BOSCH ANGLE EXACT 22 CF Professional - шрафцигер

ANGLE EXACT 22 CF Professional - шрафцигер BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот ANGLE EXACT 22 CF Professional BOSCH во PDF формат.

📄 414 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH ANGLE EXACT 22 CF Professional - page 242
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за ANGLE EXACT 22 CF Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот шрафцигер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник ANGLE EXACT 22 CF Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. ANGLE EXACT 22 CF Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК ANGLE EXACT 22 CF Professional BOSCH

Македонски...... Страница 241

Srpski ...... Strana 252

Slovenščina ....Stran 262

Hrvatski ....Stranica 272

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со

овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
He работete со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.

▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, Ѽе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.

He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Употреба и чување на батериски алат

▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.

▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
He го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.

Безбедносни напомени за одвртувачи

▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за прицврстувачот да не дојде во контакт со скриена жица. Ако прицврстувачите дојдат во допир со „жица под напон“, може да ги изложат металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до

експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување.

Цврсто држете го електричниот апарат. При зацврстување и одвртување на шрафови може да настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.

BOSCH ANGLE EXACT 22 CF Professional - Безбедносни напомени за одвртувачи - 1

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

Доколку се блокира алатот што се вметнува, веднаш исключете го електричниот алатот. Бидете претпазливи со високите реакциски моменти, што може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се вметнува се блокира, ако електричниот алат се преоптовари или се навали кон делот што се обработува.

ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ

Правта што настанува при шмирглање, сечење, брусење, дупчење и слични дејности може

да има канцерогено, тератогено или мутагено дејство. Некои од овие материи содржани во правта се: олово во бои и лакови што содржат олово; кристален силициум во цигли, цемент и други сидарски работи; арсен и хромат во хемиски третирано дрво. Ризикот од заболување зависи од тоа колку често сте изложени на овие супстанци. За да ја намалите опасности, треба да работите само во добро проветрени простории со соодветна заштитна опрема (на пр. со специјално конструирани уреди за заштита при дишење, кои ги филтрираат и најситните честички прав).

Избегнувајте случајно вклучување. Осигурете се дека прекинувачот за вклучување/исклучување е во исключена позиција, пред да ставите батерија.

Носењето на електричниот алат со вашиот прст на прекинувачот за вклучување/исклучување или ставање на батеријата во включен електричен алат може да доведе до несреќен случај.

▶ Користете само исправни, неизабени алати за вметнување. Дефектните алати за вметнување може на пр. да се скршат и да доведат до повреди и материјални штети.
▶ При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте на тоа тој да лежи цврсто во прифатот за алат. Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со прифатот на алат, може да се олабави и да се случи да не може да се контролира.
▶ Бидете претпазливи при завртување на долги завртки, бидејки постои опасност од лизнување, во зависност од видот на завртката и користениот алат за вметнување. Честопати, долгите завртки не може да се контролираат толку добро и постои опасност да се слизнат при завртувањето и да се повредите.
▶ Внимавајте на поставениот правец на вртење, пред да го включите електричниот алат. Доколку, на пример, сакате да одвртите завртка, а правецот на вртење е поставен за завртување на завртката, може да дојде до силно неконтролирано движење на електричниот алат.
▶ Не го користете електричниот алат како дупчалка. Електричните алати со една спојка за ислучување не се погодни за дупчење. Спојката може автоматски и без предупредување да се ислучи.

Опис на производот и перформансите

BOSCH ANGLE EXACT 22 CF Professional - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или

тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

ANGLE EXACT 2 | 3 | 6 | 7 | 8 | 15 | 17 | 23 | 30

Електричниот алат е наменет за завртување и олабавување на завртки, навртки и други сврзни елементи со навој во дадените граници на димензии и моćност.

Електричниот алат не е погоден да се користи како дупчалка; за да избегнете лични повреди и материјални штети, никогаш не треба да го користите електричниот алат со исклучна спојка за дупчење.

