HU1509 - Навлажнувач PHILIPS - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот HU1509 PHILIPS во PDF формат.
Прашања на корисниците за HU1509 PHILIPS
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Навлажнувач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник HU1509 - PHILIPS и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. HU1509 на марката PHILIPS.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК HU1509 PHILIPS
Зелен > 60% Прекалена влажност
Пред да го користите апаратот, внимателно прочитајте ја оваа брошура со важни информации и зачувајте ја за идни потреби.
За да обезбедите најдобри перформанси, проверете дали фирмверот на вашиот апарат е надграден со најновата верзија. Оваа надградба можете да ја извршите преку апликацијата Air+.
Опасност
- Немојте да прскате со запаливи материјали како што се инсектициди или парфеми околу апаратот.
- Немојте да го чистите апаратот со вода, некоја друга течност или (запалив) детергент за да се избегне опасност од струен удар и/или пожар.
- Водата во резервоарот не е за пиење. Немојте да ја пиете оваа вода, немојте да ја давате на животни или да ја користите за наводнување растенија. Истурајте ја водата во одвод кога го празните резервоарот за вода.
Предупредување
- Имајте предвид дека високите нивоа на влажност може да поттикнат развој на биолошки организми во опкружувањето.
- Не дозволувајте површината околу овлажувачот на воздух да се навлажи или намокри. Ако се појави влага, намалете ја јачината на овлажувачот на воздух. Ако јачината на овлажувачот на воздух не може да се намали, користете го овлажувачот повремено. Не дозволувајте ансорбирачките материјали, како што се килими, завеси, драперии или чаршафи, да се навлажат.
- Никогаш не оставајте вода во резервоарот кога апаратот не се користи.
- Испразнете и исчистете го овлажувачот на воздух пред да го складирате. Исчистете го овлажувачот на воздух пред следната употреба.
- Пред да го включите апаратот, проверете дали напонот наведен на апаратот одговара на напонот на локалната електрична мрежа.
- Во случај на оштетување, кабелот за напојување треба да го замени компанијата Philips, односно сервисен центар овластен од Philips или лица со соодветни квалификации за да се избегне опасност.
- Немојте да го користите апаратот ако е оштетен приклучокот, кабелот за напојување или самиот апарат.
- Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или лица со недостаток на искусство и знаење, под услов да се надгледуваат или да добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат можните опасности. Децата не смеат да си играат со апаратот. Децата не смеат да го чистат или да го одржуваат апаратот без надзор.
Внимание
- Микроорганизмите што може да се присутни во водата или во опкружувањето каде што се користи или складира апаратот, може да се развивают во резервоарот за вода и да се разнесат во воздухот предизвикувајки многу сериозни здравствени ризици кога водата не се менува и резервоарот не се чисти правилно на секои 3 дена.
- Стандарден интерфејс за Wi-Fi врз основа на 802.11b/g/n/ax со 2,4 GHz и максимальна излезна мокност од 64 mW EIRP.
-
Bluetooth верзија 5.2 (LE) со фреквенција од 2,4 GHz и излезна RF- мокност помала од 10 mW EIRP.
-
Апаратот е наменет само за употреба во домакинства во нормални услови на работа.
- Секогаш поставувајте и користете го апаратот на сува, стабилна, рамна и хоризонтална површина.
- Немојте да ставате ништо врз апаратот и немојте да седите или да стоите врз апаратот.
- Немојте да го користите апаратот во близина на плински апарати, уреди за греење или камини.
- Не поставувајте го апаратот директно под климатизер за да спречите капење вода врз апаратот поради кондензацијата.
- Немојте да го користите апаратот ако сте користеле димни средства против инскти за внатрешна употреба или на места каде што има остатоци од масло, запален темјан или испарување на хемикалии.
- Немојте да го користите апаратот во влажни опкружувања или во опкружувања со висока амбиентална температура како, на пример, во бања, тоалет или кујна или во просторија со големи температурни промени.
- Немојте да ги потопувате основата на овлажувачот, кабелот за напојување или приклучокот во вода.
- Празнете го резервоарот за вода и повторно полнете го секој трет ден. Пред повторното полнење, исчистете го со свежа вода од чешма. Отстранете ги наслагите, бигорот или слојот што се формирале на страничните делови од резервоарот за вода или на внатрешните површини и избришете ги сите површини со сува крпа.
- Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер кога сакате да го преместите, исчистите, наполните со вода и кога сакате да извршите одржување.
- Во резервоарот за вода не ставајте други супстанции освен вода. Не додавајте етерични масла или хемиски супстанци во водата.
- Користете пречистена, дестилирана вода или вода со мала содржина на минерали за да спречите таложење бигор и разнесување минерали во воздухот. Не користете врела вода.
- Не истурајте вода во ниту еден отвор освен во резервоарот за вода.
- Не покривајте ги млазниците додека е включен овлажувачот. Водената магла не треба да биде насочена кон сидови, мебел, постелнина и апарати.
- Отстранете го резервоарот за вода од основата пред да го преместите овлажувачот.

