КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GEHM19310BP GRUNDIG
МК - Упатства за безбедно користење
- Производот мора да го инсталира квалификувано лице во склад со важечките прописи. Производителот нема да биде одговорен за штетите кои ќе настанат од работите што ќе ги изведат неовластени лица, и во тој случај гаранцијата може да изгуби важност.
- Подготовката на локацијата и на електричната инсталација за производот е одговорност на купувачот.
- Производот мора да се инсталира во склад со сите важечки прописи за електрика.
- Пред да се инсталира производот, извадете ги од него сите материјали и документи и со поглед проверете дали има некакви оштетувања. Ако е така, не го инсталирајте.
- Проверете дали корисникот не може да ги допре електричните врски по инсталацијата.
- Производот е тежок и затоа треба да го носат најмалку двајца луѓе.
- Вратата и/или рачката не смеат да се користат за кревање или преместување на уредот. За таа цел користете ги местата за кревање што се наоѓаат на двете страни на производот (слика 1). Секогаш носете заштитни ракавици при транспортирањето и инсталирањето.
- Пред инсталирањето, исклучете ги електричните конекции во просторијата во која треба да се инсталира производот.
- Површините на елементот од мебелот во кој треба да се инсталира производот мора да бидат отпорни на топлина (најмалку 100 °C).
- Проверете дали мебелот е во права, хоризонтална позиција и дека е фиксиран пред да почне инсталацијата на уредот.
- Не ставајте изолирбан во внатрешноста на елементот на мебелот во кој треба да се инсталира рерната.
- Уредот не смее да се инсталира зад декоративна врата за да не дојде до прегревање.
- Димензиите дадени во дијаграмот за инсталирање се во милиметри.
Подготовка на мебелот на кој ќе се инсталира уредот (Слики 2-3-4)
- Апаратот е наменет за инсталација на комерцијално достапни работни површини. Треба да се остави безбедно растојание помеѓу производот, кујнските ѕидови или мебелот. (Слика 2-3) • Чистата површина на која ќе биде ставен апаратот на работната површина треба да е според димензиите наведени во слика 2-3.
- * Ако нема аспиратор на апаратот, оставете растојание од 750 mm од површината на плотната до мебелот.
- Ако се инсталира над апаратот, оставете растојание за висината на инсталацијата како што е опишано во прирачникот за работа на аспираторот. -** Минималното растојание помеѓу плакарите треба да биде еднакво на ширината на плотната.
- За да ја има потребната вентилација зад кујнскиот мебел, треба да се направат отвори со димензиите што се прикажани на слика 2. - Електричното поврзување мора да биде во просторот А на слика 2 или надвор од местото на инсталирање. • Дебелината на работната површина треба да биде најмалку 28 mm. (Слика 4a)
Вентилирање
- Вентилирањето директно влијае врз загревањето на апаратот. Дури и да не се забележи проблем во првите инспекции, клиентите може да имаат проблеми поради нецелосното работење при готвење подолги периоди, кога нема правилни одводи за вентилација.
- Минимално растојание од 15 mm треба да се остави помеѓу долната површина на шпоретот и горниот ѕид на перната (Слика 4b) за да добиете соодветна вентилација. Дополнително, треба да се остави пресек со димензии од 35 x 500 mm на дното на мебелот во кој ќе се стави перната. (Слика 2)
Инсталирање на апаратот Поврзување на уредот во електричната мрежа
- Поврзете го производот само на штекер/линија со заземјување со волтажа и заштита како што е наведено во "Технички спецификации". Заземјувањето нека го направи квалификуван електричар додека го користите производот со или без трансформатор. Нашата фирма нема да одговара за никакви оштетувања што ќе настанат ако производот се користи без заземјување во согласност со локалните прописи.
- Пред да се започне со работа на електричната инсталација, исклучете го производот од електричната мрежа. Може да настане струен удар!
- Производот мора да го поврзе на електричната мрежа само овластено и квалификувано лице. Гаранцијата на производот почнува да тече дури откако ќе биде исправно инсталиран. Производителот нема да биде одговорен за штетите кои ќе настанат од работите што ќе ги изведат неовластени лица.
