OneBlade QP2531 - тример за брада PHILIPS - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот OneBlade QP2531 PHILIPS во PDF формат.
| Тип на производ | Тример за брада |
| Модел | QP2531 |
| Бренд | Philips |
| Димензии (В x Ш x Д) | 15.0 x 5.0 x 3.5 cm |
| Тежина | 200 g |
| Извор на енергија | Полнач со литиум-јонска батерија |
| Време на полнење | 1 час |
| Време на употреба | 45 минути |
| Индикатор за батерија | LED индикатор за полнење |
| Тип на сечило | Двострано нерѓосувачки челик |
| Опсег на должина на сечење | 1 – 5 мм (5 чекори со прилагодлив чешел) |
| Основни функции | Тримирање, обликување, бричење |
| Употреба влажно и суво | Да, водоотпорен (IPX7) |
| Одржување | Исплакнете под млаз вода; сменете го сечилото на секои 4 месеци |
| Безбедносни карактеристики | Сечилото запира ако се примени преголем притисок |
| Достапни резервни делови | Заменски сечила (QP2520), чешли |
| Гаранција | 2 години |
Frequently Asked Questions - OneBlade QP2531 PHILIPS
Прашања на корисниците за OneBlade QP2531 PHILIPS
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот тример за брада во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник OneBlade QP2531 - PHILIPS и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. OneBlade QP2531 на марката PHILIPS.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК OneBlade QP2531 PHILIPS
Индикатор за употреба

Честитки за купеното и добре дојдовте во
Philips! За целосно да ја искористите
поддршката која ја нуди Philips, регистрирајте
го вашиот производ на
www.philips.com/welcome.
Општ опис (Слика 1)
1 Заштитно капаче
2 Сечиво
З Лизгач за отпуштање на сечивото
4 Копче за вклучување/исклучување
5 Индикатор за состојба на батерија (само за QP2531, QP2530)
6 Мал приклучок
7 Индикатор за полнење батерија (само за QP2522, QP2521, QP2520)
8 Единица за напојување (QP2531, QP2530: тип на адаптер HQ850. QP2522, QP2521, QP2520: тип на адаптер A00390).
9 Резервно сечиво (само за QP2531, QP2522)
10 Чешел на прикачување за влакненца 5 мм
11 Чешел на прикачување за влакненца 3 мм (само за QP2531, QP2530, QP2520)
12 Чешел на прикачување за влакненца 2 мм (само за QP2531, QP2530)
13 Чешел на прикачување за влакненца 1 мм
Важни безбедносни информации
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да ги користите уредот и неговите додатоци и зачувајте ги за во иднина.
Испорачаните додатоци може да се
- Чувајте ја единицата за напојување сува.
Предупредување
- За да ја наполните батеријата користете ја само единицата што се прикачува дадена со уредот. За бројот на тип на оригиналната единица за напојување, погледнете во „Општ опис“ во упатството.
- Единицата за напојување содржи трансформатор. Не отсекувајте ја единицата за напојување за да ја замените со друг приклучок бидејки тоа предизвикува опасна ситуација.
- Овој уред може да го користат деца на возраст од 8 години и повеće, како и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или со недостаток на искусство и знаење, доколку се под надзор или добивают инструкции за користењето на уредот на безбеден начин и ги разбираат потенцијалните опасности. Децата не треба да си играат со уредот. Децата не треба да го чистат или да го одржуваат уредот без надзор.
- Секогаш исклучувајте го уредот од струја пред да го чистите под чешма.
- Пред употреба, секогаш проверете го уредот. Не користете го уредот доколку е оштетен, бидејки тоа може да предизвика повреда. Секогаш заменете го оштетениот дел со оригинален.
Внимание

- Не отворајте го уредот за да ја замените батеријата на полнење.
- Не го потопувајте држачот за полнење и немојте да го плакнете под чешма..
- Не користете ја единицата за напојување на или близу до сидни приклучоци што содржат електрични освежувачи за воздух за да спречите непоправлива штета на единицата за напојување.
- Уредот користете го само за неговата предвидена намена како што е прикажано во упатството за користење.
- Од хигиенски причини, уредот треба да го користи само едно лице.
- Немојте да користите вода потопла од 60°C за плакнење на уредот.
- Немојте да користите компримиран воздух, абразивни сунгери, абразивни средства за чистење или агресивни течности, како што се бензин или ацетон за чистење на уредот.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој Philips уред е во согласност со сите важечки стандарди и регулативи во врска со изложеноста на електромагнетни полиња.
Општо

