3440 JA - Пила SKIL - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 3440 JA SKIL во PDF формат.
| Марка | SKIL |
| Модел | 3440 JA |
| Тип на производ | Компактна безчетковна прободна пила |
| Напојување | Батерија (безжична) - компатибилна со SKIL батерии BR1*31**** |
| Препорачан полнач | SKIL CR1*31**** |
| Променлива брзина | Електронско тркалце за подесување |
| Орбитално движење | 4 позиции (0-3) кои се подесуваат преку лост |
| Капацитет на сечење | Дрво, пластика, метал; прави и закривени резови; агол на митра до 45° |
| Тип на сечило | T-опашка (стандардно), прицврстување без алат |
| Осветлување | Вградена LED со автоматско активирање |
| Ниво на бучава | Притисок 87 dB(A), моќност 98 dB(A) (несигурност K=3 dB) |
| Ниво на вибрации | Сечење даски 7,68 m/s², лим 6,08 m/s² (несигурност K=1,5 m/s²) |
| Работен температурен опсег | -20°C до +50°C (батерија) |
| Индикатор за полнење на батеријата | Копче и LED индикатори на батеријата |
| Адаптер за правосмукалка | Да, вклучен |
| Одржување | Чистење на отворите за вентилација; поправка од овластен SKIL сервис |
| Гаранција | Услови достапни на www.skil.com |
| Рециклирање | Не фрлајте во домашен отпад; одделно рециклирање (директива 2012/19/EG) |
Frequently Asked Questions - 3440 JA SKIL
Прашања на корисниците за 3440 JA SKIL
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 3440 JA - SKIL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 3440 JA на марката SKIL.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 3440 JA SKIL
- Овој алат е наменет за пресекување и отсекување на дрво, пластика, метал и се користи за рамно сечење и за заоблено сечење под агол до 45°
- Овој алат не е наменет за професионална употреба
- Контактирајте го продавачот ако недостасуваат делови или истите се оштетени
- Внимателно прочитајте го упатството за работа пред употреба и зачувајте го за во иднина③
- Обрнете особено внимание на безбедносните упатства и предупредувања; непридржувањето до овие упатства може да доведе до сериозна повреда
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ①
ЕЛЕМЕНТИ НА АЛАТОТ ②
A Прекинувач за включување/исклучување
В ЛЕД-светло
С Држач за сечило без инструменти
D Рачка за орбитална контрола
E Ножна педала
F Тркало за прилагодување на брзината на сечење со пилата
G Отвори за вентилација
Н Копче за индикаторот за нивото на батеријата
J Адаптер за правосмукалката
К Хексагонален клуч
БЕЗБЕДНОСТ
ОПШТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, упатства, слики и спецификации што се обезбедуваат со овој алат. Непочитувањето на сите упатства подолу може да доведе до електричен удар, пожар и/или сериозна повреда.
Чувајте ги сите предупредувања и упатства за понатамошно упатување.
Поимот „електричен алат“, кој се користи во предупредувањата, се однесува на вашиот електричен алат (со приключен кабел) или на електричен алат со погон на батерии (без приключен кабел).
1) БЕЗБЕДНОСТ НА РАБОТНОТО МЕСТО
а) Одржувајте го работното место чисто и добро осветлено. Неуреден или темен работен простор може да предизвика незгоди.
b) Немојте да работите со електрични алати во средини во кои има опасност од експлозија, нако на пример во кои има запалливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да запалат прашина или испарувања.
с) Држете ги децата и другите лица подалену додека ракувате со електричен алат. Може да изгубите контрола ако нешто ви го одзема вниманието.
2) ЕЛЕКТРИЧНА СИГУРНОСТ
a) Приклучоците за електричниот алат мораат да одговараат на штекерот. Никогаш на никаков начин не го менувајте приклучоноот. Не користете никакви адаптери за приклучоци со (заземјени) електрични алати. Немодифицираните приклучоци и соодветните штекери ће ја намалат опасноста од струен удар.
b) Избегнувајте допир на телото со заземјени површини, како што се цевки, радијатори, шпорети и фрижидери. Постои зголемена опасност од струен удар, доколку вашето тело е заземјено.
с) Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влага. Продирањето на вода во електричниот уред їе ја зголеми опасноста од струен удар.
d) Немојте да го злоупотребувате кабелот за напојување. Никогаш не го користете кабелот за напојување за носење, влечење или
исклучување на електричниот алат. Чувајте го кабелот за напојување подалеку од топлина, масло, остри ивици или подвижни делови.
Оштетените или заплетканите кабли за напојување ја зголемуваат опасноста од струен удар.
e) Нога го употребувате електричниот алат надвор, користете продолжен кабел кој е соодветен за употреба на отворен простор. Користењето на кабел соодветен за работа на отворен простор ја намалува опасноста од струен удар.
f) Доколку не може да се избегне работа со електричниот алат во влажна средина, користете заштитен уред што работи на резидуална струја (RCD). Употребата на RCD ја намалува опасности од струен удар.
3) ЛИЧНА ЗАШТИТА
a) Бидете внимателни, внимавајте што правите и постапувајте разумно додека работите со електричниот алат. Никогаш не работете со електричен алат ако сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Момент на невнимание при работење со електрични алати може да доведе до сериозна лична повреда.
b) Носете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како што е маска за прашина, безбедносни обувки кои не се лизгаат, заштитен шлем или штитници за уши, употребени во соодветни услови, ја намалуваат опасноста од лични повреди.
с) Спречете случајно вклучување. Осигурете се дека прекинувачот е на позицијата off (исключено) пред приклучувањето на изворот на напојување и/или батеријата, подигнувањето или носењето на алатот. Носењето на електричниот алат со вашиот прст на прекинувачот или вклучување на електрични алати со прекинувачот поставен на позиција on (приклучено) доведува до несреći.
d) Пред вклучување на електричниот алат отстранете ги сите клучеви за подесување или алати за навртување. Алат или клуч што е оставен прикачен на ротациониот дел на уредот, може да доведе до лична повреда.
e) Не посегнувајте преку одредената граница. Цело време одржувајте правилен став и рамнотежа.
На тој начин можете подобро да го контролирате електричниот алат во неочекувани ситуации.
f) Носете соодветна облека. Не носете лелеава облека или накит. Чувајте ги косата и облената подалеку од подвижните делови. Лелеавата облека, накитот или долгата коса може да се зафатат во подвижните делови.
g) Доколку се обезбедени уреди за приклучување на апарати за вшмукување и собирање прашина, осигурете се дека тие се правилно приклучени и користени. Користењето на уреди за собирање прашина може да ги намали опасностите поврзани со прашината.
h) Не дозволувајте искуството стекнато со честата употреба на алатите да ве направи невнимателни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателната активност може да предизвика сериозна повреда во дел од
секунда.
4) УПОТРЕБА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АЛАТИ И ГРИЖА ЗА НИВ
a) Не преоптоварувајте го електричниот алат. Користете ја правилната електрична алатка наменета за вашата работа. Со соодветниот електричен алат ње ја завршите работата подобро и побезбедно во однос на тоа за што е наменет.
b) Не користете го електричниот алат ако прекинувачот не може правилно да се вклучи и исклучи. Секој електричен алат кој не може да се контролира со помош на приклучок е опасен и мора да се поправи.
с) Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го комплетот со батерии од електричниот алат, ако се одделува, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или да ги складирате електричните алати. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува опасноста од случајно вклучување на електричниот алат.
d) Складирајте ги електричните алати во мирување надвор од дофатот на деца и не им допуштајте работа со уредот на лица кои не се запознаени со него или кои го немаат прочитано ова упатство. Електричните алати се опасни доколку со нив работат нестручни лица.
e) Одржувајте ги електричните алати и дополнителната опрема. Проверете дали има изместување или заглавување на подвижните делови, дали некои делови се скршени или се во некоја друга состојба што влијае врз работата на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го алатот на поправка пред да го користите. Многу несреći се случауваат заради неодржуван електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри ивици помалку ње се заглавуваат и полесно се контролираат.
