CHG 81442 BX - кујнски робот GRUNDIG - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот CHG 81442 BX GRUNDIG во PDF формат.
Прашања на корисниците за CHG 81442 BX GRUNDIG
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот кујнски робот во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник CHG 81442 BX - GRUNDIG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. CHG 81442 BX на марката GRUNDIG.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК CHG 81442 BX GRUNDIG
Ве молиме најнапред прочитајте го ова упатство!
Ви благодариме што избравте производ на ВЕКО. Би сакале добро да Ви користи овој квалитетен апарат, кој е произведен според најнова технологија. Ве молиме добро прочитајте го ова упатство и другите приложени документи пред да го користите апаратот и чувајте ги во случај да Ви затребаат. Ако му го дадете апаратот на некој друг, дајте му го и ова упатство. Применете ги сите предупредувања и информации дадени во упатството и следете ги упатствата.
Символи и нивното значење
Во ова упатство се користат следниве символи:

Важни информации и препораки во врска со користењето на апаратот.

Предупредувања за физички повреди или материјални штети.

Погодно за контакт со храна.

Не го потопувајте апаратот, електричниот кабел или приключокот во вода или во некоја друга течност.

Има заштита од електричен удар

Овој апарат е произведен во еколошки безбедни и современи фабрики без да й се нанесе штета на природата.
1 Важни упатства за безбедноста и животната средина
Овој дел содржи упатства за безбедноста за да се спречат опасности што можат да водат до физички повреди или до оштетување на материјалниот имот.
Ако не ги следите овие упатства, гаранцијата єе изгуби важност.
1.1 Општа безбедност
- Овој апарат е во согласност со меѓународните стандарди за безбедност.
•Овој апарат може да го користат лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или не се довольно искусни и упатени, но само ако се под нечиј надзор или ако се запознаени со упатствата во врска со безбедното користење на апаратот и со опасностите што се включени притоа. Децата не смеат да си играат со овој апарат.
•Овој апарат не смеат да го користат
1 Важни упатства за безбедноста и животната средина
деца.
- Не го користете апаратот ако електричниот кабел, самиот апарат или неговото сечило се оштетени. Јавете се во овластениот сервис.
-Извадете го приклучокот на апаратот од штекер додека ги ставате/вадите додатоците или пред да го чистите.
•Користете ги само оригиналните делови или деловите што ги препорачува произведувачот.
•Не го расклопувајте апаратот.
- Електричната мрежа треба да биде во склад со информациите наведени на ознаката со типот на апаратот.
•Апаратот не смее да се користи со продолжителен кабел.
- Не го вадете приклучокот на апаратот од штекер влечејки го кабелот.
•Пред да го чистите апаратот или да ги вадите или ставате додатоците, извадете го приклучокот од штекер
1 Важни упатства за безбедноста и животната средина
и почекајте апаратот сосема да престане со работа.
- Не го допирајте приклучокот на апаратот додека рацете Ви се влажни или мокри.
- Не го користете апаратот за жешки јадења.
•Користете го апаратот само со неговата гумена подлога и стаклениот сад. - Не ракувајте со апаратот додека садот е празен.
-За да не се оштетат сечилата и апаратот, отстранете ги коските и семките од храната.
•Апаратот не е погоден за суви или тврди прехрамбени продукти кои може за кратко време да ги отапат сечилата.
•За да не се прегрее апаратот, не го користете нон-стоп подолго од 20 секунди. Оставете апаратот да се олади 2 минути меѓу секоја употреба од 20 секунди.
1 Важни упатства за безбедноста и животната средина
•За да не се повредите поради погрешна употреба, следете ги сите предупредувања.
•Поради погрешна употреба при
празнењето на садот, при чистењето
на апаратот или поради допирање
на сечилата со голи раце, може да
дојде до сериозни повреди. Бидете
внимателни и трудете се да го држите
сечилото само за неговиот пластичен
дел.
- Откако ће го исчистите апаратот и пред да го включите во струја или да ги составите неговите делови, исушете го апаратот и сите негови делови.
- Не го потопувајте апаратот, електричниот кабел или приклучокот во вода или во некоја друга течност.
- Не ракувајте со апаратот или со неговите компоненти над или во близина на жешки површини и не ги ставајте врз жешки површини.
1 Важни упатства за безбедноста и животната средина
•Ако ги чувате оригиналните материјали од амбалажата, нека бидат вон дофат на деца.
•Апаратот и неговиот електричен кабел чувајте ги вон дофат на деца.
•Секогаш користете го апаратот на стабилна, рамна, чиста и сува површина.
-Овој уред е наменет за употреба во домакинството или на места како што се:
- чајни кујни за вработените во продавници, канцеларии и други работни средини,
- фарми и од клиенти во хотели, мотели и други станбени средини,
- пансиони и слични средини
- Не притискајте или виткајте го кабелот за струја и не тријте го од остри рабови за да спречите каква било штета. Држете го кабелот подалеку од жешки површини и од отворен пламен.
1 Важни упатства за безбедноста и животната средина
•Пред да го употребите апаратот првпат, исчистете ги внимателно сите делови кои доагаат во контакт со храна. Видете ги деталните упатствата дадени во делот „Чистење“.
- Не ги допирајте подвижните делови на апаратот. Не ги прикачувајте или отстранувајте деловите додека апаратот не сопре целосно.
1 Важни упатства за безбедноста и животната средина
1.2 Усогласеност со директивата за WEEE за фрлање на производот:
Овој производ е усогласен со директивата на ЕУ за WEEE (2012/19/EU). Овој производ го носи символот за класификација за начинот на фрлање на електрична и електронска опрема (WEEE).

