8200 AC - Телбод SKIL - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 8200 AC SKIL во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот Телбод во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 8200 AC - SKIL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 8200 AC на марката SKIL.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 8200 AC SKIL
EU-Изјава за сообразност Хефталка Број на артикл Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај:
- Овој алат е наменет за хефтање и забивање шајки во картон, материјал за изолација, текстил, фолија, кожа и слични материјали на површина од дрво или материјали слични на дрво
- Овој алат не е наменет за прикачување на ѕид или на панели на плафонот
- Овој алат не е наменет за професионална употреба
- Внимателно прочитајте го и зачувајте го ова упатство за ракување 380 ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ 1 ЕЛЕМЕНТИ НА АЛАТОТ 2 A Рачка за полнење на магацинот B Лизгач C Магацин D Глава на хефталката E Прекинувач за вклучување/исклучување F Прекинувач за активирање G Тркало за избор на контролата врз ударот H Индикатор за повторно полнење J Отвори за вентилација
ОПШТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации дадени со овој електричен алат. Грешките настанати како резултат на непридржување до сите инструкции дадени подолу може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
Чувајте ги сите предупредувања и упатства за понатамошно упатување. Поимот “електричен алат”, кој се користи во понатамошниот текст, се однесува на вашиот електричен алат (со приклучен кабел) и на електрични алати со погон на батерии (без приклучен кабел).
1) БЕЗБЕДНОСТ НА РАБОТНОТО МЕСТО
a) Одржувајте го вашето работно место чисто и уредно. Неуреден или темен работен простор може да предизвикаат незгоди. b) Немојте да работите со уредот во средина во која има опасност од експлозија, во која има запалливи течности, гасови и прашина. Електричните алати произведуваат искри кои можат да запалат прашина или пареа. c) За време на употребата на електричниот алат, децата и останатите лица држете ги подалеку од местото каде работите. Одвраќање, би можеле да изгубите контрола врз уредот.
2) ЕЛЕКТРИЧНА СИГУРНОСТ
a) Утикач мора да одговара на приклучокот. Никако не смее да се прават измени на штекерот. Не користете адаптерски штекер заедно со уредот кој е заштитно заземјен. Не променети штекери и соодветни приклучоци го намалуваат ризикот од електричен удар. b) Избегнувајте допир на телото со заземјени површини, како што се цевки, радијатори, рерни и фрижидери. Постои зголемена опасност од струен удар, доколку Вашето тело е заземјено. c) Чувајте го уредот подалеку од дожд и влага. Продирањето на вода во електричниот уред ја зголемува опасноста од струен удар. d) Не злоупотребувајте го приклучниот кабел за носење, бесење на уредот или за извлекување на штекерот од мрежниот приклучок. Чувајте го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови или деловите на апаратот кои се движат. Оштетени или заплеткани кабли ја зголемуваат опасноста од струен удар. e) Кога го употребувате полначот надвор, користете продолжен кабел кој е соодветен за употреба на отворен простор. Примената на продолжен кабел соодветен за работа на отворен простор ја намалува опасноста од струен удар. f) Доколку не може да се избегне работа со електричниот алат во влажна средина, користете прекинувач за струјна заштита при технички проблеми. Употребата на прекинувачот за струјна заштита при технички проблеми го намалува ризикот од електричен удар.
