PHILIPS Sonicare 6800 Series HX3792 - четка за заби

Sonicare 6800 Series HX3792 - четка за заби PHILIPS - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Sonicare 6800 Series HX3792 PHILIPS во PDF формат.

📄 744 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice PHILIPS Sonicare 6800 Series HX3792 - page 579
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за Sonicare 6800 Series HX3792 PHILIPS

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот четка за заби во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Sonicare 6800 Series HX3792 - PHILIPS и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Sonicare 6800 Series HX3792 на марката PHILIPS.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Sonicare 6800 Series HX3792 PHILIPS

- Време за четкане под 2 минути

PHILIPS Sonicare 6800 Series HX3792 - 1

PHILIPS Sonicare 6800 Series HX3792 - 2

Честитки за купеното и добре дојдовте во Philips! За целосно да ја искористите поддршката која ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome.

Важни безбедносни информации

Користете го производот само за неговата намена. Внимателно прочитајте ги овие информации пред да ги користите производот и неговите батерии и додатоци и зачувајте ги за во иднина. Погрешната употреба може да доведе до опасности и сериозни повреди.

Доставените додатоци може да се разликуваат за различни производи.

Предупредувања

  • Користете само оригинални додатоци или потрошни средства на Philips. Ако сте ги добиле, користете ги само оригиналните USB-кабел и USB-единица за напојување.
  • Уредот не содржи делови што корисникот може да ги сервисира. Ако уредот се оштети, престанете да го користите и контакTRAјте со Центарот за грижа на корисниците во вашата држава (видете „Гаранција и поддршка“).
  • Ако USB-кабелот или USB-единицата за напојување е оштетена, престанете да ја користите.
  • Чувајте го полначот подалеку од вода.
  • Овој уред може да го користат деца и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или со недостиг на искусство и знаење, доколку се под надзор или добивают инструкции за користењето на уредот на безбеден начин и ги разбираат потенцијалните опасности. Децата не треба да го чистат или да го одржуваат уредот без надзор.
  • Децата треба да бидат под надзор за да се осигури дека не си играат со производот.

  • Немојте да ги користите адаптерите и полначите надвор или во близина на загреани површини.

  • Немојте да чистите ниту еден дел од производот во машината за миење садови.
  • По чистењето, проверете дали полначот е целосно сув пред да го поврзете.
  • Исплакнете ја рачката, особено поврзувањето со главата на четката. Нежно исчистете околу гумениот спој.
  • Менувајте ја главата на четката на секои 3 месеци или порано ако се појават знаци на абење. Престанете да ја користите главата на четката со згмечени или извиткани влакна.
  • Овој уред е дизајниран само за чистење заби, непца и јазик.
  • Избегнувајте директен контакт со производи што содржат есенцијални масла или кокосово масло. Контактот може да доведе до вадење на влакната.
  • Максималната надморска височина на употреба е 4500 метри.
  • Информациите за супстанции според REACH што се содржат во производите на Philips, може да се најдат на www.philips.com/REACH

Медицински предупредувања

  • Овој уред е уред за лична нега и не е наменет да го споделуваат повеće корисници.
  • Престанете да го користите апаратот и советувајте се со забар/лекар ако настане претерано или подолго крвавење по користењето или ако искусите непријатност или болка за време на користењето.
  • Ако имате пејсмејкер или друг имплантиран уред, контактирајте со докторот или со производителот на имплантираниот уред пред употребата.

Упатства за безбедност на батеријата

- Овој уред содржи батерии на полнење што смеат да се отстрануваат само од страна на обучени лица.

