PLM4620N - PLM4620N2 - кошачка за трева MAKITA - Notice d'utilisation et mode d'emploi gratuit
Retrouvez gratuitement la notice de l'appareil PLM4620N - PLM4620N2 MAKITA au format PDF.
Téléchargez la notice de votre кошачка за трева au format PDF gratuitement ! Retrouvez votre notice PLM4620N - PLM4620N2 - MAKITA et reprennez votre appareil électronique en main. Sur cette page sont publiés tous les documents nécessaires à l'utilisation de votre appareil PLM4620N - PLM4620N2 de la marque MAKITA.
MODE D'EMPLOI PLM4620N - PLM4620N2 MAKITA
236 Downloaded from www.Manualslib.com manuals search engine
МАКЕДОНСКИ Легенда на општиот преглед 1. 2. 3. 4. 5.
Горна рачка Рачка на сопирачката Рачка на гасот Рачка на стартерот Држач на јажето
Собирач на трева Рачка за местење на висината Глава Свеќичка Капаче за гориво
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ За Ваша лична безбедност прочитајте го упатството пред да се обидете да работите со вашата нова машина. Непридржувањето до упатствата може да доведе до тешка телесна повреда. Одвојте малку време за да се запознаете со косилката пред секоја употреба. Чувајте го ова упатство на безбедно место за информациите секогаш да ви бидат достапни. Доколку му ја давате опремата на некое друго лице, предајте му ги упатствата за работа како и безбедносните прописи исто така.
Капаче за масло Штипка за кабелот Тркалце за блокирање Голема брзина Мала брзина
1. СИМБОЛИ НА ПРОИЗВОДОТ (на задниот капак) Прочитајте го упатството за ракување.
Држете ги другите лица подалеку.
Наменета употреба Опремата може да се употребува само за оние задачи за кои е наменета. Секаква друга употреба се смета дека претставува случај на злоупотреба. Корисникот/ операторот, а не производителот ќе сноси одговорност за секаква штета или повреди кои може да настанати како резултат на тоа. Бензинската косилка е наменета за приватна употреба т.е. за употреба во домот и градината. Под приватна употреба на косилката се подразбира време на работа кое вообичаено не надминува 50 часа годишно при што машината главно се употребува за да се одржуваат мали, станбени тревници и домашни/мали градини. Се исклучува примена во јавни капацитети, спортски сали и во земјоделство/ шумарство. Имајте предвид дека нашата опрема не е дизајнирана за комерцијална, трговска или индустриска примена. Нашата гаранција ќе стане неважечка доколку машината се употребува во комерцијални, трговски или индустриски деловни операции или за слични цели. Упатствата за работа такви како што се испорачани од производителот мора да се почитуваат и следат за да се осигури дека косилката соодветно се употребува и одржува. Упатствата содржат корисни информации за работењето, одржувањето и околностите за сервисирање. Важно! Поради висок ризик од телесни повреди кај корисникот, косилката не смее да се употребува за поткастрување грмушки, живи огради или џбунови, за сечење скалеста вегетација, засадени кровови или трева што се одгледува на балкони, чистење (вшмукување) нечистотии и остатоци покрај пешачки патеки или да се сечат дрвја или гранки од жива ограда. Исто така, косилката не смее да се употребува како култиватор за рамнење на високи области како кртечини. Од безбедносни причини, косилката не смее да се употребува како погонски уред за други работни алати или прибори на алат од каков било вид.
Внимавајте повеќе на рацете и стопалата на операторот за да избегнете повреди.
Отровни пареи; не ракувајте во затворен простор.
Горивото е запаливо, подалеку од оган. Не дополнувајте гориво во машина што работи.
Кога косите, носете очила и штитници за уши за да се заштитите.
Кога поправате, извадете ја свеќичката и исчистете ја според упатството за ракување.
Претпазливо: Жежок мотор.
Отпуштете ја рачката за да го сопрете моторот.
237 Downloaded from www.Manualslib.com manuals search engine
2. ОПШТИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРАВИЛА
• Операторите мора да добијат соодветна обука за употреба, приспособување и работење со машината, вклучувајќи и кои дејствија се забранети.
Подготовка ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога се користат бензински алати, за да се избегнат потешки повреди и/или оштетување на уредот, секогаш треба да се почитуваат основните безбедносни мерки, вклучително и следниве. Прочитајте ги сите упатства пред да ракувате со производот и чувајте го упатството за во иднина.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Машината произведува електромагнетно поле за време на работата. Во извесни околности, тоа поле може да им предизвика пречки на активни или пасивни медицински импланти. За да се намали ризикот од тешки или смртоносни повреди, препорачуваме лицата со медицински импланти да се посоветуваат со својот лекар и производителот на медицинскиот имплант пред да ракуваат со машината.