- Овој уред е водоотпорен. Тој е погоден за употреба во бањата или под туш и за чистење под млаз вода. Затоа, од безбедносни причини, уредот може да се користи само без кабел.
- Единицата за напојување е погодна за мрежен напон од 100 до 240 волти.
- Единицата за напојување го трансформира напонот од 100-240 волти во безбеден низок напон од помалку од 24 волти.
Забелешка: Овој уред може да се користи само без кабел.
QP2531, QP2530: Полнењето вообичаено трае приближно 4 часа.
QP2522, QP2521, QP2520: Полненьето
Наполнете го уредот пред да го користите првпат и кога индикаторот за полнење на батеријата укажува на тоа дека батеријата е речиси празна.
Кога индикаторот за состојбата на батеријата трепка портокалово, батеријата е речиси празна.

Кога уредот се полни, индикаторот за состојбата на батеријата трепка зелено.

Кога батеријата е целосно
наполнета, индикаторот за состојбата на батеријата постојано свети зелено.
Приближно 30 минути откако батеријата целосно ће се наполни или кога ће го исключите уредот од електричната мрежа, светлото на индикаторот за состојбата на батеријата автоматски се исклучува.
На Costaјбата на батеријата се укажува преку работењето на уредот. Кога уредот почнува да работи побавно, батеријата е речиси празна и треба да се наполни за да има оптимална работа.
Полнење со адаптерот

1 Внесете го малиот приклучок во уредот и ставете го адаптерот во сидниот приклучок.
2 само за QP2522, QP2521, QP2520: Индикаторот за полнењето на батеријата на адаптерот се пали постојано кога уредот е поврзан на електричната мрежа.
3 По полнењето, отстранете ја единицата за напојување од сидниот приклучок и исключете го малиот приклучок од уредот.
Користење на уредот
Можете да го користите уредот за потстрижување, поткастрување на рабови и бричење на влакна од лицето (брада, мустаќи и бакенбарди). Бричете за да добиете мазен резултат, поткаструвајте за да добиете определена должна и поткаструвајте рабови за да создадете совершени рабови и остри

линии. Овој уред не е наменет за бричење, поткастрување рабови или потстрижување влакна на подолните делови на телото или на скалпот. Не брзајте кога ће почнете да го користите уредот првпат. Потребно е да се навикнете на работата со уредот.
Забелешка: Овој уред може да се користи само без кабел.
Вклучување и исклучување на уредот

1 За да го включите уредот, притиснете го еднаш копчето за вклучување/исклучување.
2 За да го исключите уредот, притиснете го еднаш копчето за вклучување/исклучување.
Бричење
Предупредување: Пред да го користите уредот, секогаш проверувајте да не е оштетено или изабено сечивото. Ако сечивото е оштетено или изабено, немојте да го користите уредот затоа што може да дојде до повреда. Заменете го оштетеното сечиво пред да го користите уредот (видете го поглавјето „Замена“).
Бричење
1 Включете го уредот.

2 Поставете го сечивото на кожата и движете го уредот нагоре или спротивно од влакната со долги движења додека благо го притискате.
Забелешка: Осигурете се дека ја држите површината на сечивото рамно на вашата кожа.
3 Исклучете го и исчистете го уредот по секое користење (видете во „Чистење и одржување“).
Поткастрување рабови
Може да ги користите и двата раба на сечивото за да создавате остри линии и совершени рабови. Држете го уредот, така што сечивото Ѽе биде под прав агол на кожата и еден од неговите рабови Ѽе ја допира кожата. Ова овозможува попрецизно детално поткастрување на бакенбардите и на областа околу устата и носот.

1 За да создадете остри рабови и линии, можете да користите кој било од рабовите на сечивото.
2 Включете го уредот.
3 Поставете го работ на сечивото под прав агол на кожата.

