GORENJE TGRK100RN - клима уред

TGRK100RN - клима уред GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот TGRK100RN GORENJE во PDF формат.

📄 52 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice GORENJE TGRK100RN - page 40
Погледни прирачник : Български BG Deutsch DE English EN Hrvatski HR Македонски MK Slovenščina SL Shqip SQ
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ Комбиниран бојлер со електричен грејач и разменувач на топлина
Модел TGRK100RN
Волумен 97 L
Номинален притисок 0.6 MPa (6 бар)
Тежина празен 38 kg
Тежина наполнет со вода 135 kg
Димензии (A x B x C) 935 mm x 715 mm x 200 mm
Моќност на електричен грејач 2000 W
Напон на приклучување 230 V ~
Класа на заштита I
Степен на заштита IP23
Антикорозивна заштита Емајлиран резервоар и Mg анода
Време на загревање до 65 °C 3 ч 10 мин
Мешана вода на 40 °C 195 L
Потрошувачка на енергија (24ч на 65 °C) 2.20 kWh
Номинален притисок на разменувач на топлина 0.6 MPa (6 бар)
Загревана површина на разменувач 0.4 m²
Волумен на разменувач 1.86 L
Моќност на загревање на разменувач 6.65 kW (на 50-70 °C, 167 l/h) / 10.55 kW (на 60-80 °C, 265 l/h)
Навој за приклучување G 3/4" (влез, излез, повраток)
Сигурносен вентил Потребен, номинален притисок 0.6 MPa, излез кон атмосферски притисок
Услови за инсталација Вертикално монтирање на ѕид, min. 8 mm завртки, професионална инсталација
Одржување Периодичен преглед на анода и отстранување на каменец на секои 3 години од овластен сервис
Температурен опсег 25 °C до 65 °C (термостат прилагодлив)

Frequently Asked Questions - TGRK100RN GORENJE

Колкав е волуменот на бојлерот Gorenje TGRK100RN?
Бојлерот Gorenje TGRK100RN има волумен од 97 литри (номинален капацитет).
Кој сигурносен вентил е потребен за инсталација?
Мора да се инсталира сигурносен вентил со номинален притисок од 0.6 MPa (6 бар). Тој спречува притисокот да го надмине номиналниот за повеќе од 0.1 MPa (1 бар).
Може ли бојлерот да се користи со соларен или централен систем за греење?
Да, TGRK100RN има интегриран разменувач на топлина (цевчест топлински предавател) кој може да се поврзе со дополнителни извори на енергија како соларни колектори, централно греење или топлински пумпи.
Колку време е потребно да се загрее водата до 65 °C?
Времето на загревање до 65 °C од почетна температура од 10 °C е приближно 3 часа и 10 минути.
Која е потрошувачката на електричниот грејач?
Електричниот грејач има моќност од 2000 W. Дневната потрошувачка на енергија за одржување на 65 °C при амбиентална температура од 20 °C е 2.20 kWh.
Како да го испразнам бојлерот?
Исклучете го напојувањето. Отворете ја славината за топла вода. Испразнете ја водата преку влезната цевка користејќи T-фитинг или славина за испуштање. За целосно празнење, отстранете го грејниот прирабник.
Какво одржување е потребно?
Периодични прегледи на секои 3 години од овластен сервис: проверка на магнезиумската анода и отстранување на каменец. Сигурносниот вентил мора редовно да се активира за да се отстранат наслагите.
Може ли децата да го користат бојлерот?
Деца постари од 8 години можат да го користат под надзор. Децата не треба да си играат со апаратот или да го чистат без надзор.
Која е препорачаната поставка на термостатот?
Препорачана е позицијата 'eco' (55 °C) за енергетска ефикасност и намален каменец. Температурата може да се постави помеѓу 25 °C и 65 °C.
Кој е степенот на заштита на бојлерот?
Бојлерот има класа на заштита I (приклучок за заземјување) и степен на заштита IP23, што значи отпорен на прскање вода.

Прашања на корисниците за TGRK100RN GORENJE

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот клима уред во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник TGRK100RN - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. TGRK100RN на марката GORENJE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК TGRK100RN GORENJE

Упатства за употреба 40

GORENJE TGRK100RN - 1

Инструкция за употреба 46

OPOZORILA!

