MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - видео камера

M18 SIC36 HDR - видео камера MILWAUKEE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот M18 SIC36 HDR MILWAUKEE во PDF формат.

📄 897 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - page 803
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за M18 SIC36 HDR MILWAUKEE

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот видео камера во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник M18 SIC36 HDR - MILWAUKEE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. M18 SIC36 HDR на марката MILWAUKEE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК M18 SIC36 HDR MILWAUKEE

1.1 Посебни прописи за безбедност на системите за проверка на цевки 2
1.2 Други безбедносни и работни упатства....2
1.3 Технички податоци .... 3
1.4 Наменска употреба .... 3
1.5 Барања за радиофреквенција поврзани со европски инсталации....3
1.6 ЕК-Декларација за сообразност .... 4
1.7 ONE-KEY™ 4
1.8 БАТЕРИИ....4
1.9 Транспорт на литиум-јонски батерии....4
1.10 Одржување 5
1.11 Символи....5

2 SMART HUB M18 SISH 6

2.1 Прег лед на SMART HUB M18 SISH....6
2.2 Вметнување и отстранување на батеријата....7
2.3 Проверка на набојот на батеријата....8
2.4 Вметнување на Smart Hub M18 SISH 9
2.5 Отстранување на Smart Hub M18 SISH 10
2.6 Прекинувач за вклучување/исклучување 11
2.7 Поврзување на мониторот....12
2.8 USB-порти....13
2.9 Прачка за заземјување 14
2.10 Ресетирање на бројачот на должината на кабелот 15
2.11 Врска за тестирање на камерата 16
2.12 Форматирање на внатрешната податочна единица и на USB-мемориското стапче ..... 17
2.13 Фабрички поставки....18
2.14 Ажурирање на системот 19

3.1 Преглед на макарата за проверка на цевките M18 SIC36HDR, M18 SIC30HDR....21
3.2 Преглед на макарата за проверка на цевките M18 SIC60SCHDR, M18 SIC60HDR.... 22
3.3 Инсталирање на носачот 23
3.4 Отстранување на носачот 24
3.5 Инсталирање на безжичниот монитор M18 SIM 25
3.6 Поставување на безжичниот монитор M18 SIM 26
3.7 Употреба на макарата за проверка на цевките 27
3.8 Модул на главата на камерата 28
3.9 Модул на пружината 29
3.10 Поклопец за заштита на камерата 30
3.11 Водилки за камера 31
3.12 Сервис и поддршка 32

1.1 Посебни прописи за безбедност на системите за проверка на цевки

Кога работите во цевки внимавајте, цевките да не бидат под напон или да не се напојуваат со електрична енергија. Цевките не смеат да содржат течност. Камерата и апаратот не смеат да дојдат во контакт со течност.

Камерата и кабелот не смеат да дојдат во контакт со масло, гас или други материјали што предизвикуват корозија.

За да се намали ризикот од експлозија, електричен удар или материјална штета, пред да се почне со работа да се провери работното подрачје. Кабелот не смее да дојде во контакт со електрични компоненти, хемикалии или подвижни делови.

За да се намали ризикот од оштетување на апаратот, да не се употребува прекумерна сила и да не се свиткува кабелот. Камерата за инспекција и кабелот да не се употребуваат во подрачја, каде што би можеле да дојдат во контакт со нагризувачки и масни супстанции.

Кабелот да не се употребува за отстранување на затнувања или препреки. Ова не е чистач на цевки!

Ако одводната цевка што треба да се провери содржи хемикалии, бактерии или други токсични супстанци на пр. предизвикувачи на инфекции, тогаш користете ракавици од латекс или гумени ракавици и заштитни очила, штитник за лице, заштитна облека и маска за дишење, препорачани од производителот. Цевките може да содржат хемикалии, бактерии или други супстанци, кои може да бидат токсични или да предизвикаат инфекции, кои пак може да доведат до изгореници со киселина или до други тешки повреди.

Придржувајте се до добрата хигиенска пракса. Додека ракувате со апаратот, немојте да јадете или да пушите. По ракувањето односно по користењето на системот за проверка на цевки рацете или другите делови од телото кои дошле во контакт со содржината на цевката, треба секогаш да се измијат со топла вода и сапун. На овој начин избегнувате ризици по здравјето заради контакт со токсични материи или материи што може да предизвикаат инфекции.

