Combi 743 Q AE Kit - кошачка за трева STIGA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Combi 743 Q AE Kit STIGA во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот кошачка за трева во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Combi 743 Q AE Kit - STIGA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Combi 743 Q AE Kit на марката STIGA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Combi 743 Q AE Kit STIGA
Тревокосачка на батерии со оператор на нозе УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА ВНИМАНИЕ: прочитајте го внимателно ова упатство пред да ја користите машината.
- Precīza vērtība ir norādīta mašīnas identikācijas datu plāksnītē. [1] MK - ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ [2] Номинална моќност * [3] Максимална брзина при работа на моторот * [4] МАКСИМАЛЕН напон [5] НОМИНАЛЕН напон [6] Тежина на машината * [7] Обем на косење [8] Код на уредот за сечење [9] Ниво на звучен притисок [10] Мерна несигурност [11] Измерено ниво на акустична моќност [12] Ниво на загарантирана звучна моќност [13] Ниво на вибрации [14] Дополнителна опрема [15] Комплет за „мелење“ [16] Батерии, модели [17] Полнач за батерија, модел [18] Табела за точната комбинација на батерии
- За одреден податок, проверете дали истиот е посочен на етикетата за идентификација на машината. [1]
3.1.1 Предвидена употреба
Во ова упатство одредени поглавја содржат важни информации во однос на безбедноста и на функционалноста и се нагласени на следниот начин: ЗАБЕЛЕШКА ИЛИ ВАЖНО даваат детални или дополнителни информации за она што е претходно наведено, со цел да се спречи оштетување на машината. Овој симбол укажува на опасност. Непочитувањето на предупредувањето може да доведе до лична повреда или повреди на трети лица и/или штети. Пасусите означени со сиво квадратче посочуваат на опционални карактеристики коишто не се присутни кај сите модели дадени во ова упатство. Проверете дали се достапни карактеристики за овој модел. Сите индикации „напред“, „назад“, „десно“ и „лево“ се дадени во однос на позицијата за работа на операторот.
Сликите во ова упатство за употреба се нумерирани со 1, 2, 3, и така натаму. Компонентите посочени на сликите се означени со буквите А, B, C и така натаму. Насоката за компонентата C на сликата 2 се означува со изразот: „Видете на сл. 2.C“, или поедноставно „(слика 2.C)“. Сликите се само за пример. Вистинските делови може да се разликуваат во однос на оние на сликата.
Упатството е поделено на поглавја и пасуси. Насловот на пасус „2.1 Обука“ е поднаслов на „2. Безбедносни
Насоките за насловите или пасусите се означени со кратенки погл. или пас. и со соодветниот број. Пример: „погл. 2“ или „пас. 2.1„
Запознајте се со командите и правилното користење на машината. Научете брзо да го запирате моторот. Непридржувањето кон предупредувањата и кон упатството може да предизвикаат пожар и/или сериозни повреди.
- Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат машината, или други лица што не се запознаени со овие упатства. Локалните закони може да предвидат минимална возраст за управување со машината.
- Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години, но и лица со намалени физички, сензорни и ментални способност или лица коишто немаат доволни познавања само доколку се под надзор или се подучувани за употребата на апаратот на безбеден начин и ги разбираат можните опасности. Децата не смее да си играат со апаратот. Децата не смее да го спроведуваат редовното чистење и одржување доколку не се под надзор.
- Никогаш не ја користете машината доколку корисникот е изморен или изнемоштен, или користел лекови, дрога, алкохол или други штетни супстанци ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!: ПРЕД УПОТРЕБА НА МАШИНАТА, ПРОЧИТАЈТЕ ГО ВНИМАТЕЛНО СЛЕДНОВО УПАТСТВО. Да се сочува за понатамошна употреба.
1.1 Како да се чита упатството ............................. 1
2.4 Одржување, складирање ................................ 2
3.1 Опис на машината и предвидена употреба ... 3
4.2 Монтирање на рачка ......................................... 5
5.1 Безбедносен клуч (уред за дезактивирање) 5
5.2 Рачка ................................................................... 5
5.3 Регулација на висината на косењето ............. 6
6.5 Запирање на машината .................................... 7
7.5 Чистење на филтерот за воздух ..................... 9
8. ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ ....................................... 9
8.1 Уред со сечивото ............................................... 9
9. СКЛАДИРАЊЕ ............................................................ 9
9.1 Одложување на машината............................... 9
9.2 Одложување на батеријата ............................. 9
12.1 За машини со електронска контрола ........... 10
што можат да ги забават неговите рефлекси и да ја загрозат неговата способност за пресуда.
- Не пренесувајте деца или други патници.
- Имајте на ум дека корисникот е одговорен за незгодите или опасноста по други лица или нивниот имот. Во опсегот на одговорности на операторот спаѓа и проценката на можните ризици на теренот каде треба да се работи и затоа преземете ги сите неопходни безбедносни мерки за да ја гарантирате својата, но и безбедноста на другите особено на закосени, нерамни, лизгави или нестабилни терени.
- Во случај кога во опкружувањето на машината има други лица, проверете дали корисникот ги почитува упатствата што се содржани во ова упатство.
- Носете соодветна облека, заштитни чевли со нелизгачки ѓон и долги пантолони. Не вклучувајте на машината со боси нозе или со отворени сандали. Носете заштитни слушалки за слухот.
- Употребата на акустична заштита ја намалува можноста да ги слушнете можните предупредувања (повикување или аларми). Обрнувајте исклучително внимание на она што се случува околу областа за работа.
- Носете ракавици за работа во сите ситуации каде има ризик за рацете.
- Не носете марами, наметки, ремени, бразлетни, облека со лелеави делови или со врвки и врски и слични додатоци што висат или се долги и би можеле да се закачат за машината или за предмети и материјали кои се производ на работата.
- Соодветно приберете ја косата доколку е долга. Област за работа/машина
- Проверете ја темелно целата површина за работа и отстранете сè што би можело да биде исфрлено од машината и да ги оштети сечилата/ротирачки делови (камења, гранки, железни остатоци, коски, итн.).
