BEKO BBIS17400BC - вградена рерна

BBIS17400BC - вградена рерна BEKO - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот BBIS17400BC BEKO во PDF формат.

📄 88 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice BEKO BBIS17400BC - page 26
Погледни прирачник : Français FR Čeština CS Deutsch DE Ελληνικά EL Español ES Suomi FI Македонски MK Nederlands NL Русский RU Українська UK
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производВградена рерна
МаркаBeko
МоделBBIS17400BC
Внатрешен волумен72 L
Димензии (Ш x В x Д)595 x 595 x 567 mm
Нето тежина30 kg
Електрично напојување230 V ~ 50 Hz, 16 A
Максимална моќност3400 W
Број на режими на печење8
Режими на печењеВентилатор, Горно/долно греење, Грил, Вентилиран грил, Одмрзнување, Долно греење, Горно греење, Светло
ЧистењеРачно (лесно чистење на емајлот)
Безбедносни функцииДетска брава, Автоматско исклучување, Ладна врата
Енергетска класаA
Капацитет на плехот1 (вклучен)
Ниво на бучава49 dB(A)
Вклучени додатоциРешетка, Плех, Тава за печење
Електрично поврзувањеКабел за напојување со приклучок или без во зависност од моделот; се препорачува инсталација од професионелец
Потребна вентилацијаОтвори во кабинетот според шемите (сл. 2-3)
Гаранција2 години (според условите)

Frequently Asked Questions - BBIS17400BC BEKO

Како да се инсталира вградената рерна Beko BBIS17400BC ?
Инсталацијата треба да ја изврши квалификуван професионалец. Проверете дали кабинетот е отпорен на топлина (мин. 100 °C) и дека отворите за вентилација се во согласност со дадените шеми. Користете ги страничните простори за подигање за транспорт од најмалку две лица. Поврзете го уредот со приклучок со заземјување според електричните карактеристики.
Кои се достапните режими на печење ?
Рерната Beko BBIS17400BC нуди 8 режими: Вентилатор за рамномерно печење, Горно/долно греење за традиционални јадења, Грил и Вентилиран грил за печење на скара, Брзо одмрзнување, Долно греење, Горно греење и Светло за осветлување.
Како да се чисти внатрешноста на рерната ?
Внатрешноста е обложена со лесно чистечки емајл. Користете мека крпа со сапуница или неабразивен чистач за рерни. Избегнувајте кисели производи или метални сунѓери. Чистете по секоја употреба за да избегнете остатоци.
Дали рерната има детска брава ?
Да, рерната Beko BBIS17400BC има функција детска брава која спречува промена на поставките од страна на децата. Активирајте ја преку контролната табла следејќи го упатството за употреба.
Што да правам ако рерната не грее ?
Прво проверете го електричното напојување и прекинувачот. Проверете дали режимот на печење е правилно избран и дали температурата не е поставена на 0 °C. Ако проблемот продолжи, контактирајте овластен сервис.
Како да се замени сијалицата на рерната ?
Исклучете го уредот. Отстранете го стаклениот капак на сијалицата со вртење или откачување. Заменете ја со халогена сијалица од ист тип (често 25 W, 300 °C). Вратете го капакот и повторно вклучете. Внимание: сијалицата може да биде многу жешка.
Која е енергетската класа на рерната ?
Енергетската класа на Beko BBIS17400BC е A, што обезбедува оптимизирана потрошувачка на енергија. Вистинската потрошувачка зависи од употребата и режимите на печење.
Може ли да користам алуминиумски табли во рерната ?
Да, но избегнувајте директен контакт со грејните елементи. Препорачливо е да користите метални, стаклени или керамички садови прилагодени за рерна. Алуминиумот може да се користи за покривање на храната, но не заборавајте да ги отстраните острите рабови.
Како да се постави времето на рерната ?
На контролната табла, притиснете го копчето Часовник (симбол на часовник) додека екранот не трепне. Користете ги копчињата +/- за да го поставите времето. Потврдете со повторно притискање на копчето Часовник.
Дали уредот е компатибилен со стандардни кујнски кабинети ?
Да, димензиите на рерната (595 x 595 x 567 mm) се стандардни. Се вградува во ниша со висина 560-570 mm и ширина 560-570 mm. Почитувајте ги растојанијата за вентилација наведени во упатството.

