CityMower 18V-32-300 - кошачка за трева BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот CityMower 18V-32-300 BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за CityMower 18V-32-300 BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот кошачка за трева во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник CityMower 18V-32-300 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. CityMower 18V-32-300 на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК CityMower 18V-32-300 BOSCH
Македонски...... Страница 204
Srpski ...... Strana 213
Slovenščina ....Stran 221
Hrvatski ....Stranica 230
од на акумулаторната батерия.
Безбедносни напомени
Предупредување! Ве молиме прочитајте ги следниве упатства.
Запознајте се со контролите и правилната употреба на производот. Чувајте го упатството за идни консултации.
Толкување на символите на уредот, полначот и батеријата

Општи безбедносни правила.

Прочитајте го упатството за употреба.

Внимавајте лицата кои се во близина да не бидат повредени од исфрлените
парчиња.

Предупредување: Одржувајте безбедн растојание од уредот додека
работи.

Предупредување: Не допирајте ги ротирачките сечила. Сечилата се оштри.
Чувајте се од загуба на прстите.

Исклучете ја косачката и извадете го кабелот од утикачот пред поправање или чистење, или доколку го оставате уредот без надзор дури и на кратко.

Не е применливо.

Почекајте сите компоненти на косачката да застанат пред да ги допрете.
Сечилата на косачката можат да предизвикаат повреда и кога мируваат.

Не употребувајте го производот кога врне и не оставајте го на дожд.

Чувајте се од електричен удар.

Не е применливо.

Полначот употребувајте го само во суви простории.

Полначот е опремен со безбедносентрансформатор.

За чистење на уредот не употребувајте високопритисна пералка или гумено црево.

