Collector 48 S - кошачка за трева STIGA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Collector 48 S STIGA во PDF формат.
Прашања на корисниците за Collector 48 S STIGA
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот кошачка за трева во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Collector 48 S - STIGA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Collector 48 S на марката STIGA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Collector 48 S STIGA
4.1.1 Проверка на нивото на масло
4.1 Пред секоја употреба.... 5
4.2 Стартување на моторот....6
4.3 ИСКЛУЧУВАЊЕ НА МОТОРОТ НА КРАЈОТ 6
4.4 ЧИСТЕЊЕ И ГАРАЖИРАЊЕ ...... 6
4.5 ПРОДОЛЖЕНО НЕКОРИСТЕЊЕ.....6
- ОДРЖУВАНЬЕ 7
5.1 ОПШТО 7
5.2 Распоред на одржување....7
5.3 АКУМУЛАТОР (доколку има)...... 7
5.4 МЕНУВАНЬЕ НА МАСЛО....8
5.5 6.4 ЧИСТЕЊЕ НА ПРИДУШУВАЧОТ И НА МОТОРОТ ...... 9
5.6 ОДРЖУВАНЬЕ НА ВОЗДУШНИОТ ФИЛТЕР....9
5.7 КОНТРОЛА И ОДРЖУВАНЬЕ НА СВЕКИЧКАТА....9
- ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ПРОБЛЕМИ ..... 10
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Во текстот на упатството, некои параграфи со информации од особена важност поради поголема сигурност и подобро функционирање се евидентирани на различен начин, според следниот критериум:
ЗАБЕЛЕШКА или ВАЖНО прецизира или наведува други елементи за претходно назначеното со цел да не се оштети машината или да не се предизвика штета.
Симболот нагласува опасност. Непочитувањето на ова предупредување создава можност за лични повреди или на трети лица и/или штети.
1.2 СОДРЖИНА
1.2.1 Слики
Фигурите во ова упатство се нумерирани 1, 2, 3, и така натаму. -Компонентите назначени во фигурите се одбележани со буквите А, В, С, и така натаму. Тоа што се однесува на еден дел на фигурата С во фигурата 2 е покажано со зборовите: „Види сл. 2.В“ или „(Сл. 2.В)“. Фигурите се индикативни, претставените делови може да се разликуваат од ефективните.
1.2.2 Наслови
Упатството е поделено на поглавја и пасуси. Деловите насловот на пасусот „2.1 Обука“ е поднаслов на “2. Сигурносни норми”. Деловите кои се однесуват на наслови или параграфи се означени со кратенките пог. или пас. и со соодветниот број. Пример: „пог. 2“ или „пас. 2.1”.
2. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
2.1 ВЕЖБАЊЕ
⚠️ Да се прочитают внимателно упатствата за употреба пред ракување со машината.
Да се здобие со познавање на наредбите и со соодветно користење на машината.
Научете нано брзо да го запрете моторот. Непочитувањето на предупредувањата може да предизвика пожари и/или тешки повреди. Да се зачуваат предупредувањата и упатствата за употреба за идна консултација.
- Да не се дозволи никогаш со машината да управуват деца или лица кои немаат довольно искусство со управувањето. Локалните закони може да предвидат минимална возраст за управување со машината.
- Да не се користи никогаш машината доколку корисникот е уморен или болен, или доколку има консумирано лекови, дроги, алкохол или супстанции штетни за рефлексите и вниманието.
- Да се има во предвид дека корисникот е одговорен за несреќи и непредвидени ситуации кои може да се утврдат на трети лица или на нивниот имот.
Опрема за лична заштита (ППЕ)
- Да не се користи машината без соодветна работна облека.
- Да не се облекува широка облека, врвци, накит или др предмети кои би можеле да се заплеткаат; соберете ја долгата коса во опавче и држете безбедно растојание од.
- Да се носат заштитни слушалки.
- Пред стартување на моторот осигурајте се дека сите команди за движење на делови од машината се исключени.
Мотор со внатрешно согорување мотори: гориво
- Предупредување: горивото е високо запаливо средство. Управувајте внимателно!
