2714 GA - шрафцигер SKIL - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 2714 GA SKIL во PDF формат.
Прашања на корисниците за 2714 GA SKIL
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот шрафцигер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 2714 GA - SKIL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 2714 GA на марката SKIL.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 2714 GA SKIL
Зглобен одвртувач 2714 ВОВЕД
- Оваа алатка е наменета за зашрафување или отшрафување на завртки во дрво, метал, пластика и други материјали.
- Овој алат не е наменет за професионална употреба
- Прочитајте го и зачувајте го ова упатство за ракување ③
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ①
Максимален вртежен момент при посилна примена како шрафцигер според ISO 5393:5 Nm
A Ротациона глава
В Копче за отпуштање на ротационата глава
C LED работно светло
D Магнетски држач за битови
E Прекинувач за включување/исклучување и напред/назад
F Рачка
G Копче за вртежен момент/
копче за заклучување
Н Индикатор за батерија/
Индикатор за вртежен момент
J Индикатор за заклучување
K USB-C Приклучок за полнење
ОПШТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ
А ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, упатства, слики и спецификации обезбедени со овој електричен алат.
Непочитувањето на сите упатства подолу може да доведе до електричен удар, пожар и/или сериозна повреда.
Чувајте ги сите предупредувања и упатства за понатамошно упатување.
Поимот „електричен алат“, кој се користи во предупредувањата, се однесува на вашиот електричен алат (со приключен кабел) кој се вклучува во утикач или на електричен алат со погон на батерии (без приключен кабел).
1) Безбедност на работното место
a) Одржувајте го работното место чисто и добро осветлено. Неуреден или темен работен простор може да предизвика незгоди.
b) Немојте да работите со електрични алати во средини во кои има опасност од експлозија, како на пример во кои има запалливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да запалат прашина или испарувања.
с) Држете ги децата и другите лица подалеку додена ракувате со електричен алат. Може да изгубите контрола ако нешто ви го одзема вниманието.
2) Електрична безбедност
a) Приклучоците за електричниот алат мораат да одговараат на штекерот. Никогаш на никаков начин не го менувајте приклучокот. Не користете никакви адаптери за приклучоци со (заземјени) електрични алати.
Немодифицираните приклучоци и соодветните штекери їе ја намалат опасноста од струен удар.
b) Избегнувајте допир на телото со заземјени површини, како што се цевни, радијатори, шпорети и фрижидери. Постои зголемена опасност од струен удар, доколку вашето тело е заземјено.
с) Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влага. Продирањето на вода во електричниот уред ће ја зголеми опасноста од струен удар.
d) Немојте да го злоупотребувате кабелот за напојување. Никогаш не го користете кабелот за напојување за носење, влечење или исклучување на електричниот алат. Чувајте го кабелот за напојување подалеку од топлина, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетените или заплетканите кабли за напојување ја зголемуваат опасноста од струен удар.
e) Кога го употребувате електричниот алат надвор, користете продолжен кабел кој е соодветен за употреба на отворен простор. Користењето на кабел соодветен за работа на отворен простор ја намалува опасноста од струен удар.
f) Доколку не може да се избегне работа со електричниот алат во влажна средина, користете заштитен уред што работи на резидуална струја (RCD). Употребата на RCD ја намалува опасноста од струен удар.
3) Лична безбедност a) Бидете внимателни, внимавајте што правите и постапувајте разумно додека работите со електричниот алат. Никогаш не работете со електричен алат ако сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Момент на невнимание при работење со електрични алати може да доведе до сериозна лична повреда.
b) Носете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како што е маска за прашина, безбедносни обувки кои не се лизгаат, заштитен
шлем или штитници за уши, употребени во соодветни услови, ја намалуваат опасноста од лични повреди.
с) Спречете случајно вклучување. Осигурете се дека прекинувачот е на позицијата off (исключено) пред приклучувањето на изворот на напојување и/или батеријата, подигнувањето или носењето на алатот. Носењето на електричниот алат со вашиот прст на прекинувачот или вклучување на електрични алати со прекинувачот поставен на позиција оп (приклучено) доведува до несреći.
d) Пред вклучување на електричниот алат отстранете ги сите клучеви за подесување или алати за навртување. Алат или клуч што е оставен прикачен на ротациониот дел на уредот, може да доведе до лична повреда.
e) Не посегнувајте преку одредената граница. Цело време одржувајте правилен став и рамнотежа. На тој начин можете подобро да го контролирате електричниот алат во неочекувани ситуации.
f) Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Чувајте ги косата и облеката подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се фатат во подвижните делови.
g) Доколку се обезбедени уреди за приклучување на апарати за вшмунување и собирање прашина, осигурете се дека тие се правилно приключени и користени. Користењето на уреди за собирање прашина може да ги намали опасностите поврзани со прашината.
h) Не дозволувајте искуството стекнато со честата употреба на алатите да ве направи невнимателни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателната активност може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
4) Употреба на електрични алати и грижа за нив
a) Не преоптоварувајте го електричниот алат. Користете ја
правилната електрична алатка наменета за вашата работа. Со соодветниот електричен алат їе ја завршите работата подобро и побезбедно во однос на тоа за што е наменет.
b) Не користете го електричниот алат ако прекинувачот не може правилно да се вклучи и исклучи. Секој електричен алат кој не може да се контролира со помош на приклучок е опасен и мора да се поправи.
с) Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го комплетот со батерии од електричниот алат, ако се одделува, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или да ги складирате електричните алати. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува опасноста од случајно вклучување на електричниот алат.
d) Складирајте ги електричните алати во мирување надвор од дофатот на деца и не им допуштајте работа со уредот на лица кои не се запознаени со него или кои го немаат прочитано ова упатство. Електричните алати се опасни доколку со нив работат нестручни лица.
e) Одржувајте ги електричните алати и дополнителната опрема. Проверете дали има изместување или допирање на подвижните делови, дали некои делови се скршени или се во некоја друга состојба што влијае врз работата на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го алатот на поправка пред да го користите. Многу несреќи се случауваат заради неодржуван електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри ивици помалку Ѽе се заглавуваат и полесно се контролираат.
g) Електричниот алат, дополнителната опрема, работните алати итн., треба да ги користите според овие упатства, земајки ги во предвид работните услови и работата која треба да се заврши. Употребата на електричниот алат за работи што се
поинакви од неговата намена може да доведе до опасна ситуација.
h) Одржувајте ги рачките и површините за фаќање суви, чисти и без масло и маст на нив. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во неочекувани ситуации.
5) Користење на алато на батерии и грижа за него
a) Вршете полнење само со полначот што е пропишан од страна на производителот. За полначот кој е соодветен за еден вид на батерии, постои опасност од пожар, доколку се употребува со други батерии.
b) Користете ги електричните алати само со посебно назначени батерии. Користењето на било кои други батерии може да доведе до опасност од повреда и пожар.
с) Кога батериите не се користат, држете ги настрана од метални предмети како што се спајалици за хартија, парички, клучеви, клинци, шрафови или други, мали метални предмети кои можат да спојат еден пол со друг. Краткиот спој на половите на батериите може да предизвика изгореници или пожар.
d) Во услови на злоупотреба може да дојде до исфрлање на течност од батеријата; избегнувајте контакт. Ако дојде до случаен контакт, измијте го местото со вода. Ако течноста дојде во контакт со очите, дополнително побарајте и лекарска помош. Течноста која истекува од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
e) Не употребувајте комплет со батерии или алат којшто е оштетен или изменет. Оштетените или изменетите батерии можат да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
f) Не изложувајте го комплетот со батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или температура над 130°C може да предизвика експлозија.
g) Следете ги сите упатства за
полнење и не полнете го комплетот со батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во инструкциите. Неправилното полнење или полнењето на температура што е надвор од наведениот опсег, може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.
6) Сервисирање
a) Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови.
Со ова се обезбедува безбедно одржување на електричниот алат.
b) Никогаш не поправајте ги оштетените комплети со батерии. Поправката на комплетите со батерии треба да ја врши само производителот или некој овластен сервис.
- Држете го електричниот апарат на изолираните површини за фаќање кога изведувате работи при кои прицврступавачот може да дојде во контакт со скриени жици. Ако прицврступавачите дојдат во контакт со жица под напон, може да ги електрифицираат металните делови на алатот и да предизвикаат струен удар кај операторот.
ОПШТИ
- Не обработувајте никакви работни материјали кои содржат азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
- Прашината од материјали како боја која содржи олово, некои видови дрво, минерали и метали, може да биде штетна за здравјето (контактот со прашината или нејзиното вдишување може да предизвика алергиски реакции и/или болести на дишните органи за оној кој работи со алатот или лујето во близина); носете маска за прашина и работете со правосмукалки доколку можете да ги поврзете
- Некои видови на прашина се канцерогени (како на пример прашината од даб или бука), особено заедно со адитиви за одржување на
дрвото; носете маска за прашина и работете со правосмукалки доколку можете да ги поврзете
- Следете ги националните барања кои се однесуваат на прашина за материјалите со кои сакате да работите
- Уверете се дека прекинувачот Е ②е во позиција исключено пред да почнете да ја прилагодувате или менувате дополнителната опрема и кога го носите или складирате алатот
-
Дозволена температура на околината (алат/получ/батерија):
-
при полнење 4...40°C
- при работа 4...50°C
- при складирање -20...+50°C
ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА
- SKIL може да осигури беспрекорно функционирање на алатот само доколку е користена оригинална дополнителна опрема
- Користете само дополнителна опрема со дозволено поклопување на брзината
ПРЕД УПОТРЕБА
- Избегнувајте оштетувања од штрафови,шајки и други предмети во работното парче; тргнете ги пред да почнете со работа
- Зацврстете го работното парче (работно парче кое е зацврстено со стеги или во менгеме е побезбедно отколку да го држите со раце)
- Користете соодветни детектори за наогање на скриени инсталации или повикајте соодветна компанија за помош (контактот со електричните линии може да доведе до струен удар; оштетувањата во гасоводна цевка може да резултираат со експлозија; пенетрирањето во водоводна инсталација може да доведе до оштета на предмети или електричен удар)
ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
③ Пред употреба прочитајте го прирачникот за употреба
④ Не фрлајте ги електричните алати и батериите заедно со домашниот отпад
УПОТРЕБА
• Полнење на алатот ⑤
! овој одвртувач има интегрирана батерија.