- Правете прави движења додека применувате благ притисок.
4 Исключете го и исчистете го уредот по секое користење (видете во „Чистење и одржување“).
Потстрижување со чешел

1 Поставете го чешелот на сечивото, со запците на чешелот насочени нагоре.
Забелешка: Секогаш потстрижувајте во насока на запците на чешелот. Ова ќе ви даде најдобри резултати.

2 Включете го уредот.
3 Поставете го чешелот на кожата и движете го уредот во насоката на запците на чешелот.
Забелешка: за најдобар резултат, движете го во спротивна насока од влакната.
4 Исключете го и исчистете го уредот по секое користење (видете во „Чистење и одржување“).

5 За да го отстраните чешелот, држете го на двете страни и извадете го од сечивото.
Чистење и одржување
Чистете го уредот по секое користење.
Внимание: Немојте да користите компримиран воздух, абразивни сунгери, абразивни средства за чистење или агресивни течности,

како што се бензин или ацетон за чистење на уредот.
Внимание: Не удирајте го уредот од површина за да извадите вода од него затоа што тоа може да предизвика оштетување. Заменете го сечивото ако е оштетено.
Чистење на уредот

1 Отстранете го чешелот од сечивото. Секогаш исклучувајте го уредот пред да ставате или да вадите чешли.

2 Ако на чешелот се насобрале многу влакна, прво оддувајте ги.

3 Ако на уредот се насобрале многу влакна, прво оддувајте ги.

4 А потоа включете го уредот и исплакнете го сечивото со млака вода.
Внимание: Немојте да го сушите сечивото со крпа или со ткаенина затоа што ова може да предизвика оштетување.

5 А потоа исплакнете го чешелот со млака вода.
6 Оставете уредот и чешелот да се исушат.
Забелешка: Сечивото е кршливо. Со него ракувајте внимателно. Заменете го сечивото ако е оштетено.
Чување
Секогаш прикачувајте го заштитното капаче на чешелот за да го заштитите сечивото од оштетување при патување или складирање.
Ви советуваме да оставите уредот и неговите додатоци да се исушат пред да ги складирате за следната употреба.

1 Поставете го заштитното капаче на работ на сечивото.
2 Затворете го заштитното капаче.

Индикатор за користење
За оптимално стрижење и лизгање, ве советуваме да го менувате сечивото на секои 4 месеци, кога повеće нема да ги дава очекуваните резултати за бричење или потстрижување.

Сечивото е опремено со индикатор за користење. На сечивото полека ће се појавува зелена лента како што го користите. Кога ће биде многу видлива, се препорачува да го замените сечивото за најдобро искусство со OneBlade. Секогаш заменувајте го сечивото со оригинално сечиво на Philips.
Во зависност од вашето однесување при користењето, точниот работен век на сечивото би можел да биде подолг или пократок. Слично како и кај рачните жилети, сечивото отапува со тек на времето, што доведува до зголемено кубење и намалени перформанси при стрижењето.
Замена на сечивото

1 Исклучете го уредот.
2 Внимателно притиснете го лизгачот за отпуштање на сечивото нагоре и држете го сечивото на двете страни за да го отстраните. Ова ќе спречи сечивото да одлета од рачката.

3 Држете го новото сечиво на неговите странични делови и притиснете го на рачката („клик“).
Забелешка: Кога їе слушнете кликнување, новото сечиво е поставено правилно и е подготвено за користење.
Нарачување додатоци
За да купите додатоци или резервни делови, одете на www.shop.philips.com/service или одете кај дистрибутер на Philips. Исто така, можете да се јавите во Центарот за грижа за корисниците на Philips во вашата држава (за
детали за контакт погледнете во листот со светска гаранција).
Достапни се следниве делови:
- QP210 Сечиво со 1 во пакување
- QP220 Сечиво со 2 во пакување
Рециклирање

- Овој символ означува дека овој производ не треба да се фрла заедно со обичниот отпад од дома Kinствата (2012/19/EU).

