CYBEX Sirona Gi iSize - автоседиште

Sirona Gi iSize - автоседиште CYBEX - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Sirona Gi iSize CYBEX во PDF формат.

📄 130 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice CYBEX Sirona Gi iSize - page 96
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за Sirona Gi iSize CYBEX

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот автоседиште во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Sirona Gi iSize - CYBEX и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Sirona Gi iSize на марката CYBEX.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Sirona Gi iSize CYBEX

Благодариме што одлучивте да го купите детското седиште Sirona Gi i-Size за вашиот автомобил.

Прочитајте го внимателно ова Упатство за корисник пред да го инсталирате седиштето за автомобил во возилото и секогаш чувајте го при рака во специјално наменетиот оддел (20).

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ И ПРЕДУПРЕДУВАЊА

Без одобрение на органот за типска хомологација, седиштето за автомобил не смее да се менува или да се додава на каков било начин.
Со цел детето да се заштити правилно, задолжително е да го користите седиштето за автомобил како што е опишано во ова Упатство за корисник.
Не користете седиште за автомобил завртено нанапред пред детето да биде на возраст од 15 месеци и да достигне должна од 76 см.
Ова седиште за автомобил може да се монтира само на седишта на возило што се одобрени за користење со системи за врзување деца во согласност со прирачникот на возилото.

Монтирањето на ова седиште за автомобил на предното патничко седиште со активирано предно воздушно перниче НЕ Е ДОЗВОЛЕНО.

Не користете какви било носечки контактни точки освен оние опишани во упатството и означени на детскиот систем за врзување.
Скутните каиши на сигурносниот каиш мора да минуваат што е можно пониско преку слабините на детето за да имаат максимален ефект при судир.
«Пред секое патување треба да се погрижите дека сигурносниот кайш со пет точки на прицврствување е приспособен правилно и дека е добро прицврстен на телото на детето. Кайшите никогаш не смее да се превиткуваат!
Само оптимально приспособениот наслон за глава може да му понуди на детето максимальна заштита и удобност, а истовремено да гарантира дека кайшите за рамена се поставени соодветно.

Седиштето за автомобил мора секогаш да биде монтирано и прицврстено правилно во возилото, дури и кога не се употребува.

Потпорната ногалка мора секогаш да биде во директен контакт со подот на возилото. Ако возилото има простор за складирање во просторот за нозе, треба на контактировате со производителот на возилото за да бидете сигурни дека возилото ја поддржува потпорната ногалка.

Додека возите, седиштето за автомобил мора секогаш да биде закочено завртено наназад или нанапред.

Секогаш треба да бидете сигурни дека седиштето за автомобил не е заглавено на некоја површина кога ја затворате вратата на возилото или кога го приспособувате задното седиште.

Багажот или кои било други предмети во возилото мора секогаш да бидат добро прицврстени. Во спротивно, може да се разлетаат низ возилото, што би можело да предизвика смртоносни повреди.

Седиштето за автомобил никогаш не смее да се употребува без навлаката на седиште. Бидете сигурни дека се употребува само оригинална навлака на седиште СУВЕХ, бидејки навлаката е клучен елемент што овозможува седиштето да функционира правилно.

Никогаш не оставајте го детето во возилото без надзор.

Некои делови од овој систем за врзување на дете може да се загреат кога се изпожуваат на директна соччева светлина и би можеле да предизвикаат изгореници на детската кожа. Заштитете го вашето дете и седиштето за автомобил од директно изложување на соччева светлина. Сообраќајна несреќа може да предизвика оштетување на седиштето за автомобил што не може да се види со голо око. Во случај на сообраќајна несреќа, ве молиме да го замените седиштето за автомобил. Ако се двоумите, советувајте се со застапникот или со производителот.

Пластичните делови може да се чистат со благо средство за чистење и топла вода. Никогаш не користете остри средства за чистење или белила!

На некои седишта на возилото изработени од чувствителни материјали, користењето може да остави дамки и/или да предизвика бледнеење. За да го спречите ова, може да ставите юбе, крпа или сличен предмет под седиштето за автомобил за да го заштитите седиштето на возилото.

Не користете го ова седиште за автомобил подолго од 8 години. Седиштето на возилото е изложено на големо оптоварување за време на рокот на траење, што води до промени во квалитетот на неговите материјали со минување на времето.

