HBA 81762 BX - Миксер GRUNDIG - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот HBA 81762 BX GRUNDIG во PDF формат.
| Бренд | Grundig |
| Модел | HBA 81762 BX |
| Тип на производ | Потопен блендер |
| Моќност | 750 W |
| Напон на напојување | 220-240 V ~, 50-60 Hz |
| Вклучени додатоци | Сечкало, мини-секач (сад + капак), мателка, држач за мателка, мерна чаша, лизгава основа |
| Материјал на садот | Мерна чаша стакло, пластика за садот за сечкање |
| Брзини | Прогресивно подесување на брзина + Turbo функција |
| Тежина | Околу 1,2 kg (со додатоци) |
| Димензии (Д x Ш x В) | Околу 7 x 7 x 40 cm (моторен блок + нога) |
| Должина на кабел | Околу 1,2 m |
| Предвидена употреба | Само за домашна употреба |
| Основни функции | Мешање, сечкање, матење |
| Чистење | Моторен блок избришете со влажна крпа; додатоци измијте со топла вода и сапун; не потопувајте го моторниот блок |
| Безбедност | Автоматско запирање кога ќе го пуштите копчето; сечилата се многу остри – ракувајте со внимание |
| Максимално време на континуирано работење | 10 секунди (се препорачува интермитентна употреба) |
| Гаранција | Стандардна гаранција на производителот (референца на приложениот документ) |
| Степен на заштита | Не потопувајте |
| Поправливост | Резервни делови достапни преку овластен сервис; користете само оригинални делови |
| Еколошки информации | Во согласност со WEEE; пакувањето се рециклира |
Често поставувани прашања - HBA 81762 BX GRUNDIG
Прашања на корисниците за HBA 81762 BX GRUNDIG
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Миксер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник HBA 81762 BX - GRUNDIG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. HBA 81762 BX на марката GRUNDIG.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК HBA 81762 BX GRUNDIG
Ве молиме најнапред прочитајте го ова упатство!
Ви благодариме што избравте производ на ВЕКО. Би сакале добро да Ви користи овој квалитетен апарат, кој е произведен според најнова технологија. Ве молиме добро прочитајте го ова упатство и другите приложени документи пред да го користите апаратот и чувајте ги во случај да Ви затребаат. Ако му го дадете апаратот на некој друг, дајте му го и ова упатство. Применете ги сите предупредувања и информации дадени во упатството и следете ги упатствата.
Символи и нивното значење
Во ова упатство се користат следниве символи:

Важни информации и препораки во врска со користењето на апаратот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Предупредувања за физички повреди или материјални штети.

Не го потопувајте во вода.

Има заштита од електричен удар

Овој апарат е произведен во современи фабрики кои не й наштетуваат на животната средина ниту на природата.
1 Важни упатства за безбедноста и животната средина
Овој дел содржи упатства за безбедноста за да се спречат опасности што можат да водат до физички повреди или до оштетување на материјалниот имот.
Ако не ги следите овие упатства, гаранцијата ќе изгуби важност.
1.1 Општа безбедност
• Овој апарат е во согласност со меѓународните стандарди за безбедност.
Овој апарат може да го користат лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или лица без доволно искуство и знаење, но само под надзор или ако се запознаени со упатствата за безбедно користење на апаратот и со опасностите што произлегуваат од тоа. Децата не смеат да си играат со апаратот.
Овој апарат не смеат да го користат
1 Важни упатства за безбедност и животна средина
деца.
Апаратот и неговиот електричен кабел чувајте ги подалеку од дофат на деца. Не го користете апаратот ако електричниот кабел, самиот апарат или неговото сечило се оштетени. Јавете се во овластениот сервис. Користете ги само оригиналните делови или деловите што ги препорачува производителот. Не го расклопувајте апаратот. Електричната мрежа треба да биде во согласност со информациите наведени на ознаката со типот на апаратот. Апаратот не смее да се користи со продолжен кабел. Не го вадете приклучокот од штекер влечејќи го кабелот. Кога апаратот не е под надзор, пред да ги ставате или вадите додатоците или пред да го чистите, почекајте
1 Важни упатства за безбедност и животна средина
подвижните делови да престанат да се движат и извадете го електричниот кабел од штекер.
- Не го допирајте приклучокот на апаратот со влажни или мокри раце.
- Не го користете апаратот за топли јадења. Користете го апаратот само со гумената подлога и стаклениот сад што се приложени со него.
- Не ракувајте со апаратот додека садот е празен. За да не се оштетат сечилата и апаратот, отстранете ги коските и семките од храната. Апаратот не е погоден за суви или тврди прехранбени производи кои може за кратко време да ги отапат сечилата. Следете ги сите предупредувања за да не се повредите поради погрешна
1 Важни упатства за безбедност и животна средина
употреба на апаратот.
Може да дојде до сериозни повреди поради погрешна употреба кога се празни садот, кога се чисти и кога се допира сечилото за дробење со голи раце. Внимателно ракувајте со сечилото и трудете се да го држите само за пластичниот дел.
По чистењето, исушете го апаратот и сите негови делови пред да го поврзете со струја и пред да ги ставите неговите компоненти.
Не го потопувајте апаратот, електричниот кабел или приклучокот во вода или во некоја друга течност.
- Не ракувајте со апаратот или со неговите компоненти над или во близина на жешки површини и не го ставајте врз такви површини.
- Ако ги чувате оригиналните материјали од амбалажата, нека бидат вон дофат на деца.
1 Важни упатства за безбедноста и животната средина
1.2 Усогласеност со директивата за WEEE за фрлање на производот:
Овој производ е усогласен со директивата на ЕУ за WEEE (2012/19/EU). Овој производ го носи символот за класификација за начинот на фрлање на електрична и електронска опрема (WEEE).