– Чувајте го горивото во соодветни садови. – Полнењето на гориво да се изведува користејки инка, на отворен простор и да не се пуши за време на овие операции.
– Полнењето со гориво да биде завршено пред палење на моторот. Не го отворајте капакот на резервоарот за време на работа на моторот или доколку моторот е топол.
– Доколку има истечено гориво, не го стартувајте моторот, само поместете ја косилката подалеку од истеченото гориво и веднаш исчистете ги дамките од косилката и од теренот
– Капакот на резервоарот или садовите за гориво да се затвори до крај.
– Да се избегнува истекувањето на горивото на работната облека и во спротивно да се смени истата пред палење на моторот.
2.3 КОРИСТЕЊЕ
Работна површина
- Не ја користете машината во ризични амбиенти во присуство на лесно запаливи гасови и прашина. Електричен контакт или механичко триење можат да предизвикаат палење на прашината или на издувната пареа.
- Не го палете моторот во затворен простор каде што може да се акумулира јаглерод моносид. Операцијата на стартување треба да се одвива на отворен простор или во простории со провев. Не заборавајте дека издувните гасови можат да бидат токсични.
- Оддалечете ги лицата децата и животните од работниот простор. Не може да се чуваат деца додека се користи на машината, тие треба да бидат чувани од друго лице.
Однесувања
- Пред поправка, чистење, преглед, регулирања да се исклучи моторот и откачи кабелот на свекичката (Со исключок на различни индикации наведени во упатствата).
- Да не се допираат деловите на моторот при работа бидејки се топли, постои ризик од изгореници.
Ограничувања на употребата
- Да не се користи машината доколку заштитата е недоволна или пак додатоците се несоодветно наместени.
- Да не се отстрануваат или манипулираат присутните сигурносни системи.
- Да не се изменуваат функциите на моторот ниту пак да се турира. Доколку моторот работи со претеран број на вртења ризикот од повреди се зголемува.
- Не користете течности за стартување ниту нешто слично.
- Да не се навалува настрана до точка која може да предизвика излегување на горивото од капачето на резервоарот на моторот.
- Моторот не смее да работи без свекички.
2.4 ОДРЖУВАЊЕ, ГАРАЖИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ
Регуларно изведено одржување и соодветно гаражирање се мерки за безбедност за машината.
⚠️ Расипаните делови треба да се менуват а никако да не се поправаат. Користете само оригинални делови: користењето на неоригинални делови или неточно монтирање на истите доведува до зголемени повреди и несрењи и го ослободува производителот од било каква обврска.
Одржување
- Во случај да треба да се испразни резервоарот, извршете го празнењето на отворено и при студен мотор.
- Контролирајте редовно да не има губење на масло и/или гориво за да се намали ризикот од пожари.
Складирање
- Не оставајте гориво во резервоарот доколку машината е гаражирана во зграда каде испарувањата од горивото може да допрат во контакт со орган, искри или извори на топлина.
- Машината да се излади на отворено пред гаражирањето.
Транспорт
- Транспортирањето треба да се врши со празен резервоар.
ВАЖНО Следните безбедносни
инструкции ги опфајаат безбедносните барања наведени во даденото упатство за акумулаторот и полначот на акумулаторот што се доставува заедно со косилката.
- Користете само полначи за полнење на батериите што ги препорачува производителот. Несоодветен полнач за батеријата може да предизвика електричен удар, прегревање или протекување на корозивната течност од батеријата.
- Користете само батерии со спецификации што се предвидени за вашиот апарат. Употреба на други батерии може да предизвика повреди и ризик од пламен.
- Чувајте ја батеријата што не ја користите подалеку од канцелариски прибор, пари, клучеви, игли, навртки и други мали метални предмети што може да предизвикаат краток спој на контактите. Краток спој на контактите на батеријата може да доведе до експлозија и пламен.
- Не користете го полначот за батеријата на места каде има гасови, запаливи супстанци или лесно запаливи површини, како што се хартија, ткаенина и слично. За време на полнењето, батеријата се загрева и може да предизвика орган.
- За време на транспорт на акумулаторите, обрнете внимание контактите да не дојдат во спој меѓу себе и не користете метални кутии за транспорт.