3) БЕЗБЕДНОСТ НА ЛУЃЕ
a) Бидете внимателни, внимавајте што правите и постапувајте внимателно додека работите со електричниот алат. Не работете со уредот доколку сте уморни или под дејство на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата може да доведе до сеиозни повреди. b) Носете ја личната заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на личната заштитна опрема, како што е маската за прашина, безбедносната облека која не се лизга, заштитен шлем или штитник за слух, зависно од видот и примената на електричниот алат, ја намалува опасноста од повреда. c) Избегнувајте невнимателно вклучување за време на работата. Осигурајте се прекинувачот да биде во “OFF” позиција пред да го ставите штекерот во приклучокот. Доколку го носите електричниот алат со прстот на прекинувачот или го приклучувате апаратот кој е приклучен со напојување на струја, може да предизвикате
d) Пред вклучување на уредот, тргнете ги алатите за подесување или клучот за навртување. Алатот или клучот кој се наоѓа во вртливиот дел на уредот, може да предизвика незгода. e) Не ги преценувајте своите способности. Завземете сигурен и стабилен став и во секој момент одржувајте рамнотежа. На тој начин можете подобро да го контролирате уредот во неочекувани ситуации. f) Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови. g) Доколку може да се монтираат направи за вшмукување и фаќање прашина, проверете дали се вклучени и дали можат исправно да се користат. Примената на овие направи ја намалува опасноста од прашината. h) Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при81 неговото користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозни повреди во дел од
ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ a) Не го преоптеретувајте уредот. При вашата работа користете го предвидениот електричен алат за таа употреба. Со соодветниот електричен алат ќе работите подобро и посигурно во наведената функционална област. b) Не користете електричен алат чиј прекинувач е неисправен. Електричниот алат кој повеќе не може да се вклучува и исклучува е опасен и мора да се
c) Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го комплетот со батерии, ако се одделува, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или да го складирате електричниот алат. Со овие мерки на внимателност ќе се избегне невнимателното вклучување на уредот. d) Тргнете го електричниот алат кој не го користите од допирот на децата. Не допуштајте работа со уредот на лица кои не се запознаени со него или кои го немаат прочитано ова упатство. Електричните алати се опасни доколку со нив работат неискусни лица. e) Одржувајте го електричниот алат и дополнителната опрема. Имајте контрола околу тоа дали движечките делови на уредот работат беспрекорно и дали не се заглавени, дали деловите се скршени или оштетени до таа мерка што не може да се обезбеди функционирање на уредот. Пред примената, овие оштетени делови треба да се поправат. Причина за многу незгоди е лошо одржуваниот електричен алат. f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри очтрици помалку ќе се заглавуваат и со нив работата ќе биде полесна. g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн., треба да ги користите според овие упатства, и на начин кој е опишан за соодветниот тип на уред. При тоа, земете ги предвид работните услови и работата која се извршува. Употребата на електричните алати за други цели кои не се предвидени, може да предизвика опасни ситуации. h) Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во неочекувани ситуации.
a) Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се обезбедува безбедно одржување на електричниот алат. БЕЗБЕДНОСНО УПАТСТВО ЗА ХЕФТАЛКИТЕ
- Секогаш имајте предвид дека алатот има иглички (невнимателната работа со хефталката може да доведе до неочекувано испукување на игличките и лична повреда)
- Не насочувајте го алатот кон себе или кон други лица во непосредна околина (неочекуван притисок може да исфрли игличка со што ќе се предизвика повреда)
- Не користете го алатот освен ако не е поставен цврсто врз парчето за работа (ако алатот нема контакт со парчето за работа, игличката може да одлета од наменетата цел)
- Исклучете го алатот од извор на напојување кога ќе се заглават игличките во него (при отстранување на заглавени иглички, хефталката може случајно да се активира ако е вклучена)
- Внимавајте при отстранување на заглавена игличка (механизмот може да биде под притисок и насилно да исфрли игличка додека се обидувате да ги ослободите заглавените иглички)
- Не користете ја оваа хефталка за прицврстување електрични кабли (не е наменета за инсталација на електрични кабли и може да ја оштети изолацијата на каблите со што може да се предизвика електричен удар или опасност од пожар)
- Зацврстете го материјалот кој го обработувате (обработка која е зацврстена со стеги или во менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