- Никогаш немојте да го ставате производот во машина за алишта или машина за садови. Ако го сторите тоа, Ѽе се уништи апаратот.
- Додека работи овлажувачот, немојте да го отстранувате резервоарот за вода од основата и никогаш немојте да ги допирате цевчињата за вода или кои било компоненти во резервоарот.
- Со производот не се испорачуваат етерични масла. Ве молиме купете и користете етерични масла доколку е потребно.
- Не заборавајте да го ислучите производот од штекер пред да ги ставите етеричните масла во кутијата за арома.
- Немојте да користите други супстанци освен етерични масла во кутијата за арома.
- Внимателно прочитајте и следете ги упатствата за безбедност и за користење на етеричното масло пред употреба.
- Проверете дали етеричното масло содржи состојки на кои сте алергични и немојте да го користите во таков случај.
- Советувајте се со лекар и следете ги неговите препораки пред да го користите етеричното масло за доенчиња, бремени жени или жени во период на лактација или, пак, ако имате респираторни проблеми
- Ако не се чувствувате добро и ако почувствувате иритација или непријатност при користењето на етеричното масло, ве молиме престанете да го користите.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој апарат е усогласен со важечките стандарди и прописи што се однесуваат на изложеноста на електромагнетни полиња.
Рециклирање

Овој символ означува дека производот не смее да се фрла со обичниот отпад од дома Kinствата (2012/19/EU).
Придржувајте се до законите во вашата земја за одделно собирање на електричните и електронските производи. Правилното фрлање помага во спречувањето на негативните последици по животната средина и човековото здравје.
Поедноставена декларација за усогласеност на ЕУ
Во овој документ, компанијата DAP B.V. изјавува дека радиоопремата од типот HU1509/HU1510 е усогласена со Директивата 2014/53/EU. Целосниот текст на декларацијата за усогласност на ЕУ е достапен на следната интернет-адреса: www.philips.com.
Вашиот овлажувач на воздух
Преглед на производот

A Млазница G Контролна табла
В Капак на резервоарот за вода Н Основа
С Отвор за излез на водена магла I Приклучок за напојување
D Резервоар за вода J Кутија за арома
E Филтер за вода K Подлоги за арома (FY5100)
F Пловка L Цевка за водена магла
Копчиња за контрола:
Копче за вклучување/исклучување Копче за функција на светло
Копче за поставување влажност Промена нарежим
Притиснете го(и) копчето(ињата) на апаратот во траење од 3 секунди:
Ресетирање на чистењето Ресетирање на Wi-Fi
Екран:
(A) Автоматски режим Режим на мирување

Индикатор за Wi-Fi Среден режим

Брз режим Предупредување за чистење на
овлажувачот на воздух
Индикатор за дополнување вода Индикатор за тајмер (достапен во апликацијата)
Подготовка за користење
Прво користење
Забелешка:
Отстранете ја целата амбалажа пред првото користење.
Извадете го резервоарот за вода од основата и отстранете ги сите ленти.
Исплакнете ги сите делови пред првата употреба.
Најдете цврста, рамна, водоотпорна површина за овлажувачот на воздух и поставете го на растојание од најмалку 30 см од сидовите.
Погрижете се водената магла да не е насочена кон сидовите, мебелот и други уреди.
1 Проверете дали пловката е добро поставена.

