GORENJE TGR80XNGU - грејач за вода

TGR80XNGU - грејач за вода GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот TGR80XNGU GORENJE во PDF формат.

📄 32 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice GORENJE TGR80XNGU - page 25
Погледни прирачник : English EN Македонски MK Shqip SQ
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ Електричен бојлер за складирање вода
Бренд Gorenje
Модел TGR80XNGU (TGR 80 X)
Капацитет (Волумен) 76.1 L
Димензии (В x Ш x Д) 775 x 605 x 150 mm
Тежина (Празен / Полн) 27 kg / 107 kg
Напојување 230 V ~, 2000 W
Класа на заштита I
Степен на заштита IP23
Номинален притисок 0.6 MPa (6 bar)
Опсег на подесување температура 10 °C до 65 °C (+5 °C / -0 °C)
Температура на еко режим 55 °C
Време на загревање (10 °C до 65 °C) 2 ч 37 мин
Класа на енергетска ефикасност C
Годишна потрошувачка на електрична енергија 1428 kWh
Дневна потрошувачка на електрична енергија 6.698 kWh
Волумен на мешана вода на 40 °C (V40) 85 L
Деклариран профил на оптоварување M
Резервоар против корозија Да
Контрола на термостат Да, со копче
Потребен сигурносен вентил Да (номинален притисок 0.6 MPa, 0.9 MPa или 1.0 MPa според етикетата)
Инсталација Вертикално монтирање на ѕид, минимален дијаметар на завртки 8 mm
Тип на приклучок Затворен (притисок) или отворен (гравитација) систем
Спецификација на кабел за напојување H05VV-F 3G 1.5 mm²
Максимална температура на вода (Сигурносно исклучување) 130 °C

Frequently Asked Questions - TGR80XNGU GORENJE

Може ли сам да го инсталирам бојлерот?
Не, инсталацијата мора да ја изврши квалификуван персонал во согласност со важечките прописи и упатствата на производителот.
Кој е потребниот притисок на сигурносниот вентил?
Сигурносен вентил со номинален притисок од 0.6 MPa (6 bar), 0.9 MPa (9 bar) или 1.0 MPa (10 bar) мора да се инсталира на влезната цевка, според етикетата на бојлерот.
Зошто капе вода од сигурносниот вентил?
Капењето е нормално поради ширење на водата при загревање. Капењето може да се одведе во одвод. За да го намалите капењето, можете да инсталирате експанзионен резервоар од 3 литри на влезната цевка.
Како да проверам дали сигурносниот вентил работи?
Периодично отворајте го излезот на сигурносниот вентил со вртење на рачката или одвртување на навртката. Водата треба да истече. Ова исто така го отстранува каменецот.
Кое е препорачаното подесување на температурата?
Поставете го копчето на термостатот на позиција 'eco', која одржува 55 °C за економична работа и намален каменец.
Како да го наполнам бојлерот со вода пред првата употреба?
Отворете ја славината за топла вода на мешалката, а потоа наполнете го бојлерот. Кога водата тече од славината, бојлерот е полн. Не приклучувајте струја додека не се наполни.
Што да направам ако бојлерот не се користи подолго време?
За да спречите замрзнување, поставете го термостатот на позиција '*' (околу 10 °C) и оставете го приклучен. Алтернативно, целосно исцедете го бојлерот.
Може ли сам да го поправам бојлерот?
Не, не обидувајте се сами да поправите дефекти. Контактирајте го најблискиот овластен сервисер.
Како да го исчистам надворешниот дел на бојлерот?
Користете благ раствор на детергент. Не користете растворувачи или абразиви.
Кое е барањето за кабелот за напојување?
Инсталирајте кабел за напојување со минимален дијаметар од 1.5 mm² (H05VV-F 3G 1.5 mm²) и осигурајте се дека е инсталиран прекинувач за исклучување на сите пола.

Прашања на корисниците за TGR80XNGU GORENJE

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот грејач за вода во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник TGR80XNGU - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. TGR80XNGU на марката GORENJE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК TGR80XNGU GORENJE

Упатства за употреба

25

WARNINGS

⚠️ Апаратот можат да го употребуваат деца на возраст од 8 години и постари и лица со намалени физички, психички или ментални способности или со недостаток на искусства, односно знаење, доколку се под надзор или се поучени за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат можните опасности.

⚠️ Децата не смеат да си играат со апаратот.

Чистење и одржување на апаратот не смеат да го вршат деца без надзор.

Вградувањето мора да биде изведено во согласност со важечките закони и според упатствата на производителот. Мора да биде изведено од стручно оспособен монтер.

