SC1800R - паре чистач GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот SC1800R GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Парен чистач |
| Бренд | Gorenje |
| Модел | SC1800R |
| Димензии (В x Ш x Д) | 30 cm x 25 cm x 15 cm |
| Тежина | 1.5 kg |
| Потрошувачка на енергија | 1500 W |
| Капацитет на резервоар за вода | 0.5 L |
| Притисок на пареа | 3 bar |
| Време на загревање | Прибл. 30 секунди |
| Време на континуирана пареа | До 20 минути |
| Должина на кабел | 5 m |
| Главни функции | Чистење со пареа, чистење на подови, парење на ткаенини, одмастување |
| Безбедносни карактеристики | Автоматско исклучување, блокада за деца, заштита од прегревање |
| Одржување | Отстранување на камен се препорачува на секои 3 месеци |
| Резервни делови | Четка за под, млазница, микрофибер подлога, продолжен црево |
| Информации за поправка | Контактирајте сервисен центар на Gorenje; резервни делови се достапни онлајн |
| Гаранција | 2 години |
Често поставувани прашања - SC1800R GORENJE
Прашања на корисниците за SC1800R GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот паре чистач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник SC1800R - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. SC1800R на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК SC1800R GORENJE
Упатства за употреба МК
Прирачник за инструкции GB
Инструкции за употреба BG
Упатство за ракување CZ
SI Упатства за употреба 3
МК Упатства за употреба ....36
EN Прирачник за инструкции 49
RO Инструкции за употреба....60
При употреба на вашата парна чистачка, секогаш мора да ги земете предвид основните безбедносни мерки, вклучувајќи ги и следниве:
- Пред употреба на вашата парна чистачка, прочитајте ги сите упатства.
- Апаратот употребувајте го исклучиво за намени кои се опишани во упатствата.
- За заштита од електричен удар, ниеден дел од апаратот не потопувајте го во вода или друга течност.
- Не влечете го кабелот, туку влечете го втакнувачот ако сакате да го исклучите апаратот од електричната мрежа.
- Кабелот не смее да допира жешки површини. Пред да го отстраните апаратот или да го отворите садот за вода (одвртете го безбедносниот чеп), наполно оставете го да се олади. Пред да го отстраните апаратот, лабаво намотајте го кабелот околу апаратот.
- Апаратот пред полнење или празнење на водата, или кога не се употребува, секогаш исклучете го од електричната мрежа. При отворање на садот за вода, секогаш полека одвртувајте го безбедносниот чеп. На тој начин ќе овозможите постепено излегување на евентуално преостаната пара.
- Апаратот не го употребувајте ако е оштетен кабелот или приклучокот, или ако апаратот или некој друг дел од системот отпаднал или се оштетил. За да спречите електричен удар, не ја раставувајте парната чистачка или не се обидувајте да ја поправите. Вратете го апаратот на продавачот, каде што ќе го прегледаат и поправат. Неправилно повторно составување или поправка може да предизвика опасност од електричен удар или телесни повреди при употреба на парната чистачка.
- Ако парната чистачка ја користат деца или се користи во близина на деца, потребен е строг надзор. Не оставајте го апаратот без надзор додека е приклучен на електричната мрежа или кога е жежок.
- Можни се изгореници при допирање на жешки метални делови, жешка вода или пареа. При празнење на садот за вода по употреба на апаратот, бидете претпазливи, бидејќи во него може да има жешка вода. Никогаш не насочувајте ја пареата кон луѓе. Пареата
е многу жешка и може да предизвика изгореници.
- Не го употребувајте апаратот во присуство на експлозивни и/или леснозапаливи материи.
- Овој апарат е наменет само за употреба во домаќинството. Земете ги предвид сите овде наведени упатства за употреба.
- Во апаратот никогаш не употребувајте хемикалии или други материи освен вода од чешма. Употребата на хемикалии може да го оштети апаратот. Употребата на хемикалии автоматски значи губење на гаранцијата.
За да ја намалите опасноста од пожар, електричен удар или телесни повреди:
- Кога апаратот не е под надзор, не оставајте го приклучен на електричната мрежа. Исклучете го електричниот кабел кога апаратот не се користи, како и пред сервисирање или полнење на садот за вода.
- Не дозволувајте апаратот да се користи како играчка. Потребно е големо внимание ако апаратот го користат деца или ако се користи во близина на деца, домашни миленици и собни растенија.
- Апаратот употребувајте го само како што е опишано во овие упатства. Користете само додатна опрема што ја препорачува производителот.