ANGLE EXACT 14CF | 22CF | 29CF

Електричниот алат поради неговиот бавен лев тек е наменет за работа со отворен плоснат погон со гонет

запченик. Тој е погоден за завртувања на места каде има пристап само од едната страна, на пр. на цевководи. Не е погоден за олабавување на завртки.

Електричниот алат не е погоден да се користи како дупчалка; за да избегнете лични повреди и материјални штети, никогаш не треба да го користите електричниот алат со исклучна спојка за дупчење.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) Алат за вметнување (на пр. навртка за завртување)
(2) Прифат на алатот
(3) Аголна глава на одвртувачот
(4) Вилушкаст клуч со ширина 27 mm
(5) Површина на клучот на прирабницата на аголната глава
(6) Вилушкаст клуч со ширина 22 mm
(7) Лизгач за претходен избор на вртежен момент
(8) Кука за закачување
(9) LED-приказ на завртувањето на спојниците
(10) LED-приказ на состојбата на наполнетост на батеријата
(11) Батерија со АРТ-приклучен контакт
(12) Копче за отворање на батеријата
(13) Прекинувач за включување/исклучување
(14) Прекинувач за менување на правецот на вртење
(15) Отвори за прицврстување на држачот за закачување
(16) LED-држач
(17) Прстен за обележување
(18) Работна светилка
(19) Површина на клучот на преклопната навртка
(20) Контра-навртка
(21) Полнач
(22) Струен приключок
(23) Зелени LED-прикази на полначот
(24) Црвени LED-прикази на полначот
(25) Приклучен конектор за струен адаптер на 4EXACT
(26) D-Sub-приклучок
(27) Завртки на D-Sub-приклучок
(28) Струен адаптер
(29) Брзозатегнувачка глава
(30) Алат за подесување
(31) Клуч со внатрешна шестаголна глава
(32) Плочка за подесување
(33) Сигурносен прстен
(34) Шуплина во телото на ку́киштето

(35) Рачка (изолирана површина на рачката)

Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандартниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Технички податоци

Индустриски аголен одвртувач ANGLE EXACT 2 3 6
Број на дел/артикл0 602 490 647 0 602 490 656 0 602 490 652
макс. вртежен момент при завртување во цврсти/меки материјали според ISO 5393Nm 2/2 3/3 6/6
Број на вртежи во празен од n_0 min^-1 110 420 650
Номинален напон V 9,6 9,6 9,6
Правец на вртењеΩΩΩΩ
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 kg 1,0 1,0 1,0
Вид на заштита IP 20 IP 20 IP 20
Индустриски аголен одвртувач ANGLE EXACT 7 8 15
Број на дел/артикл0 602 490 669 0 602 490 651 0 602 490 650
макс. вртежен момент при завртување во цврсти/меки материјали според ISO 5393Nm 7/7 9/9 15/15
Број на вртежи во празен од n_0 min ^-1 110 420 250
Номинален напон V 9,6 9,6 9,6
Правец на вртењеΩΩΩΩ
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 kg 1,0 1,0 1,0
Вид на заштита IP 20 IP 20 IP 20
Индустриски аголен одвртувач ANGLE EXACT 17 23 30
Број на дел/артикл0 602 490 675 0 602 490 673 0 602 490 671
макс. вртежен момент при завртување во цврсти/меки материјали според ISO 5393Nm 17/13 23/20 30/28
Број на вртежи во празен од n_0 min ^-1 560 320 220
Номинален напон V 14,4 14,4 14,4
Правец на вртењеΩΩΩΩΩΩ
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 kg 1,5 1,5 1,5
Вид на заштита IP 20 IP 20 IP 20
Индустриски аголен одвртувач ANGLE EXACT 14CF 22CF 29CF
Број на дел/артикл0 602 490 690 0 602 490 693 0 602 490 691
макс. вртежен момент за тешко завртување во десен тек^A) Nm 10 16 20
Број на вртежи во празен од n_0 во десен тек^A) min ^-1 340 440 300
Номинален напон V 9,6 14,4 14,4
Правец на вртење
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 kg 1,0 1,5 1,5
Вид на заштита IP 20 IP 20 IP 20

A) При тек на лево, електричните алати се движат добавно и имаат понизок вртежен момент. Во согласност со односот на пренос на плоснатиот погон со гонет запчаник, се менуваат бројот на вртежи и вртежниот момент на алатот што се вметнува.

