Clean Air Optima CA-510Pro - Пречистувач на воздух

CA-510Pro - Пречистувач на воздух Clean Air Optima - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот CA-510Pro Clean Air Optima во PDF формат.

📄 224 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice Clean Air Optima CA-510Pro - page 208
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за CA-510Pro Clean Air Optima

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Пречистувач на воздух во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник CA-510Pro - Clean Air Optima и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. CA-510Pro на марката Clean Air Optima.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК CA-510Pro Clean Air Optima

Прирачник за користење

Find more languages on: www.cleanairoptima.com/info/manuals

Clean Air Optima CA-510Pro - 1

Двоен систем на проток на воздухот - двоен систем на филтри - двоен јонизатор за двојно прочистување на воздухот!
Clean Air Optima CA-510Pro - 2

text_image Pro 4.000.000 negative ions/cm³ ⑦ ② ③ ④ ⑤ ⑥ ① ⑥ ⑤ ④ ③
  1. Двоен вентилатор
  2. Intelligent Particle Sensor™
  3. Пред-фильтер
  4. Нано-сребрен True HEPA филтер
  5. Филтер со активен јаглен
  6. UV LED сијалички
  7. Двоен јонизатор

CA-510Pro Smart Parts / Main unit
Clean Air Optima CA-510Pro - 3

Ви благодариме што го купивте интелигентниот прочистувачот на воздух Clean Air Optima CA-510Pro Smart.

Ви посакуваме многу години на здрав воздух во вашите простории со овој ефикасен и ефективен производ.

За да функционира правилно овој електричен апарат, погрижете се да ги следите сите безбедносни мерки на претпазливост додека го користите. Упатствата опишуваат безбедносни мерки на претпазливост кои треба да ги почитувате додека работи уредот. Наменети се да помогнат да спречите повреди и да избегнете оштетување на уредот.

Пред да го користите вашиот нов интелигентен прочистувач на воздух Clean Air Optima CA-510Pro Smart.

Прво отстранете ја пломбата за филтрите, видете на страница 5. Како се користи.

Clean Air Optima CA-510Pro - Пред да го користите вашиот нов интелигентен прочистувач на воздух Clean Air Optima CA-510Pro Smart. - 1

Уредот се состоит од следниве главни компоненти:

  1. Контролен панел
  2. Дигитален монитор за квалитет на внатрешниот воздух
    -Мерење на честички PM2.5
    -Релативна влажност на воздухот во %
    -Температура во °C
  3. Композитен филтер: TRUE HEPA филтер и филтер со активен јаглен
  4. Преден панел
  5. Пред-фильтер
  6. Главен дел од прочистувачот на воздух
  7. Заден панел

Безбедносни предупредувања

Уредот може да се користи само во согласност со овие упатства за безбедност. Следете ги следните чекори за да го намалите ризикот од повреда предизвикана, на пример, од електричен удар или пожар.