- Не користете ја машината во средина каде постои ризик од експлозија, во присуство на запаливи материи, гасови или нечистотија. Електричните делови предизвикуваат искри што може да ги запалат нечистотиите или испарувањата.
- Работете само на дневна светлина или при добро вештачко осветление и при услови на добра видливост.
- Оддалечете ги лицата, децата и животните од областа за работа. Не може да се чуваат деца додека се користи на машината, тие треба да бидат чувани од друго лице.
- Избегнувајте да работите на влажна трева, кога врне и кога има ризик од временска непогода, особено грмотевици.
- Не изложувајте ја машината на дожд или влажни услови. Водата што може да навлезе во електричниот дел го зголемува ризикот од електричен удар.
- Обрнете особено внимание на нерамнините на теренот (угорници, дупки), закосувањата, сокриени опасности и на присуството на дадени опасности коишто може да ја попречат видливоста.
- Обрнете особено внимание во присуство на стрмнини, дупки или препреки. Машината може да се преврти ако едното тркало поминува преку раб или ако работ е закосен.
- Работете секогаш надолжно во однос на косината, во правец нагоре/надолу, но никогаш попреку внимавајќи при тоа на менувањето на правецот одржувајќи правилна потпора и да избегнувате тркалата да удираат на пречки (камења, гранки, корења и сл.) со што може да се предизвика странично лизгање, превртување или загуба на контролата врз машината.
- Внимавајте на сообраќајот кога машината се користи во близина на пат.
- Обрнете внимание кога одите во рикверц или наназад. Погледнете зад вас пред и при движење наназад за да обезбедите дека нема никакви пречки.
- Никогаш не трчајте, туку одете.
- Избегнувајте да ја влечете тревокосачката.
- Секогаш држете ги рацете и нозете подалеку од сечилата, особено при стартување и работење со
- Внимание: сечилото продолжува да се врти уште неколку секунди откако ќе се исклучи или откако ќе го изгаснете моторот.
- Држете растојание од отворот за исфрлање. Доколку нешто се скрши или дојде до несреќа во текот на косењето, веднаш исклучете го моторот и оддалечете ја машината за да спречите понатамошна штета; Во случај на инцидент со лична повреда или повреда на трето лице, пристапете веднаш кон постапката за давање најсоодветна прва помош за дадената состојба и обратете се во соодветен центар за здравствена заштита за неопходно лекување. Отстранете ги темелно сите остатоци од косењето што може да предизвикаат дефект или повреди на лица или животни ако останат незабележано во машината. Ограничување при употреба
- Никогаш не ракувајте со машината кога обезбедувачите се оштетени, нецелосни или неправилно монтирани (корпа за трева, обезбедувачи за странично исфрлање, обезбедувачи за задно исфрлање).
- Не користете ја машината ако дополнителната/ помошната опрема не е поставена на дадените точки.
- Не исклучувајте, деактивирајте, вадете го манометарот и поставените безбедносни системи/ микропрекинувачи.
- Не изложувајте ја машината на непотребни сили и не користете мала машина за изведување тешки работи; адекватно користење на машината го намалува ризикот и го подобрува квалитетот на работата.
2.4 ОДРЖУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ
Редовно одржувајте и правилно складирајте ја машината за да ја одржите безбедноста на машината и нивото на работа.
- Никогаш не користете ја машината со користени или оштетени делови. Оштетените или дефектните делови треба да се заменат, никогаш да не се поправаат.
- Во текот на операциите за регулирање на машината, обрнете внимание и избегнувајте прстите да ви се наоѓаат заглавени во уредот со сечивото во движење и фиксните делови на машината. Дадените нивоа за бучава и вибрации во ова упатство се максимални вредности при употреба на машината. Употребата на сечило коешто не е стабилно, движењето со преголема брзина, неодржувањето на машината значително влијаат врз емисијата на бучава или вибрации. Затоа, неопходно е да применувате заштитни мерки за да елиминирате можни оштетувања заради зголемена бучава или значителни вибрации; Редовно одржувајте ја машината, носете слушалки против бучава и правете паузи во работата.
- За намалување на ризикот од оган, не оставајте полни контејнери со остатоци во просторијата.
2.5 АКУМУЛАТОР / ПОЛНАЧ ЗА АКУМУЛАТОРОТ
ВАЖНО Следните безбедносни мерки ги опфаќаат безбедносните барања наведени во упатството за батеријата и за полначот на батеријата, доставени со машината.MK - 3
- Користете само полначи за полнење на батериите што ги препорачува производителот. Несоодветен полнач за батеријата може да предизвика електричен удар, прегревање или протекување на корозивната течност од батеријата.
- Користете само батерии со спецификации што се предвидени за вашиот апарат. Употреба на други батерии може да предизвика повреди и ризик од
- Проверете дали апаратот е исклучен пред да ја ставите батеријата. Ставање батерија во вклучен електричен апарат може да предизвика пожар.
- Чувајте ја батеријата што не ја користите подалеку од канцелариски прибор, пари, клучеви, игли, навртки и други мали метални предмети што може да предизвикаат краток спој на контактите. Краток спој на контактите на батеријата може да доведе до експлозија и пламен.
- Не го користете полначот за акумулатор на места каде што има запаливи пареи, супстанции или лесно запаливи површини, како што се хартија, ткаенина и слично. За време на полнењето, акумулаторот се загрева и може да предизвика пожар.
- За време на транспорт на акумулаторите, обрнете внимание контактите да не дојдат во спој меѓу себе и не користете метални кутии за транспорт.
2.6 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина мора да биде приоритет при користењето на машината, во корист на заедницата и животната средина во која живееме.
- Не го нарушувајте мирот во околината каде живеете. Користете ја машината само во разумно време (не многу рано наутро и доцна навечер кога може да ги вознемирите луѓето).
- Почитувајте ги локалните прописи за отстранување на пакувањето, искористените делови или други делови што имаат силно влијание врз животната средина овие отпадоци не се фрлаат во ѓубре, туку треба да бидат разделени и да се достават до соодветни центри за собирање на истите, кои ќе се погрижат за рециклирање на материјалите.
- Придржувајте се до локалните одредби за отстранување на отпадни материјали.
