OGB100OR - клима уред GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот OGB100OR GORENJE во PDF формат.
Прашања на корисниците за OGB100OR GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот клима уред во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник OGB100OR - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. OGB100OR на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК OGB100OR GORENJE
Упатства за употреба 31

Navodila za uporabo 41

⚠️ Апаратот можат да го употребуваат деца на возраст од 8 години и постари и лица со намалени физички, психички или ментални способности или со недостаток на искусства, односно знаење, доколку се под надзор или се поучени за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат можните опасности.
⚠️ Децата не смеат да си играат со апаратот.
⚠️ Чистење и одржување на апаратот не смеат да го вршат деца без надзор.
⚠️ Вградувањето мора да биде изведено во согласност со важечките закони и според упатствата на производителот. Мора да биде изведено од стручно оспособен монтер.
⚠️ Во случај на затворен систем под притисок, на доводната цевка за вода на греалката за вода (бојлерот) при прилучувањето задолжително треба да се вгради сигурносен вентил со номинален притисок од 0,6 MPa (6 бари), 0,9 MPa (9 бари) или 1,0 MPa (10 бари) (видете го запишаното на таблицата за идентификација), кој оневозможува зголемување на притисокот во котелот за повеće од 0,1 MPa (1 бар) над номиналниот.
⚠️ Од одводниот отвор на безбедносниот вентил може да капи вода. Заради тоа, одводниот отвор мора да биде отворен на атмосферски притисок.
⚠️ Испустот на безбедносниот вентил мора да биде насочен во насока надолу и на простор каде што нема да замрзнува.
За правилно работење на сигурносниот вентил, треба периодично да се врши контрола, да се отстрани бигорот и да се провери да не е блокиран сигурносниот вентил.
⚠️ Помеѓу греалката за вода (бојлерот) и сигурносниот вентил не е дозволено да се вградува вентил за затворање, затоа што со тоа се оневозможува притисната безбедност на греалката за вода (бојлерот)!
⚠️ Пред приклучувањето на електрична мрежа греалката треба најпрвин да ја наполните со вода!
⚠️ Греалката за вода е заштитена во случај на откажување
на работниот термостат со додатна топлотна заштита. Во случај на откажување на термостатот, во согласност со безбедносните стандарди, водата во греалката за вода (бојлерот) може да достигне температура до 130 °C. При изведувањето на водоводните инсталации, задолжително треба да се земе предвид дека е можно да дојде до наведените температурни преоптоварувања.
⚠️ Ако сакате греалката за вода (бојлерот) да ја исключите од електричната мрежа, мора да ја испуштите водата од греалката за вода поради опасност од замрзнување.
⚠️ Водата од греалката за вода (бојлерот) истекува низ доводната цевка во котелот. За таа намена се препорачува да се вгради Т-член со испустен вентил помеѓу безбедносниот вентил и доводната цевка.
⚠️ Ве молиме да не ги поправате сами евентуалните оштетувања на греалката, туку за тоа да го известите најблискиот овластен сервис.

Нашите производи се опремени со компоненти кои што не се штетни за животната средина и здравјето и се изработени со можност што поедноставно да се расклопат и рециклираат во последната фаза од нивниот работен циклус.
Со рециклирањето на материјалите ја намалуваме количината на
отпад и ја намалуваме потребата од производство на основни материјали (на пример метали), што бара огромна енергија и предизвикува испуштање штетни материи. Со постапките на рециклажа ја намалуваме потрошувачката на природни ресурси, бидејки на тој начин можеме повторно да ги вратиме отпадните делови од пластика и метали во различни производни процеси. За повеće информации во врска со системот за фрлање отпадоци посетете го својот центар за исфрлање на отпадоците или трговецот каде што бил купен производот.
Почитуван купувачу, ви благодариме за довербата што ни ја искажувате со купувањето на нашиот производ! ПРЕД ВГРАДУВАЊЕТО И ПРВАТА УПОТРЕБА НА ГРЕАЛКАТА ЗА ВОДА, ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГИ НАШИТЕ УПАТСТВА.
Греалката є изработена согласно важечките стандарди и уредно испробана и за неа се издадени сертификат за безбедност и сертификат за електромагнетна компатибилност. Неговите основни технички характеристики се наведени на идентификациската таблица, залепена на дното на греалката за вода во близина на приклучната цевка. Приклучувањето на бојлерот на електричната
или водоводната мрежа може да го изврши само оспособено стручно лице. Интервенирањето во неговата внатрешност поради поправки, отстранување бигор или поради проверка или замена на антикорозивната заштитна анода, може да го врши само овластена сервисна служба.