Овој симбол покажува дека овој производ не треба да се фрла со другиот отпад од домаќинството откако ќе престане да се користи. Искористениот уред треба да се врати во официјален пункт за собирање на електрични и електронски уреди за рециклирање. За да ги најдете овие системи за собирање отпад, контактирајте ги Вашите локални власти или малопродажното место од каде е купен производот. Секое домаќинство има важна улога во враќањето и рециклирањето на стари уреди. Правилното отстранување на искористените уреди помага во заштитата од можни негативни последици за животната средина и здравјето на луѓето.
1.3 Информации за амбалажата

Амбалажата на овој производ е направена од рециклирачки материјали и во склад со државните закони. Не го фрлајте отпадот од амбалажата заедно со домашниот отпад или отпадоци, туку на собирни места за амбалажа од локалните власти.
1 Важни упатства за безбедноста и животната средина
1.4 Како да заштедите енергија
При употребата придржувајте се за временските периоди што се препорачани во упатството. По употребата извадете го приклучокот од штекерот.

2 Вашиот рачен блендер
2.1 Општ преглед
- Копче за приспособување на брзината
- Копче ВКЛУЧИ/ИСКЛУЧИ
- Турбо копче
- Куќиште со мотор
- Маталка
- Поклопец за дробење
- Држач на маталката
- Сад за дробење
- Сечило за дробење
- Мерилка
- Нелизгава подлога на мерилката
- Сечило за дробење
- Нелизгава подлога на садот
Технички податоци
Напон: 220-240 V~, 50-60 Hz
Моќност: 750 W
Го задржуваме правото да вршиме промени во техничките карактеристики и во дизајнот.
3 Работење со апаратот
3.1 Намена
Овој апарат е наменет само за домашна употреба и не е погоден за професионална употреба.
Овој апарат е наменет за дробење и матење само на мали количества цврста храна.
3.2 Максимални количества и време на блендирање
- Видете ја табелата за времето на блендирање и максималните количества
| Додатоци Состојки Време на | работа |
| Додаток на блендерот | 150 г. моркови (исечкани на коцки од 1,5 см.) и 300 мл. вода |
| М и н и дробилка | 200 г. месо 20 секунди |
| Додаток за матење | 4 белки од јајца |
3.3 Прва употреба
- Исчистете ги деловите на апаратот пред да го користите прв пат (видете 3.1).
- Користете го апаратот во исправена положба на цврста, рамна, чиста, сува површина што не се лизга.
3 Работење со апаратот

- Може да го користите се додека не заврши целиот процес со тоа што ќе почекате неколку секунди пред секое блендирање пократко од 10 секунди.
3.3 Мешање и дробење со сечило за дробење

Прикачете го сечилото за дробење (12) на куќиштето со моторот (4) на тој начин што ќе го свртите крајот на куќиштето (4) „♡“ спротивно на стрелките на часовникот.
Ставете ги состојките (мали парчиња) што треба да се блендираат во мерилката (10) или во садот што ќе го користите и ставете го сечилото (12) во садот.
Приклучете го апаратот во штекер. Притиснете го копчето за вклучување (2) и работете со блендерот. Потоа приспособете ја брзината на тој начин што ќе го вклучите копчето за брзина (1).
3 Работење со апаратот

Кога ќе завршите со блендирање, ослободете го копчето за вклучување (2). Извадете го приклучокот од штекер.
Почекајте блендерот целосно да престане со работа.
Свртете го сечилото за дробење (12) во правец на стрелките на часовникот „“ за да го откачите од куќиштето (4).

