NeoDeep SVC259449NDCO - Прашалник GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот NeoDeep SVC259449NDCO GORENJE во PDF формат.
| Вид на производ | Безжична правосмукалка |
| Марка | Gorenje |
| Модел | NeoDeep SVC259449NDCO |
| Тежина | Околу 2,5 kg |
| Капацитет на садот за прашина | 0,5 L |
| Автономија (ECO режим) | До 40 минути |
| Автономија (BOOST режим) | До 15 минути |
| Тип на батерија | Литиум-јонска полначлива |
| Моќ на вшмукување | Променлива (ECO, AUTO, BOOST) |
| Главен филтер | Ператлив филтер (микрофилтер) |
| Излезен филтер | Неператлив филтер (чистење со тресење) |
| Вклучени додатоци | Моторна четка за подови, моторна четка за текстил, тесен млазник, 2-во-1 четка, флексибилно црево, четка за животни |
| Полнач | Адаптер за напојување и ѕиден држач |
| Гаранција | 2 години (12 месеци на батеријата) |
| Употреба | Внатрешна, домашна, сува прашина |
| Одржување | Редовно чистење на садот, филтрите и на ролерот на четката |
| Безбедност | Не вшмукувајте течности, пепел, остри предмети |
Често поставувани прашања - NeoDeep SVC259449NDCO GORENJE
Прашања на корисниците за NeoDeep SVC259449NDCO GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Прашалник во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник NeoDeep SVC259449NDCO - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. NeoDeep SVC259449NDCO на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК NeoDeep SVC259449NDCO GORENJE
MK Упатства за употреба 25
BG Инструкции за употреба ....57
Важни предупредувања
При употреба на правосмукалката треба секогаш да ги почитувате следните совети: Детално прочитајте ги овие упатства и употребувајте го апаратот во согласност со нив. // Пред да го користите апаратот за прв пат, отстранете ги сите заштитни фолии или пластика. // Никогаш не оставајте ја правосмукалката без надзор при употреба. // Пред употреба на апаратот, внимателно склопете ги сите негови делови. // Користете го апаратот само во затворени и суви простории. // Користете го апаратот исклучиво со деловите препорачани од производителот. // Не употребувајте го апаратот доколку е испуштен на земја, доколку е оштетен, доколку сте го чувале надвор или доколку ви паднал на земја или сте го потопиле во вода. // Редовното чистење може да го продолжи работниот век на апаратот. // Внимавајте косата, лабавите делови од облеката, прстите или други делови од телото да не дојдат во контакт со отворите за проток на воздух или со подвижните делови на апаратот. // Апаратот е во согласност со сите потребни стандарди во врска со електрична струја и радио интерференции. // Апаратот не е наменет за употреба од деца или лица со нарушени физички или психолошки способности. Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8 години и повеќе, како и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или лица без искуство или знаење, доколку истите се под надзор во текот на користењето на апаратот или доколку им се дадени соодветни упатства во врска со користење на истиот на безбеден начин и доколку ги разбираат опасностите. Децата треба да бидат под надзор додека го користат апаратот и не им дозволувајте да си играат со него. // Децата не треба да чистат или да го одржуваат апаратот, освен доколку не се постари од 8 години и тоа го прават под надзор. // По употреба исклучете го апаратот.
Опасност
Не потопувајте го главниот дел/апаратот или основата за полнење во вода или било која течност и не ги плакнете под млаз вода.