ВГРАДУВАЊЕ
Вградете ја греалката што поблиску до изливното место. Доколку греалката ја вградите во просторот каде што се наоға кадата за бањање или туширање, треба задолжително да се почитуваат барањата на стандартдот IEC 60364-7-701 (VDE 0100, Teil 701). Прицврстете ја на sidот со sidни завртки со номинална дебелина од најмалку 8 mm. Сидовите и таваните со мала носивост треба соодветно да ги зајакнете на местото каде што їе ја прикачите греалката. Греалката за вода (бојлерот) може да се прицврсти исправено на sidот. Заради евентуални подоцнежни сервисни зафати, Ви препорачуваме да ја вградите греалката согласно монтажните мерки (види сл. 1).

| A B C G | ||||
| OGB 30 E5 | 510 | 310 | 235 | 180 |
| OGB 50 E5 | 610 | 400 | 240 | 260 |
| OGB 80 E5 | 830 | 600 | 260 | 360 |
| OGB 100 E5 | 975 | 750 | 255 | 510 |
| OGB 120 E5 | 1130 | 900 | 260 | 510 |
| OGB 150 E5 | 1345 | 1100 | 275 | 510 |
Приклучни и монтажни димензии на греалката [мм]
Сл. 1: Исправено поставување на сид
ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОДНА МРЕЖА
Доведувањето и одведувањето на водата се означени со боја. Доведувањето на ладната вода е означено со сина боја, а одведувањето на топлата вода со црвена боја.
Бојлерот можете да го приключите на водоводната мрежа на два начина. Затворениот систем на приклучување (под притисок) ви овозможува одземање вода на повеće места. Отворениот систем што не е под притисок овозможува одведување на водата само од едно одводно место. Со оглед на одберениот систем на приклучување треба да вградите соодветна батерија за мешање.
За приклучување на затворен систем под притисок (сл. 2), на потрошувачкото место треба да се употребат батерии за мешање на водата под притисок. На доводната цевка, заради овозможување безбедност при работата на греалката за вода (бојлерот), треба да се вгради сигурносен вентил или сигурносна група, кои спречуваат зголемување на притисокот во котелот за повеće од 0,1 МРа (1 бар) над номиналниот. Одводниот отвор на безбедносниот вентил треба задолжително да има излез за атмосферскиот притисок. Поради зголемувањето на водата при греењето, во котелот се зголемува притисокот до границата што ја дозволува сигурносниот вентил. Бидејки враćањето на водата назад во водоводната мрежа е спречено, може да дојде до појава на капење вода од одводниот отвор на сигурносниот вентил. Капките вода можете да ги спроведете во одводот со помош на посебна инка која ље ја наместите под сигурносниот вентил.
Одводната цевка наместена под испустот на сигурносниот вентил мора да биде наместена во насока право надолу и во местото каде што не замрзува.
Доколку сакате да избегнете капење на водата од сигурносниот вентил, на доводната цевка на греалката за вода (бојлерот) мора да се вгради експанзионен сад со волумен од најмалку 5% од волуменот на греалката за вода (бојлерот).
За правилна работа на сигурносниот вентил треба да се вршат повремени контроли за да се отстрани бигорот и да се провери дека не е блокиран сигурносниот вентил.
При проверката треба со поместување на рачката или со одвртување на бурмата на вентилот (зависно од видот на вентилот) да го отворите истекувањето од повратниот безбедносен вентил. При тоа, низ млазницата на вентилот за истекување треба да протече вода, што е знак дека вентилот е беспрекорен.
Во случај на отворен систем под притисок (сл. 3), на доводот на вода во греалката за вода (бојлерот) треба да се вгради неповратен вентил кој спречува истекување вода од котелот кога во мрежата ће снема вода. Кај тој систем за приклучување е довольно да се вгради и проточна мешална батерија. Поради зголемувањето на водата при греењето се зголемува волуменот, што предизвикува појава на капење вода на одливната цевка на мешалната батерија. Силното затегнување на вентилот на мешалната батерија нема да ја спречи појавата на капење вода, но може да предизвика расипување на мешалната батерија.