- Производот мора да се инсталира така што ќе може потполно да се исклучи од електричната мрежа. Сепарирањето мора да се направи со специјален прекинувач вграден во фиксната електрична инсталација, во согласност со градежните прописи.
- Задната површина на перната и долната површина на шпоретот се загреваат додека работи перната. Внимавајте електричните врски да не дојдат во допир со задната површина, инаку конекциите може да се оштетат.
- Кабелот за поврзување не смее да биде притиснат, извиткан, потфатен или да доаѓа во допир со жешките делови на шпоретот. Инаку може да дојде до краток спој и шпоретот да се запали поради топењето на кабелот. Ако електричниот кабел се оштети, мора да го замени квалификуван електричар. Инаку може да настане струен удар, краток спој или пожар!
- Приклучокот на електричниот кабел треба да биде лесно достапен по инсталирањето (но не смее да биде над плотните).
- При поврзувањето на жиците, мора да ги задоволите националните/локалните прописи за електрика и да користите штекер/линија и приклучок погодни за вашиот апарат. Ако вредностите на моќноста на струјата на која работи производот го надминуваат капацитетот на приклучокот и на штекерот/линијата, мора да го поврзете производот директно за фиксната електрична инсталација без да ги користите приклучокот и штекерот/линијата.
- Внимавајте осигурувачот да одговара на производот.
- Поврзувањето мора да биде во склад со националните прописи.
- Податоците за електричната мрежа мора да бидат во склад со податоците што се наведени на етикетата за типот на производот. Можете да ја видите етикетата за типот на шпоретот на дното на шпоретот, а за да ја видите етикетата со типот на перната отворете ја вратата на перната.
- Електричниот кабел на производот мора да одговара на вредностите наведени во табелата во делот "Технички спецификации".
- Ако производот биде поврзан директно за доводот на струја:
Ако не е можно да се прекинат сите полови на доводот на струја, мора да се поврзе и единица за прекинување со најмалку 3 mm слободен простор за контакт (осигурувачи, сигурносни прекинувачи, контактори) и сите полови на оваа единица мора да бидат во близина на производот (не над него) во согласност со IEE директивите. Пропустот да се следи ова упатство може да води до проблеми во работењето на производот и гаранцијата може да изгуби важност.
- Се препорачува дополнителна заштита со дополнителен прекинувач на струја.
Ако апаратот е произведен со кабел:
- Поврзете го кабелот на производот со доводот на струја како што е наведено подолу:
Ако електричниот кабел е со 3 спроводници, за еднофазно поврзување:
- (BRW/BLA) Кафеав/црн = L (фаза)
- (BLU) Син = N (нулти)
- (GR/YE) Зелена/жолта жица = (E) ⏻
(заземјување)
Ако електричниот кабел е со 5
спроводници, за трофазно поврзување:
- (BRW) Кафеав = L1 (фаза)
- (BLA) Црн = L2 (фаза)
- (GRE) Сив = L3 (фаза)
- (BLU) Син = N (нулти)
- (GR/YE) Зелена/жолта жица = (E) ⏻
(заземјување)

Ако апаратот е произведен без кабел:
Електричен кабел со карактеристики наведени во табелата со технички спецификации мора да биде поврзан со производот во склад со дадените упатства. Електричниот кабел не смее да биде подолг од 2 m поради безбедносни причини.
- Отворете го со шрафцигер заштитниот капак на терминалот.
- Вметнете го електричниот кабел во држачот за кабел под терминалот и прицврстете го за куќиштето со интегрираниот шраф на елементот за придржување на кабелот.
- Поврзете ги каблите според дадениот дијаграм.


Ако електричниот кабел е со 3
спроводници, за еднофазно поврзување:
Ако електричниот кабел е со 5 спроводници, за трофазно поврзување:
- Кафеав/црн = L (фаза)
- Син = N (нулти)
- Зелена/жолта жица = (E) ⏻ (заземјување)
- Кафеав = L1 (фаза)
- Црн = L2 (фаза)
- Сив = L3 (фаза)
- Син = N (нулти)
- Зелена/жолта жица = (E) ⏻ (заземјување)
- Откако ќе го завршите поврзувањето на жиците, затворете го заштитниот капак на терминалот.