Обука • Прочитајте ги упатствата внимателно. Запознајте се со контролите и правилната употреба на опремата. Научете како брзо да го запрете моторот. • Користете ја косилката само за намената за која е дизајнирана, односно за косење и собирање трева. Секоја друга употреба може да биде опасна и да предизвика оштетување на машината. Примери за неправилна употреба вклучуваат, но без ограничување: - транспортирање луѓе, деца или животни на машината; - кога вие се транспортирате на машината; - користење на машината за влечење или туркање товари; - користење на машината за собирање лисја или отпад; - користење на машината за потстрижување живи огради или за косење друг вегетација освен трева; - употреба на машината од страна на повеќе од едно лица; - користење на сечилото на други површини освен тревни. • Не дозволувајте деца или луѓе што не се запознаени со упатствата да ја користат косилката. Локалните прописи може да ја ограничуваат возраста на операторот. • Никогаш не користете ја косилката: - кога има луѓе, особено деца или домашни животни, во близина; - ако операторот примил лекарства или супстанции што може да влијаат врз неговата способност да реагира и да се концентрира. • Имајте на ум дека операторот или корисникот е одговорен за несреќите или опасностите што им се случуваат на другите луѓе или имотот. 238 Downloaded from www.Manualslib.com manuals search engine
• Додека косите, секогаш носете тешки обувки и долги панталони. Не ракувајте со опремата боси или со отворени сандали. • Темелно проверете ја областа каде што ќе се употребува косилката и отстранете ги сите предмети како што се камења, играчки, стапчиња и жици кои машината може да ги отфрли. • ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - Бензинот е многу запалив. - Чувајте го горивото во садови специјално конструирани за таа намена; - Полнете гориво само надвор и не пушете притоа; - Додајте гориво пред да го палите моторот. Не вадете го капачето на резервоарот и не дополнувајте бензин додека моторот работи или е жежок; - Ако се истури бензин, не обидувајте се да го запалите моторот, туку тргнете ја машината подалеку од подрачјето на истурањето и обидете се да не создадете извор на палење додека не се развеат бензинските пареи; - затворете ги капачињата на резервоарот и на садот цврсто. • Заменете ги неисправните придушувачи. • Пред употребата, секогаш визуелно проверете ги сечилата, завртките на сечилата и комплетот за сечење да не се изабени или оштетени. Заменете ги изабените или оштетените сечила и завртките во комплетите за да ја зачувате рамнотежата. • Редовно проверувајте за да бидете сигурни дека сите погонски сигурносни склопки и автоматските контроли при попреченост на операторот правилно функционираат.
Работење • Не работете со моторот во затворен простор, каде што може да се наталожат опасни јаглерод моноксидни пареи. • Не работете со машината кога сте уморни или кога сте под влијание на алкохол или други лекови. • Предупредување! Не употребувајте ја косилката кога постои ризик од појава на молњи. • Се препорачува да се ограничи времетраењето на работењето за да се сведат на минимум ризиците од бучавата и вибрацијата. • Внимавајте кога работите со косилката по падини и блиску до надолнини, ендеци или насипи. • Косете само дење или на добро вештачко светло. • Избегнувајте работа со опремата на мокра трева, кога е можно. • Секогаш внимавајте како газите по стрмнини. • Одете, никогаш не трчајте. • Со вртливи машини на тркала, косете напречно по падини, никогаш нагоре или надолу. • Бидете многу претпазливи кога менувате насока на падини. • Не косете многу стрмни падини. • Бидете многу претпазливи кога одите наназад или ја влечете косилката кон себе.
• Сопрете ги сечилата ако косилката треба да се навали за превоз кога се поминуваат површини што не се тревни и кога ја пренесувате косилката до и од подрачјето што треба да се коси. • Не работете со косилката ако штитниците се оштетени или ако безбедносните делови, на пр. одбојниците и/или собирачите на тревата, не се на своите места. • Внимание: Косилката не смее да се употребува ако целиот собирач за трева или штитникот на самозатворачкиот отвор за исфрлање не се поставени на своето место. • Не менувајте ги основните поставки на моторот и не пребрзувајте го. • Немојте да го менувате или да вршите неовластени промени кај кое било запечатено прилагодување на контролите за брзината на моторот • Безбедносните системи или карактеристики на косилката не смеат да се подложуваат на неовластени промени ниту пак да се онеспособуваат. • Откочете ги сите сечила и погонски квачила пред да го запалите моторот. • Запалете го моторот внимателно, според упатството и со нозете далеку од сечилата. • Не навалувајте ја косилката кога го палите моторот. • Не палете го моторот кога стоите пред отворот за исфрлување. • Не ставајте раце или нозе близу или под вртливите делови. Бидете подалеку од отворот за исфрлување во секое време. • Не кревајте ја и не носете ја косилката додека моторот работи. • Сопрете го моторот и откачете го кабелот на свеќичката, проверете дали сите подвижни делови сопреле целосно и, кога има клуч, извадете го клучот: - пред да одглавувате блокирања или да го чистите испустот; - пред проверување, чистење или работење на косилката; - откако ќе удрите во некој предмет. Проверете ја косилката да не е оштетена и извршете ги поправките пред да ја запалите повторно и да работите со косилката. - ако косилката почне да вибрира ненормално (проверете веднаш). • Сопрете го моторот и откачете го кабелот на свеќичката, проверете дали сите подвижни делови сопреле целосно и, кога има клуч, извадете го клучот: - секогаш кога ја оставате косилката; - пред полнење гориво. • Намалете го гасот додека моторот е изгаснат и, ако моторот има вентил за прекин на доводот на гориво, затворете го доводот на крајот на косењето. • Користете ја косилката само за нејзината намена, за косење и собирање трева. Секоја друга употреба може да биде ризична и може да предизвика оштетување на машината.