Ni-Cd пакување батерии9,69,612,012,014,414,4
Број на дел/артикл2 607 3358772 607 3356592 607 3358792 607 3353752 607 3358812 607 335655

Ni-Cd пакување батерии 9,6 9,6 12,0 12,0 14,4 14,4

Ni-MH пакување на батерии 9,6 12,0 14,4

Рамна глава на одвртувачотSWF ● 1/4"
Број на дел/артикл0 607 453 631
макс. вртежен момент при јако завртување според ISO 5393Nm6
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014kg0,22

Информации за бучава/вибрации

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-2.

Нивото на звучниот притисок на електричниот алат, оценето со А, типично изнесува 70 dB(A). Несигурност K = 3 dB. Нивото на звучниот притисок при работењето може да надмине и 80 dB(A).

Носете заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-2: завртување: a_n < 2,5 m/s^2 , K = 1,5 m/s^2 .

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото

на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

Монтажа

Обем на испорака

ANGLE EXACT 2|3|6|7|8|15|17|23|30

Овие индустриски батериски аголни одвртувачи се испорачуваат без алати за вметнување, аголна глава на одвртувач, рамна глава на одвртувачот, пакување батерии, полнач, регулатор на напон или струен адаптер.

Струјните адаптери треба да се употребуваат исклучиво за приклучување на индустриските аголни батериски одвртувачи од Bosch на регулатор на напон 4EXACT.

ANGLE EXACT 14CF | 22CF | 29CF

Индустрискиот батериски аголен одвртувач се испорачува без алати за вметнување, плоснат погон со гонет запчаник, меѓу-прирабница, пакувања батерии, полнач, регулатор или адаптер за напон.

Струјните адаптери треба да се употребуваат исклучиво за приклучување на индустриските аголни батериски одвртувачи од Bosch на регулатор на напон 4EXACT.

Работна околина и складирање

BOSCH ANGLE EXACT 22 CF Professional - Работна околина и складирање - 1

Електричниот алат е ислучиво наменет за употреба во затворени простории.

За беспрекорна работа, дозволената околна

температура треба да биде помеѓу -5 °C и +50 °C (23 °F и 122 °F) при дозволена релативна влажност на воздухот меѓу 20 и 95 % без кондензација.

Батеријата треба да се чува на температура меѓу 0 °C (32 °F) и 45 °C (113 °F), за да се избегнат штети на юелиите на батеријата.

Монтажа на аголната глава на одвртувачот

ANGLE EXACT 2|3|6|7|8|15|17|23|30

Кај овие индустриски батериски аголни одвртувачи најпрво мора да се монтира соодветна аголна глава на одвртувачот (види „Технички податоци“, Страница 245).

Осигурете се дека прекинувачот за правец на вртење стои на средината (блокада при вклучување) или дека батеријата е извадена од електричниот алат, пред да ја монтирате, поставите или демонтирате главата на одвртувачот.

Држете го цврсто електричниот алат со вилушкаст клуч (6) на површината на клучот (5) прирабницата на аголната глава.

▶ Никогаш не го затегнувајте електричниот алат на телото на кукиштето.

Поставете ја аголната глава на одвртувачот (3) во саканата позиција на прирабницата и со вилушкастиот клуч (4) цврсто завртете ја преклопната навртка на површината на клучот (19).

Притоа, со вилушкастиот клуч (6) држете наспроти прирабницата на аголната глава.

ANGLE EXACT 14CF | 22CF | 29CF

Кај овие индустриски батериски аголни одвртувачи најпрво мора да се монтира соодветен плоснат погон со гонет запчаник. Во продавниците постојат различни видови рамно погони.

Советувајте се со специјализираниот трговец за соодветниот рамен погон.

▶ Внимавајте на правилата за монтажа на рамниот погон.

Уред за закачување

Со држачот за закачување (8) може да го прицврстите електричниот алат на уредот за закачување.