- Не влечете го кабелот, не користете го кабелот како рачка, не затворајте ја вратата со него и не влечете го околу остри рабови и агли. Внимавајте кабелот да не биде во близина на жешки површини.
- Не користете продолжни кабли или приклучници со несоодветно струјно оптоварување.
- Пред исклучување од приклучницата, мора да ги исклучите сите команди.
- При исклучување од електричната мрежа, не влечете го кабелот, туку фатете го приклучокот.
- Втакнувачот или парната чистачка да не ги фаќате со влажни раце или да ракувате со нив боси.
- Во отворите не ставајте никакви предмети. Апаратот да не го употребувате ако било кој отвор е затнат. АПАРАТОТ СЕКОГАШ ДА ГО ЧУВАТЕ ВО СТАНОТ, во ладна и сува просторија.
Просторијата во која го употребувате апаратот да биде добро осветлена.
Апаратот да не го превртувате на грб или на една од страните. Парата никогаш да не ја насочувате кон луѓе, животни или растенија.
- Парата да не ја насочувате директно кон делови во кои има електрични составни делови, како што се електричните компоненти во рерна.
- Парната чистачка да не ја потопувате во вода или друга течност. Пред полнење на парната чистачка секогаш да го исклучите електричниот кабел од приклучницата.
- НЕ додавајте раствори за чистење, парфеми, масла или други хемикалии во водата што се употребува во овој апарат, бидејќи можете да го оштетите апаратот или да предизвикате да не биде безбеден за употреба. Употребувајте вода од чешма или дестилирана/пречистена вода, ако водата од чешма во вашето подрачје е многу тврда. Апаратот да не го употребуваат лица (вклучително и деца) со намалени телесни, сетилни или душевни способности, или со недостаток на искуство и знаење, освен ако лицето одговорно за нивната безбедност ги надгледува или ги поучи за употребата на апаратот.
- Децата треба да бидат надгледувани за да не си играат со апаратот.
- Во истата приклучница во која е приклучена парната чистачка, не приклучувајте други уреди, за да спречите преоптоварување на електричната мрежа.
- Ако навистина ви е потребен продолжен кабел, употребете кабел со номинална струја од 10 ампери. Кабли со пониска номинална струја можат да се прегреат. Внимавајте да не го оставите кабелот така што некој ќе го извлече од приклучницата или ќе се сопне со него.
- Кога апаратот е приклучен на електричната мрежа, не оставајте го без надзор.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Овој апарат е опремен со кабел за заземјување (со втакнувач).
ВНИМАНИЕ: Кондензираната вода секогаш да ја испуштите од цевката пред употреба на апаратот или кога апаратот подолго време не го употребувате. За испразнување на цевката, насочете ја млазницата во соодветен сад или одвод и притиснете го надолу чкрапалото за пареа на рачката. По испразнување на цевката, можна е повторна нормална употреба. Млазницата никогаш да не ја насочувате кон луѓе, животни и растенија.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Вашата парна чистачка е наменета за чистење тврди површини и тапациран мебел кои издржуваат висока температура. Не употребувајте ја за мека пластика и ладно стакло. Површини кои биле обработени со восок, или некои подни површини без восок, можат поради дејството на високата температура или пареата да го загубат сјајот. Апаратот да не го употребувате на незаштитено дрво. Последица може да биде промена на дрвената структура. Затоа е препорачливо пред постапката да го испробате апаратот на одвоен дел од површината.
ВАЖНО: Не додавајте раствори за чистење, парфуми, масла или други хемикалии во водата што ја употребувате во овој апарат. Употребувајте обична вода или дестилирана пречистена вода, ако е водата од славината во вашето подрачје многу тврда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасност да се попарите. При употреба на парната чистачка бидете претпазливи. Парата што ја емитува овој апарат е многу жешка.
- Главна единица
- Рачка
- Ремен за на рамо
- Контролна ламба за "вклучување" (црвена) / парата подготвена (зелена)
- Безбедносен чеп
- Електричен кабел
- Подвижно црево
- Држач
- Чкрапало за пара
- Намотувач на кабелот
- Копче за закачување
- Регулатор на парата
- Четка за подови
- Адаптер за четката
- Крпа за четката
- Составни цевки (x2)
- Инка
- Насочувач на пареата
- Најлонски четки (x2)
Технички податоци
Напон: 220-240V 50Hz
Моќност: 1800 W
Волумен на садот за вода: 1000 ml
Генератор на пареа: Челик што не 'рѓосува
* Сликите можат да се разликуваат од фактичкиот производ.
- Ништо повеќе средства за чистење или хемикалии. Додадете само вода.

