Portable - Блендер NUTRIBULLET - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Portable NUTRIBULLET во PDF формат.
Прашања на корисниците за Portable NUTRIBULLET
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Блендер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Portable - NUTRIBULLET и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Portable на марката NUTRIBULLET.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Portable NUTRIBULLET
Важни мерки за заштита
Kora работите со вашиот nutribullet® пренослив блендер, запаметете: БЕЗБЕДНОСТА Е НАЈВАЖНА.
Предупредување! За да се избегне ризикот од сериозна повреда или оштетување, внимателно прочитајте ги сите упатства пред да работите со вашиот nutribullet® пренослив блендер. Основни безбедносни мерки на претпазливост, вклучувајки ги следните важни информации треба секогаш да се следат кога се користи каков било електричен апарат.
Ако му дозволите на некој друг да го користи вашиот nutribullet® пренослив блендер, уверете се дека тој ги разбрал здравствените и безбедносните информации во ова Корисничко упатство и сите дополнителни безбедносни или упатства за користење. Секое лице кое го користи уредот треба целосно да го прочита Корисничкото упатство за да се запознае со безбедното работење на единицата.
Зачувајте ги овие упатства!
НЕ мешајте жешки, топли, газирани или пенливи состојки.
- Таквото користење може прекумерно да го зголеми притисокот во nutribullet® чашата, предизвикувајки чашата и основата на моторот да се одвојат при работење. Ова може да доведе до телесна повреда од излевање
жешка содржина или изложени сечила.
- Блендирајте само состојки на собна температура или од фрижидер (21°C/70°F или поладни).
- Газирани или пенливи costoјки (пр. газирани пијалаци, пециво, сода бикарбона, квасец, некои ретки теста, смеса за колачи, сув мраз или други нешта што создаваат меурчиња) испуштаат гасови кои го зголемуваат притисокот во чашата при мешањето.
Некои протеински прашоци вклучуваат пенливи сostoјки. Секогаш проверувајте ги сostoјките на сите додатоци пред блендирањето. Секогаш проверувајте ги сите сostoјки пред блендирање.
!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
НЕ блендирајте содржини повеće од една минута. Не извршувајте последователни циклуси на блендирање кои надминуваат една минута.
- Блендирањето предизвикува состојките да се загреат, што создава притисок во чашата во тек на време. Постојаното блендирање подолго од една минута може да предизвика чашата да се одвои, доведувајки до изложување на сечилото или излевање загреани содржини и предизвикување повреда.
!
НЕ оставајте блендирана храна во затворена чаша долг временски период.
- Блендираните мешавини може да се расипат и да ферментираат зголемувајки го притисокот кога се оставени внатре
во чашата. Ова може да предизвика чашата да се одвои ако е отворена од основата на моторот, што може да предизвика телесна повреда од излевање жешки содержини или изложени сечила.
- Пристапувајте до блендираните содржини само преку инката за истурање и капакот за носење со внимателно отоврање на капакот по блендирањето.
Ако чашата е жешка или топла на допир, содржините може да бидат ЗАГРЕАНИ и ПОД ПРИТИСОК. Ако тоа се случа, преземете ги овие чекори:
- ОСТАВЕТЕ ЈА, НЕ ОТВОРАЈТЕ ЈА. Оставете ја чашата каде што е и не допирајте ја и не дозволувајте други да ја допираат. НИКОГАШ не обидувајте се да ја одвоите чашата од основата на моторот бидејки тоа може да предизвика телесна повреда.
- Не блендирајте повторно.
- Дозволете чашата да се излади најмалку 30 минути. Ако е се уште топла, дозволете повеке време да се излади.
- Штом ке биде ладна на допир, полека отворете го капакот, додека ја чувате подалеку од вашето лице и тело. Истурете ја содржината во одделен сад.
БЕЗБЕДНОСТ НА ЧАША
Правилно користење на чашата е важно за безбедно работење со вашиот nutribullet® пренослив блендер. Користењето на чашата во спротивност со овие упатства, може да доведе до телесна повреда, оштетување на имот или оштетување на вашата единица.
- СЕКОГАШ уверете се дека чашата е безбедно заклучена на основата на моторот пред блендирањето. Моторот нема да се вклучи освен ако чашата не е поставена во позиција заклучено.
- Работете со единицата САМО кога капакот е на место.
- НЕ надминувајте ја линијата МАКС. Надминувањето на линијата МАКС може да доведе до истекување или да го запре листот на сечилото.
- HE вадете ја чашата или капакот додека единицата работи.
- НЕ преполнувајте ја чашата со мраз бидејки може да го запре вртењето на сечилата доведувајки до штета на единицата или повреда. Секогаш користете довольно количество на течност пред да блендирате.
- Не користете ја чашата ако откриете пукнатини, заматеност или друга штета.
- Нарачувајте резервни делови само од nutribullet.com или со контактирање на службата за потрошувачи.
Сечилата се остри! Ракувајте внимателно за да избегнете телесни повреди.
- Не допирајте ги острите рабови на сечилата.
- Не ставајте ги рацете или прстите во близина на сечилата кога ја прикачувате чашата на основата на моторот.
- Внимателно ракувајте кога рачно го миете сечилото.
- Секогаш осигурувајте се дека напојувањето е исклучено и дека получот е извлечен од напојување при склопување, расклопување или чистење на сечилото или основата на моторот.
- Не складирајте ја основата на моторот со изложени сечила. Секогаш прикачувајте ја чашата на основата на моторот.