2 Отстранете го горниот капак од резервоарот за вода.

3 Проверете дали филтерот за вода е правилно прикачен.

4 Наполнете го резервоарот со вода. Немојте да го полните со врела вода.
Забелешка:
Користете пречистена, дестилирана вода или вода со мала содржина на минерали за да спречите таложење бигор и разнесување минерали во воздухот.

- Немојте да ја надминувате ознаката за ниво на вода при полнење вода.

- Не сипувајте вода преку излезот за ултразвучна водена магла.

- Не сипувајте вода директно во основата.

5 Повторно прикачете го горниот капак на резервоарот за вода.
Користење на функцијата за арома
Забелешки:
Со производот не се испорачуваат етерични масла. Ве молиме купете и користете ги наведените етерични масла доколку е потребно.
Внимателно прочитајте го упатството за користење на етеричните масла пред да ја користите функцијата за арома.
Не заборавајте да го исключите производот од штекер пред да ги ставите етеричните масла во кутијата за арома.
Немојте да користите други супстанци освен етерични масла.
Внимателно прочитајте и следете ги упатствата за безбедност и за користење на етеричното масло пред употреба.
Проверете дали етеричното масло содржи состојки на кои сте алергични и немојте да го користите во таков случај.
Советувајте се со вашиот лекар и следете ги неговите препораки пред да ги користите етеричните масла за доенчиња, бремени жени, жени во период на лактација или ако имате респираторни проблеми.
Ако не се чувствувате добро и ако почувствувате иритација или непријатност при користењето на етеричните масла, ве молиме престанете да ги користите.
Немојте да ја користите функцијата за арома со етерични масла за доенчиња, бремени жени или жени во период на лактација.
Етерични масла додавајте само директно во подлогата за арома. Не додавајте етерични масла во други делови, во спротивно деловите єе се оштетат од маслото.

1 Притиснете ја кутијата за арома за автоматски да се исфрли.

2 Капнете 2-3 капки етерично масло на испорачаната подлога за арома.

3 Турнете ја кутијата за арома во апаратот.
Објаснување за индикаторот за Wi-Fi
Икона за статус на Wi-Fi Статус на Wi-Fi-врската
Трепка со портокалова боја Се поврзува со паметниот телефон
Свети со портокалова боја Поврзан е со паметниот телефон
Трепка со бела боја Се поврзува со серверот
Постојано свети со бела боја Поврзан е со серверот
Исклучено Функцијата за Wi-Fi е оневозможена или светлата
на уредот се исклучени
Wi-Fi-врска

text_image
PHILIPSПрво поставување на Wi-Fi-врската
1 Преземете и инсталирајте ја апликацијата „Air+“ на Philips од App Store или Google Play.

2 Вметнете го приклучокот на овлажувачот на воздух во штекер и притиснете го копчето за напојување за да го включите овлажувачот на воздух.
- Индикаторот за Wi-Fi 📋 трепка со портокалова боја првиот пат.

text_image
2.4GHz3 Проверете дали паметниот телефон или таблетот е успешно поврзан со вашата Wi-Fi-мрежа.
Забелешка:
Овозможете ја функцијата Bluetooth на вашиот паметен телефон за да овозможите непречено впарување.
Проверете дали вашиот паметен телефон е поврзан со Wi-Fi-мрежа од 2,4 GHz (домашна) наместо Wi-Fi-мрежа од 5 GHz или јавна Wi-Fi-мрежа. За успешно впарување, препорачуваме да ги исключите мобилните податоци пред да започнете со впарувањето.