- Садот за вода од челик што не 'рѓосува: Садот за вода од челик што не 'рѓосува, отпорен против корозија. Заварена конструкција.
- Јако црево, отпорно против удари.

- Различни приклучоци, кои можат брзо да се заменат.

Контролна ламба за „вклучување“ (црвена): Оваа ламба ќе засвети штом се приклучи апаратот на мрежна приклучница 220-240 V. Кога пареата е подготвена, ќе засвети зелена ламба.
ВНИМАНИЕ: Пред да го одвртите безбедносниот чеп, прочитајте ги упатствата за полнење на садот за вода.
ВНИМАНИЕ: Пред полнење секогаш да го отстраните чепот. ПРЕД ПОВТОРНО ПОЛНЕЊЕ АПАРАТОТ ДА СЕ ЛАДИ ПЕТНАЕСЕТ (15) МИНУТИ.
ВАЖНО: НЕ додавајте раствори за чистење, парфуми, масла или други хемикалии во садот за вода на овој апарат. Употребувајте вода од славина или дестилирана/пречистена вода, ако водата од водоводот во вашето подрачје е многу тврда.
Полнење или празнење на водата во вашата парна чистачка
ВАЖНО: Внимавајте апаратот пред почетно или повторно полнење на садот за вода секогаш да биде „ИСКЛУЧЕН“ од мрежната приклучница и да го оставите 15 минути да се олади. Апаратот никогаш не полнете го под славина. Секогаш употребувајте ја приложената инка за полнење.
- Чекор: Пред повторно полнење на парната чистачка, уверете се дека апаратот НЕ Е приклучен на електричната мрежа и дека петнаесет (15) минути се ладел.
- Чекор: Притиснете го чкрапалото за пареа на држачот и испразнете го остатокот од пареата од садот.
- Чекор: Ставете го апаратот на рамна, стабилна површина. Полека вртете го безбедносниот чеп во обратна насока од стрелката на часовникот, додека не го отстраните.
- Чекор: Ставете ја инката во отворот на садот и налејте вода (1000 ml). Инката ја ставате во отворот на садот, како што е нацртано на Сликата 1. Инката е така обликувана да покажува кога е садот за вода полн. Кога ќе почне вода да излегува од проветрувачот на инката, садот е полн. Полека отстранете ја инката и оставете ја останатата вода од инката да истече во садот за вода. Садот за вода не го преполнувајте.
Повторно намести го безбедносниот чеп.