НИКОГАШ не ставајте ги вашите раце внатре во чашата или во близина на сечилото кога единицата
рабти.
- Не вадете ја чашата или капакот додека сечилата не запрат целосно. Сечилата се уште може да бидат активни кога ке се извади капакот. Непридржувањето на овие упатства, може да доведе до телесна повреда, оштетување на имот или оштетување на вашата единица.
ГРИЖА И ОБРНУВАЊЕ ВНИМАНИЕ НА СЕЧИЛОТО

Престанете со користењето ако сечилото е извиткано или оштетено.
- Рутински проверувајте ги сечилата за оштетување, и ако се забележи, контакрајте ја службата за потрошувачи за отстранување и замена на сечилото.
-
Извадете ги сите садови и предмети кои не се храна од чашата пред работење бидејки тие може да предизвикаат телесна повреда или оштетување на сечилото и единицата.
-
Не блендирајте овошја со семки во овој апарат освен ако семките/голушките не се отстранети. Цврсти состоитојки може да го оштетат сечилото.
- Сечилата може да престанат да се вртат ако чашата е преполнета. Ако се случаи ова, погледнете го делот Грешки во ова Корисничко упатство.
БЕЗБЕДНОСТ НА ОКОЛИНАТА

НЕ користете го вашиот nutribullet® пренослив блендер додека возите, работите со машини, возите велосипед, пешачите или сте включени во други активности кои го бараат вашето целосно внимание.
- Не изложувајте го вашиот nutribullet® пренослив блендер на екстремни температури бидејки тоа може да предизвика оштетување на батериите, заптивките и другите делови на уредот.
- Не ставајте го вашиот nutribullet® пренослив
блендер на нерамни или нестабилни површини.
- Не сушете го вашиот уред со фен за коса, сушач за облека, конвенционална rerна или микробранова rerна. Ако вашиот уред се навлажни, нежно избришете ја надворешноста со чиста, сува крпа.
- Не користете го вашиот уред во близина на вода или при влажни, дождливи или снежни услови.
- Не користете го вашиот уред во близина на отворен орган или друг извор на топлина; блиску до подрачја што се исключително валкани, со прав, масло или хемикалии; или на директна сончева светлина.
- Не оставајте го вашиот nutribullet® пренослив блендер внатре во возило, особено во лето или во зима. Продолжената изложеност на екстремни температури може да предизвика батериите да истечат, да пукнат или експлодираат.
Неследењето на сите упатства кои се однесуваат на вашиот nutribullet® пренослив блендер може да предизвика сериозна лична повреда, смрт или оштетување на имот.
- Овој апарат не е наменет за користење од лица (вклучувајки деца) со намалени физички, сензорни или ментални способности, или недостаток на искусство и знаење, освен ако не се под надзор или не им се даваат упатства во врска со употребата на апаратот од лице одговорно за нивната безбедност. Непосреден надзор е потребен кога секаков апарат се користи од или блиску до деца. Деца треба да се надгледуваат за да се осигури дека тие не играат со апаратот.
- Периодично проверувајте ги компонентите на вачиот nutribullet® пренослив блендер
за оштетување или истрошеност кои може да го нарушат правилното работење или да претставуваат опасност по безбедноста.
- Бидете свесни за можните опасности кога го полните, користите или складирате вашиот nutribullet® пренослив блендер.
- Не употребувајте го овој блендер за што и да е друго освен за неговата наменета употреба.