Одржување и чување • Одржувајте ги сите навртки и завртки затегнати за да бидете сигурни дека опремата е во безбедна работна состојба. • Не одложувајте ја опремата со бензин во резервоарот во објект каде што испарувањата може да дојдат до отворен пламен или искра. • Дозволете моторот да се олади пред да го складирате во некој затворен простор; Чистете ја и одржувајте ја косилката пред складирање. • За да ја намалите опасноста од пожар, одржувајте ги моторот, придушувачот, одделот за акумулаторот и околината околу резервоарот за бензин чисти, без трева, лисја или премногу маснотии. • Проверувајте го собирачот на тревата често да не е изабен или истрошен. • Заменувајте ги изабените и оштетените делови за поголема безбедност. • Ако резервоарот за гориво треба да се испразни, тоа треба да се направи на отворено. • Неправилното одржување, употребата на несоодветни резервни делови, или отстранувањето или модификацијата на безбедносните компоненти може да ја оштети косилката и сериозно да ги повреди операторите. • Употребувајте само препорачани сечила и резервни делови од производителот. Употребата на неоригинални делови може да ја оштети машината и сериозно да ги повреди операторите. Чувајте ја косилката во добра работна состојба. • Доколку уредот за запирање на сечилото не работи, контактирајте го сервисниот центар за помош.
Транспортирање и ракување • Кога со машината треба да се ракува, да се подигне, транспортира или навали, вие мора: - да носите цврсти работни ракавици; - да ја држите машината за точките кои нудат стабилно држење, имајќи ги предвид тежината и распределувањето на тежината; - да користите соодветен број луѓе за тежината на машината и карактеристиките на возилото или местото каде што треба да се складира или собере. • За време на транспортирањето, цврсто фиксирајте ја машината со јажиња или синџири.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не допирајте сечило што се врти.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Полнете гориво во добро проветрено подрачје, со сопрен мотор.
3. ОПИС НА ДЕЛОВИТЕ (Сл. 1 и 2) Вклучува A: Клуч за свеќичката B: Клин за малчирање
239 Downloaded from www.Manualslib.com manuals search engine
Капацитет на резервоарот за гориво
Капацитет на резервоарот за масло
5,738 m/s2 K=1,5 m/s2
Капацитет на вреќата за собирање трева Нето тежина Местење на висината Гарантирано ниво на јачина на звук на местото на операторот (Според EN ISO 5395-1 Анекс F и EN ISO 5395-2, EN ISO 4871) Измерено ниво на јачина на звук Гарантирано ниво на јачина на звук (Според 2000/14/EC) Вибрации Според EN ISO 5395-1 Анекс G и EN ISO 53952)
5. СОСТАВУВАЊЕ 5-1 СКЛОПУВАЊЕ НА РАЧКАТА A) Прицврстете ги долните управувачи за телото на уредот со двата комплети завртки, шајбната и тркалцето за блокирање, како што е прикажано. (Сл. 3, Сл. 4, Сл. 5, Сл. 6) B) Ослободете ги горните управувачи за преклопување. Поврзете ги горната и долната рачка со двата комплети завртки, шајбната и тркалцето за блокирање. (Сл. 7, Сл. 8, Сл. 9) C) Поставете ги сите кабли врз отворите на рачката. Закачете ги околу средината на долните рачки со држачите за кабли така што каблите ќе се прицврстат од надворешната страна на машината. Инаку, каблите може да се штипнат со отворање/ затворање на задниот капак или да се изместат со преклопување на горната рачка. (Сл. 10)
5-2 СОСТАВУВАЊЕ НА СОБИРАЧОТ НА ТРЕВА 1. Ставање: Кренете го задниот капак и закачете го собирачот на трева за процепот од задниот дел на косилката. (Сл. 11, Сл. 12) 2. Вадење: фатете го и кренете го задниот капак, извадете го собирачот на трева.