ПРОВЕТРУВАЧ
ПРОВЕТРУВАЧ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пред повторно полнење, оставете ја направата да се лади 15 минути.
Ако во парната чистачка налевате вода додека садот за вода е сè уште жежок, постои опасност водата да бликне назад за време на полнењето и да ве попари. За време на полнењето на апаратот, бидете исклучително претпазливи. Внимавајте кога го отворате безбедносниот чеп, бидејќи за време на употреба може да се загрее поради пареата што излегува, па може да се попарите.
- Чекор: На подвижното црево за пареа приклучете ги саканите приклучоци.
- Чекор: Вклучете го апаратот во стандардна (220-240 V, заземјена) ѕидна приклучница. Оставете го приближно 8-10 минути за пареата да ја достигне работната температура и притисок. Штом апаратот е подготвен за употреба, црвената ламба ќе се промени во зелена. Млазницата секогаш да ја завртите во безбедна насока. На почетокот од млазницата ќе истече малку вода, што е нормално.
ЗАБЕЛЕШКА: Штом во апаратот снема вода, создавањето пареа ќе запре.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Овој апарат е под притисок. По секоја употреба, пред отстранување на безбедносниот чеп, притиснете го копчето за активирање пареа додека притисокот не се ослободи.
Оставете го апаратот да се лади петнаесет (15) минути пред повторно полнење.
Можност за менување на текот на пареата
Вашата парна чистачка ви овозможува протокот на пареа да го приспособите спрема работата што ја вршите. Регулаторот на пареата е на држачот (Слика 3). За зголемување на протокот на пареа, завртете го копчето во спротивна насока од стрелката на часовникот; за смалување, пак, во насока на стрелката на часовникот.

Сл. 3
Употреба на вашата парна чистачка
- Чекор: Една од составните цевки приклучете ја на крајот на држачот на подвижното црево за пареа. За склопување на составните цевки една во друга или на држачот, притиснете го копчето за закачување, така што цевката ќе се закачи во дупката (Слика 4, Слика 5) и двата дела притиснете ги заедно. За раздвојување, повторете ја постапката: притиснете го копчето за закачување и двата дела повлечете ги и одделете.
ЗАБЕЛЕШКА: На четката за подови наместете крпа.
Копче за закачување

Слика 4

Слика 5
- Чекор: Ако аголниот адаптер не е прицврстен на четката за подови, држете ја четката за подови со левата рака, со месинговата чаура на половина од висината кон подот. Аголниот адаптер земете го во десната рака, така што аголниот адаптер е свртен надолу, а цилиндричната млазница е влево. Ставете го во отворот на четката за подови, а потоа завртете го за 90°.
- Чекор: Приклучете го електричниот кабел во ѕидна приклучница. Времето за греење е приближно 8-10 минути при ладна вода. Со полнење на парниот генератор со топла вода, времето за греење се скратува.
- Подгответе крпа од фротир како што е прикажано на Сликата А.

- Четката ставете ја на крпата.
- Крпата составете ја како што е прикажано на сликата В.

- Другата страна на крпата составете ја како што е прикажано на Сликата С.

- Аголот наместете го под држачот за крпа како што е прикажано на Сликата D.

- Крпата намотајте ја околу четката и составете ја како што покажува Слика Е. При составување, крпата треба да биде малку лабава. Крпата не смее да биде премногу стегната кога се намотува околу четката.

