GRUNDIG GEDM12300B - Печка

GEDM12300B - Печка GRUNDIG - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GEDM12300B GRUNDIG во PDF формат.

📄 84 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice GRUNDIG GEDM12300B - page 25
Погледни прирачник : Français FR Deutsch DE Ελληνικά EL Македонски MK Polski PL Русский RU Українська UK
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ Вграден рерна
Бренд Grundig
Модел GEDM12300B
Димензии (В x Ш x Д) 595 x 595 x 560 мм
Нето тежина 35 кг
Електрично напојување 220-240 V, 50/60 Hz
Вкупна моќност 3000 W
Капацитет 70 L
Тип на печење Вентилатор, конвекција, скара
Број на функции 8
Материјал на кавитетот Емајлиран челик
Врата Отстранливо ладно стакло
Внатрешно осветлување Халогена ламба
Тајмер Електронска програмација
Безбедност за деца Да
Чистење Рачно со мека крпа
Енергетска класа A+
Упатство достапно На повеќе јазици

Frequently Asked Questions - GEDM12300B GRUNDIG

Како да го инсталирам рерната Grundig GEDM12300B?
Инсталацијата треба да ја изврши квалификувано лице. Отстранете ги сите материјали за пакување, проверете дали нема дефекти. Користете две лица за подигање на уредот. Проверете дали мебелот издржува топлина (мин. 100 °C). Следете ги димензиите на вградување и отворите за вентилација наведени во упатството.
Каков тип на електричен приклучок е потребен?
Уредот мора да биде приклучен на заземјен штекер со напон од 220-240 V и соодветна заштита. Кабелот за напојување не смее да биде оштетен. Ако рерната е испорачана без приклучок, приклучувањето треба да го изврши квалификуван електричар.
Како да ја зацврстам рерната во мебелот?
Поставете ја рерната во центарот на мебелот со помош на две лица. Зацврстете ја со помош на приложените завртки, добро затегнете ги за да се избегне превртување. Проверете дали завртките се добро затегнати по инсталацијата.
Што да направам ако кабелот за напојување е оштетен?
Не го користете. Заменете го кабелот од квалификуван техничар за да се избегне ризик од електричен удар, краток спој или пожар.
Може ли да ја инсталирам рерната зад декоративна врата?
Не, уредот не треба да се инсталира зад декоративна врата за да се избегне прегревање.
Како да ја исчистам рерната?
Користете мека крпа и неабразивни средства. Не користете чистачи на пареа. Стаклената врата може да се демонтира за полесно чистење.
Колкав е капацитетот на рерната?
Рерната има капацитет од 70 литри, идеална за семејни оброци.
Дали рерната има заштита за деца?
Да, рерната е опремена со безбедност за деца за да се избегне неконтролирана употреба.
Како да ја користам функцијата вентилатор?
Изберете ја функцијата вентилатор со помош на селекторот. Загрејте ја рерната однапред ако е потребно. Оваа функција овозможува рамномерно печење на повеќе нивоа.
Каде да ја најдам плочката со податоци на рерната?
Отворете ја вратата на рерната, плочката со податоци се наоѓа на предната рамка, обично долу или на страна.

Прашања на корисниците за GEDM12300B GRUNDIG

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Печка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GEDM12300B - GRUNDIG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GEDM12300B на марката GRUNDIG.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GEDM12300B GRUNDIG

МК - Упатства за безбедно користење

- Производот мора да го инсталира квалификувано лице во склад со важечките прописи. Производителот нема да биде одговорен за штетите кои єе настанат од работите што єе

ги изведат неовластени лица, и во тој случај гаранцијата може да изгуби важност.