  • Држете ги производот и батериите подалеку од оган и не изложувајте ги на директна сончева светлина или на високи температури.
  • Ако производот се загрее премногу или почне да мириса, ја промени бојата или ако полнењето трае подолго од вообичаено, престанете со користењето и полнењето на производот и контактирајте со Philips.
  • Не ставајте ги производите и нивните батерии во микробранови печки или индукциски готвачи.
  • Немојте да го отворате, изменувате, продупчувате, оштетувате или расклопувате производот или батеријата за да спречите батериите да се загреат или да испуштат отровни или опасни супстанции. Немојте да им правите краток спој на батериите, прекумерно да ги полните или да ги полните со обратен поларитет.
  • Уредот содржи батерии што не се заменуваат. Кога батеријата е при крај со траењето, уредот правилно ќе се фрли, погледнете го делот за Рециклирање.
  • Полнете само со Philips WAA1001, WAA2001, безбедносно одобрени IPX4 адаптери со номинална влезна моќност (100-240 V\~; 50/60 Hz; 3,5 W) и номинална излезна моќност (5 V dc; 2,5 W). За списокот со адаптери, видете на www.philips.com/support.
  • Полнете го и користете го производот на температура помеѓу 0 °C и 40 °C.
  • Потрошувачка на енергија:
  • Режим на ислучување: Не е применливо
  • Режим на подготвеност: < 0,1 W (автоматски се постигнува во рок од 1 минута)

Електромагнетни полиња (EMF)

Овој Philips уред е во согласност со сите важечки стандарди и регулативи во врска со изложеноста на електромагнетни полиња.

Директива за радио опрема

Со ова, Philips изјавува дека електричните четки за заби со тип на радиоопрема (Bluetooth, NFC) се во согласност со директивата 2014/53/EY.

  • Интерфејсот за радиофреквенција на Bluetooth во соодветните производи работи на 2,4 GHz.
  • Максималната излезна моćност на Bluetooth- uredот е 3 dBm.
  • Интерфејсот за радиофреквенција на NFC во соодветните производи работи на 13,56 MHz.
  • Максималната РФ-мокност што се пренесува со уредот е 30,16 dBm.

Целосниот текст на декларацијата за усогласеност со ЕУ е достапен на следнава интернет-адреса:

Забелешка: Функциите на различните модели може да се разликуваат. Некои модели можеби не се опремени со Bluetooth или NFC.

СПИСОК НА СИМБОЛИ ШТО СЕ КОРИСТАТ

PHILIPS Sonicare 6800 Series HX3792 - СПИСОК НА СИМБОЛИ ШТО СЕ КОРИСТАТ - 1

Следниве символи може да се појавуваат на производот:

Овој символ значи да ги прочитате упатствата за употреба пред да го користите уредот.

PHILIPS Sonicare 6800 Series HX3792 - СПИСОК НА СИМБОЛИ ШТО СЕ КОРИСТАТ - 2

Овој символ значи да го користите посоченото електрично напојување.

Предвидена намена

Оваа електрична четка за заби Sonicare е наменета за отстранување на наталожениот забен камен и остатоци од храна од забите за да се намали расипувањето на забите и да се подобри и одржи

оралното здравје. Оваа електрична четка за заби Sonicare е наменета за домашна употреба од страна на корисниците. Користењето од страна на деца треба да биде под надзор на возрасни лица.

Вашата Philips Sonicare (сл. 1)

1 Капак за главата на четката
2 Паметна глава на четката за заби
3 Символ BrushSync
4 Рачка
5 Паметен дисплеј
6 Копче за включување/режим
7 Индикатор за сензор за притисок
8 USB полнач (сидниот адаптер не е включен)
Забелешка: Влучените додатоци може да се разликуваат според купениот модел.

Започнување

Прикачување на главата на четката

PHILIPS Sonicare 6800 Series HX3792 - Прикачување на главата на четката - 1

1 Порамнете ја главата на четката, така што влакната єе бидат поставени во истата насока со предниот дел на рачката.
2 Цврсто притиснете ја главата на четката врз металниот издаден дел додека не сопре.

Забелешка: нормално е да има мал простор меѓу главата на четката и рачката. Ова й овозможува на главата на четката правилно да вибрира.

Користење на четката за заби Philips Sonicare

Ако ја користите вашата четка за заби Sonicare по прв пат, нормално е да чувствувате повеće вибрации отколку кога користите неелектрична четка за заби. Вообичаено е за тие што ја користат по прв пат да вршат премногу притисок. Применете само нежен

притисок и оставете четката за заби да го врши четкањето наместо вас. Следете ги долунаведените упатства за четкање за најдобро искусство. За да ви помогнеме да преминете на новата електрична четка за заби Sonicare, таа доага со активирана опција EasyStart. Оваа функција полека ја зголемува мокноста во текот на првите 14 сесии на четкање за да ви помогне да се прилагодите на четкањето со четката за заби Sonicare.