g) Електричниот алат, дополнителната опрема, работните алати итн., треба да ги користите според овие упатства, земајки ги во предвид работните услови и работата која треба да се заврши. Употребата на електричниот алат за работи што се поинакви од неговата намена може да доведе до опасна ситуација.
h) Одржувајте ги рачките и површините за фаќање суви, чисти и без масло и маст на нив. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуват безбедно ракување и контрола на алатот во неочекувани ситуации.
5) КОРИСТЕЊЕ НА АЛАТ НА БАТЕРИИ И ГРИЖА ЗА НЕГО
a) Вршете полнење само со полначот што е пропишан од страна на производителот. За полначот кој е соодветен за еден вид на батерии, постои опасност од пожар, доколку се употребува со други батерии.
b) Користете ги електричните алати само со посебно назначени батерии. Користењето на било кои други батерии може да доведе до опасност од повреда и пожар.
с) Нога батериите не се користат, држете ги настрана од метални предмети нако што се спајалици за хартија, парички, клучеви, клинци, шрафови или други, мали метални предмети кои можат да спојат еден пол со друг. Краткиот спој на половите на батериите може да предизвика изгореници или пожар.
d) Во услови на злоупотреба може да дојде до исфрлање на течност од батеријата; избегнувајте контакт. Ако дојде до случаен контакт, измијте го местото со вода. Ако течноста дојде во контакт со очите, дополнительно побарајте и лекарска помош. Течноста која истекува од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
e) Не употребувајте комплет со батерии или алат којшто е оштетен или изменет. Оштетените или изменетите батерии можат да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
f) Не изложувајте го комплетот со батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или температура над 130°C може да предизвика експлозија.
g) Следете ги сите упатства за полнење и не полнете го комплетот со батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во инструкциите. Неправилното полнење или полнењето на температура што е надвор од наведениот опсег, може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.
6) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се обезбедува безбедно одржување на електричниот алат.
b) Никогаш не поправајте ги оштетените комплети со батерии. Поправката на комплетите со батерии треба да ја врши само производителот или некој овластен сервис.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА БЕЗЖИЧНА УБОДНА ПИЛА
- Држете го алатот за изолираните површини на држење кога работите на место каде затегнувачот може да допре до покриени жици (ако се допре жица под напон, металлите делови на алатот ће се електрифицираат и може да предизвикаат електричен шок за работникот)
- Користете стегачи или друг практичен начин за да го обезбедите и потпрете работното парче на стабилна платформа (работното парче е нестабилно ако го држите со рака или потпрено на телото со што може да ја загубите контролата)
ОПШТИ
- Не обработувајте никаков материјал кој содржи азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
- Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
- Нивото на бучава додека работите може да изнесува повеќе од 85 dB(A); носете заштита за ушите
- Носете очила кога работете со материјали што создаваат струготини
- Прашината од материјали како боја која содржи олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со прашината или нејзиното вдишување може да предизвика алергиски реакции и/или болести на дишните органи за оној кој работи со алатот или лугето во близина); носете маска за прашина и работете со правосмуналки доколку можете да ги поврзете
- Некои видови на прашина се канцерогени (како на пример прашината од даб или бука), особено заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете маска за прашина и работете со правосмуналки доколку можете да ги поврзете
- Следете ги процедурите на вашата земја за прашината која се јавува како резултат од материјалите со кои работите
- Отстранете ја батеријата од алатот пред секое подесување или промена на приборот
ПРЕД УПОТРЕБА
- Пред да почнете со сечење, отстранете ги сите пречки на и под местото каде сечете
- Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и други предмети во работното парче; тргнете ги пред да почнете со работа
- Држете ги рацете подалеку од сечивото кога работите со електричен алат
ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА
- SKIL може да признае гаранција само доколку е користен оригинален прибор
- Не користете сечиво што е напукнато, деформирано или тапо
ПО УПОТРЕБА
- Кога ће ја завршите работата со алатот, исключете го моторот и проверете дали сите подвижни делови се застанати
БАТЕРИИ
- Обезбедената батерија е делумно наполнета (за да се обезбеди целосен капацитет на батеријата, целосно наполнете ја батеријата во полначот на батеријата, пред за првпат да го употребите вашиот електричен алат).