5-3 РАЧКА НА СТАРТЕРОТ Придвижете ја рачката на стартерот од моторот кон држачот на јажето. (Сл. 13, Сл. 14)
240 Downloaded from www.Manualslib.com manuals search engine
5-4 ВИСИНА НА КОСЕЊЕТО Притиснете нанадвор за да ја одглавите рачката од комплетот. Поместете ја рачката напред или назад за да ја наместите висината. (Сл. 15 и видете услов 8-8)
6. МЕСТЕЊЕ НА СООДВЕТНА ВИСИНА 1) Повлечете го тркалцето за блокирање што ја држи долната дршка. (Сл. 16) 2) Видете на Сл. 17, поместете ја долната рачка нагоре и надолу, прилагодете на соодветната висина. Има 3 висини за прилагодување од коишто може да се избере за овој тип косилка; на висина 1, долната рачка е највисоко од тлото, на 3 е најниско. 3) Прилагодете на саканата висина, па прицврстете ја долната рачка со тркалцата за блокирање.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Левата и десната страна на долната рачка треба да се стават на иста висина.
7. 2 ВО 1 Овие косилки може да ја заменат функцијата, врз основа на намената: Од косилка со задно исфрлување во косилка со малчирање. Што е малчирање?
При малчирање тревата се коси во првиот работен чекор, потоа се ситни и се враќа на тревникот како природно ѓубриво. Совети за косење со малчирање: - Вообичаено косење од најмногу 2 cm на 6 cm до 4 cm висина на тревата. - Користете остар нож. - Не косете мокра трева. - Поставете на максимална брзина на моторот. - Движете се само полека. - Редовно чистете ги клинот за малчирање, внатрешната страна на куќиштето и сечилото за косење.
ЕДЕН: Преправање во косилка за малчирање ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Само со сопрен мотор и секач во мирување. 1. Кренете го задниот капак и извадете го собирачот на трева. 2. Притиснете го клинот за малчирање во главата. Заглавете го клинот за малчирање со копчето во отворот на главата. (Сл. 18, Сл. 19) 3. Спуштете го задниот капак.
ДВА: Косење со собирачот на трева 1. За косење со собирачот на трева, извадете го клинот за малчирање и монтирајте го собирачот на трева. 2. Вадење на клинот за малчирање. - Кренете го задниот капак и извадете го клинот за малчирање.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Само со сопрен мотор и секач во мирување.
8. УПАТСТВА ЗА РАКУВАЊЕ 8-1 ПРЕД ПАЛЕЊЕ Наполнете го моторот со бензин и масло како што е наведено во посебниот прирачник за моторот спакуван со косилката. Прочитајте ги упатствата внимателно.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Бензинот е многу запалив. Чувајте го горивото во садови специјално конструирани за таа намена. Полнете гориво само надвор, пред да го палите моторот и не пушете додека полните гориво или ракувате со него. Не вадете го капачето на резервоарот и не дополнувајте бензин додека моторот работи или додека моторот е жежок. Ако се истури бензин, не обидувајте се да го запалите моторот, туку тргнете ја машината подалеку од подрачјето на истурањето и обидете се да не создадете извор на палење додека не се развеат бензинските пареи.
Затворете ги капачињата на резервоарот и на садот цврсто. Пред да ја навалите косилката за одржување на сечилото или за празнење на маслото, испразнете го резервоарот од гориво.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не полнете го резервоарот во затворено, со запален мотор или додека моторот не се изладил барем 15 минути по работата.
8-2 ПАЛЕЊЕ НА МОТОРОТ И АКТИВИРАЊЕ НА СЕЧИЛОТО 1. Уредот е опремен со гумена чизма преку крајот на свеќичката, проверете дали металната јамка на крајот на кабелот за свеќичката (во гумената чизма) е прицврстена добро преку металниот врв на свеќичката. 2. Притиснете ја пумпата за гориво 3-5 пати пред да го палите моторот. (Сл. 20) 3. Кога палите студен мотор, ставете ја рачката на гасот во положба „ “. Кога палите топол мотор и работите, ставете ја рачката на гасот во положба „ “. (Сл. 21) 4. Стоејќи зад уредот, фатете ја рачката на сопирачката и држете ја близу до горната рачка како што е прикажано на Сл. 22. 5. Фатете ја рачката на стартерот како што е прикажано на Сл. 22 и повлечете нагло. Вратете полека до завртката на држачот на јажето откако ќе се запали моторот. Отпуштете ја рачката на сопирачката за да ги сопрете моторот и сечилото. Запалете го моторот внимателно, според упатството и со нозете далеку од сечилата. Не навалувајте ја косилката кога го палите моторот. Палете ја косилката на рамна површина, без висока трева или пречки. Држете ги рацете и нозете подалеку од вртливите делови. Не палете го моторот кога стоите пред отворот за исфрлување.
