MS 8330 - брич GRUNDIG - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот MS 8330 GRUNDIG во PDF формат.
Прашања на корисниците за MS 8330 GRUNDIG
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот брич во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник MS 8330 - GRUNDIG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. MS 8330 на марката GRUNDIG.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК MS 8330 GRUNDIG
Ве молиме најнапред прочитајте го ова упатство!
Ви благодариме што купивте производ од марката Grundig. Се надеваме дека добро ће Ви користи овој апарат, кој е произведен со висок квалитет и според најнова технологија. Затоа Ве молиме внимателно прочитајте го целото упатство за употреба и другата приложена документација пред да го користите апаратот и чувајте ги во случај да Ви затребаат. Ако му го дадете апаратот на некој друг, дајте му го и упатството за употреба. Следете ги сите предупредувања и информации што се дадени во упатството за употреба.
Во различни делови од ова упатство се употребени следниве символи:

Важни информации и корисни совети во врска со користењето на апаратот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Предупредувања во врска со опасни ситуации поврзани со безбедноста на човечкиот живот и на материјалниот имот.

Класа за електрична изолација.
1 Важни упатства за безбедноста и животната средина
Ве молиме внимателно прочитајте го ова упатство за употреба пред да го користите уредот! Следете ги сите безбедносни упатства за да избегнете оштетување поради неправилна употреба!
Доколку не го следите упатството, гаранцијата се поништува.
1.1 Предупредувања за безбедно користење
•Апаратот е дизајниран само за домашна употреба.
•Уредот е наменет само за сечење влакна на човечкото лице. Секоја инаква употреба е јасно забранета.
• Погоден за чистење под отворена чешма совода.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не користете го овој апарат во близина на кади, тушеви, базени или други садови што содржат вода.

- Не користете го уредот ако главата или адаптерот за напојување покажуваат знаци на оштетување. Во таков случај, контактирајте ја надлежната служба за корисници.
- Користете го апаратот само со испорачаните делови и адаптерот за напојување.
1 Важни упатства за безбедноста и животната средина
•Внимание! Секогаш чувајте ги уредот и главниот адаптер суви.
•Кога апаратот се полни, не смее да дојде во контакт со вода или било која друга течност.
- По полнењето, секогаш исклучувајте го кабелот од штекерот и исключете го адаптерот за напојување од сидниот штекер.
•Апаратот нека не Ви пага.
- Адаптерот за полнење и кабелот за напојување не можат да се поправат откако ње се оштетат. Ве молиме осигурете се да го фрлите адаптерот за полнење во согласност со упатствата за животната средина. Можете да добиете нов полнач од производителот или овластениот давател на услуги.
- Не ставајте го апаратот, додатоците или адаптерот за напојување на или во близина на жешки површини.
- Проверете дали напонот на електричната мрежа на ознаката за рејтинг одговара на Вашето локално напојување.
•Апаратоот нека биде вон дофат на деца.
- Пред чистење или корисничко одржување, прво исклучете го од струја.
•Овој уред може да го користат деца над 8 години, како и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или не се довольно искусни и упатени, но само ако се под нечиј надзор или ако се запознаени со упатствата во врска со безбедното користење на уредот и со опасностите што се включени притоа.
1 Важни упатства за безбедноста и животната средина
Децата не смеат да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето не треба да го извршуваат деца без нечиј надзор.
- Не отворајте го апаратот под никакви околности.
Гаранцијата нема да важи ако апаратот се оштети поради неисправно ракување.
- Овој апарат содржи батерии што може да се заменуваат само од квалификувани лица.
•ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За полнење на батеријата користете ја само единицата за напојување што е приложена со овој апарат.
-ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Отстранете го рачниот дел од кабелот за напојување пред да го чистите во вода.
•ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Адаптерот не смее да падне во вода.
- Не притискајте или виткајте го кабелот за струја и не тријте го од остри рабови за да спречите каква било штета. Држете го кабелот подалеку од жешки површини и од отворен пламен.
- Ако ги чувате оригиналните материјали од амбалажата, нека бидат вон дофат на деца.
- Овој апарат е дизајниран исклучиво за бричење човечка брада. Секоја друга употреба е јасно забранета.
• Пред да ја отстраните батеријата, производот треба да се исклучи од напојувањето со струја. Внимавајте на локалното законодавство и прописите при отстранувањето на батеријата.
1 Важни упатства за безбедноста и животната средина
- По првите употреби може да забележите привремено црвенило или иритација на кожата, бидејки кожата прво треба да се навикне на бричење. Ова е нормално и обично трае помеѓу 2 и 4 седмици.
•За да се обезбеди ефикасност на стрижењето, не се препорачува да го користите уредот повеće од 10 минути одеднаш. - Ако имате тешка алергија на никел, прашајте го Вашиот лекар пред да го користите овој производ.
1.2 Согласност со Директивата за отпадна електрична и електронска опрема (WEEE) и фрлање на отпадниот производ:
Овој производ е во согласност со Директивата на ЕУ за отпадна електрична и електронска опрема (2012/19/EU). Овој производ има символ што означува дека спаға во категоријата на отпадна електрична и електронска опрема (WEEE).