Посебни предупредувања
Пред приклучување на апаратот или основата за полнење со кабелот за напојување, проверете дали наведениот напон одговара на напонот на струјната мрежа во вашиот дом. // Не користете оштетена правосмукалка или основа за полнење (или адаптер – во зависност од моделот на правосмукалката). // Доколку струјниот кабел (или адаптер) е оштетен, заменете го исклучиво со оригинални резервни делови со цел да избегнете опасност. // Трансформатор е вграден во адаптерот. Отстранување или замена на адаптерот со друг не е дозволено, бидејќи тоа може да доведе до опасна ситуација. // Полнете ја правосмукалката исклучиво со испорачаниот адаптер или основа за полнење. Адаптерот може да се загрее додека се полни. Ова е нормална појава. (Во зависност од вашиот модел, доколку има адаптер.) // Исклучете го апаратот додека се полни. // Никогаш не ја користете правосмукалката без наместени филтри или филтер делови. // Отворите за издувни гасови не треба да бидат блокирани за време на чистење со правосмукалка. // Користете го апаратот исклучиво за домаќинство и затворени простории. // Чувајте ги отворите за смукање чисти и слободни за да обезбедите оптимална и непречена моќ на смукање на апаратот. Препорачуваме
редовно чистење на отворените делови на цревото за смукање и отстранување на прашина, влакна или друго нешто што може да го блокира протокот на воздух. // Пред чистење на држачот или основата за полнење, исклучете го од штекер. // Никогаш не користете ја правосмукалката за чистење на пепел или земја, отпушоци, кибрити, течности (пр. вода, пена за чистење на теписи), или остри и шилести предмети (кршено стакло итн.) // Чувајте ја цевката за смукање или отворениот дел на апаратот подалеку од лицето и телото. // Никогаш не користете го апаратот за чистење на градежен материјал (како што е ситен песок, вар, цементен прав, прашина од тонер итн.). Ова може да го оштети апаратот.
Проблеми и решенија
| Проблем | Можна причина | Решение |
| Правосмукалката не работи | Батеријата е празна. Рачната правосмукалка не е правилно приключена. | Наполнете ја батеријата. Правилно включете ја рачната правосмукалката во струја. |
| Намалена моќ на вшмукување. | Садот за прав е полн. Филтерот е закукан. Закукана цевка за довод на воздух или закукан цилиндар на електричната четка. | Отстранете ја прашината. Исчистете го или заменете го филтерот. Исчистете ја електричната четка. |
| Правосмукалката не може да се наполни | Полначот не е приключен на штекер. Утикачот на полночат не е приключен во штекерот на држачот на трупот. Рачната правосмукалка не е включена на трупот. | Приклучете го полночат во штекер. Приклучете го полночат во држачот на трупот. Включете ја правосмукалката во струја. |
| По полнење апаратот работи многу кратко време. | Апаратот не е наполнет довольно. Батеријата е стара. | Полнете ја батеријата во согласност со упатствата. Сменете ја батеријата. |
Околина

По завршување на животниот век не фрлајте го апаратот со обичните домаќински отпадоци, туку оставете го во официјалното збирно место за рециклирање. Така ќе придонесете кон зачувување на околината.
Оваа опрема е обележана согласно европската насока 2012/19/EU за отпадна електрична и електронска опрема (waste electrical and electronic equipment - WEEE). Насоката ги определува барањата за собирање и постапување со отпадната електрична и електронска опрема, кои важат во целата Европска унија.
Гаранција и сервис
За информации или во случај на проблеми обратете се во центарот на Gorenje за помош на корисници во Вашата држава (телефонскиот број ќе го најдете на меѓународниот гаранциски лист). Доколку во Вашата држава нема таков центар, обратете се на локалниот продавач на Gorenje или одделот на Gorenje за мали апарати за домаќинство.
Напомена: Гаранцијата на батеријата на правосмукалката важи 12 месеци.
Само за лична употреба!
За полесен транспорт, некои делови од апаратот се посебно и безбедно ставени во главната опаковка. Пред првата употреба, прочитајте ги и следете ги упатствата за склопување и безбедност. Апаратот е наменет за суво смукање во домашна средина и за употреба во домаќинството.