2.6 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина треба да е приоритет при користење на косилката, и да биде од корист за грағаните и за животната средина. Избегнувајте да го вознемирувате соседството. Користете ја косилката само во разумно време (не многу рано наутро и доцна навечер кога може да ги вознемирите соседите). Почитувајте ги локалните прописи за отстранување на пакувањето, искористените делови или други делови што имаат силно влијание врз животната средина овие отпадоци не се фрлаат во эубре, туку треба да бидат разделени и да се достават до соодветни центри за собирање на истите, кои ће се погрижат за рециклирање на истите. Придржувајте се до локалните одредби за отстранување на отпадни материјали Кога машината ће престане да работи не ја оставајте било каде во животната средина, туку обратете се во центар за собирање на машини од овој вид.

Не фрлајте ги електричните апарати заедно со домашен отпад. Во согласност со директивата на ЕУ 2012/19/EU, отпадот што се состоит од електрични и електронски апарати е ваша одговорност и, во согласност со националните одредби, искористените електрични апарати треба да се отстранат засебно за да може подоцна да можат да се употребат за еко рециклажа. Ако електричните апарати се одложат на губриште или на земја, штетните состојки може да стапат во контакт со елементите во почвата и да навлезат во синцирот на исхрана, со што ће се нарушат вашето здравје и благосостојбата. За подетални информации околу фрлањето на овој производ, контактирајте со компетентни институции за фрлање домашен отпад или со застапникот.

Откако ње љ помине рокот на употреба, извадете ја батеријата обрнувајки внимание на животната средина. Батеријата содржи материјал што е опасен за вас и за средината.
Треба да се извади и расклопи во засебен сад што може да содржи литиумски јони.

Засебното собирање на производите и искористените пакувања овозможува рециклирање на материјалите и повторна употреба. повторната употреба на рециклираните материјали спречува штета на животната средина и ја намалува потребата за примарни материјали.
2.7 ЕМИСИИ
Процесот на согорување генерира токсични супстанци, како на пр. јаглерод моноксид, азотни оксиди и јаглеводород. Важно е да се контролираат овие супстанци затоа што може да реагираат со фотохемиски смог, како и со директна изложеност на сончева светлина. Јаглерод моноксид не реагира на ист начин на изложеност на сончева светлина, но сепак може да се смета како токсичен.
Нашите машини се опремени со системи за намалување на емисијата за супстанците наведени погоре.
3. ПОЗНАВАЊЕ НА МАШИНАТА
3.1 ОПИС И УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
Оваа косилка користи мотор со внатрешно согорување.
Моторот е инструмент чија изведба, регуларното функционирање и траење зависат од многу фактори надворешни и други, поврзани за квалитетот на користените производи и регуларноста на одржувањето. Во продолжетокот се изложени информации за поголема долготрајност на машината. Секоја различна употреба од горенаведената може да биде опасна и/или да предизвика штети на лица или предмети.
ВАЖНО Со несоодветна употреба на машината се губи гаранцијата и се ослободува производителот од било какви трошоци за штети или повреди, лични или спрема трети лица.
Оваа косилка е наменета за корисници, т.е. оператори кои не се професионалци. Наменета е за непрофесионална употреба.
3.2 ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
На машината се присутни разни символи. Нивната функција е да го потсетат корисникот на неопходноста од внимателна употреба. Значење на символите:




Внимание! – Бензинот е запалив. Оставете го моторот да се лади најмалку 2 минути пред да полните гориво.
Предупредување: Прочитајте ги упатствата пред употреба.
Предупредување! - Моторите емитуваат јаглерод моноксид. НЕ вклучувајте го во затворен простор.
Опасност! Чувајте ја косилката подалеку од топли површини.
Напишете го серискиот број (S/n) од вашата косилка на местото на налепницата на задниот дел на капакот.
Машината се состоит од следните главни делови (фиг. 1).
A. Капаче за полнење масло
со мерач на ниво
В. Карбуратор
С. Капаче на воздушниот филтер
D. Капаче на свекицата
Е. Производствен број на моторот
F. Намот за јажето во стартерот (доколку има)
G. Акумулатор (доколку има)
3.5 АМБИЕНТАЛНИ УСЛОВИ
Работата на четиритактниот ендотермички зависи од:
a) Температура:
– На ниски температури може да има потешкотии при палење на ладно.