- При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината каде било во природата, туку предајте ја во собирен центар во согласност со важечките локални закони. Не фрлајте ги електричните апарати заедно со домашен отпад. Во согласност со Европската директива 2012/19/EU за отпадна електрична и електронска опрема и нејзина имплементација во согласност со националните стандарди, старата електрична опрема мора да се собира посебно, за еко-компатибилно рециклирање. Ако електричните апарати се одложат на ѓубриште или на земја, штетните состојки може да стапат во контакт со елементите во почвата и да навлезат во синџирот на исхрана, со што ќе се нарушат вашето здравје и благосостојбата. За подетални информации околу фрлањето на овој производ, контактирајте со компетентни институции за фрлање домашен отпад или со застапникот. Откако ќе ѝ помине рокот на употреба, извадете ја батеријата обрнувајќи внимание на животната средина. Батеријата содржи материјал што е опасен за вас и за средината. Треба да се извади и расклопи во засебен сад што може да содржи литиумски јони. Засебното собирање на производите и искористените пакувања овозможува рециклирање на материјалите и повторна употреба. повторната употреба на рециклираните материјали спречува штета на животната средина и ја намалува потребата за примарни материјали.
Оваа машина е тревокосачка со оператор што се
Машината во основа се состои од мотор којшто ги придвижува сечилата затворен во куќиште, и исто така е опремена со тркала и рачка. Операторот е во позиција да управува со машината и да ги вклучува главните команди држејќи се секогаш зад ракофатот и на безбедно растојание од ротирачкиот уред со сечивото. Оддалечувањето на операторот од машината предизвикува запирање на и на ротирачкиот уред по неколку секунди.
3.1.1 Предвидена употреба
Оваа машина е наменета и изработена за косење (и собирање) трева во градина и тревни површини, со висина според нејзиниот капацитет за косење, управувана од оператор кој оди зад неа. Генерално, оваа машина може:
1. Да коси трева и остатокот да го собере во вреќата
на корпата за трева.
2. Да коси трева и да ја исфрли на земјата преку
3. Да коси трева и да ја исфрли на земјата преку
страничниот отвор (доколку има).
4. Да коси трева, да ја кастри и да ја исфрли на земја
(ефект на мулчирање - доколку има). Употребата на одредена дополнителна опрема којашто ја предвидел производителот како оригинална опрема и делови што се набавуваат засебно, дозволуваат да ја завршите оваа работа на различни работни начини, претставени во ова упатство и во упатството што се доставува со дадената дополнителна опрема.
3.1.2 Несоодветна употреба
Која и да е друга употреба, поинаква од горенаведените, може да претставува опасност и да предизвика повреди и штети за лица и/или предмети. Примери за несоодветна употреба вклучуваат, но не се ограничени на: – Транспорт на други лица, деца или животни со машината, кои може да паднат и да се здобијат со тешки повреди или да го попречат безбедното управување. – Транспорт на машината. – Употреба на машината за влечење или буткање товар. – Вклучување на уредот со сечивото врз терени на кои нема трева. – Употреба на машината за собирање на лисја или остатоци. – Употреба на машината за порамнување огради или за косење вегетација што не е трева. – Употреба на машината од страна на повеќе луѓе. ВАЖНО Несоодветната употреба на косилката ќе ја поништи гаранцијата, и ќе го ослободи Производителот од сите одговорности, а со тоа корисникот ќе стане одговорен за сите штети и повреди кон себе и кон другите лица.
3.1.3 Вид на корисник
Оваа машина е наменета да ја користат корисници, т.е. оператори коишто не се професионалци. Наменета е за „домашна употреба“. ВАЖНО Машината мора да се користи само од еден оператор.MK - 4
Опасност! Опасност од исфрлени
Опасност! Опасност од сечење.
Внимавајте на уредот со сечивото
ВАЖНО Сите оштетени или нечитливи налепници мора да се заменат. Нарачајте резервни налепници од Овластениот сервисен центар.
ВАЖНО Наведете ги податоците од етикетата за идентификација на производот секогаш кога ќе го контактирате Овластениот сервисен центар. ВАЖНО Примерот од Изјавата за сообразност е даден на последните страници од упатството.
Обезбедувачот за странично исфрлање (доколку има):
Каналот за странично исфрлање (доколку
Рачка за вклучување на погонот (доколку
L. Вратичка за пристап до одделот за
Безбедносен клуч (Уред за деактивирање):
Строго придржувајте се до индикациите и безбедносните норми опишани во погл. 2.
Распакувањето и целата монтажа треба да се извршат на рамна и стабилна површина со доволно простор за поместување на машината и на амбалажата.. Не користете ја машината пред да завршите со сите постапки наведени во поглавјето „МОНТИРАЊЕ“.
3. Извадете ги од кутијата сите делови што не се
4. Фрлете ги кутијата и амбалажата согласно
локалните одредби. Пред да започнете со монтирање, уверете се дека безбедносниот клуч не е вметнат во клучалката.
4.2 МОНТИРАЊЕ НА РАЧКА
Монтирајте ја рачката според насоките дадени на (Сл.4), (Сл.5) и (Сл.6).
4.3 МОНТИРАЊЕ НА КОРПАТА ЗА ТРЕВА
Монтирајте ја корпата за трева како што е прикажано на (Сл.7).
ДЕЗАКТИВИРАЊЕ) Клучот (Сл.8.A) што се наоѓа во делот за акумулаторот, го вклучува / исклучува електричното коло на
Со вадење на клучот, комплетно се дезактивира електричното коло за да се спречи неконтролирана употреба на машината. ВАЖНО Извадете го безбедносниот клуч секогаш кога не ја користите машината. За одредени модели, доколку е потребно, свртете го клучот во позиција „ON“ за да го активирате електричното коло на машината за да ја стартувате. Со завртување на клучот на „OFF“, електричното коло на машината целосно се деактивира, за да се спречи неконтролирана употреба на машината.