Поставете го држачот за закачување (8) на електричниот алат и нека се вклопи во процепот (15).

▶ Редовно контролирајте ја состојбата на обрачот за закачување и куките на држачот за закачување.

Процес на полнење

Напомена: Полначите и батериите не се содржани во обемот на испорака.

Илустрираниот струен приключок може да се разликува од приключокот за вашиот електричен алат.

▶ Внимавајте, полначот и батеријата да се соодветни на струјната мрежа на вашата земја.

Приклучете го полначот (21) со струен приклучок (22) на електричното напојување и ставете ја батеријата (11) во правилната позиција во отворот за полнење на полначот.

He употребувајте сила при ставање/вадење на батеријата. Батерии со АРТ-контакт за приклучување (Akku Pack Top) се конструирани на тој начин, што може да се стават само во правилна позиција во електричниот алат или полнач.

Зелените LED-прикази (23) почнуват да трепкаат. Ова го покажува течењето на струјата за полнење. Процесот на полнење автоматски запира, доколку батеријата целосно е наполнета. Доколку зелените LED-прикази не трепкаат повеće, туку светат исто, процесот на полнење е завршен. Се слуша акустичен сигнал околу 2 секунди кој ја сигнализира целосната наполнетост на батеријата.

Непрекинато светло на црвените LED-прикази (24) сигнализира процес на полнење со редуцирана струја за полнење. Доколку црвениот LED-приказ трепка, не е можен процес на полнење.

Дефект – причини и помош

Причина Помош
LED-приказите не светат
Струјниот приключок на полначот не е (правилно) вметнатСтрујниот приключок (целосно) е вметнат во приключницата
Приключницата, струјниот кабел или полначот се дефектниПроверете го струјниот напон, а полначот оставете го на проверка во авторизирана сервисна служба за Bosch-електрични алати

Не е возможен процес на полнење

Температурата набатеријата не е водозволените границиПрилагодете јатемпературата набатеријата со ладење илистоплување во дозволенитеграници на температура

Причина Помош

помеfy 0 °C (32 °F) и 45 °C (113 °F)
Контактите на батеријата се извалканиИсчистете ги контактите на батеријата; на пр. повеće пати вметнете ја и извадете ја батеријата, ев. заменете ја
Дефектна батерија Менување на батеријата
Батеријата не е (правилно) вметнатаВметнете ја батеријата (целосно) во отворот за полнење

Напомена: Индустриските батериски аголни одвртувачи алтернативно може да се користат и со регулатор на напон.

Илустрираниот струен приклучок може да се разликува од приклучокот за Вашиот електричен алат.

▶ Внимавајте, регулаторот на напон мора да е соодветен на струјната мрежа во вашата земја.

Освен регулаторот на напон 4EXACT и соодветниот струен кабел, потребен Вие и струен адаптер со истиот номинален напон како и Вашиот одвртувач.

▶ Напонот на регулаторот на напон (LED-приказ) мора да биде во согласност со напонот на одвртувачет. Регулаторот на напон ислучиво е наменет за индустриските батериски одвртувачи од Bosch од сериите EXACT, ANGLE EXACT и BT-EXACT со напон помећу 9,6 V и 14,4 V. Инаку постои опасност од пожар и експлозија.

Приклучок на напојувањето со енергија

Напомена: Ве молиме внимавајте на тоа дека при испораката не е вметната ниту батерија ниту струен адаптер во електричниот алат.

▶ Не ги чувајте батериите во батериски уред.

Батериите траат подолго и подобро се полнат, доколку се чуваат одделно. По долгото чување, целосно наполнете ја батеријата пред употребата.

Полнење на батеријата

Наполнете ја батеријата пред ставањето во електричниот алат во соодветен полнач. Точниот опис на процесот на полнење погледнете го во упатството за употреба на полначот и напомените во ова упатство (види „Процес на полнење“, Страница 247).

Батеријата е опремена со NTC-контрола на температура, што дозволува полнење само во граници на температура помеѓу 0 °C (+32 °F) и 45 °C (+113 °F). Со тоа се постигнува долг рок на употреба на батеријата. Со правилна употреба батеријата може да се наполни до 3000 пати.