flowchart
graph TD
A["Wi-Fi Signal"] --> B["Wireless Device"]
C["Mobile Phone"] --> D["Wireless Device"]
D --> E["Wireless Device"]
style A fill:#f9f,stroke:#333
style B fill:#f9f,stroke:#333
style C fill:#ccf,stroke:#333
style D fill:#cfc,stroke:#333
style E fill:#fcc,stroke:#333
4 Стартувајте ја апликацијата „Air+“ на Philips и кликнете на „Add a device“ (Додај уред) или притиснете го копчето „+“ на екранот. Следете ги упатствата на екранот за да го поврзете пречистувачот на воздух со вашата мрежа.
- По успешно поврзување, индикаторот за Wi-Fi останува непрекинато бел.
Забелешка:
Ова упатство важи само кога овлажувачот на воздух се поставува за прв пат. Ако мрежата е променета, поставувањето треба повторно да се изврши.
Ако сакате да поврзете повеće од еден овлажувач на воздух со вашиот паметен телефон или таблет, можете да го додадете овлажувачот на воздух во апликацијата на дополнителни паметни телефони без да ја ресетирате Wi-Fi-врската на уредот.
Растојанието помеѓу паметниот телефон или таблетот и овлажувачот на воздух треба да е помало од 10 m и не треба да има никакви пречки.

Ресетирајте ја Wi-Fi-врската
1 Вметнете го приключокот на овлажувают на воздух во штекер и притиснете на за да го включите овлажувают на воздух.

2 Долго притиснете го копчето метовремено во траење од 3 секунди сё додека не слушнете звучен сигнал.
- Овлажувачот на воздух преминува во режим за впарување.
- Индикаторот за Wi-Fi 📋 трепка портокалово.
3 Следете ги чекорите 3-4 во делот „Прво поставување на Wi-Fi-врската”.
Користење на овлажувачот на воздух
Објаснување за светлото за влажност
Релативната влажност ја претставува количината на водена пареа во атмосферата. Индикаторот за овлажување има четири нивоа на статус: Светлото за влажност има три бои:

Боја на светлото за влажност
Тековна влажност
Што значи?
Забелешка: зададената целна влажност е 50 % RH, а саканата целна влажност може да ја поставите со притиснување на копчето за поставување влажност.
Ниво на вода
Кога нема довольно вода во резервоарот, индикаторот за дополнување вода е включен и овлажувачот на воздух престанува да работи. Овлажувачот на воздух će продолжи да работи кога će го дополните резервоарот со вода.
Дополнување вода
Забелешка:
Празнете го резервоарот за вода и повторно полнете го секој трет ден.
Кога полните вода, немојте да го надминувате максимальното ниво на вода.
Не тресете го резервоарот за вода кога го преместувате бидејки може да истече вода.
Следете ги чекорите во „Прво користење“ за дополнување вода.
Вклучување и исклучување
Забелешка:
За оптимални перформанси на овлажување, затворете ги вратите и прозорците.
Погрижете се завесите да бидат подалеку од влезот или излезот за воздух.
Овлажувают се применува во опсег на амбиентална температура : 5-40 °C.
1 Вметнете го приклучокот на овлажувачот на воздух во штекер.

2 Притиснете го копчето за напојување за да го включите овлажувачот на воздух.
- Овлажувачот на воздух дава звучен сигнал.
- Светлото за влажност ја избира соодветната боја што одговара на нивото на влажност во опкружувањето.
- Овлажувачот на воздух работи во Средниот режим со тековното ниво на влажност прикажано на екранот.
3 Повторно притиснете го копчето за напојување за да го исклучите овлажувачот на воздух.
Забелешка: ако овлажувачот на воздух остане приключен во штекер по исклучувањето, тој ће работи со претходните поставки кога повторно ће го включите.
Приспособување на насоката на водената магла
Завртете ја млазницата во саканата насока на водената магла.
702 Македонски

Можете да изберете Автоматски режим, Режим на мирување, Среден режим или Брз режим со притиснување на копчето за промена на режим. Автоматски режим (A): овлажувачот на воздух автоматски го
приспособува нивото на водена магла во зависност од влажноста на амбиенталниот воздух.