- Поврзете го електричниот кабел за доводот на струја така што ќе му направите патека да не го допира производот и да не се гмечи помеѓу производот и ѕидот.
Заштита од евентуален пожар!
- Погрижете се сите електрични поврзувања да бидат безбедни и цврсти за да не се појави опасност од искри.
- Не користете оштетени електрични или продолжни кабли.
- Погрижете се местото на електрично поврзување да нема никаков допир со течност или влага.
Местење и фиксирање на шпоретот (Слики 5-6-7-8)
- Откако ќе го подготвите местото за инсталирање на производот, превртете го шпоретот наопаку и ставете го на рамна површина.
- Добро наместете ја заптивката што е испорачана заедно со апаратот околу плочата за готвење, така што ќе биде вовлечена 1-2 мм во надворешниот раб на стаклото, како што е прикажано на слика 5. Проверете да нема празен простор меѓу двата краја и меѓу стаклото и заптивката.
- Зашрафете ги и прицврстете ги пружините за прицврстување испорачани со апаратот, така што ќе ги прикачите за нивното лежиште на долното куќиште на плочата за готвење, како што е прикажано на слика 6. (Кај некои модели, овие пружини може да бидат прицврстени за апаратот уште во фабриката.)
- Вратете го шпоретот во нормална положба и порамнете го со работната површина, а потоа ставете го врз работната површина. Шпоретот ќе се постави на работната површина благодарение на пружините и ќе биде цврсто прицврстен.
- Внимавајте плочата за готвење и работната површина да бидат паралелни кога ќе го поставувате шпоретот на работната површина. Ако не се паралелни, поврзете ги дополнителните стегачи за инсталирање доставени со апаратот, како што е прикажано на слика 8. На слика 8 се прикажани можните местоположби на стегачите при инсталирањето. (Местата на кои можат да се прикачат стегачите се разликуваат во зависност од моделот на производот. Може да ги поврзете според отворите за монтирање на вашиот шпорет.) Обрнете внимание на паралелната поставеност со тоа што ќе ги прикачите стегачите на соодветните места. Типот и квалитетот на стегачите што се доставени заедно со производот може да се разликуваат во зависност од моделот на производот.
Поврзување на плочата и рерната и поставување и фиксирање на рерната (Слика 9a-9b-10)
- Поврзете ја рерната со електричната мрежа.
- Најмалку две лица треба со лизгање да ја внесат рерната до половина во плакарот.
- Ако видот за готвење е витроцерамичен: Шпоретот има штекер и кабел за заземјување кои треба да се поврзат со рерната. Како што е прикажано на слика 9а, поврзете го штекерот со неговиот отвор на рерната, така што боите ќе се совпаѓаат. Прицврстете го кабелот за заземјување со шрафот, како што е прикажано на слика 9а.
- Ако типот на рингла е индукција:
Плочата има два приклучока и кабел за заземјување што треба да се поврзе со рерната. Како што е прикажано на слика 9b, поврзете ги приклучоците со нивните отвори на рерната. Поправете го кабелот за заземјување со завртката 65 прикажана на слика 9b.
• Внесете ја перната целосно во плакарот.
- Фиксирајте ја перната за елементот на мебелот со помош на приложените шрафови. (Слика 10)
- Откако ќе завршите со инсталирањето, проверете дали шрафовите се добро затегнати и дали производот е добро фиксиран. Ако перната не е инсталирана во склад со упатствата и шрафовите не се добро затегнати, постои опасност апаратот да се преврти додека се користи.
Завршна проверка
- По инсталирањето, поврзете го апаратот со електричната мрежа.
- Прочитајте го упатството за употреба во врска со првата употреба на производот.
- Проверете ги функциите на апаратот.
Вадење на апаратот
- Исклучете го апаратот од електричната мрежа.
- Одвртете ги шрафовите со кои е прицврстена перната.
- До половина извадете ја перната од плакарот со уште најмалку две лица.
- Исклучете ги перната и плотната од електричната мрежа.
- Целосно извадете го шпоретот.
- Ако шпоретот е прицврстен со дополнителни стегачи, најнапред одвртете ги стегачите.
- Извадете ја плочата за готвење туркајќи ја нагоре од долниот дел на плочата.