Рачката за операторот(Сл.9.A) ги активира сечилата. Се наоѓа пред другата рачката. Притиснете го безбедносното копче (Сл.9.C) и повлечете ја рачката за операторот кон другата рачка за да ги стартувате сечилата. Кога рачката за операторот е отпуштена, моторот автоматски запира и сите функции се оневозможени. ЗАБЕЛЕШКА Вклучувањето на сечилата е можно само ако го притиснете жолтото копче на десната страна на рачката и доколку ја придвижите рачката за операторот кон другата рачка.
5.2.2 Копче за палење
Копчето за палење (сл.10.A) се користи за:
Стартување на машината. Со притискање на копчето (Сл.10.A) се пали ЛЕР (Сл.10.B) и машината е подготвена за
ЗАБЕЛЕШКА Машината може само да се вклучи доколку рачката за операторот и рачката за погон се отпуштени. ЗАБЕЛЕШКА Ако машината не се користи, ЛЕР ќе се исклучи по 15 секунди и треба да ја повторите горенаведената
Вклучување на уредот со сечивото. ЗАБЕЛЕШКА Вклучувањето на сечилата е можно само ако ја притиснете рачката за операторот кон другата рачка (види пас. 6.3).
Исклучување на сечилата. Кога сечилата се вклучени, отпуштете ја рачката за операторот (Сл.10.A); сечилата запираат, но машината продолжува да работи.
5.2.3 Рачка за ВКЛУЧУВАЊЕ на погон
ВАЖНО Моторот треба секогаш да се стартува со исклучен погон. Го активира движењето на тркалата и дозволува движење на машината. Се наоѓа зад рачката. Активиран погон. Косилката се движи нанапред кога рачката е повлечена кон рачката за управување (Сл.9.A). Косилката запира да се движи нанапред кога рачката е отпуштена. ВАЖНО Избегнувајте придвижување на машината наназад кога погонот е ВКЛУЧЕН. За одредени модели, брзината нанапред може да се прилагоди со избирачот што се наоѓа на десната страна од рачката (Сл.10.C). Може да се изберат 6 различни нивоа на брзина.
Минимална брзина (околу 2,5 км/ч). ЗАБЕЛЕШКА Последното избрано ниво на брзина останува поставено дури и откако ќе се исклучи машината.MK - 6
Функцијата „ЕКО“ овозможува заштеда на енергија во текот на косењето на тревата и оптимална автономија на батеријата. Притиснете го копчето (Сл.10.D) за да го активирате или деактивирате „Еко"
Овој режим автоматски се деактивира секојпат кога ќе се отпушти рачката за оператор. ЗАБЕЛЕШКА_Употребата на функцијата „ЕКО“ не се препорачува во услови на отежнато косење (косење на густа, висока или влажна трева).
5.3 РЕГУЛАЦИЈА НА ВИСИНАТА НА КОСЕЊЕТО
Со подигање и спуштање на шасијата, тревата може да се коси на различни висини. Извршете ја оваа операцијата кога сечилото е во мирување. Регулацијата на висината на косење се изведува со помош на соодветната рачка (сл.11.A) којашто ја подигнува или спушта шасијата на саканата висина.
6. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
ВАЖНО За инструкции што се однесуваат на батеријата, погледнете во соодветното упатство.
6.1 ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Уверете се дека безбедносниот клуч не е вметнат во клучалката. Ставете ја машината хоризонтално и стабилна на теренот.
6.1.1 Контрола на батеријата
Пред да ја користите машината за првпат по купувањето, оставете батеријата да се наполни до крај согласно насоките дадени во упатството за батеријата. Пред секоја употреба, проверете ја состојбата на полначот за батеријата следејќи ги насоките посочени во упатството за батеријата.
6.1.2 Подготовка на машината пред
започнување со работа ЗАБЕЛЕШКА Оваа машина може да се користи за косење трева на различни начини. a. Подготовка за косење трева и собирање во корпата за трева:
1. За модели со странично исфрлање: проверете
дали обезбедувачот (Сл. 12.A) е спуштен и блокиран со помош на безбедносната рачка (Сл. 12.B).
2. Вметнете ја корпата за трева (Сл.12.C).
b. Подготовка за косење трева и задно исфрлање на земја:
1. Подигнете го обезбедувачот за задно исфрлање
(Сл.13.A) и вметнете го клинот (Сл.13.B).
2. За модели со опција за странично исфрлање:
проверете дали обезбедувачот (Сл. 13.C) е спуштен и блокиран со помош на безбедносната рачка (Сл. 13.D). За да го извадите клинот: види Сл.13.A/B. c. Подготовка за косење трева и кастрење (функција на мулчирање): Подигнете го обезбедувачот за задно исфрлање (Сл.14.A) и вметнете го капакот за каналот (Сл.14.B) во отворот за исфрлање, оставајќи го малку навален надесно; потоа прицврстете го со вметнување на двете иглички (Сл.14.B.1) во соодветните отвори, додека не слушнете кликнување. За модели со опција за странично исфрлање: проверете дали обезбедувачот за странично исфрлање (Сл. 14.C) е спуштен и блокиран со помош на безбедносната рачка (Сл. 14.D). d. Подготовка за косење трева и странично исфрлање на земја:
1. Подигнете го обезбедувачот за задно исфрлање
(Сл.15.A) и вметнете го капакот за каналот (Сл.15.B) во отворот за исфрлање, оставајќи го малку навален надесно; потоа прицврстете го со вметнување на двете иглички (Сл.15.B.1) во соодветните отвори, додека не слушнете кликнување.
2. Нежно притиснете ја безбедносната рачка
(Сл.15.C) и подигнете го обезбедувачот за странично исфрлање (Сл.15.D).
3. Вметнете го каналот за странично исфрлање
4. Затворете го обезбедувачот за странично
исфрлање (Сл.15.D) за да се блокира каналот за странично исфрлање (Сл.15.E). За да го извадите каналот за странично исфрлање:
5. Нежно притиснете ја безбедносната рачка
(Сл.15.C) и подигнете го обезбедувачот за странично исфрлање (Сл.15.D).
6. Ослободете го каналот за странично исфрлање
Секогаш вршете ги безбедносните контроли пред работа.
6.2.1 Безбедносна проверка пред секоја
- Проверете ја стабилноста на машината и проверете дали сите нејзини делови се правилно монтирани;
- уверете се дека сите спојки се правилно затегнати;
- одржувајте ја чиста и сува површината на машината.