Пред употребата, проверете дали на кабелот постојат траги од абење или оштетување. Заменете го изабениот или оштетениот кабел пред употреба на апаратот.

ВНИМАНИЕ! Треба да се внимава кога го носите на грб системот за проверка на цевките користејки го носачот. Може да изгубите рамнотежа.

Секогаш користете го апаратот внимателно и претпазливо. Невозможно е да се предвидат сите опасни ситуации. Не користете го апаратот ако не ги разбирате овие упатства или ако се чувствувате премногу уморни од работа. За повеќе информации или обука, контактирајте го Milwaukee или квалификуван професионалец.

Немојте да ги отстранувате етикетите и плочките со натписи. Овие плочки содржат важни информации. Ако плочките повеće не се читливи или недостигаат, обратете се до корисничката служба на MILWAUKEE, за да добиете бесплатна замена на истите.

Некои прашини предизвикани од машини за брушење, пилање и дупчење или други градежни активности можат да содржат хемиски супстанции кои се канцерогени, доведуват до вродени дефекти или ја нарушуваат плодноста. Примери за овој вид хемиске супстанције се:

- олово од олово-базирани бои,

- кристали на силика од тули, цемент или други сидарски производи, како и

- арсен или хром од хемиски третирана дрвена граға.

Ризикот од изложеност зависи од тоа колку често работите со овие супстанции. За да се одржи ризикот од изложеност што е можно понизок, секогаш работете во добро проветрени места. Носете официјално одобрена заштитна опрема, како што се маски за прав со филтер за микрочестички.

1.2 Други безбедносни и работни упатства

Не менувајте ја батеријата кога површината на алатот е влажна.

Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не горете ги. Дистрибутерите на Milwaukee ги собираат старите батерии за еколошко отстранување.

Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од краток спој).

Течност од оштетените батериите може да истече при екстремно преоптоварување или екстремна температура. Доколку дојдете во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10 минути и задолжително одете на лекар.

Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од наранувања или од оштетување на производот, коишто ги создава краток спој, не го потопувајте во течност апаратот, батеријата или полначот и пазете да не проникнуваат течности. Корозивни или електроспроводливи течности, како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.

Овој апарат не смее да се опслужува или чисти од страна на лица кои што располагаат со намалени телесни, сензорни или душевни способности односно недостаток на искусство или знаење, освен ако не биле обучени за безбедно ракување со апаратот од страна на лице кое што е според законот одговорно за нивната безбедност. Горе наведените лица треба да се набљудуваат при употреба на апаратот. На апаратот не му е место крај деца. Затоа при негова неупотреба апаратот треба да се чува безбедно и вон дофат на деца.

1.3 Технички податоци

Должина на кабелот од камерата....30 m....36 m....60 m....60 m

Глава на камерата .....ø 25 mm .....ø 25 mm .....ø 25 mm.....ø 34 mm

Волтажа на батеријата 18 V

Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 (4.0 Ah / 12 Ah)....10,8 kg....12,4....kg 16,6....kg 20,46....kg 5,37 kg

Фреквентна лента (фреквентни ленти) за блутут ...... 2402-2480 MHz

Препорачани типови на батерии ....M18B...; M18HB...

Препорачани полначи.....M12-18C, M12-18AC, M12-18FC, M1418C6

1.4 Наменска употреба

Системот за проверка на цевките се користи за преглед и инспекција на цевките. Системот се состоит од три модули:

- Макара за проверка на цевките M18 SIC30HDR, M18 SIC36HDR, M18 SIC60SCHDR, M18 SIC60HDR

Макарата за проверка на цевките се користи за намотување и одмотување и за контрола на кабелот за туркање. Макарите се достапни во следниве големини, M18 SIC30HDR, M18 SIC36HDR и M18 SIC60SCHDR за цевки со дијаметар од 50 mm до 150 mm и поголемиот модел M18 SIC60HDR за цевки со дијаметар од 75 mm до 250 mm.

Сите макари вклучуваат кабел за туркање со модул на пружините, на кој е монтирана главата на камера која се израмнува автоматски. Безжичниот монитор M18 SIM и котролниот центар M18 SISH можат да се користат и со двете сите макари.