ДЕЛОВИ НА ПРОИЗВОДОТ

Влошка за новороденче (1)(достапна одделно)Рачка за приспособување нанаслонот за глава (12)
Индикатор на големина (2)Потпорна ногарка (3)Рачка за приспособување напозиција (13)
Копчиња за отпуштање ISOFIX (4)Рачки за заклучување ISOFIX (5)Точки за закотвување ISOFIX (6)Копче за приспособување накайш (14)Кайш за рамо (15)
Индикатор ISOFIX (7)Копче за приспособување напотпорна ногалка (8)Закопчувалка (16)Јазиче за закопчување (17)Скутни кайши (18)
Индикатор на потпорна ногалка (9)Индикатор за закочување наседиште (10)Централен кайш заприспособување (19)Оддел за упатството за употреба (20)
Наслон за глава (11)Рачка за вртење на седиште (21)

РАЗЛИЧНИ НАМЕНИ НА СЕДИШТЕТО

Влошката за новороденче (1) може да се купи како одделен дододаток и може да се употребува кога детето ће достигне должина од 40 см. Треба да се отстрани ако вашето дете е повисоко од 60 см. Индикаторот на големина (2) ја покажува големината што мора да ја достигне детето пред да smeете да го користите седиштето за автомобил завртено нанапред.

ТОЧНА ПОЗИЦИЈА ВО ВОЗИЛОТО

Ова е подобрен систем за врзување деца i-Size. Одобрен е во согласност со Регулативата на OH бр. R129/03 за употреба во седечки позиции во возило компатибилно со i-Size, како што е назначено од производителите на возилото во нивните прирачници за корисник на возило. Ако вашето возило нема седечка позиција i-Size, проверете го приложениот Список

со типови возила. Можете да ја добиете најновата верзија од Списокот со типови од www.cybex-online.com.

МОНТИРАЊЕ ВО ВОЗИЛОТО

Секогаш треба да бидете сигурни дека...

  • наслоните за грб во возилото се закочени во исправена позиција.
  • кога го монтирате седиштето за автомобил на предното патничко седиште, седиштето на возилото е приспособено што е можно поназад.

  • Отклопете на Потпорната ногарка (3) сё додека не се заклучи во најоддалечената позиција.

  • Ослободете ги копчињата за откочување ISOFIX (4) за да ги издолжите рачките за заклучување ISOFIX (5) на двете страни.

Копчињата за ослободување ISOFIX може да се ослободат самостояно, со што им се дозволува на Рачките за заклучување ISOFIX да се приспособат независно.

  1. Турнете ги Рачките за заклучување ISOFIX (5) од основата онолку колку што се отвораат.
  2. Поставете го седиштето за автомобил на соодветно седиште во возилото.
  3. Турнете ги Рачките за заклучување ISOFIX (5) во Точките за закотвување ISOFIX (6) сё додека не се заклучат во соодветната позиција и слушнете звук на закопчување. Бојата на двата индикатори ISOFIX (7) їе се промени од ЦРВЕНА во ЗЕЛЕНА.
  4. Обезбедете дека седиштето за автомобил е добро прицврстено, обидувајки се да го извлечете од точките за фиксирање ISOFIX (6).
  5. Турнете го седиштето за автомобил кон наслонот за грб на седиштето на возилото сё додека не се порамни целосно со наслонот за грб.

Движењето на седиштето за автомобил од една на друга страна, исто така їе го потпре наспроти наслонот за грб на возилото.

  1. Притиснете го копчето за приспособување на Потпорната ногарка (8) и извлечете ја ногарката сё додека не го допре подот на возилото.
  2. Повлечете ја Потпорната ногарка (3) нанадвор до следната позиција за фиксирање за да обезбедите оптимално пренесување на силата.
  3. Индикаторот на Потпорната ногарка (9) ке стане ЗЕЛЕН кога Потпорната ногарка ке се постави правилно на подот на возилото.

ОТСТРАНУВАЊЕ ОД ВОЗИЛОТО

  1. Отклучете ги Рачките за заклучување ISOFIX (5) на двете страни притискајки ти истовремено на Копчињата за отпуштање ISOFIX (4) и влечејки ги наназад.
  2. Извлечете го седиштето за автомобил од Точките за закотвување ISOFIX (6).
  3. Отстранете го седиштето за автомобил и турнете ги Рачките за заклучување ISOFIX (5) целосно наназад во нивните транспортни позиции.
  4. Турнете ја наназад Потпорната ногарка (3) во почетната позиција и потоа преклопете ја за да заштедите простор.

ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА НАСЛОНОТ ЗА ГЛАВА

Можете да го приспособите наслонот за глава (11) со помош на рачката за приспособување на наслонот за глава (12) што се нао'га во задниот дел на наслонот за глава (11). Кога го приспособувате наслонот за глава, треба да обезбедите дека растојанието међу рамениците на детето и наслонот за глава не е поголемо од 2 см (приближно 2 прста).

ФУНКЦИЈА ЗА ВРТЕЊЕ

Повлечете ја рачка за вртење на седиште (21) на основата за да го завртите седиштето за автомобил.

Пред да го почнете вашето патување, бидете сигурни дека седиштето за автомобил е правилно заклучено во точна позиција.

ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА ЛЕЖЕЧКА ПОЗИЦИЈА

За да го приспособите седиштето за автомобил во саканата лежечка позиција, притиснете ја рачката за приспособување на позиција (13) што се наоға на предниот дел на седиштето.

Ви препорачуваме да ја користите најрамната лежечка позиција за деца кои се уште не се способни да седат исправени самостояно.

Оекогаш треба да бидете сигурни дека го слушате звукот на заклучување на седиштето за автомобил кога го приспособувате, без оглед дали се наога во лежечка или исправена позиција.

ВРЗУВАЊЕ НА ДЕТЕТО

  1. Завртете го седиштето во позиција за влегување.
  2. Притиснете го Копчето за приспособување на кайшот (14) и повлечете ги истовремено двата Кайши за рамо (15) за да ги олабавите.
  3. Отворете ја закопчувалката (16) со цврсто притискање на црвеното копче.
  4. Јазичињата за закопчување (17) сега може да се прикачат на назначените места на навлаката користејки ги интегрираните јамки.
  5. Ставете го детето во седиштето за автомобил со задникот завртен наназад.
  6. Поставете ги Каишите за рамо (15) директно преку рамениците на детето.
  7. Поставете ги двете Јазичиња за закопчување (17) заедно и заклучете ги во закопчувалката (16). Треба да слушнете звук на закопчување.
  8. Ако користите седиште со спојка SensorSafe, туркајте ја спојката за да се затвори сё додека не слушнете звук на заклучување и турнете ја затворената спојка надолу кон закопчувалката (16).
  9. Затегнете ги Скутните кайши (18) и потоа повлечете го Централниот кайш за приспособување (19) за да ги затегнете Кайшите за рамо (15) сё додека не се прицврстат удобно на телото на вашето дете.
    Фигурносниот каиш треба да биде наместен довольно цврсто, но да не дозволува превиткување на кој било каиш.
  10. Kora ја користите спојката SensorSafe, поставете ја директно под подлошките за рамо.

ОТСТРАНУВАЊЕ И ПОВТОРНО ПОСТАВУВАЊЕ НА НАВЛАКАТА НА СЕДИШТЕ

Навлаката на седиштето за автомобил се состоит од 4 дела. Тие се прицврстуваат на неколку места на седиштето за автомобил. Штом ће ги откачите, индивидуалните делови на навлаката може да се отстранат. За да ја поставите навлаката повторно, следете ги упатствата за отстранување по обратен редослед.

Навлаката може да се пери само на температура од 30°C, на програма за благо перење, бидејки во спротивно може да се јави бледнење на материјалот на навлаката. Перете ја навлаката одделно од друга облека и не сушете ја во машина за сушење алишта или на директно сончево светло!

ГАРАНЦИЈА НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ И РЕГУЛАТИВА ЗА ДЕПОНИРАЊЕ ВО ОТПАД

CYBEX GmbH (Riedingerstr. 18, 95448 Bayreuth, Германија) за овој производ ви дава 3 години гаранција. Гаранцијата важи во земјата во која производот му беше продаден на клиентот од застапник или во малопродажба. Содржината на гаранцијата и сите основни информации потребни за потврдување на гаранцијата може да се најдат на нашата почетна страница: go.cybex-online.com/manufacturer-warranty-car-seats. Ако гаранцијата се прикажува во описот на производот, тоа нема да влијае врз вашите законски права за дефекти наспроти нас. Почитувајте ги регулативите за отстранување во отпад во вашата земја.

CERTIFIKACIJA

Sirona Gi i-Size

UN R129/03

Raspon veličina: 61 – 105 cm

Težina: maks. 20 kg

CYBEX Sirona Gi iSize - CERTIFIKACIJA - 1

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : CYBEX

Модел : Sirona Gi iSize

Категорија : автоседиште