8-3 РАБОТНИ ПОСТАПКИ За време на работата, цврсто држете ја рачката на сопирачката со двете раце.
Напомена: За време на работата, кога рачката на сопирачката е отпуштена, моторот ќе сопре и со тоа косилката ќе престане да работи.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да се избегнат какви било ненамерни вклучувања на косилката, таа е опремена со кочница на моторот која мора да се врати назад пред да може да се вклучи моторот. Кога рачката за контрола на моторот ќе се отпушти, таа мора да се врати на својата почетна позиција, при што моторот автоматски ќе се исклучи.
241 Downloaded from www.Manualslib.com manuals search engine
Напомена: Кочница на моторот (рачка на кочница): Употребете ја рачката за да го запрете моторот. Кога ќе ја отпуштите рачката, моторот и сечилото запираат автоматски. За да косите, држете ја рачката во работна позиција. Пред да почнете да косите, проверете ја рачката за вклучување/запирање неколку пати за да се осигурате дека работи правилно. Осигурете се дека затегнатата сајла работи лесно (т.е. не е заглавена ниту пак свиткана).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако удрите во некој предмет, сопрете го моторот. Извадете го кабелот од свеќичката, темелно проверете ја косилката да не е оштетена и поправете ја штетата пред повторно да ја запалите и да работите со косилката. Прекумерни вибрации на косилката за време на работата се показател на оштетување. Уредот треба веднаш да се испита и да се поправи.
8-4 ГАСЕЊЕ НА МОТОРОТ
Испразете ја и исчистете ја вреќата, проверете дали и чиста и дали мрежата пушта воздух. (Сл. 23)
ВНИМАНИЕ: Сечилото се врти уште неколку секунди откако ќе се изгаси моторот. 1. Отпуштете ја рачката на сопирачката за да ги сопрете моторот и сечилото. 2. Откачете го и вземјете го кабелот за свеќичката како што е наведено во посебното упатство за моторот за да се спречи несакано палење додека не се внимава на опремата.
8-5 ЗА НАЈДОБРИ РЕЗУЛТАТИ ПРИ КОСЕЊЕТО Исчистете го тревникот од отпадоци. Внимавајте тревникот да нема камења, стапчиња, жици или други предмети што косилката може случајно да ги исфрли во која било насока и да предизвика тешки повреди на операторот и на другите, како и штета на имотот и околните објекти. Не косете мокра трева. За ефикасно косење, не косете мокра трева бидејќи таа се лепи за долниот дел на главата и спречува правилно косење на парчињата трева. Не косете повеќе од 1/3 од должината на тревата. Препорачано сечење за косење е 1/3 од должината на тревата. Брзината на движење по тлото треба да се прилагоди за да може искосеното да се распредели рамномерно по тревникот. За особено тешко косење на густа трева, може да биде потребно да се користи една од најмалите брзини за да се добие чисто добро косење. Кога се коси висока трева, може ќе треба да го искосите тревникот во две поминувања, спуштајќи го сечилото уште 1/3 од должината при второто косење и можеби косејќи по друга патека отколку првиот пат. Преклопувајте ја патеката по малку при секое поминување за да се исчистат преостанатите парченца на тревникот. Со косилката треба да се работи со полн гас за да се добие најдобро сечење и за да може да искоси најефикасно. Исчистете ја долната страна на главата. Внимавајте да ја чистите долната страна на главата за косење по секоја употреба за да спречите наталожување трева, што ќе спречи правилно малчирање. Косење лисја: Косењето лисја исто може да биде корисно за тревникот. Кога косите лисја, внимавајте да се суви и да не се во многу дебел слој на тревникот. Не чекајте сите лисја да паднат од дрвјата пред да косите. 242 Downloaded from www.Manualslib.com manuals search engine
8-6 СОБИРАЧ НА ТРЕВА 8-7 ГЛАВА Долната страна на главата за косење треба да се исчисти по секоја употреба за да не се насоберат парчиња трева, лисја, земја или други отпадоци. Ако отпадоците се остават да се насобираат, може да дојде до ’рѓосување и корозија и да не може правилно да се малчира. Главата може да се чисти со навалување на косилката и гребење со соодветна алатка (внимавајте кабелот на свеќичката да е откачен).
8-8 УПАТСТВА ЗА МЕСТЕЊЕ НА ВИСИНАТА ВНИМАНИЕ: Никогаш не вршете прилагодувања на косилката ако претходно не сте го сопреле моторот и не сте го откачиле кабелот на свеќичката.