Новата батерија или батеријата што не е употребувана подолго време, полната јачина ја достигнува по околу 5 циклуси на полнење и празнење. Батериите треба да се дополнат, дури откако LED-приказот „Наполнетост на батеријата“ на електричниот алат свети црвено.

Ставање и вадење на батеријата

Притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (14) во средна позиција. Ова го фиксира прекинувачот за вклучување/исклучување (13) во позиција Ислучено, со што се спречува невнимателното вклучување на електричниот алат. Вметнете ја наполнетата батерија (11) во дршката на електричниот алат.

Внимавајте на тоа, батеријата да ја ставите во правилна позиција, и копчињата за отклучување (12) да се притиснат на дршката на електричниот алат.

He употребувајте сила при ставање/вадење на батеријата. Батерии со АРТ-контакт за приклучување (Akku Pack Top) се конструирани на тој начин, што може да се стават само во правилна позиција во електричниот алат или полнач.

За да ја извадите батеријата (11) притиснете на двете страни на копчињата за отклучување (12) и извлечете ја батеријата надолу од дршката.

Одберете го соодветниот струен адаптер за номинален напон на вашиот електричен алат.

Струјниот адаптер се разликува во зависност од напонот според бојата на кујиштето на D-Sub-приклучокот (26). Кујиштето на D-Sub-приклучокот за 9,6-V-напон е во светло сина боја и за 14,4-V-напон во црна боја.

Кукиштето на адаптерот (28) смее да се монтира или демонтира само доколку регулаторот на напон е исключен или во приклучок (26) изваден од регулаторот на напон во индустриските батериски одвртувачи.

Притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (14) во средна позиција. Ова го фиксира прекинувачот за вклучување/исклучување (13) во позиција Ислучено, со што се спречува невнимателното вклучување на електричниот алат.

Вметнете го кукиштето за адаптерот (28) во дршката на електричниот алат. Внимавајте на тоа, кукиштето за адаптерот да го ставите во правилна позиција, и копчињата за отлучување (12) да се притиснат на дршката на електричниот алат.

Потоа ставете го приклучокот (26) што одговара на струјниот адаптер на вашиот електронски алат во приклучниот конектор (25). Прицврстете го приклучокот (26) во приклучниот конектор (25), со затегање на двете завртки (27) со рака.

За да го извадите струјниот адаптер, одвртете ги двете завртки (27) од приклучокот (26) на исключениот

регулатор на напон и извлечете го приклучокот од приклучниот конектор (25).

На крај, притиснете на двете страни на копчињата за отклучување (12) и извлечете го кујиштето на адаптерот (28) од дршката на електричниот алат.

Замена на алатот кај завртка со брзозатегнувачката глава (види слика D)

▶ При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте на тоа тој да лежи цврсто во прифатот за алат. Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со прифатот на алат, може да се олабави и да се случаи да не може да се контролира.

ANGLE EXACT 2|3|6

За овие индустриски батериски аголни одвртувачи достапна е и рамна глава на одвртувают со 1/4"- брзозатегнувачка глава (број на артикл 0 607 453 631).

ANGLE EXACT 2|3|6|7|8|15

За овие индустриски батериски аголни одвртувачи достапна е и аголна глава на одвртувачот со 1/4"-брзо променлива глава (број на артикл 0 607 453 630).

Ставање на алатот за вметнување

Извлечете ја брзо променливата глава (29) нанапред. Ставете го алатот за вметнување (1) во прифатот за алат (2), и повторно олабавете ја брзо променливата глава. Користете само алати за вметнување со соодветен крај за вметнување (1/4"-шестаголна глава). Не се обидувајте да ја ставите дупчалката во оваа брзо променливата глава. Индустриските батериски аголни одвртувачи со една исключна спојка не се погодни за дупчење. Спојката може автоматски и без предупредување да се исклучи. Доколку продолжите да дупчите по исклучување на спојката, електричниот алат може да се повлече од дршката, додека исклучната спојка одново не се притисне.