Режим на мирување (): овлажувачот на воздух работи тивко со ниско ниво на водена магла. Светлата на екранот се исклучуваат по 3 секунди.

Среден режим (◦): овлажувачот на воздух работи со средно ниво на водена магла.

Брз режим ( ): овлажувачот на воздух работи со највисоко ниво на водена магла.
Поставување ниво на влажност
Забелешка:
Нивото на влажност може да се приспособи само во Автоматскиот режим.
Овлажувачот автоматски ће се префрли во Автоматски режим кога ће го поставите целното ниво на влажност во други режими.
Нивото на влажност може да го приспособите со притиснување на копчето за поставување влажност за да изберете 40 %, 50 %, 60 % или 70 %.

Користење на функцијата за светло

- Овлажувачот на воздух ке го вклучи светлото за влажност според зададените поставки.
704 Македонски

- Можете да го притиснете копчето за светло за да се префрлите во режимот на амбиентално светло. Приспособете ја осветленоста и бојата во апликацијата Air+.

Можете да го притиснете копчето за светло за да ги исключите сите светла и контролната табла. Притиснете го кое било копче за прво да ја активирате таблата и повторно притиснете го копчето за светло за да го поставите саканиот режим на светло за 3 секунди.
Чистење и одржување
Забелешка:
Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер пред да го чистите.
Никогаш не потопувајте го апаратот во вода или некоја друга течност.
Немојте да сипувате вода преку отворите за влез и излез на воздух.
За чистење на деловите на апаратот никогаш немојте да користите абразивни, агресивни или запаливи средства за чистење како што се белило или алкохол.
Чистење на овлажувачот на воздух
Исчистете го овлажувачот кога е включено предупредувањето за чистење или на секои три дена.
Редовно чистете ги внатрешниот и надворешниот дел на овлажувачот на воздух за да не се насобере прав.
1 Бришете го правот од куќиштето на овлажувачот на воздух со мека и сува крпа.

2 Исклучете го апаратот и извлечете го приключокот од штекер.

3 Отстранете го горниот капак од резервоарот за вода.

4 Отстранете го резервоарот за вода од основата.

5 Истурете ја водата од резервоарот и од основата.

6 Отстранете го филтерот за вода од резервоарот за вода.
Македонски

7 Превртете го резервоарот за вода наопаку.
8 Отстранете го придушувачот од долниот дел на резервоарот за вода.
9 Отстранете ја пловката од комората на основата.
10 Исплакнете ги резервоарот за вода, горниот капак, пловката, придушувачот и филтерот за вода со вода.
11 Избришете ја основата со крпа и почекајте да се исуши.

12 Вратете ја пловката во комората на основата.
13 Вратете го филтерот за вода во резервоарот за вода.
14 Вратете го придушувачот на долниот дел од основата.
15 Повторно прикачете го горниот капак.
16 Повторно поставете го резервоарот за вода на основата.

17 Вметнете го приклучокот за напојување во штекер.
18 Притиснете и задржете го копчето за светло 3 секунди за да го ресетирате времето за чистење.
Чистење на подлогата и кутијата за арома

За ефикасна ароматерапија, подлогата за арома секогаш треба да се исчисти пред да се користи нов вид етерично масло. Немојте да мешате различни видови етерични масло.
1 Отстранете ја кутијата за арома така што єе ја притиснете, а потоа єе ја извлечете.

2 Отстранете ја подлогата за арома и исплакнете ги подлогата и кутијата под млаз топла вода.

3 Избришете со чиста крпа и вратете ја подлогата во кутијата за арома.