машината и вклучете ги сечилата (пас.6.3).
2. Отпуштете ја рачката
за операторот (Сл.21 A).
1. Уредот со сечивото
автоматски и брзо да се врати во неутрална позиција, моторот треба да се исклучи и сечилата треба да запрат за неколку секунди.MK - 7
машината (пас. 6.3) и ракувајте со погонската рачка (пас. 5.2.3).
2. Пуштете ја рачката
1. Тркалата ја движат
застануваат и четката престанува да се движи. Пробно возење Нема чудни вибрации. Нема чудни звуци. Ако некој од резултатите не е ист како што е посочено во табелата, не ја користете машината! Контактирајте го Овластениот сервисен центар за проверка и поправка, доколку е потребно.
ЗАБЕЛЕШКА Стартувајте ја машината на рамна површина, исчистена од препреки и висока трева.
1. Отворете го капакот за пристап до отворот за
акумулаторот (сл.16.A).
2. Правилно поставете ги батериите во нивните
куќишта (Сл. 7.2.3.A) притискајќи надолу докрај сè додека не слушнете звук на кликнување и проверете го електричниот контакт.
3. Вметнете го безбедносниот клуч докрај
(Сл.17.A). Доколку е потребно, завртете го клучот во позиција „ON“.
4. Затворете ја докрај вратичката.
5. За модели за кои е потребно да се користи
копче за стартување, користете го копчето за вклучување (сл. 18.A). ЛЕР останува вклучен уште 15 секунди.
6. Вклучете го сечилото така што прво ќе го
притиснете безбедносното копче (Сл.19.A), а потоа и рачката за операторот (Сл.19.B).
7. За стартување, притиснете ја рачката за
ВАЖНО Во текот на работата, секогаш одржувајте безбедно растојание од сечилото, според должината на рачката. Преостанатата енергија на акумулаторот (тревникот може да се искоси пред повторно полнење) зависи од повеќе фактори, опишани во (пас. 7.2.1). За време на користењето се прикажува статусот на полнење на акумулаторот (преостанат процент на полнење) (Сл.10.E). ВАЖНО Доколку моторот престане да работи за време на косењето заради прегревање, почекајте околу 5 мин. пред повторно да го вклучите.
Започнете да се движите нанапред и да ја косите тревата.
Подесете ја брзината и висината на косење (пас. 5.3) во однос на состојбата на тревникот (висина, густина и влажност на тревата), и количината на тревата што треба да се искоси. За модели со сила на влечење (пас. 5.2.3): Се препорачува да избегнувате косење на стрмнини поголеми од 15°.
Изгледот на тревникот ќе има поубав изглед ако косењето се изведува секогаш на иста висина и наизменично во два правци (сл.20). За странично исфрлање: се препорачува да го следите патот, за да не ја исфрлате искосената трева на страната на тревникот што не е уште
За мулчирање или задно исфрлање на трева:
- Секогаш избегнувајте да косите огромна количина на трева. Никогаш не косете повеќе од една третина од вкупната висина на едно поминување (сл.20).
- Одржувајте ја шасијата секогаш чиста (пас. 7.3.1).
6.4.2 Празнење на корпата за трева
За корпа за трева со индикатор: Подигната =
дека корпата за трева е полна и треба да се
За вадење и празнење на корпата за трева:
1. Почекајте да застане сечилото;
2. Извадете ја корпата за трева (Сл.25.A).
6.5 ЗАПИРАЊЕ НА МАШИНАТА
За да ја исклучите машината:
Отпуштете ја рачката за операторот (Сл.21 A).
2. За модели за кои е потребно да се користи
копче за стартување, користете го копчето за вклучување (сл. 18.A).
Почекајте да застане сечилото. Откако ќе ја запрете машината, треба да поминат неколку секунди пред да запре и сечилото. ВАЖНО Секогаш исклучувајте ја машината.
- При менување на локацијата на работа.
- При преминување на терени каде нема трева.
- Секогаш треба да ги избегнувате пречките.
- Пред да ја регулирате висината на косење.
- Секогаш кога корпата за трева се вади или се
- Секогаш кога каналот за странично исфрлање (доколку има) се вади или се вметнува.
2. Доколку е потребно, заменете ги оштетените делови и
прицврстете ги олабавените завртки и навртки. ВАЖНО Извадете го безбедносниот клуч секогаш кога не ја користите машината.MK - 8
Безбедносните одредби што треба да ги следите се дадени во погл. 2. Строго придржувајте се до овие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности. Пред да започнете со каква било контрола, чистење или одржување/прилагодување на
- Застанете ја машината.
- Извадете го безбедносниот клуч, (никогаш не го оставајте клучот во клучалката, или на дофат на деца, или неовластени лица).
- Проверете дали сите подвижни делови се целосно
- Оставете моторот да се излади пред да се остави машината во која било просторија.
- Прочитајте ги соодветните упатства.
- Носете соодветна облека, работни чевли и заштитни очила.
- Зачестеноста и видот на интервенција се дадени во „Табелата за одржување“. Табелата го прикажува опсегот што ќе ви помогне при одржување на ефикасноста и безбедноста на машината. Во неа се прикажани главните интервенции и предвидените интервали за секоја од ставките. Извршете ја постапката во предвидениот период.
- Употребата на резервни делови и дополнителна опрема коишто не се оригинални и/или не се правилно поставени, може да доведе до несакани ефекти врз работата и безбедноста на машината. Производителот ја отфрла сета одговорност во случај на штети, инциденти или повреди предизвикани од такви производи.
- Оригиналните резервни делови се обезбедени од страна на Овластените центри за помош и Дилерите. ВАЖНО Сите операции на одржување или прилагодување што не се наведени во ова упатство, мора да е вршат од страна на вашиот Овластен сервисен центар.
7.2.1 Автономија на батеријата
Преостанатата енергија на акумулаторот (така што тревникот може да се искоси пред да биде потребно полнење на акумулаторот) најчесто зависи од:
Факторите во средината на работа коишто предизвикуваат најголема потрошувачка на батеријата: – Косење на густа, висока, влажна трева.