⚠️ Апаратот можат да го употребуваат деца на возраст од 8 години и постари и лица со намалени физички, психички или ментални способности или со недостаток на искусства, односно знаење, доколку се под надзор или се поучени за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат можните опасности.

⚠️ Децата не смеат да си играат со апаратот.
⚠️ Чистење и одржување на апаратот не смеат да го вршат деца без надзор.
⚠️ Инсталацијата мора да биде изведена во согласност со важечките прописи според упатствата на произведувачот. Инсталацијата мора да је изведе стручно оспособен монтер.
⚠️ Кај затворен систем под притисок, при приклучувањето на доводната цевка на греалката за вода мора да вградите сигурносен вентил со номинален притисок од 0,6 MPa (6 бари), кој го препречува зголемувањето на притисокот во котелот за повеće од 0,1 MPa (1 бари) над номиналниот.
⚠️ Од одводниот отвор на безбедносниот вентил може да капи вода. Заради тоа, одводниот отвор мора да биде отворен на атмосферски притисок.
⚠️ Испустот на безбедносниот вентил мора да биде насочен во насока надолу и на простор каде што нема да замрзнува.
За правилно работење на безбедносниот вентил, морате самите да изведувате редовни контроли со кои ће го отстраните водниот камен и ће проверите дека безбедносниот вентил не е блокиран.
⚠️ Помеѓу греалката и повратниот сигурносен вентил не смеете да вградите затворен вентил бидејки со тоа ње го оневозможите работењето на повратниот сигурносен вентил!
⚠️ Пред приклучувањето на електрична мрежа греалката треба најпрвин да ја наполните со вода!
Водата од греалката се источува со помош на доточната цевка на греалката. Во та намена препорачливо е при вградувањето помеѓу безбедносниот вентил и доводната цевка на греачот да се намести посебен фитинг (Т-член) или вентил за пуштање.
Ве молиме, евентуелните оштети на греалката да не ги поправате сами туку за тоа да го известите најблискиот овластен сервис.

Почитуван купувач, ви благодариме за довербата што ни ја искажувате со купувањето на нашют производ!

ВЕ МОЛИМЕ, ПРЕД ВГРАДУВАЊЕТО И ПРВАТА УПОТРЕБА НА ГРЕАЛКАТА ЗА ВОДА, ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГИ НАШИТЕ УПАТСТВА.

Греалката е изработена согласно со важечките стандарди и уредно испробана, исто така за неа се издадени цертификат за безбедност и цертификат за електромагнетна компатибилност. Нејзините основни технички характеристики се наведени на табличката, што е залепена помеѓу прилучните цевки на апаратот. Приклучувањето на бојлерот на електричната или водоводната мрежа може да го изврши само оспособено стручно лице. Интервенирањето во неговата внатрешност поради поправки, отстранување на бигор или поради проверка или заменување на противкорозијска заштитна анода, може да ги врши само овластена сервисна служба.

ВГРАДУВАЊЕ

Греалката вградете ја што поблиску до изливното место. Доколку греалката ја вградите во просторот кадешто се наоға кадата за бањање или туширање, треба задолжително да се почитуваат барањата на стандартдот IEC 60364-7-701 (VDE 0100, Teil 701). Гралката прицврстете ја на сидот со две завртки за сидови, со номинален пречник од најмалку 8 мм. Сидовите и таваните со мала носилност треба на местото каде што їе ја прикачите греалката соодветно да ги зајакнете. Греалките прицврстувајте ги на сидот само вертикално.

ТипTGRK 80 D TGRK 80 LTGRK 100 D TGRK 100 LTGRK 120 D TGRK 120 L
Зафатнина [I]7897117
Номинален притисок [MPa (bar)]0,6 (6)
Тежина/наполнетсо вода [kg]32/11038/13542/159
Противкорозиона заштита на котелотемајлирано / Mg анода
Јакост на електричната греалка [W]2000
Приклучен напон [V~]230
Заштитна класаI
Степен на заштитаIP23
Приклучок за повратен водG 3/4
Време на загревање до 65 °C ^1) [h] 2^35 3 ^10 3 ^50
Кол. на мешана вода при 40 °C [I]140195230
Потрошена енергија ^2) [kWh/24h]1,852,202,60

1) Време на загревање на целокупната зафатнина на греалката со електричниот грејач при влезната температура на студена вода од водовод до 10 °C.
2) Енергиските загуби при одржувањето на постојаната температура во греалката на 65 °C и при температурата на околината од 20 °C, мерени според ЕН 60379.