flowchart
graph LR
1["1"] --> T["T"]
T --> 2["2"]
2 --> 3["3"]
3 --> 4["4"]
4 --> a["a"]
a --> b["b"]
b --> 5["5"]
5 --> 6["6"]
6 --> 7["7"]
7 --> H["H"]
1 - Батерија за мешање
2 - Експанзионен сад
3 - Сигурносен вентил
а - Пробен вентил
b - Неповратен вентил
4 - Одливник со приклучок на одвод
5 - Пробна наставка
6 - Редукциски вентил за притисок
7 - Затворен вентил
8 - Неповратен вентил
9 - Проточна батерија за мешање
Н - Ладна вода
T - Топла вода
Помеѓу греалката за вода (бојлерот) и сигурносниот вентил не е дозволено да се вградува вентил за затворање затоа што со тоа се оневозможува заштита од притисок на греалката за вода (бојлерот)!
Греалката можете да ја приключите на куќната водоводна мрежа без редукциски вентил доколку притисокот во мрежата е понизок од номиналниот притисок. Ако притисокот во мрежата го надминува номиналниот притисок, треба задолжително да се вгради редукциски вентил.
Пред да се приклучи на електричната мрежа, греалката за вода (бојлерот) задолжително треба претходно да се наполни со вода! Кај првото полнење отворете ја рачката за топла вода на батеријата за мешање. Греалката е наполнета кога водата протечува низ изливната цевка на мешалната батерија.
ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА МРЕЖА

Пред приклучувањето во електричната мрежа, во грејачот треба да се вгради врвка за приклучување, со минимален пречник од 1,5 мм² (H05VV-F 3G 1,5 мм²), а за тоа мора да го отстраните заштитниот капак.
Во електричната инсталација мора да биде вградена подготовка за разделување на сите полови во согласност со националните закони за инсталација.
Сл. 4: Отстранување на заштитниот капак

1 - Приклучна спојка
2 - Топлински осигурувач
3 - Електронски регулатор
4 - Грејач (3 x 700 W или 2 x 1000 W)
5 - Температурен сензор
L - Фазен спроводник
N - Неутрален спроводник
÷ - Заштитен спроводник
Слика 5: Шема на електрично поврзување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: пред секое навлегување во нејзината внатрешност треба греалката задолжително да ја исклучите од електричната мрежа. Работите може да ги изведува само оспособено стручно лице!
УПОТРЕБА НА ГРЕАЛКАТА ЗА ВОДА (БОЛЕР)
По приклучувањето на водоводната и електричната мрежа, греалката за вода (бојлерот) е подготвена за употреба. Со вклучувањето на струјниот напон, греалката за вода (бојлерот) преминува во состојба на подготвеност. Во Costaјбата на подготвеност, греалката за вода (бојлерот) ја одржува температурата на водата на 10 °C.
На сликата е опишан еден од моделите на електронскиот регулатор. Затоа што греалките за вода (бојлерите), за кои се изработени упатствата, може да имаат различната опрема, може да се опишани и функциите и опремата која вашата греалка за вода (бојлер) ја нема.

Легенда:
1 - Покажувач на поставена/стварна температура на водата во греалката за вода, сигнализација на грешки
2 - копче вклучи/исклучи, нагодување на температурата
3 - индикација за работата на грејачот (само кај модели "EcoBase");
- индикација за работата на функциите "SMART" (само кај моделите "EcoSmart")
4 - копче за вклучување/исклучување на функциите "SMART" (само кај моделите "EcoSmart")
5 - модел "EcoBase" или"EcoSmart"
Сл. 6: Управувачка табла
Греалката за вода (бојлерот) опремена со електронски регулатор "EcoBase", овозможува нагодување на температурата на водата, приказ на температурата на водата или дијагностика на грешката.
Греалката за вода (бојлерот) со регулатор "EcoSmart", покрај функцијата "EcoBase", овозможува уште и паметен начин на работење на греалката со вода (бојлерот) со кој се намалува употребата на електричната енергија.
Вклучување / исклучување на греалката за вода (бојлерот)
Греалката за вода (бојлерот) се вклучува со продолжено притискање (3 s) на копчето ☐
Со повторно продолжено притискање (3 s) на копчето 2 греалката за вода (бојлерот) преминува во состојба на подготвеност.
Работење на греалката – рачно регулирање
Температурата се поставува со притискање на копчето на саканото температурно ниво (пред поставената температура е 57 °C).
* - Заштита против замрзнување, температурата е приближно 10 °C.
- Температура на водата приближно 35 °C.
eco - Температура на водата приближно 57 °C.
- Температура на водата приближно 75 °C.
Кога ќе го достигнете максимальното ниво "\\\$", со повторно притискање на копчето ② се враćате на почеток " "*Препорачуваме поставување на положба "есо". Таквото поставување е најоптимално; кај него температурата на водата ќе биде приближно 57 °C, создавањето бигор и топлотни загуби ќе бидат помали отколку при поставување на повисока температура.