Упатства за четкање

PHILIPS Sonicare 6800 Series HX3792 - Упатства за четкање - 1

1 Навлажнете ја четката и нанесете мало количество паста за заби.

2 Притиснете го копчето за включување/исклучување за да го включите Philips Sonicare. Потоа изберете режим на четкање.

Забелешка: Првите 3 секунди од сите режими започнуват со нежни вибрации. Ова го спречува распрснувањето на пастата за заби и ви овозможува да се движите низ режимите за да го изберете претпочитаниот режим на четкање.

3 Поставете ги влакната на четката за заби до забите под мал агол (45 степени), притискајки нежно за влакната да стигнат до непцето или малку под него.

Забелешка: Центарот на четката мора да биде во контакт со забите цело време.

4 Нежно поставете ги влакната од четкичката на забите и непцата. Четкајте ги забите со мали движење напред-назад, така што влакната на четкичката їе достигнуваат помеѓу забите.

Продолжете со ова движење за целото време на четкањето.

PHILIPS Sonicare 6800 Series HX3792 - Упатства за четкање - 2

Забелешка: влакната од четката треба малку да се рашират. Не се препорачува да четкате како со рачна четка за заби.

5 За да ги исчистите внатрешните површини на предните заби, свртете ја рачката на четката полу нагоре и направете неколку вертикални преклопувачки движења на четкање на секој заб.

6 Започнете со четкање на делот 1 (надворешна страна на горните заби) и четкајте 30 секунди пред да продолжите на делот 2 (внатрешна страна на горните заби). Продолжете со четкање на делот 3 (надворешна страна на долните заби) и четкајте 30 секунди пред да продолжите на делот 4 (внатрешни долни заби).

Забелешка: Може да се додаде дополнительно време кога ги користите режимите Deep Clean, Gum Pro или White.

7 Откако ће го завршите циклусот на четкање, може дополнително да ги четкате површините за цвакање на забите и местата каде што настануваат дамки. Може да го четкате и јазикот, со включена или ислучена четка за заби, како што претпочитате. Вашата четка за заби Philips Sonicare би требало да биде безбедна за употреба на протези (главите на четките се трошат побрзо кога се користат на протези) и забни реставрации (пломби, коронки, навлаки) доколку се правилно залепени и не се компромитирани. Ако се појави проблем, посоветувајте се со стоматолог.

Забелешка: Кога четката за заби Philips Sonicare се користи за клинички испитувања, таа мора да се користи во режим Clean (чистење) со рачката целосно наполнета и функцијата EasyStart деактивирана.

Режими

PHILIPS Sonicare 6800 Series HX3792 - Режими - 1

Вашата електрична четка за заби е опремена со пет различни режими: Clean, Deep Clean, Gum Pro, Sensitive и White.

Според паметната глава на четката што ја користите; оптималниот режим ке се избере автоматски од страна на технологијата BrushSync.

За рачно да го смените режимот, притиснете го копчето за вклучување/исклучување кога четката за заби е включена. Сите глави на четките Philips Sonicare функционираат со секој режим.

Режим Clean Темелно

чистенье

Слика на режимот

PHILIPS Sonicare 6800 Series HX3792 - Слика на режимот - 1

PHILIPS Sonicare 6800 Series HX3792 - Слика на режимот - 2

Отстрану- вање на забен камен

Отстрану- вање на забен камен и масажа на непцата

Вкупно време на четкање

2 минути 3 минути 3 минути 2 минути 2 минути и

30 секунди

Режим Clean Темелно чистење

Како да четкатеЧеткајте го секој сегмент 30 секундичеткајте го секој сегмент 45 секундиЧеткајте го секој сегмент 30 секунди,Четкајте го секој сегмент 30 секундиЧеткајте го секој сегмент 30 секунди,
[УС7Т][7У6У][ZЗСТ]PHILIPS Sonicare 6800 Series HX3792 - Вкупно време на четкање - 1PHILIPS Sonicare 6800 Series HX3792 - Вкупно време на четкање - 2
потоа четкајте по линијата на непцата на секој сегмент по 15 секунди секој.потоа четкајте ги горните и долните предни заби по 15 секунди секој.