- Може да ја зголемите брзината со вртење на копчето (1) чекор по чекор.
- Почнете да ги мешате состојките со пониска брзина. Ако почнете со повисока брзина, храната може да се распрска.
- Храната подобро ќе се изблендира ако правите лесни кружни движења со апаратот додека работите со него.

Не ги допирајте сечилата со голи раце.
3 Работење со апаратот
3.4 Дробење

Садот за дробење (8) и нелизгавата основа (11) ставете ги на рамна површина.

Сечилото за дробење (9) наместете го на фиксната оска во садот за дробење.

Ставете ги состојките во садот за дробење (8).

Не работете со апаратот ако капакот за дробење (6) не е добро наместен.
3 Работење со апаратот

- Немојте да дробите многу тврди состојки како што се зрна кафе, мраз, кокосов орев, житарки или коски. Отстранете ги дршките од растенијата, лупушките од оревите, како и коските, жилите и 'рскавицата од месото.
- Исечете ја храната на мали парчиња.
- Секогаш држете го садот за дробење со едната рака за да не се преврти при блендирањето.
- Не го користете апаратот подолго од 10 секунди нон-стоп.
- Притискајте го копчето за вклучување (2) на интервали од 10 секунди за да постигнете најдобри резултати.
3 Работење со апаратот

Ставете го капакот за дробење (6) врз садот за дробење (8).
– Проверете дали јазичињата на капакот (6) се добро прилегнати на садот.


Ставете го куќиштето (4) на капакот за дробење (6).
– Проверете дали куќиштето (4) е добро прицврстено на капакот за дробење.


Приклучете го апаратот во штекер. Притиснете го копчето за вклучување (2) и работете со блендерот. Потоа приспособете ја брзината вртејќи ги копчињата за брзина (1).

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
- Бидете внимателни кога го ставате сечилото за дробење (9) бидејќи е многу остро.
- Не го допирајте сечилото за дробење (9) со голи раце.
3 Работење со апаратот
3.5 Маталка

Додатокот за матење (5) може да го користите за матење кремови и јајца.

Нежно ставете ги врвовите на додатокот за матење (5) во садот за матење (7).
Прицврстете го држачот на маталката (7) за куќиштето (4) вртејќи го спротивно на стрелките на часовникот.
Ставете ги состојките што сакате да ги изматите во мерилката (10) или во сличен сад и приклучете во штекер.
3 Работење со апаратот

Притиснете го копчето за вклучување (2) и работете со блендерот. Потоа приспособете ја брзината на тој начин што ќе го вклучите копчето за брзина (1). Почнете со матење.
Кога ќе завршите, исклучете од штекер. Извадете го куќиштето од садот за матење (7) вртејќи го во правец на стрелките на часовникот.
Нежно извадете ги врвовите на додатокот за матење (5) од држачот за матење (7).
4 Чистење и одржување
4.1 Чистење

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
- Не користете бензин, растворувачи, абразивни средства за чистење, метални предмети или тврди четки кога го чистите апаратот.
- Не ги допирајте сечилата за дробење (9) со голи раце. Сечилата се многу остри. Употребете четка!
- Не го потопувајте куќиштето (4) или електричниот кабел во вода или во други течности и никогаш не ги ставајте под млаз вода.
- Не ги мијте сечилото за дробење и држачот за матење во машина за миење садови.
- Не го потопувајте внатрешниот дел на сечилото за дробење, куќиштето (4) или електричниот кабел во вода или во други течности.
4 Чистење и одржување

Пред да го чистите апаратот, исклучете го од штекер.
Проверете дали сите компоненти на апаратот сосема престанале да работат. Избришете го куќиштето (4) на апаратот со влажна крпа.
Веднаш по употребата на апаратот, измијте ги мерилката (10), капакот за дробење (6), садот за дробење (8), маталката (5) и држачот на маталката (7) со топла, насапунета вода.
Целосно исушете ги додатоците.
4.2 Складирање
- Ако немате намера да го користите апаратот подолго време, внимателно складирајте го.
- Пред да го складирате апаратот, исклучете го од штекер.
- Чувајте го апаратот на ладно и суво место.
- Апаратот и неговиот кабел чувајте ги вон дофат на деца.
4 Чистење и одржување
- За време на транспортот и испораката, носете го апаратот во неговата оригинална амбалажа. Амбалажата го штити апаратот од физички оштетувања.
- Не ставајте тешки работи врз апаратот или врз амбалажата во која е спакуван. Така апаратот може да се оштети.
- Ако апаратот падне, можеби нема да работи или ќе има трајни оштетувања.