  • Подготовката на локацијата и на електричната инсталација за производот е одговорност на купувачот.
  • Производот мора да се инсталира во склад со сите важечки прописи за електрика.
  • Пред да се инсталира производот, извадете ги од него сите материјали и документи и со поглед проверете дали има некакви оштетувања. Ако е така, не го инсталирајте.
  • Производот е тежок и затоа треба да го носат најмалку двајца луге.
  • Вратата и/или рачката не смеат да се користат за кревање или преместување на уредот. За таа цел користете ги местата за кревање што се наогаат на двете страни на производот (слика 1). Секогаш носете заштитни ракавици при транспортирањето и инсталирањето.
  • Пред инсталирањето, исключете ги електричните конекции во просторијата во која треба да се инсталира производот.
  • Површините на елементот од мебелот во кој треба да се инсталира производот мора да бидат отпорни на топлина (најмалку 100 °C).
  • Погрижете се елементот на мебелот да биде добро фиксиран пред да се инсталира производот.
  • Не ставајте изолирбан во внатрешноста на елементот на мебелот во кој треба да се инсталира рерната.
  • Уредот не смее да се инсталира зад декоративна врата за да не дојде до прегревање.
  • Димензиите дадени во дијаграмот за инсталирање се во милиметри.

Инсталирање на производот Ако производот биде поставен под шанк: (Слика 2)

  • За да ја има потребната вентилација зад кујнскиот мебел, треба да се направат отвори со димензиите што се прикажани на слика 2.
  • Електричното поврзување мора да биде во просторот А на слика 2 или надвор од местото на инсталирање.

- Ако производот биде поставен под шпорет, следете ги димензиите што се дадени во упатството за инсталирање на шпоретот.

Ако производот биде поставен во висечки елемент: (Слика 3)

  • Во задниот дел на кујнскиот мебел треба да се направат отвори со димензиите прикажани на слика 3 за да се обезбеди потребната вентилација. Отворите треба да бидат по должината на височината на елементот.
  • Ако има задна преграда на висечкиот елемент во кој ќе се стави производот, таа мора да се извади.
  • Електричното поврзување мора да биде во просторот А на слика 3 или надвор од просторијата на инсталирање.

Ако производот биде ставен во агол: (Слика 4а-4б)

- Треба да се обрне внимание на зададените димензии за да се изведе инсталирањето во агол на слика 4а и 46.

Поврзување на уредот во електричната мрежа

  • Поврзете го производот само на штекер/линија со заземјување со волтажа и заштита како што е наведено во "Технички спецификации". Заземјувањето нека го направи квалификуван електричар додека го користите производот со или без трансформатор. Нашата фирма нема да одговара за никакви оштетувања што їе настанат ако производот се користи без заземјување во согласност со локалните прописи.
  • Пред да се започне со работа на електричната инсталација, исключете го производот од електричната мрежа. Може да настане струен удар!
  • Производот мора да го поврзе на електричната мрежа само овластено и квалификувано лице. Гаранцијата на производот почнува да тече дури откако ће биде исправно инсталиран. Производителот нема да биде одговорен за штетите кои ће настанат од работите што ће ги изведат неовластени лица.

  • Производот мора да се инсталира така што ќе може потполно да се исклучи од електричната мрежа. Сепарирањето мора да се направи со специјален прекинувач вграден во фиксната електрична инсталација, во согласност со градежните прописи.

  • Задната површина на перната се загрева кога се користи. Внимавајте електричното поврзување да не дојде во контакт со задната површина, инаку конекциите може да се оштетат.
  • Кабелот за поврзување не смее да биде притиснат, извиткан или потфатен ниту да доаға во допир со жешките делови на перната. Така може да дојде до краток спој на перната и таа да се запали поради топењето на кабелот. Ако се оштети електричниот кабел, мора да го замени квалификуван електричар. Во спротивно може да настане струен удар, краток спој или пожар!
  • Приклучокот на електричниот кабел треба да биде лесно достапен по инсталирањето (но да не биде над ринглите).
  • При поврзувањето на жиците, мора да ги задоволите националните/локалните електрични прописи и да користите штекер/линија и приключок погодни за рерната. Ако ограничувањата на вредностите на струјата на која работи производот го надминуваат капацитетот на приключокот и штекерот/линијата, мора да го поврзете производот директно за фиксната електрична инсталација без да ги користите приключокот и штекерот/линијата.
  • Внимавајте осигурувачот да одговара на производот.
  • Поврзувањето мора да биде во согласност со националните прописи.
  • Податоците за електричната мрежа мора да бидат во согласност со податоците што се наведени на етикетата за типот на производот. Отворете ја предната врата за да го видите типот на производот.
  • Електричниот кабел на производот мора да одговара на вредностите наведени во табелата во делот "Технички спецификации".