Внимателно проверете го полето на коешто ке работи уредот да нема диви или домашни животни. Дивите и домашните животни можат да бидат повредени за време на употреба на машината. Проверете го детално полето на работа на машината и отстранете ги сите камења, гранки, жици, коски и други предмети. При ракувањето со машината внимавајте во густата трева да нема скриени диви или домашни животни, како ни стебла.
Ракување
▶ Никогаш не дозволувајте им на деца и луге кои не се запознаени со овие инструкции да го користат уредот. Локалните прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот. Чувајте го производот вон дофат на деца кога не го употребувате.
▶ Не дозволувајте им на деца,
личности со ограничени физички,
сензорни или психички
ограничувања и/или недостаток на
знаење или на личности
незапознаени со ова упатство да го
употребуваат уредот.
▶ Децата треба да бидат под надзор да не си играат со уредот.
▶ Никогаш не употребувајте го уредот во близина на лица, а посебно деца и животни.
Ракувачот е одговорен за штетата нанесена на други луге или имот.
▶ Не користете отворени гумени обувки ниту сандали кога го користите уредот. Носете крути обувки и долги пантолони. Никогаш немојте да го користите уредот боси.
▶ Детално прегледајте го теренот каде што ње ја користите косачката и отстранете ги сите камења, стапови, жици, коски и други предмети.
▶ Секогаш пред употреба проверете да не се оштетени или истрошени сечилата, носачите на сечилата или склопката за сечење.
Заменете ги истрошените или оштетените сечила и носачи за да ја одржите рамнотежата на косалката.
▶ Косете само по дневна светлина или под добро осветлување.
▶ Избегнувајте косење при лоши временски услови, на пример кога постои ризик од грмотевици.
▶ По можност, не употребувајте ја косачката на влажна трева.
▶ Одете полека, не трчајте.
▶ Не користете ја косачката со оштетени штитници или браници, или без заштитна опрема, на пример соодветен штит или контејнер за трева.
▶ Препорачуваме да носите слушалки за заштита на слухот.
▶ Не употребувајте го уредот ако сте болни или под влијание на алкохол, дрога или лекови.
▶ Употребата на косачката на коси површини може да биде опасно:
– Не косете на премногу стрмни падини.
– На коси површини или на влажна трева обезбедете стабилен и сигурен чекор.
– На коси површини секогаш косете лево-десно, а никогаш горедолу.
– Бидете особено внимателни кога ја менувате насоката на косењето.
▶ Бидете многу внимателни кога одите наназад или ја влечете косачката.
▶ Не косете влечејки ја косачката кон себе.
▶ Стопирајте ги сечилата кога треба да ја пренесете машината, преку површини коишто не се трева и кога ја носите машината до и од местото на косењето.
▶ Не наведнувајте го уредот при вклучување или додека моторот работи.
▶ Моторот исклучувајте го стоејки со стапалата подалеку од ротирачките сечила.
▶ Не доближувајте ги рацете и стапалата до ротирачките делови.
▶ Кога косите, стоите што е можно подалеку од косачката.
▶ Не носете ја косачката и не влечете ја додака моторот работи.
▶ При складирање на уредот, внимавајте тој да стои на подот со сите 4 тркала.
▶ Уредот носете го само за рачката за носење. Ракувајте внимателно со рачката.
▶ Не вршете промени на уредот.
Неовластените модификации можат да доведат до нарушување на безбедноста на косачката или да ја зголемат бучавата или вибрациите.
Собирање лисја
Сечилото за собирање лисја е така проектирано, за со него да можат да се собираат есенски суви лисја. За да се постигне максимален ефект на оваа функција, направете го следново:
– Собирајте лисја при подесеност на максимальна висина на косење.
– Собирајте лисја само на тревник.
– Пред да почнете со собирање на лисјата, прегледајте на теренот да нема луге, животни, предмети од стакло и автомобили.
Исклучете го уредот од струја
– Секогаш кога ја оставате косачката без надзор.
– Пред отстранување на пречка.
– Пред прегледување, чистење и поправка на машината.
– Веднаш по удирање во тврд предмет. Веднаш по оштетување прегледајте ја машината и извршете ги неопходните поправки.
– Ако косачката почне да вибрира неконтролирано (проверете веднаш).
Одржување
▶ Секогаш носете заштитни ракавици кога работите со оштри сечила или во нивна близина.
▶ Проверете сите навртки, подлошки и завртки да се цврсто прицврстени со цел за безбедна работа со уредот.
▶ Редовно проверувајте ја
состојбата на корпата за трева од
абење и истрошеност.
▶ Редовно проверувајте ја
состојбата на корпата за трева од
абење и оштетувања.
▶ Редовно прегледувајте го уредот и заменувајте ги веднаш оштетените или изабените делови.
▶ Кога ги менувате сечилата, новите сечила треба да бидат соодветни на уредот.
▶ Секогаш користете Bosch
оригинални резервни делови.
▶ Пред складирање уредот треба да биде сув и чист. По потреба исчеткајте го со сува, мека четка.
Безбедносни напомени за оптимално користење на батериите
▶ Осигурајте се дека уредот е згаснат и исклучен од напојување пред да ја ставите батеријата.
Ставањето на батеријата додека уредот работи може да предизвика несреќа.
▶ Употребувајте само Бош батерии наменети за овој уред. Употребата на некои други батерии може да предизвика повреда или пожар.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, вода и влага. Постои опасност од експлозија.
Kogа не ја користите батеријата, чувајте ја понастрана од парички, спојувалки, клучеви, шајки, завртки и други метални предмети што можат да направат спој од едниот до другиот пол. Краток спој меѓу двата пола може да предизвика пожар или изгореници.
Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени побарајте помош од лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Не предизвикувајте краток спој на батеријата.
Инаку, постои опасност од експлозија.
▶ Заштитете ја батеријата од влага и вода.
▶ Складирајте ја батеријата во граници на температура од –20 °C bis 50 °C. Не оставајте ја батеријата на пример во автомобил на лето.
▶ Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Безбедносни напомени за полначи

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања и упатства.
Непочитувањето на безбедносните предупредувања и упатства може да доведе
до електричен удар, пожар и/или сериозни повреди. Чувајте ги сите безбедносни предупредувања и упатства за идни консултации.
Користете го полночат само откако ће ги проучите сите функции и може да ги примените истите без ограничувања или откако ће ги добиете потребните упатства.
▶ Не дозволувајте им на деца, личности со ограничени физички, сензорни или психички ограничувања и/или недостаток на знаење или на личности незапознаени со ова упатство да го
употребуваат уредот. Државните прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот.
- Надгледувајте ги децата. Така ке се осигурате дека децата нема да си играат со полначот. - Полнете само Bosch литиум-јонски акумулатори со капацитет од 4,0 Ah (од 10 акумулаторски їелии). Напонот на батеријата мора да одговара на напонот за полнење на батеријата на полначот. Не пробувајте да полните батерии кои не се полнливи. Во спротивно, постои ризик од пожар и од експлозија.

