HESCM15DBK - Кафемат HISENSE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот HESCM15DBK HISENSE во PDF формат.
Прашања на корисниците за HESCM15DBK HISENSE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Кафемат во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник HESCM15DBK - HISENSE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. HESCM15DBK на марката HISENSE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК HESCM15DBK HISENSE
Инструкции за употреба BG
Упатства за употреба МК
BG Инструкции за употреба......49
МК Упатства за употреба...... 82
Пред да почнете со употреба на апаратот, прочитајте го ова упатство за употреба внимателно и сочувајте го за идна употреба.
Безбедносни предупредувања
Пред да користите електричен апарат, секогаш треба да се следат основните мерки на претпазливост, включително и следново:
- Прочитајте ги сите упатства.
- Пред користењето, проверете дали напонот во вашата електрична инсталација соодветствува на номиналниот напон означен на плочката со спецификации.
- Овој апарат е опремен со заземјен приклучок. Ве молиме, проверете дали штекерот во вашиот дом е соодветно заземјен.
- Заради заштита од пожар, удар од струја и повреда, не потопувајте ги кабелот или штекерот во вода или друга течност.
- Извадете го приклучокот од штекерот пред да го чистите апаратот и кога не се користи. Пред да ги вадите или местите елементите од апаратот или пред чистење, оставете го целосно да се олади.
- Не ракувајте со ниту еден апарат со оштетен кабел или приклучок. Во случај на дефект или пагање на апаратот или оштетување на било кој начин, вратете го апаратот во најблискиот овластен сервисен центар на испитување, поправка или електрично или механичко прилагодување.
- Користењето додатни приклучоци што не ги препорачува производителот на апаратот може да резултира со пожар, струен удар или повреда на лица.
- Ставете го апаратот на рамна површина или маса; не оставајте го кабелот за напојување или бројачот да виси преку работ на масата.
- Кабелот за напојување не смее да допира топла површина на апаратот.
- За да избегнете оштетување, не ставајте го апаратот за кафе на топла површина или покрај орган.
- За да го исключите, извадете го приклучокот од штекер. Кога го ислучувате од струја, секогаш извлекувајте го кабелот држејки го за приклучокот, а не за самиот кабел.
- Не користете го апаратот за друго освен за наменетата употреба и поставете го на суво место.
- Потребен е внимателен надзор кога вашиот апарат се користи во близина на деца.
- Бидете внимателни да не се изгорите од пареата.
- Не допирајте ја врелата површина на апаратот. Користете ги рачката или копчињата.
- Не дозволувајте кафематот да работи без вода.
-
Не вадете ја металлата инка кога апаратот вари кафе или кога испушта пареа.
-
Поврзете го приключокот во штекер пред употреба и ислучувајте го апаратот пред да го извадите приключокот од штекер.
- Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8 години и погоре, како и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или недостаток на искусство и знаење, доколку им е обезведен надзор или упатство за употреба на апаратот на безведен начин и доколку ги разбираат можните ризици. Децата не треба да си играат со апаратот. Чистењето и одржувањето не треба да го прават деца, освен доколку се постари од 8 години и се под надзор.
- Децата треба да се надгледуваат, за да не си играат со апаратот.
- Работната температура или температурата во просторот во кој апаратот се складира треба да биде поголема од 0 °C.
- Овој апарат е наменет за употреба во дома Kinства и слични средини како што се:
- од страна на вработени во кујнски простории во продавници, канцеларии и други работни средини;
- во земјоделски дома Kinства;
- од страна на клиенти во хотели, мотели и други сместувачки капацитети;
- сместувачки капацитети кои нудат нокевање со појадок.
- Не користете го апаратот на отворено.
- Зачувајте го ова упатство.
- Ако планирате да не го користите производот подолго време, треба да го включите напојувањето и потоа да испуштате пареа 3 минути пред да го складирате.
- Ако се ислучи од струја при испуштањето пареа, апаратот їе продолжи да испушта пареа подолго време поради преостанатата топлина. Производот їе престане да испушта пареа веднаш штом го исклучите копчето за пареа.