! обезбедената батерија е делумно
наполнета (за да се обезбеди целосен капацитет на батеријата, целосно наполнете ја батеријата во полначот на батеријата, пред за првпат да го употребите вашиот електричен алат. Оптималното полнење се постигнува по 3 часа) ! одвртувачот треба да се полни само со сертифицирано USB напојување или извор на напојување (5V, макс. 1A). Никогаш не полнете ја алатката со напојување или извор на напојување што не е сертифициран. Ако не го почитувате ова предупредување може да предизвикате оштетување на батеријата и сериозни лични повреди.
- индикаторот за батеријата Н го покажува статусот на полнење на алатката:
| Индикатор за батерија/вртежен момент | Статус на полнење на алатката |
| 3 LED диоди трепкаат наизменично | Капацитетот на батеријата е под 30% |
| 1 LED свети, 2 LED наизменично трепкаат | Капацитетот на батеријата е во рамките на 30% - 60% |
| 2 LED светат, 1 LED трепка | Капацитетот на батеријата е над 60% |
| 3 LED диоди се вклучени | Батеријата е целосно наполнета |
! нормално е алатката да се загрее за време на полнењето
! алатот не може да се користи за време на процесот на полнење; тој не е дефектен, доколку за време на процесот на полнење не функционира
! литиум-јонската батерија може да се полни во секое време (прекинувањето на постапката за полнење не ја оштетува батеријата)
! литиум-јонската батерија не мора да биде празна пред да се полни (без „мемориски ефект“ како кај
никел-кадмиумските батерии)
! ако очекувате долги периоди на неупотреба на алатот, најдобро е да го исключите полначот од неговиот извор на напојување
- Заклучете / отключете ја алатката ⑥
! оваа алатка има копче за заклучување G за да спречи ненамерно вклучување.
! алатката стандартно се испраја отключена.
- за да ја заклучите алатката, притиснете и држете го копчето за заклучување G повеće од 1 секунда и индикаторот за заклучување J će светне.
- за да ја отлучите алатката, притиснете и задржете го копчето за заклучување G повеće од 1 секунда и индикаторот за заклучување J će се исклучи.
! индикаторот за заклучување Ј ће се исклучи автоматски по приближно 1 минута неактивност.
! кога алатката е заклучена и индикаторот за заклучување Ј е исключен, притиснете го прекинувачот Е или копчето за исклучување G и индикаторот за исклучување J ће светне-
- Комбиниран прекинувач за вклучување/исклучување и напред/назад ⑦
! менувајте ја насоката на ротацијата само кога алатот се наоћа во целосно мирување
- Замена на битови ⑧
! не употребувајте битови со оштетена дршка
- Контрола на вртежниот момент (VariTorque)⑨
! 9вртежниот момент може да се постави во зависност од големината и видот на прицврстувачот и материјалот во кој се движи спојката. Користете помал вртежен момент за зашрафување завртки со мал дијаметар или кога зашрафувате завртки во меки материјали. Користете поголем вртежен момент за зашрафување на поголеми завртки или кога
зашрафувате завртки во тврди материјали.
- Отключете ја алатката со притискање на копчето за ислучување G додека не се ислучи индикаторот за ислучување J.
- Накратко притиснете го копчето за вртежен момент G и индикаторите за вртежен момент H је ја прикажат моменталната поставка за вртежен момент.
- Притиснете го копчето за вртежен момент за да се префрлите помеѓу трите поставки за вртежен момент.
! 9кога алатката повторно ће се вклучи по пауза, поставката за вртежен момент ће се врати на претходно користената поставка за вртежен момент.
- LED работното светлоС се включува автоматски кога ће го активирате прекинувачот Е
- LED работното светло С автоматски се ислучува приближно 10 секунди откако ће се ослободи прекинувачот Е.