  1. Само за затворен простор. Не користете или чувајте на отворено.
  2. Уредот не е наменет за користење од страна на деца или лица со намалени физички, сензорни или ментални способности, освен ако се надгледувани од страна на лицето кое е одговорно за нивната безбедност.
  3. Не користете го уредот кога има видливо оштетување на електричниот кабел или на самоот уред. Не поправајте го уредот сами ако се оштети. Никогаш не влечете го уредот за кабелот. Ако кабелот за напојување е оштетен, тогаш мора да го замени овластен сервисер за да спречите електричен удар или пожар.
  4. Поправки може да врши само личен овластен сервис. Не обидувајте се сами да го поправите уредот за да спречите електричен шок или пожар.
  5. Секогаш исклучувајте го кабелот од струја кога не се користи уредот.
  6. Секогаш користете ги предвидените кабли.
  7. Извлечете го приключокот од струја кога не го користите уредот или кога ги чистите неговите внатрешни или надворешни делови.
  8. За безбедно користење, ставете го уредот во стабилна, хоризонтална положба. Не поместувајте го додека го користите.
  9. Не користете го уредот во простории каде што се чуваат запаливи течности или гасови, блиску до извори на топлина или во особено влажни простории, како што е бањата.
  10. Никогаш не вметнувајте предмети во телото за да избегнете дефект.
  11. Никогаш не покривајте ја решетката за влез и излез на воздух.
  12. Никогаш не вадете ги или не заменувајте ги внатрешните делови на уредот.
  13. Кога уредот работи, не допирајте ги влезните и излезните решетки за воздух и не ставајте ја рачката или некој предмет во отворот за воздух за да избегнете повреди или оштетувања на прочистувачот на воздухот.
  14. За да се одржи влезната и излезната решетка за воздухот на прочистувачот за воздух, не ставајте предмети над или во близина на предниот капак на прочистувачот на воздух.
  15. Не ставајте тешки предмети врз уредот.
  16. Избегнувајте места со директна сончева светлина. Постои ризик дека їе избледи бојата на уредот.
  17. Никогаш не потопувајте го уредот во вода или други течности.
  18. Не допирајте го кабелот за напојување со влажни раце.
  19. Редовно чистете го пред-филтерот ако е наполнет со прашина, инаку ефектот на прочистување ѐе биде слаб. Потрошувачката на енергија ѐе се зголеми и може да предизвика дефект.
  20. Нормалното работно опкружување на уредот е 0 °C до 40 °C.
  21. Користете го, одржувајте го и чистете го уредот како што е опишано во овој прирачник.

Како се користи (инсталација на филтерот на предната и задна страна)

Clean Air Optima CA-510Pro - Како се користи (инсталација на филтерот на предната и задна страна) - 1

1. Расклопете го панелот

Притиснете со двата прста на црвениот индикатор на левата и десната страна на прочистувачот на воздух, видете ја сликата. Повлечете го панелот кон вас како што е назначено со сини стрелки.

Clean Air Optima CA-510Pro - Расклопете го панелот - 1

2. Инсталирајте го композитниот филтер

Извадете ја пломбата од филтрите. Поставете ги филтрите назад во уредот. Чепот на долниот дел и горниот дел мора да бидат видливи на предната страна (видлива е НЕРА страната на филтерот).

Clean Air Optima CA-510Pro - Инсталирајте го композитниот филтер - 1

3. Инсталирајте го пред-филтерот

Инсталирајте го пред-филтерот со црното испакнување кон надвор. Ставете го долниот дел во жлебот на дното и притиснете го горниот дел (со стрелките) нежно во горниот жлеб.

4. Инсталирајте го панелот

Притиснете го предниот панел паралелно долж горните и долните рабови во насоката прикажана со стрелка во сино, видете ја сликата. Кога єе слушнете клик, значи дека панелот е инсталиран.

Уредот треба да биде поставен на растојание од најмалку 30 см од сидовите и мебелот, со цел да се добие добар проток на воздух. Осигурете се дека излезите и влезовите за воздухот не се блокирани.

Контролен панел/упатства за користење

Clean Air Optima CA-510Pro - Контролен панел/упатства за користење - 1

text_image 1 2 3 4 5 6 7 AUTO SLEEP ① ② ③ ①h ④h ⑧h Child Lock UV Filter

1 Копче за напојување

Со притискање на копчето за напојување, се вклучува и исклучува уредот.

(Стандардно е поставен во автоматски режим по вклучувањето на уредот).

2 Режим

Притискање на копчето за режим за автоматска работа и функцијата за спиење.

Co поставката Auto (автоматски) вградениот интелигентен сензор (Intelligent Particle Sensor™) автоматски го мери и го регулира квалитетот на воздухот. Вентилаторот, контролиран од сензор, автоматски предвидува до кој степен внатрешниот воздух е загаден со честички со големина PM2.5 и соодветно се прилагодува на 3 различни брзини.

Индикаторската сијаличка за поставката Sleep (спиење) е светла. Индикаторската сијаличка, вклучувајки го дигиталниот дисплеј, ће се исклучат по 5 секунди. Притиснете кое било копче за да ја рестартирате индикаторската сијаличка и дигиталниот дисплеј. Индикаторската сијаличка и дигиталниот монитор повторно ће се изгаснат по 5 секунди. (Вентилаторот работи со најмала брзина.)

