OGB80SMC6 - бојлер GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот OGB80SMC6 GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Електричен бојлер |
| Модел | OGB80SMC6 |
| Бренд | Gorenje |
| Капацитет | 80 литри |
| Номинален притисок | 0.6 MPa (6 bar) |
| Тежина (празен) | 36 kg |
| Тежина (полн) | 116 kg |
| Потрошувачка на енергија | 2000 W (2 x 1000 W) |
| Напон | 230 V~ |
| Класа на заштита | I |
| Заштита од навлегување | IP24 |
| Димензии (A x B x C) | 830 x 600 x 260 mm |
| Време на загревање до 75°C | Прибл. 3 часа 5 минути |
| Измешана вода на 40°C | 148 литри |
| Потрошувачка на енергија (во мирување) | 0.90 kWh/24h |
| Тип на контрола | LCD екран на допир со електронски регулатор |
| Температурен опсег | 10°C до 85°C |
| Паметен режим | Да (ги запишува навиките на корисникот за оптимизирано греење) |
| Функција за тајмер | Да (до 3 периоди на исклучување дневно) |
| Режим на одмор | Да (одржува 10°C, до 100 дена) |
| Функција против легионела | Да (загрева до 65°C за 15 мин на секои 30 дена) |
| Приказ на грешка | Да (кодови E01–E42) |
| Сигурносен вентил | Повратен сигурносен вентил со одвод за капки |
| Антикорозивна заштита | Емајлиран резервоар и магнезиумска анода |
| Инсталација | Вертикален ѕиден монтаж, затворен/отворен систем |
Frequently Asked Questions - OGB80SMC6 GORENJE
Прашања на корисниците за OGB80SMC6 GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот бојлер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник OGB80SMC6 - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. OGB80SMC6 на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК OGB80SMC6 GORENJE
Работа во временном режиме
ПРИКЉУЧИВАЊЕ НА ВОДОВОД
ПРИКЉУЧИВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНУ МРЕЖУ
УПОТРЕБА И ОДРЖАВАЊЕ
Почитуван купувач, ви благодариме за довербата што ни ја искажувате со купувањето на нашиот производ!
ВЕ МОЛИМЕ, ПРЕД ВГРАДУВАЊЕТО И ПРВАТА УПОТРЕБА НА ГРЕАЛКАТА ЗА ВОДА, ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГИ НАШИТЕ УПАТСТВА.
Согласно со најновите насоки, за нашите најзахтевни купувачи направивме електрична греалка со ЛЦД монитор со управување на допир. Греалката од серијата ОГБ е опремена со напреден интелигентен електронски регулатор што покрај подесувањето и приказот на температурата на водата во греалката нуди и бројни нови функции на управување како што се временско управување на работењето, приказ на количество на топлата вода во котелот, начин на работењето во случај на повекедневна отсутност, рачно вклучување на загревањето, дијагностика на грешки и други функции.
Најважната новост на новиот интелигентен кормилник е новиот начин на работењето наречен "SMART". Именно, врз основа на снимањето на вашите навики греалката според одреден временски период самата го подесува оптималниот начин на работењето што овозможува минимална потрошувачка на електричната енергија што е потребна за задоволување на вашите потреби од топла вода.
Греалката е изработена согласно со важечките стандарди и официјално испробана, исто така за неа се издадени цертификат за безбедност и цертификат за електромагнетна компатибилност. Нејзините основни технички карактеристики се наведени на натписната табличка, која е залепена помеѓу приклучните цевки на апаратот. Приклучувањето на бојлерот кон електричната или водоводната мрежа може да го врши само оспособено стручно лице. Навлегувањата во неговата внатрешност поради поправки, отстранување на бигор или поради проверка или заменување на противкорозијската заштитна анода, може да ги врши само овластена сервисна служба.