Технологијата BrushSync і овозможува на главата на четката да комуницира со рачката користејки микрочип. Симболот на дното од главата на четката означува дека главата е опремена со оваа технологија.

Технологијата BrushSync овозможува:

  • Потсетник за замена на глава на четка
  • Режим на спарување на главата на четката
    Philips Sonicare нуди широка лепеза на паметни глави за четка, опремени со технологијата BrushSync. За да го истражите целиот спектар на глави на четки за заби и ја најдете главата на четката што најмногу Ви одговара, одете на www.philips.com/toothbrush-heads за повеće информации.

Функции

  • Сензор за притисок
  • SmarTimer

  • Извештаи за четкање

  • QuadPacer
  • EasyStart
  • Потсетник за замена на глава на четка
  • Режим на спарување на главата на четката

Сензор за притисок

PHILIPS Sonicare 6800 Series HX3792 - Сензор за притисок - 1

Вашиот Philips Sonicare е опремен со напреден сензор што го мери притисокот што го применувате при четкање. Ако примените преголем притисок, четката за заби веднаш їе реагира за да укаже дека треба да го приспособите притисокот. Кога нанесувате премногу притисок за време на четкањето, їе почувствувате промена во вибрациите и долниот дел од рачката їе свети во портокалова боја.

Извештаи за четкање

PHILIPS Sonicare 6800 Series HX3792 - Извештаи за четкање - 1

Вашиот Philips Sonicare редовно дава извештај за вашето однесување при четкање.

По четкањето на екранот се прикажува извештај со времето на четкање.

- Време на четкање од 2 минути или повеке

PHILIPS Sonicare 6800 Series HX3792 - Извештаи за четкање - 2

- Време на четкање помалку од 2 минути

PHILIPS Sonicare 6800 Series HX3792 - Извештаи за четкање - 3

- За време на четкањето на екранот се прикажуваат моменталниот режим на четкање и времето на четкање

SmarTimer

SmarTimer означува дека циклусот на четкање завршил со автоматско ислучување на четката за заби на крајот од циклусот на четкање.

Стоматолозите препорачуваат четкање не помалку од 2 минути двапати дневно.

Забелешка: Ако го притиснете копчето за напојување откако ќе го започнете циклусот на четкање, четката за заби ќе паузира. По пауза од 15 секунди, SmarTimer се ресетира.

QuadPacer

PHILIPS Sonicare 6800 Series HX3792 - QuadPacer - 1

flowchart
graph TD
    A["①"] --> B["②"]
    B --> C["③"]
    C --> D["④"]
    D --> E["End"]

QuadPacer e интервален тајмер што има краток звучен сигнал и пауза за да ве потсети да ги четкате 4-те дела од устата подеднакво и темелно. Четката за заби Philips Sonicare доаға со активирана функција QuadPacer.

Забелешка: Може да се додаде дополнительно време кога ги користите режимите Deep Clean, Gum Pro или White.

EasyStart

Овој модел на Philips Sonicare се испорачува со активирана одлика EasyStart. Функцијата EasyStart полека ја зголемува силата во текот на првите 14 четкања за да ви помогне да се навикнете на четкањето со Philips Sonicare.

Кога четката за заби Philips Sonicare се користи за клинички испитувања, таа мора да се користи со висок интензитет со рачката целосно наполнета, а функцијата EasyStart деактивирана.

За да деактивирате EasyStart (видете „Активирање или деактивирање на функциите“).

Потсетник за замена на глава на четка

Вашата четка Philips Sonicare е опремена со технологija BrushSync што го следи абењето на главата на четката. Оваа функција ви дава гаранција за најдобро чистење и нега на вашите заби.