Вадење на алатот за вметнување

Извлечете ја брзо променливата глава (29) нанапред. Извадете го алатот за вметнување (1) од прифатот за алат (2) и повторно олабавете ја брзо променливата глава.

Замена на алатот кај завртка со надворешна четириаголна глава

▶ При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте на тоа тој да лежи цврсто во прифатот за алат. Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со прифатот на алат, може да се олабави и да се случаи да не може да се контролира.

ANGLE EXACT 2|3|6|7|8|15

За овие индустриски батериски аголни одвртувачи достапна е и аголна глава за одвртувачот со 1/4"-четириаголна (број на артикл 0 607 453 617) како и аголна глава за одвртувачот со 3/8"-четириаголна (број на артикл 0 607 453 620).

ANGLE EXACT 17 | 23 | 30

За овие индустриски батериски аголни одвртувачи достапна е и аголна глава на одвртувают со 3/8"-четириаголна (број на артикл 0 607 451 618).

Ставање на алатот за вметнување

Притиснете ја навнатре чивијата на четириаголната глава на прифатот за алат (2), на пр. со помош на мал одвртувач и вметнете го алатот за вметнување (1) над четириаголната глава. Внимавајте чивијата точно да влезе во отворот на алатот за вметнување.

Вадење на алатот за вметнување

Притиснете ја навнатре чивијата во отворот на алатот што се вметнува (1) и извлечете го алатот за вметнување од прифатот за алат (2).

Замена на алатот кај завртка со внатрешна четириаголна глава (види слика E)

▶ При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте на тоа тој да лежи цврсто во прифатот за алат. Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со прифатот на алат, може да се олабави и да се случаи да не може да се контролира.

ANGLE EXACT 2|3|6|7|8|15

За овие индустриски батериски аголни одвртувачи достатна е и аголна глава на одвртувают со 1/4"-внатрешна шестоаголна глава 0 607 453 618).

Ставање на алатот за вметнување

Вметнете го алатот за вметнување (1) во внатрешната шестаголната глава на алатот за прифат (2), додека не се вклопи.

Вадење на алатот за вметнување

Извлечете го алатот за вметнување (1) од алатот за прифат (2), доколку е потребно со помош на клешти.

Употреба

BOSCH ANGLE EXACT 22 CF Professional - Употреба - 1

Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи.

Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто

се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.

Ставање во употреба

Доколку сакате да го стартувате електричниот алат, најпво треба да го подесите правецот на вртење со прекинувачот за правец на вртење (14):

Електричниот алат їе стартува, доколку прекинувачот за правец на вртење (14) не стои во средината (блокада при вклучување).

Подесување на правецот на вртење (види слика F)

- Активирајте го прекинувачот за менување на правецот на вртење (14) само кога електричниот алат е во мирување од.

Десен тек: За навртување на завртките, притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (14) на лево до крај.

Лев тек: За олабавување одн. одвртување на завртките притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (14) на десно до крај.

Вклучување на работното светло

Работното светло (18) овозможува осветлување на местото на завртување при неповолни светлосни услови. Работното светло го вклучувате (18) со лесно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (13). Доколку го притиснете посилно прекинувачот за вклучување/исклучување, Ѽе се вklучи електричниот алат, а работното светло и понатаму свети.

▶ Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.

Вклучување/исклучување

BOSCH ANGLE EXACT 22 CF Professional - Вклучување/исклучување - 1

Одвртувачите имаат спојка за исклучување која зависи од вртежниот момент и се подесува во дадените граници. Таа реагира доколку се постигне подесениот вртежен момент.

Напомена: Доколку го употребувате одвртувают со струјниот адаптер, најпрво мора да го активирате регулаторот на напон.

За вклучување на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (13) до крај. Електричниот алат автоматски се исклучува, штом се постигне подесениот вртежен момент.

▶ При предвремено отпуштање на прекинувачот за включување/исклучување (13) претходно подесениот вртежен момент нема да се постигне.

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

▶ Електричниот алат ставете го на навртката/завртката само доколку е ислучен. Доколку алатите што се вметнуваат се включени и се вртат, тие може да се превртат.

