BOSCH Texoro - брусилка

Texoro - брусилка BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Texoro BOSCH во PDF формат.

📄 205 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање ⚙️ Спецификации
Notice BOSCH Texoro - page 151
SKIP

Frequently Asked Questions - Texoro BOSCH

Прашања на корисниците за Texoro BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот брусилка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Texoro - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Texoro на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Texoro BOSCH

Македонски...... Страница 151

Srpski ...... Strana 158

Slovenščina ....Stran 164

Hrvatski ....Stranica 170

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со

овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.

▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр.,

маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.

▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете

или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или включување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.

▶ Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот

алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.

▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова

овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.

▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и

накит. Косата и алиштата треба да видат подалек од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.

▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето

прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.

▶ Не дозволувајте искуството стекнато со честа

употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги нітнорирате оезоєдноєните принципи при на користење. Невнимателно движење може да

предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат.

Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ће ја извршите работата за која е наменет.

▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.

Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.

▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред д

правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате

електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.

▶ Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат

на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале

со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.

▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или

прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и cite други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете то електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу нескреки се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.

▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно

одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.

▶ Електричниот алат, дополнителната опрема,

деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.

▶ Рачките и површините за држење одржувајте ги

суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај

квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.

Безбедносни напомени за брусилки

Безбедносни предупредувања за брусење и чистење со жичани четки

▶ Држете го електричниот алат за изолираната

површина, бидејки сечилото може да дојде во контакт со својот кабел. Сечењето на жица „под напон" може да ги изложи металлите делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.

▶ Овој електричен алат е наменет да функционира

како алат за шмирглање или жичано четкање.

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Грешките настанати како резултат на непридржување до сите инструкции приложени подолу може да предизвикаат струен удар, пожар и/ или тешки повреди.

▶ Операциите како на пр. полирање или сечење не се препорачува да се вршат со овој електричен алат.

Операциите за кои не е наменет електричниот алат може да предизвикаат опасност и лична повреда.

▶ Не користете дополнителна опрема која не е

специјално дизајнирана и не е препорачана од

производителот на алатот. Само затоа што

дополнителната опрема може да се вгради во вашиот електричен алат, не значи дека може да се обезбеди безбедно работење.

▶ Утврдената брзина на дополнителната опрема мора да биде најмалку еднаква на максималната брзина означена на електричниот алат. Дополнителната опрема која работи побрзо од утврдената брзина може да експлодира и да се распрска насекаде.
▶ Надворешниот дијаметар и дебелина на вашата дополнителна опрема мора да биде во рамките на класата на вашиот електричен алат. Дополнителна опрема со несоодветна величина не може соодветно да се заштити и контролира.
Навојот за монтирање на дополнителната опрема мора да одговара на осовината за монтирање на брусилката. За дополнителна опрема која се монтира со прирабницата, насадениот отвор мора да одговара на дијаметарот на спојната прирабница. Дополнителната опрема која не е соодветна на хардверот на електричниот алат не може да одржува рамнотежа, заради прекумерните вибрации и може да предизвика губење на контрола.
▶ Не користете оштетена дополнителна опрема. Предупотреба проверете ја дополнителната опрема, како на пр., абразивните дискови за иверки и струготини, заштитната подлога за отвори, стружење или претерано абење, жичаната четка за олабавени или пукнати жици. Ако електричниот алат или дополнителната опрема падне, проверете дали е оштетена или инсталирајте неоштетена дополнителна опрема. По проверката и инсталирањето на дополнителната опрема, вие и лујето во близина поместете се подалеку од површината на ротирачката опрема, и включете го електричниот алат на максимальна брзина без оптоварување една минута. Оштетената дополнителна опрема вообичаено се расипува во текот на овој тест период.
Носете лична заштитна опрема. Во зависност од примената, користете штитник за лице, безбедносни или заштитни очила. Како што е соодветно, носете маска за заштита од прашина, штитници за уши, ракавици и работничка престилка, којашто ги запира малите абразивни парчиња или парчиња од делот што го обработувате. Заштитата за очи мора да овозможи спречување на остатоци што се распрескуваат при работењето. Маската против прав или респираторот мора да ги филтрира честичките што се генерираат при работењето. Долготрајна изложеност на интензивна бучава може да доведе до губење на слухот.
▶ Луфето во ваша близина треба да бидат оддалечени од работниот простор. Секој што влегува во работниот простор мора да носи лична заштитна опрема. Парчиња од делот што го обработувате или расипана дополнителна опрема може да експлодира и

распрска и да предизвика повреда надвор од непосредната работна површина.