Овој символ покажува дека овој производ не треба да се фрла со другиот отпад од дома Kinството откако ке престане да се користи. Искористениот уред треба да се врати во официјален пункт за собирање на електрични и електронски уреди за рециклирање. За да ги најдете овие системи за собирање отпад, контакрајте ги Вашите локални власти или малопродажното место од каде е купен производот. Секое домаćинство има важна улога во враćањето и рециклирањето на стари уреди. Правилното отстранување на искористените уреди помага во заштитата од можни негативни последици за животната средина и здравјето на лугето.
1.3 Информации за амбалажата

Амбалажата на овој производ е направена од рециклирачки материјали и во склад со државните закони. Не го фрлајте отпадот од амбалажата заедно со домашниот отпад или отпадоци, туку на собирни места за амбалажањени од локалните власти.
2 Вашиот сецко
2.1 Општ преглед

Вредностите што се наведени на апаратот или во придружните документи се лабораториски податоци во склад со соодветните стандарди. Овие вредности може да бидат различни во зависност од употребата и условите во околината.
2 Вашиот сецко
- Стаклен сад
- Фиксна оска
- Поклопец
- Ку́киште со мотор
- Копче за включување (за I и II брзина)
- Сечило
- Нелизгава подлога
2.2 Технички податоци
Напојување:
220-240 V\~, 50-60 Hz
Мо́кност: 400 W
Го задржуваме правото да вршиме промени во техничките характеристики и во дизајнот.
3 Работење со апаратот
3.1 Намена
Овој апарат е наменет само за домашна употреба и не е погоден за професионална употреба.
Овој апарат е наменет за сечкање на мали количества цврста храна.
3.2 Прва употреба
Исчистете ги деловите на апаратот пред да го користите прв пат (видете 4.1).
3.3 Почетно користење

Поставете го апаратот на цврста и рамна површина, врз нелизгавата подлога.

Отстранете ги ку́киштето со моторот (4) и поклопецот (3) од стаклениот сад.

Ставете го сечилото (6) на фиксната оска (2) држејки го сечилото за пластичниот дел.
3 Работење со апаратот

Ставете ги во стаклениот сад (3) состојките што сакате да ги подготвите.


Откако ке го н а м е с т и т е поклопецот (3) (силиконскиот прстен треба да биде на долната страна) на стаклениот сад (1), врз него наместете го ку́киштето (4).