ВГРАДУВАЊЕ
Греалката вградете ја што поблиску до изливното место. Доколку греалката ја вградите во просторот кадешто се наоға кадата за бањање или туширање, треба задолжително да се почитуваат барањата на стандартот IEC 60364-7-701 (VDE 0100, Teil 701). На sidот прицврстете ја со две завртки за sidови, со номинален пречник од најмалку 8 мм. Сидовите и таваните со слаба носилност треба на местото каде што ѕе ја прикачите греалката соодветно да ги зајакнете. Греалките прицврстувајте ги на sidот само вертикално.
| Противкорозиона заштита на котелот | емајлиран / Mg анода | |||
| Јачина на електричната греалка [W] | 2000 | |||
| Број и моќ на греалките [W] | 2 x 1000 | |||
| Приклучен напои [V~] 230 | ||||
| Заштитна класа I | ||||
| Степен на заштита IP24 | ||||
| Време на загревање до 75 °C ^1) [h] 3 ^05 | 3 ^05 | 3 ^55 | 4 ^35 | 5 ^45 |
| Кол. на мешана вода при 40 °C [l] | 148 | 194 | 226 | 282 |
| Потрошена енергија ^2) [kWh/24h] 0,90 1,11 1,31 1,60 | ||||
1) Време на загревање на целокупната зафатнина на греалката со електричниот грејач при влезна температура на студена вода од водовод до 15 °C.
2) Енергиските загуби при одржувањето на постојаната температура во греалката на 65 °C и при температура на околината 20 °C, мерени според ЕН 60379.
| A B C | |||
| OGB 80 E4 | 830 | 600 | 260 |
| OGB 100 E4 | 975 | 750 | 255 |
| OGB 120 E4 | 1130 | 900 | 260 |
| OGB 150 E4 | 1345 | 1100 | 275 |
Приклъучни и монтажни димензии на греалката [mm]


ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОДНА МРЕЖА
Доведувањето и одведувањето на водата се означени со боја. Доведувањето на ладна вода е означено со плава боја, а одведувањето на топлата вода со црвена боја.
Бојлерот можете да го приключите кон водоводната мрежа на два начина. Затворениот систем на приклучување (под притисок) ви омозможува одзем на вода на повеće места. Отворениот систем на приклучување (проточен) ви дозволува само едно одземно место. Со оглед на одберениот систем на приклучување треба да вградите соодветна батерија за мешање.
Отворениот (проточен) систем на приклучување бара вградување на неповратен вентил кој го спречува истекувањето на водата од котелот, во случај на редукција на вода. Поради ширењето на водата при греењето се зголемува волуменот, што предизвикува појава на капкање вода на одливната цевка на мешалната батерија. Јакото затегнување на вентилот на мешалната батерија нема да ја спречи појавата на капкање вода, но може да предизвика расипување на мешалната батерија.
Затворениот систем на приклучување, на одземните места бара вградување на мешална батерија за работа под притисок. На доводната цевка поради безбедност на работењето задолжително треба да се вгради сигурносен вентил или сигурносна група, која спречува зголемување на притисокот во котелот за повеće од 0,1 МРа (1 бар) над номиналниот. Одводниот отвор на безбедносниот вентил треба задолжително да има излез за атмосферскиот притисок.
Поради ширењето на водата при греењето, во котелот се зголемува притисокот до онаа граница која ја дозволува сигурносниот вентил. Бидејки враćањето на водата назад во водоводната мрежа е спречено, може да дојде до појава на капкање вода од одводниот отвор на сиггрносниот вентил. Капките вода можете да ги спроведете во одводот со помош на посебна инка која їе ја наместите под сигурносниот вентил.
Одводната цевка наместена под испустот на сигурносниот вентил мора да биде
наместена во насока право надолу и во местото каде што не замрзува.
Доколку веке поставената инсталација не овозможува водата што капи од повратниот безбедносен вентил да ја спроведете во одводот, капкањето можете да го избегнете ако кај доводната цевка на грејалката вградите експанзиски сад со волумен од 3 л.