Сите макари можат да работат вертикално и хоризонтално. За носење на апаратот на грб, носачот може да биде прикачен на задниот дел на M18 SIC36HDR.

- SMART HUB M18 SISH

SMART HUB M18 SISH се користи за контрола на системот за проверка на цевките.

Безжичниот монитор M18 SIM или таблетот, на кој е инсталирана Milwaukee® апликација за проверка на цевките, се поврзува со SMART HUB M18 SISH да ги прима видео записите и сликите. Видео записите и сликите се зачувуват на внатрешната податочна единица на SMART HUB M18 SISH.

- Безжичен монитор M18 SIM (не се содржи во испораката; може да се купи одделно)

Безжичниот монитор M18 SIM Ви овозможува да ги гледате видео записите снимени од главата на камерата, да снимате видео записи и слики и да репродуцирате датотеки со видео записи и слики. За време на снимање на видео запис, преку внатрешниот микрофон можат да се снимаат говорни коментари. Со функцијата „Ознаки“ можат да се додадат и текстови на коментарите. Текстовите на коментарите се прикажани во снимениот видео запис и се појавуваат на сликите заедно со датумот, времето и должината на одмотаниот кабел.

Не го користете овој апарат на било кој друг начин освен пропишаниот за наменска употреба.

1.5 Барања за радиофреквенција поврзани со европски инсталации

Упатство: Овој апарат е тестиран и ги исполнува граничните вредности на приемникот од категорија 3 во согласност со EN 300 440 V2.1.1.

Овие гранични вредности мора да обезбедат соодветна заштита од нарушувања на радио во станбени згради.

Овој апарат реагира на други апарати што пренесуваат радио бранови во фреквенцијата од 2402 до 2480 MHz. Ова може да доведе до нарушувања при користење на далечинскиот управувач. Не може да се исклучи нарушувањата да се појават под одредени околности. За да одредите дали овој апарат се меша со радио сигнали од други апарати, кратко исключете ги другите апарати за да проверите дали мешањето тогаш исчезнува. Следниве мерки можат да помогнат во отстранувањето на нарушувањата:

  • Исключете го изворот на мешање.
  • Зголемете го растојанието до изворот на мешање.
  • Консултирајте се со специјалист продавач или со квалификуван радио-техничар.

Techtronic Industries GmbH изјавува, дека радио опремата тип M18SISH соодветствува со директивата 2014/53 на ЕУ. Целосниот текст на декларација за соодветност на ЕУ може да го најдете на следената интернет адреса: http://services.milwaukeeetool.eu

1.7 ONE-KEY™

За да дознаете повеće за функционирањето на ONE-KEY на овој апарат, Ве молиме прочитајте го упатството за брзо стартување или посетете на интернет на: www.milwaukeetool.com/one-key. Апликацијата ONE-KEY може да ја симнете на Вашиот смартфон преку App Store или Google Play.

Ако дојде до електростатско празнење, Bluetooth поврзувањето ће биде прекинато. Во таков случај, повторно воспоставете ја врската рачно.

Апаратот соодветствува на минималните барања според EN 55014-2:2015 / EN 301489-1 V2.2.3 / EN 301489-17 V3.1.1.

Индикатор ONE-KEY™

Сино светло: Радио-врската е активна и и може да се постави преку апликацијата ONE-KEY™.

Сино трепкачко светло: Апаратот комуницира со апликацијата ONE-KEY™.

Црвено трепкачко светло: Апаратот е заклучен поради безбедност и може да го отклучи операторот преку апликацијата ONE-KEY™.

1.8 БАТЕРИИ

Батриите кои не биле користени подолго време треба да се наполнат пред употреба.

Температура повисока од 50°C ја намалува ефикасноста на батеријата. Избегнувајте подолго изложување на батериите на високи температури или сонце.

Клемите на полначот и батеријата мора да бидат чисти.

За оптимален работен век батеријата мора да се наполни целосно по употреба.

За можно подолг век на траење, батериите после нивното полнење треба да бидат извадени од полначот.

Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:

Батеријата да се чува на температура под 27°C и на суво место.

Батеријата да се складира наполнета на приближно 30%-50%.