Приключете го апаратот во штекер. Работете со апаратот со саканата брзина притискајки го копчето за вклучување (5).

• Ставете го поклопецот (3) директно врз стаклениот сад. Инаку ку́киштето со моторот (4) нема да биде исправно наместено и апаратот нема да работи.

- Ако сечкате пократко од 10 секунди, може да продолжите да го користите апаратот на интервали од неколку секунди сё додека не завршите со сечкањето.
- За помеки прехрамбени продукти, како што се магдонос или кромид, може да го включувате апаратот да сечка по една секунда.
3 Работење со апаратот

Кога ќе завршите со работа, престанете да го притискате копчето за включување. Извадете го приклучокот од штекер и почекајте сечилото сосема да престане со работа.


Најнапред повлечете го и извадете го куќиштето (4), а потоа поклопецот (3).


Држете го сечилото (6) за пластичниот дел и извадете го од стаклениот сад (1). Извадете го исечканото јадење од стаклениот сад (1).

- Внатрешниот дел на сечилото има федер. Може да почувствувате затегање на федерот додека го ставате сечилото на фиксната оска. Ако го свртите сечилото четврт круг надесно или налево, сечилото ње се намести.
- За да го извадите сечилото од оската, свртете го четврт круг надесно или налево; сечилото ње се извади.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не ги допирајте
сечилата со голи раце.
3 Работење со апаратот
3.4 Максимални количества и време на сечкање
Во долната табела е даден општ преглед на различни прехрамбени продукти во однос на максимальните количества и просечното времетраење на сечкањето. Препорачаните временски периоди и количества се само ориентациони.
| Материјал | Максимално количество | Време на сечкање | Брзина |
| Месо без маснотии (во мали коцки) | 300 g 20 сек. | макс. II | |
| Кромид / Лук (во мали коцки) | 300 g 20 сек. | макс. II | |
| Ореви 300 g 20 сек. макс. II | |||
| Домати 300 g | 1 5 - 2 0 сек. | макс. II | |
| Сирење (во мали коцки) | 150 g 5-10 сек. | макс. II | |
| Овощје (сечкано) | 300 g | 1 5 - 2 0 сек. | макс. II |
| Магдонос 100 g 10 сек. макс. II | |||
| Урми | 500 g 5 сек. | макс. II | |
3.5 Како да заштедите енергија
Запазете ги препорачаните временски периоди дадени во упатството. Извадете го приклучокот од штекер по секоја употреба.
4 Чистење и одржување
4.1 Чистење

- Пред да го чистите апаратот, извадете го приключокот од штекер и проверете дали сечилата соседема престанале со работа.
- Немојте да користите бензин, растворувачи, абразивни средства за чистење, метални предмети или тврди четки за да го исчистите апаратот.
- Бидете внимателни кога го чистите сечилото (6) бидејки е остро.
- Не го потопувајте куќиштето или електричниот кабел во вода или во некоја друга течност.

Стаклениот сад, сечилото и поклопецот може да се стават на горната решетка на машината за садови и да се мијат во неа.

Извадете го приклучокот од штекер. Извадете ги ку́киштето со моторот (4), поклопецот (3) и сечилата (6).
Со малку влажна крпа исчистете го надворешниот дел на ку́киштето (4).
Стаклениот сад, сечилото и поклопецот може да ги измиете со детергент и топла вода. Откако їе ги исчистите, добро исушете ги сите делови на апаратот.
4 Чистење и одржување
4.2 Складирање
- Ако немате намера да го користите апаратот подолго време, внимателно складирајте го.
- Пред да го складирате апаратот, исключете го од штекер.
•Чувајте го апаратот на ладно и суво место. - Апаратот и неговиот кабел чувајте ги вон дофат на деца.
•За време на транспортот и испораката, носете го апаратот во неговата оригинална амбалажа. Амбалажата го штити апаратот од физички оштетувања.
- Не ставајте тешки работи врз апаратот или врз амбалажата во која е спакуван. Така апаратот може да се оштети.
- Ако апаратот падне, можеби нема да работи или ке има трајни оштетувања.