PHILIPS Sonicare 6800 Series HX3792 - Потсетник за замена на глава на четка - 1

text_image New Brush Head Replace Brush Head

Забелешка: Оваа функција работи само со паметните глави на четки Philips Sonicare со технологијата BrushSync.

1 Кога ќе прикачите нова паметна глава за четка за заби по прв пат, рачката препознава дека имате глава за четка на Philips со технологија BrushSync и екранот го прикажува символот за главата на четката.
2 Со тек на време, врз основа на притисокот што го применувате и тоа колку долго се користела четката за заби, рачката їе го следи абењето на главата на четката за да го определи оптималното време за менување на главата на четката. Кога їе заврши животниот век на главата на четката, на екранот се прикажува символот за потсетување за замена на главата на четката и покажува дека треба да ја замените главата на четката колку е можно поскоро.

Забелешка: Заменувајте ги главите на четката Philips Sonicare на секои 3 месеци за да се постигнат оптимални резултати. За замена, користете само глави за четка на Philips Sonicare.

Режим на спарување на главата на четката

Главите на четките со технологија BrushSync се опремени со микрочип кој комуницира со рачката и автоматски ја спарува со препорачаниот режим и интензитет. Повекето глави на четки со технологија BrushSync автоматски се спаруваат на режимот Clean. Главите на четката што имаат посебни придобивки се спаруваат само со соодветниот режим (кога е достапен), такви примери се:

G3 Premium Gum Care: Режим Gum Pro
S2 Sensitive: Режим за чувствителни области
W Optimal White: Режим White

Забелешка: Ако изберете да го промените режимот од препорачаната поставка, главата на четката єе ја запомни избраната поставка за идните сесии на четкање.

Полнење и статус на батеријата

1 Прикачете го USB полначот со сиден адаптер и приключете го сидниот адаптер во електричен сиден штекер.
2 Поставете ја рачката на приклучениот полнач.
- На екранот се прикажува иконата за батерија со символ за гром и слушате два звучни сигнала. Светлото на индикаторот на сензорот за притисок исто така Ѽе се запали во бела боја 5 секунди.

Забелешка: Потребни се до 16 часа за батеријата целосно да се наполни, но може да ја користите четката за заби Philips Sonicare и пред целосно да се наполни.

Забелешка: Оваа четка за заби Philips Sonicare има капацитет од најмалку 28 сесии на четкање, секоја сесија по 2 минути. (14 дена, доколку се користи двапати дневно).

Статус на батеријата

LCD0-екранот ке го прикажува нивото на батеријата по секоја сесија на четкање, кога ја ставате рачката на полначот и кога ја вадите од полначот. Додека се полни, притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да го проверите нивото на батеријата.

Иконата за батерија ја менува бојата со различни нивоа на батерија: таа станува жолта ако нивото на батеријата е под 40 %; додека испразнетата батерија е означена со црвена икона што трепка со два кратки звучни сигнала.

Статус на батеријата Боја на иконата за батеријата Процент на батерија

Слаба Црвена 0% - 20%
Средна Жолта 21% - 40%
Полна Сина 41% - 100%

Активирање или деактивирање на функциите

Можете да ги активирате или деактивирате следниве функции на вашата четка за заби:

  • EasyStart
  • Потсетник за замена на глава на четка
    За да ги активирате или деактивирате овие функции, следете ги упатствата подолу:

EasyStart

PHILIPS Sonicare 6800 Series HX3792 - EasyStart - 1

PHILIPS Sonicare 6800 Series HX3792 - EasyStart - 2

1 Поставете ја рачката на приклучениот полнач.
2 Држете го копчето за вклучување/исклучување притиснато сё додека не слушнете единечен краток звучен сигнал (по 3 секунди).
3 Пуштете го копчето за вклучување/исклучување.

- Тројниот тон на ниско-средно-високо значи дека функцијата EasyStart е активирана. Иконата на екранот покажува дека EasyStart е активиран.

- Тројниот тон на високо-средно-ниско значи дека функцијата EasyStart е деактивирана. Иконата на екранот покажува дека EasyStart е деактивиран.