ТипTGRK 80 D/LTGRK 100 D/LTGRK 120 D/L
Номинален притисок[MPa (bar)]0,6 (6)
Загреана површина ПТ[m2]0,240,4
Волумен ПТ[l]0,721,86
Грејна моќ ПТ3)[kW]4,153)6,654)
5,355)10,556)
Температура на грејачкиот медиум во ПТ[°C]5 до 85

3) 50-70 °C, 105 l/h; 4) 50-70 °C, 167 l/h; 5) 60-80 °C, 134 l/h; 6) 60-80 °C, 265 l/h

ABCH1H2
TGRK 80 D/L775565190355200
TGRK 100 D/L935715200375340
TGRK 120 D/L1090865205530340

Прикључни и монтажни димензии на греалката [мм]

Поглед од згора
100 300 - 350 100 Десен приключок G3/4 (D) Лев приключок G3/4 461 (L)

φ454 C B H2 A H1 G1/2

ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОДНА МРЕЖА

Доведувањето и одведувањето на водата се означени со боја. Доведувањето на ладната вода е означено со сина боја, а одведувањето на топлата вода со црвена боја.

Бојлерот можете да го приключите на водоводната мрежа на два начина. Затворениот систем на приклучување (под притисок) ви омозможува одземање на вода на повеće места. Отворениот систем на приклучување (проточен) ви дозволува само едно одземно место. Со оглед на одберениот систем на приклучување треба да вградите соодветна батерија за мешање.

Отворениот (проточен) систем на приклучување бара вградување на неповратен вентил кој го спречува истекувањето на водата од котелот, во случај на редукција на вода. Поради зголемувањето на водата при греењето се зголемува волуменот, што предизвикува појава на капкање вода на одливната цевка на мешалната батерија. Силното затегнување на вентилот на мешалната батерија нема да ја спречи појавата на капкање вода, но може да предизвика расипување на мешалната батерија.

Затворениот систем на прилучување на одземните места бара вградување на мешална батерија за работа под притисок. На доводната цевка поради безбедност на работењето задолжително треба да се вгради сигурносен вентил или сигурносна група, која спречува зголемување на притисокот во котелот за повеće од 0,1 МРа (1 бар) над номиналниот. Одводниот отвор на безбедносниот вентил треба задолжително да има излез за атмосферскиот притисок.

Поради зголемувањето на водата при греењето, во котелот се зголемува притисокот до границата што ја дозволува сигурносниот вентил. Бидејки враćањето на водата назад во водоводната мрежа е спречено, може да дојде до појава на капкање вода од одводниот отвор на сигурносниот вентил. Капките вода можете да ги спроведете во одводот со помош на посебна инка која је ја наместите под сигурносниот вентил.

Одводната цевка наместена под испустот на сигурносниот вентил мора да биде наместена во насока право надолу и во местото каде што не замрзува.

Доколку веке поставената инсталација не овозможува водата што капи од повратниот безбедносен вентил да ја спроведете во одводот, капкањето можете да го избегнете ако кај доводната цевка на греалката вградите

експанзиски сад со волумен од 3 л.

За правилно работење на безбедносниот вентил треба самите периодично да вршите контроли, да го чистите бигорот и да се проверува евентуелната блокада на безбедносниот вентил. При проверката треба со поместување на рачката или со одвртување на бурмата на вентилот (зависно од видот на вентилот) да го отворите истекувањето од повратниот безбедносен вентил. При тоа, низ млазницата на вентилот за истекување треба да протече вода, што е знак дека вентилот е беспрекорен.