ВНИМАНИЕ: Пред да ја менувате висината за косење, сопрете ја косилката и откачете го кабелот за свеќичката. Косилката е опремена со рачка за централно прилагодување на висината што има 5 положби. 1. Сопрете ја косилката и откачете го кабелот за свеќичката пред да ја менувате висината за косење на косилката. 2. Рачката за централно прилагодување на висината има 5 положби за висината. 3. За да ја смените висината на косењето, притиснете ја рачката за местење кон тркалото, движејќи ја нагоре или надолу до избраната висина (Сл. 24). Сите тркала ќе бидат на иста висина на косење.
9. УПАТСТВА ЗА ОДРЖУВАЊЕ СВЕЌИЧКА Користете само оригинална свеќичка за замена. За најдобри резултати, заменувајте ја свеќичката на секои 100 часа употреба. (видете во ПРИРАЧНИКОТ ЗА МОТОРОТ).
ГУРТНИ НА КОЧНИЦАТА Редовно проверувајте ги и/или менувајте ги гуртните на кочницата на моторот кај сервисен агент, а за замена, смее да се употребуваат само оригинални резервни делови.
10. УПАТСТВА ЗА ПОДМАЧКУВАЊЕ ВНИМАНИЕ: ОТКАЧЕТЕ ГО КАБЕЛОТ ЗА СВЕЌИЧКАТА ПРЕД СЕРВИСИРАЊЕ. 1. ТРКАЛА - Подмачкувајте ги лежиштата на секое тркало со лесно масло барем еднаш во сезона. 2. МОТОР - Постапувајте според упатствата за подмачкување од прирачникот за моторот. 3. СОПИРАЧКА - Подмачкувајте ги точките на вртење на рачката на сопирачката и кабелот со лесно масло барем еднаш во сезона. Контролата на сопирачката мора да се движи слободно во обете насоки.
11. ЧИСТЕЊЕ ВНИМАНИЕ: Не чистете го моторот со црево. Водата може да го оштети моторот или да го загади горивниот систем. 1. Бришете ја главата со сува крпа. 2. Чистете со црево под главата навалувајќи ја косилката така што свеќичката ќе биде горе.
11-1 ПРЕЧИСТУВАЧ НА ВОЗДУХОТ НА МОТОРОТ ВНИМАНИЕ: Не дозволувајте земја или прашина да го затнат сунѓерестиот елемент на филтерот за воздух. Елементот на пречистувачот за воздух на моторот треба да се сервисира (чисти) по 25 часа нормално косење. Сунѓерестиот елемент мора да се сервисира редовно ако косилката се користи во суви правливи услови. (видете во ПРИРАЧНИКОТ ЗА МОТОРОТ).
ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ ЗА ВОЗДУХ 1. За PLM4120N: Кренете ги јазичињата од горниот дел на капакот на филтерот. За PLM4620N: Извадете ја завртката. 2. Извадете го капакот. 3. Измијте го елементот на филтерот во сапуница. НЕ КОРИСТЕТЕ БЕНЗИН! 4. Исушете го елементот на филтерот на воздух. 5. Ставете неколку капки масло SAE30 на сунѓерестиот филтер и притиснете благо за да се отстрани вишокот масло. 6. Вратете го филтерот на место. 7. Затворете го капакот на филтерот.
НАПОМЕНА: Заменете го филтерот ако е распарчен, искинат, оштетен или не може да се исчисти. (Сл. 25 за PLM4120N)
11-2 СЕЧИЛО ВНИМАНИЕ: Внимавајте да го откачите и взејмите кабелот на свеќичката пред да работите на сечилото за да не дојде до случајно палење на моторот. Заштитете ги рацете со тешки ракавици или крпа за да ги фатите сечилата. Навалете ја косилката како што е одредено во посебниот прирачник за моторот. Извадете ги имбус завртката и шајбната што ги држат сечилото и адаптерот за погонската оска на моторот. Извадете ги сечилото и адаптерот од оската.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Повремено проверувајте го адаптерот за сечилото да не е напукнат, особено ако удрите во некој предмет. Заменете ако е потребно. За најдобри резултати, сечилото треба да е остро. Сечилото може да се наостри откако ќе се извади и ќе се избруси или истурпија работ за сечење колку што е можно поблиску до оригиналната состојба. Многу е важно секој раб за сечење да се избруси подеднакво за да не дојде до неврамнотежено сечило. Неправилна рамнотежа на сечилото ќе доведе до прекумерни вибрации, што може да ги оштети моторот и косилката. Внимателно врамнотежете го сечилото по острењето. Сечилото може да се испроба дали е врамнотежено со ставање на врвот на завртка. Отстранувајте метал од потешката страна додека не се врамнотежи рамномерно. (Сл. 26) Пред да ги составите сечилото и адаптерот со уредот, подмачкајте ги оската на моторот и внатрешната површина на адаптерот со лесно масло. Наместете го адаптерот за сечилото на оската. Видете на Сл. 26. Ставете го сечилото со бројот на делот свртен од адаптерот. Порамнете ја шајбната преку сечилото и вметнете ја имбус-завртката. Затегнете ја имбусзавртката до моментот наведен подолу.