Запознајте го вашиот апарат за кафе
16- 17- 18-

A. Капак на резервоарот за вода
В. Резервоар за вода
С. Копче за контрола на пареата
D. Горен капак
E. Екран
F. Контролен панел (①копче за 1 шолја кафе
②копче за 2 шолји кафе ③Копче за струја
④Копче за рачно правење кафе ⑤Копче за пареа)
G. Лажица за дозирање
Н. Метален филтер
I. Метална инка
J. Држач на инката
К. Индикатор на прелевање
L. Решетка за шолјите што се вади
М. Длабок сад за цедење на течности
N. Рачка на цевката за пареа
О. Додаток за пареа
Р. Млазница за пареа
Пред првата употреба
За уште првата шолја кафе да биде со извонреден вкус, исплакнете го апаратот за кафе со млака вода на следниот начин:
- Отворете го капакот на резервоарот за вода, наполнете го резервоарот со вода, при што нивото на вода не смее да ја прејде ознаката „MAX” на резервоарот. Потоа вратете го капакот на резервоарот.
Напомена: апаратот е опремен со резервоар за вода кој се вади за полесно чистење; може прво да го наполните резервоарот со вода и потоа да го вратите резервоарот со вода на апаратот. - Ставете го металниот филтер во металлата инка (без кафе во филтерот), при што цевката на инката треба да „легне“ во жлебот на апаратот, а потоа вметнете ја инката во апаратот од положбата „BMETHI“ („INSERT“) и цврсто прикачете ги на апаратот за кафе со вртење во насока на стрелките на часовникот сё додека не дојдете до положбата „ЗАКЛУЧЕНО“ („LOCK“).
- Ставете шолја на решетката за шолји којашто се вади. Копчето за контрола на пареата мора да биде во положба „ИСКЛУЧЕНО“ („OFF“).
- Приключете го апаратот на струја и притиснете го копчето за струја; индикаторот на струја светнува во бела боја, индикаторите на копчето за 1 шолја кафе, за 2 шолји кафе, за рачно правење кафе и за пареа трепкаат, апаратот започнува да се загрева и, кога сите индикатори постојано ње светат, загревањето е завршено.
Напомена: доколку загревањето сё уште не е завршено, притиснете го копчето за 1 кафе, копчето за 2 кафиња или копчето за рачно правење кафе, при што пумпата не работи; доколку сакате да направите пареа, притиснете го копчето за пареа. - Притиснете го копчето за рачно правење кафе. Апаратот їе испушта вода околу 30 секунди. Истурете ја водата од садот за цедење и исчистете го темелно. Апаратот е сега подготвен за правење кафе. Напомена: Кога апаратот испушта вода по прв пат, може да се чуе звук, што е нормално, затоа што апаратот го испушта воздухот од внатрешноста. По околу 20 секунди, звукот їе исчезне. Напомена: пред првата употреба, индикаторот їе трепка брзо, со што алармира дека во проточниот грејач нема вода. Притиснете го копчето за рачно правење кафе и држете го притиснато сё додека пумпата не престане да работи и додека не се ислучи алармот. Потоа може да почне варењето на кафето.
Претходно загревање
За да направите шолја добро, врело „еспресо“, ви препорачуваме преетходно да го загреете апаратот пред да го направите кафето, включително и металлата инка, металниот филтер и шолјата, за студените делови да не влијаат врз вкусот на кафето.
- Извадете го резервоарот за вода и отворете го капакот на резервоарот, за да го наполните со вода, при што нивото на вода не смее да ја прејде ознаката „MAX” во резервоарот. Потоа, вратете го резервоарот на неговото место.
- Ставете го металниот филтер во металлата инка, проверете дали цевката на инката е „легната“ во жлебот на апаратот и ставете ја инката во апаратот од положбата „ВМЕТНИ“ („INSERT“) и цврсто привrstете ја за апаратот за кафе, вртејки ја во насока обратна од насоката на стрелките на часовникот, се додека не дојде во положба „ЗАКЛУЧЕНО“ („LOCK“).
- Ставете ја шолјата за кафе на решетката.
- Приклучете го апаратот во струја. Копчето за контрола на пареата мора да биде во положба „ИСКЛУЧЕНО“ („OFF“).
- Притиснете го копчето за струја, индикаторот за струја светнува во бела боја, индикаторите на копчето за 1 шолја кафе, на копчето за 2 шолји кафе и на копчето за рачно правење кафе трепкаат, а апаратот почнува да се загрева. Кога сите индикатори Ѽе почат постојано да светат, тоа значи дека загревањето е завршено. Притиснете на копчето за рачно правење кафе, апаратот Ѽе почне да пумпа вода, а во случај водата да истекува, повторно притиснете го истото копче, за веднаш да го сопрете пумпањето
вода. Целта на овој чекор е водата од резервоарот за вода да се испумпа во проточниот грејач.