Батеријата повторно да се наполни на секои 6 месеци.

1.9 Транспорт на литиум-јонски батерии

Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за транспорт на опасни материи.

Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.

  • Корисниците на овие батерии може да вршат непречен патен транспорт на истите.
  • Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на опасни материи. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги вршат ислучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.

При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:

- Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви.

- Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната амбалажа.

- Забранет е транспорт на оштетени или протечени батерии.

За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско претпријатие.

1.10 Одржување

Користете само Milwaukeeе додатоци и резервни делови. Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ја корисничката служба на Milwaukeeе (консултирајте ја брошурата за гаранција/листата со адреси на корисничката служба).

При потреба може да се побара цртеж со експлодиран изглед на апаратот со наведување на типот на уредот и шестоцифрениот број на табличката за идентификација или во Вашата корисничка служба или директно кaj Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Германија.

1.11 Симболи

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Симболи - 1

ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Симболи - 2

Отстранете ја батеријата пред да работите на апаратот.

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Симболи - 3

Ве молиме внимателно прочитајте ги упатствата за употреба пред пуштањето во работа.

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Симболи - 4

Носете ракавици!

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Симболи - 5

Секогаш при користење на апаратот носете заштитни очила.

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Симболи - 6

Не отстранувајте ги отпадните батерии, отпадната електрична и електронска опрема како несортиран комунален отпад. Отпадните батерии и отпадната електрична и електронска опрема мора да се собираат посебно.

Отпадните батерии, отпадните акумулатори и отпадните извори на светлина треба да се отстранат од опремата.

Проверете кај вашиот локален орган или продавач за совети за рециклирање и место за собирање.

Во зависност од локалните регулативи, трговците на мало може да се обврзани бесплатно да ги преземаат искористените батерии, како и отпадната електрична и електронска опрема.

Вашиот придонес за повторна употреба и рециклирање на отпадните батерии и отпадната електрична и електронска опрема помага да се намали побарувачката на суровини.

Отпадните батерии, посебно оние што содржат литиум, и отпадната електрична и електронска опрема содржат вредни материјали за рециклирање, кои може негативно да влијаат на животната средина и на здравјето на лујето доколку не се отстранат на еколошки компатибилен начин.

Избришете ги личните податоци од отпадната опрема, доколку ги има.

V Напон

[EMPTY]

Еднонасочна струја

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Симболи - 7

Евроазиска ознака за сообразност

2.1 Преглед на SMART HUB M18 SISH

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Преглед на SMART HUB M18 SISH - 1

text_image 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 Milwaukee

1 Клип за заклучување на пружината – За заклучување на пружината и камерата за време на транспортот.
2 Прием на пружината – одржува ја во место пружината и камерата за време на транспортот и складирањето.
3 Водилка за кабел – Пред SMART HUB да затекне на своето место, навојте ја пружината и кабелот за туркање низ водилката.
4 Рачка
5 Копче за отклучување – Притиснете го ова копче за да го ослободите SMART HUB од макарата за проверка на цевките.
6 Главен прекинувач – Притиснете кратко еднаш за да го включите апаратот; Притиснете и задржете за да го ислучите апаратот.
7 Копче за ресетирање на должината на кабелот – Ресетира должината на одмотаниот кабел на нула.
8 ONE-KEY-LED-индикатор
9 USB-A-порта – За директно зачување на видеа и слики, како и за ажурирања на фирмверот.
10 USB-C-порта – Опционална врска за напојување и за податоци за поврзување на безжичниот монитор M18 SIM co Smart Hub.
11 Капак на USB-конекторот – Водоотпорен капак што ги штити USB-конекторите од прашина и влага.
12 Прачка за заземјување – За заземјување на Smart Hub при следењето на кабелот.
13 Капак на батеријата – Водоотпорен капак што ја штити батеријата од прашина и влага.
14 Преграда за батерија – За М18™ батерија
15 Конектор за поврзување на Smart Hub и макарата за проверка на цевките.
16 Конектор за испитување на камерата – За решавање проблеми со главата на камерата

2.2 Вметнување и отстранување на батеријата

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Вметнување и отстранување на батеријата - 1

2.3 Проверка на набојот на батеријата

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Проверка на набојот на батеријата - 1

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Проверка на набојот на батеријата - 2

2.6 Прекинувач за включување/исклучување

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Прекинувач за включување/исклучување - 1

2.7 Поврзување на мониторот

За промена на поставките на СИСТЕМОТ ЗА ПРОВЕРКА НА ЦЕВКИТЕ, за контрола на неговите функции и за прикажување на слики и видеа направени со камерата, потребен е уред за надворешен апарат за прикажување.