3 Брзина

Со притискање на копчето за брзина, можете да го промените нивото на брзина.

Овозможен поединечен проток на воздух со помош на 3 брзини на вентилаторот. (1-2-3 значи дека брзината на вентилаторот се зголемува.)

4 Tajmer

Притиснете го копчето „Timer“ (тајмер) за да поставите тајмерот автоматски да го исклучи уредот по 1, 4 и 8 часа. Бројот на избрани часови можете да го прочитате на приказот за тајмерот.

5 UV LED светилка

UV LED сијаличките треба да се заменуваат на секои 8.000 часа работа или кога ће се исклучи индикаторот (UV) на дисплејот.

6 Филтер

Ако индикаторската сијаличка трепка, тоа значи дека мора да го замените композитниот филтер (НЕРА филтерот и филтерот со активиран јаглерод). Композитниот филтер има животен век од 2.000 часа.

7 Wi-Fi

Индикатор за Wi-Fi.

2 + 3 детска брава

Детската брава го штити уредот од несакана употреба.

Детската брава се вклучува/ислучува со истовремено притискање на копчињата „Mode“ и „Speed“. Тогаш, засветува индикаторската сијаличка за детската брава.

3 + 4 ресетирање на филтерот

Тајмерот за композитниот филтер се ресетира со притискање и држење на копчињата „Speed“ и „Timer“ (околу 3 секунди). Ако индикаторската сијаличка се изгасне, значи дека тајмерот е успешно ресетиран.

Дигитален монитор

Дигиталниот монитор на предната страна на прочистувачот на воздух CA-510Pro Smart автоматски и точно го покажува моменталниот квалитет на воздухот со мерење на нивото на честички PM2.5, влажноста во внатрешноста и температурата.

Clean Air Optima CA-510Pro - Дигитален монитор - 1

Честичките од 10 µm (PM10) и помали и од 2,5 µm (PM2.5), может да влезат во белите дробови и спағаат во 10-те најголеми закани по здравјето на лугето. Овие мали честички се развивают преку типични процеси што се одвивают во затворен простор, како што се готвење, печење, пржење, пушење, но и греење, или навлегуваат во големи количини во вашите простории предизвикано од сообрақајот, индустријата, градежништвото, биолошки материјали (полен, бактерии, микроскопски бубачки и вируси), увезени честички од други региони, како што се издувни (авионски) гасови и ерупции на вулкани.

Алергените, како што се поленот и прашината, предизвикуват сериозни и долгорочни здравствени закани за милиони луге секоја пролет: бројките постојано се зголемуваат.

Мерење релативна влажност и температура

Важни аспекти за ефикасно прочистување на воздухот: релативна влажност помегу 45-60% и собна температура од околу 20-23 °C

Кабел за напојување
Clean Air Optima CA-510Pro - Дигитален монитор - 2

text_image напојување 1 2
  1. Отстранете го кабелот за напојување со струја од дното на уредот и вметнете го во штекерот на дното на уредот (како што е прикажано на слика 1).
  2. Ставете го кабелот во отворот за жица и фиксирајте го со лепило за притискање на жица (како што е прикажано на слика 2).