4 Вратете ја кутијата за арома во овлажувачот на воздух
Забелешка: немојте да ставате средства за чистење или детергенти на подлогата или во кутијата за арома.
Замена на подлогата за арома
Ако подлогата за арома се изобличи или оштети по повеккратно перење, можеби їе треба да ја замените. За да ги одржите перформансите на вашиот овлажувач на воздух, користете само официјални подлоги за арома од Philips.
Складирање
1 Исключете го овлажувачот на воздух и извлечете го приклучокот од штекер.
2 Исчистете го овлажувачот на воздух (погледнете го поглавјето „Чистење и одржување“).
3 Почекајте сите делови потполно да се исушат на воздух пред да ги складирате.
4 Складирајте го овлажувачот на ладно и суво место.
Решавање проблеми
Во ова поглавје се опишани најчестите проблеми со кои може да се соочите при користење на апаратот. Ако не можете да го решите проблемот со помош на информациите наведени подолу, контакрајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја.
Овлажувачот на воздух не работи. Проверете дали овлажувачот на воздух е включен во напојување.
| Проверете дали резервоарот е наполнет со вода и дали резервоарот за вода е правилно поставен на основата. | |
| На екранот се прикажува кодот за грешка „ЕС“ и сите копчиња на допир не реагираат. | Исклучете го апаратот од штекер за да проверите да не има недостаток на вода. Ако нема недостаток на вода, проверете дали пловката е правилно поставена. По проверката, повторно приключете го апаратот во штекер и включете го. Ако кодот за грешка „ЕС“ продолжи да се појавува, контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја. |
| Излегува малку водена магла или воопшто не излегува водена магла од отворот за излез на водена магла. | Вметнете го приключокот на овлажувачот на воздух во штекер и включете го овлажувачот. |
| Можеби е постигната вашата целна стапка на влажност. | |
| Проверете дали резервоарот е наполнет со вода и дали е поставен правилно. | |
| Може да има премногу вода во основата (над потсетникот МАХ на основата). Испразнете ја комората на основата. Дополнете го резервоарот за вода (не комората на основата) и правилно поставете го резервоарот за вода на основата. | |
| Проверете да не е блокиран долниот дел на основата. Овлажувачот на воздух не треба да се поставува на тепих или на други површини што може да ја блокираат основата. | |
| Проверете да не е блокирана млазницата. | |
| Проверете да не е блокирана или затната цевката за водена магла. | |
| Поставете го овлажувачот на воздух на рамна површина. | |
| Температурата на водата може да е премногу ниска. Изберете највисока поставка за нивото на водена магла и оставете го овлажувачот на воздух да работи одредено време, а потоа изберете ја саканата поставка. | |
| Не гледам промена во нивото на влажност. | Во вашата соба можеби има прекумерна вентилација. Ве молиме затворете ги вратите и прозорците. |
| Вашата соба е преголема. Овој овлажувач е предвиден за простории со големина ≤34 m2. | |
| Зголемете го нивото на водената магла. | |
| Кога се користи во суво опкружување, предметите во опкружувањето, како што се сидовите и мебелот, Ѽе ја ансорбираат влажноста што може да го продолжи времето на овлажување. | |
| Исчистете го овлажувачот на воздух (погледнете го поглавјето „Чистење и одржување“). | |
| Овлажувачот престанува да работи дури и кога воздухот е прилично сув. | Резервоарот за вода е празен, наполнете го со вода. |
| Нивото на влажност околу производот е постигнато до целната поставка во автоматскиот режим и тоа автоматски će се рестартира кога нивото на влажност е пониско од целната поставка. | |
| Нашиот уред će престане да работи кога нивото на влажност околу производот е повисоко од 70 % бидејки тоа може да предизвика појава на мувла. | |
| Има бел прав околу овлажувачот на воздух. | Белите наслаги се викаат бигор и содржат минерали од водата. |
| Користете пречистена, дестилирана вода или вода со мала содржина на минерали за да спречите таложење бигор и разнесување минерали во воздухот. | |