- Ако производот биде поврзан директно за доводот на струја:

Ако не е можно да се прекинат сите полови на доводот на струја, мора да се поврзе и единица за прекинување со најмалку 3 mm слободен простор за контакт (осигурувачи, сигурносни прекинувачи, контактори) и сите полови на оваа единица мора да бидат во близина на производот (не над него) во согласност со IEE директивите. Пропустот да се следи ова упатство може да води до проблеми во работењето на производот и гаранцијата може да изгуби важност.

- Се препорачува дополнителна заштита со додатен прекинувач на струја.

Ако производот е произведен со кабел и приклучок

- Вашиот производ е произведен со електричен кабел и приклучок. Ставете го приklучокот на производот во заземјен штекер и поврзете го со електричната мрежа.

Ако производот е произведен со кабел но без приключок

  • Поврзете го кабелот на производот со доводот на струја како што е наведено подолу:
  • Кафеав/цирн кабел = L (фаза)
  • Плав кабел = N (нулти)
  • Зелен/жолт кабел = (E) ⏻ (заземјување)

Ако производот е произведен без кабел и приклучок

Електричен кабел со характеристики наведени во табелата со технички спецификации мора да биде поврзан со производот со следење на упатствата. Електричниот кабел не смее да биде подолг од 2 m поради безбедносни причини.

  • Отворете го со шрафцигер капакот на терминалот.
  • Вметнете го електричниот кабел во држачот за кабел под терминалот и прицврстете го со интегриран шраф за главниот елемент на делот за придржување на кабелот.
  • Поврзете ги каблите според дадениот дијаграм.

GRUNDIG GEDM12300B - Ако производот е произведен без кабел и приклучок - 1

  • N = Нулти (Плав)
  • L = Активен-Фаза (Кафеев/цирн)
  • E = Заземјување (Зелен/жолт)
  • C = Стегач на кабелот
  • После поврзувањето на жиците, затворете го капакот на терминалот.
  • Поврзете го електричниот кабел за доводот на струја така што ќе му направите патека да не го допира производот и да не се гмечи помеѓу производот и сидот.

Заштита од евентуален пожар!;

  • Погрижете се сите електрични поврзувања да бидат безбедни и цврсти за да се избегне опасност од искри.
  • Не користете оштетени електрични или продолжни кабли.
  • Погрижете се местото на електрично поврзување да нема никаков допир со течност или влага.

Местење и фиксирање на производот (Слика 5)

  • Ставете го уредот врз елементот на мебелот, при што треба да го центрираат две или повеке лица.
  • Фиксирајте го производот за мебелот со помош на приложените шрафови. (Слика 5)

- На крајот на инсталирањето, проверете дали шрафовите се добро прицврстени и производот добро фиксиран. Ако производот не е инсталиран во согласност со упатствата и шрафовите не се добро прицврстени, постои опасност производот да се преврти додека се користи.

Завршна проверка

  • По инсталирањето, поврзете го производот со електричната мрежа.
  • Прочитајте го упатството за употреба во врска со првата употреба на производот.
  • Проверете ги функциите на производот.

Вадење на производот

  • Исклучете го производот од електричната мрежа.
  • Одвртете ги шрафовите со кои е прицврстен.
  • Внимателно подигнете го производот со помош на две или повеке лица и целосно извадете го.
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : GRUNDIG

Модел : GEDM12300B

Категорија : Печка