Количината на косење; посложените поставки вклучуваат и поголема потрошувачка на електрична енергија.
Однесувањето на операторот кој треба да
– Често палење и гаснење во текот на работата. – Премногу ниска поставеност на висината на косење во однос на тревата. – Премногу голема брзина на движење во однос на тревата што треба да се покоси. ЗАБЕЛЕШКА За време на работата, батеријата е заштитена од целосно празнење со помош на заштитен уред што ја исклучува машината и ја попречува
За да се зголеми автономијата на батеријата, секогаш
– Да се коси тревата кога тревникот е сув. – Да се коси тревата често за да не достигне преголема висина. – Да се постави најдобрата висина за косење кога тревата е многу висока и да се спроведе уште едно косење на нископоставена висина. – Не ја користете машината во режим на „мулчирање“ за косење на многу висока трева. – Употреба на „ECO“ режимот (пас. 5.2.4). Во случај кога сакате да ја користите машината за многу долга работа и користите стандардна батерија,
– Да набавите втора стандардна батерија за да ја замените веднаш потрошената батерија без да треба да ја прекинувате работата. – Да набавите акумулатор со поголема издржливост во однос на стандардната батерија (пас. 13.2).
7.2.2 Исклучување и полнење на батеријата
1. Отворете го капакот на делот на акумулаторот и
извадете го безбедносниот клуч.
2. Притиснете го копчето на батеријата (Сл.22.A) и
извадете ја (Сл.22.B).
3. Вметнете го акумулаторот (Сл.23.B) во куќиштето
на полначот (Сл.23.C).
4. Поврзете го полначот на батерии во извор на
ел. енергија со соодветен напон како оној што е посочен на етикетата.
5. Секогаш полнете ја до крај следејќи ги упатствата
дадени во упатството за батеријата/полначот за батеријата. ЗАБЕЛЕШКА Батеријата е опремена со заштитен уред што го прекинува полнењето ако амбиенталната температурата не е меѓу 0 и +45 °C. ЗАБЕЛЕШКА Батеријата може да се полни во секој момент, дури и делумно без ризик од оштетување.
7.2.3 Повторно поставување на батеријата во
Кога полнењето е завршено:
1. Извадете ја батеријата од нејзиното место во
полначот за батеријата (избегнете да ја држите за местото под полначот).
2. Исклучете го полначот на батеријата од довод на
3. Отворете го капакот на куќиштето на батеријата
(Сл.24.A), вметнете ја батеријата (Сл.24.B) и притиснете ја докрај додека не кликне, а потоа проверете го електричниот контакт. Затворете ја докрај вратичката.
Исчистете ја машината по секоја употреба следејќи ги следните упатства.
7.3.1 Чистење на машината
- Секогаш проверувајте дали отворите за вентилација се ослободени од остатоци од косењето.
- Не го прскајте со вода моторот и електричните компоненти за да не ги намокрите (Сл.26).
- Не користете абразивни течности за чистење на
- За да го намалите ризикот од пожар, одржувајте го моторот чист од остатоци од трева, лисја или масло.
- Секогаш чистете ги рачките, екранот и копчињата.MK - 9
7.3.2 Чистење на уредот на сечилото
Отстранете ги остатоците од трева и кал насобрани во внатрешноста на шасијата. За странично исфрлање: извадете го каналот за исфрлање (доколку е монтиран - пас. 6.1.2d.).
7.3.3 Чистење на корпата за трева (Сл.27.A /B)
7.4 НАВРТКИ И ЗАВРТКИ
Сите завртки, навртки и лостови треба да бидат добро прицврстени за да се осигурате дека опремата е безбедна за работа.
7.5 ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ ЗА ВОЗДУХ
Филтерот треба секогаш да биде чист. Постапете како што следи:
Исчистете ја зоната околу решетката на филтерот за воздух.
Одвртете ја завртката (Сл.28.B) за да ја извадите решетката (Сл.28.A).
Извадете го филтерот (Сл.29.A).
Издувајте го филтерот или измијте го со вода (Сл.29.A) за да ја исчистите прашината и остатоците.
Повторно вметнете го филтерот (Сл.30.A) во куќиштето, вратете ја решетката и затегнете ја завртката (Сл.28.A) и (Сл. 28.B).
- Носете заштитни ракавици.
- Фатете ја машината на места кои нудат сигурен зафат, имајќи ја предвид нејзината тежина и распределба на истата.
- Ангажирајте соодветен број луѓе во согласност со тежината на машината и карактеристиките на средството за транспорт или за местото на кое треба да се донесе или земе истата.
8. ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ
Пред да започнете со каква било контрола, чистење или одржување/прилагодување на
- Застанете ја машината.
- Извадете го безбедносниот клуч, (никогаш не го оставајте клучот во клучалката, или на дофат на деца, или неовластени лица).
- Проверете дали сите подвижни делови се целосно
- Оставете моторот да се излади пред да се остави машината во која било просторија.
- Прочитајте ги соодветните упатства.
- Носете соодветна облека, работни чевли и заштитни
Несоодветно наострено сечило ја кине тревата и предизвикува пожолтување на тревникот. Не допирајте го уредот со сечивото ако не сте го извадиле клучот и ако уредот со сечивото не е застанат докрај. Сите активности околу сечилото (расклопување, острење, балансирање, поправка, повторно монтирање и/или замена) се сложени работи, и за нив се потребни посебни вештини, и соодветни алати; Од безбедносни причини, овие работи треба да се извршат од страна на Овластениот сервисен центар. Заменете ги сечилата ако се оштетени, искривени или изабени, заедно со соодветните
ВАЖНО Секогаш користете оригинални сечила што го содржат кодот наведен во табелата „Технички
Заради развојот на производот, уредите со сечивото наведени во табелата „Технички податоци“ треба со време да се заменат со други со соодветни карактеристики за замена и функционална безбедност.
9.1 ОДЛОЖУВАЊЕ НА МАШИНАТА
Кога машината треба да се одложи:
1. Оставете го моторот да се олади.
2. Извадете го безбедносниот клуч.
3. Исчистете ја косилката (пас. 7.3).