Овој символ покажува дека производот не смее да се фрла заедно со друг отпад од дома Kinството на крајот од неговиот век на траење. Користениот уред мора да се врати во одреден собирен пункт за рециклирање на електрични и електронски уреди. За да ги најдете овие системи за собирање, контакрајте со локалната власт или продавачот каде што е купен производот. Секое домакинство игра важна улога во
1 Важни упатства за безбедноста и животната средина
рециклирањето на стариот апарат. Соодветното фрлање на користениот апарат помага да се спречат потенцијалните негативни последици по околината и по човечкото здравје.
1.3 Усогласеност со Директивата за рестрикција на опасни супстанци (RoHS)
Производот што го купивте е во согласност со Директивата RoHS на EY (2011/65/EU). Не ги содржи штетните или забранети материјали наведени во Директивата.
1.4 Информации за пакувањето

Материјалите од амбалажата на овој производ се произведени од материјали што може да се рециклираат во склад со државните прописи за заштита на околината. Не ги фрлајте материјалите од амбалажата заедно со отпадот од домаćинството или со друг отпад. Однесете ги во пунктот за собирање материјали од амбалажа одреден од локалните надлежни органи.
1 Важни упатства за безбедноста и животната средина
1.5 Информации за отпадните батерии

Овој символ на батериите/батериите што се полнат или на пакувањето покажува дека батеријата/батеријата што се полни не смее да се фрла со обично домашно губре. Кај одредени батерии/батерии на полнење, овој символ може да се дополни со хемиски символ. Символите за жива (Hg) или олово (Pb) се дадени доколку батериите/батериите на полнење содржат повеće од 0,0005 % жива или повеće од 0,004 % олово.
Батериите/батериите на полнење, вклучувајки ги и оние што не содржат тешки метали, не смеат да се фрлаат со отпадот од дома Kinството. Секогаш фрлајте ги искористените батерии во согласност со локалните еколошки прописи. Прашајте за важечките прописи за отстранување таков отпад каде што живеете.
2 Преглед
Видете ги илустрациите на страница 3.
- Сечила за бричење
- Копчиња за отпуштање на сечилата за бричење (на двете страни)
- Рамка на сечилата за бричење
- Глава за бричење
- Копчиња за отпуштање на главата за бричење (на двете страни)
- Копче за поставување на висока брзина (Турбо)
- Копче за вклучување/ исклучување
- ЛЕД-екран
- Штитник
- Бричеви за подолги влажна
Други додатоци
Адаптер за напојување Приклучок за полнење Четкичка за чистење Мека торбичка
2.2 Технички податоци
Температура на работење: +5°C - +40°C
Температура на складирање: 0°C - +40°C
Параметар на надворешно напојување
Произведувач: E-TEK Electronics Manufactory CO., LTD
Идентификатор на модел:
ZD006M050100EU
Влезен напон: 100-240V\~
Влезна фрекфенција: 50/60Hz
Влезна струја 0,3А
Излезна струја: 1,0А
Излезна моїност: 5,0W
2 Преглед
Просечна ефикасност:
77,74%
оптоварување(10%): 73,15%
Потрошувачка на енергија
без оптоварување: 0,042W
Класа на заштита:
Машинка за бричење
IPX6
Адаптер IPX4
Батерии: Ли-јон
(литиум-јонска
Вредностите што се декларирани во ознаките поставени на Вашиот апарат или други печатени документи доставени со него, ги претставуваат вредностите што се добиени во лабораториите во согласност со соодветните стандарди. Овие вредности може да се разликуват во зависност од начинот на користење на апаратот и од условите во околината во која се користи.
3 Напојување
3.1 Употреба на адаптерот за напојување
Проверете дали напонот наведен на плочата со ознаки на адаптерот за напојување одговара на локалното напојување.
Единствениот начин да го исключите апаратот од напојување е да го исключите од струја адаптерот за напојување.
- Включете го приклучокот за полнење во штекерот на апаратот и адаптерот за напојување во сидниот штекер.