Надворешниот апарат за прикажување не се содржи во испораката на СИСТЕМОТ ЗА ПРОВЕРКА НА ЦЕВКИТЕ и мора да се купи одделно.

Достапни се следниве опции:

- MILWAUKEE БЕЗЖИЧЕН МОНИТОР М18 SIM

- Таблет или паметен телефон со MILWAUKEE АПЛИКАЦИЈА ЗА ПРОВЕРКА НА ЦЕВКИТЕ

БЕЗЖИЧНИОТ МОНИТОР е поврзан со СИСТЕМОТ ЗА ПРОВЕРКА НА ЦЕВКИТЕ преку WLAN или USB-Спорта и е веднаш подготвен за употреба. Кога користите таблет или паметен телефон, прво инсталирајте ја на односниот апарат MILWAUKEE АПЛИКАЦИЈАТАЗА ПРОВЕРКА НА ЦЕВКИТЕ.

  1. Включите го SMART HUB и БЕЗЖИЧНИОТ МОНИТОР.
  2. БЕЗЖИЧНИОТ МОНИТОР автоматски се поврзува со SMART HUB во рок од 25 секунди.
    *За кабелска врска, поврзете го мониторот со Smart Hub користејки USB-C-кабел.
  1. Преземете и инсталирајте ја MILWAUKEE АПЛИКАЦИЈАТА ЗА ПРОВЕРКА НА ЦЕВКИТЕ.
  2. Вк лучите го SMART HUB и апаратот за прикажување.
  3. Изберете ја опцијата Поставки > WLAN.
  4. Изберете ја опцијата МТСАМ_ [ПОСЛЕДНИТЕ 9 ЦИФРИ ОД СЕРИСКИОТ БРОЈ НА SMART HUB].
  5. Внесете ја лозинката: 29702000
  6. Стартувајте ја MILWAUKEE АПЛИКАЦИЈАТА ЗА ПРОВЕРКА НА ЦЕВКИТЕ.

2.8 USB-порти

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - USB-порти - 1

text_image 1 M13 USB-A USB-C

USB-A

  • Порта за нормална употреба. Овозможува директно снимање на датотеки со видео записи и слики или нивното пренесување од внатрешната податочна единица на Smart Hub.
  • Овозможува ажурирањето на фирмверот да се изврши во Smart Hub.

USB-C

- Овозможува поврзување помећу безжичниот монитор M18 SIM и Smart Hub без WLAN врска. Кога батеријата не е наполнета, Smart Hub се напојува од безжичниот монитор M18 SIM или обратно.

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - USB-C - 1

text_image 3 M153 M153

2.9 Прачка за заземјување

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Прачка за заземјување - 1

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Прачка за заземјување - 2

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Прачка за заземјување - 3

Секогаш треба да се користи прачка за заземјување, кога кабелот за туркање се следи со функцијата СЛЕДЕЊЕ НА КАБЕЛ. Smart Hub мора да биде заземјен така што струјното коло да е затворено и да се испраќа добар сигнал за лоцирање. За да го заземете Smart Hub, користете го испорачаниот кабел за заземјување и прачка за заземјување.

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Прачка за заземјување - 4

2.10 Ресетирање на бројачот на должината на кабелот

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Ресетирање на бројачот на должината на кабелот - 1

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Ресетирање на бројачот на должината на кабелот - 2

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Ресетирање на бројачот на должината на кабелот - 3

Кога се одмотува МАКАРАТА ЗА ПРОВЕРКА НА ЦЕВКИТЕ, должената на одмотаниот кабел се прикажува на лентата за статус на безжичниот монитор M18 SIM.