– Работејки на високи температури може да има потешкотии при палење на топло поради испарување на горивото. Во кадичката на карбураторот или пумпата.
– Во секој случај да се прилагоди употребата на масло на надворешните температури.
– Максималната мої на ендотермичниот мотор се намалува со зголемување на надморската висина.
– Со значително зголемување на надморската висина треба
да се намали користењето на моторната мою.
3.6 ГОРИВО
Добриот квалитет на горивото е основа за правилна работа на моторот.
Горивото треба да ги исполнува следните побарувања:
a) Користете чисто и ново безоловно гориво, и со минимум 90 октани
б) Не користете гориво ако има етанол повеёке од 10%
в) Не додавајте масло
г) Додајте стабилизатор на горивото за да го заштитите системот на согорување од создавање смолест талог.
Употребата на несоодветно гориво ће ги оштети деловите на моторот и тие нема веће да бидат под гаранција.
ЗАБЕЛЕШКА Да се користи гориво наведено во техничката табела. Да не се користат други видови гориво. Можно е користење на еколошки горива, како на пример алкилиран бензин. Составот на овој бензин има понизок еколошки импакт врз лугето и животната средина. Не се покажани негативни ефекти со користење на истата. Сепак постојат многу видови еколошки горива па неможе да се дадат прецизни индикации за ефектите од нивното користење.
3.7 МАСЛО
Користете масла со добар квалитет, бирајки го степенот на вискозност според температурата на работа.
- Да се користи само масло за чистење со квалитет не понизок од SF-SG.
- Да се одбере степен на вискозност SAE врз основа на техничката табела.
- Користење на повејестепено масло може да придонесе до поголемо консумирање во топлите периоди, во тој случај проверувајте го почесто нивото на масло.
- Не мешајте масла со различни характеристики и од различни марки.
- Користењето на масло SAE 30 на температури пониски од +5°C може да го оштети моторот поради неадекватна лубрификација.
3.8 ВОЗДУШЕН ФИЛТЕР
Ефикасноста на воздушниот филтер е потребна за да се избегне
влегувањето на честички или прашини во моторот намалувајки го траењето и функционалноста на истиот.
- Одржување на филтрирачкиот елемент без честички и ефикасен (пас. 5.6).
- Доколку е потребно, заменете го филтерот со оригинален, бидејки несоодветниот филтер може да ја намали ефикасноста и животниот век на моторот.
- Не го пуштајте моторот без коректно монтиран филтер.
3.9 СВЕЙИЧКА
Постојат многу видови свекички за ендотермички мотори.
- Користете свекички од назначениот тип со точен термички степен.
- Внимание на должината на конецот; подолг конец може неповратно да го оштети моторот.
- Да се контролира чистотата и соодветното растојание помеѓу електродите (пас. 5.7)
Пред секоја употреба на моторот добро е да направите контрола за да се осигурате за правилноста на работата.
4.1.1 Контрола на нивото на масло
- Поставете ја машината на рамно.
- Исчистете околу капачето.
- Одвртете го капакот (сл. 2.А), исчистете го крајниот дел на мерачот на ниво (сл. 2.Б) и повторно вметнете го внатре додека капачето не допре до отворот, како што е прикажано : – доколку мерачот за ниво е краток, поставете го капачето без да го прицврстите, – доколку мерачот за ниво е долг, повторно прицврстете го и потOA одвртете го,
- Извадете го капакот со стапчето и контролирајте го нивото на масло кое треба да се наога помеѓу двете цртички «MIN» и «MAX».
- Доколку е потребно, додадете од истото масло до ниво «МАХ», и внимавајте да не истече масло надвор од отворот за полнење
- Целосно затегнете го капачето за полнење (сл. 2.A) и исчистете ги остатоците од масло.