ВНИМАНИЕ! Жлебот на приклучокот за
полнење мора да одговара на засекот во приклучокот на апаратот.
– КЕД светилките će светнат една по друга додека не се наполнат целосно. Откако целосно će се наполнат, светлата потполно će се изгаснат.

Време на полнење: 1,5 часа кога батеријата е целосно наполнета
- ЛЕД светилките će почат да трепкаат кога уредот će достигне низок капацитет на батеријата додека работи.
– Кога батериите се испразнети: ЛЕД светилките нема да се прикажат.
3 Напојување

Испразнете го апаратот со нормална употреба. Потоа наполнете до полн капацитет. Максималниот капацитет на батеријата ќе се постигне само по неколку циклуси на полнење/празнење.

Адаптерот и единицата може да се загреат додека се полнат; ова е нормално.

Кога апаратот е целосно наполнет, може безжично да работи до 70 минути.

Исклучете го адаптерот од сидот кога не го користите.

ВНИМАНИЕ! Кога сте во бањата или покрај приключок за вода, користете го апаратот само на батерии; никогаш не го пуштајте на струја.

Апаратот не работи на струја кога батеријата е празна. Проверете дали апаратот е исклучен за време на полнењето.
3 Напојување
3.2 Оптимизирање на животниот век на батеријата на полнење

ВНИМАНИЕ! Не оставајте го адаптерот включен во сидниот штекер повеќе од 24 часа.

ВНИМАНИЕ! Испразнете ја батеријата целосно двапати годишно, оставете го моторот да работи додека не престане. Потоа целосно наполнете ја батеријата.

ВНИМАНИЕ! Ве молиме не работете со него подолго време, инаку може да го прегори адаптерот.
4 Употреба
Пред употреба, извадете го приключот од адаптерот од штекерот и отстранете ја жицата за поврзување од телото.
Препорачуваме прво да избричите мала површина за да се навикнете на главата за бричење.
4.1 Бричење брада
-
Нанесете лесен притисок само кога се бричите. Бричете спротивно од насоката на растење на брадата. Измазнете ја кожата со истегнување при бричење предизвивувачки области (на пр. под брадата).
-
Секогаш бричете се против природната насока на раст на влажната на лицето.
Во случај на обилен или целосен раст на брадата, кој не може да се отстрани со едно бричење, избричете се еднаш брзо и површно и повторете ја постапката темелно по втор пат.
-
Најдобри результати ке добиете кога го користите уредот на сува кожа.
-
Можеби ке бидат потребни околу 2 недели за кожата да се прилагоди на суво бричење.
4.2 Копче за поставување на висока брзина (Турбо)
Перформансите на уредот може да се максимизираат со притискање на копчето Турбо.
4.3 Употреба на
сензорот BeardCare (нега на брада)
Сензорот BeardCare ja открива густината на косата на брадата во моментот и соодветно ја прилагодува мокноста на моторот. При режимот Турбо, сензорот BeardCare е неактивен.
- Користете ги бричевите за подолги влакна на производот за да ги исечете подолгите влакна на брадата и бакембардите од страните.
- Отстранете го штитникот и лизнете ги бричевите за подолги влажна нагоре.
-
Притиснете го копчето за вклучување/исклучување.
-
Поставете ги бричевите за подолги влакна на кожата како што е прикажано на сликата и избричете.
- Исключете го производот по употреба со притискање на копчето за вклучување/исклучување.
4.5 Замена на рамката на сечилата за бричење и блоковите на сечилата
Можете да ги замените рамката на сечилата за бричење и блоковите на сечилата. Соодветниот заменски систем за бричење (содржи два блока сечила и една рамка на сечилата за бричење) е артикл број MSR 93. Прашајте го Вашиот специјализиран продавач за тоа.
4 Употреба