- Кога їе светне идикаторот на копчето за кафе, тоа значи дека загревањето завршило.
Правење „еспресо“
-
Извадете ја инката со вртење во насока на стрелките на часовникот. Додајте мелено кафе во металниот филтер со лажицата за дозирање (од една лажица мелено кафе може да се добие шолја првокласно кафе), а потоа силно притиснете го меленото кафе со набивачот.
-
Ставете го металниот филтер во металната инка, така што цевката на инката ће „легне“ во жлебот на апаратот и потоа ставете ја инката во апаратот од положбата „ВМЕТНИ“ („INSERT“) и прицврстете ја за апаратот така што ће ја завртите во насока спротивна на стрелките на часовникот, додека не дојде во положба „ЗАКЛУЧЕНО“ („LOCK“).
-
Ставете шолја на подлогата за шолји.
-
Кога ќе заврши загревањето, притиснете на копчето за 1 шолја или на копчето за 2 шолји кафе и кафето ќе почне да се приготвува: за 1 шолја кафе се потребни 15, а за 2 шолји 25 секунди. Ако сакате одредена количина кафе, притиснете го копчето за рачно правење кафе еднаш и, кога ќе истече саканата количина кафе, притиснете го копчето повторно за да го прекинете точењето; за операции со копчето за рачно правење кафе, максимальното време на работа на апаратот е 90 секунди. Ако не се притисне ниту едно копче во рок од 90 секунди, апаратот автоматски престанува да работи.
-
Доколку идикаторот на соодветното копче за кафе треба да свети, а е изгаснат, почекајте неколку моменти и, кога повторно їе светне, притиснете го саканото копче за кафе, почекајте еден момент и кафето їе почне да тече.
-
Притиснете го копчето за правење кафе кога ће ја добиете саканата количина кафе или кога бојата на кафето ће стане светла. Апаратот за кафе престанува да работи. Ако сијаличката на копчето за правење кафе е изгасната, почекајте еден момент и, кога сијаличката повторно ће светне, може да продолжите да правите кафе.
-
Притиснете го копчето за 1 шолја кафе и држете го притиснато 3 секунди. Копчето за 1 шолја кафе ќе почне да трепка додека апаратот се подготвува. Повторно притиснете го копчето за 1 шолја кафе за да почне точењето. Кога ќе се наточи саканата количина, притиснете го копчето за 1 шолја кафе за да ја комплетирате командата, која апаратот ја „запомнува“. Времето за приготвување 1 шолја кафе може да се дотера на најмногу 45 секунди. Кога ќе се одбере времето на приготвување 1 шолја кафе, времето на приготвување 2 шолји кафе автоматски ќе се подеси на два пати подолго време од времето потребно за 1 шолја. Времето за приготвување 2 шолји кафе може да се дотера на најмногу 90 секунди. Со одбирање на времето на приготвување 2 шолји кафе, времето на приготвување 1 шолја автоматски ќе се подеси на два пати пократко време од времето потребно за 2 шолји.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не оставајте го апаратот за кафе без надзор додека правите кафе, зашто понекогаш треба рачно да ракувате со апаратот!
-
Кога ће завршите со правење кафе, извадете ја металната инка така што ће ја завртите во насока на стрелките на часовникот и потоа исфрлете го остатокот од кафе, држејки го металниот филтер притиснат.
-
Оставете ги филтерот и инката соседема да се изладат и потоа исплакнете ги под чешма.
Загревање вода
Кога апаратот ће се загрее, завртете го копчето за пареа за да пуштите жешка вода и притиснете го копчето за рачно приготвување кафе, за да почне да се загрева водата. Повторно притиснете го копчето за рачно приготвување кафе и затворете го копчето за пареа за да завршите со загревање на водата.
Правење „капучино“/млеко со пена
Капучино се добива со додавање млеко со пена во шолја еспресо.
Метода:
- Најпрво направете еспресо во довольно голем сад според упатството во делот „ПРАВЕЊЕ ЕСПРЕСО“ („MAKE ESPRESSO”), при што копчето за контрола на пареата треба да биде во положба ИСКЛУЧЕНО (OFF).