11-3 ВРТЛИВ МОМЕНТ ЗА МОНТИРАЊЕ НА СЕЧИЛОТО Средишната завртка треба да се затегне до момент од 35 - 45 Nm. За да осигурате безбедна работа на уредот. СИТЕ навртки и завртки треба да се проверуваат повремено дали се затегнати. По подолга употреба, особено на попесоклива почва, сечилото ќе се изаби и ќе го изгуби оригиналниот облик. Сечењето ќе биде помалку ефикасно и сечилото треба да се замени. Заменувајте го само со фабрички одобрено сечило. Производителот не е одговорен за евентуални оштетувања поради неврамнотеженост на сечилото. Кога го менувате сечилото, треба да го користите оригиналниот тип означен на сечилото (MAKITA 263001433 за PLM4120N, MAKITA 263001451 за PLM4620N) (за да нарачате сечило, контактирајте со локалниот продавач или јавете се кај нас).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не допирајте сечило што се врти. 243
Downloaded from www.Manualslib.com manuals search engine
11-4 МОТОР Видете во посебниот прирачник за моторот за упатства за одржување на моторот. Одржувајте го моторното масло како што е наведено во посебниот прирачник за моторот спакуван со вашиот уред. Прочитајте ги упатствата и проследете ги внимателно. Сервисирајте го пречистувачот за воздух како што е наведено во прирачникот за моторот под нормални услови. При крајно правливи услови, чистете на неколку часа. Слаби перформанси на моторот и преплавување обично укажуваат дека пречистувачот на воздух треба да се сервисира. За да го сервисирате пречистувачот на воздухот, видете во прирачникот за моторот спакуван со вашиот уред. Свеќичката треба да се чисти и зазорот да се ресетира еднаш во сезона. Се препорачува замена на свеќичката на почетокот на секоја сезона на косење; видете во прирачникот за моторот за правилниот тип свеќичка и спецификациите на зазорот. Чистете го моторот редовно со крпа или четка. Одржувајте го системот за ладење (куќиштето на дувачот) чист за да овозможите правилно кружење на воздухот коешто е многу важно за работата и векот на траење на моторот. Внимателно отстранувајте ги тревата, земјата и запаливите отпадоци од подрачјето на придушувачот.
12. УПАТСТВА ЗА ЧУВАЊЕ (ВОН СЕЗОНА) Следниве чекори треба да се преземат за да се подготви косилката за чување. 1. Испразнете го резервоарот по последното косење сезоната. a) Испразнете го резервоарот за бензин со пумпа за цицање.
ВНИМАНИЕ: НЕ цедете го бензинот во затворени простории, близу до отворен пламен и сл. Не пушете! Пареата од бензинот може да предизвика експлозија или пожар. b) Запалете го моторот и оставете го да работи додека не го потроши преостанатиот бензин и застане. c) Извадете ја свеќичката. Со кантичка за масло ставете околу 20 мл масло во комората за согорување. Работете со стартерот за да го распоредите маслото рамномерно во комората за согорување. Вратете ја свеќичката на место. 2. Исчистете ја и подмачкајте ја косилката внимателно, како што е опишано во „УПАТСТВА ЗА ПОДМАЧКУВАЊЕ“. 3. Подмачкајте го малку секачот за да избегнете корозија. 4. Одложете ја косилката на суво, чисто место заштитено од мраз, подалеку од досегот на неовластени лица.
ВНИМАНИЕ: Моторот треба да е целосно изладен пред да се одложи косилката. 244 Downloaded from www.Manualslib.com manuals search engine
НАПОМЕНА: Кога одложувате каква било моторна опрема во непроветрена или шупа за чување материјали; - Треба да се преземат мерки за заштита од ’рѓосување на опремата. Премачкајте ја опремата со лесно масло или силикон, особено каблите и подвижните делови. - Вимавајте да не ги извиткате или прекршите каблите. - Ако јажето за стартување се откачи од држачот на јажето на рачката, откачете го и вземјете го кабелот на свеќичката. Притиснете ја рачката за контрола на сечилото и извлечете го полека јажето за стартување од моторот. Пикнете го јажето за стартување во завртката на држачот за јажето на рачката.
Транспорт Исклучете го моторот и дозволете моторот да се излади. Потоа исклучете го кабелот за свеќичка и испразнете го резервоарот за гориво според упатствата во прирачникот за моторот. Внимавајте да не го свиткате или оштетите сечилото кога минувате со косилката над пречки.
13. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ ПРОБЛЕМ
ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПРЕЗЕМЕ
Рачката на гасот не е во правилна положба за моменталните услови.
Ставете ја рачката на гасот во правилна положба.
Резервоар за гориво е празен.