- Никогаш не користете го вашиот nutribullet® пренослив блендер ако чашата е празна.
- Не обидувајте се да прескокнете какви било безбедносни механизми за последователно работење.
- Не ставајте никаков предмет кој е поинаков од соодветниот полнач во USB-C портата. Не дозволувајте прав да се насобере внатре во портата.
- Не кршете ја, не испуштајте ја и не оштетувајте ја основата на моторот. Не работете ако основата на моторот
е оштетена на кој било начин. Контактирајте ја службата за потрошувачи за помош на nutribullet.com.
- Користете само nutribullet® прибор/ додатоци конкретно дизајнирани за вашиот nutribullet® пренослив блендер. Секогаш користете оригинални nutribullet® резервни делови и додатоци. Некои делови кои се нудат во продажба не се направени според спецификациите на nutribullet® и може да ја оштетат вашата единица или да предизвикаат сериозна повреда.
- Користењето на додатоци вклучувајки тегли за складирање, не се препорачува од производителот бидејки може да предизвика ризик од повреда на лицата.
- Не обидувајте се да ја чистите основата на моторот со потопување во вода или други течности за чистење. Само нежно избришете ја и исушете ја со чиста крпа.
• Само чашата и капакот
се безбедни за миење во машина за садови на горната полица без циклус на загревање или дезинфекција.
НИКОГАШ НЕ СТАВАЈТЕ ЈА ОСНОВАТА НА МОТОРОТ ВО МАШИНА ЗА МИЕЊЕ САДОВИ.
ЕЛЕКТРИЧНА БЕЗБЕДНОСТ
!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Модификациите, несоодветното користење и неследењето на упатствата може да ги зголеми ризиците од сериозна лична повреда, смрт или оштетување на имот.
- Користете само UL-nабројани USB извори да го полните овој уред или наведен/сертифициран ITE приключок за напојување или наведен приключок за напојување од класа 2 дизајниран за користење со извори на напојување рангирани за 100V AC до 240V AC на 50Hz до 60Hz. USB-полначот мора да биде наведен полнач за напојување од класа 2 или сертифициран ITE полнач за напојување со рангиран излез 5V
2A MAX. Не користете неодобрени извори.
- За да го избегнете ризикот од струен удар, пожар или телесна повреда, НЕ полнете ја и не ракувајте со единицата ако е влажна или во подрачје кое може да се навлажни и не ракувајте со влажни раце.
- Не користете во влажни услови и не потопувајте го кабелот, приключокот или основата на моторот во вода или други течности.
- Не работете со оштетен кабел, единица/ получ за електрично напојување, или при неправилно работење на апаратот или ако основата на моторот била испуштена или оштетена на каков било начин. Контактирајте ја службата за потрошувачи за помош на nutribullet.com.
- Секогаш ИСКЛУЧУВАЈТЕ ГО и ВАДЕТЕ ГО ОД НАПОЈУВАЊЕ nutribullet® преносливиот блендер кога не се користи и ПРЕД склопување, расклопување, менување додатоци или чистење.
- Не полнете го вашиот уред во близина на запаливи
материјали, на вашиот кревет или кауч или врз каква било хартија.
- Полнете го вашиот уред само со електричниот кабел што е доставен со истиот. Користење на некомпатибилни делови или делови купени на пазарот може да го оштетат вашиот nutribullet® пренослив блендер или да создадат опасности по безбедноста кои може да предизвикаат лична повреда или штета.
БЕЗБЕДНОСТ НА ЕЛЕКТРИЧНО НАПОЈУВАЊЕ