4. Проверете ја стабилноста на машината.
5. Складирајте ја машината:
- Засолнета од лоши временски услови.
- На место надвор од дофатот на децата.
- Проверете дали сте ги тргнале клучевите и опремата што ја користевте при одржувањето.
9.2 ОДЛОЖУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Батеријата треба да се чува во средина без директна сончева светлина, на студени и места без влага. ЗАБЕЛЕШКА Ако не ја користите машината подолг период, полнете ја батеријата на секои два месеца.
10. ДВИЖЕЊЕ И ТРАНСПОРТ
Секојпат кога е потребно движење, подигнување, транспорт или закосување на машината:
- Запрете ја машината (пас.6.5) и почекајте деловите што се движат целосно да запрат.
- Носете заштитни ракавици.
- Фатете ја машината на места кои нудат сигурен зафат, имајќи ја предвид нејзината тежина и распределба на
- Ангажирајте соодветен број луѓе во согласност со тежината на машината и карактеристиките на средството за транспорт или за местото на кое треба да се донесе или земе истата.
- Проверете дали кога работи машината, нема знаци на оштетувања или дефекти. Кога ја носите машината со возило или на приколка,
- Користете пречки за отпор со соодветна должина и
- Носете ја машината со изгаснат мотор без можност да се вклучи, ангажирајќи соодветен број лица.
- Спуштете го склопот на сечилото.
- Поставете ја на начин да не претставува опасност за
- Цврсто блокирајте ја во текот на транспортот со јажиња или синџири за да избегнете превртување.MK - 10
11. ТАБЕЛА ЗА ОДРЖУВАЊЕ
Интервенција Период Забелешка
Проверете ги сите спојки ; Безбедносни контроли/проверка на командите; Проверете ги обезбедувачите за задно/странично исфрлање; Проверете ја вреќата на корпата за трева, и каналот за странично исфрлање; Проверете го сечилото. Пред употреба пас. 6.2 Стандардно чистење и контрола; Проверка на можни оштетувања на машината. Ако е потребно, контактирајте со овластен сервисен центар. На крајот на секоја
пас. 7.3 Замена на сечилата - пас. 81 *** Проверка на состојбата на батеријата Пред секоја
Полнење на батеријата На крајот на секоја
пас. 7.2.2 * Чистење на филтерот за воздух Еднаш месечно пас. 7.5
- Прочитајте во упатството за батеријата/полначот за батеријата. ** Работа што треба да ја изведе застапникот или Овластениот сервисен центар *** Операции што треба да се спроведат при првите знаци на лоша работа
Контактирајте со застапникот за помош ако проблемите опстојуваат откако сте ги направиле горепосочените
копчето за стартување, ЛЕР-светлото не е
Нема безбедносен клуч или истиот не е правилно вметнат. Вметнете го клучот (пас. 6.3). Безбедносен клуч во позиција „OFF“. Завртете го безбедносниот клуч во позиција „ON“ (пас. 6.3). Нема батерија или не е ставена
Отворете ја вратичката и проверете дали батеријата е убаво положена (пас. 7.2.3). Празна батерија. Проверете ја состојбата на наполнетост и наполнете го акумулаторот (пас. 7.2.2). Несоодветна комбинација на акумулатор. Проверете дали комбинацијата на акумулаторот е соодветна, следејќи ги упатствата дадени во табелата „Технички
копчето за стартување, ЛЕР-светлината не се пали и се огласува звучна сигнализација. Внатрешен дефект на моторот. Извадете го безбедносниот клуч и обратете се во Овластен сервисен центар за проверка, замена или поправка.
3. Моторот се гаси во
текот на работата. Батеријата не е правилно вметната. Отворете ја вратичката и проверете дали батеријата е убаво положена (пас. 7.2.3). Празна батерија. Проверете ја состојбата на наполнетост и наполнете го акумулаторот (пас. 7.2.2).
LED светлата за предупредување (Сл. 30.A) и машината емитува звучен сигнал. Уредот со сечивото е блокиран. Застанете ја машината, извадете го безбедносниот клуч и ставете ракавици за
Проверете, и отстранете ги сите пречки од долниот дел на машината (пас. 7.3.2) што ја спречуваат ротацијата на сечилата. Доколку проблемот не се реши, контактирајте го Овластениот сервисен центар за проверка, замена или поправка (пас. 8.1). Дефект на машината Извадете го безбедносниот клуч и обратете се во Овластен сервисен центар за проверка, замена или поправка.MK - 11
LED светлата за предупредување (Сл.30.A). Термичката заштита е оштетена поради прегревање на машината. Почекајте најмалку 5 минути и рестартирајте ја машината.
6. Тревата тешко се коси. Сечилото не е во исправна состојба. Контактирајте го Овластениот сервисен
центар за да го наострите или замените
прекумерни вибрации во текот на работата. Фиксирањето на уредот со сечивото е разлабавено или уредот со сечивото е оштетен. Застанете го веднаш моторот и извадете
Контактирајте го Овластениот сервисен центар за проверка, замена или поправка (пас. 8.1).
8. Резервниот капацитет
на батеријата е низок. Условите за работа се многу тешки и бараат поголема потрошувачка на енергијата. Оптимизирање на работата (пас. 7.2.1). Батеријата не е доволна за работните потреби. Користете и втор акумулатор или поголем акумулатор (пас. 13.2).
9. Полначот не го полни
акумулаторот. Батеријата не е поставена правилно во полначот. Проверете дали е соодветно вметнат (пас.
Условите во средината за работа не се соодветни. Вклучете го полнењето во средина со соодветна температура (видете го упатството за употреба за батеријата/ полначот за батеријата). Нечисти контакти. Исчистете ги контактите. Нема напон кај полначот на батеријата. Проверете дали приклучокот е вметнат и дали има довод на ел. енергија. Полначот на батеријата има дефект. Заменете го дефектниот дел со оригинален. Ако проблемот опстојува, проверете го упатството за батеријата / полначот за батеријата.