ДЕЛОВИ
1 Куќиште со мотор 2 Батерија 3 Црево за правосмукалка 4 Моторизирана подна четка за смукање на сите површини 5 Четка „2 во 1“ 6 Тесна млазница 7 Ѕиден држач 8 Адаптер за полнење на батеријата 9 Моторизирана четка за текстилни површини 10 Еластично црево 11 Четка за чешлање домашни миленици
12 Моторизирана мека подна четка со валјак за смукање на тврди подни површини

СКЛОПУВАЊЕ
Ако батеријата на правосмукалката сè уште не е наместена во куќиштето, правилно ставете ја. За ова, следете ги илустрираните упатства во делот за батеријата. Поврзете го горниот дел од цревото со моторната единица, а долниот дел со четката за подови. Местењето е правилно кога апаратот ќе се прицврсти во отворите (се слуша кликнување при секое поставување). Поради чувствителноста, препорачуваме да не го оставате апаратот без да го потпрете на нешто. Резето на четката овозможува кратко самостојно стоење, но потребна е исклучителна внимателност, оти правосмукалката во секој момент може да падне и да се оштети. Ѕидниот држач мора да се монтира на најмалку 1 метар оддалеченост од извори на топлина. Во комплетот е вклучен адаптер за полнење. Следете ги илустрираните упатства за монтирање на ѕидниот држач. Извлечете го предниот долен дел од горниот дел. Ставете го полначот во дупката и вратете го назад долниот дел од држачот. Монтирајте го ѕидниот држач доволно високо за правосмукалката да има добар контакт со адаптерот при полнење. Чувајте ги основните додатоци на означените клинови за да бидат секогаш достапни кога ви се потребни.

УПОТРЕБА
Правосмукалката не е наменета за смукање течности, стакло, пепел, орган или остри предмети, коишто може да го оштетат апаратот. Секој вклучен додаток има различна намена. Додатоците овозможуваат разновидно чистење на вашиот дом.
- Моторизираната подна четка се користи за смукање на сите видови подни површини (смукање на суви подови). Избегнувајте теписи со долги влакна, бидејќи можат да се заплеткаат во валјакот на четката и да ја оштетат правосмукалката. Четката е прилагодена и за рачната единица и за фиксното црево. Валјакот е дизајниран така што косата и другите остатоци да се собираат кон центарот на четката за време на смукањето. Ова го намалува ризикот од оштетување на валјакот. За уште полесна употреба и последователно чистење, во внатрешниот дел од четката додаден е чешел, кој ги собира долгите влакна во реално време и ги отстранува од четката.
- Тесната млазница служи за смукање на потесни, тешко достапни места (ќошиња, софи, пајажини, простор зад радијатори и др.).
- Додаток за четка „2 во 1“, со влакненца (погоден за рамки на врати и прозорци, фиоки итн.).
- Помалата моторизирана четка служи за чистење на текстилни површини.
- Еластично црево: Прикачете го еластичното црево на моторната единица на правосмукалката. Цревото се растега и се користи за разни типови смукање, при што треба да внимавате моторната единица да биде безбедно поставена кога се користи, за да не падне на подот. Со ова црево може да се користат само одредени додатоци.
- Четка за чешлање домашни миленици: Прикачете ја четката на еластичното црево. Копчето на четката овозможува полесно отстранување на влакната. Кога ќе се стисне копчето, четчето на долната страна се собира и правосмукалката ги смука влакната.
- Ако сте купиле правосмукалка со дополнителна голема моторизирана четка со мек валјак, ја препорачуваме за смукање на тврди подни површини. За уште полесна употреба и последователно чистење, во внатрешниот дел од четката е додаден чешел, кој ги собира долгите влакна во реално време и ги отстранува од четката.

ПОЛНЕЊЕ
Адаптерот за кабелот за полнење на правосмукалката е вклучен во пакувањето. Полнете ја правосмукалката на растојание од најмалку 1 метар од извори на топлина. Апаратот не може да се вклучи додека се полни. Правосмукалката може да се полни на ѕидниот држач или самостојно.
Следете ги илустрираните упатства за монтирање на адаптерот во ѕидниот држач. Извлечете го предниот долен дел од горниот дел. Вметнете го полначот во дупката и вратете го назад долниот дел од држачот. Монтирајте го ѕидниот држач доволно високо за правосмукалката да има добар контакт со адаптерот при полнење. Правосмукалката може да се полни на рачниот уред или независно. Притиснете го копчето на батеријата и извлечете ја од рачниот уред.