Секогаш избирајте и користете соодветно електрично напојување за вашиот уред.
- Неследењето на следните мерки на претпазливост може да предизвика сериозна лична повреда, смрт од струен удар или пожар, или оштетување на вашиот уред.
- Користете само единица за електрично напојување (пр. полнач, адаптер за полнење) и електричен кабел соодветен за напонот во вашата земја.
- Не користете полнач за sid со уред или адаптер за конверзија на напон.
- Не користете нестандардни извори на електрично напојување, како што се генератори или инвертери. Користете само електрично напојување што го обезбедува стандарден сиден штекер.
- Не користете брз полнач или полнач со повисока ватажа. Користете само електрично напојување што го обезбедува стандарден сиден штекер или приключок за запалка во автомобил. Никогаш не прилучувајте ја единицата во приключокот за запалка на автомобил кога го стартувате вашиот автомобил да спречите можен струен удар и краток спој на единицата.
- Потврдете дека вашиот електричен штекер го обезбедува типот на напојување посочен за вашиот nutribullet® пренослив блендер (во однос на волтажа [V] и фреквенција [Hz]). Ако не сте сигурни за типот на електрично напојување што го имате
дома, консултирајте се со квалификуван електричар.
- Не преоптоварувајте го вашиот сиден штекер, продолжен кабел, кабел со приклучоци или други електрични приклучници. Потврдете дека тие се рангирани да го поднесат вкупниот проток на струја (во ампери) што го влече вашиот уред (како што е наведено на вашата единица за електрично напојување) и секакви други уреди кои го користат истото електрично коло.
- За единицата за електрично напојување каде што игличките за вклучување во струја може да бидат вовлечени за складирање, уверете се дека игличките се целосно извлечени пред приклучување во штекер.
- Никогаш не користете единица за електрично напојување/получ кои се оштетени, испуштени или добиле силен удар.
- Не полнете во подрачје со екстремна топлина или студ.
• Секогаш исклучувајте ја
единицата за електрично напојување/получот кога не се користи.
Користете ја само електричната жица што доага со вашиот nutribullet® пренослив блендер за полнење.
- Редовно проверувајте ги вашите електрични жици и кабли.
- Изложените кабли и жици на уредот претставуваат можна опасност од сопнување. Поставете ги сите кабли и жици така што лугето и животните нема да се сопнуваат или несакајки да ги повлекуваат додека се движат околу или чекорат низ подрачјето.
- Не виткајте го и не мотајте го електричниот кабел пресилно кога го складирате и не виткајте го и не прекршувајте го електричниот кабел кога го користите.
- Кога го поставувате вашиот уред или единицата за електрично напојување/получат,
уверете се дека каблите не се премногу свиткани и дека конекторите не се притиснати врз сид или цврста површина.
- Не дозволувајте миленици или деца да ги гризаат или цвакаат каблите и жиците.
- Кога го ислучувате електричниот кабел, влечете го приклучокот-не влечете го кабелот.
- Не дозволувајте кабелот за полнење да допира жешки површини или каков било извор на екстремна топлина или да стане свиткан, заплеткан или оштетен.
- Не факајте го и не носете го вашиот уред со помош на кабелот за полнење или жицата.
- Не дозволувајте кабелот за полнење да виси преку работ на масата или пултот.
Вашиот nutribullet® пренослив блендер содржи полниви литиум-јонски батерии. Батериите не се заменливи и мора
да бидат рециклирани или соодветно фрлени.
Отворањето и/или поправањето или обидот да се заменат батериите на вашиот уред може да предизвика струен удар, оштетување на уредот, пожар и лична повреда или оштетување на имот.
- Овој производ содржи литиум-јонски батерии. Правилно фрлете ја основата на моторот. Несоодветно фрлање може да предизвика повреда, смрт или оштетување на имот како резултат на истекување на течноста од батериите, пожар, прегревање или експлозија. Литиум-јонските батерии содржат елементи кои може да претставуваат здравствени ризици за поединци ако се допушти истите да истечат во снабдувањето со површинска вода. Фрлањето на овие батерии во стандарден отпад од домакинство може да биде незаконско во некои земји. Консултирате ја вашата локална јурисдикција за правилно фрлање.
- Контактирајте со
вашите локални центри за рециклирање или фрлање на опасен отпад во вашето подрачје за упатства за соодветно фрлање.
- Не изложувајте ја основата на моторот во која се наогаат батериите на орган или прекумерна топлина. Изложувањето на орган или температури над 265°F/130°C може да ги оштети батериите и да предизвика експлозија.
- Не полнете го вашиот nutribullet® пренослив блендер во близина на орган, извор на топлина или при екстремно жешки услови.
- Не користете ја вашата единица во какво било подрачје со потенцијално експлозивна атмосфера (пр. подрачја за полнење гориво или бензински станици, внатрешни кабини на чамци или други пловни објекти, капацитети за гориво и/или хемиски трансфер и складирање и
подрачја каде запаливи хемикалии или честици како житна прав или метални прашини се насобрани во воздухот). Во такви подрачја може да се појават искри и да предизвикаат експлозија или пожар.
- Не користете ја вашата единица ако основата на моторот е прегреана, има мирис, истекува, набобрена е или има промена во боја/форма. Истекувања од батериските келии може да настанат под екстремни услови. Течноста од батериите е корозивна и може да биде токсична. Таа може да предизвика изгореници и може да биде штетна или фатална ако се проголта. Веднаш исклучете, прекинете со употреба и контактирајте ја службата за потрошувачи за помош на nutribullet.com.
- Избегнувајте контакт со течноста од батериите. Ако батерија истекува:
- внимавајте истечената течност да не ја допре вашата кожа, очи, облека или други површини. Ако течноста
од батериите стапи во контакт со вашата кожа, очи или облека, веднаш исплакнете ја засегнатата област со вода и контакрајте со вашиот лекар или други медицински професионалци како што е соодветно.
- Не користете ја вашата единица во какво било подрачје со потенцијално експлозивна атмосфера како што е шкаф над вашата rerна или шпорет, во близина на радијатор или греалка или на кое било место изложено на директна сончева светлина.
- Не согорувајте ја основата на моторот. Батериите можат да експлодираат.
! Зачувајте ги • овие упатства!
За да ги видите овие упатства онлајн или на други јазици, посетете nutribullet.com.