- LED работното светло С брзо ће трепка кога алатот ће се преоптовари или ће се загрее, а внатрешните сензори ће ја исклучат алатката. Оставете го алатот некое време или поставете ги алатот под воздушен проток за да се олади.
-
LED работното светло С ће трепка побавно за да покаже дека батеријата е слаба. Наполнете ја алатката.
-
Промена на аголот на ротационата глава ⑪
- Автоматско заклучување на осовината Ви овозможува рачно да ги затегнувате или разлабавувате шрафовите ако е потребно
-
Заштита на батеријата Исклучува машината или спречува машината да се вклучи, кога
-
оптоварувањето е преголемо висока
- температурата на батеријата не е во дозволениот опсег за температура од 4 до...50° C
- литиум-јонската батерија е скоро
празна (за да ја заштити од целосно празнење)
! не продолжувајте да го притискате прекинувачот Е откако алатот автоматски ће се исклучи; батеријата може да се оштети
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
- Секогаш користете го правилниот тип и големина на битови за тоа што го работите. ⑫
! не користете оштетени навртки
- Избушете пилот дупка кога зашрафувате прицврстувач во тврдо дрво, или на или во близина на попречниот пресечен крај или работ од дрвото, за да избегнете пукање на дрвото.
- Нанесете ја алатката на прицврстувачот само кога алатката е исключена. Ротирачките додатоци може да селизнат и да ја оштетат главата на прицврстувачот.
- Се препорачува првите неколку вртења да се изведат рачно со рака, клуч или шрафцигер за да се обезбеди правилно зашрафување на прицврстувачот.
- Во случај на работа со компоненти со навој, не вршете премногу притисок врз алатот. Ова може да доведе до оштетување на навојот.
- Секогаш држете го делот за алатот нормално порамнет со прицврстувачот. Држењето под агол може да предизвика лизгање или заглавување на прицврстувачот.
- Зашрафување или отшрафување на завртки ⑬
- За пове́ке информации видете на www.skil.com
ОДРЖУВАЊЕ/ СЕРВИСИРАЊЕ
- Оваа машина не е наменета за професионална употреба
• Секогаш чувајте го алатот чист - Доколку алатот и покрај внимателното работење и контрола некогаш откаже, поправката мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за електрични алати
- испратете го алатот нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до вашиот продавач или најблискиот овластен
SKIL сервис (адресите и сервисниот дијаграм за алатот се наведени нawww.skil.com)
- Имајте предвид дека оштетувањето настанато заради преоптоварување или неправилно ракување со алатот не е опфатено со гаранцијата (за условите за гаранција на SKIL видете на www.skil.com или прашајте го вашиот продавач)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Само за земјите од ЕУ
- Не фрлајте ги електричните алати, дополнителната опрема и амбалажата заедно со домашниот отпад
- според Европската Директива 2012/19/E3 за ослободување од електрична и електронска опрема и нејзина имплементација во согласност со националните закони, електричните алати кои го достигнале крајот на својот животен век мора да бидат собрани посебно и да бидат вратени во објект за рециклирање кој е компатибилен со животната средина - симболот④ ће ве потсетува на ова кога ће дојде време да го отстраните алатот ! извадете ги батериите пред да ја фрлите машината
- Вадење/фрлање на батериите ! интегрираните батерии може да се извадат за фрлање само од квалификуван персонал ! извадете ги батериите само кога је бидат сосема испразнети - отворете ја обвивката на куќиштето за да добиете пристап до батеријата - заштитете ги терминалите на батеријата со трака за изолирање за да спречите краток спој - фрлете ги батериите во овластен центар за собирање батерии ! батериите може да експлодираат ако се изложат на орган и затоа никано не палете ја батеријата
БУЧАВА / ВИБРАЦИИ
- Измерено во согласност со EN 62841,
нивото на звучен притисок на овој алат е 63 dB(A) и нивото на звучна моїност е 71 dB(A) (несигурност K = 3 dB), и вибрацијата <2.5 м/с² (триакс векторна сума; несигурност K = 1.5 м/с²)
- Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено на задниот дел на ова упатство е измерено во согласност со стандардизираниот тест даден во EN 62841; може да се користи за да се спореди еден алат со друг, и како првична оценка за изложеноста на вибрации кога се користи алатот за споменатите примени - користењето на алатот за разни примени, или со различна или неправилно чувана дополнителна опрема, може да доведе до значајно зголемување на нивото на изложеност - кога алатот е ислучен или кога алатот е включен но не врши некаква работа, може да дојде до значително намалување на нивото на изложеност ! заштитете се од ефектите на вибрациите преку одржување на алатот и неговата дополнителна опрема, одржување на топлината на вашите раце, и организирање на вашата работа