Кога батеријата ќе се наполни, сите светла ќе светат, а во случај на дигитален екран/дисплеј, процентот на наполнетост се прикажува со броеви. Светлата се исклучени кога се користи, а во случај на дигитален дисплеј, преостанатата наполнетост се прикажува како процентна вредност (во зависност од моделот што сте го купиле).

ФРЛАЊЕ НА АПАРАТОТ
Ако сакате да го замените апаратот или ако веќе не ви е потребен, ве молиме земете ја предвид и заштитата на животната средина. Пред да ја фрлите правосмукалката, батеријата мора да се отстрани. За безбедно отстранување на батеријата, проверете дали е целосно празна. Ако апаратот нема батерија што се вади, следете ги упатствата во сликовната брошура. Следете ги илустрираните упатства за правилно фрлање на батеријата.

РАБОТА
На екранот се прикажани различни функции:
- Со притискање на копчето лево, ја вклучувате и исклучувате правосмукалката.
- Со притискање на копчето десно, го менувате степенот на моќност на вшмукување.
- При избор на напојување, екранот го прикажува преостанатото време за смукање пред да се испразни батеријата. Правосмукалката има повеќе брзини што може да се изберат: ECO (режим за заштеда на батерија, максимално време на работа со едно полнење), BOOST (кратко време на работа со едно полнење, најголема моќ на вшмукување),
Функцијата AUTO се активира веднаш по вклучување на правосмукалката (функцијата AUTO и овозможува на правосмукалката да ја прилагоди брзината и моќноста во зависност од подот или од количеството нечистотија).
- Апаратот има дигитален дисплеј за наполнетост на батеријата. При употреба или додека се полни, дигитално го прикажува нивото на батеријата.
- Икона на екранот што означува полн сад за прашина. Иконата за полн сад свети кога правосмукалката ќе открие дека веќе нема проток на воздух. Кога оваа икона светнува, правосмукалката се исклучува за да се спречи оштетување на апаратот. Отстранете ги сите туѓи предмети од четката, цревото или садот. Откако ќе го отстраните туѓиот предмет, светлото повеќе нема да свети кога повторно ќе ја вклучите правосмукалката.
Празнење на садот за прашина и чистење на влезниот филтер
Брзо чистење при смукање:
Извадете ја моторната единица од цревото. // Со притискање на долниот дел од садот за прашина, го отворате отворот за да ја испразните прашината од него. // Оваа опција се користи кога ќе забележите дека садот за прашина е полн за време на смукањето.
Вадење на садот од моторната единица на правосмукалката:
Извадете го цревото од моторната единица. // За чистење на садот за прашина, стиснете го копчето на предната страна од садот. // Прво, подигнете го садот за прашина на делот каде што се наоѓа копчето за отворање. // Извлечете го прстенот за филтер од садот. // Повлечете ја рачката на филтерот за безбедно да го извадите од прстенот. // Може да ги избришете, истресете или да ги исплакнете садот и прстенот за филтер со млака вода, но бидете внимателни, бидејќи неправилното ракување може да оштети делови од правосмукалката. // Протресете го и нежно исчеткајте го филтерот за да ја отстраните целата нечистотија што се насобрала за време на смукањето. // Филтерот може да се исплакне со млака вода и нежно да се исцеди. // Филтерот содржи микрофилтер и може да се оштети ако не се користи правилно. // Пред повторна употреба, мора темелно да се исуши (најмалку 24 часа пред повторна употреба). Пред пак да го составите садот за прашина, проверете дали сите компоненти се целосно суви. Влажните делови може да предизвикаат оштетување на правосмукалката. // За да ги наместите внатрешните компоненти на садот за прашина, повторно склопете ја правосмукалката по обратен редослед од расклопувањето. // При местење на садот за прашина, прво проверете дали е прикачен на долниот дел, каде што има мала спојка за оваа намена, а потоа под агол прицврстете го назад на моторната единица. // Правилно е наместен кога ќе слушнете мало кликнување. // Никогаш не смукајте без вметнат филтер за прашина.