736 Што е включено
737 Упатство за склопување
738 Статус на ЛЕД индикаторска
сијаличка
738 Полненье
739 Поставки
740 Грешки
742 Користење на nutribullet ® пренослив блендер
744 Грижа и одржување
744 Резервни делови
745 Рецепти
Што е включено

text_image
nutribulletоснова на мотор

text_image
6 400 12 MAX 300 8 200 4 -20 25чаша од 475ml USB-Сквабел за
за носење


полнење
Конфигурациите на производот може да се разликуваат. За да ја видите нашата целосна листа на nutribullet® додатоци посетете ja nutribullet.com.
Пред првото користење
Видете го делот Грижа и одржување на страница 744.
НАПОЛНЕТЕ ЈА ЕДИНИЦАТА:
Ставете го помалиот крај на включениот USB-C кабел во отворот веднаш под копчето Вклучување (на предниот дел на Основата на моторот) и поголемиот крај на кабелот во неговиот електричен приключок (адаптер за приключок, компјутер и сл.).
- Препорачуваме целосно полнење на единицата пред да ја користите за првпат. Потребни се 60-90 минути за целосно да се наполни.
Видете го делот Статус на ЛЕД индикаторска сијаличка на страниците 738-740.
! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не полнете ако вашата единица или USB-C портатат се влажни за да избегнете ризик од пожар или телесна повреда.
Упатство за склопување

брава за заклучување
копче за отворање
чаша од 475ml
ознаки за мерење
ознака за порамнување
склоп за сечила
основа на мотор
ЛЕД сијаличка за статус
копче за вклучување
Индикаторот на nutribullet® преносливиот блендер има шест ЛЕД осветлени линии кои светат црвено или сино во зависност од оперативниот статус на единицата. Видете подолу за детали.
Полненье

Нема напојување Сите ЛЕД сијалички се исклучени.

Слабо напојување ЛЕД сијаличката 1 светка црвено.

Полнење ЛЕД сијаличките трепкаат до постојано сино од лево кон десно

Целосно наполнет Сите ЛЕД сијалички светат постојано сино.
Поставки

Притиснете го копчето еднаш за да го разбудите вашиот блендер.
Кога прстенот е постојано син, можете да блендирате.

Сините ЛЕД сијалички циркулираат од лево кон десно.
Притиснете го копчето Вклучување за да започне циклус од 20 секунди.

По 2 минути неактивност, вашиот блендер автоматски ке оди во режим на спиење.
Кога прстенот е исключен, блендерот е ислучен.

Проверка на батерија
Притиснете го и задржете го копчето Вклучување 2 секунди да го проверите преостанатото ниво на батеријата.
Грешки

Светлосниот прстен ке свети црвено, префрлајки помеѓу горните и долните ЛЕД сијалички.
Решение: Паузирајте ја активноста и дозволете блендерот да се излади пред следното користење. Не надминувајте 9 циклуси на блендирање за 6 минути.

Светлосниот прстен ке стане црвен.
Решение: Паузирајте ја активности и дозволете блендерот да се излади пред следното користење.