Подесување на вртежниот момент (види слики G - I)

Вртежниот момент зависи од преднапонот на пружината на исклучната спојка. Исклучната спојка се отпушта веднаш штом се постигне поставениот вртежен момент како во десен, така и во лев тек.

За подесување на индивидуалниот вртежен момент, користете го само алатот за поставување (30) што е испорачан со уредот.

Турнете го лизгачот (7) од електричниот алат целосно наназад.

ANGLE EXACT 2|3|6|7|8|15|17|23|30

Вметнете клуч со внатрешна шестаголна глава (31) во алатот за вметнување (30) и свртете го полека. Веднаш штом забележите мала испакнатина во отворот на кујиштето (плочка за подесување (32)) на спојката, вметнете го алатот за поставување (30) во оваа испакнатина и свртете го.

ANGLE EXACT 14CF | 22CF | 29CF

Внимавајте на информациите во врска со купениот рамен погон или прашајте го специјализираниот трговец. Вртењето во правец на стрелките на часовникот создава висок вртежен момент, а вртењето во правец спротивен од стрелките на часовникот создава помал вртежен момент.

Извадете го алатот за поставување (30). Турнете го лизгачот (7) повторно нанапред, за да ја заштитите спојката од нечистотија.

Напомена: Потребната поставка зависи од видот на сврзувањето и најдобро може да се одреди со практичен обид. Проверете го завртувањето со клуч за вртежен момент.

▶ Вртежниот момент поставете го само во наведените граници на јачина, инаку нема да одговара на спојката за исклучување.

Обележување на поставките на вртежниот момент

ANGLE EXACT 2 | 3 | 6 | 7 | 8 | 14CF | 15 | 17 | 22CF | 23 | 29CF | 30

За обележување на индивидуално подесен вртежен момент, прстенот за обележување (17) може да го замените со прстен за обележување во друга боја. Доколку, на пример, користите неколку EXACT-електрични алати со вртежен момент од 4,5 Nm, може да ставите црвени прстени за обележување за означување на вртежниот момент. Доколку користите други EXACT-електрични алати во друго поле на монтажа, чиј вртежен момент е подесен на 7,5 Nm, може да ставите прстен за обележување во друга боја (црн, син, зелен или жолт), за да го означите вртежниот момент во ова поле. Прстените за обележување во различна боја се смислени за помош на монтерите, за брзо да може да ги препознаат, кој вртежен момент е поставен за односниот електричен алат.

Притиснете го прстенот за обележување (17) со тенок одвртувач, шпатула или слично.

Секогаш користете го електричниот алат со прстен за обележување, за да бидете сигурни дека куќиштето е заштитено од прав и нечистотија.

LED-приказ

BOSCH ANGLE EXACT 22 CF Professional - LED-приказ - 1

Приказ на наполнетоста на батеријата Доколку е потребно полнење на батеријата (11) LED-приказот (10) трепка зелено и се слуша акустичен сигнал. Можни се само 6 –

8 завртувања.

Доколку LED-приказот свети црвено, капацитетот нема да биде доволен за ново завртување на спојници или електричниот алат е преоптоварен. Електричниот алат не може да се вклучи. Блокадата при вклучување останува

активна, се додека не се извади батеријата од електричниот алат и повторно не се стави наполнета батерија.

Доколку работите со струен адаптер, црвениот LED- приказ (10) покажува преоптоварување.

Доколку LED-приказот (10) трепка црвено, електричниот алат е прегреан и престанал да работи. Почекајте додека трепкањето не престане автоматски по некое време, пред повторно да го включите електричниот алат.

Скратеното време на работа на електричниот алат по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Употребените батерии отстранете ги според законските/одредбите во зависност од земјата.

BOSCH ANGLE EXACT 22 CF Professional - LED-приказ - 2

Приказ за завртување на спојниците

Со постигнување на претходно поставениот вртежен момент, исклучната спојка се отпушта. LED-приказот (9) свети зелено.

Доколку претходно поставениот вртежен момент не се постигне, LED-приказот (9) свети црвено и се слуша звучен сигнал. Завртувањето на спојниците мора да се изведе уште еднаш.