ЗАБЕЛЕШКА Полнете постепено додавајки мали количини масло, контролирајки го нивото на маслото на секое дополнување. Не смее да се полни над нивото «МАХ»; преполнување со масло може да предизвика: • испуштање на издувните гасови; • контаминација на свећичката или филтерот за воздух со последователни потешкотии во стартувањето.
ЗАБЕЛЕШКА Во врска со видот на масло за користење придржувајте се до техничката табела.
4.1.2 Проверка на воздушниот филтер
Ефикасноста на воздушниот филтер е услов за коректно функционирање на моторот; не вклучувајте го моторот доколку недостасува филтер за воздух, ако е скршен или не е довольно натопен со масло.
- Исчистете околу капакот на филтерот (сл.4.А).
- Извадете го капакот (сл. 4.А) со олабавување на јазичето (сл. 4.Б);
- Проверете ја состојбата на филтерот (сл. 4.В или 4.В.1), кој треба да биде непроменет, чист и во совершена работна состојба, во спротивен случај, спроведете одржување или замена (видете 5.6).
- Повторно намонтирајте го капакот (сл. 4.А).
4.1.3 Дополнување гориво
Операцијата на полнење гориво е објаснета во прирачникот на машината овде само ће се повикаме на истата. За да наполните гориво:
- Одвртете го капакот на резервоарот (сл.3.A) и извадете го.
- Ставете инка. (сл.3.Б)
- Дополнете гориво и извадете ја инката (сл.3.Б)
- На крајот на полнењето, затворете го убаво капакот (сл.3.А) и исчистете ги остатоците од гориво.
ВАЖНО Избегнувајте да истурате гориво врз пластичните делови на моторот за да не се оштетат, и веднаш исчистете го секој траг на гориво од нив. Гаранцијата не ги покрива штетите на пластиката предизвикани од гориво.
Поврзете го цврсто капачето (сл. 5.А) на кабелот на свекицата (сл. 5.Б), и внимавајте да нема траги од нечистотија во внатрешноста на капачето или на крајот на свекицата.
4.1.5 Проверка на состојбата на батеријата
Види дел 5.3.2
Палењето на моторот треба да биде според инструкциите во Упатството за употреба, имајки го предвид секогаш предупредувањето да се исключат сите уреди (доколку е предвидено) во состојба да ја придвижат машината или да го исключат моторот.
ВАЖНО Не работете на наклон поголем од 20° за да не се расипе моторот
ВАЖНО Уверете се дека акумулаторот е правилно вметнат во ку́киштето, кога станува збор за модели со акумулатор (пас. 5.3.3)
4.3 ИСКЛУЧУВАЊЕ НА МОТОРОТ НА КРАЈОТ
- Исключете го моторот според инструкциите на Прирачникот за користење на машината.
- На исключен и оладен мотор, извадете го капакот (фиг. 5.А) на свекичката и извадете го клучот (доколку е предвидено).
- Отстранете ги сите наталожени честички од моторот посебно од зоната на придушувачот на ауспухот, за да се намали ризикот од пожар.
4.4 ЧИСТЕЊЕ И ГАРАЖИРАЊЕ
- Не користете млаз вода ниту средства за чистење на пареа за чистење на моторот.
- Се преферира чистење со млаз на воздух под притисок (максимум 6 bar) внимавајки да не влезат во внатрешниот дел на моторот честички и прашина.
- Оставете ја машината (и моторот) на суво, заштитено од невреме и соодветно проветreno место.
Во случај на предвидено некористење на моторот повеće од 30 дена (пр. на крајот од сезоната) потребно е да се преземат мерки за безбедност до следното користење.
- Запалете го моторот и одржувајте го во брзина што е близу да гаснење за да се потроши целото гориво што е преостанато во резервоарот и во карбураторот за да се избегне можноста да се формира талог во внатрешноста.
- Отстранете ја свејичката и ставете во отворот за истата околу 3 сі на чисто моторно масло, потоа држејки го отворот затворен со крпа, включете го на кратко моторот да работи за да се дистрибуира маслото на внатрешната површина на цилиндарот. На крајот намонтирајте ја свејичката, без да се поврзе капачето со кабелот.