За правилно работење на безбедносниот вентил треба самите периодично да вршите контроли, да го чистите бигорот и да се проверува евентуелната блокада на безбедносниот вентил. При проверката треба со поместување на рачката или со одвртување на бурмата на вентилот (зависно од видот на вентилот) да го отворите истекувањето од повратниот безбедносен вентил. При тоа, низ млазницата на вентилот за истекување треба да протече вода, што е знак дека вентилот е беспрекорен.

flowchart
graph LR
A["Top Tank"] --> B["Valve"]
B --> C["Reactor Unit"]
C --> D["Flow Control Valve"]
D --> E["Return Line"]
E --> F["Outlet H"]
G["Tank"] --> H["Valve"]
I["1"] --> J["Reactor Unit"]
K["2"] --> L["Flow Control Valve"]
M["3"] --> N["Return Line"]
O["4"] --> P["Outlet H"]
Q["5"] --> R["Return Line"]
Затворен систем (со притисок)

1 - Сигурносен вентил
2 - Пробен вентил
3 - Неповратен вентил
4 - Редуционен вентил за притисок
5 - Затворен вентил
6 - Пробна наставка
7 - Одливник со приклучок на одвод
8 - Експанзиски сад
Н - Ладна вода
T - Топла вода
Помеѓу греалката и повратниот сигурносен вентил не смеете да вградите затворен вентил бидејки со тоа ќе го оневозможите делувањето на повратниот сигурносен вентил.
Греалката можете да ја приключите на куќната водоводна мрежа без редукциски вентил доколку притисокот во мрежата е понизок од називниот притисок. Доколку притисокот во мрежата го надминува номиналниот притисок, треба задолжително да вградите редукциски вентил.
Пред приклучувањето на електрична мрежа греалката треба најпрвин да ја наполните со вода. Кај првото полнење отворете ја рачката за топла вода на батеријата за мешање. Греалката е наполнета кога водата протечува низ изливната цевка на мешалната батерија.
ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА МРЕЖА
Пред приклучувањето во електрична мрежа треба во греачот да се вгради врвка за приклучување, со минимален прорез од 1,5 мм ^2 (H05VV-F 3G 1,5 мм ^2 ). Затоа треба да го извадите пластичниот заштитен капак.

Приклучувањето на греалката на електричната мрежа треба да се врши согласно со стандардите за електричната мрежа. Помеѓу греачот на водата и трајната инсталација треба да биде вградена справа за одделување на сите полови од електричната мрежа согласно со националните прописи за инсталација.
Легенда:
1 - Приклучна спојка
2 - Двополен топлотен
осигурувач
3 - Грејач
(2 x 1000 W)
4 - Електронски регулатор
5 - Сензор на термостатот
6 - Сензори на термометарот
7 - Магнезиум анода
L - Фазен спроводник
N - Неутрален спроводник


Шема на електрично поврзување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: пред секое навлегување во нејзината внатрешност треба греалката задолжително да ја исклучите од електричната мрежа.
УПОТРЕБА И ОДРЖУВАНЬЕ
После прилучувањето на водоводната и електричната мрежа, греалката е подготвена за употреба.
Греалката е опремена со електронски регулатор што овозможува подесување и прикажување на температурата на водата, приспособување на работењето на греачот со оглед на вашите навики (програмата "SMART"), временското управување на работењето, прикажување на количеството на топлата вода во котелот, начин на работењето во случај на повекедневна отсутност (програма ОДМОР, односно DOPUST (слов.), рачно вклучување на загревањето и дијагностика на грешките.
УПРАВУВАЊЕ
Греалката за водата ја управувате преку ЛЦД мониторот што работи на допир.