Полначот држете го подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во полначот го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се извалка, постои опасност од електричен удар.
▶ Пред секое користење, проверете ги полначот, кабелот и приклучокот. Не го користете полначот, доколку забележите оштетувања. Не го отворајте сами полначот и оставете го на поправка кај квалификуван стручен персонал кој ће користи само оригинални резервни делови. Оштетениот полнач, кабел и приклучок го зголемува ризикот за електричен удар.
▶ Не го користете полначот на лесно запалива подлога (на пр. хартија, текстил итн.) одн. во запалива околина. Постои опасност од пожар заради затоплувањето на уредот што произлегува при полнењето.
▶ Не ги покривајте отворите за проветрување на полначот. Инаку полначот може да се прегрее и да не функционира правилно.
▶ За зголемена електрична безбедност, препорачуваме употреба на уред за резидуална струја со макс. јачина на струја од 30 mA. Секогаш проверете ја Физаштитната склопка пред употреба.
Употреба со соодветна намена
Косачката е наменета за употреба на домашни тревници. Уредот не е наменет за режење и поткастрување огради. Уредот е наменет за косење на висина на подлогата земја, трева.
Технички податоци
| Косилка за трева CityMower 18V-32-300 | |
| Број на артикл | 3 600 HB9 A.. |
| Номинален напон V 18 | |
| Ширина на куќиштето на сечилото см 34 | |
| Висина на косење мм 30 – 60 | |
| Волумен, корпа за трева I 31 | |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 ^A) | кг 9,4 / 9,5 |
| Сериски број види ја плочката со податоци на апаратот | |
| Препорачана околна температура при полнење | °C 0 ... +35 |
| Дозволена околна температура при полнење и при складирање | °C -20 ... +50 |
| Тип на батерија PBA 18V...W-. | 4,0 Ah, 5,0 Ah, 6,0 Ah |
A) во зависност од употребената батерија
Сите вредности во ова упатство се измерени при употреба под 2000 метри надморска висина.
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
| 3 600 HB9 A.. | ||
| Измереното А ниво на бучава изнесува обично: | ||
| Утврдени вредности на емисија на бучава EN 60335-2-77 | ||
| – Звучен притисок | dB(A) | 69 |
| – Звучна јачина | dB(A) | 89 |
| – Несигурност К | dB | = 1,0 |
| Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збор на трите насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 60335-2-77 | ||
| – Вредност на емисија на вибрации ah | m/s ^2 | < 2,5 |
| – Несигурност К | m/s ^2 | = 1,5 |
Монтажа и користење
| Цел на користењето Слика Страна | ||
| Обем на испорака ^A) | A | 283 |
| Монтирање на рачката | B | 284 |
| Склопување на корпата за трева | C | 285 |
| Вметнување/отстранување на корпата за трева | D | 285 |
| Подесување на висината на косење | E | 286 |
| Вметнување на батеријата | F | 286 |
| Употреба- Вметнете го електричниот прекинувач- Включете- Косете- Исклучете- Извадете го електричниот прекинувач | G - I | 287 - 289 |
| Извадете ја батеријата | J | 290 |
| Упатство за работа „косење“ | K | 290 |
| Одржување/замена на сечилата | L | 291 |
| Дополнителна опрема | M | 292 |
A) Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Вклучување
За Ваша безбедност
▶ Предупредување: Исклучете ја косачката, извадете го клучот за изолација и батеријата пред секое прилагодување или чистење. Истото важи и ако кабелот е оштетен, прекинат или сплеткан.
▶ По ислучувањето на косачката, сечилата вртат уште неколку секунди.
▶ Предупредување: Внимание – не допирајте ги ротирачките сечила.
Полнење на батеријата
Батеријата е опремена со температурен монитор кој дозволува полнење само на температури од 0 °C до 35 °C степени. Така се обезбедува долготрајност на батеријата.
Совет: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Lithiym-jonskata батерија е заштитена од длабинско празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. При празна батерија производот е опремен со заштита од включување: Машината повеće не работи.
По автоматското ислучување на уредот, не притискајте на прекинувачот за вклучување/ислучување. Батеријата може да се оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување на батериите.
Вметнување/вадење на батеријата
Совет: Користењето на несоодветни батерии може да доведе до погрешно функционирање или до оштетување на уредот.
Повторно ставете ја наполнетата батерија. Проверете дали батеријата е правилно вклопена.
За вадење на батеријата од уредот, притиснете го копчето за вадење на батеријата и извадете ја батеријата.
Полненье
Полнењето започнува кога полначот е приключен во утикач и батеријата е вметната во полначот.
Поради интелигентниот процес на полнење, автоматски се препознава состојбата на наполнетост на батеријата и ће биде наполнета со оптималниот капацитет во зависност од температурата и напонот на батеријата.
Така се негува батеријата и при чување во полначот постојано е наполнета.
Трепкаво светло на приказот за наполнетост на батеријата