За да го ресетирате индикаторот, притиснете го копчето

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Ресетирање на бројачот на должината на кабелот - 4

text_image 1 СВЕТЛО НА КАМЕРА 17/04/2020 13:30:45 0.5M 0.5M

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Ресетирање на бројачот на должината на кабелот - 5

text_image 2 СВЕТЛО НА КАМЕРА 17/04/2020 13:30:45 0.0M 0.0M

2.11 Врска за тестирање на камерата

Ако има проблеми со главата на камерата, камерата може да се провери преку врската за тестирање.

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Врска за тестирање на камерата - 1

2.12 Форматирање на внатрешната податочна единица и на USB-мемориското стапче

Со оваа функција можете да ја форматирате внатрешната податочна единица од 500 GB во Smart Hub или во USB-мемориското стапче.

USB-мемориските стапчиња мора да бидат форматирани во формат FAT32.

  1. Изберете ПОСТАВКИ → ФОРМАТИРАЊЕ НА МЕМОРИЈАТА
  2. Изберете ја меморијата.

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Форматирање на внатрешната податочна единица и на USB-мемориското стапче - 1

text_image ПОСТАВКИ ВНАТРЕШНА ПОДАТОЧНА ЕДИНИЦА на SMART HUB USB-мемориско стапче на SMART HUB
  1. Потврдете ја пораката на екранот.

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Форматирање на внатрешната податочна единица и на USB-мемориското стапче - 2

text_image ВНАТРЕШНА ПОДАТОЧНА ЕДИНИЦА на SMART HUB USB-мемориско стапче на SMART HUB Дали сте сигурни дека сакате да пи избришете сите податоци на жард дискот ? ВНАТРЕШНА ПОДАТОЧНА ЕДИНИЦА на SMART HUB ОТКАЖИ БРИШЕЊЕ

Избраната податочна единица се форматира и системот се враćа во мени ПОСТАВКИ.

Избирањето на функцијата Фабрички поставки го ресетира Smart Hub M18 SISH на вредностите поставени во фабриката.

Следниве поставки на Smart Hub M18 SISH се ресетираат:

  • ОЗНАКИТЕ се бришат.
  • Поставките на ВИДЕО ЗАПИСИТЕ и СЛИКИТЕ се ресетираат на 1080 Р.
  • ИМЕТО НА КОМПАНИЈАТА се брише.
  • ФРЕКВЕНЦИЈАТА НА СОНДАТА се ресетира на фабричката поставка.
  • СЛЕДЕЊЕТО НА КАБЕЛОТ се ресетира на фабричката поставка.
  • ПОСТАВКИТЕ НА ЕКРАНОТ се ресетираат на фабричкото поставување: нијанса, осветленост, контраст, заситеност.
  • МЕРНИ ЕДИНИЦИ

3. Прочитајте и потврдете ја пораката за ресетирање со ОК.

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Прочитајте и потврдете ја пораката за ресетирање со ОК. - 1

text_image Дали би сакале да го рестартирате Smart Hub на фабричките поставки ? ОТКАЖИ OK

Ресетирањето на фабричките поставки е завршено и системот се враćа во подмени ФАБРИЧКИ ПОСТАВКИ.

2.14 Ажурирање на системот

Пред ажурирање на системот, отворете го менито ПОСТАВКИ→ ИНФОРМАЦИЈА и забележете ја актуelnата верзија на фирмверот.

Ажурирањата на фирмверот можат да се извршаат или преку безжичниот монитор M18 SIM или со таблет со Milwaukee® апликација за проверка на цевките.

  1. Включите ro Smart Hub M18 SISH и безжичниот монитор M18SIM или таблетот со Milwaukee® апликација за проверка на цевките.
  2. Осигурете се дека безжичниот монитор M18 SIM или таблетот е поврзан со Smart Hub M18 SISH преку WLAN. Ако нема WLAN поврзување прво воспоставете го.
  3. Поврзете USB-мемориското стапче со ажурирањето на фирмверот во USB-A портата на Smart Hub M18 SISH.

  4. Изберете ПОСТАВКИ → АЖУРИРАЊЕ НА СИСТЕМОТ

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Ажурирање на системот - 1

  1. Името на датотеката со ажурирањето се прикажува на екранот. Изберете ИМЕ НА ДАТОТЕКАТА за да започнете со ажурирањето.

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Ажурирање на системот - 2

text_image ПОСТАВКИ MTCam_hub.bin
  1. Прочитајте и потврдете ја предупредувачката порака со ОК.