Светлосниот прстен ке свети црвено.
Решавање проблеми:
Уверете се дека вашата чаша е соодветно прицврстена и порамнета. Ако сечилото е блокирано, обидете се со следново:
- Додадете повеće течност во чашата и обидете се повторно да блендирате.
- Протресете го блендерот и превртете го нагоре-надолу за да ја отстраните блокадата.
- Исклучете ја единицата и отстранете ја блокадата од сечилото со користење кујнски прибор.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Пред првото користење прегледајте ги сите предупредувања и изјави за претпазливост во делот со важни мерки за заштита (страници 722-733).
СЕКОГАШ увервајте се дека вашиот блендер е чист и наполнет пред користење. Целосно наполнете го блендерот пред првото користење. Портата за полнење се наога под сијаличката индикатор на Основата на моторот. (Видете го делот за склопување на страница 737 за информации).
НЕ работаете со вашиот nutribullet® пренослив блендер кога е празен.
НЕ ставајте во микробранова никакви додатоци за nutribullet®.
НЕ оставајте го вашиот nutribullet® пренослив блендер без надзор кога се користи.
НЕ полнете го вашиот nutribullet® пренослив блендер ако вашиот USB-C кабел е влажен.
НЕ користете топли или жешки состојки во вашата чаша за блендирање. Загреаните состојки може да предизвикаат да се насобере притисок во затворената чаша што може да ги истисне жешките состојки по отворањето, потенцијално предизвикувајки лична повреда или оштетување на имот.
НИКОГАШ не работете со nutribullet® пренослив блендер повеće од една минута истовремено бидејки тоа може да предизвика трајно оштетување на моторот. Ако моторот запре со работа, паузирајте ја активноста и дозволете блендерот да се излади. Вашиот nutribullet® пренослив блендер има внатрешен термален прекинувач кој ја исклучува единицата кога ље се прегрее. Дозволувањето термалниот прекинувач да се излади ље овозможи истиот да се ресетира.
СЕКОГАШ проверувајте го вашето сечило. Во текот на гарантниот период, контактирајте ја службата за потрошувачи пред да го отстраните сечилото за безбедносни упатства и замена.
1 Чистете ги чашите за
блендирање со жешка, сапунлива вода пред користење.
НАПОМЕНА: Исто така може да го исчистите вашиот блендер со додавање ладна вода и малку сапун во чашата и блендирање од еден циклус.

2 Одвртете го капакот и додадете ги вашите состојки.
! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За најдобри резултати, не надминувајте ја линијата МАКС, не преполнувајте и користете довольно течни сostoјки.

text_image
nutribullet 200 1000 m³3 Ставете го nutribullet® преносливиот блендер
на чиста, сува и рамна површина.
НАПОМЕНА: Уверете се дека чашата е поставена правилно со порамнување на двете точки кои се наогаат на чашата и на основата на моторот.

text_image
nutribullet X ✓4 Завртете го капакот на чашата.
НАПОМЕНА: Уверете се дека бравата на капакот е исправена во заклучена позиција.

5 Разбудете го блендерот со притискање на копчето Вклучување еднаш. Почекајте околу 1 секунда за светлосната анимација да заврши.
НАПОМЕНА: По 2 минути неактивност, вашиот блендер автоматски ће оди во режим на спиење. Ова спречува несакани блендирања и го штеди траењето на батеријата.

text_image
nutribullet7 Штом блендирањето їе заврши, повлечете ја бравата надолу да ја отключите бравата на капакот.

6 Штом блендерот е буден, повторно притиснете го копчето Вклучување за да го започнете циклусот на блендирање од 20 секунди.
Ако сакате да ги исечкате вашите состојки или порано да го запрете циклусот на блендирање, повторно притиснете го копчето Вклучување за да запре.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не блендирајте подолго од една минута за да избегнете прекумерно загревање и насобирање на притисок. За повторен циклус, внимателно отворете го садот да ослободите каков било насобран притисок пред повторно да блендирате.