- Овој алат не е наменет за употреба од страна на деца и лица со намалени физички, сензорски или ментални способности или со помало искуство и знаење
- Обезбедете децата да не си играат со алатот
- SKIL може да признае гаранција само доколку е користен оригинален прибор
- Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е назначен на плочката на алатот
- Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и други предмети во местото каде работите; тргнете ги пред да почнете со работа
- Во случај да дојде до електричен или механички дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од приклучокот
- Ако кабелот се оштети или пресече за време на работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
- Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен; замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице
- Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ 3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
4 Двојна изолација (не е потребна заземна жица) 5 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од домаќинството
- Ставање иглички/шајки 6 ! извлечете го приклучокот ако кабелот - свртете го алатот наопаку - притиснете ја рачката A влечејќи го лизгачот B наназад82 - вметнете ја лентата со иглички/шајки во магацинот C со краевите свртени нагоре (максималниот капацитет е 100 иглички/80 шајки) - притискајте го лизгачот B кон главата на хефталката D додека не се заклучи - кога ќе вметнувате лента со шајки (не се доставува со алатот), закосете го алатот на тој начин лентата со шајки да се положи врз страната на магацинот каде е симболот за шајки на главата на хефталката D 7 - наполнете го магацинот повторно C кога во отворот ќе се појави крајот на лентата со иглички или шајки H 2
- Работа со алатот 8 - вклучете го алатот со притискање на прекинувачот E во позициите „I“ - цврсто притиснете ја главата на хефталката D врз парчето за работа за да се положи комплетно - накусо притиснете го прекинувачот F и потоа
! додека работите, секогаш држете го алатот за местото (местата) кое (кои) се означени со
- исклучете го алатот со притискање на прекинувачот E во позициите „О“
- Контрола врз ударот 9 Со тркалцето G прилагодувајте го потребното ниво за удар без прекини од минимум кон максимум (- / +) - „-“ за тенки и лесни материјали како што се фолија или ткаенина - „+“ за дебели и цврсти материјали како што се цврсто дрво или ѕид - пред да започнете со работа, најдете го најсоодветното ниво за удар со проверка на резервен материјал СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
- Панели за прицврстување 0
- Ако сакате да хефтате цврсто дрво, користете пократки иглички од оние што се доставуваат со
- Избегнувајте пукање на празно за да го намалите ослабувањето на ударот
- Многу други совети можете да најдете на www.skil.com ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
- Овој алат не е наменет за професионална употреба
- Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти (особено отворите за ладење J 2) ! пред чистење извадете го алатот од приклучокот
- Доколку алатот и покрај внимателното работење и контрола некогаш откаже, поправката мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
- во случај на примедба, испратете го алатот нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис (адресите се наведени на www.skil.com) ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА
- Не се ослободувајте од електични алати, уреди или амбалажа преку нивно фрлање во домашното ѓубре (само за земјите на ЕУ) - според Европската Директива 2012/19/EC за ослободување од електрична и електронска опрема и нејзина имплементација во согласност со националните закони, електричните алати кои го достигнале крајот на својот животен век мора да бидат собрани посебно и да бидат вратени во соодветен објект за рециклирање - симболот 5 ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде време алатот да го фрлите БУЧАВА / ВИБРАЦИИ
- Мерено во согласност со EN 60745 нивото на звучен притисок е 84 dB(A) а нивото на звучна моќност 95 dB(A) (стандардно отстапување: 3 dB), и вибрација 7,0 м/с² (векторски збир на трите показатели; несигурност К = 1.5 м/с²)
- Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено на задниот дел на ова упатство е измерено во согласност со стандардизираниот тест даден во EN 60745; може да се користи за да се спореди еден алат со друг, и како првична оценка за изложеноста на вибрации кога се користи алатот за споменатите
- користењето на алатот за разни примени, или со различни или неправилно чувани делови, може да доведе до значајно зголемување на нивото на
- кога алатот е исклучен или кога алатот е вклучен но не врши некаква работа, може да дојде до значително намалување на нивото а изложеност ! заштитете се од ефектите на вибрациите преку одржување на алатот и неговите делови, одржување на топлината во вашите раце, и организирање на вашата работа
Notice-Facile