Работа со апликацијата Clean Air Optima®

Поврзување

Компатибилност со паметен телефон и таблет: iPhone, iPad и Android уреди

Уредот се поврзува преку Wi-Fi со апликација: CleanAirOptima

За апликацијата Clean Air Optima®

Clean Air Optima CA-510Pro - За апликацијата Clean Air Optima® - 1

Поставете Wi-Fi врска

  1. Преземете ја и инсталирајте ја апликацијата „CleanAirOptima“ во App Store или Google Play Store.
  2. Создajte сметка и најавете се.
  3. Приключете го апаратот во штекер и включете го. Индикаторот за Wi-Fi ке трепка.
  4. Проверете дали вашиот паметен телефон или таблет е успешно поврзан со вашата Wi-Fi мрежа.
  5. Отворете ја апликацијата „CleanAirOptima“ и кликнете на „Add device“ (Додај уред) + Вашиот уред е наведен и може да го изберете. Ако не е, изберете „Auto Scan“ (Автоматско скенирање). Следете ги инструкциите на екранот за да го поврзете уредот со вашата мрежа.
  6. Додајте го уредот Clean Air Optima® во апликацијата и следете ги упатствата во апликацијата.
  7. Кога уредот е спарен, индикаторот за Wi-Fi останува включен постојано.
  8. Откако конфигурацијата ће биде успешна, може да ја користите апликацијата Clean Air Optima® за да управувате со уредот.

Забелешка:

  • Ако ја промените стандардната мрежа, ресетирајте ja Wi-Fi врската, следете го чекорот 3 до 8 во делот „Set up WiFi connection“ (Постави Wi-Fi врска).
  • Ако сакате да спарите повеке уреди со вашиот паметен телефон или таблет, мора да го направите ова едно по друго.
  • Осигурајте се дека растојанието помеѓу вашиот паметен телефон или таблет и уредот е помало од 5 метри и дека нема пречки. Исто така, погрижете се да бидете во иста просторија со уредот.

Ресетирајте ја функцијата Wi-Fi:

- Ресетирајте ja Wi-Fi врската со притискање на копчето „Mode“ и „тајмер“ 3 секунди и индикаторската сијаличка за Wi-Fi єе трепка брзо.

Поврзете уреди на повеке телефони

Забелешка: Прво другото лице треба да ја инсталира апликацијата Clean Air Optima® на својот телефон и да создаде нова сметка.

Споделувајте го уредот со ограничен пристап:

Можете да изберете да споделите 1 уред со неколку лица.

Лицево потоа єе има пристап, но нема да може да управува со сите поставки.

Следете ги упатствата долу за да го споделите уредот со неколку лица:

  1. Одете на релевантниот уред.
  2. Одете на иконата за молив или три точки горе десно.
  3. Изберете „Share device“ (Сподели уред).
  4. Изберете „Add sharing“ (Додај споделување).
  5. Изберете го начинот на споделување, на пример, преку е-пошта, WhatsApp, SMS итн. и продолжете.
    6 Уредот автоматски će се појави во апликацијата Clean Air Optima ^® со друга сметка.

Споделувајте го уредот со целосен пристап:

Можете да додадете едно или повеќе лица во управувањето со домот.

Тоа лице потоа єе има пристап до сите ваши уреди што се веке поврзани и єе има целосни права и дозволи. Вие секогаш єе бидете главниот администратор.

Следете ги упатствата долу за да додадете некој во управувањето со домот:

  1. Отворете ја апликацијата Clean Air Optima ^® и одете на „Me“ (Мене).
  2. Потоа изберете „Home Management“ (Управување со домот).
  3. Изберете „Create a home“ (Создај дом).
  4. Изберете го релевантниот „Home“ (Дом) и потоа изберете „Add member“ (Додај член).
  5. Изберете го начинот на споделување, на пример, преку е-пошта, WhatsApp, SMS итн. и продолжете.
    6 Соодветниот дом автоматски ће се прикаже во апликацијата Clean Air Optima® на лицето со кое сте го споделиле вашиот дом.
  6. На другата сметка: Одете на почетниот екран од апликацијата Clean Air Optima®. Одете горе лево и изберете „Home“ (Дом).

Далечински управувач

Детска брава

Детската брава се включува/ислучува со притиснување на копчето за детска брава „Child lock” околу 3 секунди.

Тajмер

Притиснете го копчето „Timer“ (тајмер) за да поставите тајмерот автоматски да го ислучи уредот по 1, 4 и 8 часа.

Clean Air Optima CA-510Pro - Тajмер - 1

text_image CHILD LOCK RESET MODE TIME Speed

ВКЛУЧУВАЊЕ/ ИСКЛУЧУВАЊЕ

Со притискање на копчето за напојување, се включува и ислучува уредот.