Работењето на електричниот грејач го покажува црвената контролна светилка 3 (само кај моделите "EcoBase"), која свети додека водата во електричната греалка (бојлерот) не се загрее на поставената температура или до наменското ислучување. Температурата на водата во греалката за вода (бојлерот) ја покажува покажувачот 1
Ако немате намера да ја употребувате греалката за вода (бојлерот) подолго време, погрижете се да не замрзне неговата содржина така што температурата ѐе ја поставите на положба "*. При такво поставување, греалката за вода (бојлерот) ѐе ја одржува температурата на водата приближно на 10 °C.
Работење на греалката за вода (бојлерот) на начинот "EcoSmart" (само кај моделите "EcoSmart")
Тој начин на работење е соодветен, пред сё, тогаш кога имате честа постојана потреба за употреба на топла вода (пример туширање секој ден приближно во исто време). За работењето на греалката за вода (бојлерот) во режимот
"EcoSmart" мора да направите снимање. Во времето на снимањето, електронскиот регулатор ги запомнува вашите потреби, кои ги почитува при загревањето на водата по завршеното снимање. Снимањето трае 7 дена.
Работењето во режимот "EcoSmart" ја намалува употребата на електричната енергија.
- Со притискање на копчето 4 to започнувате меморирањето на вашите навики. Во тек на меморирањето светка зелената контролна светилка 3 Кога меморирањето по 7 дена їе заврши, снимениот режим почнува автоматски да се изведува. За време на делувањето на грејачот во режимот
- Со повторно притискање на копчето 4 по ислучувате снимањето или работењето на функцијата "EcoSmart". Греалката за вода се враćа во основниот режим на работење. Водата се загрева според поставената температура.
- Повторно вклучување на функцијата "EcoSmart" е можна со притискање на копчето 4 Доколку режимот на делување е веке мемориран (меморирањето не било прекинато) тој почнува да се изведува. Светка зелената контролна светилка 3 Доколку меморирањето било прекинато, почнува ново 7 дневно меморирање. Светка зелената контролна светилка 3
- Доколку во електронскиот регулатор има запаметен режим за работење и се јави потреба за промена на употребата на топла вода, треба да се изврши ново снимање. Направете го со продолжено притискање на копчето 4. Снимањето їе трае следните 7 дена.
Доколку водата во грејачот во рок од 14 дена не достигне 65 °C, се вклучува функцијата антилегионела и водата во греалката ја загрева на 70 °C и ја одржува 120 минути.
Индикација на грешки
Во случај на грешки на покажувачот ке започнат да трепкаат контролните светилки.
| Грешка | Опис на грешката | Сигнализација | Решавање |
| E1 Грешка на температурниот мерач | Повторувачки 2х брзо трепкање на контролната светилка на покажувачот 1 | Повикајте сервис (грејачот не работи). | |
| E5 Прегревање(температура > 90 °C) | Повторувачки 3х брзо трепкање на контролната светилка на покажувачот 1 | Грешката автоматски ће се избрише кога ће падне температурата под поставената вредност. Ако грешката се повторува, јавете се во сервис. | |
| E44 | Суво вклучување | Повторувачки 4х брзо трепкање на контролната светилка на покажувачот 1 | Грешката ће се избрише со исклучување на греалката односно со притискање на копчето 2 во период од 3 сек. |
Празнење на греалката за вода
Ако сакате да ја ислучите греалката за вода (бојлерот) од електричната мрежа, мора да ја испуштите водата од бојлерот поради опасност од замрзнување. Водата од греалката за вода (бојлерот) истекува низ доводната цевка на бојлерот. За таа намена се препорачува да се вгради посебен Т-член со испустен вентил помеѓу безбедносниот вентил и доводната цевка. Пред празнење, греалката треба да се ислучи од електричната мрежа и да се отвори рачката за топла вода на приключената батерија за мешање и да истече топлата вода. Откако ће се излади водата во греалката, се затвора вентилот за
довод на ладна вода и се одвртува свитливата цевка на одводот за топла вода на греалката. Сега грејалката може да се испразни преку испусниот вентил на доводната цевка. По испразнувањето на водата низ доводната цевка, во греалката за вода (бојлерот) останува мала количина на вода. При повторното полнење на греалката за вода (бојлерот) со вода, препорачуваме да ја отворите рачката за топла вода на мешалната батерија и да пуштите водата да тече најмалку 2 минути низ одводната цевка на мешалната батерија (млазот нека биде рамномерен, средна јачина, дебелина на пенкало).