1 - Снимање на програмата "SMART"
2 - Прикажување на количеството на топлата вода
3 - Вклучување/исклучување на
програмата "SMART"
4 - Прикажување и подесување на
времето
5 - Вклучување и подесување на
програмата ОДМОР (слов. DOPUST)
6 - Смалување на вредноста
7 - Вклучување/исклучување на греачот
8 - Зголемување на вредноста
9 - Индикација и преглед на грешките на работењето
10 - Рачно вклучување на загревањето
11 - Прикажување и подесување на
температурата во °C
12 - Сигнализација на работењето на греалката
13 - Вклучување и подесување на временските режими на работењето
14 - Прикажување на денот во неделата (1 .. понеделник, ..., 7 .. недела)
Вклучување/исклучување на греалката
- За включување на греалката за вода за подолго време притиснете го полето бр. 7.
- Со повторно притискање за подолго време на полето бр. 7 греалката за водата ја ислучувате (доколку сакате да ја ислучите греалката, а притоа постои опасност од замрзнување на водата, тогаш водата од греалката треба да ја источите).
Подесување на времето и денот во неделата
- Притиснете на полето бр. 4.
- На полето бр. 14 се појавува подесениот број на денот во неделата; бројот трепери.
- Со притискање на полето + или – подесете го бројот во неделата (1 – понеделник, ..., 7 – недела).
- Повторно притиснете на полето бр. 4.
- Се појавува подесеното време што трепери.
- Со притискање на полето + или – подесете го времето (со притискање за подолго време на полето + или – го забрзувате подесувањето).
- Подесувањето се зачувува откога полето бр. 4 престанува да трепери.
Подесување на температурата
- Притиснете го полето бр. 11.
- Се појавува подесената температура што трепери.
- Со притискање на полето + или – го менувате подесувањето на температурата од 10 до 85 °C (од претходно подесената температура на економична температура од 55 °C).
- Подесувањето е зачувано кога полето бр. 11 престанува да трепери и кога на мониторот се испишува реалната температура.
Прикажување на содржината на топлата вода во греалката
- На мониторот се појавува символот:
- нема топла вода
- помало количество топла вода
- поголемо количество топла вода
Подесување на начинот на работење одмор
Во начинот на работење одмор (слов. dopust) подесете го бројот на денови (максимално 100) кога греалката одржува минимална температура на водата (прибл. 10 °C).
- Притиснете го полето бр. 5.
- Полето бр. 5 почнува да трепери, а на полето бр. 11 трепери вредноста 0.
- Со притискање на полето + или – го подесувате бројот на денови на одмор.
- Со повторно притискање на полето бр. 5 го потврдувате подесениот број на денови (доколку не го потврдите бројот на денови на одмор со повторно притискање на полето бр. 5, тогаш греачот се враćа во нормалниот начин на работењето).
- Доколку ја подесувате вредноста на 0, тогаш после потврдувањето на подесувањето, греалката преминува во нормалниот начин на работење, а осветлувањето на полето бр. 5 се гаси.
- Доколку за време на работењето на греачот во начинот на работење одмор го притискате полето бр. 5, се појавува бројот на денови што преосталане до крајот на периодот на одморот.
- После истекот на подесениот број на денови греачот преминува во претходно подесениот начин на работењето, а осветлувањето на полето бр. 5 се гаси.
Подесување на временскиот начин на работење
Во временскиот начин на работење подесете го времето на вклучувањата и исклучувањата на гreeње вода. За секоја комбинација на временскиот период може да се подесат до три временски периоди во кои греалката нема да ја гreece водата.
- За подолго време притиснете го полето бр. 13. Полето бр. 13 ке светне.
- Потоа притиснете го полето бр. 4 (започнува да трепери опцијата за деновите во неделата).
-
Со притискање на полето + или – може да бирате меѓу три комбинации на временски начини на работење:
-
временскиот начин на работењето за секој поединечен ден (на полето бр. 14 треперат поединечните броеви од 1 до 7),
- временскиот начин на работењето за периодот од понеделник до петок и од сабота до недела (треперат броевите од 1 до 5 и потоа бројките 6 и 7),
-
временски начин на работење на греачот за цела недела (треперат броевите од 1 до 7).