(Стандардно е поставен во автоматски режим по включувањето на уредот).

Ресетирање

Ресетирајте го тајмерот за композитниот филтер со притискање и држење на копчето „Reset“ околу 3 секунди.

Брзина

Со притискање на копчето за брзина, можете да го промените нивото на брзина. Овозможен поединечен проток на воздух со помош на\3 брзини на вентилаторот.

Режим

Притиснете го копчето за режим „Mode“ за да менувате помегу функциите за режим и за спиење.

Clean Air Optima®

Замена на батеријата

  1. Отворете го капакот на батеријата на далечинскиот управувач (слика 1)
  2. Отстранете ја старата батерија (слика 2)
  3. Заменете една батерија (со спецификација CR2032.3V) ( слика 3)
  4. Затворете го капакот на батеријата на далечинскиот управувач (слика 4)

Clean Air Optima CA-510Pro - Замена на батеријата - 1

Мерки на претпазливост

  1. Доколку не го користите далечинскиот управувач подолго време, извадете ја батеријата за да спречите нејзино истекување и оштетување на далечинскиот управувач.
  2. Користете го далечинскиот управувач само за потребите на прочистувачот на воздухот
  3. Ако далечинскиот управувач не работи правилно, отстранете ја батеријата и ставете ја назад по 30 секунди. Ако се уште не работи правилно, заменете ја батеријата.

Одржување

  1. Исклучете го уредот и извлечете го приключокот од струја.
  2. Користете меко и влажно парче ткаенина за чистење на уредот од прашина и нечистотија.
  3. Осигурете се дека нема да влезе вода во уредот.

Чистење на Intelligent Particle Sensor™

Чистете го сензорот за квалитет на воздухот секон 6 до 8 недели.

Кога вредноста на РМ2.5 не се прикажува правилно, може да употребите чепкалка за уши за да го исчистите сензорот.

  1. Отстранете го капакот на сензорот.
  2. Исчистете ја леката на сензорот со чепкалка за уши и вода како што е наведено со стрелката. Потоа, исушете ја леката со чист памук.
  3. Вратете го капакот на сензорот.
  4. Не ги бришете ја леката на сензорот со алкохол или друг органски растворувач.

Внимание! Ако влажноста во просторијата е многу висока, постои ризик од кондензација на сензорот за квалитет на воздухот. Ова може да предизвика индикаторот за квалитет на воздухот (дигитален дисплеј - мерење честички) да покаже дека квалитетот на воздухот е слаб, иако тоа не е случајот. Во таков случај, препорачуваме да го исчистите сензорот за квалитет на воздухот или да не го користите прочистувачот на воздух во автоматскиот режим.

Clean Air Optima CA-510Pro - Чистете го сензорот за квалитет на воздухот секон 6 до 8 недели. - 1

Интелигентниот прочистувач на воздух Clean Air Optima CA-510Pro Smart е опремен со механизмам за следење на животниот век на филтерот, кој сигнализира дека филтрите треба да се заменат по 2.000 работни часови. За да се покаже дека композитните филтри (НЕРА + филтерот со активиран јаглен) треба да се заменат, прочистувачот на воздухот ја активира индикаторската сијаличка со трепкање. Tajмерот за композитниот филтер се ресетира со притискање и држење на копчињата „Speed“ и „Timer“ (околу 3 секунди). Ако индикаторската сијаличка се изгасне, значи дека тајмерот е успешно ресетиран.

Во зависност од употребата, композитните филтри (НЕРА + филтер со активен јаглен) имаат животен век од приближно 6-8 месеци.

Чистење филтер

Најдобриот ефект се постигнува ако ги чистите филтрите еднаш месечно. Ако внатрешниот воздух е ислучително загаден, може да е потребно поголемо чистење.

Clean Air Optima CA-510Pro - Чистење филтер - 1

Исчистете го пред-филтерот и НЕРА филтерот со четка или со правосмукалка. На тој начин можете да ги отстраните од филтерот поголемите честички прав, како влакненцата од ткаенини, косата и првутот од миленичиња.