Забелешка: За да се постигне клиничка ефикасност, EasyStart треба да се деактивира.

Потсетник за замена на глава на четка

Забелешка: Можете да го активирате или деактивирате потсетникот за замена на главата на четката за заби кога на рачката се наого паметна глава на четка за заби.

1 Поставете ја рачката на приклучениот полнач.
2 Притиснете и држете го копчето за вклучување/исклучување додека рачката останува на полначот.

PHILIPS Sonicare 6800 Series HX3792 - Потсетник за замена на глава на четка - 1

PHILIPS Sonicare 6800 Series HX3792 - Потсетник за замена на глава на четка - 2

3 Држете го копчето за вклучување/исклучување притиснато сё додека не слушнете два кратки звучни сигнали (по 6 секунди).
4 Пуштете го копчето за вклучување/исклучување.

- Тројниот тон на ниско-средно-високо значи дека функцијата на потсетникот за замена на главата на четката за заби е активирана. Иконата на екранот покажува дека потсетникот за замена на главата на четката е активиран.

- Тројниот тон на високо-средно-ниско значи дека функцијата на потсетникот за замена на главата на четката за заби е деактивирана. Иконата на екранот покажува дека потсетникот за замена на главата на четката е деактивиран.

Чистење

Треба да ја чистите вашата четка за заби Philips Sonicare редовно за да се отстранат пастата за заби и другите остатоци. Доколку не ја чистите четката за заби Philips Sonicare, може да се добие нехигиенски производ и да дојде до негово оштетување.

Предупредување: Немојте да ги чистите производот или додатоците со остри предмети или во машина за миење садови, микробранова печка, со хемикалии или во врела вода

1 Отстранете ја рачката на четката за заби и исплакнете ја областа на металниот издаден дел со топла вода. Осигурете се дека ќе отстранувате какви било траги од паста за заби на рачката и околу копчињата најмалку еднаш седмично, но по можност по секое користење.

Внимание: Не туркајте го гуменото капаче врз металниот издаден дел или околу копчињата со остри предмети, затоа што тоа може да предизвика оштетување.

2 Избришете ја целата површина на рачката со влажна крпа.

Внимание: Не допирајте ја рачката на мијалникот или на масата за да го отстраните вишокот вода.

3 Исушете ја рачката со мека крпа или пешкир.

1 Плакнете ги главата и влакната на четката за заби по секое користење и оставете да се исушат на воздух.

2 Најмалку еднаш неделю, вадете ја главата на четката од рачката и плакнете ја спојката на главата на четката со топла вода.

Полнач

1 Исключете го полначот од струја пред да го чистите.

2 Избришете ја површината на полначот со влажна крпа.

Чување

Ако нема да го користите производот долго време, исключете го и исчистете го (видете го поглавјето „Чистење“). Складирајте ја на ладно и суво место подалеку од директна сончева светлина.

Полнете ја четката за заби редовно за да спречите целосно празнење на батеријата. Целосно испразнетата батерија може да доживее неуспешно повторно полнење.

Лоцирање на бројот на моделот

Видете на долната страна од рачката на четката за заби Philips Sonicare за бројот на моделот (e.g. HX123A).

Решавање проблеми (ROW)

Ова поглавје ги резимира најчестите проблеми што може да ги имате со уредот. Доколку не можете да го решите проблемот со помош на информациите дадени подолу, одете на www.philips.com/support и

ставете го вашиот број на модел за да побарате список од најчесто поставуваните прашања или јавете се во Центарот за грижа на корисници во вашата земја.

Не можам целосно да ја прикачам главата на четката. Има мал простор помеѓу главата на четката и рачката.Овој простор е нормален и е потребен за да главата на четката соодветно вибрира. Главата на четката мора да може да се мрда за да се создаде правилниот интензитет на вибрации.
Вибрациите на мојата четка за заби Philips Sonicare се послаби од порано.Главата на четката е премногу блиску до телото на четката за заби или четката за заби треба да се наполни.Отстранете ја главата на четката за заби од рачката и повторно поставете ја на металниот издаден дел, оставајки мала празнина. (1 – 2 mm). Кога се полни, проверете дали полночат е включен во напојување и е поставен на рамна површина пред да ја ставате четката за заби на полночат. Оставете четката за заби да се полни 24 часа.
Ја наполнив мојата четка за заби, ама таа функционира само кратко време.Основата на четката за заби не е поставена рамно на полночат кога се обидувате да ја наполните.Осигурете се дека полночат е включен во напојување и е поставен на рамна површина пред да ја ставате четката за заби на полночат. Оставете четката за заби да се полни 24 часа.