Процесот на брзо полнење се сигнализира со трепкање на приказот за полнење на батеријата.
Трајно светло на приказот за наполнетост на батеријата

Трајното светло на приказот за наполнетост на батеријата сигнализира, дека батеријата е целосно наполнета или дека температурата на батеријата е надвор од дозволените
граници на температура за полнење и затоа не може да се наполни. Што се постигне дозволената граница на температура, батеријата е наполнета.
Без вметната батерија трајното светло на приказот за полнење на батеријата сигнализира дека струјниот приклучок е приключен на приклучницата и полначот е подготовен за работа.
Значење на елементите за приказ (AL 1815 CV)
Трепкаво светло на приказот за наполнетост на батеријата

Процесот на брзо полнење се сигнализира со трепкање на приказот за полнење на
батеријата.
Постојано светење на индикаторот за наполнетост на батеријата

Трајно светло на приказот за наполнетост на батеријата сигнализира дека батеријата е
целосно наполнета или дека температурата на батеријата е надвор од дозволените граници на температура за полнење и затоа не може да се наполни. Штом се постигне дозволената граница на температура, батеријата ќе се полни.
Откако ќе ја извадите батеријата трајното светло на приказот за полнење на батеријата , сигнализира дека струјниот приклучок е сеуште приключен на сидната дозна и полночат е подготвен за работа.
Трепка (брзо) зелениот индикатор за наполнетост

Процесот на брзо полнење се сигнализира со брзо трепкање на зелениот приказ за
Напомена: Брзото полнење е можно само ако температурата на батеријата е во границите на дозволената температура, види го делот „Технички податоци“.
Трепка (полека) зелениот индикатор за наполнетост

При наполнетост на батеријата од околу 80%, зеленото светло трепка полека.
Батеријата може да се извади и веднаш да се користи.
Траен зелен приказ за полнење на батеријата

Трајното светло на зелениот приказ на батеријата сигнализира, дека батеријата е
целосно наполнета.
Без вметната батерија трајното светло на приказот за полнење на батеријата сигнализира дека струјниот приклучок е приключен на сидната дозна и полначот е подготовен за работа.
Постојано црвено светло на индикаторот за наполнетост

Трајното светло на црвениот приказ за полнење на батеријата сигнализира дека
температурата е надвор од дозволените граници на полнење, видете во делот „Технички податоци“. Веднаш штом се постигнат дозволените граници на температура, полночат се префрла автоматски на брзо полнење.
Трепка индикаторот за наполнетост на батеријата