- Користете ги ислучиво следниве батерии и полначи со овој алат
- Батерија SKIL: BR1*31****
- Полнач SKIL: CR1*31****
- Оштетената батерија не треба понатаму да се користи, туку веднаш да се замени
- Не расклопувајте ја батеријата
- Никогаш не изложувајте ги на дожд алатот/батеријата
- Дозволена температура на околината (алатка/ полнач/батерија):
ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ/ БАТЕРИЈАТА
③ Пред употреба прочитајте го прирачникот за употреба
④ Батериите може да експлодираат ако се изложат на оган, па затоа никако не палете ја батеријата
⑤ Секогаш чувајте ги алатот/полначот/батеријата на места со температура пониска од 50°C
⑥ Не фрлајте ги електричните алати и батериите заедно со домашниот отпад
УПОТРЕБА
- Полнење на батеријата ! прочитајте ги безбедносните предупредувања и упатствата дадени со полначот
• Вадење/ставање на батеријата ②
- Индикатор за нивото на батеријата ⑦ - притиснете го копчето Н за индикаторот за нивото на батеријата, за да се прикаже моменталното ниво на батеријата ⑦а ! ако по притискање на копчето Н⑦b индикаторот за најниско ниво на батеријата почне да трепка, тогаш батеријата е празна ! кога ће почат да трепкаат 2 нивоа на индикаторот за батеријата по притискање на копчето Н⑦с, тогаш батеријата не е во рамките на дозволениот опсег за работна температура
- ЛЕД-светло ⑭
- ЛЕД-светилката В автоматски се вклучува кога ке се активира прекинувачот за вклучување/ исклучување.
! кога започнува да трепка ЛЕД-работната светилка, се активира заштитата на батеријата (види подолу)
- Заштита на батеријата
Алатот наеднаш се исклучува или не може да се вклучи, кога
- оптоварувањето е преголемо -> отстранете го оптоварувањето и почнете повторно
-температурата на батеријата не е во рамките на дозволениот опсег на работна температура од -20 до +50°C --> 2 нивоа на индикаторот за ниво на батеријата почнуваат да трепкаат кога їе го притиснете копчето Н⑦с; почекајте батеријата да се врати во рамките на дозволениот опсег на работна температура
-батеријата е скоро празна (заштита од целосно празнење) --> на индикаторот за нивото на батеријата ће се прикаже ниско ниво на батеријата или ће трепка за ниско ниво на батеријата ⑦б кога ће притиснете на копчето Н; наполнете ја батеријата
! не продолжувајте да притискате на прекинувачот за включување/исклучување откако алатот автоматски ће се исклучи; батеријата може да се оштети
- вклучувајте/исклучувајте го алатот со притискање на прекинувачот А во позициите „I“/„O“
• Контрола на брзината ⑨
- со тркалото за регулирање F може да се избере саканата брзина на сечење со пилата
Оптималната работна брзина зависи од материјалот и може да се одреди преку практични проби Кога тркалото за регулирање F е поставено на „A” брзината без оптоварување се намалува за контролирано стартување
- при сечење со пилата, брзината автоматски ће се зголеми до целосна брзина
! алатот ће се врати на намалената брзина без оптоварување само по рестартирањето
! отстранете ја батеријата од алатот пред секое подесување или промена на дополнителната
опрема
! вметнете го сечилото со запците нагоре до крај ⑪
- на алатот можат да се монтираат најчесто достапните сечила со крак од типот T ⑩
- за да го извадите сечилото употребете ја само рачката на држачот за сечилото С (нема потреба да го допирате сечилото)
• Сечење со пила на 45 степени ⑫
- Избор на видот на сечење ⑬
Употребете ја рачката D за подесување на орбиталното дејство од прецизно сечење (= 0) до брзо сечење (= 3)
- 1 позиција ("0") за прецизно сечење на сите материјали, праволиниски и под агол
- 3 позиција за брзо сечење во различни материјали, само праволиниски
1 = алуминиум, пластика
2 = тврдо дрво
3 = меко дрво