ОДРЖУВАЊЕ
Надворешноста на греалката за вода (бојлерот) чистете ја со мека крпа и разредени средства за чистење наменети за чистење мазни лакирани површини. Не употребувајте средства за чистење кои содржат алкохоли или абразивни средства.
Со редовни сервисни прегледи ће овозможите исправно работење и долг век на употреба на греалката за вода (бојлерот). Гаранцијата за корозијата на котелот важи ако сте ги извршиле пропишаните редовни прегледи за истрошеност на заштитните аноди. Периодот помеѓу поединечните редовни прегледи не смее да биде подолг од наведеното во гарантната изјава. Прегледите мора да ги изведуваат овластени сервисери кои ће ви го евидентираат прегледот во гарантниот лист за производот. Со прегледот се прегледува истрошеноста на антикорозивната заштитна анода и по потреба се чисти бигорот што се набира во внатрешноста на бојлерот, во зависност од квалитетот, количината и температурата на потрошената вода.
Не поправајте ги сами евентуалните дефекти на греалката за вода (бојлерот), туку за нив известете ја најблиската сервисна служба.
| Тип | OGB 30 E5 | OGB 50 E5 | OGB 80 E5 | OGB 100 E5 | OGB 120 E5 | OGB 150 E5 | |
| Зафатнина | [I] | 28,3 | 48,3 | 78,0 | 97,3 | 118,1 | 147,1 |
| Кол. на мешана вода при 40 °C V40 2) | [I] | - | 66 | 116 | 137 | 172 | 225 |
| Номинален притисок | [MPa (bar)] | 0,6 (6) | |||||
| Тежина/наполнето вода | [kg] | 21/51 | 28/78 | 34/114 | 39/139 | 44/164 | 50/200 |
| Антикорозивна заштита на котелот | емајлирано / Mg анода | ||||||
| Јакост на електричната греалка | [W] | 2100 | 2000 | ||||
| Број и моќност на грејачите | [W] | 3 x 700 | 2 x 1000 | ||||
| Приклучен напон | [V~] | 230 | |||||
| Заштитна класа | I | ||||||
| Степен на заштита | IP24 | ||||||
| Време за загревање од 10 °C до 65 °C | [h] 0 | 59 | 1 38 | 2 37 | 3 16 | 3 55 | 4 54 |
Модел со основна "EcoBase"-регулација
| Модел | OGB 30 OR | OGB 50 OR | OGB 80 OR | OGB 100 OR | OGB 120 OR | OGB 150 OR | |
| Определен профил на оптоварување | S | M | M | L | L | XL | |
| Класа на енергетска ефикасност ^1) | B | C | C | C | C | C | |
| Енергетска ефикасност при загревање на вода ( wh ) ^1) | [%] | 35,3 | 37,2 | 36,9 | 38,1 | 37,4 | 38,1 |
| Годишна употреба на електрична енергија ^1) | [kWh] | 525 | 1382 | 1393 | 2687 | 2739 | 4399 |
| Дневна употреба на електрична енергија ^2) | [kWh] | 2,460 | 6,425 | 6,490 | 12,410 | 12,715 | 20,322 |
| Поставена температура на термостатот | "eco" | ||||||
| Вредност "smart" | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | |
Модел со "EcoSmart"-регулација
| Модел | OGB 30 SM | OGB 50 SM | OGB 80 SM | OGB 100 SM | OGB 120 SM | OGB 150 SM | |
| Определен профил на оптоварување | S | M | M | L | L | XL | |
| Класа на енергетска ефикасност ^1) | A | B | B | C | C | C | |
| Енергетска ефикасност при загревање на вода (ŋwh) ^1) | [%] | 38,2 | 40 | 40 | 40 | 40 | 40 |
| Годишна употреба на електрична енергија ^1 | [kWh] | 483 | 1241 | 1227 | 2462 | 2505 | 4001 |
| Дневна употреба на електрична енергија ^2) | [kWh] | 2,601 | 6,424 | 6,471 | 12,410 | 12,715 | 20,401 |
| Поставена температура на термостатот | "eco" | ||||||
| Вредност "smart" ^3) | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | |
| Дневна употреба на електрична енергија со паметно управување | [kWh] | 12,641 | 23,119 | 24,179 | 47,414 | 48,914 | 78,282 |
| Дневна употреба на електрична енергија без паметно управување | [kWh] | 14,755 | 26,566 | 28,411 | 53,133 | 54,888 | 88,899 |
1) Уредба на комисија EU 812/2013; EN 50440
2) EN 50440
3) Податоците за енергетска ефикасност важат само со включена паметна направа за управување
Упатствата за употреба може да ги најдете и на нашата веб-локација: http://www.gorenje.com.