-
За подесување на времето повторно притиснете го полето бр. 4.
- На полето бр. 11 се појавува написот 1OF и полето бр. 4 трепери.
- Со притискање на полето + или – подесете го времето за почеток на периодот OFF.
- Повторно притиснете го полето бр. 4.
- Се појавува написот 1ON и полето бр. 4 трепери.
- Со притискање на полето + или – подесете го времето на завршувањето на периодот OFF.
- Со повторно притискање на полето бр. 4 може според горе опишаната постапка да ги подесите и вториот, односно третиот период.
Работење на временското подесување
- Со притискање на полето бр. 13 го включувате подесениот временски начин на работењето.
- Греачот ја загрева водата во периодите On (во согласност со подесената температура), а во периодите Off водата не се загрева.

Рачно вклучување на загревањето
- Со притискање на полето бр. 10 го включувате загревањето на водата до подесената температура без оглед на актуелниот начин на работењето.
- После завршеното загревање греалката се враćа во претходно подесениот начин на работењето.
Снимање на навиките на корисникот "SMART"
За време на снимањето електрониката ги бележи вашите навики што потоа ги зема предвид при загревањето на водата после вклучувањето на начинот "SMART".
Снимањето трае 7 дена.
- Со притискање на полето бр. 1 започнувате со снимањето на вашите навики. Полето бр. 1 се осветлува.
-
Доколку за време на работењето на греалката при снимањето на навиките на корисникот "SMART" притискате на бр. 1, се покажува бројот на денови што останале до крајот на снимањето.
-
За време на снимањето не можат да бидат включени посебните режими на работењето на греачот (одмор, рачно вклучување на загревањето, временски режим).
- Доколку за време на снимањето доаға до исклучување на електричната енергија или до исклучување на работењето на греачот, снимката не важи (полето бр. 1 трепери).
- Откога єе заврши снимањето, згласнува и осветлувањето на полето бр. 1.
- Излезот од снимањето на навики може да се активира со подолго притискање на полето бр. 1 или со ислучувањето и повторното вклучување на греалката.
- Доколку навиките на потрошената топла вода се променат, тогаш треба да се активира ново снимање (се притискање полето бр. 1: снимањето трае следните 7 дена). Загреањето на водата согласно до снимените навики ги активирате со прискање на полето бр. 3 (вклучување на начинот "SMART".
Вклучување на начинот на работење "SMART"
Доколку снимањето "SMART" е завршено, тогаш е овозможен влезот во начинот на работење "SMART".
- Со притискање на полето бр. 3 го включувате начинот на работење "SMART". Полето бр. 3 се осветлува.
- Од режимот "SMART" излегувате со повторното притискање на копчето бр. 3.
Работење на греачот во начинот на работење "SMART"
- Соодветно е пред се во случај кога корисникот има релативно константни навики што се однесува до трошење топла вода (пример: туширање секој ден во приближно исто време).
- Работењето во начинот "SMART" ја намалува потрошувачката на електрична енергија.
- Во случај на помали снимени пуштања, температурата на водата во греалката е во границите помеѓу 40 °C и подесената температура, зависно од количеството на потрошената вода за време на снимањето на навиките на корисникот.
- Во случај на снимени поголеми пуштања, греалката се загрева до подесената температура.
- Во сличај при снимањето на навиките на корисникот да не се забележени пуштања, тогаш температура на водата во греалката може да биде пониска од 40 °C.
- При излегувањето од начинот на работење "SMART". греалката ја загрева водата согласно со рачно подесената температура.
Функција на антилегионел
- Доколку греалката во рок од 30 дена не ја постигне температурата од 65 °C, тогаш се вклучува греалката и ја загрева водата на 65 °C за 15 минути.