Прашања на корисниците за BBIS17400BC BEKO

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот вградена рерна во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник BBIS17400BC - BEKO и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. BBIS17400BC на марката BEKO.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК BBIS17400BC BEKO

МК - Упатства за безбедно користење

- Производот мора да го инсталира квалификувано лице во склад со важечките прописи. Производителот нема да биде одговорен за штетите кои ће настанат од работите што ће ги изведат неовластени лица, и во тој случај гаранцијата може да изгуби важност.

- Подготовката на локацијата и на електричната инсталација за производот е одговорност на купувачот.

- Производот мора да се инсталира во склад со сите важечки прописи за електрика.

- Пред да се инсталира производот, извадете ги од него сите материјали и документи и со поглед проверете дали има некакви оштетувања. Ако е така, не го инсталирајте.

- Производот е тежок и затоа треба да го носат најмалку двајца луге.

- Вратата и/или рачката не смеат да се користат за кревање или преместување на уредот. За таа цел користете ги местата за кревање што се наогаат на двете страни на производот ( слика 1).

Секогаш носете заштитни ракавици при транспортирањето и инсталирањето.

- Пред инсталирањето, исключете ги електричните конекции во просторијата во која треба да се инсталира производот.

- Површините на елементот од мебелот во кој треба да се инсталира производот мора да бидат отпорни на топлина (најмалку 100 °C).

- Погрижете се елементот на мебелот да биде добро фиксиран пред да се инсталира производот.

- Не ставајте изолирбан во внатрешноста на елементот на мебелот во кој треба да се инсталира рерната.

- Уредот не смее да се инсталира зад декоративна врата за да не дојде до прегревање.

- Димензиите дадени во дијаграмот за инсталирање се во милиметри.

Инсталирање на производот Ако производот биде поставен под шанк: (Слика 2)

- За да ја има потребната вентилација зад кујнскиот мебел, треба да се направат отвори со димензиите што се прикажани на слика 2.

- Електричното поврзување мора да биде во просторот А на слика 2 или надвор од местото на инсталирање.

- Ако производот биде поставен под шпорет, следете ги димензиите што се дадени во упатството за инсталирање на шпоретот.

Ако производот биде поставен во висечки елемент: (Слика 3)

- Во задниот дел на кујнскиот мебел треба да се направат отвори со димензиите прикажани на слика 3 за да се обезбеди потребната вентилација. Отворите треба да бидат по должината на височината на елементот.

- Ако има задна преграда на висечкиот елемент во кој єе се стави производот, таа мора да се извади.

- Електричното поврзување мора да биде во просторот А на слика 3 или надвор од просторијата на инсталирање.

Ако производот биде ставен во агол: (Слика 4а-4б)

- Треба да се обрне внимание на зададените димензии за да се изведе инсталирањето во агол на слика 4а и 4б.

Поврзување на уредот во електричната мрежа

- Поврзете го производот само на штекер/линија со заземјување со волтажа и заштита како што е наведено во "Технички спецификации". Заземјувањето нека го направи квалификуван електричар додека го користите производот со или без трансформатор. Нашата фирма нема да одговара за никакви оштетувања што ќе настанат ако производот се користи без заземјување во согласност со локалните прописи.

- Пред да се започне со работа на електричната инсталација, исключете го производот од електричната мрежа. Може да настане струен удар!

- Производот мора да го повrze на електричната мрежа само овластено и квалификувано лице. Гаранцијата на производот почнува да тече дури откако ће биде исправно инсталиран. Производителот нема да биде одговорен за штетите кои ће настанат од работите што ће ги изведат неовластени лица.

- Производот мора да се инсталира така што єе може потполно да се исклучи од електричната мрежа. Сепарирањето мора да се направи со специјален прекинувач вграден во фиксната електрична инсталација, во согласност со градежните прописи.

- Задната површина на перната се загрева кога се користи. Внимавајте електричното поврзување да не дојде во контакт со задната површина, инаку конекциите може да се оштетат.

- Кабелот за поврзување не смее да биде притиснат, извиткан или потфатен ниту да доаға во допир со жешките делови на рерната. Така може да дојде до краток спој на рерната и таа да се запали поради топењето на кабелот. Ако се оштети електричниот кабел, мора да го замени квалификуван електричар. Во спротивно може да настане струен удар, краток спој или пожар!

- Приклучокот на електричниот кабел треба да биде лесно достапен по инсталирањето (но да не биде над ринглите).