Наполнете го резервоарот со гориво: видете во ПРИРАЧНИКОТ ЗА МОТОРОТ.
Елементот на пречистувачот за воздух е валкан.
Исчистете го елементот на пречистувачот за воздух: видете во ПРИРАЧНИКОТ ЗА МОТОРОТ.
Свеќичката е разлабавена.
Затегнете ја свеќичката до 25 - 30 Nm.
Кабелот за свеќичката е разлабавен Наместете го кабелот за свеќичката на неа. или откачен од неа. Моторот не пали.
Моторот тешко се пали или губи сила.
Моторот работи неправилно.
Зазорот на свеќичката е неправилен.
Поставете го зазорот меѓу електродите на 0,7 до 0,8 mm.
Свеќичката е неисправна.
Ставете нова, правилно прилагодена свеќичка: видете во ПРИРАЧНИКОТ ЗА МОТОРОТ.
Карбураторот е преплавен со гориво.
Извадете го елементот на пречистувачот на воздух и влечете го јажето за стартување повеќепати додека карбураторот не се исчисти и вратете го елементот на пречистувачот на воздух.
Неисправен модул за палење.
Контактирајте со овластен сервисен центар на Makita.
Нечистотии, вода или нечист резервоар.
Испразнете го горивото и исчистете го резервоарот. Наполнете го резервоарот со чисто, свежо гориво.
Отворот за проветрување на капачето на резервоарот е затнат.
Исчистете го или заменете го капачето на резервоарот.
Елементот на пречистувачот за воздух е валкан.
Исчистете го елементот на пречистувачот за воздух.
Свеќичката е неисправна.
Ставете нова, правилно прилагодена свеќичка: видете во ПРИРАЧНИКОТ ЗА МОТОРОТ.
Зазорот на свеќичката е неправилен.
Поставете го зазорот меѓу електродите на 0,7 до 0,8 mm.
Елементот на пречистувачот за воздух е валкан.
Исчистете го елементот на пречистувачот за воздух: видете во ПРИРАЧНИКОТ ЗА МОТОРОТ.
Елементот на пречистувачот за воздух е валкан.
Исчистете го елементот на пречистувачот за воздух: видете во ПРИРАЧНИКОТ ЗА МОТОРОТ.
Моторот работи лошо во Отворите за воздух на куќиштето на лер. моторот се блокирани.
Моторот прескокнува при голема брзина.
Перките за ладење и каналите за воздух под куќиштето на дувачот на моторот се блокирани.
Исчистете ги перките за ладење и каналите за воздух.
Зазорот меѓу електродите на свеќичката е многу мал.
Поставете го зазорот меѓу електродите на 0,7 до 0,8 mm.
Протокот на воздухот за ладење е попречен.
Исчистете ги нечистотиите од отворите на куќиштето, куќиштето на дувачот, каналите за воздух.
Неправилна свеќичка.
За PLM4120N, монтирајте свеќичка RC12YC или QC12YC и перки за ладење на моторот. За PLM4620N, ставете свеќичка RJ19LMC и перки за ладење на моторот.
Комплетот за косење е разлабавен.
Прицврстете го сечилото.
Комплетот за косење е неравнотежен.
Врамнотежете го сечилото.
Моторот се прегрева.
Моторот вибрира ненормално.
Отстранете ги нечистотиите од отворите.
245 Downloaded from www.Manualslib.com manuals search engine
14. ЕКОЛОГИЈА Ако Вашата машина треба да се замени по долга употреба, не фрлајте ја со домашното ѓубре, туку расходувајте ја на еколошки безбеден начин. Само за земјите во Европа Декларација за сообразност за EC Makita изјавува дека следнава машина(и): Ознака на машината: Бензинска косилка Модел бр./ Тип: PLM4120N, PLM4620N Спецификации: Видете „4. ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ“ Се усогласени со следниве европски Директиви: 2004/108/EC, 2006/42/EC, 2000/14/EC и 2005/88/ EC Тие се произведени во согласност со следниов стандард или стандардизирани документи: EN ISO 5395-1, EN ISO 5395-2, EN ISO 14982 Техничката датотека во согласност со 2006/42/EC е достапна од: Makita, Jan-Baptist Vinkstraat 2, 3070, Белгија Постапката за проценка на усогласеноста што се бара со Директивата 2000/14/EC беше извршена во согласност со Анекс VI. Ополномоштен орган: TÜV SÜD Industrie Service GmbH Westendstrasse 199, D-80686 München, Германија Идентификациски број: 0036 PLM4120N Измерено ниво на јачина на звукот: 93,4 dB Гарантирано ниво на јачина на звукот: 96 dB PLM4620N Измерено ниво на јачина на звукот: 93,6 dB Гарантирано ниво на јачина на звукот: 96 dB 22.8.2014
13. РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМА ПРОБЛЕМ
Notice Facile