5. ОДРЖУВАНЬЕ
⚠️ Секое настојување да се смени системот за контрола на емисијата може да ги зголеми нивоата на емисија над законските лимити. Оваа дефиниција вклучува отстранување или менување на делови, како на пр. системот за довод, системот за гориво и издувниот систем.
5.1 ОПШТО
⚠️ Мерките за безбедност за следење при операции на одржување се опишани во параграфот . 2.4.
⚠️ Сите контроли и интервенции да се извршуваат со ислучен мотор додека машината е во мирување. Исключете ја свећичката и прочитајте ги соодветните инструкции пред секоја интервенција за чистење и одржување. Носете адекватна работна облека, ракавици и очила при одржувањето.
- Видовите на интервенции и нивното повторување се наведени во "Табела за одржување".
- Користењето на неоригинални делови и додатоци може да има негативни последици врз функционирањето и сигурноста на машината. Производителот одбива секаква одговорност за штети предизвикани од споменатите производи.
- Оригиналните делови се обезбедени од работилниците за сервисирање и овластените препродавачи.
ВАЖНО Сите операции кои не се опишани во овој прирачник треба да бидат изведени од вашиот продавач или од специјализиран Центар.
5.2 РАСПОРЕД НА ОДРЖУВАЊЕ
ВАЖНО Сопственикот е одговорен за одржување на машината, како што е опишано во долунаведената табела.
ВАЖНО Да се чисти почесто кога се работи во особено сложени услови или кога има честички во воздухот.
ЗАБЕЛЕШКА Филтрите треба да се чистат / менуваат почесто, доколку машината се користи на правлива површина.
| Работа | По првите 5 часа | На секои 5 часа или по секоја употреба | На секои 50 часа или на крај на сезоната | Во секој 100 дома |
| Контрола на нивото на масло (пас. 4.1.1) | - √ | -- | ||
| Менување на масло ^1 (пас. 5.4) | √ - | √ - | ||
| Чистење на придушувачот на моторот (пас. 5.5) | - √ | -- | ||
| Контрола и чистење на филтерот за воздух ^2 (пас. 5.6) | - √ | -- | ||
| Менување на воздушниот филтер (пас. 5.6) ^3 | -- | √ | ||
| Контрола на свекичката (пас. 5.7) | -- | √ - | ||
| Менување на свекичката (пас. 5.7) | -- | √ |
^1 Да се менува маслото на секои 25 часа ако моторот работи со полна ефективност или на високи температури.
^2 Да се чист почесто воздушниот филтер во случај на работење на машината во области полни со прашина.
^3 Само за филтерот што е во форма на кертриц.
За да се обезбеди долг животен век на акумулаторот, потребное редовно одржување.
Акумулаторот на косилката треба да се полни:
• веднаш по купувањето, и пред првото користење;
- пред складиране (подолго од 30 дена) (пас. 4.5);
- пред употреба, по подолг период на некористење.
ВАЖНО Ако нема да ја користите подолг период, полнете ја батеријата секои два месеца за да ѯ се продолжи рокот на употреба.
Непридржувањето до постапките за користење и полнење на акумулаторот, може трајно да ги оштетат неговите делови. Празниот акумулатор мора да се наполни што е можно поскоро.
ВАЖНО Полнењето мора да се одвива ислучиво преку полначот на батеријата (слика 7.С). Други системи за полнење може да го оштетат трајно акумулаторот.
5.3.1 Исклучување и полнење на батеријата
За да го извадите акумулаторот:
- Притиснете го копчето што се наога над акумулаторот за да може да го лизнете нагоре (сл. 6.А).
За да го наполните акумулаторот:
- Извадете го гумениот капак што се наога на долниот дел од акумулаторот (сл 7.Б)
• поврзете го полначот за акумулатор (сл. 7.В) на приклучница со напон кој е наведен на плочката со спецификации. - Откако акумулаторот ће се поврзе со полначот, светлото на полначот ће се вклучи (сл 7.Ф): црвеното светло означува дека акумулаторот се полни, а зеленото светло означува дека полнењето е завршено.
ЗАБЕЛЕШКА Акумулаторот е опремен со обезбедувач што го прекинува полнењето доколку амбиенталната температура не е помеѓу 0 и +45 °C.