Трепкање на црвениот индикатор за наполнетост на батеријата сигнализира
друга препрека во процесот на полнење, види во делот „Причини и помош“.
Совети при работењето
Косна површина (траење на батеријата)
Косната површина (трањето на батеријата) зависи од условите на тревникот, густината, влагата и должината на тревата, како и од висината на косење.
Со чести вклучувања и исклучувања на косачката се намалува просечната моćност (траењето на батеријата). За да постигнете оптимална моćност (траење на батеријата), подигнете ги сечилата и косете со разумно темпо.
Долниот пример ја покажува взаемноста на условите на тревникот и трањето на батеријата.
Услови за косење

Многу слаба, сува трева
Висина на косење
Батерија со 4,0 Ah до 200 m ^2
Батерија со 5,0 Аћ до 250 m ^2
Батерија со 6,0 Ah до 300 m ^2
За да го продолжите времетрањето на работа, можете да купите дополнителна батерија преку овластен сервис.
Отстранување грешки




| Моторот не севклучува | Неисправни внатрешни инсталации во уредот Обратете се во Bosch служба за корисници | |
| Празна батерија Наполнете ја батеријата | ||
| Батеријата е премногу топла/ладна Пуштете батеријата да се загрее/олади | ||
| Тревата е превисока Макс. дозволена висина на тревата е 15 см со најголема висина на косење | ||
| Активирана е заштитата на моторот одпрегревање | Пуштете да се олади моторот и подигнете ги сечилата | |
| Клучот за изолација не е правилно/потполноставен | Ставете го правилно | |
212 | Македонски
| Уредот работи со прекини | Неисправни внатрешни инсталации во уредот Обратете се во Bosch служба за корисници | |
| Активирана е заштитата на моторот од прегревање | Пуштете да се олади моторот и подигнете ги сечилата | |
| Уредот коси нерамномерно и/или моторот работи тешко | Сечилата поставени прениско Подигнете ги сечилата | |
| Тапо сечило | Заменете ги сечилата (види слика L) | |
| Можно запушување Згаснете го уредот и исключете го од напојуање | ||
| Проверете под косачката и по потреба исчистете ја (секогаш носете заштитни ракавици) | ||
| Сечилото монитрано наопаку Монтирајте го сечилото од правилната страна | ||
| По вклучувањето на косачката сечилото не се врти | Сечилото е заплеткано со трева Згаснете го уредот и исключете го од напојуање | |
| Отстранете ја пречката (секогаш носете заштитни ракавици) | ||
| Лабава навртка/-завртка Затегнете ја навртката/-завртката (17 Nm) | ||
| Јаки вибрации/бучава | Лабава навртка/-завртка Затегнете ја навртката/-завртката (17 Nm) | |
| Сечилото е оштетено | Заменете го сечилото (види слика L) | |
Одржување и сервис
Одржување, чистење и чување
Извадете ја батеријата од машината пред да работите на неа (на пример пред редовно одржување, замена на делови и слично), како и пред транспорт и складирање. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување, постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте го уредот чист, за да обезбедите добра и безбедна работа.
Одржување на батеријата
За да постигнете оптимална употреба на батеријата следете ги следните упатства и мерки на претпазливост:
- Заштитете ја батеријата од влага и вода.
- Складирајте ја батеријата во граници на температура од -20 °C - 50 °C. Не оставајте ја батеријата на пример во автомобил на лето.
– Батеријата полнете ја одвоено, а не додека стои во уредот.
– Не оставајте ја батеријата во косачката изложена на дирекна сончева светлина.
– Оптималната температура за чување на батеријата изнесува 5 °C.
– Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете
Ha: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Јани Лукровски 66; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје
E-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Mo6: +389 70 388-520,-530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Litiум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку кујкиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се двжиж во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Електричните уреди, батериите, опремата и амбалажите треба да се сортираат за повторна употреба.

Не фрлајте ги уредите и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европейката регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 212).
Srpski
Sigurnosne napomene
Pažnja! Pažljivo pročitajte sledeća uputstva. Upoznajte se sa upravljačkim elementima i namenskom upotrebom proizvoda. Molimo spremite uputstvo za upotrebu na sigurno mesto radi buduće upotrebe.