- Притиснете го копчето за пареа. Индикаторот на копчето за кафе ње се изгасне. Почекајте да се запали копчето за пареа.
Напомена: додека апаратот работи, копчето за пареа циклично се пали и се гаси, што означува дека ја одржува саканата температура. - Наполнете по една шолја со околу 100 ml млеко за секое капучино што го приготвувате; наша препорака е капучиното да се прави со ладно полномасно млеко од фрижидер (никако топло!). Напомена: се препорачува да одберете шолја со дијаметар не помал од 70±5mm, имајки на ум дека волуменот на млекото се зголемува 2 пати, така што шолјата треба да биде довольно висока.
- Полека завртете го контролното копче во насока спротивна на стрелките на часовникот. Од цевката за пена се испушта пареа.
Напомена: Не вртете го копчето нагло, затоа што пареата бргу ќе се акумулира за кусо време и тоа може да го зголеми ризикот од можна експлозија. - Ставете ја цевката за пена околу 2 цм во млекото и запенете го млекото со придвижување на садот горе-долу.
- Кога єе го постигнете саканиот резултат, завртете го контролното копче во положба ИСКЛУЧЕНО (OFF).
Напомена: исчистете ја цевката за пена со мокар сунгер веднаш штом запре да испушта пареа, но внимавајте да не се изгорите! - Ставете го запенетото млеко во подготвеното еспресо и, со тоа, капучиното е готово.
Засладете го според вкусот и, по желба, наросете ја пената со малку какао во прав. - Притиснете го копчето за струја за да ја исклучите струјата. Сите сијалички се гаснат.
- Koga се работи со пареа подолго од 180 секунди во континуитет, сијаличката за пареа бргу трепка во знак на аларм. Во таков случај, притиснете го копчето за кафе за апаратот да се излади и да може да се врати во „стендбај“ режим откако ће се излади до нормална температура.
Напомена: Ако сакате да направите кафе веднаш по правењето пареа, сијаличката за кафе ќе почне да трепка во знак на аларм кога ќе го притиснете копчето за кафе. Во тој момент, треба да го завртите копчето за контрола на пареата во положба ВКЛУЧЕНО (ON) за да се испушти жешка вода и апаратот да се излади.
Функција на автоматско исклучување
Доколку не се зададе никаква команда во текот на 25 минути, апаратот автоматски се исклучува.
Чистење и одржување:
- Исключете го апаратот за кафе и оставете го соседема да се излади пред да го исчистите.
- Надворешноста на апаратот пребришувајте ја често со сунгер отпорен на влага; редовно мијте ги резервоарот за вода, садот за цедење и решетката за шолји и потоа исушете ги.
Напомена: не чистете го апаратот со алкохол или со разредувач. Не потопувајте го апаратот во вода за да го исчистите. - Извадете ја металната инка така што ёе ја завртите во насока на стрелките на часовникот, исфрлете го остатокот од кафе во неа, а потоа исчистете ја со средство за чистење или, во најмала рака, исплакнете ја со чиста вода.
- Измијте ги сите додатоци во вода и темелно исушете ги.
- Кога апаратот ће изработи 500 циклуси (включително правење кафе, пареа и други функции), сите сијалички истовремено ће трепнат кратко 5 пати кога ће заврши претходното загревање,
за да ве потсетат дека треба да го отстраните бигорот. Доколку не го отстраните, тоа ќе се случаува при секоја употреба на апаратот; кога апаратот е во „стендбај“ режим, истовремено притиснете ги копчето за кафе и копчето за 2 шолји кафе и држете ги притиснати 3 секунди. Сијаличките на двете функции ќе трепнат накратко 3 пати, потсетувајći ве да го откажете отстранувањето на бигорот, а бројот на работни циклуси се враćа на нула.
Чистење минерални наслаги
- За апаратот за кафе да работи ефикасно, внатрешните цевки да бидат чисти и вкусот на кафето да биде оптимално, насобраните минералните наслаги треба да се чистат на секои 2-3 месеци.
- Наполнете го резервоарот со вода и средство за чистење бигор до нивото MAX (соодносот на вода и средство за чистење треба да биде 4:1); детали за чистењето може да најдете во упатството за употреба на средството за чистење бигор. Ве молиме употребувајте средство за чистење бигор во дома Kinството. Наместо тоа, може да користите лимонска киселина, која може да се најде во аптеките или супермаркетите (еден дел вода и три дела лимонска киселина).