Заштита од рестартирање

Доколку при завртувањето на спојниците се активира спојката за исклучување, моторот се исклучува.

Повторното вклучување е возможно дури по 0,7 секунди пауза. Притоа се избегнува невнимателно зацврстување на веке фиксираните спојници.

Подесување на аголната глава на одвртувачот

ANGLE EXACT 2|3|6|7|8|15|17|23|30

Аголната глава на одвртувачот (3) може да ја подесите во вкупно осум позиции.

Држете го цврсто електричниот алат со вилушкаст клуч (6) на површината на клучот (5) прирабницата на аголната глава.

▶ Никогаш не го затегнувајте електричниот алат на телото на кукиштето.

Со вилушкаст клуч (4) олабавете ја преклопната навртка на површината на клучот (19). Поставете ја аголната глава на одвртувачот (3) за околу 45° во саканата позиција, и со вилушкастиот клуч (4) повторно затегнете ја преклопната навртка на површината на клучот (19).

Притоа, со вилушкастиот клуч (6) држете наспроти прирабницата на аголната глава.

ANGLE EXACT 14CF | 22CF | 29CF

Внимавајте на информациите во врска со купениот ramен погон или прашајте го специјализираниот трговец.

Подесување на LED-работната светилка (види слика J)

ANGLE EXACT 2 | 3 | 6 | 7 | 8 | 14CF | 15 | 17 |

22CF|23|29CF|30

Притиснете го прстенот за обележување (17) со тенок одвртувач, шпатула или слично. Притиснете го сигурносниот прстен (33) со клешти за сигурносен прстен наназад на телото на кукиштето.

Двете половини на телото на LED-држачот (16), кои го опфакаат LED-работното светло (18) може да се постават во која било сакана позиција. Внимавајте на тоа, да не го оштетите кабелот на LED-работното светло и вметнете го, без да го виткате, во предвидената шуплина (34) во телото на куќиштето. Повторно опфатете го LED-работното светло (18) со двете тела на куќиштето на LED-држачот (16).

Повторно притиснете го назад сигурносниот прстен (33) и прстенот за обележување (17) во првобитната позиција.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

Подмачкување на електричниот алат

BOSCH ANGLE EXACT 22 CF Professional - Подмачкување на електричниот алат - 1

средство за подмачкување:

Специјална маст за погони (225 ml)

– По првите 150 работни часа, исчистете го кукиштето со растворувач. Следете ги напомените на производителот на растворувачот за користење и фрлање. На крај подмачкајте го кукиштето со специјална маст за погони од Bosch. Повторете го процесот на чистење по околу 300 работни часа од првото чистење.

– Подмачкајте ги подвижните делови на спојката за исклучување по 100000 завртувања со неколку капки моторно масло SAE 10/SAE 20. Подмачкајте ги лизгачките делови и оние што се тркалаат со моликотна маст. Проверете дали е изабена спојката, за да се осигурате дека нема да влијае на повторливоста и прецизноста. На крај, мора одново да се постави вртежниот момент на спојката.

▶ Одржувањето и поправката треба да се изведуваат само од страна на квалификуван стручен персонал. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на електричниот алат.

Овластената сервисна служба на Bosch овие работи ги извршува брзо и сигурно.

▶ Средствата за подмачкување и чистење отстранете ги на еколошки прифатлив начин. Внимавајте на законските прописи.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch ke ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Македонија

Д.Д.Електрис

Електричните алати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH ANGLE EXACT 22 CF Professional - Македонија - 1

Не ги фрлајте електричните алати и батериите во домашната канта за отпадоци!

Само за земјите од ЕУ:

Според европейката регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одденно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.

Батерии:
BOSCH ANGLE EXACT 22 CF Professional - Само за земјите од ЕУ: - 1

BOSCH ANGLE EXACT 22 CF Professional - Само за земјите од ЕУ: - 2

text_image Ni-MH

Ni-Cd: Никел-Кадмиум

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : ANGLE EXACT 22 CF Professional

Категорија : шрафцигер