GORENJE TGRK100RN - ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОДНА МРЕЖА - 1

flowchart
graph LR
    A["Top Tank"] --> B["Valve"]
    B --> C["Reactor Unit"]
    C --> D["Flow Control Valve"]
    D --> E["Return Line"]
    E --> F["Outlet H"]
    G["Turb T"] --> B
    H["X"] --> B
    I["X"] --> B
    J["1"] --> C
    K["2"] --> C
    L["3"] --> C
    M["4"] --> C
    N["5"] --> C
    O["6"] --> C
    P["7"] --> C
    Q["T"] --> C

Затворен систем (со притисок)

GORENJE TGRK100RN - ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОДНА МРЕЖА - 2

flowchart
graph TD
    A["Container Tank"] --> B["T"]
    A --> C["H"]
    B --> D["Valve 3"]
    C --> E["Valve 5"]
    D --> F["Return Line"]
    E --> F
    style A fill:#f9f,stroke:#333
    style B fill:#ccf,stroke:#333
    style C fill:#ccf,stroke:#333
    style D fill:#cfc,stroke:#333
    style E fill:#cfc,stroke:#333

Отворен систем (прелевен)

Легенда:

1 - Сигурносен вентил
2 - Пробен вентил
3 - Неповратен вентил
4 - Редуционен вентил за притисок
5 - Затворен вентил
6 - Пробна наставка
7 - Одливник со приклучок на одвод
8 - Експанзиски сад

Н - Ладна вода

T - Топла вода

GORENJE TGRK100RN - Легенда: - 1

flowchart
graph TD
    A["Повратен вод"] --> B["Bovine"]
    B --> C["Eнергетски извор"]
    C --> D["Pressure vessel"]
    D --> E["Turb"]
    D --> F["Valve"]
    D --> G["Pressure vessel"]
    G --> H["Valve"]
    G --> I["Pressure vessel"]
    I --> J["H"]
    style B fill:#f9f,stroke:#333
    style C fill:#ccf,stroke:#333
    style D fill:#cfc,stroke:#333
    style E fill:#fcc,stroke:#333
    style F fill:#cff,stroke:#333
    style G fill:#ffc,stroke:#333
    style H fill:#fcf,stroke:#333
    style I fill:#cff,stroke:#333
    style J fill:#fcf,stroke:#333

Помеѓу греалката и повратниот сигурносен вентил не смеете да вградите затворен вентил бидејки со тоа ќе го оневозможите работењето на повратниот сигурносен вентил.

Греалката можете да ја приключите на куїната водоводна мрежа без редукциски вентил доколку притисокот во мрежата е понизок од номинаниот притисок. Доколку притисокот во мрежата го надминува номиналниот притисок, треба задолжително да вградите редукциски вентил.

Пред прилучувањето на електрична мрежа греалката треба најпрвин да ја наполните со вода. Кај првото полнење отворете ја рачката за топла вода на батеријата за мешање. Греалката е наполнета кога водата протечува низ изливната цевка на мешалната батерија.

Комбинираната греалка за вода TGRK има и додатно вграден цевен топлински изменувач за загревање на санитарната вода со други енергетски извори (на пример, централно загревање, сончев колектор, или топлинска пумпа).

Системот за греење со електрично загревање и со топлински изменувач може

да делува истовремено или поединечно. Комбинираната греалка на вода приключете ја на водоводната мрежа, а покрај тоа приключете ја уште и на дополнителен енергетски извор. Влезот на грејниот медиум во топлинскиот изменувачот е означен со црвено, а излезот со сино.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: при намалување на температурата на дополнителниот извор за загревање и при овозможена циркулација на вода низ топлинскиот изменувачот може да дојде до неконтролирано одземање на топлина од грејачот на водата. По приклучувањето на друг извор на загревање треба да се погрижите за правилно изведување на температурната регулација на дополнителниот извор. Температурниот сензор за регулација не смеете да го включите без повторно да ја растоварите приклучната врвца.

Греалката TGRK може да ја поврзете исто и на циркулацискиот вод на топла вода. Циркулацискиот вод на топла вода овозможува да има топла вода на располагање на сите излезни приклучоци истовремено. Поврзете го повратниот вод на топла вода на приклучокот на горната страна на греалката. Пред приклучувањето мора да ги отстраните пластичните капаци и да го одвртите заптивниот чеп на горната страна на греалката. Елементите на повратниот вод може да ги набавите и кај овластените сервиси на нашите производи.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: повратниот вод на топлата вода поврзете го пред полнењето на греалката со вода. Употребата на циркулацискиот вод ке предизвика дополнителни топлотни загуби во греалката за вода.

ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА МРЕЖА

Пред прилучувањето во електричната мрежа треба во греачот да се вгради врвка за приклучување, со минимален пречник од 1,5 мм² (H05VV-F 3G 1,5 мм²). Затоа треба да го извадите пластичниот заштитен капак.

Приклучувањето на греалката на електричната мрежа треба да се врши согласно со стандардите за електричната мрежа. Помеѓу греачот на водата и трајната инсталација треба да биде вградена справа за одделување на сите полови од електричната мрежа согласно со националните прописи за инсталација.

Легенда:

1 - Приклучна спојка
2 - Термостат и двополен топлотен осигурувач
3 - Грејач
4 - Контролна ламбичка

L - Фазен спроводник
N - Неутрален спроводник
± - Заштитен спроводник

230 V~ ± N L 1 2 3 4

Шема на електрично поврзување

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: пред секое навлегување во нејзината внатрешност треба греалката задолжително да ја исклучите од електричната мрежа.

УПОТРЕБА И ОДРЖУВАЊЕ

После прилучувањето на водоводната и електричната мрежа, греалката е подготвена за употреба.

Со вртење на копчето на термостатот што се наога на долната страна на заштитниот капак, ја бирате саканата температура на водата помеу 25 °C и 65 °C. Препорачуваме подесување на копчето на положбата "есо". Таквото подесување е најштедливо: температурата на водата ње биде приближно 55 °C, а излачувањето на бигорот и загубата на топлината ње бидат помали во споредба со подесувањата на повисока температура. За време на работењето на електричната греалка може да се слуша и звук во греачот. Работењето на електричната греалка го покажува контролната сијаличка. На предната страна, греачот има биметален термометар што се подесува во насоката на движењето на казалките на саатот кога во греачот е присутна топлата вода. Доколку греалката не мислите да ја користите подолго време, треба неговата содржина да ја заштитите од замрзнување на таков начин што струјата нема да ја исключите, а копчето на термостатот ње го подесите на положбата "*". При тоа подесување, греалката ње ја одржува температурата на водата на приближно 10 °C. Доколку греалката ње ја исключите од електриичната мрежа, ње треба при опасности на замрзнување, водата да ја испуштите.

Водата од греалката се источува со помош на доточната цевка на греалката. Во та намена препорачливо е при вградувањето помеѓу безбедносниот вентил и доводната цевка на греачот да се намести посебен фитинг (Т-член) или вентил за пуштање. Греалката можете да ја испразните и непосредно низ безбедносниот вентил со поместување на рачката, односно вртливото мало капаче на вентилот во положба како при проверувањето на работењето.

Пред испразнувањето треба греалката да се исклучи од електричната мрежа и потоа да се отвори рачката за топла вода на приключената батерија за мешање. После празнењето на водата низ доводната цевка во греалката останува помало количество на вода што истечува при потргнувањето на прирабницата за гreeње низ отворот на прирабницата за гreeње.

Надворешноста на бојлерот чистете ја со неагресивен раствор на прашок за перење. Не употребувајте разредувачи или груби средства за чистење. Со редовни сервисни прегледи можете на бојлерот да му осигурате долг животен век и усовршено работење. Гаранцијата против рјосување на котелот е важечка само доколку сте ги вршеле пропишаните редовни прегледи за потрошеноста на заштитните аноди. Периодот помеѓу два редовни прегледи не смее да биде подолг од 36 месеци. Прегледите треба да ги изведе овластен сервисер, којшто секој преглед ќе ви го забележи во гаранцискиот картон на производот.

Потребно е да се провери истрошеноста на противкорозивната заштитна анода и по потреба да се очисти бигорот кој се собира во внатрешноста на бојлерот. Истовремено сервисната служба, според согледаната состојба, ће ви го препорача датумот за следната контрола.

Ве молиме, евентуелните оштети на греалката да не ги поправате сами туку за тоа да го известите најблискиот овластен сервис.

МЕРКИ ЗА БЕЗОПАСНОСТ!

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : GORENJE

Модел : TGRK100RN

Категорија : клима уред