- Според упатствата во делот за претходно загревање, ставете ги металлата инка (без кафе во неа) и шолјата на нивното место. Загрејте ја водата според делот „ПРЕТХОДНО ЗАГРЕВАЊЕ“.
- Притиснете го копчето за струја. Индикаторот светнува. Притиснете го копчето за кафе. Копчето за контрола на пареата мора да биде во положба Ислучено (Off). Кога ќе почне да тече вода, притиснете го копчето за кафе за апаратот да престане да пумпа вода и почекајте еден момент. Апаратот почнува да се загрева.
- Кога копчето за кафе ќе светне, тоа значи дека претходното загревање е завршено. Притиснете го копчето за кафе и направете две шолји кафе (околу 60 ml). Притиснете го копчето за кафе за апаратот да престане да пумпа вода.
- Притиснете го копчето за пареа. Сијаличката на копчето за кафе їе се изгасне. Почекајте повторно да се запали. Завртете го копчето за контрола на пареата и правете пареа околу 2 минути, а потоа завртете го копчето за контрола на пареата во положба ИСКЛУЧЕНО (OFF) за да престанете со правење пареа. Притиснете го копчето за струја за веднаш да го исключите апаратот, ставете средство за чистење бигор во апаратот и оставете го да отстои 15 минути.
- Притиснете го копчето за струја за повторно да го включите апаратот и почекајте да се запали сијаличката на копчето за кафе. Потоа притиснете го копчето за кафе и оставете го апаратот да работи сё додека не истече целото средство за чистење бигор.
- Пуштете го апаратот да работи со вода од чешма во резервоарот на ниво MAX; повторете ги чекорите од 4 до 6 три пати, а потоа оставете го апаратот да работи сè додека од резервоарот не истече целата вода.
Решавање проблеми
| Симптом | Причина | Решение |
| На металните делови на резервоарот има корозија | Средството за чистење на каменецот не е тоа што е препорачано. Може да доведе до корозија на металните делови на резервоарот. | Употребувајте го средството за чистење каменец препорачано од производителот. |
| Вода истекува од дното на апаратот | Има многу вода во садот за цедење. | Испразнете го садот за цедење. |
| Апаратот за кафе не работи правилно. | Обратете се до овластен сервис за поправка. | |
| Вода истекува од надворешната страна на филтерот. | На работ на филтерот има остатоци од кафе. | Отстанете ги остатоците од кафе. |
| Во еспресо кафето се чувствува вкус на киселина | Не е исчистено како што треба по отстранувањето на | Исчистете го апаратот за кафе неколку пати според |
| (оцет). | каменецот. | упатството во делот „Пред првата употреба“. |
| Меленото кафе долго се чувало на топло и влажно место. Кафето се расипало. | Употребувајте свежо кафе или чувајте го неискористеното кафе на ладно и суво место. Кога ќе го отворите пакетчето со кафе, повторно убаво затворете го и чувајте го во фрижидер за да остане свежо. | |
| Апаратот за кафе не работи. | Кабелот не е ставен во штекерот правилно. | Ставете го кабелот во штекерот правилно. Доколку апаратот и натаму не работи, обратете се до овластен сервис за поправки. |
| Млекот не се пени. | Индикаторот за пареа не свети. | Пареата може да се користи за правење пена само кога индикаторот за пареа свети. |
| Садот е преголем или не одговара. | Употребувајте висок и тесен сад. | |
| Сте употребиле обезмастено млеко. | Употребувајте полномасно или полумасно млеко. |
Овој производ е означен во согласност со Европската директива 2012/19/EC за електричен и електронски отпад — WEEE. Во Директивата се утврдени барањата во поглед на собирањето и управувањето со електричен и електронски отпад кои се важечки во целата Европска Унија.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
На крајот од корисниот век на апаратот, не исфрлајте го заедно со обичниот комунален отпад. Однесете го во овластен центар за рециклирирање. Со тоа помагате во зачувувањето на животната средина.
ГАРАНЦИЈА И ПОПРАВКИ
За повеće информации или во случај на проблеми, ве молиме контактирајте го Кол центарот на Горење во вашата земја (телефонскиот број е наведен во меѓународната Гаранција). Доколку во вашата земја нема таков центар, обратете се до локалниот дилер на Горење или службата за мали апарати за домаќинството на Горење.
Само за лична употреба!