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Ажурирање на системот - 3

text_image Со избирање на OK їе започне ажурирање на фирмверот на kSmart Hub. Ве молиме не го прекинувајте процесот на ажурирање откако їе започне! ОТКАЖИ ОК
  1. Напредокот на ажурирањето се прикажува на лентата за напредок.

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Ажурирање на системот - 4

bar Smart Hub ce ажурира... | Category | Value (%) | |---|---| | Bar Segment | 58% |
  1. На крајот на ажурирањето, се прикажува порака што мора да се потврди. Изберете ОК за да го рестартирате системот.

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Ажурирање на системот - 5

text_image Smart Hub e успешно ажуриран и повторно їе биде рестартиран. OK
  1. Изберете ПОСТАВКИ→ ИНФОРМАЦИЈА, за да проверите дали верзијата на фирмверот е ажурирана.

3.1 Преглед на макарата за проверка на цевките M18 SIC36HDR, M18 SIC30HDR

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Преглед на макарата за проверка на цевките M18 SIC36HDR, M18 SIC30HDR - 1

text_image 1 2 3 4 5 6 Milwaukee 7 8 9 10 11 Milwaukee

1 Израмнувачка нога за хоризонтална употреба
2 Безжичен монитор M18 SIM – држач за таблет и конектор
3 Безжичен монитор M18 SIM – заклучување на вртењето
4 Безжичен монитор M18 SIM – заклучување на навалувањето
5 Рачка
6 Кабелска макара со кабел за туркање
7 Израмнувачка нога за вертикална употреба
8 Кочница на кабелската макара
9 Израмнувачка нога за хоризонтална употреба
10 Носач M18 SIC36HDR
11 Лента за на рамо M18 SIC30HDR

3.2 Преглед на макарата за проверка на цевките M18 SIC60SCHDR, M18 SIC60HDR

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Преглед на макарата за проверка на цевките M18 SIC60SCHDR, M18 SIC60HDR - 1

text_image 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 Milwaukee

1 Израмнувачка нога за хоризонтална употреба
2 Извлечива рачка (во вметната позиција)
3 Копче за заклучување и отклучување на извлечивата рачка
4 Безжичен монитор M18 SIM – држач / држач за таблет и конектор
5 Безжичен монитор M18 SIM – осигурување на вртењето
6 Безжичен монитор M18 SIM – осигурување на навалувањето
7 Рачка
8 Кабелска макара со кабел за туркање
9 Израмнувачка нога за вертикална употреба
10 Тркала
11 Кочница на к абелската макара

3.3 Инсталирање на носачот

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Инсталирање на носачот - 1

МАКАРАТА ЗА ПРОВЕРКА НА ЦЕВКИТЕ М18 SIC36HDR е опремена со носач со кој макарата може да се носи на грб како ранец. Ово овозможува малата макара полесно да се транспортира до местото на употреба, што е особено корисно кога се качувате по скала или користите скала.

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Инсталирање на носачот - 2

Прикачете го носачот на горниот дел и притиснете го со раката кон долната страна сё додека носачот не се заклучи на место. Повлечете го носачот кратко за да се осигурате дека е заклучен на место.

1
MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Инсталирање на носачот - 3

3.6 Поставување на безжичниот монитор M18 SIM

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Поставување на безжичниот монитор M18 SIM - 1

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Поставување на безжичниот монитор M18 SIM - 2

text_image 1 Milanukka Milanukka

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Поставување на безжичниот монитор M18 SIM - 3

3.7 Употреба на макарата за проверка на цевките

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Употреба на макарата за проверка на цевките - 1

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Употреба на макарата за проверка на цевките - 2

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Употреба на макарата за проверка на цевките - 3

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Употреба на макарата за проверка на цевките - 4

Проверка на кабелот за туркање за знаци на абење – Кога намотувате кабелот, проверете го за исекотини, кршења и истрошени места. Ако обвивката е толку истрошена дека може да се види жолта или бела кевлар плетенка, кабелот за туркање треба да се замени. Кога користите кабел за туркање со оштетена обвивка, во него можат да навлезат вода и влага, што може да влијае на квалитетот на снимките од камерата или да доведе до откажување на камерата.