12.2 ЗА МАШИНИ БЕЗ ЕЛЕКТРОНСКА КОНТРОЛА
Контактирајте со застапникот за помош ако проблемите опстојуваат откако сте ги направиле горепосочените
кога се користи прекинувачот Нема безбедносен клуч или истиот не е правилно вметнат. Вметнете го клучот (пас. 6.3). Безбедносен клуч во позиција „OFF“. Завртете го безбедносниот клуч во позиција „ON“ (пас. 6.3). Нема батерија или не е ставена
Отворете ја вратичката и проверете дали батеријата е убаво положена (пас. 7.2.3). Празна батерија. Проверете ја состојбата на наполнетост и наполнете го акумулаторот (пас. 7.2.2). Несоодветна комбинација на акумулатор. Проверете дали комбинацијата на акумулаторот е соодветна, следејќи ги упатствата дадени во табелата „Технички податоци“.MK - 12
2. Моторот прекинува
да работи и машината емитува звучен сигнал. Батеријата не е правилно вметната. Отворете ја вратичката и проверете дали батеријата е убаво положена (пас. 7.2.3). Празна батерија. Проверете ја состојбата на наполнетост и наполнете го акумулаторот (пас. 7.2.2). Интервенирајте на термичката заштита при прегревање на моторот. Почекајте најмалку 5 минути и рестартирајте ја машината. Уредот со сечивото е блокиран. Застанете ја машината, извадете го безбедносниот клуч и ставете ракавици за
Проверете, и отстранете ги сите пречки од долниот дел на машината (пас. 7.3.2) што ја спречуваат ротацијата на сечилата. Доколку проблемот не се реши, контактирајте го Овластениот сервисен центар за проверка, замена или поправка (пас. 8.1). Дефект на машината Извадете го безбедносниот клуч и обратете се во Овластен сервисен центар за проверка, замена или поправка.
3. Тревата тешко се коси. Сечилото не е во исправна состојба. Контактирајте го Овластениот сервисен
центар за да го наострите или замените
прекумерни вибрации во текот на работата. Фиксирањето на уредот со сечивото е разлабавено или уредот со сечивото е оштетен. Застанете го веднаш моторот и извадете
Контактирајте го Овластениот сервисен центар за проверка, замена или поправка (пас. 8.1).
5. Резервниот капацитет
на батеријата е низок. Условите за работа се многу тешки и бараат поголема потрошувачка на енергијата. Оптимизирање на работата (пас. 7.2.1). Батеријата не е доволна за работните потреби. Користете и втор акумулатор или поголем акумулатор (пас. 13.2).
6. Полначот не го полни
акумулаторот. Батеријата не е поставена правилно во полначот. Проверете дали е соодветно вметнат (пас.
Условите во средината за работа не се соодветни. Вклучете го полнењето во средина со соодветна температура (видете го упатството за употреба за батеријата/ полначот за батеријата). Нечисти контакти. Исчистете ги контактите. Нема напон кај полначот на батеријата. Проверете дали приклучокот е вметнат и дали има довод на ел. енергија. Полначот на батеријата има дефект. Заменете го дефектниот дел со оригинален. Ако проблемот опстојува, проверете го упатството за батеријата / полначот за батеријата.
Ситно ја сече искосената трева и ја остава на тревникот, наместо да ја собира во корпата за трева (за машини опремени со сетот) (Сл.31).
Достапни се батерии со различен капацитет за да одговараат на специфичните барања за работа (Сл. 32). Списокот на батерии коишто се соодветни да се користат со оваа машина се наоѓа во табелата „Технички податоци“.
13.3 ПОЛНАЧ ЗА БАТЕРИЈА
Уред што се користи за полнење на батеријата (сл.33).NL - 1
Декларација за усогласеност со ЕУ (Директива за машини 2006/42/CE, Анекс II, дел A)
2. изјавува со целосна лична одговорност
дека следната машина: Тревокосачка со оператор на нозе / косење трева а) Тип / основен модел б) Месец / Година на производство
3. Усогласено со спецификациите според
е) Акустички притисок ж) измерено ниво на звучна моќност з) Ниво на гарантирана звучна моќност н) овластено лице за составување на Техничката брошура o) место и датум EXAMPLEDoC_base r.15 - WBH_El-Bat_0 DICHIARAZIONE CE DI CONFORMITÁ (Istruzioni Originali) (Direttiva Macchine 2006/42/CE, Allegato II, parte A)
Декларација за усогласеност со ЕУ (Директива за машини 2006/42/CE, Анекс II, дел A)
2. изјавува со целосна лична одговорност
дека следната машина: Тревокосачка со оператор на нозе / косење трева а) Тип / основен модел б) Месец / Година на производство
3. Усогласено со спецификациите според
е) Акустички притисок ж) измерено ниво на звучна моќност з) Ниво на гарантирана звучна моќност н) овластено лице за составување на Техничката брошура o) место и датум EXAMPLEDoC_base r.15 - WBH_El-Bat_0 DICHIARAZIONE CE DI CONFORMITÁ (Istruzioni Originali) (Direttiva Macchine 2006/42/CE, Allegato II, parte A)
Декларација за усогласеност со ЕУ (Директива за машини 2006/42/CE, Анекс II, дел A)
2. изјавува со целосна лична одговорност
дека следната машина: Тревокосачка со оператор на нозе / косење трева а) Тип / основен модел б) Месец / Година на производство
3. Усогласено со спецификациите според
е) Акустички притисок ж) измерено ниво на звучна моќност з) Ниво на гарантирана звучна моќност н) овластено лице за составување на Техничката брошура o) место и датум EXAMPLEDoC_base r.15 - WBH_E l-Bat_0 NO (Oversettelse av orginal bruksanvisning)
Декларација за усогласеност со ЕУ (Директива за машини 2006/42/CE, Анекс II, дел A)
2. изјавува со целосна лична одговорност
дека следната машина: Тревокосачка со оператор на нозе / косење трева а) Тип / основен модел б) Месец / Година на производство
3. Усогласено со спецификациите според
е) Акустички притисок ж) измерено ниво на звучна моќност з) Ниво на гарантирана звучна моќност н) овластено лице за составување на Техничката брошура o) место и датум DoC_base r. 15 - WBH_El-B at_0 NO (Oversettelse av orginal bruksanvisning)
Notice-Facile