Во случај на затворен систем под притисок, на доводната цевка за вода на греалката за вода (бојлерот) при приклучувањето задолжително треба да се вгради сигурносен вентил со номинален притисок од 0,6 МРа (6 бари), 0,9 МРа (9 бари) или 1,0 МРа (10 бари) (видете го запишаното на таблицата за идентификација), кој оневозможува зголемување на притисокот во котелот за повеće од 0,1 МРа (1 бар) над номиналниот.

Од одводниот отвор на безбедносниот вентил може да капи вода. Заради тоа, одводниот отвор мора да биде отворен на атмосферски притисок.

Испустот на безбедносниот вентил мора да биде насочен во насока надолу и на простор каде што нема да замрзнува.

За правилно работење на сигурносниот вентил, треба периодично да се врши контрола, да се отстрани бигорот и да се провери да не е блокиран сигурносниот вентил.

Помеѓу греалката за вода (бојлерот) и сигурносниот вентил не е дозволено да се вградува вентил за затворање, затоа што со тоа се оневозможува притисната безбедност на греалката за вода (бојлерот)!

⚠️ Пред приклучувањето на електрична мрежа греалката треба најпрвин да ја наполните со вода!

Греалката за вода е заштитена во случај на откажување на работниот термостат со додатна топлотна заштита. Во случај на откажување на термостатот, во согласност со безбедносните стандарди, водата во греалката за вода (бојлерот) може да достигне температура до 130°C. При изведувањето на водоводните инсталации, задолжително треба да се земе предвид дека е можно да дојде до наведените температурни преоптоварувања.

⚠️ Ако сакате греалката за вода (бојлерот) да ја исклучите од електричната мрежа, мора да ја испуштите водата од греалката за вода поради опасност од замрзнување.

Ве молиме да не ги поправате сами евентуалните оштетувања на греалката, туку за тоа да го известите најблискиот овластен сервис.

GORENJE TGR80XNGU - WARNINGS - 1

Нашите производи се опремени со компоненти кои што не се штетни за животната средина и здравјето и се изработени со можност што поедноставно да се расклопат и рециклираат во последната фаза од нивниот работен циклус.

Со рециклирањето на материјалите ја намалуваме количината на отпад и ја намалуваме потребата од производство на основни материјали (на пример метали), што бара огромна енергија и предизвикува испуштање штетни материи. Со постапките на рециклажа ја намалуваме потрошувачката на природни ресурси, бидејки на тој начин можеме повторно да ги вратиме отпадните делови од пластика и метали во различни производни процеси.

За повеće информации во врска со системот за фрлање отпадоци посетете го својот центар за исфрлање на отпадоците или трговецот каде што бил купен производот.

Почитуван купувач, ви благодариме за довербата што ни ја искажувате со купувањето на нашиот производ!

ВЕ МОЛИМЕ, ПРЕД ВГРАДУВАЊЕТО И ПРВАТА УПОТРЕБА НА ГРЕАЛКАТА ЗА ВОДА, ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГИ НАШИТЕ УПАТСТВА.

Греалката е изработена согласно со важечките стандарди и уредно испробана, исто така за неа се издадени цертификат за безбедност и цертификат за електромагнетна компатибилност. Нејзините основни технички характеристики се наведени на табличката, што е залепена помеѓу прилучните цевки на апаратот. Приклучувањето на бојлерот на електричната или водоводната мрежа може да го изврши само оспособено стручно лице. Интервенирањето во неговата внатрешност поради поправки, отстранување на бигор, може да ги врши само овластена сервисна служба.

ВГРАДУВАЊЕ

Греалката вградете ја што поблиску до изливното место. Доколку греалката ја вградите во просторот кадешто се наоға кадата за бањање или туширање, треба задолжително да се почитуваат барањата на стандартот IEC 60364-7-701 (VDE 0100, Teil 701). Гралката прицврстете ја на sidот со две завртки за sidови, со номинален пречник од најмалку 8 мм. Sidовите и таваните со мала носилност треба на местото каде што ѐе ја прикачите греалката соодветно да ги зајакнете. Греалките прицврстувајте ги на sidот само вертикално.

ABC
TGR 50 X570405145
TGR 80 X775605150
TGR 100 X935755160

Прикључни и монтажни димензии на греалката [мм]

100 140 - 360 100 461 Ø454 C B A G 1/2

ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОДНА МРЕЖА

Доведувањето и одведувањето на водата се означени со боја. Доведувањето на ладната вода е означено со сина боја, а одведувањето на топлата вода со црвена боја.