He го оставајте електричниот алат допу додека дополнителната опрема не запре целосно. Ротирачката опрема може да ја зафати површината и да го повлече електричниот алат надвор од ваша контрола.
▶ Не го вклучувајте електричниот алат додека го држите свртен кон вас. Случаен контакт со ротирачка дополнителна опрема може да ја закачи вашата облека, со повлекување на дополнителната опрема кон вашето тело.
Редовно чистете ги воздушните вентили на електричниот алат. Вентилаторот на моторот повлекува прав во кукиштето, а претераната акумулација на метален прав може да предизвика опасност од електричен удар.
▶ Не работете со електричниот алат во близина на запаливи материјали. Искрите можат да ги запалат овие материјали.
▶ Не користете дополнителна опрема за која се потребни течни разладувачи. Користењето вода или други течни разладувачи може да доведе до смрт или струен удар.
▶ Тргнете го настрана кабелот од ротирачка дополнителна опрема. Ако изгубите контрола, кабелот може да се пресече или закачи и вашата дланка или рака може да влезе во ротирачката дополнителна опрема.

Безбедносни предупредувања специфични за жичано четкање

▶ Внимавајте бидејки четката исфрла жичани влакна дури и за време на вообичаени операции. Не ги преоптоварувајте жиците со преоптоварување на четката Жичаните влакна може лесно да навлезат во облека и/или кожа.
▶ Ако се препорачува користење на заштита за жичано четкање, не дозволувајте попречување меѓу жичаниот диск или четката со заштита. Жичаниот диск или четка може да се прошират во дијаметар заради работното оптоварување и центрифугалните сили.

Дополнителни безбедносни напомени

BOSCH Texoro - Безбедносни предупредувања за брусење и чистење со жичани четки - 1
Носете заштитни очила.

▶ Носете заштитни ракавици.
▶ Исключете го електричниот апарат, доколку настане прекин на струја, на пр. доколку снема струја или се извлече струјниот приклучок. Со тоа ње спречите неконтролирано рестартирање на уредот.
▶ Користете го електричниот алат само за суво брусење. Навлегувањето на вода во електричниот алат го зголемува ризикот од електричен удар.

154 | Македонски

Ставете го електричниот алат на делот што се обработува само кога е включен и исключете го дури тогаш кога ће го кренете од делот. Електричниот алат може одеднаш да се придвижи.
▶ Никогаш не го допирајте алатот за брусење доколку е во погон. Постои опасност од повреда.
▶ Внимавајте на тоа лицата да не се во опасност поради искри што летаат. Тргнете ги запаливите материјали од близина. При брусење на материјали постои опасност од искRITE што летаат.
▶ Не користете изабени, скршени или силно прицврстени брусни ленти. Оштетените брусни ленти може да се скршат, исфрлат и да повредат некого.
Редовно чистете ги отворите за проветрување на вашиот електронски алат. Вентилаторот на моторотвлече прав во кујиштето, а собирањето на големаколичина на метална прав може да предизвикаелектрични опасности.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ Внимание опасност од пожар! Избегнувајте прегревање на парчето што се бруси и брусилката. Пред да направите пауза во работата, секогаш испразнете го резервоарот за прав. Правта од брусењето во торбата за прав, микро честичките, хартиената кеса (или филтер-кесата одн. филтерот на вшмукувачот за прав) може да се запали при неповолни услови, како на пр. летање на искри при брусење на метали. Особена опасност постои, доколку правта од брусењето се измеша со остатоци од лак, полиуретан или други хемиски материјали и доколку парчето што се бруси се вжешти по долготрајна работа.

Опис на производот и перформансите

BOSCH Texoro - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или

тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

Електричниот алат е наменет за брусење и четкање на дрво, пластика, метал, шпахтел маса (на пр. гипс) како и лакирани горни површини без користење на вода. Особено е погоден за брусење на нерамни површини.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) Вретено за брусење
(2) Хауба за всисување на прав
(3) Млазници за всисување
(4) Завртка за затворање при монтажа на хаубата за всисување на прав
(5) Рачка (изолирана површина на дршката)
(6) Прекинувач за вклучување/исклучување
(7) Копче за контрола на бројот на вртежи
(8) Флексибилна ролна
(9) Ламелни валјаци
(10) Вратило за прифат за чаурата за брусење ^A)
(11) Чаура за брусење ^4)
(12) SDS-прифат
(13) SDS-пружина за прифат
(14) SDS-копче за отклучување на алатот за брусење
(15) Рачка на алатот
(16) Жлеб за прицврстување на хаубата за всисување на прав
(17) Мутер за заклучување
(18) Црево за издувни гасови ^4
(19) Адаптер за всисување (∅ 19 mm) ^A)
A) Илуstriраната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Технички податоци