Чистење на излезниот филтер
Вртете го екранот спротивно од стрелките на часовникот. // Кога ќе се отвори капакот на екранот, внимавајте да не го оштетите екранот, бидејќи тоа ќе значи дека правосмукалката веќе нема да работи. // Извадете го филтерот од внатрешниот дел на моторната единица. // Филтерот може да се избрише или да се истресе. Не треба да се мие. // Сите делови мора да бидат целосно суви пред повторно да го наместите садот за прашина на апаратот. // За да ги ставите внатрешните делови на садот за прашина, повторно склопете ја правосмукалката. // Никогаш не смукајте без вметнат филтер за прашина. // Следете ги илустрираните упатства за детали.
ЗАМЕНА НА ФИЛТЕРОТ
Ако забележите дека филтерот е оштетен, веднаш заменете го. Со редовна употреба, се препорачува филтерот да се менува на секои 6 месеци за да се обезбеди најдолг век на траење на правосмукалката.
ЧЕТКА ЗА ПОДОВИ
На задната страна од четката има копче што се притиска за да се извлече валјакот од четката. Валјакот е дизајниран така што косата и другите остатоци се собираат кон центарот на четката за време на смукањето. Ова го намалува ризикот од оштетување на валјакот. // Бидејќи поголемиот дел од влакната се собираат во центарот на валјакот, полесно ќе се исчисти. // Избришете ја долната страна на куќиштето со крпа. // Исчистете го цревото за вшмукување на четката. // Потчукнете го валјакот на четката за да ги разлабавите остатоците и внимателно исечете ја заплетканата нечистотија и влакната со ножици по означениот жлеб. // Не влечете влакна или конци, бидејќи така може да се оштетат влакненцата на валјакот. // Вратете го валјакот во четката. // Валјакот е правилно наместен кога ќе слушнете меко кликнување и кога страничната игла е безбедно прицврстена на куќиштето од четката.
На страната од четката има мало копче кое се врти за да се ослободи и да се извлече четката од отворот. // Потчукнете го валјакот на четката за да ги разлабавите сите остатоци и со ножици внимателно исечете ја заплетканата нечистотија и влакната што се насобрале на четката. // Не влечете влакна или конци, бидејќи така може да се оштетат влакненцата на валјакот. // Вратете го валјакот во четката. // Валјакот е правилно поставен кога ќе се слушне мало кликнување. Потоа, свртете го копчето за безбедно да го прицврстите валјакот на куќиштето од четката.
РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
| Чест дефект | Можна причина | Решенија |
| Правосмукалката не работи | Производот е ислучен или батеријата е слаба | Ве молиме наполнете го производот пред употреба |
| Вшмукувачкиот отвор на производот е блокиран | Исчистете го отворот за вшмукување на производот | |
| Вшмукувањето е премногу слабо | Склопот на цилиNDERот за прашина и филтерот е прашлив/полн | Исчистете ги садот за прашина и материјалот за филтрирање |
| Четката е обвиена со коса и други предмети | Исчистете ја четката | |
| Цевката има пречка | Внимателно исчистете и проверете за затнувања | |
| Поинаков звук при работа на моторот | Цевката е делумно блокирана | Внимателно исчистете и расчистете |
| Склопот на филтри е блокиран | Темелно исчистете ги филтрите | |
| Производот не се полни | Полначот не е правилно поврзан | Ве молиме проверете го поврзувањето |
| Напојувањето од електричната мрежа не е включено | Проверете дали напојувањето од електричната мрежа е включено | |
| Ситуацијата останува | Проверете во сервисен центар | |
| E1 | Откажување на четката | Проверете во сервисен центар |
| E2 | Дефект на моторот | Проверете во сервисен центар |
| E3 | Дефект на батеријата | Проверете дали батеријата е правилно инсталирана и повторно инсталирајте ја |
| E5 | Дефект на хардверот на печатената плоча | Проверете во сервисен центар |

Само за лична употреба!