето на варовник и топлотната загуба пак ќе бидат помали отколку кај регулирањето на повисока температура. Делувањето на електричната греалка го покажува контролната ламбичка. Греалките имаат на ивицата вграден термометар кој ја покажува температурата на водата. Ако греалката не ја употребувате подолго време, неговата содржина можете да ја заштитите од замрзнување без да ја исклучувате струјата, поставувајќи го копчето на термостатот во положба "*". Притоа греалката ќе ја одржува температурата на водата на приближно 10 степени. Ако греалката ја исклучите од електрична мрежа морате да ја испразните за да ја заштитите од замрзнување. Пред да се испушти водата, обавезно греачот мора да се исклучи од електричната мрежа. Потоа ја отвораме славината на една од батериите за топла вода којашто е приклучена на греачот. Водата од греачот ја пуштаме низ цевката за довод. Во овој смисол ви препорачуваме да вградите помеѓу сигурносниот вентил и доводната цевка соодветен вентил за испуст или Т елемент. Доколку го немате ова монтирано, греачот можете да го испразните низ испустот на сигурносниот вентил на тој начин, да го поставите лостот односно вртливата капа на вентилот во положба како за тестирање на вентилот. По испустот на водата од греачот низ цевката за довод, во греачот ќе ви остане мало количество на вода, коешто ќе го испразните со одвртување на работ од греачот.

Надворешноста на греалката чистете ја со благ раствор од прашок за перење. Не употребувајте разредувачи и груби средства за чистење. Со редовни сервисни прегледи ќе обезбедите беспрекорно делување и долг период на употреба на греалката. Гаранцијата против рѓосување на котелот е важечка само доколку сте ги изведувале пропишаните редовни прегледи за потрошеноста на заштитните аноди. Периодот помеѓу два редовни прегледи не смее да биде подолго од 36 месеци. Прегледите мора да ги изведе овластен сервисер, којшто секој преглед ќе ви го забележи во гаранцискиот лист на производот. Притоа треба да ја провери истрошеноста на анодата за заштита од корозија и ако е потребно да го исчисти варовникот кој зависно од квалитетот, количината и температурата на употребената вода се насобрал во внатрешноста на греалката. Сервисната служба по прегледот на греалката за вода, зависно од состојбата, ќе ви ја препорача следната контрола.

Ве молиме, евентуалните оштетувања на греалката да не ги поправате сами, туку за тоа да го повикате најблискиот овластен сервис.

ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОД

ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА МРЕЖА

УПОТРЕБА И ОДРЖУВАЊЕ

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : GORENJE

Модел : GBK120RN

Категорија : клима уред