GHJ 12+18V S Professional - Греана облека BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GHJ 12+18V S Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GHJ 12+18V S Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Греана облека во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GHJ 12+18V S Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GHJ 12+18V S Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GHJ 12+18V S Professional BOSCH
Безбедносни напомени


Прочитајте ги сите
безбедносни напомени и
упатства. Грешките
настанати како резултат од
непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
Оваа облека не е предвидена за употреба од деца и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или со недоволно искусство и знаење. Оваа облека може да ја користат деца над 8 години како и лица со ограничени физички, сензорни и ментални способности или со недоволно искусство и знаење, доколку се под надзор од лица одговорни за нивната безбедност или се подучени за безбедно ракување со облеката и ги разбираат опасностите кои може да произлезат од тоа. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди.
▶ Не ги оставајте децата без надзор. Така ќе се осигурате дека децата нема да си играат со облеката.
▶ Не ги оставајте децата без надзор за време на чистењето или одржувањето на облеката.
Безбедносни напомени за облека за одржување на топлината
Доколку забележите некои од подолу наведените симптоми додека ја носите облеката, веднаш соблечете ја и консултирајте се со лекар. Инаку постои опасност од топлотно исцирпување или топлотен удар.
– Први знаци: секакво чувство на непријатност; прекумерно потење;
болки во вратот; мачнина; вртоглавица или зашеметеност
– Симптоми за топлотно исцирпување/топлотен удар: мачнина и повраќање; пулсирачки главоболки; вртоглавица и поспаност; недостаток на потење; црвена, топла и сува кожа; слабост во мускулите или напади; забрзано чукање на срцето; забрзано, површно дишење, промена во однесувањето како збунетост, дезориентација или некоординирани движења; несвесност.
He ја носете облеката доколку патите од осетливост при препотување, или ви е вградено медицинско помагало. Информирајте се кај Вашиот лекар/и или кај произведувачот на медицинско помагало, дали smeете да ја употребувате оваа облека за одржување на топлината.
- Исключете го греењето на облеката, доколку се движите во топла околина. Постои опасност од топлотен удар.
He ја користете облеката за одржување на топлината кај мали деца, беспомошни, лица што спијат или кај несвесни лица, или пак, кај лица со проблеми со циркулација. Носителот мора самостојно да ја почувствува температурата на облеката и сопствената удобност, за да избегне претоплување.
▶ Облеката не е наменета за користење во болнички установи.
▶ Заштитете ја облеката од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија.
He забодувајте игли или други остри предмети во облеката. Оштетениот греен елемент или кабел на приключокот предизвикува погрешна функција на облеката и ја зголемува опасноста од електричен удар или пожар.
He го употребувајте кабелот на приклучокот за друга намена освен предвидената како на пр. за носење или влечење на облеката или за вадење на батеријата. Држете го кабелот подалеку од масло, остри предмети или подвижни компоненти. Не го виткајте кабелот. Оштетениот греен елемент или кабел на приклучокот предизвигува дефектно функционирање на облеката и ја зголемува опасноста од електричен удар или пожар.
▶ Облеката не е отпорна на вода. Доколку навлезе вода, се зголемува опасности од електричен удар. Доколку сепак се намокри облеката, веднаш исключете ја батеријата и извадете ја од батерискиот адаптер.
He ја превиткувајте загреаната облека и не ставајте предмети на неа. Оштетениот греен елемент или кабел на приключокот предизвикува погрешна функција на облеката и ја зголемува опасноста од електричен удар или пожар.
▶ Внимавајте на упатствата за нега и чистење на облеката. При недоволна грижа постои опасност од електричен удар или пожар.
▶ Оставете ја облеката целосно да се излади, пред да ја складирате.
Редовно проверувајте дали облеката има знаци на абење или оштетување. Доколку постојат такви знаци или облеката неправилно се користи, не продолжувајте со нејзино користење и вратете ја кај дистрибутерот.
Поправката на Вашата облека смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин їе се осигура безбедноста на облеката.
Безбедносни напомени за ракување со батериите
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
Heупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.


Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија.
▶ Користете батерии кои се соодветни на Вашиот производ од Bosch. Само на тој начин батеријата їе се заштити од опасно преоптоварување.
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Внимавајте на напомените за отстранување на батериите.
▶ ВНИМАНИЕ! Користете ги ислучиво батериите препорачани во „Технички податоци“. При
користење на други батерии постои опасност од експлозија.
He ја ставајте батеријата во батерискиот адаптер, доколку копчињата за отлучување се скршени или дефектни. Батеријата би можела да испадне за време на употребата.
Опис на производот и перформансите
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Наменета употреба
Облеката е наменета за одржување на топлината на ниски температури во околината.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на облеката на графичката страница.
(1) Прекинувач за вклучување/исклучување на регулаторот на топлина
(2) Батериски адаптер
(3) Грејни елементи
(4) Приклучок
(5) Внатрешен цеб за батерискиот адаптер
(6) Внатрешен цеб за големи документи
(7) Батерија ^A)
(8) Копче за отворање на батеријата
(9) Конектор за приклучокот
(10) Држач за појас
(11) USB-конектор
(12) Копче за активирање на USB-приклучокот
A) Илуstriраната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Јакна за одржување на топлината | GHJ 12+18V Unisex |
| Број на дел/артикл 1 600 A01 3.. | |
| Големини XS/S/M/L/XL/2XL/3XL | |
| Напон V 12 | |
| Номинална јачина, макс. W 9,5 | |
| Батериски адаптер GAA 12V-21 | |
| Број на дел/артикл 1 600 A01 433 | |
| USB-приклучок USB 2.0 | |
| – Напон при полнење V 5,0 | |
| – Струја за полнење A 2,1 | |
| Батерија | |
| дозволена околна температура |
Батерија
Полнење на батеријата
▶ Батерискиот адаптер не служи како полнач. За полнење на батеријата не користете автомобилски кабел за полнење со USB- приклучок. Примената на автомобилски кабел за полнење може да ја оштети батеријата или батерискиот адаптер.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Litiyum-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот рок на употреба. Прекинот при полнењето не ї наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веке.
По автоматското исклучување на грејните елементи, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети.
Ставање и вадење на батеријата (види слики A1-A2)
▶ Не употребувајте сила при ставање на батеријата. Батеријата е конструирана на тој начин што може да се вметне само во правилна позиција во батерискиот адаптер.
За ставање на батеријата (7) вметнете ја до крај во батерискиот адаптер (2).
За вадење на батеријата (7) притиснете ги копчињата за отлучување (8) на батеријата и извлечете ја од батерискиот адаптер (2).
Приклучување на грејни елементи (види слики B1-B2)
Ставете го приклучокот (4) во конекторот (9) на батерискиот адаптер. Доколку батеријата е наполнета, прекинувачот за вклучување/исклучување (1) кратко светнува.
Ставете го батерискиот адаптер (2) во цебот предвиден за тоа (5) во облеката или закачете го батерискиот адаптер со држачот (10) на Вашиот ремен.
Користење на облеката
Вклучување/Исклучување (види слика С)
Проверете дали батеријата (7) е наполнета и правилно вметната во батерискиот адаптер (2) и дали се приключени грејните елементи (3).
За загревање притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1), додека LED-светилката на прекинувачот за вклучување/исклучување не светне црвено.
Напомена: По вклучувањето секогаш се пушта највисокиот степен на загревање.
За исклучување притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување (1), додека не се изгаси LED- светилката.
Поставување на степените за загревање
Степенот на загревање се прикажува преку бојата на LED-светилката на прекинувачот за вклучување/исклучување (1).
| црвено високо |
| зелено средно |
| сино ниско |
Притискајте на прекинувают за вклучување/ исклучување (1), додека не се прикаже LED-светилката на саканиот степен на загревање.
Доколку работите со траен режим, поставете го најнискиот степен на загревање (сина). При прегревање функцијата на облеката се нарушува и настанува опасност од повреди.
Со помош на USB-приклучокот на батерискиот адаптер може да го продолжите времетраењето на батеријата на различните USB-уреди што користат батерии на пр. мобилни телефони или MP3-плеер. Ова исто така функционира и за време на загревањето на облеката.
▶ Проверете дали може да се полни Вашиот надворешен USB-уред со USB-приклучок на батерискиот адаптер. Притоа внимавајте на информациите дадени во „Технички податоци“.
Поврзете го кабелот за полнење на Вашиот уред со USB-конекторот (11) на батерискиот адаптер (2). Притискајте околу 3 секунди на копчето за активирање (12). Приклучениот USB-ured ќе се наполни.
За да се заштеди енергија, по 2 часа USB-приклучокот автоматски се деактивира. Доколку не е приключен кабел за полнење, по 30 секунди USB-приклучокот автоматски се деактивира.
Отстранување на пречки
| Проблем Помош | |
| Облеката не се загрева. Полнење на батеријата | |
| Правилно приключете гоприклучокот (4). | |
| Притиснете гопрекинувачот завклучување/исклучување (1), додекаLED-светилката не светнецрвено. | |
| Еден или повеće грејниелементи не се загреваат. | Контактирајте годистрибутерот на облеката. |
| Облеката автоматски сесклучува. | Активирана е заштитата одпрегревање: заисклучување на грејнитеелементи, притиснете напрекинувачот завклучување/исклучување (1) и оставетеја облеката да се изладиоколу 30 минути. |
| Контактирајте годистрибутерот на облеката. | |
| На USB-приклучокот неможе да се полнинадворешен USB-ured. | Наполнете ја батеријата. |
| Поврзете го кабелот заполнење со USB-конекторот (11) набатерискиот адаптер (2). | |
| Притискајте го копчето заактивирање (12)околу 3секунди. | |
| Надворешниот USB-ured неможе да се наполни со USB-приклучокот набатерискиот адаптер(внимавајте наинформациите во„Технички податоци“ A)). | |
A) Некои надворешни USB-уреди, и покрај сообразноста на техничките податоци, не може да се наполнат со овој батериски адаптер.
Одржување и сервис
▶ Пред било каква интервенција на облеката (на пр. чистење итн.) како и при нејзин транспорт и складирање, извадете ја батеријата од батерискиот адаптер.
Чистење
▶ Пред чистењето, извадете го батерискиот адаптер од облеката. Влажен батериски адаптер може да предизвика погрешно функционирање на облеката.
При чистењето, извадете сё од щебовите на облеката, особено батерискиот адаптер (2), батеријата (7) и евентуално приклучениот USB-кабел. Приклучокот (4) може да се пере.
Придржувајте се на упатствата дадени на ознаката за перење на облеката:

Машинско перење на средна температура

Да не се користи избелувач

Машинско сушење при ниска температура

Да не се пегла

Да не се центрифугира

Не прободувајте со игли
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку кујиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се двжиж во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!

Само за земјите од ЕУ:
Според европейката регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одденно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 107).