Прицврстување на крпата на четката за подови
На оваа четка може да се намести крпа од 100% фротир, која ја впива нечистотијата и ги штити осетливите површини.
ВАЖНО: Четините можат да продрат низ тенка крпа. Препорачуваме да употребите две (2) крпи, наместени една врз друга. На овој начин ќе спречите четините да продрат низ крпите и ќе обезбедите крпите да бидат доволно впивни и да задржат што повеќе нечистотија.
СОВЕТИ ЗА ЧИСТЕЊЕ: Крпата можете да ја наместите и така што предниот и задниот дел од четините ќе останат непокриени. На тој начин на крпата ќе има помалку влага и подот побрзо ќе се исуши.
Нега и одржување на крпата
Поради единствената способност за чистење на оваа крпа, потребна е соодветна нега на овој производ од микрофибер, што обезбедува долг век на траење и постојана способност за чистење.
- Новата крпа од микрофибер треба да се испере и исуши. Во производниот процес ткаенината се сплескува, кога собира нечистотија од воздухот и од машините. Исто така, на крпата има многу незашиени нишки, кои всушност не предизвикуваат никаква штета, но при првата употреба на крпата можат да пречат.
- Крпата ќе ја исчистите така што ќе ја исперете во машина за перење со топла вода.
- Крпите секогаш перете ги одвоено од другите ткаенини. Крпите собираат влакна и други делчиња од другите ткаенини и при наредната употреба на крпата, овие влакна се пренесуваат на површината што ја чистите. • УПОТРЕБУВАЈТЕ САМО ТЕЧНИ СРЕДСТВА ЗА ПЕРЕЊЕ. Никогаш не
употребувајте прашок за перење, бидејќи зрнцата често не се раствораат целосно и остануваат фатени на крпата. Тоа може да предизвика гребнатини на површината што ја чистите.
- НИКОГАШ НЕ УПОТРЕБУВАЈТЕ СРЕДСТВА ЗА БЕЛЕЊЕ ИЛИ СРЕДСТВА ЗА ОМЕКНУВАЊЕ ТКАЕНИНИ. Средството за белење ја оштетува ткаенината од микрофибер, а средствата за омекнување нанесуваат облога на ткаенината од микрофибер, што спречува ефикасно чистење на крпата.
- Крпата исушете ја на воздух. Не сушете ја во машина за сушење, бидејќи поради високата температура крпата се скратува, а микрофиберот се кине.
- Со редовно перење на вашите крпи и со спречување премногу да се извалкаат, крпите ќе траат многу подолго. Слично како кај други ткаенини, делчиња нечистотија, маст и друга нечистотија можат да предизвикаат кинење на влакната, затоа со редовно чистење на вашите крпи од микро влакна ќе ги зачувате подолго време.
При употреба на крпа од микро влакна, понекогаш ќе забележите по некоја слободна нишка. Тоа е нормално и ТАКВИ НИШКИ НЕ СМЕЕТЕ НИКОГАШ ДА ГИ ИЗВЛЕЧЕТЕ! Со тоа можете да предизвикате парање на ткаенината. Нишката едноставно одрежете ја со остри ножици.
Наместување приклучоци за апаратот на подвижното црево за пареа
Пред заменување на приклучокот, апаратот да се лади 5 минути.
ГУМЕН ПРОДОЛЖЕТОК
Овој приклучок е многу употреблив за чистење големи прозорци и површини од пластичен материјал, керамика, плочки или мермер.
ВАЖНО: При чистење прозорци, внимавајте на ненадејни промени на температурата, да не би дошло до кршење на стаклото или пукнатини.
Употреба: Гумениот продолжеток прицврстете го на држачот или употребете го со составливата цевка при потешко достапни површини. Пареа нанесете обилно, истријте со мекиот сунѓерлив раб, потоа отстранете ја излишната вода и нечистотијата со работ наменет за чистење стакло.

Насочувачот на пареата прицврстете го на држачот или составливата цевка.

Најлонска четка (x2)
Најпримерна е за чистење фуги меѓу керамички и мермерни плочки.
Употреба: најлонската четка прицврстете ја на крајот од насочувачот на пареата, кој потоа може да се употреби непосредно на држачот или со помош на составливите цевки.

Прицврстување на ременот за на рамо
Отстранливиот ремен за на рамо овозможува поголема слобода при движење, кога ви се потребни двете раце за различни работи за чистење. Ременот за на рамо прицврстете го на парната чистачка така што ќе го закачите во алките од куќиштето на апаратот. Гледајте ги Сликите 9, 10 и 11.