! секогаш изберете „0” при сечење на материјали при кои се создаваат деланки
• Вшмукување прашина ⑮
- поврзете го адаптерот за правосмукалка J со ножната педала
- поврзете го цревото за чистење на правосмукалката со адаптерот за правосмукалка J
- пред да го включите моторот проверете дали предниот дел на работната плоча е поставен рамно на работното место
- цврсто држете ја машината со двете раце за да имате постојано целосна контрола врз неа
! додека работите, сеногаш држете го алатот за местото (местата) кое (кои) се означени со сива боја ⑯
- уверете се дека целата површина на работната плоча лежи цврсто на работното место
! пред да го подигнете алатот од работното парче, проверете дали е дојдено до целосен прекин на работата на сечилото
- отворите за вентилација G ② држете ги отворени
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
• Користете соодветни сечила за пила ⑰
! на алатот можат да се монтираат најчесто достапните сечила со крак од типот Т
- Кога сечете метал ставете сечиво подмачкано со масло
- прекријте ја линијата на сечењето со повекеслојни или широки ленти пред да почнете со сечењето
- лицето на материјалот е свртено надолу на работното место
- За повеќе информации видете на www.skil.com
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
- Овој алат не е наменет за професионална употреба
- Алатот секогаш да се одржува чист (особено отворите за ладење G②)
! отстранете ја батеријата од алатот пред чистење
- Доколку алатот и покрај внимателното работење и контрола некогаш откаже, поправката мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за електрични алати
- испратете го алатот нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до вашиот продавач или најблискиот овластен SKIL сервис (адресите и сервисниот дијаграм за алатот се наведени на www.skil.com)
- Имајте предвид дека оштетувањето настанато заради преоптоварување или неправилно ракување со алатот не е опфатено со гаранцијата (видете на www.skil.com или прашајте го продавачот за условите на гаранцијата на SKIL)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
- Не фрлајте електрични алати, батерии, дополнителна опрема и амбалажа заедно со домашниот отпад (само за земјите на ЕУ)
- поред Европската Директива 2012/19/E3 за ослободување од електрична и електронска опрема и нејзина имплементација во согласност со националните закони, електричните алати кои го достигнале крајот на својот животен век мора да бидат собрани посебно и да бидат вратени во објект за рециклирање кој е компатибилен со животната средина
- символот ⑥ ке ве потсети на тоа, кога ке дојде време да го отстраните
! пред да се фрли батерија во отпад, заштитите ги нејзините полови со дебела лента за да се спречи краток спој
БУЧАВА / ВИБРАЦИИ
- Измерено во согласност со EN62841, нивото на звучен притисок на овој алат е 87 dB(A) и нивото на звучна моїност е 98 dB(A) (несигурност K = 3 dB), и вибрацијата* (триакс векторна сума; несигурност K = 1,5 м/с²)
*сечење на плоча метал 6,08 м³/с
- Нивото на емитирање на вибрации е измерено во согласност со стандардизираниот тест даден во EN62841; може да се искористи за да се спореди еден алат со друг, и како првична оценка за изложеноста на вибрации, кога се користи алатот за споменатите примени
- користењето на алатот за разни примени, или со различна или неправилно чувана дополнителна опрема, може да доведе до значајно зголемување на нивото на изложеност
- кога алатот е исключен или кога алатот е включен но не врши некаква работа, може да дојде до значително намалување на нивото на изложеност
! заштитете се од ефектите на вибрациите преку одржување на алатот и неговата дополнителна опрема, одржување на топлината на вашите раце, и организирање на вашата работа