Илустрацијата подолу покажува примери на тешко оштетени обвивки. Ваквите кабли за туркање треба да се заменат што е можно поскоро.

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Употреба на макарата за проверка на цевките - 5

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Употреба на макарата за проверка на цевките - 6

Секогаш чувајте го кабелот за туркање и модулот на пружините сув и чист – Секогаш кога намотувате кабелот, чистете го со чиста, сува крпа. На крајот на работниот ден, внимателно измијте ја главата на камерата и пружината под проточна вода. Протресете ги деловете или издувајте вишок вода со сув воздух под мал притисок и потоа исушете ги деловите. При секојдневната употреба главата на камерата, кабелот за туркање и деловите за поврзување се изложени на агресивни хемикалии. Внимателното чистење на системот ће го продолжи животот на овие делови.

Внимателно ракувајте со кабелот за туркање – Не извлекувајте го кабелот за туркање кога макарата е заклучена. Инаку кабелот ће биде смачкан во макарата и ће биде преоптоварен. Од друга страна, ако го притиснете кабелот за туркање назад во заклучената макара, ролната може да се преврти или кабелот да се скрши.

Ставете ја макарата на рамна површина околу 1 до 2 метри од влезната точка. На тој начин ће остане довольно простор за ракување со кабелот, без да повлекувате јамки на кабелот на подот. Доколку е потребно, притиснете ја кочница за триење, за да го забавите движењето на кабелот за туркање.

Ако макарата се користи во хоризонтална положба, растојанието меѓу нозете се зголемува. На овој начин положбата на макарата станува постабилна на нерамно тло и ја намалува висината, што е предност во тесни места.

1
MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Употреба на макарата за проверка на цевките - 7

Доколку е можно, не ги допирајте со голи раце зелената печатена плочка или златните контакти на модулот на пружината или главата на камерата. Инаку, масниот слој од прстите се пренесува на овие компоненти, што може да доведе до нивната прерана корозија. Ако е можно, носете чисти и суви гумени нараквици.

Избришете ја главата на камерата пред да ја отстраните и отстранете ја нечистотијата што може да падне во областа за поврзување на камерата.

Не затегнувајте премногу и не користете прекумерна сила!

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Употреба на макарата за проверка на цевките - 8

Доколку е можно, не ги допирајте со голи раце зелената печатена плочка или златните контакти на модулот на пружината или главата на камерата. Инаку, масниот слој од прстите се пренесува на овие компоненти, што може да доведе до нивната прерана корозија. Ако е можно, носете чисти и суви гумени нараквици.

Избришете ја главата на камерата пред да ја отстраните и отстранете ја нечистотијата што може да падне во областа за поврзување на камерата.

Не затегнувајте премногу и не користете прекумерна сила!

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Употреба на макарата за проверка на цевките - 9

3.10 Поклопец за заштита на камерата

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Поклопец за заштита на камерата - 1

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Поклопец за заштита на камерата - 2

Поклопци за заштита – Погодни за главите на камери со дијаметар од 25 mm или 34 mm. Овие заштитни поклопци се испорачуваат со сите МАКАРИ ЗА ПРОВЕРКА НА ЦЕВКИТЕ или глави на камерите за замена.

Водилки – Овие водилки се поставени на модулот на пружината така што главата на камерата се движи над подот и не доага во директен контакт со цевката.

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Поклопец за заштита на камерата - 3

Отстранување на заштитните поклопци

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Отстранување на заштитните поклопци - 1

Поставување на заштитните поклопци

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Поставување на заштитните поклопци - 1

Достапни са две водилки за главите на камера од 25 mm и 34 mm: Мала верзија со 75 mm и средна верзија со 100 mm.

Водилка за камера 25 mm

Канал за камера 34 mm

MILWAUKEE M18 SIC36 HDR - Поставување на заштитните поклопци - 2

Ако Вашиот СИСТЕМ ЗА ПРОВЕРКА НА ЦЕВКИТЕ треба да се поправи, можете да отидете на страницата за услуги за алатите Milwaukee и во делот за СЕРВИС И ПОДДРШКА да ги најдете сите важни телефонски броеви.

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : MILWAUKEE

Модел : M18 SIC36 HDR

Категорија : видео камера