ВАЖНО Акумулаторот може да се полни во секое време, дури и половично, без ризик од оштетување.
5.3.2 Проверка на состојбата на батеријата
Акумулаторот е опремен со уред што му дозволува на корисникот да ја провери costојбата на наполнетост (сл. 7.Г).
Со притискање на копчето (сл. 7.Д) їе се включат светлата што ја прикажуваат преостанатата наполнетост на акумулаторот:
- три зелени светла и едно црвено светло означуваат дека наполнетоста на акумулаторот е помеѓу 100% и 78%
• две зелени светла и едно црвено светло означуваат дека наполнетоста на акумулаторот е помегу 77% и 55%
• едно зелено светло и едно црвено светло означуваат дека наполнетоста на акумулаторот е помеѓу 54% и 33%. - црвено светло што означува дека наполнетоста на акумулаторот е помала од 32%, и акумулаторот треба да се наполни што е можно побрзо.
5.3.3 Повторно поставување на батеријата во машината
Кога полнењето е завршено:
- исключете го акумулаторот од полначот
- Исключете го полначот за акумулатор (сл. 7.В) од приклучница;
- вметнете го акумулаторот (сл. 1.Е) во кукиштето со притискање надолу (сл. 6.Б) додека не кликне: овој звук означува дека акумулаторот е прицврстен во правилната позиција и дека е соодветно поврзан;
5.4 МЕНУВАЊЕ НА МАСЛО
Во врска со видот на масло да се придржува до табелата со технички податоци.
ВАЖНО
Испуштањето на масло да
се изведува додека моторот е уште топол, и внимавајте да не го допрете топлиот мотор или маслото што се испушта.
За каков тип на масло да користите, видете ги упатствата во специјалното поглавје.
ВАЖНО
Испуштањето на масло да
се изведува додека моторот е уште топол, и внимавајте да не го допрете топлиот мотор или маслото што се испушта.
a) Ставете го моторот на рамно.
б) Проверете дали е резервоарот за гориво е полн и дали е капачето добро затворено.
в) Исчистете околу отворот за масло (сл. 2.А.).
г) Извадете го капачето на отворот за масло (сл. 2.A).
д) Подгответе соодветен сад (сл. 8.Б) за да го соберете маслото.
г) Наведнете го моторот надесно на начин да истече масло од отворот за полнење (сл. 8).
е) Наместете го моторот за да ставите ново масло (види 4.1.1).
ж) Проверете дали нивото на масло достигнало до «MAX» ознаката на мерачот за течност (сл. 2.Б).
j) Затворете го капачето и исчистете ги трагите
од масло.
5.5 6.4 ЧИСТЕЊЕ НА ПРИДУШУВАЧОТ И НА МОТОРОТ
Чистењето на моторот и придушувачот се изведува на ладен мотор.
a) Користете млаз од компресиран воздух или четка за да ги отстраните остатоците и нечистотијата што можат да предизвикаат придушувачот (сл. 9.А) и заштитниот поклопец да се запалат (сл. 9.Б).
б) Исчистете го цилиндарот и перките (сл. 9.В) за да го олесните ладењето на моторот и да спречите негово прегрејување.
в) Исчистете ги пластичните делови со сунгер (сл. 9.Г) натопен во вода и детергент.
5.6 ОДРЖУВАНЬЕ НА ВОЗДУШНИОТ ФИЛТЕР
Филтерот мора секогаш да се одржува добро исчистен и треба да се замени ако се истроши или оштети.
a) Исчистете околу капакот на филтерот (сл. 4.A).
б) Извадете го капакот (сл. 4.А) со олабавување на јазичето (сл. 4.Б).
в) Извадете го филтерот (сл. 4.В или 4.В.1).
г) Цевката за всисување (сл. 4.Д) затворете ја со крпа за да се избегне можно влегување на нечистотија.
д) Спроведете одржување на елементот со филтерот како што е посочено подолу за различни видови.
г) Исчистете го кукиштето (сл. 4.Г) од прашина, остатоци, и внимавајте да не навлезе нечистотија во цевката за всисување (сл. 4.Д).
е) Вметнете го филтерот (сл. 4.В или 4.В.1) во кукиштето и затворете го капакот (сл. 4.Б).