| Ви препорачуваме да го користите патронот против бигор (FY5133) за да го заштитите вашиот овлажувач од бигор и да спречите бели остатоци на блиските површини. Треба да го замените кога će биде потребно. | |
| Влажноста е преголема околу овлажувачот на воздух. | Влажноста може да е преголема. Изберете пониско ниво на водена магла. |
| Овлажувачот на воздух испушта непријатен мирис. | При првите неколку употреби на овлажувачот на воздух, тој може да испушта мирис на пластика.Тоа е нормално и целосно će исчезне за неколку дена. |
| Исчистете го овлажувачот на воздух (погледнете го поглавјето „Чистење и одржување“). | |
| Мојата функција за арома не работи добро (преслаба или прејака). | Ставете 2-3 капки етерично масло. |
| Различни етерични масла може да имаат различен интензитет. | |
| Треба да помине одредено време за да испари мирисот од целата просторија. | |
| Резервоарот за вода протекува. Немојте да | го преполнувате овлажувачот со вода. |
| Секогаш проверувајте дали овлажувачот е добро склопен/поврзан откако će го исчистите или откако će го отстраните резервоарот за вода за дополнување. | |
| Проверете дали резервоарот за вода е правилно поставен. Ако проблемот не се отстрани, контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја. | |
| Ако овлажувачот на воздух не се користи долго време, како да го складирате и повторно да го користите? | Може да се развијат бактерии и мувла кога овлажувачот на воздух не се користи долго време. Ве молиме следете ги долунаведените чекори за складирање и повторно користење. |
712 Македонски
| Темелно исчистете ги резервоарот за вода и основата пред да ги складирате. | |
| Мувла се развива во внатрешноста на овлажувачет. | Редовно чистете ги резервоарот за вода и основата. |
| Поставувањето на Wi-Fi е неуспешно. Проверете дали вашиот телефон е поврзан на Wi-Fi-мрежа од 2,4 GHz (домашна) наместо Wi-Fi-мрежа од 5 GHz или јавна Wi-Fi-мрежа. За успешно впарување, препорачуваме да ги исключите мобилните податоци пред да започнете со впарувањето. | |
| Овозможете ги следните дозволи: „Локација“, „Меморија“, „Bluetooth“ и „Локална мрежа“ на вашиот паметен телефон. По успешно поставување на Wi-Fi, можете да ги промените поставките за дозволи по желба. | |
| Проверете дали сте ја внеле точната лозинка за Wi-Fi. Лозинката разликува големи и мали букви и има граница од 63 знаци. Не се прифаćаат специјални символи. | |
| Проверете дали името на мрежата на вашата домашна Wi-Fi-мрежа е точно. Името на мрежата разликува големи и мали букви. | |
| Ако користите VPN на вашиот паметен телефон, исключете го пред да започнете со впарување. | |
| Ако вашиот рутер има овластена листа што е поставена за да го блокира впарувањето, оневозможете ја овластената листа за поврзувањето да биде успешно. | |
| Проверете дали вашиот уред и паметен телефон се наого'аат на растојание до 10 метри од рутерот. | |
| Проверете дали апликацијата е ажурирана до најновата верзија. | |
| За да гарантирате силна Wi-Fi-врска, не ставајте го уредот покрај други електронски уреди, извори на силна светлина или сигнални станици кои може да предизвикаат пречки. Ако имате проблеми со поврзувањето, отстранете го уредот од овие извори и обидете се повторно да го поврзете со Wi-Fi-мрежата. | |
| Погледнете го делот за помош во апликацијата за опширни и најнови совети за решавање проблеми. | |
Гаранција и поддршка
Versuni нуди две годишна гаранција по купувањето на овој производ. Таа гаранција не е важечка доколку дефектот се должи на неправилно користење или лошо одржување. Нашата гаранција не ги ограничува вашите законски права како потрошувач. За повеće информации или за
активирање на гаранцијата, посетете ја нашата веб-страница
Нарачување делови или додатоци
Ако треба да замените дел или сакате да купите дополнителен дел, контактирајте со продавачот на производи од Philips или посетете ја вебстраницата www.philips.com/support.
Ако имате проблеми со набавување на деловите, контактирајте со центарот за корисничка поддршка на Philips во вашата земја.