Предупредување! Немојте да ги мокрите или плакнете композитните филтри (НЕРА + филтерот со активен јаглен) со вода.

Зголемен звук, намален проток на воздух, затнати филтри, зголемено присуство на мириси. Филтерот треба да се замени со нов кога НЕРА филтерот Ѽе ја смени бојата од бела во сива или црна. Ако НЕРА-филтерот е бел, НЕМА потреба од замена.

Како да нарачате филтри:

Контактирајте ја службата за корисници на Clean Air Optima, тел. + 31 (0) 742670145 или посетете ја нашата интернет-продавница:

https://www.cleanairoptima.com/accessoires/mg/44/

Замена на UV сијалички (на предната и задната страна на единицата)

Двете UV сијалички на прочистувачот на воздух Clean Air Optima CA-510Pro Smart имаат работен век од 8.000 работни часа = 1 година 24/7 работа. UV сијаличките треба да се заменуваат на секои 8.000 часа работа или кога ње се ислучи индикаторот (UV) на дисплејот.

Clean Air Optima CA-510Pro - Замена на UV сијалички (на предната и задната страна на единицата) - 1

  1. Исключете го уредот и извлечете го приклучокот од штекер.
  2. Притиснете ги копчињата за отпуштање со двата прста и отстранете ги предните и задните капаци.
  3. Отстранете ги филтрите (напред и назад).

Clean Air Optima CA-510Pro - Замена на UV сијалички (на предната и задната страна на единицата) - 2

text_image Извлечете го кабелот за напојување од кукиштето
  1. Употребете крстач и отстранете ги завртките од металниот штитник на двете UV сијалички (напред и позади).
  2. Влечете го кабелот за напојување од кукиштето кон вас додека не ги видите приклучоците. Отключете ги приклучоците според сликата.
  3. Можете да ги ставите новите UV сијалички. Откако ње ги поставите UV сијаличките, индикаторот (UV ње светне повторно.

Нарачување UV сијалички:

Стапете во контакт со корисничката служба на Clean Air Optima на + 31 (0) 742670145 или посетете ја нашата интернет-продавница: https://www.cleanairoptima.com/accessoires/mg/44/

Справување со проблеми

Следува упатство со чија помош їе ги решите проблемите околу работата на интелигентниот прочистувач на воздух Clean Air Optima CA-510Pro Smart.

Проблем Можнонапричина Решение
Уредот не се вклучуваКабелот за напојувањене се поврзува правилноКабелот за напојувањее искинатПредниот или задниот панелне се правилно поставениПравилно ставете го приключокотна кабелот во штекеротЗаменете го кабелотза напојувањеИнсталирајте го панелотправилно.Видете го поглавјето: Како се користи
Излезот за воздухмириса лошоФилтерот собира премногумирис или прашинаРаботниот век на филтритее поминатЗаменете ги композитните филтриЗаменете ги композитните филтри
Слаб ефект напрочистувањеПроверете дали влажноставо просторијата е премногу нискаУредот е ставенво непроветрена просторијаили опкружен е со препрекиЗголемете ја влажностаОтстранете ги препреките
Не излегува воздуход уредотВлезот или излезотза воздухот се блокираниОтстранете ги препреките
Далечинскиотуправувачне работиПроверете дали батеријатае инсталиранаПроверете дали батеријатае правилно ставенаПроверете го капацитетотна батеријатаПроверете далидалечинскиот управувачработи од далекуИнсталирајте ја батеријатаИнсталирајте ја батеријатаправилноЗаменете ја батеријатаОпсегот на работана далечинскиот управуваче во максимум 5 метриод предната страна на уредот

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!