text_image
nutribullet8 Притиснете го копчето на капакот да го отворите и ослободите испусниот отвор. Уживајте!
Грижа и одржување
ЧЕКОР 1:
Секогаш уверете се дека nutribullet® преносливиот блендер е ислучен по секоја употреба.
ЧЕКОР 2:
Рачно измијте ја чашата и капакот со топла, сапунлива вода и исплакнете:
НАПОМЕНА: Основата на моторот НЕ се мие во машина за садови. Сепак, чашата и капакот можат да се мијат на горната полица во машина за садови без циклус на загревање или дезинфекција.
ЧЕКОР 3:
Нежно исплакнете го склопот на сечилата и избришете со влажен сунгер или крпа.
НАПОМЕНА: Никогаш не потопувајте ја и не вклучувајте ја основата на моторот под вода.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не допирајте ги сечилата! Тие се многу остри.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не блендирајте топли или жешки течности во чашата од 475ml.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Никогаш не потопувајте ја основата на моторот во вода или каква било друга течност.
ЧЕКОР 4:
Секогаш складирајте го вашиот nutribullet® пренослив блендер на безбедно место, исправен, со прикачена чаша за сечилата да бидат покриени и да не се изложени. Не ставајте никакви предмети врз единицата додека е складирана.
Резервни делови
За да нарачате дополнителни делови и додатоци, посетете ја нашата веб-страница на nutribullet.com/shop/accessories.
Водич со рецепти за nutribullet® пренослив блендер
Животот е комплициран. Здравата исхрана не мора да биде.
Извонредни блендирања, секаде каде што ве води животот. Токму заради тоа е nutribullet® преносливиот блендер. Овој лесен апарат ви овозможува да ги мешате сите ваши омилени комбинации без користење на кабел или приклучок. Само наполнете го, земете го со вас и стартувајте го кога їе биде време да работи.
Без оглед дали имате потреба од протеински шејк по вежбање, здрава ужина по пат или забавен и празничен коктел покрај базен, овој блендер лесен за користење го прави сето тоа каде и да сте. Неговиот USB-C полнач го полни моторот за околу 15+ циклуси на блендирање и неговиот капак со рачка го прави лесен за носење на сите ваши авантури.
За да започнете, ние ја направивме оваа колекција од едноставни, лесни и вкусни рецепти од латеа до смудија и од сосови до преливи. Погледнете, блендирајте ги вашите омилени и продолжете по вашиот едноставен и вкусен начин.
Едвај чекаме да ве видиме таму.
Златно лате на мраз
ПРЕТСТАВУВА 1 ПОРЦИЈА
Бидете златни со ова ладно и кремасто лате, исполнето со топли и вкусни зачини познати по нивните антивоспалителни и антиоксидантски придобивки.
250ml НЕЗАБЛАЖЕНО ОВЕСНО МЛЕКО
25ml AΓΑΒΑ
2 КОРЕН ОД ЏИНЦЕР, ИЗЛУПЕН И ТЕНКО ИСЕЦКАН
7 g МЕЛЕНА КУРКУМА
1 Додадете ги сите состојки по редоследот кој е наведен во чашата.
2 Завртете го капакот и блендирајте цел циклус.
Лате од мака на мраз
ПРЕТСТАВУВА 1 ПОРЦИЈА
Премногу мача? Нема такво нешто. Никогаш не ни е довольно од нејзата потентна благодат на зелен чај, особено кога е блендирана до перфекција во кремасто замрзнато лате.
250ml НЕЗАБЛАЖЕНО ОВЕСНО МЛЕКО
25ml AΓΑΒΑ
5 g ПРАВ ОД МАЧА
100 g MPA3
1 Додадете ги сите состојки по редоследот кој е наведен во чашата.
2 Завртете го капакот и блендирајте цел циклус.
Смуди со путер од кикиритки и банана
ПРЕТСТАВУВА 1 ПОРЦИЈА
Ова богато и кремасто смуди е довольно вкусно за да уживате за десерт и довольно хранливо да пополни кој било период од денот.
250ml НЕЗАБЛАЖЕНО ВАНИЛА МЛЕКО ОД БАДЕМ
15ml ЈАВОРОВ СИРУП
12 БАНАНА
15 g ПУТЕР ОД КИКИРИТКИ
1 Додадете ги сите состојки по редоследот кој е наведен во чашата.