Гаранција и поддршка

Доколку ви се потребни информации или поддршка, посетете ја страницата www.philips.com/support или прочитајте го летокот со меѓународната гаранција.

Ограничување на гаранцијата

Условите од меѓународната гаранција не го покриваат следново:

  • Глави за четката.
  • Оштетување предизвикано од користење неовластени резервни делови.
  • Оштетување предизвикано од погрешно користење, запоставување, промени или неовластени поправки.
  • Нормално трошење и абење, вклучувајки скршени делчиња, гребаници, абразии, промена на бојата или избледување.

Рециклирање

PHILIPS Sonicare 6800 Series HX3792 - Рециклирање - 1

- Овој символ означува дека електричните производи и батерии не треба да се фрлаат во обичниот отпад од дома Kinствата.

- Придржувајте се до прописите во вашата земја за посебно собирање на електрични производи и батерии.

Отстранување на вградена батерија на полнење

Преземете ги сите неопходни мерки на претпазливост кога ракувате со алати за

отворање на уредот и кога ја фрлате батеријата на полнење.

Кога ракувате со батериите, осигурете се дека рацете, производот и батериите се суви.

Ако батериите се оштетени или протекуваат, избегнувајте контакт со кожата или очите. Ако се случаи тоа, веднаш исплакнете добро со вода и побарајте лекарска помош.

За да се избегне случаен краток спој на батериите по отстранувањето, не дозволувајте терминалите на батериите да дојдат во контакт со метални предмети (на пр., парички, шноли за коса, прстени). Немојте да ги виткате батериите во алуминиумска фолија. Залепете ги терминалите на батериите или ставете ги батериите во пластична кеса пред да ги фрлате.

Пред да ја отстраните батеријата, проверете дали батеријата е целосно испразнета.

За да ја отстраните батеријата на полнење, ќе ви треба рамен (стандарден) шрафцигер.

1 За да ја испразните батеријата на полнење од преостанатото полнење, отстранете ја рачката од полначот, включете ja Philips Sonicare и оставете ја да работи додека не сопре. Повторувајте го овој чекор додека нема да можете да ја включите Philips Sonicare.
2 Отстранете го филмот на долниот дел од рачката, а потоа отшрафете ја завртката.

PHILIPS Sonicare 6800 Series HX3792 - Преземете ги сите неопходни мерки на претпазливост кога ракувате со алати за - 1

3 Отстранете го крајното капаче од рачката на четката за заби.
4 Држејки ја рачката наопаку, притиснете го издадениот дел на цврста површина.
5 Турнете го шрафцигерот помеѓу батеријата и белата рамка на долниот дел од внатрешните делови. Потоа туркајте го шрафцигерот подалеку од батеријата за да го одвоите долниот дел на белата рамка.
6 Вметнете го шрафцигерот помеѓу долниот дел на батеријата и белата рамка за да ја одвоите металната плочка што ја поврзува батеријата со зелената печатена плоча. Ова ќе го одвои долниот крај на батеријата од рамката.
7 Фатете ја батеријата и извлечете ја од внатрешните компоненти за да ја одвоите од втората метална плочка на батеријата.

Внимание: Внимавајте на острите рабови од плочките на батеријата за да не ги повредите прстите.

8 Покријте ги контактите на батеријата со лента за да се спречи електричен спој од преостанатото полнење на батеријата. Батеријата на полнење сега може да се рециклира, а остатокот од производот може соодветно да се фрли.

Введение

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : PHILIPS

Модел : Sonicare 6800 Series HX3792

Категорија : четка за заби