Валјаци за брусење Техого
Број на дел/артикл3 603 CB5 1..
Одредување на број на вртежи
Номинална јачина W 250
Број на вртежи во празен од n_0 min ^-1 1600 – 3000
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014kg 1,3
Класа на заштита☐ / II

Податоците важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.

Информации за бучава/вибрации

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-4.

Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 79 dB(A); ниво на звучна јачина 90 dB(A). Несигурност K = 3 dB.

Носете заштита за слухот!

Вкупни вредности на вибрации a_h (векторски эбир на трите насоки) и несигурност К утврдени во согласност со EN 62841-2-4:

Брусење со чаура за брусење: a_n = 3,5 m/s^2 , K = 1,5 m/s^2 , Брусење со ламелен валјак (60 mm): a_n = 2,5 m/s^2 , K = 1,5 m/s^2 ,

Брусење со ламелен валјак (10 mm): a_n = 3 m/s^2 , K = 1.5 m/s^2 ,

Работење со жичана четка: a_h = 6 m/s^2 , K = 1,5 m/s^2 .

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

Монтажа

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.

Менување на алатот за брусење

Co SDS-прифатот (12) на вретеното за брусење (1) може да го замените алатот за брусење едноставно и удобно без користење на други дополнителни алати.

Доколку е ислучен електричниот алат, Системот за автоматско блокирање го заклучува вретеното за брусење. Доколку вретеното за брусење е цврсто фиксирано, алатот за брусење може подобро да се прикачи и извлече.

Флексибилните ролни (8), ламелните валјаци (9) и жичаните четки може директно да се прикачат на вретеното за брусење (1).

За чаурите за брусење (11) мора најпрво вратилото за прифат (10) да се прикачи на вретеното за брусење (1). Потоа може чаурата за брусење (11) да се наврти на вратилото за прифат (10).

– Држете го алатот за брусење на тој начин што, SDS-пружините за прифатот (13) покажуваат надвор од вретеното за брусење (1).
– Алатот за брусење вметнете го со вртење на вретеното за брусење (1) додека не слушнете дека е вклопено.
– Проверете дали е заклучен со влечење на алатот за брусење.

  • Држете го вратилото за прифат (10) на тој начин што, SDS-пружините за прифатот (13) покажуваат надвор од вретеното за брусење (1).
    – Вратилото за прифат (10) вметнете го со вртење на вретеното за брусење (1) додека не слушнете дека е вклопено.
    – Со влечење проверете дали е заклучено вратилото за прифат.
    – Вртете ги чаурите за брусење (11) на вратилото за прифат (10), додека не се покријат гумените ламели.

Демонтирање на алатот за брусење (види слики C1 - C2)

– Притиснете го SDS-копчето за притискање (14) за отлучување и извлечете го алатот за брусење од вретеното за брусење (1).

Хауба за всисување на прав

Напомена: При работење со жичани четки секогаш користете ја испорачаната хауба за всисување на прав.

Монтирање на хаубата за всисување на прав (види слика D)

– Притиснете ја лесно хаубата за всисување на прав (2) до крај во двата жлеба за прицврстување (16) на рачката на алатот (15).
– Затегнете ја завртката за затворање (4).
Сега, хаубата за всисување на прав е цврсто монтирана на рачката на алатот.

Подесување на хаубата за всисување на прав (види слика E)

▶ Поставете ја хаубата за всисување на прав (2) на тој начин што, правта или искрите нема да летаат во правец на лицето кое го користи алатот.

Хаубата за всисување на прав (2) може да го покрие вретеното за брусење во различни агли. За тоа служат жлебовите за вклопување (17).

– По монтажата на хаубата за всисување на прав (2) свртете ја во зависност од користењето и обработката на парчето.

Хаубата за всисување на прав се заклучува во три правци.

Вшмукување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по

здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.

Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.

Надворешно всисување (види слика F)

– Вметнете црево за всисување (18) со соодветен адаптер за всисување (19) (дијаметар 19 mm) млазниците за всисување (3). Поврзете го цревото за всисување со всисувач за прав (опрема).

Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прашина їе го најдете на крајот од ова упатство.

Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.

При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален всисувач.

Употреба

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.

Ставање во употреба

▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.

Вклучување/исклучување

  • За ставање во употреба на електричниот алат, лизнете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6) нанапред.
  • За фиксирање на прекинувачот за включување/ислучување (6) притиснете нанапред на

прекинувачот за вклучување/исклучување (6), додека не се вклопи.

– За исклучување отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6) одн. доколку тој е блокиран, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6) кратко наназад и надолу и потоа отпуштете го.
▶ Пред употребата проверете ги алатите за брусење. Алатот за брусење мора да биде монтиран беспрекорно и да може слободно да се врти. Направете проба од најмалку 1 минута без оптоварување. Не користете оштетени, нетркалезни или алати за брусење што вибрираат. Оштетените алати за брусење може да пукнат и да предизвикаат повреди.

Избор на алат за брусење

Алатот за брусење одберете го соодветно на формата на површината што се обработува и материјалот што се бруси. Одберете соодветна гранулација во зависност од тоа колку од материјалот сакате да отстраните.

Примена Форма на горната површинаАлат за брусење
Брусење на дрвоПраво Чаура за брусење
Отстранување на лакот (дрво)Конусен брусен прстенЛамелен валјак (60 mm)
ЗаобленоГрубо обликуванФлексибилна ролна (60 mm/15 mm)Најлонска четкаЛамелен валјак (60 mm)
Међупростори (бразди, ламели, жлеб/пружина)Ламелен валјак (10 mm/5 mm)
Структурирање на дрвоПраво ЗаобленоНајлонска четка
Стругање на лакирани површини (дрво)Право Чаура за брусење
Конусен брусен прстенЛамелен валјак (60 mm)
Брусење на метали (на пр. челик, алуминиум, месинг)Право Чаура за брусење
Конусен брусен прстенБрусна волнаЛамелен валјак (60 mm)
Заоблено Најлонска четка
Стакло за чистење
Месингана метална четка
Отстранување на 'рігата од металиПравоСтакло за чистење
ЗаобленоМесингана метална четка
Полирање/структурирање на металотПравоНајлонска четка
ЗаобленоБрусна волна
Отстранување на лакот (метал)Право Најлонска четка
Стакло за чистење

Капацитетот на отстранување и квалитетот на површината во главно се одредуваат според изворот на алатот за брусење, степенот на избраниот број на вртежи и притисокот на површината.

Само беспрекорните алати за брусење може да придонесат за добар капацитет на брусење и одржување на електричниот алат.

Користете само оригинална Bosch брусна опрема.

Бирање на бројот на вртежи

Со вртливото копче на бројот на вртежи (7) може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот.

Ако е достигната крајната поставка "6", се слуша кога тркалцето за подесување ће се вклопи.

1 - 2 низок број на вртежи

3 - 4 среден број на вртежи

5 - 6 висок број на вртежи

Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.

Податоците во приложената табела се препорачани вредности.

Примена Гранулација (грубо брусење / фино брусење)Степен на број на вртежи
Стругање на лакирани површини120/240 2/3
Отстранување на лакот80/- 5
Меко дрво 80/240 5/6
Цврсто дрво 80/240 5/6
Фурнир 120/240 2 - 4
Примена Гранулација (грубо брусење / фино брусење)Степен на број на вртежи
Алуминиум 80/240 4/5
Брусење на челик 80/240 3 - 5
Отстранување на 'рfата од челикот80 /120 4 - 6
Не'рfосувачки челик 80/240 3 - 5
Камен 80/240 5/6

По долготрајна работа со мал број на вртежи, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.

Брусење

– Включете го електричниот алат, поставете го со целата површина за брусење на подлогата што се обработува и движете го со благ притисок преку парчето што го обработувате.
– Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси. Прекумерното зголемување на притисокот врз површината не води кон зголемен капацитет на брусење, туку кон поголемо изабување на електричниот алат и алатот за брусење.
– Алатот за брусење со кој сте обработувале метал, не го користете за други материјали.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.

▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

Доколку е потребно користење на приключен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

158 | Srpski

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH Texoro - Северна Македонија - 1

Не ги фрлајте електричните алати во домашната канта за отпадоци!

Само за земјите од ЕУ:

Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски уреди и нивната имплементација во националното право, електричните алати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.

Srpski

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : Texoro

Категорија : брусилка