2 Завртете го капакот и блендирајте цел циклус.
260 калории, 13g масти, 33g јаглеродни хидрати, 5g влакна, 21g шекер, 6g протеини.
Кремасто смуди со портокал
ПРЕТСТАВУВА 1 ПОРЦИЈА
Кремасто кокосово млеко, сладок и вкусен портокал, зрела банана... нема нешто што не би сакале во ова вкусно смуди од соништата.
1 Додадете ги сите состојки освен мразот во чашата по наведениот редослед.
2 Завртете го капакот и блендирајте еден циклус.
3 Одвртете го капакот и додадете го мразот во чашата. Повторно завртете го капакот и блендирајте втор циклус.
Кога ви е потребно нешто класично, ова смуди освојува. Додадете лажичка чиа семиња за дополнителна засиленост со влакна и Омега 3 и капка екстрат од ванила за да направите да пропее. На здравје!
250ml НЕЗАБЛАЖЕНО ВАНИЛА МЛЕКО ОД БАДЕМ
2,5ml ЕКСТРАТ ОД ВАНИЛА
100 g ЈАГОДИ, СВЕЖИ
12 БАНАНА
15 g ЧИА СЕМИЊА
100 g MPA3
1 Додадете ги сите состојки по редоследот кој е наведен во чашата.
2 Завртете го капакот и блендирајте цел циклус.
Замрзнато манго и дава на класичната маргарита сладок и замрзнат твист. Украсете ја вашата чаша со малку чили сол да внесете целосен спектар на празнични вкусови.
30ml СОК ОД ЛИМЕТА
75ml ТЕКИЛА
1 РЕЗАНЧЕ ЛИМЕТА, ЗА УКРАСУВАЊЕ
ТАЦИН, ЗА УКРАСУВАЊЕ
1 Додадете ги сите состојки по редоследот кој е наведен во чашата.
2 Завртете го капакот и блендирајте цел циклус.
3 Ако сакате, намачкајте ја чашата за пиење со таџин:
поминете со резанчето лимета околу оквирот на чашата, па потопете ја во таçин да ја обложите. Пренесете го смудито во чашата.
Овие воздушести палачинки од овесно брашно чинат вкусно целосно дополнение на секаков намаз за појадок.
120ml НЕЗАБЛАЖЕНО МЛЕКО ОД БАДЕМ
2,5ml ЕКСТРАТ ОД ВАНИЛА
45 g ПРЕСУВАН ОВЕС
^1/2 БАНАНА
10 g ЛЕНЕНО СЕМЕ
1,5 g ЦИМЕТ
прстофат СОЛ
220 калории, 6g масти, 35g јаглеродни хидрати, 7g влакна, 5g шекер, 8g протеини.
1 Додадете овес во чашата.
2 Завртете го капакот и блендирајте еден циклус за да сомелете брашно.
3 Откако овесот е сомелен, одвртете го капакот и додадете ги преостанатите состојки во чашата по наведениот редослед.
4 Повторно завртете го капакот и блендирајте. Протресете ако е потребно да се измешаат состојките и повторно блендирајте.
Салца
ПРЕТСТАВУВА 8 ПОРЦИИ
Свежа салца лесно се прави со овој супер едноставен и вкусен микс на домати, пипер, кромид и лук.
1 Додадете ги сите состојки по редоследот кој е наведен во чашата.
2 Завртете го капакот и ДРОБЕТЕ до саканата густина.
Прелив од краставици и миродија
ПРЕТСТАВУВА 8 ПОРЦИИ
Овој кремаст прелив додава свеж, зачинет вкус на речиси се, од салати до порции со житарки, до фалафел.
1 Додадете ги сите состојки во чашата по наведениот редослед.
2 Завртете го капакот и
блендирајте цел циклус.
Блендирајте по втор пат,
ако е потребно.
Прелив од оцет, зејтин и малини
ПРЕТСТАВУВА 8 ПОРЦИИ
Овој извонредно остар прелив е свршен за зачинување на секаква мешавина на свежи салати.
120ml ЕКСТРА ЛАДНО ЦЕДЕНО МАСЛИНОВО МАСЛО
15ml ЈАБОЛКОВ ОЦЕТ
30ml ВИНСКИ ОЦЕТ
60 g МАЛИНИ, СВЕЖИ
1 ЧЕШНЕ ЛУК, ПРЕПОЛОВЕНО
3 g МЕЛЕН СИНАП
1 g СОЛ
1 Додадете ги сите состојки по редоследот кој е наведен во чашата.
2 Завртете го капакот и блендирајте цел циклус.
Nutribullet® преносливиот блендер е заштитен знак на CapBran Holdings, LLC регистриран во САД и ширум светот.
Илустрациите може да се разликуваат од конкретниот производ. Ние постојано настојуваме да ги подобриме нашите производи, затоа спецификациите кои се содржани тука се предмет на промена без известување.
nutribullet®
PORTABLE BLENDER