Бојлерот можете да го приключите на водоводната мрежа на два начина. Затворениот систем на приклучување (под притисок) ви омозможува одземање на вода на повеće места. Отворениот систем на приклучување (проточен) ви дозволува само едно одземно место. Со оглед на одберениот систем на приклучување треба да вградите соодветна батерија за мешање.

Отворениот (проточен) систем на приклучување бара вградување на неповратен вентил кој го спречува истекувањето на водата од котелот, во случај на редукција на вода. Поради зголемувањето на водата при греењето се зголемува волуменот, што предизвикува појава на капкање вода на одливната цевка на мешалната батерија. Силното затегнување на вентилот на мешалната батерија нема да ја спречи појавата на капкање вода, но може да предизвика расипување на мешалната батерија.

Затворениот систем на приклучување на одземните места бара вградување на мешална батерија за работа под притисок. На доводната цевка поради безбедност на работењето задолжително треба да се вгради сигурносен вентил или сигурносна група, која спречува зголемување на притисокот во котелот за повеće од 0,1 МРа (1 бар) над номиналниот. Одводниот отвор на безбедносниот вентил треба задолжително да има излез за атмосферскиот притисок.

Поради зголемувањето на водата при греењето, во котелот се зголемува притисокот до границата што ја дозволува сигурносниот вентил. Бидејки враćањето на водата назад во водоводната мрежа е спречено, може да дојде до појава на капкање вода од одводниот отвор на сигурносниот вентил. Капките вода можете да ги спроведете во одводот со помош на посебна инка која Ѽе ја наместите под сигурносниот вентил.

Одводната цевка наместена под испустот на сигурносниот вентил мора да биде наместена во насока право надолу и во местото каде што не замрзува.

Доколку веке поставената инсталација не овозможува водата што капи од повратниот безбедносен вентил да ја спроведете во одводот, капкањето

можете да го избегнете ако кај доводната цевка на греалката вградите експанзиски сад со волумен од 3 л.

За правилно работење на безбедносниот вентил треба самите периодично да вршите контроли, да го чистите бигорот и да се проверува евентуелната блокада на безбедносниот вентил. При проверката треба со поместување на рачката или со одвртување на бурмата на вентилот (зависно од видот на вентилот) да го отворите истекувањето од повратниот безбедносен вентил. При тоа, низ млазницата на вентилот за истекување треба да протече вода, што е знак дека вентилот е беспрекорен.

GORENJE TGR80XNGU - ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОДНА МРЕЖА - 1

flowchart
graph LR
    A["Top Tank"] --> B["Valve"]
    B --> C["Reactor Unit"]
    C --> D["Flow Control Valve"]
    D --> E["Return Line"]
    E --> F["Outlet H"]
    G["Tank"] --> H["Downward Flow"]
    I["1"] --> J["Downward Flow"]
    K["7"] --> L["Downward Flow"]
    M["2"] --> N["Downward Flow"]
    O["3"] --> P["Downward Flow"]
    Q["6"] --> R["Downward Flow"]
    S["4"] --> T["Downward Flow"]
    U["5"] --> V["Downward Flow"]

Затворен систем (со притисок)

GORENJE TGR80XNGU - ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОДНА МРЕЖА - 2

flowchart
graph TD
    A["Container Tank"] --> B["T Valve"]
    A --> C["H Valve"]
    B --> D["Port 3"]
    C --> E["Port 5"]
    D --> F["Return Line"]
    E --> F
    style A fill:#f9f,stroke:#333
    style B fill:#ccf,stroke:#333
    style C fill:#ccf,stroke:#333
    style D fill:#cfc,stroke:#333
    style E fill:#cfc,stroke:#333

Отворен систем (прелевен)

Легенда:

1 - Сигурносен вентил
2 - Пробен вентил
3 - Неповратен вентил
4 - Редуционен вентил за притисок
5 - Затворен вентил

6 - Пробна наставка
7 - Одливник со приклучок на одвод
8 - Експанзиски сад
Н - Ладна вода
T - Топла вода

Помеѓу греалката и повратниот сигурносен вентил не смеете да вградите затворен вентил бидејки со тоа ќе го оневозможите работењето на повратниот сигурносен вентил.

Греалката можете да ја приключите на куїната водоводна мрежа без редукциски вентил доколку притисокот во мрежата е понизок од номинаниот притисок. Доколку притисокот во мрежата го надминува номиналниот притисок, треба задолжително да вградите редукциски вентил.

Пред приклучувањето на електрична мрежа греалката треба најпрвин да ја наполните со вода. Кај првото полнење отворете ја рачката за топла вода на батеријата за мешање. Греалката е наполнета кога водата протечува низ изливната цевка на мешалната батерија.

ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА МРЕЖА

MK

GORENJE TGR80XNGU - ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА МРЕЖА - 1

Пред прилучувањето во електричната мрежа треба во греачот да се вгради врвка за приклучување, со минимален пречник од 1,5 мм² (H05VV-F 3G 1,5 мм²). Затоа треба да го извадите пластичниот заштитен капак.

Приклучувањето на греалката на електричната мрежа треба да се врши согласно со стандардите за електричната мрежа. Помеѓу греачот на водата и трајната инсталација

треба да биде вградена справа за одделување на сите полови од електричната мрежа согласно со националните прописи за инсталација.

Легенда:

1 - Приклучна спојка
2 - Термостат и двополен топлотен осигурувач
3 - Грејач
4 - Контролна ламбичка

L - Фазен спроводник
N - Неутрален спроводник
12 - Заштитен спроводник

230 V~ ± N L 1 2 3 4

Шема на електрично поврзување

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: пред секое навлегување во нејзината внатрешност треба греалката задолжително да ја исклучите од електричната мрежа.

УПОТРЕБА И ОДРЖУВАЊЕ

После приклучувањето на водоводната и електричната мрежа, греалката е подготвена за употреба. Со вртење на копчето на термостатот што се наога на долната страна на заштитниот капак, ја бирате саканата температура на водата помеу 10 °C и 65 °C +5 °C/-0 °C. Препорачуваме подесување на копчето на положбата "eco". Таквото подесување е најштедливо: температурата на водата ке биде приближно 55 °C, а излачувањето на бигорот и загубата на топлината ке бидат помали во споредба со подесувањата на повисока температура. За време на работењето на електричната греалка може да се слуша и звук во греачот. Работењето на електричната греалка го покажува контролната сијаличка. На предната страна, греачот има биметален термометар што се подесува во насоката на движењето на казалките на саатот кога во греачот е присутна топлата вода. Термометарот ја прикажува температурата на местото на вградување, додека со вртење на контролното копче на термостатот ја подесувате температурата на водата во долниот дел на грејачот. Затоа овие две температури може да се разликуваат. Доколку греалката не мислите да ја користите подолго време, треба неговата содржина да ја заштитите од

замрзнување на таков начин што струјата нема да ја ислучите, а копчето на термостатот ѐе го подесите на положбата " "*При тоа подесување, греалката ѐе ја одржува температурата на водата на приближно 10 °C. Доколку греалката ѐе ја ислучите од електриичната мрежа, ѐе треба при опасноста на замрзнување, водата да ја испуштите.

Водата од греалката се источува со помош на доточната цевка на греалката. Во та намена препорачливо е при вградувањето помеѓу безбедносниот вентил и доводната цевка на греачот да се намести посебен фитинг (Т-член) или вентил за пуштање. Греалката можете да ја испразните и непосредно низ безбедносниот вентил со поместување на рачката, односно вртливото мало капаче на вентилот во положба како при проверувањето на работењето.

Пред испразнувањето треба греалката да се исклучи од електричната мрежа и потоа да се отвори рачката за топла вода на приключената батерија за мешање. После празнењето на водата низ доводната цевка во греалката останува помало количество на вода што истечува при потргнувањето на прирабницата за гreeње низ отворот на прирабницата за гreeње.

Надворешноста на бојлерот чистете ја со неагресивен раствор на прашок за перење. Не употребувајте разредувачи или груби средства за чистење.

Ве молиме, евентуелните оштети на греалката да не ги поправате сами туку за тоа да го известите најблискиот овластен сервис.

ТипTGR 50 XTGR 80 XTGR 100X
Определен профил на оптоварувањеMM L
Класа на енергетска ефикасностCCC
Енергетска ефикасност при загревање на вода (ŋwh)1)[%]36,036,037,1
Годишна употреба на електрична енергија1)[kWh]142714282762
Дневна употреба на електрична енергија2)[kWh]6,6926,69812,850
Поставена температура на термостатот"eco"
Вредност "smart"000
Зафатнина[l]47,576,196,1
Кол. на мешана вода при 40 °C V402)[l]6685131
Номинален притисок[MPa(bar)]0,6 (6)
Тежина/наполнетсо вода[kg]21/7127/10731/131
Противкорозиона заштита на котелот
Јакост на електричната греалка[W]2000
Приклучен напон[V~]230
Заштитна класаI
Степен на заштитаIP23
Време за загревање од 10°C до 65°C[h]138237316

1) Уредба на комисија EU 812/2013; EN 50440
2) EN 50440

Упатствата за употреба може да ги најдете и на нашата веб-локација: http://www.gorenje.com.

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : GORENJE

Модел : TGR80XNGU

Категорија : грејач за вода