- Овој символ означува дека овој производ содржи вградена батерија на полнење која не треба да се фрла со обичниот отпад од дома Kinствата (2006/66/EK). Однесете го вашиот производ до официјално место за собирање или сервисен центар на Philips за да може професионално лице да ја отстрани батеријата на полнење.
- Придржувајте се до правилата во вашата земја за посебно собирање на електрични и електронски производи и батерии на полнење. Правилното отстранување помага да се спречат негативни последици за животната средина и здравјето на човекот.
Вадење на батеријата што може да се полни
Вадете ја батеријата на полнење само кога ће го фрлате уредот. Пред да ја отстраните батеријата, проверете дали уредот е исклучен од електричниот приключок и дали батеријата е целосно празна.
Преземете ги сите неопходни мерки на претпазливост кога ракувате со алати за отворање на уредот.
Забелешка: Строго ви препорачуваме професионално лице да ја отстрани батеријата на полнење.
1 Исключете го уредот од електричната мрежа и оставете го да работи сё додека моторот не сопре.
2 Отстранете го сечивото од уредот.
3 Отстранете го долниот дел на уредот виткајки го надолу и извлечете го.

4 Извадете го делот за батеријата одвојувајки го долниот дел од горниот дел.

5 Одвојте го делот за батеријата од долниот дел.

6 Подигнете ја батеријата надвор од внатрешното тело со шрафцигерот. Батеријата е поврзана со двострана лента.


Предупредување: Внимавајте, лентите за батериите се многу остри.
Гаранција и поддршка
Доколку ви се потребни информации или поддршка, посетете ја страницата www.philips.com/support или прочитајте го летокот со меѓународната гаранција.
Ограничување на гаранцијата
Сечивото не е опфатено со условите од меѓународната гаранција затоа што е подложно на абење.
Решавање проблеми
Ова поглавје ги резимира најчестите проблеми што може да ги сретнете кај уредот. Доколку не можете да го решите проблемот со помош на информациите дадени подолу, одете на www.philips.com/support за список од најчесто поставуваните прашања или контактирајте со Центарот за грижа на корисници во вашата земја.
| Уредот не се полни кога е поврзан на електричната мрежа. | Уредот мора да биде исключен кога го полните. | Исклучете го уредот. |
| Не можам да го включам уредот кога е поврзан на електричната мрежа. | Не можете да го користите уредот кога се полни.Можете да го користите уредот само без кабел. | Исклучете го уредот од електричната мрежа пред употребата. |
| Уредот повеќе не работи. | Батеријата на полнење е празна. | Наполнете го уредот (видете го поглавјето „Полнење“). QP2630, QP2530: При полнењето, индикаторот за полнење на батеријата трепка. QP2620, QP2520: При полнењето, индикаторот за полнење на адаптерот се пали. Ако индикаторот за полнењето на батеријата не трепка или не се пали, проверете дали има дефект со напојувањето или дали sidниот приклучок е функционален. Ако нема дефект со напојувањето и sidниот приклучок е функционален, а индикаторот за полнење на батеријата сё уште не трепка или не се пали, однесете го уредот кај вашиот дистрибутер или во сервисен центар на Philips. |
| Сечивото е блокирано од нечистотии. | Включете го уредот и исплакнете го сечивото под чешма, со топла вода. | |
| Држете го сечивото во сад со топла вода (60°C и не потопла) приближно 30 секунди. | ||
| Уредот повеќе не ги сече влакната. | Сечивото е неправилно поставено на рачката. | Притиснете го сечивото на уредот сё додека не слушнете кликнување. |
| Сечивото е оштетено или изабено. | Заменете го сечивото со ново. Видете го поглавјето „Замена“. | |
| Уредот испушта чуден звук. | Сечивото е оштетено или изабено. | Заменете го сечивото со ново. Видете го поглавјето „Замена“. |
| Сечивото е неправилно ставено на рачката. | Отстранете го чешелот и повторно прикачете го. Притискајте го на уредот сё додека не слушнете кликнување. | |
| Сечивото е блокирано од нечистотии. | Отстранете го сечивото и темелно исчистете го. | |
| Уредот повеќе не функционира оптимално. | Сечивото е блокирано од нечистотии. | Отстранете го сечивото и темелно исчистете го. |
| Сечивото е подложно на абење, па според тоа, неговите перформанси се намалуваат со текот на времето. | Заменете го сечивото со ново. Видете го поглавјето „Замена“. | |
| Сечивото е деликатен дел од уредот и лесно може да се оштети. Ако сечивото се оштети, можеби повеќе нема да функционира оптимално. | Заменете го сечивото со ново. Видете го поглавјето „Замена“. |