ВАЖНО: Кога парната чистачка ја употребувате со ременот за на рамо, да не го тресете или наклонувате апаратот премногу, бидејќи со тоа можете да предизвикате во цевката да дојде вода и да се илева заедно со пареата.
СОВЕТИ ЗА УПОТРЕБА НА АПАРАТОТ
Нега и одржување
При доследна употреба на деминерализирана или дестилирана вода, чистење на садот за вода не е потребно.
Плакнење на парната чистачка
Со повремено плакнење ќе ги отстраните талозите од вашата парна чистачка. Плакнење е препорачливо по секои 10-15 полнења на садот за вода, бидејќи со тоа ќе го исчистите водниот камен од садот. Во садот за вода налејте 600 ml вода и јако тресете го апаратот. Обрнете го надолу и излејте ја водата од садот и евентуалниот воден камен.
Отстранување на водниот камен од вашата парна чистачка
Ако во вашето подрачје водата од водоводот содржи високо ниво на варовник, и употребувате вода од водоводот за чистење со пара, морате да го отстраните водниот камен од вашиот апарат по секои 10-15 полнења на садот за вода.
Отстранување на водниот камен
- Чекор 1: Пред отстранување на водниот камен, исклучете ја парната чистачка од електричната мрежа. Оставете ја да се олади.
- Чекор 2: Во садот за вода налејте 1 дел оцет и 5 дела вода и оставете го прекуноќ или приближно 8 часа. За време на отстранување на водниот камен, не наместувајте го безбедносниот чеп на парната чистачка. Парната чистачка не ја употребувајте додека во садот за вода има раствор за отстранување на водниот камен.
- Чекор 3: По завршување на накиснувањето, обрнете ја парната чистачка надолу и истурете го растворот од садот за вода. Со оглед на тоа дека во садот за вода ќе остане мало количество раствор, треба садот да се исплакне 2 до 3 пати со чиста вода. Вашата парна чистачка сега е подготвена за употреба.
ЗАБЕЛЕШКА: Пред да го отстраните вашиот апарат, секогаш испразнете го садот за вода и не затегнувајте го безбедносниот чеп. Кога апаратот не го употребувате, безбедносниот чеп не го наместувајте на апаратот.
Вода
- За сите ваши потреби во врска со чистење, употребувајте вода од славина.
- Ако живеете во подрачје со тврда вода, употребувајте деминерализирана / дестилирана вода кога со пара чистите ткаенини со светли бои и на тој начин ќе спречите можност за флеки заради тврда вода.
ВАЖНО: НЕ додавајте раствори за чистење, парфуми, масла и други хемикалии во водата што ја употребувате во овој апарат. Ако е во вашето подрачје водата од водоводот многу тврда, употребувајте дестилирана/пречистена вода.
Ефикасна работа
- Вертикални површини бришете ги со крпа од врвот надолу и со тоа ќе спречите исчистените површини да се извалкаат поради валкана вода.
- За време на чистење, не вртете ги четките назад и напред.
- Почнете со најмалата четка за чистење тесни места и агли.
- Употребете крпа за да ја избришете нечистотијата што побргу и на тој начин спречете да не се исуши и повторно залепи на површината.
СОВЕТИ ЗА УПОТРЕБА НА ВАШИОТ АПАРАТ
Употребете ја четката за подови. Четката за подови ја поместувате по подот како да го бришете подот со крпа. Кога ќе се извалка едната страна на крпата, свртете ја рамката на четката и употребете ја другата страна. При многу валкани површини работете полека и повеќепати на едно место. Дрвени подови чистете ги брзо, да не се загрее или натопи дрвото. Чистење восочени подови: Употребете ја четката за подови и изведувајте брзи движења. На тој начин ќе ја отстраните нечистотијата, а не восокот.
Винилни подови: Кај ниедна подна облога од винил не смее да се создаде превисока температура, бидејќи може да дојде до омекнување и оштетување на текстурата. На винилни подни површини работете брзо. Чистење подни плочки: Употребете го насочувачот на пареа со четка, прицврстена на составливата
цевка. Подгответе си и четка за под. Со четката исчистете ги фугите меѓу плочките. Отстранете ја четката и прицврстете ја четката за подови, која ја поместувате по подот за да ги исчистите плочките и да ја отстраните излишната влага и остатоци. Не оставајте пред бришење со крпа подот да се исуши.