Филтерот треба да се одржува добро исчистен и натопен со масло, треба да се смени ако е оштетен, расечен или исушен.
ВАЖНО
Не користете компримиран
воздух за чистење на филтерот за воздух.
– Перете го филтерот од сунгер со вода и детергент и исушете го со чиста ткаенина.
– Натопете го филтерот со 2 лажици чисто моторно масло и стиснете го неколку пати за рамномерно распространување на маслото.
– Отстранете го прекумерното масло со чиста ткаенина.
Во случај кога треба да се замени филтерот, треба истиот да се натопи одново со масло како што е погоре посочено.
- Млазот со компресиран воздух насочете го кон внатрешноста за да ја отстраните прашината и отпадоците.
5.7 КОНТРОЛА И ОДРЖУВАЊЕ НА СВЕКИЧКАТА
- Извадете ја свекицата (сл. 10.А) со помош на француски клуч (сл. 10.Б).
- Исчистете ги електродите (фиг. 10.С) со метална четка за отстранување на евентуални јаглени талози.
- Со помош на мерач на дебелина (сл. 10.Г) уверете се дека растојанието помеѓу електродите е соодветно (0.6 - 0.8 mm).
- Повторно вратете ја свеќицата (сл. 10.А) и силно прицврстете ја со помош на француски клуч (сл. 10.Б). Заменете ја свеќицата доколку се прегорени електродите или порцеланот е скршен или оштетен.
⚠️ Опасност од пожар! Не го проверувајте уредот за палење доколку свекичката не е во седиште.
ВАЖНО Користете свекички од препорачаниот вид (види Техничка табела).
- ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ПРОБЛЕМИ
| ПРОБЛЕМ МОЖНА ПРИЧИНА РЕШЕНИЕ | ||
| 1. Потешкотија при палење | Недостиг на гориво Проверете и наполнете (кап. 5.1.3) | |
| Старо гориво или талог во резервоарот | Испразнете го резервоарот и ставете свежо гориво | |
| Несоодветна процедура на палење | Изведете го палењето на соодветен начин (пар. 5.2 и пар. 5.3) | |
| Неповрзана свекичка | Проверете го капакот на свекичката дали е добро затворен (пар. 5.1.4) | |
| Влажна свекичка, нечистиелектроди или несоодветнорастојание на електродите | Проверка (пар. 6.6) | |
| Затнат воздушен филтер Проверка и чистење (пар. 6.5) | ||
| Несоодветно масло за сезоната Замена на масло со соодветно (пар. 6.3) | ||
| Испарување на гориво од карбураторот (задржана пареа) поради високи температури | Почекајте извесно време и обидете се повторно да запалите (пар. 5.3) | |
| Дефект во карбураторот | Обратете се во Овластен центар за сервисирање | |
| Празен акумулатор Наполнете го акумулаторот (пас 5.3.1) | ||
| Акумулаторот не е правилно вметнат | Правилно вметнете го акумулаторот (пас. 5.3.3) | |
| 2. Неправилна работа. | Нечисти електроди на свекичката или несоодветно растојание на електродите | Проверка (пар. 6.6) |
| Капакот на свекичката е неправилно поставен | Проверете дали капакот на свекичката е правилно поставен (пар. 5.1.4) | |
| Затнат воздушен филтер Проверка и чистење (пар. 6.5) | ||
| Дефект во карбураторот | Обратете се во Овластен центар за сервисирање | |
| 3. Губење на моќта за време на работа | Затнат воздушен филтер Проверка и чистење (пар. 6.5) | |
| Дефект во карбураторот | Обратете се во Овластен центар за сервисирање | |
Доколку проблемот продолжува и по употреба на опишаните решенија обратете се на вашиот продавач..
INDICE
- ALGEMENE INFORMATIE .... 1
- VEILIGHEIDSNORMEN 1
- DE MACHINE KENNEN 3
МК • Содржината и сликите во Упатството за корисникот се подготовени ислучиво за ST. S.p.A. и се заштитени со авторски права – забрането е секое делумно или целосно неовластено репродуцирање или измена на документот.