Доколку горепрепорачаните решенија не функционираат, контактирајте ја техничката служба за поддршка на Clean Air Optima на телефонскиот број за вашиот регион. Не обидувајте се да го расклопите, поправите или склопите уредот, затоа што така ке престане да важи гаранцијата

Спецификации

Модел CA-510Pro Smart

Погоден за простории до 110 m² / 275 m³ / 1180 ft²

Номинален напон 220 V - 240 V, 50 Hz/60 Hz

Перформанси на филтерот 99,97%

Стапка на стерилизација 99,9%

Негативни јони 2.000.000 јони/cm²

Ниво на звук Тивок вентилатор < 20 dB(A), ниско 1/35 dB(A) средно 2/

55 dB(A) typ6o 3

Димензии 560 x 320 x 210 mm

Тежина 7,5 kg

Боја Бела

Во согласност

со прописите на ЕУ CE / WEEE / RoHS

Прашајте го продавачот или општината за најнови информации во врска со исфрлањето на амбалажата и на уредот во отпад.

Clean Air Optima CA-510Pro - Спецификации - 1

Гарантен сертификат за интелигентниот прочистувач на воздух Clean Air Optima CA-510Pro Smart.

Датум на купување: ..... Име на купувач: ..... Адреса: ..... Телефон: ..... Е-пошта: ..... Име на продавачот: ..... Адреса: ....

  1. Пополнете го целосно овој гарантен сертификат. Испратете го до вашиот дистрибутер заедно со фактурата и уредот, платена поштарина и во оригиналната кутија за пакување. Гледајте да ја включите цената за поштарина на пакетот.
  2. Приложете краток опис на штетата, грешката или дефектот и околностите под кои се појавила проблемите.

Интелигентниот прочистувач на воздух Clean Air Optima CA-510Pro Smart се подложува на строги постапки за тестирање пред да замине од фабриката. Ако во рок од 2 години од денот на купувањето производот не работи според спецификациите поради фабрички дефекти, купувачот има право на бесплатни поправки или замена на делови откако ѐе ја приложи оваа гаранција (доколку дефектот или оштетувањето на уредот и/или деловите се случило при нормални услови на работа). Што е опфатено: Сите дефекти во поглед на материјалот и изработката. Колку долго: две години од датумот на купување. Што ќе сториме: Поправка или замена на дефектните делови.

Исклучоци: Замена на редовни филтри.

Други услови

Одредбите од оваа гаранција ги заменуваат кои било други писмени гаранции, без разлика дали тие се изразени или имплицирани, писмени или усни, вклучувајки и каква било гаранција за продажниот карактер или соодветноста за одредена намена. Максималната одговорност на производителот не треба да ја надминува вистинската куповна цена што купувачот ја платил за производот. Во никој случај производителот не одговара за посебни, случајни, последователни или индиректни штети. Оваа гаранција не покрива дефекти што произлегуваат од несоодветна или неразумна употреба или одржување, погрешно склопување, несреќа, природни катастрофи, несоодветно пакување или неовластено мешање, менување или модификација на деловите, онака како што е определено само од нас. Оваа гаранција е неважечка ако етикетата со сериски број е отстранета или оштетена.

Споделете ги вашите повратни мислења за интелигентниот прочистувач на воздух Clean Air Optima CA-510Pro Smart на: www.cleanairoptima.com

Clean Air Optima CA-510Pro - Други услови - 1

За најчесто поставуваните прашања за CA-510Pro Smart одете на: www.cleanairoptima.com и побарајте го моделот CA-510Pro Smart.

Clean Air Optima CA-510Pro - Други услови - 2

Преземете го прирачникот со упатствата за употреба во PDF на: www.cleanairoptima.com/info/manuals

Clean Air Optima CA-510Pro - Други услови - 3

Погледнете го целото анимирано видео за Clean Air Optima на: www.youtube.com

Clean Air Optima International B.V. | David Ricardostraat 9-7 / 9-9 | 7559 SH Hengelo (ov) Холандија | Телефон: +31 (0) 74 - 2670145

Clean Air Optima Germany GmbH | Enschedestraße 14 | 48529 Nordhorn | Германија Телефон: +49 (0) 5921 879-121

E-пошта: info@cleanairoptima.com

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : Clean Air Optima

Модел : CA-510Pro

Категорија : Пречистувач на воздух