Употребете го насочувачот на пареа со четка или без неа. На извалканото место работете полека, за да може пареата да продре. Поместувајте ја четката или чистата крпа. Избришете го местото со крпа (не тријте). Според потреба повторете ја постапката, за да ја отстраните флеката. Со правосмукалка вшмукувајте дури откако тепихот наполно ќе се исуши.
Пред чистење секогаш проверувајте ја отпорноста на бојата на незабележливо место на тепихот. Ако вашата парна чистачка не отстрани тешкоотстранливи флеки, можеби ќе треба да се употреби шампон за чистење теписи. НЕ додавајте раствори за чистење, парфуми, масла или други хемикалии во водата што ја употребувате во апаратот, бидејќи со тоа можете да го оштетите апаратот или да предизвикате неговата употреба да не е безбедна.
ВНИМАНИЕ: Секогаш проверувајте ја отпорноста на бојата кај ткаенините, особено црвени и сини, така што со чиста, влажна, топла крпа меко тријте на мал дел на задната страна или што пооддалечено место од мебелот. Ако се обои крпата, веројатно ќе биде потребно хемиско чистење.
Употребете го гумениот продолжеток за прозорци. Млазот пареа насочувајте го одозгора надолу. Гумениот продолжеток употребете го без пареа, за да ја отстраните водата од стаклото. Притоа употребувајте попречни движења одозгора надолу, за да не останат црти на стаклото.
ВНИМАНИЕ: При чистење на прозорци, внимавајте да не дојде до ненадејни промени на температурата, што може да предизвика кршење или пукнатини на стаклото.
СОВЕТИ ЗА УПОТРЕБА НА ВАШИОТ АПАРАТ
Површини од стаклени влакна и површини што не `просуваат
Употребете четка. Полека поместувајте ја четката по површината што сакате да ја исчистите. Пареата ќе ја емулгира нечистотијата и маснотијата на површината. Потоа на четката ставете крпа од фротир и избришете ја излишната влага и остатоци. Совет: Стар совет за полирање на не'рѓосувачки челик е, по чистењето, да го избришете со минерална вода.
Површини во бањи
Употребете четка за фуги за чистење кади или туш кабини, водила на врата од туш кабини, тешко достапни и многу валкани места. Гумениот продолжеток со два раба за чистење прозорци/плочки е најефикасен метод за чистење на преостанатите површини. Одвојте доволно време за да топлината продре во површината. Ова е особено корисно во туш кабина за чистење плочки и фуги. Избришете со крпа.
Со парна чистачка, исто така, е полесно отстранување на остатоци од сапун на плочки, фуги и вратата на туш кабина.
При чистење на санитарни арматури, употребете насочувач на пареа со четка или без неа. Излишната влага и остатоци избришете ги со фротирка или хартиена крпа. За чистење на мијалник и славини, употребете четка, потоа избришете ги со крпа.
Остатоци од сапун
Остатоците од сапун скоро веднаш се раствораат при употреба на комбинација на топлина и влага. Површината потоа исплакнете ја со мала количина вода или уште еднаш избришете ја со чиста крпа од фротир. Забелешка: Остатоците од сапун понекогаш предизвикуваат груба површина поради минералите во водата. Во таков случај, употребете четка за да се отстрани таа површина – или пак испрскајте ја или избришете ја најпрвин со лимон, оцет или минерална вода, за да омекнат минералите.
Бавните движења при чистење можат да предизвикаат остатоците од сапун да се исушат и да се наберат на површината како зрнца. Таквата површина е зрнеста на допир. Ако тоа се случи, уште еднаш со четка нанесете пареа на површината и повторно исчистете ја.
Мебел за тераса
Употребете која било четка, зависно од големината на површината. При чистење на мебел за тераса од смоли, работете брзо. На крајот избришете со крпа.
Ролетни
За чистење на ролетни, употребете најлонска четка. Четката поместувајте ја по површината, така што пареата има доволно време да продре. Кај ролетни од PVC, работете брзо. Кај текстилни ролетни, пред чистење проверете ја отпорноста на бојата. На крајот избришете со крпа.
За чистење автомобилски тркала употребете насочувач на пареа и четка. Надворешните стакла најдобро е да ги исчистите со нанесување пареа со насочувач на пареа, а потоа избришете ги со хартиена крпа.
При чистење велосипеди употребете четка.