4.6 Замена на рамката на сечилата за бричење
- Отстранете ја рамката на сечилата за бричење. За да го сторите тоа, притиснете ги страничните копчиња за заклучување.
4 Употреба
- Прицврстете ја новата рамка на сечилата за бричење на куќиштето.

ВНИМАНИЕ! Погрижете се дека рамката на сечилата за бричење е цврсто во положба и не може да се движи во куќиштето.
- Отстранете ги блоковите на сечилата со повлекување нагоре од осцилаторот.
- Ставете ги новите блокови сечила на осцилаторот.

ВНИМАНИЕ! Ве молиме не работете со него подолго време, инаку може да го прегори адаптерот.

За оптимално искусство со бричење, секогаш менувајте ги рамката на сечилата за бричење и блоковите сечила истовремено.
5 Информации
Апаратот мора редовно да се чисти за да продолжите да уживате во неговите врвни перформанси и оптимални результати.
5.1 Чистење и грижа
Пред чистење, извадете го приключокот од адаптерот од штекерот и отстранете ја жицата за поврзување од телото.

Не користете течности за чистење на апаратот. Користете ја само обезбедената четкичка за чистење и вода.

Отстранете ги исечоците по секоја употреба.
Отстранете ги влакната од главата за бричење само со помош на четкичката за чистење.
Главата за бричење може да се исчисти со вода или други соодветни течности.

Кога иконата за вода ке светне на ЛЕД-екранот, исчистете ја главата за бричење под млаз вода.
5.2 Складирање
- Ако не планирате да го користите апаратот подолго време, внимателно складирајте го.
- Проверете дали е исклучен и целосно сув.
- Складирајте го апаратот на ладно и суво место.
- Чувајте го апаратот подалеку од дофат на деца.
6 Решавање проблеми
| Дефект Можно причини Дејство | |
| Не работи. Б а те р и ј а т а може да не е наполнета. | Наполнете го производот. |
| Перформансот на бричење се влошува. | Може да се з а г л а в е н и влакна во блокот за бричење или б р и ч е в и те за подолги влакна. |
| Б а те р и ј а т а не може да се полни или перформансите на батеријата се многу ниски. | Батеријата го достигна крајот на работниот век. |

За пуштање во работа, општа употреба и чистење, ве молиме почитувајте ги упатствата на страниците 4-5 од ова упатство за употреба.
Najprije pročitajte ovaj priručnik!
Poštovani korisnici,
Hvala vam što ste kupili Grundig proizvod. Nadamo se da ćete na najbolji mogući način iskoristiti svoj proizvod koji je napravljen s visokim kvalitetom i vrhunskom tehnologijom. Iz tog razloga, pročitajte ovaj kompletan korisnički priručnik i sve druge prateće dokumente pažljivo prije korišćenja proizvoda i sačuvajte ih za buduću upotrebu. ako ovaj uređaj predate trećem licu, priložite i ovo uputstvo za upotrebu. Pratite uputstva obraćajući pažnju na sve informacije i upozorenja navedena u uputstvu za upotrebu.