- При поврзувањето на жиците, мора да ги задоволите националните/локалните електрични прописи и да користите штекер/линија и приклучок погодни за рерната. Ако ограничувањата на вредностите на струјата на која работи производот го надминуваат капацитетот на приклучокот и штекерот/линијата, мора да го поврзете производот директно за фиксната електрична инсталација без да ги користите приклучокот и штекерот/линијата.

- Внимавајте осигурувачот да одговара на производот.

- Поврзувањето мора да биде во согласност со националните прописи.

- Податоците за електричната мрежа мора да бидат во согласност со податоците што се наведени на етикетата за типот на производот. Отворете ја предната врата за да го видите типот на производот.

- Електричниот кабел на производот мора да одговара на вредностите наведени во табелата во делот "Технички спецификации".

- Ако производот биде поврзан директно за доводот на струја:

Ако не е можно да се прекинат сите полови на доводот на струја, мора да се поврзе и единица за прекинување со најмалку 3 mm слободен простор за контакт (осигурувачи, сигурносни прекинувачи, контактори) и сите полови на оваа единица мора да бидат во близина на производот (не над него) во согласност со IEE директивите. Пропустот да се следи ова упатство може да води до проблеми во работењето на производот и гаранцијата може да изгуби важност.

- Се препорачува дополнителна заштита со додатен прекинувач на струја.

Ако производот е произведен со кабел и приклучок

- Вашиот производ е произведен со електричен кабел и приклучок. Ставете го приклучокот на производот во заземјен штекер и поврзете го со електричната мрежа.

Ако производот е произведен со кабел но без приклучок

  • Поврзете го кабелот на производот со доводот на струја како што е наведено подолу:
  • Кафеав/цирн кабел = L (фаза)
  • Плав кабел = N (нулти)
  • Зелен/жолт кабел = (E) ⏻ (заземјување)

Ако производот е произведен без кабел и приклучок

Електричен кабел со характеристики наведени во табелата со технички спецификации мора да биде поврзан со производот со следење на упатствата. Електричниот кабел не смее да биде подолг од 2 m поради безбедносни причини.

  • Отворете го со шрафцигер капакот на терминалот.
  • Вметнете го електричниот кабел во држачот за кабел под терминалот и прицврстете го со интегриран шраф за главниот елемент на делот за придржување на кабелот.
  • Поврзете ги каблите според дадениот дијаграм.

BEKO BBIS17400BC - Ако производот е произведен без кабел и приклучок - 1

  • N = Нулти (Плав)
  • L = Активен-Фаза (Кафеев/цирн)
  • E = Заземјување (Зелен/жолт)
  • C = Стегач на кабелот

  • После поврзувањето на жиците, затворете го капакот на терминалот.

  • Поврзете го електричниот кабел за доводот на струја така што їе му направите патека да не го допира

производот и да не се гмечи помеѓу производот и сидот.

Заштита од евентуален пожар!;

  • Погрижете се сите електрични поврзувања да бидат безбедни и цврсти за да се избегне опасност од искри.
  • Не користете оштетени електрични или продолжни кабли.
  • Погрижете се местото на електрично поврзување да нема никаков допир со течност или влага.

Местење и фиксирање на производот (Слика 5-6)

  • Ставете го уредот врз елементот на мебелот, при што треба да го центрираат две или повеке лица.
  • Ако вашиот производ е опремен со телескопска шина, мора да се даде наклон од најмалку 0,3 степени кон задниот дел на рерната за телескопските шини да работат правилно. За ова, откако їе го ставите производот на мебелот, поставете го либето на телескопската шина како што е прикажано на слика 5 и проверете дали аголот на наклон кон задниот дел на рерната е најмалку 0,3 степени.
  • Фиксирајте го производот за мебелот со помош на приложените шрафови. (Слика 6)
  • На крајот на инсталирањето, проверете дали шрафовите се добро прицврстени и производот добро фиксиран. Ако производот не е инсталиран во согласност со упатствата и шрафовите не се добро прицврстени, постои опасност производот да се преврти додека се користи.

Завршна проверка

  • По инсталирањето, поврзете го производот со електричната мрежа.
  • Прочитајте го упатството за употреба во врска со првата употреба на производот.
  • Проверете ги функциите на производот.

Вадење на производот

  • Исключете го производот од електричната мрежа.
  • Одвртете ги шрафовите со кои е прицврстен.
  • Внимателно подигнете го производот со помош на две или повеке лица и целосно извадете го.
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BEKO

Модел : BBIS17400BC

Категорија : вградена рерна