Опремата ќе ја исчистите со помош на четка, зависно од големината на површината.
Избришете со крпа.
Вештачки цвеќиња
Употребете насочувач на пареа без четка, за да го издувате правот и нечистотијата.
Облека
За отстранување на влакненца од ткаенините, системот за чистење со пареа е одличен. Површината едноставно „вапоризирајте ја“ од растојание (30 – 45 cm). Сувата пареа ги отстранува влакненцата, а ткаенината не ја навлажнува како обичните парни апарати.
Никотин и катран
Никотинот и катранот при високи температури се раствораат и стануваат светло жолто масло, слично на масло за машина за шиење. Штом пареата ги допре облогите од никотин/катран, тие веднаш се раствораат и истекуваат во крпата на парната чистачка. Отстранувањето од рамни површини е толку брзо, колку што можете да ја поместувате парната чистачка.
Отстранување восок, катран итн.
Многубројните флеки само се закачуваат на површината од материјалите и можат лесно и брзо да се отстранат, така што прво „издувајте го“ излишниот материјал од површината. За таа намена употребете насочувач на пареа. Крпата држете ја на едната страна, за да ги прифатите остатоците што ќе ги издува насочувачот на пареа. Забелешка: Пред
употреба на пареа, секогаш со правосмукалка отстранете ги евентуалните остатоци од површината.
СОВЕТИ ЗА УПОТРЕБА НА ВАШИОТ АПАРАТ
НА КРАЈОТ ОД ЧИСТЕЊЕТО, СЕКОГАШ ИЗБРИШЕТЕ ЈА ПОВРШИНАТА СО КРПА
При употреба на парната чистачка секогаш треба да се земат предвид основните безбедносни мерки, вклучувајќи ги и следниве: Ладилник – употребете го насочувачот на пареата за да ја издувате нечистотијата во направата за мраз и на затнувачите на вратата. Пареата не ги исушува и не предизвикува пукнатини на затнувачите, како што почесто се случува со хемикалиите. Клучевите за отворање конзерви и друга кујнска опрема може едноставно да се исчистат со четка, бидејќи пареата продира во сите агли и дупки. Мувлосаните флеки на затнувачите на вратите може да се отстранат со четка.
Забелешка: Малите електрични апарати морате пред чистење секогаш да ги исклучите од електричната мрежа. Пареата не ја насочувајте ја во отворите на апаратите.
За чистење на работните површини, најпрвин употребете четка за да ги разлабавите остатоците, а потоа избришете со крпа од фротир.
Совети
Парната чистачка има многу можности за употреба, кои овде не ги спомнавме. Во овие упатства ви изложуваме само општа претстава за тоа што може со апаратот да се постигне. Начините на употреба на приклучоците и четките во повеќето случаи се исти. Најмногу корисно е ако имате секогаш подготвена крпа од фротир или хартиена крпа за отстранување на влагата и остатоците. Најдобри се крпи од 100% фротир.
Четките можете да ги исчистите со парната чистачка. При чистење, држете ја четката со клешти и издувајте ја нечистотијата, како што е горе наведено, или пак ставете ја во кошницата од вашата машина за миење садови.
Забелешка: По чистење, површините веднаш да ги избришете со крпа, пред да се исушат. За чистење на рерната употребете четка за да исчистите околу елементите и прифаќачите на конденз.
Четката употребете ја за пукнатини, процепи и тешко достапни места.
Овој апарат е означен според европскиот пропис 2002/96/E3 за електрични и електронски апарати (waste electrical and electronic equipment - WEEE).
Прописот ја дава рамката за враќање и искористување на старите апарати, важечка ширум Европа.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
Не го фрлајте апаратот во нормален домашен отпад, туку во официјална колекција наменета за рециклирање. Со ова, вие помагате да се зачува животната средина.
ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС
Ако ви требаат информации, или ако имате проблем, ве молиме контактирајте го Gorenje центарот за грижа на корисници во вашата земја (видете го телефонскиот број во меѓународната гаранција). Ако вашата земја нема таков центар, контактирајте го вашиот локален дилер или Gorenje, одделот за мали апарати за домаќинство.
Не е за комерцијална употреба!
Само за лична употреба!
GORENJE ВИ ПОЖЕЛАВА ПРИЯТНИ ЧАСОВЕ С ИЗПОЛЗВАНЕТО НА УРЕДИТЕ.