Индикација на грешки
- Во случај на грешка на греалката почнува да трепери полето бр. 9. Со притискање на полето бр. 9 се појавува кодот на грешката.
| Грешка | Опис на грешката | Решение |
| Е 01 | Грешка на сензорот на електронскиот регулатор. | Повикајте сервисна служба (греалката не работи). |
| Е 04 | Замрзнување. Грешката се појавува доколку температура во греалката е пониска од 0 °C. | Доколку грешката не изчезне после одредено време, повикајте сервисна служба. |
| E 05 | Прегревање (температура > 100 °C, откажување на електронскиот регулатор). | Исклучете ја греалката од електричната мрежа и повикајте сервисна служба. |
| E 06 | Грешка на работењето на магнезиум анодата. | Повикајте ја сервисната служба (греалката работи нормално). |
| E 07 | Грешка на сензорите на волуменот. | Повикајте ја сервисната служба (греалката работи во нормалниот начин на работење). |
| E 10 | Исклучување на напонот за време на снимањето на програмата "SMART". | Грешка во снимањето "SMART". Повторно включете го снимањето. |
| E 11 | Нема податоци за работењето на програмата "SMART". | Включете го снимањето "SMART". |
| E 12 | Нема податоци за работењето на временскиот начин. | Подесете го временскиот начин на работење. |
| E 13 | Рачното вклучување на загревањето не е можно. | Подесената температура во греалката е постигната. |
| E 42 | Грешка на функцијата на антилегионела. | Со притискања на полето бр. 9 ја ресетирате грешката. |
| R0 | Бришење на програмата "SMART". | Доколку сакате греалката да работи во начинот "SMART", тогаш включете го снимањето "SMART". После завршеното снимање може да се вклучи работењето во начинот "SMART". |
Доколку немате во план греалката да ја користите подолго време, треба неговата содржина да ја заштитите од замрзнување на тој начин да ја подесите температурата на водата на 10 °C. При прекин на електрична енергија оваа заштита не работи! Ако бојлерот го исклучите од електричната мрежа и ако постои опасност дека може водата да замрзне, морате да ја испуштите водата.
Водата од греалката се празни низ доводната цевката на греалката. Во та намена препорачливо е при вградувањето помеѓу безбедносниот вентил и доводната цевка на греачот да се намести посебен фитинг (Т-член) или вентил за пуштање. Греалката можете да ја испразните и непосредно низ безбедносниот вентил со поместување на рачката, односно вртливата мала капа на вентилот во положба како при проверувањето на работењето.
Пред испразнувањето треба греалката да се ислучи од електричната мрежа и потоа да се отвори рачката за топла вода на приключената батерија за мешање. После празнењето на водата низ доводната цевка во греалката останува помало количество на вода што истечува при потргнувањето на прирабницата за гreeње низ отворот на прирабницата за гreeње.
Надворешноста на бојлерот чистете ја со неагресивен раствор на прашок за перење. Не употребувајте разредувачи или груби средства за чистење. Со редовни сервисни прегледи можете на бојлерот да му осигурате долг животен век и усовршено работење. Гаранцијата против рјосување на котелот е важечка само доколку сте ги изведувале пропишаните редовни прегледи за потрошеноста на заштитните аноди. Периодот помеѓу два редовни прегледи не смее да биде подолг од 36 месеци. Прегледите треба да ги изведе овластен сервисер, којшто секој преглед će ви го забележи во гаранцискиот картон на производот. Потребно е да се провери истрошеноста на противкорозивната заштитна анода и по потреба да се очисти бигорот кој се собира во внатрешноста на бојлерот.
Истовремено сервисната служба, според согледаната состојба, ке ви го препорача датумот за следната контрола.
Ве молиме, евентуелните оштети на греалката да не ги поправате сами туку за тоа да го известите најблискиот овластен сервис.